Научная статья на тему 'Патописот „белешки од моето патување од Тетовско" од 1891/92 година на андреj стоянов'

Патописот „белешки од моето патување од Тетовско" од 1891/92 година на андреj стоянов Текст научной статьи по специальности «Философия, этика, религиоведение»

CC BY
147
17
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
TRAVEL LITERATURE / TRAVEL / ANDREJ STOJANOV / TETOVO / POLOG

Аннотация научной статьи по философии, этике, религиоведению, автор научной работы — Ковилоски Славчо

Andrej Stojanov is the author of the great travel literature on Tetovo and the Tetovo area, titled Notes on My Travel in the TetovoArea (Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско), published as a series in the daily newspaper "Novini" („Новини") 1891/92. This work was certainly one of the most important travel literature works about Macedonia in the 19 th century, if not the most important one, taking into consideration its length, serialization, as well as the variety of information it included on geography, toponymy, public customs, ethnography, etc. On that note, this text analyzes Stojanov's travel literature work, as published in the newspaper "Novini" for more than a year.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «Патописот „белешки од моето патување од Тетовско" од 1891/92 година на андреj стоянов»

оригинален научен труд УДК 910.4(497.751)"18"

ПАТОПИСОТ „БЕЛЕШКИ ОД МОЕТО ПАТУВАШЕ ОД ТЕТОВСКО" ОД 1891/92 ГОДИНА НА АНДРЕJ СТОJАНОВ

Славчо Ковилоски

Институт за македонска литература, Скоп]е,Македони]а

Key words: travel literature, travel, Andrej Stojanov, Tetovo, Polog

Summary: Andrej Stojanov is the author of the great travel literature on Tetovo and the Tetovo area, titled Notes on My Travel in the TetovoArea (Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско), published as a series in the daily newspaper "Novini" („Новини") 1891/92. This work was certainly one of the most important travel literature works about Macedonia in the 19th century, if not the most important one, taking into consideration its length, serialization, as well as the variety of information it included on geography, toponymy, public customs, ethnography, etc. On that note, this text analyzes Stojanov's travel literature work, as published in the newspaper "Novini" for more than a year.

Клучни зборови: патопис, патуваае, Андре] Степанов, Тетово, Полог

Резиме: Андре] Степанов е автор на големото патописно дело за Тетово и Тетовско, Белешки за моето патувапе во Тетовско, об]авувано во повеке продолженща во весникот Новини. Ово] патопис е еден од на^важните патописни дела за Македонща во XIX век, ако не и на]важниот, зема)ки ]а во предвид големината и времетрае&ето на издавааето, како и мноштвото информации за географщата, топонимщата, народните обичаи, етнографщата итн. Во ово] текст се анализира неговиот патопис, об]авуван во весникот Новини подолго од една година.

XIX век e период на експанзща на европската наука (об-разованието, медицината, исторщата), но и на походи и истражувааа на непознатите предели од Зем]ата. На Европе_щите, кои го промовирале колонщализмот, им било потребно да се здобщат со некакви основни предзнаеаа за зем_|ите кон кои покажале интерес. Тоа вклучувало собираае на статистички податоци, како на пример, за на-ционалноста на населението, за бро_|носта на градовите и на селата, по-тоа за патиштата, за географската положба со опис на речните долини, планините, езерата, мориаата и сл. Од тие патувааа, многумина патописци со себе носеле голем бро] на значащи податоци, кои понекогаш биле само од статистичка природа, а понекогаш биле

прeточyвaни во патописни репортажи со yмeтничкa форма: раскази, романи или дури и поезща.

Даниел-Анри Пажо дава своевидна хронологща на разворт на патувааето во книжевноста: ацилак, патуваае и тyризaм (Пажо, 2002: 53). Тука никако не е исклyчeн автобиографскиот елемент, биде]ки пaтyвaчот, како што кажавме погоре, во своето дело вметнува и коментари и критички се осврнyвa кон она што го гледа. На то] начин можеме многу да дознаеме и за неговите политички сфакааа, за неговата положба во општеството, но и за неговиот животен пат (биографща), преку споредувааето, односно компарирааето на дадените елементи.

За тоа што е патописот и што прeтстaвyвa то], пишyвaлe голем бро] автори и raj сите се зaбeлeжyвa заедничкиот став дека се работи за хибриден жанр во литeрaтyрaтa, ко] во себе може да содржи елементи од исторщата, географщата, yмeтностa и др. Така, Пажо истакнува дека „Патописот е дело примерно ведро и потврдно, кое ja прeнeсyвa можноста и вол]ата на патникот да го гледа просторот и времето на другите лyfe и да го открие единството на човечкиот дух, како и различноста на општествата и на начините на заедничкото живееае: патникот е еден од толкувачките клучови на светот и исторщата, особено кога има книшко знаеае или философски дух. Патувааето, книжевноста од патувааето ги има како свои мега големите откритща во зората на новиот век и во големите колонщални зафати во XIX век: златното време на индивидуата вооружена со сво_|от разум..." (Пажо, 2002: 54-55).

Во однос на литературата, во македонскиот XIX век започнале да се по]авуваат оригинални творби од македонски автори: песни, драми, раскази и патописи. Патописите уште од почетокот биле поврзувани со зголемениот интерес за собираае на народното творештво. Патописците по пат забележувале сè што ке сретнеле, топонимща, машки и женски имиаа, гатанки, поговорки, приказни, легенди. Сепак, вистински почетоци на македонскиот патопис датираат од средината на XIX век, кога започнал и разво_|от на македонската уметничка литература воопшто. То], во основа, е поврзан со просветителското движете во Европа и Македонща, со преродбенскиот период, ко] имал големо значеае за Македонща. Иако се сретнуваат фрагментарни патописни елементи raj Кирил Пе]чиновик, за еден од првите вистински патописци се смета Jордaн Хаци Константинов-Цинот, ко] во весникот „Цареградски вестник" об]авил голем бро] описи и репортажи на македонските градови Битола, Кратово, Прилеп, Охрид и др. Пообемни патописи и репортажи об]авувиле: Ефрем Каранов,

Пана_|от Гиноски, Pajra Жинзифов, Евтим Спространов, Jaким Дереба-нов, Кузман Шапкарев, Георги Тра]чев, Бано М. Кушов, Aнтон Поп Стоилов и др. Патописните дела на]често ги сретнуваме како дописки во весниците и списанщата, во дневниците, спомените и автобио-графиите, ретко како посебни изданща (книги), потоа во писмата, но ги нaоfaмe и како необ]авени ракописи. Патописите на]често биле об]авувани во весниците „Новини", „Вести", „Цареградски вестник", „Читалиште", „Цвет", „Лоза", „Зорница" и др.

Во таа група истакнати патописци,кои пишувале за Македонща влегува и Aндрej Степанов. Степанов е автор на патописот за Тетово и за Тетовско, ко] бил об]авуван во повеке продолженща во весникот „Новини". Ово] патопис, претставува еден од на]важните патописи за Македонща од XIX век, со оглед на неговата големина (во 62 бро]а), времетраеаето на издаваае (една година и нецели два месеца), како и мноштвото информации за: географщата, топонимщата, народните обичаи, етнографщата итн. Од ово] патопис, вонредно долг и богат со матерщали, ке се задржам само на поединечни моменти за кои сметам дека се интересни и важни за македонската патописна литература.

Од биографските податоци, кои можат да се на_|дат за Станов, може да се констатира дека то] бил учител повеке од 15 години во различни градови низ Македонща. „Aндрej Степанов е роден во гр. Тетово... Виден општественик, публицист и фолклорист. Степанов бил редовен соработник на в. Новини, Вести и др. Од неговото перо излегуваат многу статии - географско и битово опишуваае на Тетовско и Полог, приказни, пословици преданща и др.", стои во кратката белешка за него во „Aлбyм Македонща", об]авен мefy двете светски во_|ни во Софща ^лбумъ^лманахъ Македония, 1931: 103). Сепак, дешифрирааето на неговото вистинско место на рагаае не e толку едноставно, биде^и во ово] временски период сретнуваме уште тро_ща познати личности со истото име и презиме, кои живеат и де_|ствуваат кон кра_|от на XIX и на почетокот на XX век. Едниот од нив е родум од велешкото село Ореше и бил познат велешки во]вода (Николов, 2001: 159). Вториот Станов бил од Воден и завршил право на Московскиот универзитет. Работел во руската администрацща, а потоа бил избран за вицегувернер и гувернер на Варна. По извршувааето на тие функции, се вратил назад во Русща (Куманов, 1993: 244). Третиот Aндрej Станов го сретнуваме во книгата на A. М. Селишчев „Полог и неговото бугарско население" (Селишчев, 1981: 57-72). Таму стои дека A. Станов бил родум од бугарскиот град Габрово. Селишчев го претставил Степанов како познат учител во Тетовско од 1866 до 1894 година, патописец, автор на патописната

репортажа „Белешки по моето патуваае од Тетовско". За А. Скуанов (од Габрово) некролог об]авил весникот „Новини" од 1898 година, пишува]ки дека станувало збор за „достоен деец" и „одличен управник" на училиштето во Тетово (Некрологъ, Новини, 1898: брой 91, 4). Сепак, Селишчев пишува дека првите впечатоци на А. Степанов од Полог биле во 1866 година, додека пак, самиот А. Степанов во првиот бро] од сво]от патопис запишал дека веке 7-8 години го обиколувал Тетовско и Гостиварско поради неговата тргови]а. Значи, доколку то] бил во Тетовско 7-8 години, а патописот започнал да се об]авува во 1891 година, првите впечатоци од Полог би биле некаде 1883/84 година, а не во скоро две децении порано, како што забележал Селишчев.

Што се однесува до неговите белешки од Тетово и од Тетовско, првиот патопис е об]авен на 14 март 1891 година во бро]от 25. Последната об]авена репортажа за тетовскиот кра] е од 1 ма] 1892 година, во бро]от 62, под ща стои дека ке следува ново продолжение, но тоа го нема. Своето патуваае како трговец го започнал во 1883/84 година („пред 7-8 години") и тогаш се потрудил да се запознае со животот на тамошното население и со црковно-училишните работи (Стоянов, 1891 г: 1-2). Поради тоа што веке добро се запознал со кра]от, Степанов решил своите впечатоци да ги презентира пред читателите, и поради тоа го замолил главниот уредник да му отстапи простор за неговите белешки, што уредникот и го направил.

Патот го започнал од Скоще, 7 часа кон запад, каде што во поднож]ето на Шар планина се наогал градот Тетово. „Лете целиот град бил потопен во прщатно зеленило на многубро]ните плодородни дрв]а, кои прават Тетово да изгледа како село. Над градот величенствено се издига убавата Шар Планина, а пред него е пространото, многу плодородно, Тетовско Поле, кое е долго околу 12 часови и широко 1 1/2". Биде]ки полето претставувало нешто како тетива со околните лакови и планини, Турците го викале градот Калканделен, што значело нешто оптегнато. Низ Тетово течела една малечка река наречена Шарска или Тетовска Река. Таа, на неколку места, течела и низ дворовите на тетовските куки, а освен тоа во градот имало и многу чешми. Но, сепак, квалитетот на водата од некои од чешмите бил многу лош, што влщаело и врз здрацето на граганите. Како на]добра вода за пиеае, Станов ]а наведува чешмата од градскиот часовник.

Климата била добра, умерена и благопрщатна за здрав]ето. Мегутоа, и покра] ваквите погодности, тетовците честопати се разболувале, на]многу поради тоа што не внимавале на здрав]ето, не се

лекувале навреме или пак купувале лекови од измамници. Во ово], навистина обемен патопис, и покра] сите предуслови за градот да порасне во голем и убав градски центар, Станов е дециден: „Тетово не е убав град. Куките му се обични и сите еднокатни и двокатни. Улиците се тесни, криви, неубаво направени и нечисти". Забележал и дека во градот имало многу цамии.

Во описот на занаетите, Станов забележал дека на]добрите лебари биле тетовските, кои работеле во: Одеса, Киев и Петребург во Русща, до дека во Србща и Грцща многу малку оделе на печалба. Трговщата била слаба, а оттука се изнесувале сурови кожи, волна, грав, кои сепак не биле доволни за задоволуваае на пазарот, биде]ки биле во мали количества. И занаетите не биле во добра соскуба. Единствено железарството цутело некое време, но и тоа набргу замрело.

Станов дал богати информации за облеката, за ща забележал дека од мажите била различна. Се состоела од широки гаки, голем по]ас и „фермене", горен дел без ракави, исшаран со многу гавани. Интересен е податокот дека таквиот начин на облекуваае тогаш брзо почнал да се заменува со европска облека. Женската облека, пак, била побогата и се состоела од широки гаки, еден „минтан" и еден „елек" -и двата тесни и кратки, „цубе" - долга горна облека без ракави со широки поли, по]ас за половината и фес за на глава. Особено раскошна била празничната облека. Била изработена од свила, од маслиново или зелено кадифе, а „цубето" од убаво црвено „сукно", и сето тоа исшарано со златни шари.

При патувааето, Океанов покажал интерес и кон фолклорот. Запишал неколку народни песни и поговорки од Тетовско, кои ги приложил на страниците на „Новини", како дел од неговиот патопис (Стоянов, 1891 д: 2-3). Една од причините за ваквиот негов интерес била и таа да покаже со каков ]азик се служело населението од тетовскиот кра]. Приложуваме извадок од една песна:

„Излегов да се расшетам, леле, Излегов да се расшетам Низ лозе, низ бело грозде, леле, Там на]дов моме гра]анче, леле, Под бели чадор седеше, леле, Господа си го молеше, леле, Господе мили, Господе, леле, Зем]ата да ]а помириш, леле, Момите да са оможа, леле, Момците да са ожена, леле... "

Песната укажува на македонското говорно подрач]е, односно на тетовскиот дщалект. Степанов забележал дека во ]азикот имало многу странски зборови и дека голем бро] од странските песни тетовци ги научиле од Циганките, додека пак, сопственото песнотворство се изгубило. Но, и покра] тоа, то] истакнал дека: „Чистиот и богат ]азик е на]големото богатство и на]големата убавина на секо] народ. Ако се расипе ]азикот, се расипува и благородството и умствената сила и чистотата на срцето на народот".

Океанов дал описи и за црквата и духовниот живот. Духовниот живот на тетовци се про]авувал и развивал во црквата и во училиштето. То] бил загрижен поради неукоста на народот, ко]а произлегла од негрижата за христщаните од страна на свештениците, кои не биле подготвени за должноста што ]а извршувале. Според него, тие биле неспособни и не знаеле ништо. „Недостачи свештеници ]а ослабеа Тетовската црква и направща да не може таа да дава светлина и крепост во душата и умот на народот" (Стоянов, 1891 е: 2). Во однос на прашааето за црквата, Станов е контадикторен. На]прво наведува дека тетовците немале црква, за потоа да забележи дека „тие многу сакаат да одат во црква и празнуваат многу празници во годината". Тетовците, запишал то], немале црква „туку се собирале за молеае во една голема ода]а на долниот кат на училиштето". Секое семе]ство и секо] еснаф имале по еден светец за покровител. За време на празникот се служело за нив. Дека имале црква, то] зборува и подолу во сво]от текст, каде што ке забележиме: „на излегуваае од црквата"; потоа „многу е подобро (мисли на тетовците - б.м.) и пополезно да ]а носат пченицата неварена во црквата", итн. Причината била едноставна: дел од варената пченица ке се изедел, а дел ке се изгазел при службата.Можело да се собере и до 4-5 товари неварена пченица, што подоцна им се давала на сиромасите. Мегутоа, сиромаштщата, неслогата и пропагандите го направиле своето, па целокупниот црковен живот во Тетовско полека замирал. Затоа, Степанов апелирал до граганите да дадат по нешто од своите имоти на црквата или на училиштето, биде]ки „ке донесе полза на народот и ке направи да не умре името на дарителот". Авторот на овие редови насто]увал да ги обедини тетовците во едно и поради силната српска пропаганда, ко]а постоела во то] кра], а на ко]а требало да и се спротивстават. Сметал дека тие повеке оставале на манастирите, кои ]а негувале словенската писменост. Таа писменост била зачувана благодарение и на развивааето на учебното дело во Тетово (Стоянов, 1891 ж: 1-2). Тетовците заслужувале голема пофалба за тоа што знаеле да ]а

зачуваат писменоста, ко]а им ]а оставиле во наследство светите брака Кирил и Методщ.

Со изградбата на новото училиште, учебното дело заживеало, биде]ки старото училиште не исполнувало ниту еден услов за нормална работа. Тоа дури немало ни столчиаа за учениците ни друг училишен прибор. Учителите ги плакала црковната општина, односно Егзархщата, па поради таа причина на училиште можеле да одат и на]сиромашните деца. Сепак, и покра] овие 100-200 ученици, општината немала голем напредок, биде]ки самите учители не биле доволно образувани за да им ги пренесат знаеаата на учениците. Степанов со право забележал дека „механичкото читаае, наизустицата и псалтирот не можат ни на] малку да го развщат умот на детето". То] го истакнал трудот, ко] го вложиле поп Jаков Сазданов и Серафим Архимандрит да основаат училишта во своите куки. Требало да им се оддаде почит биде]ки со голем жар сакале да му помогнат на учебното дело. Макар што „Тетово е блиску до убавото Скоще, и Тетовчани видоа колкаво големо учество земаа благородните Скощани во борбата по црковното прашаае, но тие не се повлщаеа од то] пример, а останаа ладнокрвни кон народниот стремеж, сега и тогаш...".

Во ово] богат патопис, Сто]анов дал и табела на учители од 1832 до 1883 година, ко]а претставува голем придонес кон проучувааето на учебното дело во Тетовско, биде]ки табелата е детална и ги содржи името и презимето на учителите, местото на рагаае, каде учеле, од кога учителствувале во Тетово, со ко]а метода и со кои учебници се служеле, ко] ги издржувал и други забелешки. Новата метода на учеае и новите учебници за првпат во тетовското училиште ги вовел учителот Нестор Данаилов од селото Тресонче, Дебарско. Во учебната 1878/76 година, то] учел околу 90 ученици. По него станал учител Иван Х. Г. Илиев од Дебар, ко] учел во манастирот Св. Jован Бигорски. Тука ке ги сретнеме имиаата на Христо Чкулка, Цветко Смилков, поп Саве, поп Смилко, поп Jаков Сазданов, како и Jордан Хаци Константинов, Крсто Галиганов, Гешо Стефанов, Михаил Христов и др.

Сто]анов ги анализирал учебните години. Бро]от на ученици и ученички варирал од 160 ученици и 30 ученички до 220 ученици и 46 ученички (Стоянов, 1891 з: 2). Една од причините за ваквите варщации биле свадбите при што невестите давале големи дарови и со тоа трошеле многу пари, а другата била што голем бро] тетовци мислеле дека на жените не им требало училиште. То] ке укаже на потребата за одеае на жените во училиште, од проста причина што жената управувала со куката, а детето учело да зборува од ма]ка си. Ако таа не

знаела, тоа се одрaзyвaло на детето, а згора на тоа: „учената жена е десна рака и светлина на мажот си...". Океанов инсистирал дево]чиаата да одат во yчилиштa. Ваквата по]ава на необразуваае придонела ниту една од возрасните жени да не знае да ja каже молитвата „Оче наш", ниту „Веру]у", ни неща друга молитва. Од мла-дите на училиште оделе едва] 10-12 %, но биде_|ки не биле редовни, и тоа што го научиле, го заборавиле. За него „без славни и полезни дела, животот е мртов", а такви дела можат да се прават само со учеаето. За споредба ги дава европските народи, кои, благодарение на науката, сещдневно откривале нови нешта: параходите, телеграфот, железниците, а претходно ja откриле и Америка.

Продолжува_|ки ги своите белешки во бро_|от 40 (Cтоянов, 1891 s: 2), Cтоjaнов го довршил своето мислеае за учеаето. Постарите не знаеле што е сукно, а што е свила, па поради тоа носеле искинати алишта од кои им се гледало месото; тие живееле во темни и ниски куки. ^ знаеаето дошол и напредокот, па така тие ja научиле убавината на сукното и на свилата, а куките ги правеле високи, светли и убави. Cto-]анов на учебното дело се задржува скоро преку целиот бро], за кон средината „да се помачам да претставам пред лубезните читатели едно кратко опишуваае на неговите села (се однесува на Тетово и на неговите села - б.м.)". Така, „многу прщатно и полезно е за човек да патува по селата, особено преку летните месеци, кога cè во природата дише живот и сладост. Величенствениот изглед на планините, кои, надалеку, гледаме се соединуваат со синото небо, ja полни душата на патникот со некаква таинствена и прщатно возбудувачка сила...". Душата и мислата на патникот се раздвижувале и од запознавааето на животот на селаните. То] живот бил исполнет со труд, чистота и прос-тодушност. Таа убавина била нарушена од малите и темни куки на селаните, нивните безбро_|ни суеверща и празни стравови. Cтоjaнов сметал дека сето тоа било поради незнаеаето: „знаеаето е сила, а селаните немаат знаеае и затоа се слаби". То] забележал и уште една поука: „граганите живеат од трудот на селата, и ако селата не се добри, тогаш нема да бидат добри и градовите". И: „блазе на онаа зем]а, raja има просветени и богати села!".

Пред да почне со опишуваае на селата, Cтоjaнов им се извинува на читателите што времето не му дозволувало да ги опише селата како што ги запаметил то] во душата и во умот. Затоа, бара читателите да се задоволат и со кратките белешки. Тие белешки што ги дал за селата се преку 180, што не е мала бро]ка и што секако не претставуваат толку кратки колку што наведува авторот. Тоа значи дека патописецот имал да пишува уште многу. И во ово] случа] об]авеното патуваае по

Тетово и по Тетовско, никако не е кратко и не е незабележително. Всушност, Станов дал прекрасен преглед на селските обичаи и навики, како и на самата местоположба на селата.

Првото село, кое го опишал е Ласце. Тоа е и единственото во ово] бро] (бр. 41) на „Новини". Селото Ласце, за кое стана збор, било распослано на врвот на Ел Тепе, над самото Тетово, на раст^ание од 3/4 од градот. До него се одело по стрмниот пат, ко] поминувал низ тетовските лоз]а. Имало 16 христщански куки, а во неговата околина се нaоfaлe разрушениот манастир „Св. Aтaнaс" и една црква. Селото Ласце било чифлик. На десетина минути од Ласце, на самиот врв Бел Тепе биле рушевините од тврдината направена по наредба од тетовскиот мутишериф Aбдyл Рахман, од пред 80 години (Стоянов, 1891 и: 2). На неа се работело цели 20 години, но по неговото заминуваае во Цариград, то] не се вратил повеке назад, а тврдината започнала да се распага. Тоа место raj тетовци било познато под името „Калето" и внатре во него биле и рушевините од манастирот „Св. Aтaнaсиj". Грafaнитe честопати оделе таму да поседат и да се надишат чист воздух. Оттаму се гледал голем дел од Тетовско Поле, сè до населбата Костово.

Весникот ке ja продолжи таа практика да обjaвyвa описи на по неколку села во продолжение. Второто село кое го опишал Степанов било селото Гермо, на еден час далечина од Ласце. Тоа било арнаутско село со 30 куки и една цамща. Селаните биле сиромашни. Затоа оделе на печалба во Влашко, каде што се занимавале со правеае боза и алва. Потоа следува описот на селото Пороj, на половина час оддалеченост од Гермо, во полите на Шар Планина. Селото од Тетово било оддалечено 3/4 од часот; имало 80 арнаутски куки и една цамща. Рекичката, raja течела низ селото преку пролет со себе влечела и песок и камеаа од планината. Нешто слично на Пороj, кое нaоfaло во поднож|ето на планината било и Цепчишта. Низ него течела мала рекичка, коja го делела селото на два дела: едниот дел бил со 70 арнаутски куки, а другиот дел со 11 христщански. Aрнayтитe имале цамща, додека пак христщанското население своите духовни потреби ги извршувале во црква во Тетово или во блиските села Сетуле и Лешок. Во близина на селото се нaоfaлa разрушена црква, каде што се собирале селаните двапати годишно да празнуваат, на 18 jaнyaри и на 15 август. Од тука во Тетово се продавало и големо количество на: цреши, jaболкa, сливи и костени.

Селото Едуарци броело 15 христщански куки. Селаните оделе во црквата во Сетуле, каде што учеле и нивните деца. И ова село било богато со цреши, сливи, jaболкa и костени. Над него се нaоfaло селото

Сетуле (1/4 час расто]ание). Броело 50 христщански куки, една црква и едно училиште со три одделенща и еден учител. Имало вкупно 110 ученици, од кои 20-30 дево]чиаа. Во него учеле и децата од селото Отуне. Степанов бил посебно вчудоневиден од успехот на учениците и од нивното знаеае. Отуне се наогало подолу од Сетуле; броело 30 христщански куки и една црква „Св. Георги". Селаните се занимавале со лебарство. Местото било богато со овошки. Последно село од репортажата на Станов во ово] бро] (бр. 41) е Непроштено, кое се наогало на еден час оддалеченост од Отуне. Сместено било во поднож|ето на планината, имало две цркви: „Св. Архангел" и „Св. Илща", во неговиот атар се наогала гора со костенови дрв]а. Учебното дело тука потфрлило биде]ки само 5-6 деца го посетувале училиштето во Лешок. Описот на Непроштено завршува во бро]от 42 од „Новини" (Стоянов, 1891 j: 2). Тука се сретнуваме со податокот дека Непроштенци работеле во тугина како лебари и бозации.

Практиката на Степанов или на уредникот на весникот описот на едно село да продолжи во друг бро], само ]а разбива хомогеноста на текстот. Имено, селото што се разработува, во ово] случа] Непроштено, не претставува целина сама за себе, туку и она малку што е напишано сега се раскинува на два дела, што влщае raj читателот да не може да стекне вистински впечаток за населеното место. Доколку читателот купел еден бро] (бр. 41), а не бил во можност да го купи следниот бро] (бр. 42), тогаш то] останувал посиромашен за неколку податоци.

Во бро]от 42 даден е описот на селото Варвара, на еден час растсуание од Непроштено. Тоа имало 25 куки. Погледот од селото бил прекрасен, но то] бил расипан од грубо направените куки и поради тоа „никако не се во согласност со убавините на природата и со барааата за хигиена". Куките биле мали, ниски, покриени со слама и немале оцаци за излегуваае на чадот. Описот на Варвара е пообемен од претходните описи на селата, исто како и описот на Лешок. Ова село имало 80 куки, а било знача]но поради манастирот ко] бил единствен во Тетовско. Училиштето броело 60 ученици, со 4 одделенща. Тука се одржувале и селските испити, на кои доагале селани од околните села. Биде]ки тие испити се одржувале на отворено, учениците доагале убаво облечени, измиени и подготвени. Во околината на Лешок имало рушевини од повеке цркви - „Црквишта", а тука се колел курбан. Оваа кратка исторща на селото, Станов ]а завршил со споменуваае на Кирил Пе]чиновик и неговата книга „Утешение грешним". Како што претходно споменавме, практиката на об]авува&е на описот на едно село во два бро]а, продолжила и тука, па кра]от на описот на Лешок го наогаме во бро]от 43 (Стоянов, 1891 к, 1-2). Тука се дадени

празнувааата и обичаите на лешочани, нивната облека, неколку песни и др.

Во текот на следните броеви, Степанов ке се задржи на описите на селата Брезно (Стоянов, 1891 л: 2) „расположено е на високо место", во чща близина имало мало езерце, кое „може да се обиколи за 10-15 минути; тоа го носи името на селото и се формира од водите кои истекуваат од околните височини во котлината на езерцето"; Слатино со 50 арнаутски и 10 христщански куки и една цамща; Теарце, родното село на Пе]чиновик, со 120 турски куки и една цамща, и 80 христщански куки, една црква и училиште во кое учеле 20-30 деца; Отушиште, со околу 60 арнаутски и христщански куки; Пршовци, со 30 арнаутски куки и една цамща. Селото Елошник имало 50 куки, една црква и училиште. Било познато по убавите ореви. Над селото се наогал манастирот „Благовештение", при што Степанов ]а забележал и песната што ]а пееле свештениците за време на богослужбата, ща се одржувала тука сеща година на 25 март; следувало селото Глоги, потоа: Доброште, Одри, Првце, Беловиште, Вратница, Старо село, Ораше, итн (Стоянов, 1891 л: 2).

Покра] описите на селата Рогачево (Стоянов, 1891 м: 2), Jажинци, Стража, дадени се многубро]ни информации за сите села во Тетовско, макар и по неколку реченици. Степанов настсуувал да обрне внимание на деталите. На моменти, ако самиот то] проценел дека значеаето на селото е поголемо, тогаш се менувала и структурата на исказот. Од обично лоцираае на местоположбата на селото и на брорт на куките, патописецот расправал и за неговата исторща, празнувааата и обичаите, како и за училишното дело. На пример, на селата од под редните броеви 32 до 39 (од Реканци до Прелубиште) се наведени со информации од по 2-3 реченици, за разлика од претходно обработените: Лешок, Теарце и Елошник, на кои им е посветен далеку поголем простор (таков пример имаме и од бро] 61 до 71 - од Ласкарци до Груишин (Стоянов, 1891 а: 2) и др.

Особено е значаен описот на обичаите и разликите на христщанското население во тетовскиот кра], што го дал Степанов. То] опис започнува во бро]от 17 (Стоянов, 1891 б: 2), додека во следниот бро] се дадени карактеристиките на женската облека во Горен Полог (Стоянов, 1891 в: 2). Степанов наведува дури 14 различни парчиаа облека, не вклучува]ки ги и украсите за на уши што ги носеле жените (носеле закачени по 3-4 стари пари).

Од селото Ничифорово или Никифорово, Степанов ни пренесува една народна песна и ни дава прекрасен опис на селото Маврово. На североисток од селото се наогале Мавровите анови, на патот за Дебар,

каде што посто]ани имало стражари и BojcKa за чуваае на патот од разбо]ници (станувало збор за остатоци од дервенцискиот систем).

Пример за облеката на жените во Тетовско, Степанов дава и од селото Дух (селото е познато и како Дуф - б.м.). Тоа било на]кра]ното тетовско село, на 10 часови оддалеченост од градот (Стоянов, 1892 а: 2). Тука жените носеле 11 различни облеки.

При описот на селото Дебреше, Станов за задржал на училишното дело (Стоянов, 1892 б: 2). То] ги поттикнувал ги селаните да ги испракаат своите деца на училиште. Направил пресметки на до-машниот буцет на секое семе]ство, веле]ки дека подобро е човек да се откаже од пушеае и од пиеае и со тие заштедени пари да го прати детето да учи, отколку при очи да го остави слепо. Ова е последниот об]авен запис на Андре] Степанов од неговото патуваае по Тетовско. Веке споменавме дека иако под текстот стои „следува", продолжение нема.

Океанов во патописот вложил голема енергща. Патописот течел повеке од една година во весникот „Новини", притоа понекогаш неколку броеви по ред, а понекогаш со прескокнуваае на два или три броеви. Сепак, во периодот кога излегувал, оставил значаен белег во весникот и raj читателската публика, биде]ки бил на]посто]ана рубрика што ]а имал весникот од еден автор. Авторот, пак, се надминал себеси при соопштувааето на деталите. Неговата упорност придонесла овие патувааа да станат пример како се пишуваат патописни белешки и знак за квалитет. Него го краси убавината при описот и начинот на опишуваае, подробностите, но и драгоцените етнографски, географски, историски и фолклорни информации. Овие белешки се убав пример како требало да се однесува еден патописец кон местата што ги пропатувал, но и кон неговите жители.

Литература:

Албумъ-Алманахь Македония. 1931. София.

Куманов, Милен. 1993. Македония, кратьк исторически справочник.

ТИНАПРЕС, София. Некрологъ. (1898). Новини, брой 91, 25 септемврий.

Николов Й., Борис. 2001. Вьтрешна македоно-одринска революционна организация, войводи и рьководители (1893-1934), биографично-библиографски справочник, София. Пажо, Даниел-Анри. 2001. Општа и компаративна книжевност. Македонска книга, Скои|е.

Селишчев, А. М. 1981. Полог и неговото бьлгарско население, фототипно издание, София: Наука и изкуство.

Стоянов, А. 1891 а. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой

16, 15 ноемврий.

Стоянов, А. 1891 б. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой

17, 19 ноемврий.

Стоянов, А. 1891 в. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой

18, 22 ноемврий.

Стоянов, А. 1891 г. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой 20, 7 февруарий.

Стоянов, А. 1891 д. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой 25, 14 мартъ.

Стоянов, А. 1891 г. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой

27-28, 24 декемврий. Стоянов, А. 1891 е. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой 34, 16 май.

Стоянов, А. 1891 ж. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой 36, 30 май.

Стоянов, А. 1891 з. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой

39, 20 ]уний.

Стоянов, А. 1891 s. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой

40, 27 ]уний.

Стоянов, А. 1891 и. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско Новини, брой

41, 4 ]улий.

Стоянов, А. 1891 j. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой

42, 11 ]улий.

Стоянов, А. 1891 к. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой

43, 18 ]улий.

Стоянов, А. 1891 л. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой

47, 15 августъ.

Стоянов, А. 1891 л. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой

48, 19 августъ.

Стоянов, А. 1891 м. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой 51, 12 септемврий.

Стоянов, А. 1892 а. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой 30, 3 ануарий.

Стоянов, А. 1892 б. Б0л0жки по пжтуванието ми изъ Тетовско. Новини, брой 62, 1 май.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.