Научная статья на тему 'ЕВТИМИЦА ЈАНЧЕВА: АВТОРКА НА ПРВИОТ РЕГИСТРИРАН МАКЕДОНСКИ ЖЕНСКИ ПОЛЕМИЧКИ ТЕКСТ'

ЕВТИМИЦА ЈАНЧЕВА: АВТОРКА НА ПРВИОТ РЕГИСТРИРАН МАКЕДОНСКИ ЖЕНСКИ ПОЛЕМИЧКИ ТЕКСТ Текст научной статьи по специальности «Языкознание и литературоведение»

CC BY
28
6
Читать
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
ЕВТИМИЦА ЈАНЧЕВА / ВОДЕН / XIX ВЕК / КНИЖЕВНА ПОЛЕМИКА / ВЕСНИК НОВИНИ / ЖЕНСКО ТВОРЕШТВО

Аннотация научной статьи по языкознанию и литературоведению, автор научной работы — Ковилоски Славчо

Во трудот се осврнуваме на една полемика од 1898 година во која учество зела учителката Евтимица Јанчева од градот Воден. Полемиката се развила како одговор на два текста во кои авторите ги критикувале жените и особено учителките за нивниот однос кон модата и работата. Обемниот текст на Јанчева објавен во весникот Новини, во рубриката „Дописки“, го брани правото на жените да бидат учителки, да ги следат последните модни трендови итн. На овој начин, статијата на Евтимица Јанчева е првиот регистриран полемички текст во македонската литература, во кој учество зела жена, а Евтимца Јанчева го држи приматот на првата македонска жена, која зела учество во јавна полемика.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
Предварительный просмотр
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

EVTIMICA JANCHEVA: THE AUTHOR OF THE FIRST REGISTERED MACEDONIAN WOMEN'S LITERARY POLEMIC

In this paper, we refer to a polemic from 1898 in which the teacher Evtimica Jancheva from the town of Voden took part. The polemic developed as a response to two texts in which the authors criticised women, especially teachers, for their attitude towards fashion and work. Jancheva's extensive text, published in the newspaper Novini, in the section Correspondence, defends the right of women to be teachers, to follow the latest fashion trends, etc. In this way, the article by Evtimica Jancheva is the first registered polemical writing in Macedonian literature, in which a woman had taken part, while Evtimca Jancheva is considered to be the first Macedonian woman to take part in a public polemic.

Текст научной работы на тему «ЕВТИМИЦА ЈАНЧЕВА: АВТОРКА НА ПРВИОТ РЕГИСТРИРАН МАКЕДОНСКИ ЖЕНСКИ ПОЛЕМИЧКИ ТЕКСТ»

Philological Studies 19, 2, (2021), 17-24

Изворен научен труд

УДК: 305-055.2:37(497.17)"1898" DOI: 10.17072/1857-6060-2021-19-2-17-24

ЕВТИМИЦА JAH4EBA: АВТОРКА НА ПРВИОТ РЕГИСТРИРАН МАКЕДОНСКИ ЖЕНСКИ ПОЛЕМИЧКИ

ТЕКСТ

Славчо Ковилоски

Институт за македонска литература Универзитет „Св. Кирил иМетодщ'"во Скоп/е

Клучни зборови: Евтимица Jанчева, Воден, XIX век, книжевна полемика, весник Новини, женско творештво.

Резиме: Во трудот се осврнуваме на една полемика од 1898 година во ко]а учество зела учителката Евтимица Jанчева од градот Воден. Полемиката се развила како одговор на два текста во кои авторите ги критикувале жените и особено учителките за нивниот однос кон модата и работата. Обемниот текст на Jанчева об]авен во весникот Новини, во рубриката „Дописки", го брани правото на жените да бидат учителки, да ги следат последните модни трендови итн. На ово] начин, статщата на Евтимица Jанчева е првиот регистриран полемички текст во македонската литература, во ко] учество зела жена, а Евтимца Jанчева го држи приматот на првата македонска жена, ко]а зела учество во ]авна полемика.

EVTIMICA JANCHEVA: THE AUTHOR OF THE FIRST REGISTERED MACEDONIAN WOMEN'S LITERARY POLEMIC

Slavcho Koviloski

Institute of Macedonian Literature Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Keywords: Evtimica Jancheva, Voden, 19th century, literary polemic, newspaper Novini, women's writing

Summary: In this paper, we refer to a polemic from 1898 in which the teacher Evtimica Jancheva from the town of Voden took part. The polemic developed as a response to two texts in which the authors criticised women, especially teachers, for

their attitude towards fashion and work. Jancheva's extensive text, published in the newspaper Novini, in the section Correspondence, defends the right of women to be teachers, to follow the latest fashion trends, etc. In this way, the article by Evtimica Jancheva is the first registered polemical writing in Macedonian literature, in which a woman had taken part, while Evtimca Jancheva is considered to be the first Macedonian woman to take part in a public polemic.

Во XIX век во периодиката се пишувало многу за работата и за односот на учителките во училиштата и надвор од нив. Менуватето на животните услови, индустрщализацщата, по]авата на силно феминистичко движете, откритщата во медицината, техниката итн., сето тоа придонесувало за постепено вклучувате на жените во ]авниот живот и добивате на општествени функции. Овие процеси нашле свое влщание и во македонскиот ]авен и приватен живот, при што првенствено се инсистирало на запишувате на дево]читата во основните училишта и во гимназиите и на стекнувате соодветно образование. Всушност, како што веке пишувавме во неколку пригоди (Ковилоски 2018), на почетокот единствената ]авна функцща, ко]ашто можеле да ]а извршуваат македонските жени во XIX век била во образованието, односно да учителствуваат. Малку подоцна, учителките станале и главните носители на баратата за правата на жените, пишува]ки и об]авува]ки статии во тогашната периодика.

И покра] тоа што дел од машката интелигенцща ги поддржувала учителките/авторките, сепак, постоеле и некои што се противеле на половата еднаквост. Посто]ат многу такви случаи. Ние ке се задржиме на статщата „Еден збор за нашите учителки", об]авена во бро]от 61 на весникот Новини од 6 ]уни 1898 година (Димитровъ 1898: 3). Како автор на текстот се потпишал извесен Н. П. Димитров од Татар Пазарцик (Бугарща). Во статщата, Димитров го искажал своето мислете дека учителките не можеле да ]а извршуваат мисщата, ко]а си ]а поставиле пред себе: да бидат блиски до народот и да ги воспитуваат идните поколенща. Авторот на статщата ги обвинил учителките за лекомисленост, кокетирате и „други признаци", кои не им доликувале на професщата: „Нашите учителки не ]а чувствуваат болката на народот. Тие гледаат повеке на себе, отколку на потребите на народот. Таа не помислила, верувам, никогаш како да му помогне на народот на ко] му се посветила да работи, а гледа како поубаво да се облече и накити. Не го гледа сопственото подобрувате, не гледа да добие знаете, а се мачи да направи алишта, кои го привлекуваат вниманието на лугето...". Обвинуватата кон учителките продолжиле, па Димитров за нив искажал уште неколку обвинувата: дека „дремеле" на училишните заседанща, дека не слушале, не внимавале и

не расудувале и дека воопшто не биле желни за учете и читате. Од она што требало да го имаат („полезно раководство"), тие читале „накаков си расказ, фр(анцуска) граматика и книгата на Бокачо; ова, се разбира е едно зло".

Слична констатацща за учителките дал и потписникот со иницщалите И. Д. М-н, во статща об]авена во истиот весник, во бро]от 65 од 23 ]уни 1898 година, а насловена како „Уште еден збор за нашите учителки" (М-нъ 1898: 1-2). Во текстот, многу поголем од претходниот, распослан на две страници, авторот се надоврзал на зборовите на претходникот. Целосно согласува]ки се со него, авторот И. Д. М-н укажал на фактот што учителките ги користеле ученичките како слугинки. За разлика од жените од Париз, кои имале по 2-3 прислужителки, учителките не само што ги злоупотребувале своите ученички за да им помогнат да се нашминкаат, да ги извиткаат косите и слично, туку ги учеле и нив да го прават истото. Поради ова, потписникот со иницщалите И. Д. М-н изнел повеке забелешки како предлози, кои во себе вклучувале начин на облекувате и прекинувате на работниот однос што се венчале. То] запишал: „... ако не се преземет горните мерки, и нашите учителки и нашите ученички ке претставуваат жални, осакатени суштества во умствен, религиозно-морален и физички однос".

Одговор на овие обвинувата дала потписничката со иницщалите „Е. Jа-ва". Во нив, по пат на компарации и анализи успеавме да ]а прона]деме учителката Евтимица Jанчева. Големата, но ненасловената статща е об]авена во рубриката „Дописки" на весникот Новини, во бро]от 73 од 21 ]ули 1898 година. Оваа статща е на]големиот авторски текст напишан и об]авен од македонска жена на страниците на неко] весник или списание во XIX век. Инаку, животниот пат на Jанчева воопшто е непознат. Нашите претпоставки дека станува збор за жена што потекнува од македонските краишта, Македонка, тргнаа од кра]от на самата статща, во ко] а покра] податокот дека авторка на текстот е: „Учителка: Е. Я-ва", стои местото и датумот на пишувате на текстот: „Воден, 8 юлий 1898 г." (Я-ва 1898: 3). Биде]ки учителскиот повик во ова време обично се остварувал по завршувате на некои од повисоките класови во Битолската или Солунската егзархиска женска гимназща, нашето истражувате се концентрираше на пронаогате на записи или списоци на ученички или учителки, кои завршиле или предавале во неко]а од овие гимназии. На ваков начин, успеавме да го прона]деме обнародениот список од Георги Кандиларов на ученички кои завршиле VI клас со завршена матура во Солунската егзархиска женска

гимназща во yчебната 1891/92 година, во ко], под реден бро] 12 стои запишано името на Евтимица Jанчева од Воден (Кандиларовъ 1930: 158). Биде]ки понатамошните анализи покажаа и го потврдща нашето мислете дека како единствена личност, ко]ашто може да стои зад иницщалите Е. Jа-ва е токму Евтимица Jанчева од Воден, ни преостана да побараме дополнителни информации или барем да се потрyдиме да реконстрyираме дел од не]зината биографща преку посредни извори.

Тргнува]ки од фактот што гимназщата ]а завршила во yчебната 1891/92, сметаме дека годината на не]зиното рагате би можеле да ]а сместиме во средината на 70-тите години на XIX век, околу 1875 година. По напуштатето на Солyнската гимназща, ]асно е дека Jанчева се посветила на yчителството и тоа во родниот Воден. Директен податок што го потврдува не]зиното yчителствyваmе во Воден е оно] на учителот Никола Пасков. Еве го то] краток запис на Пасков: „Добив назначувате за главен учител во Воден и на 29 август стапив на должноста. Во учебната 1896/1897 год(ина) колеги ми беа Костадин Дорсанлщски, Конст(антин) Гешов, Кирил Прличев, Кост(адин) Груев, Ат(анас) Левов, Хр(исто) Не]ков, Мише Николов, Донка Митева, Евтимица Jанчева и Елисавета... (?)" (Пасковъ 1935: 15). Со ова се потврдува дека во учебната 1896/97 година Jанчева веке работела како учителка во родниот град, а со работата продолжила и во 1898 година, како што се гледа и од статщата об]авена во весникот Новини.

Во тоа време градот Воден бил активно жариште на црковните и на просветните настани што се случувале во Македонща. Силно раздвижениот грагански дух, патиштата што се вкрстувале во него, големиот бро] домашни учители и странски патописци го направиле ово] град едно од местата за кои повекепати се пишувало во публицистиката ^ордан Хаци Константинов Цинот, Виктор Григорович, Вилщам Лик, Георгина Мекензи и Аделина Ирби, Густав Ва]нгад). НаоГа]ки се пред можностите да остане дома или да се вклучи во образовниот процес, Евтимица Jанчева го одбрала второто. Биде]ки при назначуватето на учител или учителка на]важниот збор го имале црковно-училишните општини, не се сомневаме дека и во не]зиниот случа] се дискутирало на некое од заседанщата на Воденската црковно-училишна општина. Таа одлучувала за учителствуватето на повекемина познати македонски просветители, како на пример за: Димитар В. Македонски, Вещамин Мачуковски, Пантеле] Бацов итн. Женското образование, пак, се поврзува со учителката Славка Караиванова, керка на учителката Недела Петкова (позната како баба Недела) од бугарскиот град Сопот. Почнува]ки од

1865 година во Воден се разгорела антипатрщаршиската борба, со цел исфрлате на грчкиот, а воведувате словенски ]азик во богослужбата и образованието (Тра]ановски 1988: 228-230). Во ваква состсуба, претседателот на Воденската црковно-училишна општина на чело со претседателот Димитар Миха]лов, ко] 20 години ]а извршувал оваа должност (Методий, 1920: 14), можел да ]а ангажира Jанчева како учителка. Истото се однесува и на градскиот првенец Георги Гогов, ко] мошне рано се вклучил во негувате на просветителските традиции во градот (Петкова 1987: 51).

Претходно, името на Jанчева го сретнуваме уште на едно место на страниците на Новини. Во бро]от 61 од 20 ма] 1897 година, на страница 4, се наога „Давна благодарност" потпишана од претседателот на училишното настс^ателство во Воден, Н. Пасхов (Пасховъ, 1897: 4). Писмото упатено до редакцщата на Новини е датирано на 14 ма]. Искажуватето ]авна благодарност започнува со зборовите: „Неделното училиште 'Искра' во Воден брза ]авно да ]а искаже сво]ата благодарност кон следните лица, кои благоволща да подарат по нешто по случа] на чеситатето на нивните имендени...". Во групата од 19 лица се наога и „Евтимица Jанчева, учителка" ко]а на воденското неделно училиште му подарила 10 гроша.

Да се вратиме на полемичкиот текст на Jанчева. Како што можевме да видиме, започнатиот процес на вклучувате на жените во ]авниот живот, засега исклучиво во школството, придонел повеке учителки да проговорат за правата на жените. Во ово] тек на настаните се вклучила и Jанчева со сво]от прилог об]авен на страниците на дневниот печат.

Како што претходно споменавме, ненасловената статща на Jанчева е об]авена во рубриката „Дописки" во бро]от 73 на весникот Новини од 21 ]ули 1898 година. Биде]ки ово] прилог бил првиот регистриран ]авен настап на Jанчева пред читателската публика, токму затоа на почетокот таа му се обратила на редакторот на весникот со зборовите: „Господине Редакторе, Ве молам на]покорно да ми дадете место во колоните на поч(итуваниот) в. 'Новини' на овие мои неколку скромни ретчита, кои за прв пат ме претставуваат пред светот, макар и со слабо и неизвежбано перо". Како што навела, на почетокот со интерес ги проследила зборовите на авторот, но малку подоцна, во долните редови на текстот се натажила од пишуватата на Димитров дека учителките не биле заинтересирани и не покажувале чувство за маките на народот. „О, непосакувани препораки!" ке извика таа и ке додаде: „Мислам дека секому му е познато за светата, но тешка мисща на учителот, на ко]а треба да се издигне за да му помага на народот со

сета сво]а сила и справедливо да си го заслужи името". Сепак, како што понатаму пишува, таа не можела да гарантира дека немало и такви учителки, кои си го гледале сво]от интерес, но не сакала поради нив, сите други да ги ставаат во ист кош: „... напротив, ние со душа и срце би требало да очекуваме вакви моменти на кои ке ги осветлиме нашите помрачени знаеаа" (Я-ва 1898: 3). Таа го потсетила Димитров дека некои учителки не само што присуствувале на разни состаноци, туку земале и активно учество на нив, со држе&е „пробни уроци, скаски за воспитувааето, други држеле протоколи итн.".

Понатаму, Jанчева се осврнала и на текстот од И. Д. М-н. Таа се согласила дека некои од првите воспитувачки и учителки „посеале во невините кревки срца, лоши и неискоренливи семиаа" и на овие забелешки таа запишала: „Му благодарам многу на г-н И. Д. М-н што го посочува изворот на злото". Мегутоа, таа сметала дека за лошите резултати на учениците и ученичките не требало да се обвинуваат само учителките. За ово] проблем аргументирано и со силни зборови му укажала на собеседникот дека ниту мажите не биле подобри од жените. Всушност, запишала Jанчева, доволно кажувала поговорката: „Погледни го таткото, па не прашува] за синот". Таа продолжила: „Исто е и со нас. Каков е воспитувачот, таков е и воспитаникот". Оваа остра реакцща треба да се сфати како силен восклик, вистински исчекор во барааата за права на жените, но и во одбрана на веке здобиените можности за учество во ]авниот живот.

Jанчева не сакала да ]а изедначуваат со другите неуспешни примери на учителствуваае. Воопшто, таа не сакала да ги обвинуваат и другите вредни учителки, поради нечща неразумност. Таа се водела од ставот дека секо]а личност одговарала само за себе, без разлика на полот. Наведу ва]ки ги успесите на Солунската женска гимназща, ко]а и самата ]а завршила во 1892 година, ги негирала тврдеаата дека учителките знаеле само да кокетираат и да се дотеруваат за да им се допаднат на ергените: „О, не, далеку беа ваквите слични помисли од сознанието на нашите воспитувачки: напротив, тие се трудеа да не направат полезни идни воспитувачки и учителки на народот". Jанчева запишала дека читале полезни, а не „лесни" книги. Не]зиното искуство покажувало дека непознатите зборови се запишувале во посебни тетратки, кои потоа им ги об]аснувале учителките Т. Попова и Хр. Драганова. Секо]а сабота навечер биле задолжени да држат говори со научна и морална содржина, а во неделите одржувале и заседанща на кои се дискутирало за разни научни прашааа. Евтимица Jанчева искажала голема благодарност кон учителката Т. Попова, ко]а, како што наведува, самата била пример за скромност. „Во она време", пишува

таа, „не ни се дозволуваше ни тоа што денес ни е дозволено, на пр. носете на шапка".

Во одбрана на женские права за следете на модните трендови, таа се осврнала на машката мода, па од дефанзива преминала во офанзива. Jанчева ги нападнала младите господа, кои „верно им слугуваат на разни бастунчита, пролетни капели, ракавици, секакви видови костуми, кои, ако не се лажам, многу се поскапи од еден богат женски костум". Во продолжение, таа не само што ги бранела и ги одбранила со аргументи трошетета на жените, туку силно и недвослислено „удрила" по трошетето на мажите: „... нивната кесичка (паричник - белешка С. К.) страда уште повеке од нашата, се разбира кога се слободни да посетуваат кафанчита, каде во само еден час можат да потрошат таква сума ко]а би била доволна за облеката на една учителка за една цела година".

Jанчева се спротивставила и на мислетето на И. Д. М-н за „задолжение за учителките да носат басмени ролки за време на сите учебни месеци". Тоа е невозможно, заклучила таа, биде^и „со оглед на климатските услови е и облеката". Со иронща се спротивставила и на предложената мерка штом учителката се посврши, да се отпушти од работа, биде^и, наводно, повеке ке мислела на свршеникот отколку на учениците. „Тогаш, зошто и учителот штом се сврши, да не се отпушти? Небаре во него нема никакво чувство, та не сака и не треба да мисли на свршеничката?" Наместо ваквиот начин на однесувате кон учителките, таа барала кон нив да се постапува исто како и кон мажите. Секо]а нивна работа требало да подлежи на инспекцща и на ревизща. На таков начин, сметала таа, учителките ке ги поттикнеле уште повеке и ке можеле да се видат резултатите од нивната работа.

Во борбата за отстранувате на тешкотиите, Jанчева барала да се сплотат мажите и жените, со цел полесно и побрзо да се изборат за подобар живот. Текстот го завршила со зборовите: „Да го тргнеме црното петно од челото, да докажеме дека владееме и управуваме со себе, треба да имаме само малку добра вол]а за постигнувате на целта". На тврдетата дека жените биле неспособни за учителската професща одговорала аргументирано, понекогаш со доза на иронща, негира^и ги обвинуватата кон учителките и истакнува^и ги секо]дневните тешкотии со кои се соочувале тие.

Да повториме на кра]от уште еднаш: ненасловената статща на Евтимица Jанчева е првиот регистриран полемички текст во македонската литература, во ко] учество зела жена. Со силата на пишаниот збор, односно со изнесените аргументи таа ги покажала своите авторските капацитети, кои за жал, понатаму останале

нереализирани. Сепак, и во то] случа] и во вакви услови, Евтимица Jанчева го држи приматот на првата регистрирана македонска жена, ко]а зела учество во ]авна и пишана полемика.

Литература/References:

Димитровъ, Н. П. (1898). Една дума за нашитЬ учителки. Новини, 61. Цариградъ [Dimitrov, N. P. (1898). A word about our teachers. Novini, 61. Tsarigrad]. (In Bulgarian.) Добревъ, Ст. (1898). Задачата на учителя. Новини, 69. Цариградъ [Dobrev, St.

(1898). The task of the teacher. Novini, 69. Tsarigrad]. (In Bulgarian.) Кандиларовъ, Георги Ст. (1930). Българскитп гимназии и основни училища въ Солунъ. София: МНИ [Kandilarov, Georgi St. (1930). Bulgarian gymnasium and schools in Thessaloniki. Sofia: MNI]. (In Bulgarian.) Ковилоски, Славчо. (2018). Македонското женско творештво во XIX век. Скоще: Институт за македонска литература [Koviloski, Slavcho. (2018). Macedonian women's writing in 19h century. Skopje: Institut za makedonska literature]. (In Macedonian.) Методий, Архимандритъ. (1920). Градъ Воденъ въ природно, индустриално-икономоческо и национално отношение. София [Metodij, Arhimandrit. (1920). The city of Voden in natural, industrial-economic and national terms. Sofia]. (In Bulgarian.) М-нъ, И. Д. (1898). Още една дума за нашитЬ учителки. Новини, 65. Цариградъ [M-n, I. D. (1898). One more word about our teachers. Novini, 65. Tsarigrad]. (In Bulgarian.)

Пасховъ, Н. (1935). Из дневника на Н. Пасковъ. Илюстрация Илинденъ, кн. 6(66). София [Pashova, N. (1935). From N. Paskov's Diary. Ilustration Ilindena, Book 6(66). Sofia]. (In Bulgarian.) Пасховъ, Н. (1897). Явна благодарностъ. Новини, 73. Цариградъ [Pashova, N.

(1897). Public Gratitude. Novini, 73. Tsarigrad]. (In Bulgarian.) Петкова, Неделя. (1987). Спомени. София: Издателство на Отечествения фронт [Petkova, Nedelja. (1987). Memories. Sofia: Izdatelstvo na Otechestveniya front]. (In Bulgarian.) Тра]ановски, Александар. (1988). Црковно-училишните општини во Македонца. Скоще: Институт за национална исторща [Trajanovski, Aleksandar. (1988). Church-school municipalities in Macedonia. Skopje: Institut za nacionalna istorija]. (In Macedonian.) Я-ва, Е. (1898). Дописки. Новини, 73. Цариградъ [Y-va, E. (1898). Letters. Novini, 73. Carigrad]. (In Bulgarian.)

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.