Научная статья на тему 'Некои аспекти на обреди и верувања поврзани со народното градителство: македонско-полски паралели'

Некои аспекти на обреди и верувања поврзани со народното градителство: македонско-полски паралели Текст научной статьи по специальности «Строительство и архитектура»

CC BY
43
9
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
КУќА / ГРАДЕЖНИ МАТЕРИјАЛИ / МАјСТОРИ / МАКЕДОНСКА И ПОЛСКА ТРАДИЦИјА / HOUSE / CONSTRUCTION MATERIALS / CONSTRUCTION WORKERS / MACEDONIAN TRADITION / POLISH TRADITION

Аннотация научной статьи по строительству и архитектуре, автор научной работы — Поповска Драгица

This paper focuses on certain aspects of the customs and beliefs related to house building in Macedonian and Polish culture, respectively. Special attention is paid to the initial part of building a house, which practically begins with the selection of construction materials and construction workers. The care that goes in providing good materials for the construction, as well as the concern for choosing quality workers, in both cultures, ensures a successful building of a house that would become a happy dwelling for its tenants.The analysis shows an analogy between the Macedonian and Polish construction traditions, respectively.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «Некои аспекти на обреди и верувања поврзани со народното градителство: македонско-полски паралели»

оригинален научен труд УДК: 398.341(497.7) УДК: 398.341(438)

НЕКОИ аспекти на обреди и веруваша

ПОВРЗАНИ СО НАРОДНОТО ГРАДИТЕЛСТВО: МАКЕДОНСКО-ПОЛСКИ ПАРАЛЕЛИ

Драгица Поповска

Институт за национална истори]а, Скоп]е, Македонца

Keywords: house, construction materials, construction workers, Macedonian tradition, Polish tradition.

Abstract: This paper focuses on certain aspects of the customs and beliefs related to house building in Macedonian and Polish culture, respectively. Special attention is paid to the initial part of building a house, which practically begins with the selection of construction materials and construction workers. The care that goes in providing good materials for the construction, as well as the concern for choosing quality workers, in both cultures, ensures a successful building of a house that would become a happy dwelling for its tenants.The analysis shows an analogy between the Macedonian and Polish construction traditions, respectively.

Клучни зборови: кука, градежни матерщали, ма^тори, македонска и полска традицща

Апстракт: Трудот се фокусира на некои аспекти од обичаите и верувааата поврзани со изградбата на куката во македонската и полската култура. Посебно внимание е посветено на иницщалниот дел од градеаето на куката, што практично започнува со изборот на градежни матерщали и ма^тори. Грижата за обезбедуваае на добар матерщал за изградба, како и изборот на ма^торите, во двете култури имаат за цел обезбедуваае на успешна градба, ко]а ке биде срекно место за живееае на не]зините станари. Анализата покажува аналогща во македонската и во полската традицща.

За човекот, без разлика на ко]а културна средина и припага, куката претставува „свет простор" во ко] то] треба да живее.1 Подигнувашето

1 Куката е сакрализирана низ извесен симболизам или космогониски обред (Eliade,2004:44). Во рамките на архаичните сфакаша, таа не е поим, ко] се однесува само на градбата, туку и на лугето кои во неа треба да живеат. Митската слика на куката е ставена во рамките на релацщата кука-родилка-ма]ка, па оттука заклучокот на Чаусидис дека таа се доживувала како жива, како ма]ка што штити, чува, одгледува и го одржува животот (Чаусидис,1994:205). Поновите истражуваша во с. Jабланица (Македонща), покажуваат дека населението ]а поставува куката на ниво како и човекот, животните и

односно изградбата на куката ги задоволува егзистенцщалните потреби на човекот, зашто обезбедува создаваае на „сопствен свет" и преземаае одговорност за негово одржуваае (Eliade,2004:44). Таа поседува и култно значеае, кое треба да го обезбеди просперитетот и среката на семе]ството, кое ке живее во куката (Поповска,2012:445).

Во рамките на обичаите, кои се однесуваат на не]зиното градеае, во ово] прилог, посебно внимание посветивме на обредниот карактер на иницщалниот дел од градеаето на куката, ко] практично започнува со одбирааето на градежниот матерщал и ма^торите како главни изведувачи.

Ово] сегмент од народната архитектура и верувааата што го следат, досега биле занемарувани од страна на етнолозите или пак нивниот интерес се задржувал на етнографско-дескриптивно ниво. Истовремено, денес, овие верувааа во народната свест се речиси заборавени или маргинализирани, под влщание на промените диктирани од современието.

Примерите за анализа се од периодот на кра]от на 19 и почетокот на 20 век и ги опфакаат селата П|ентки и Твароги во Полска и македонското село Jабланица (Покропек,Стрончек,1992). Тие ке бидат надополнети со примери на лични истражувааа на сегменти од народната архитектура во Македонща. Податоците ]а прикажуваат сликата на колективните сфакааа на населението во посочениот период од живееаето во двете испитувани подрач]а.

Може да се каже дека подигнувааето на куката е многу повеке обреден отколку технолошки процес, а низ многубро]ните обредни практики треба да се обезбеди виталност на куката што ке придонесе за срекно живееае на не]зините станари (ДрагсуловиЬ-СтевановиЬ, 2000:65)

Важноста на живеалиштето во рамките на двете култури се гледа од внимателноста при изборот на матерщали, како и при одбирааето на ма^тори за не]зината изградба. Вклучени се низа практични и обредни де^твща, кои претставуваат услов за понатамошниот успех во градбата и моделирааето на идната кука.

Во оваа смисла ке наведеме два модели на примери во оваа насока, за двата предели: полскиот, со селата П|ентки и Твароги во мазов-]ецко-подлаското подрач]е и македонскиот, со селото Jабланица во дебарскиот кра].

растителниот свет, што значи дека се третира како живо суштество, кое подлежи на законите на живите суштества (Покропек, Стрончек,1992:129).

1. Како основен градежен матерщал за изградба на кука во наведените села во Полска, се ]авува дрвото. Во минатото тоа се купувало на стебло или „на зелено". Се сечеле дрв]а во зима, кога веке секнале старите сокови од дрвото, кога биле мртви дрв]ата (Покропек, Стрончек,1992:42). Особено се внимавало да биде здраво дрвото, да не е болно и да нема габи. Не се земале сраснати дрв]а или дво]ки, наречени близнаци, а се одбегнувале и дрв]а во кои некогаш удрил гром „биде]ки може да се случи да удри гром во куката". Исто така, не смеело да се употребува дрво на кое виселе капелички или крстови, „биде]ки тоа било свето дрво" (Покропек,Стрончек,1992:41). Се одбегнувале и дрв]а кра] кои имало могили или кра] кои се случил смртен настан. Во тоа време се верувало дека таквото дрво може да донесе смрт во куката (Покропек,Стрончек,1992:42).

Во однос на времето, се внимавало дрвото да се сече при полна или при млада месечина. Се верувало дека ако се сече на стара месечина, дрвото ке изгние.

Биде]ки основен матерщал за градба на куката во посочените села било дрвото, на]важни за градежништвото биле мастерите дрводелци. Изборот на ма]стори-дрводелци се состоел во бараае на солиден ма^тор, ко] „добро гради и не пие вотка". Не се обрнувало внимание на силината на ма]сторот, туку на неговата вештина. Ако немало таков во селото, се барал во друго село. „Требало добро да знае како се поставуваат аглите". Се барале информации за тоа какви се мастерите (Покропек,Стрончек,1992:47).

2. Во македонското село Jaблaницa, како градежен матерщал се користел каменот и дрвото. Предмет на анализа во ово] прилог ке биде дрвото како градежен матерщал, ко] се користел во градбата на двете испитувани култури. 2

На]добар период за сеча била зимата, а дрв]ата можеле да се сечат во текот на целата година, освен кон крарт на април и на ма], кога пуштаат сок. Во зима тие се сметале дека се омртвени, без лис]а. Се внимавало да не се сече на месечина на умираае, биде]ки се верувало дека дрвото пресечено во такво време ке биде лошо, слабо, ке донесе несрека. Исто така, се одбегнувале дрв]а што растат на опасни места, на кои се по]авуваат или живеат некакви демонски суштества, а исто така и од сакралните места, на пример гробишта, од места каде што сто]ат крстови, цркви. Се насто]увало да се избегнува и сечеае дрв]а од гранични места (Покропек,Стрончек,1992:106).

2 Според достапните податоци, во одделни планински предели во Македонща, се срекаваат живеалишта целосно изработени од дрво, на дунгерски (дрводелски) начин, со споеви „на жлеб", „на перо" (Светиева,1992:68)

Од мастерите се очекувала добра градба, а односите мегу нив и другие, внимателно биле регyлирaни. Прецизните прописи со кои се регулирани нивните односи во конкретниот период, покажуваат на

начините на кои може да се добие лоша или неуспешна градба.

***

Примерите во двете култури даваат голем бро] релевантни податоци во врска со предметот на интерес, кои во основа се совпагаат како по однос на времето на обредно де^твуваае и обредниот простор, така и по однос на целта на ваквото де_|ство и учесниците вклучени во него.

Поголемиот бро] податоци за времето кога се започнува со сечеше и одбираше на дрв]а, се совпагаат во двете култури, односно се однесуваат на периодот на млада или полна месечина, со веруваше дека „ако се сече на стара месечина, дрвото брзо ке изгние". Симболиката на месецот има амбивалентно значеше, на една страна се однесува на плодност и растете3, а на другата, се врзува со несрека и со смрт.

Податоците покажуваат дека „одбирашето" матерщал за градба се вршел сред бел ден, што го детерминира ]авниот карактер на обредот. Сепак истиот е ограничен на присуство на машки членови на заедницата. Во таа смисла, сведок на случувашата биле прщателите од селото, кои учествуваат во т.н. „tloka" во полските и „уприа" во македонското село, како видови на соседска помош (Покропек, Стрончек, 1992:163).

Обредниот простор во ко] матерщалот се сече е „дивата" природа како корисна за одредени стопански де_|ности на човекот, а одбирашето на дрв]ата се остварува преку нивна селекцща. Од претходно презентираните примери може да се утврди дека и во полските и во македонските примери, се бара дрво кое е здраво, кое не е болно и кое нема габи. Се избегнуваат сраснати дрв]а или дво_|ки, како и дрв]а во кои некогаш удрил гром „биде]ки може да се случи да удри гром во куката". Исто така, е забрането да се употребува дрво на кое виселе капелички или крстови, „биде]ки тоа било свето дрво".4 Како што

3 Според пародпите веруваша, со младата месечипа започнува пов времепски период, период па растеше. Кога месечипата се исполнува, тогаш сé се полпи и сé се движи папред (Вражиновски,2000:275).

4 Мегу пародот, особепо се почитувани дрв]ата што се наогаат во кругот па црквите и па дрв]ата па кои се нацени икопи, посебпо па св. Богородица. Се почитувале и дрв]а со пеобичпи облици, т.п. сеповити дрв]а кои според традицщата пе смееле да се сечат. Тие

може да се види, yбaвото дрво се jaвyвa како симбол на успешна понатамошна градба, а неyбaвото, оштетеното стaнyвa симбол на стравот за безбедноста на идната градба.

Ова ]асно yкaжyвa на постоеае опозицща срекно - несрекно, чисто - нечисто. Се бира чисто, срекно, а се избегнува нивната опозицща: нечисто, несрекно. Отстапувааето од ваквите прописи значи соочуваае со казна: „може да се случи да удри гром во куката", или „таквото дрво може да донесе смрт во куката". Се работи за потенцираае на опасноста - се поставуваат барааа, кои подоцна треба да обезбедат успешност во домувааето.

Времето кога „дрв]ата пуштаат сок" во македонската, исто како и во полската традицща е табуирано време за сеча. Jaсно е дека примерите во двете култури укажуваат дека растеаето и живоста на дрв]ата се поврзува со циркулацщата на билниот сок. Ваквото обредно однесуваае се должи на верувааето дека сокот е „храна за билките, нивна животна течност, нивна есенцща" (Шевалие, Гербран,2005:939). Впрочем, и македонскиот и полските примери го поврзуваат секнувааето на сокот со „мртвоста" на дрв]ата. Времето на обнова на растенщата, кое се поврзува со пролетта и циклусот на годишните времиаа, е во фокусот на иде]ата за ваквото обредно де^твуваае на лугето и селската заедница, воопшто.

Дрвото, од една страна, се поврзува со на_щозитивни особини поради поврзаноста со „живиот Космос ко] е во постсуана регенерацща" (Шевалие, Гербран,2005:260) и во таа смисла станало симбол на тие особини. Од друга страна, неговата нецелосност, оштетеност предизвикува страв за идната градба.

Во групата негативно-лошо-опасно спага ]асно изразената симболичка врска мегу сечеаето на дрв]а и месечината, кое претходно го наведовме. Сечеаето на стара месечина ке доведе до гниеае на дрвото, а со тоа и нестабилност на градбата raja следи.

Учесници во ваквиот обича] (сечата) се машките членови на заедницата (Покропек, Стрончек, 1992:46-49,111-112).

Во рамките на народната култура, машкиот пол се ]авува во улога на „глава" на куката и главен фактор во обезбедуваае на не]зината егзистенцща. Мажот, според народните сфакааа, е поврзан со тешката физичка работа, способноста за прехрануваае на семе]ството, то] е олицетворение на сила, па оттука то] е задолжен за обезбедуваае на матерщал за градбата.

дрв]а поседувале неко)а посебна сила и то) што ке ги пресече веднаш умира, или подолго време боледува, сè до смртта (Вражиновски,2000:155)

Во таа смисла, мажот се ]авува како столб во куката, за што во македонската традицща посто]ат и низа пословици. Така, се вели: „Мажот е темел на куката"5 или „Кука без маж е пуста кука".6

Иако немаме достапни податоци од аспект на пословици во рамките на полската култура, од матерщалот со ко] раполагаме, нотираме доминацща на машкиот обреден карактер на ово] дел од подготвките за градба.

Овде ке го надоврземе и изборот на ма^тори за изградба на куката што, исто така, е битен елемент во обезбедувааето на среката на живееаето на идните станари. Во полските села, како што веке рековме, тоа е ма]сторот-дрводелец (Покропек,Стрончек,1992:46), а во македонските - sидарот (Покропек,Стрончек,1992:111).

Важноста на ма]сторот за изградбата на куката е од пресудно значеае во двете испитувани култури. Оттука, било особено важно да се воспостават добри односи со ма]сторот, како услов за обезбедуваае добра градба, зашто то] е единствениот што може да ]а „загрози" градбата.

Изборот на ма]стори-дрводелци во Полска подразбира бираае на „солиден ма]стор, ко] добро гради и не пие вотка" (Покропек, Стрончек,1992:47). Ако немало таков во селото се барал во друго село.

На дрводелецот во Полска му се припишуваат натчовечки способности. Тоа е човек, ко] сеел страв среде традиционалната селска средина, па се труделе да го одбегнуваат.

Се верувало дека поседува „волшепства", кои морал врз некого да ги фрли, заради што лугето избегнувале да бидат присутни во време на местото на градбата, зашто: „Дедовците кажувале дека ма]сторот имал таква мок што можел да им наштети на другите - знаел магии" (Покропек,Стрончек, 1992:50).

Во македонската заедница, авторите Покропек и Стрончек, не пронашле никакви траги од страв од ма]сторот sидар, туку само од т.н. „вештерки". Ма]сторот sидар се ]авува како сигурен со]узник на домакинот. То] е сигурен човек, ко] безбедно се движи низ лавиринтот на опасности. Авторите ]а поткрепуваат ваквата теза со информациите според кои ма]сторот е то] што ]а благословува идната градба, иако, како што велат тие, е возможно, во минатото, то] да не бил толку позитивна личност, каква што денес се прикажува (Покропек, Стрончек, 1992:167).

5 Сопствени теренски истражуваша во 2010 година.

6 На истото место.

Иако навидум различни, анализата на ваквите веруваша покaжyвa дека тие се всушност многу слични. Локусот на оваа сличност е кyKaтa, нешто кое се доживува како об]ект, ко] треба да обезбеди срека и добро здрав]е за тие што во неа ке живеат. Има]ки ja предвид важноста на куката за човекот, се наметнала и важноста на оние што ке придонесат за не]зината успешна изградба. Куката е симбол врз ко] се надоврзале останатите елементи, кои го придружуваат не]зиното издигнуваше.

Анализата на наведените податоци, ке не воведе во суштината на самиот обред. На]прво, како пожелна особина за ма]сторот, во двете култури, е неговата вештина во граде 1ьето. За да го добие статусот градител на една кука, то] поминува низ проверка: лугето се распрашуваат за неговата умешност. Зашто, „секо] го вали арнио ма]стор, а па лошио го куди" (Цепенков,1980:221)

Градежниот занает се потпирал на традиционални та]фи, кои на]често броеле по десетина ма]стори, под водство на главниот ма]стор.

Вештината на ма]сторот е клучна за да се изгради цврста кука.7 Токму то] е многу важен за остваруваше на замисленото од домакинот. Градителот и неговата умешност се симбиоза на некогашното искуство и денешното.

Неговата улога во градбата е што то] е нишка помегу иде]ата, (замислата) на домакинот и остварувашето на таа иде]а. Неговото почитуваше е важно, зашто то] на неко] начин со помош на молбите и молитвите, кои ги кажува во текот на градбата покажува дека е врска помегу она што е долу на зем]ата и она што е горе на небото.8 „Благословот значи трансфер на силите" (Шевалие,Гербран,2005:102). Лутината на ма]сторот истовремено може да значи зло и одмазда. Во текот на моите истражуваша во 2010 година, покра] многубро]ните благослови кои ма]сторот ги кажува, наидував и на такви кои велеа: „Никад да се не усели у кука", затоа што газдата не ги честел пиво во текот на градбата.9

7 Во врска со вештината на ма]сторот, во македонската народна традицща се срекаваат безбро] пословици. Еве некои од нив: „За аршоа ма^тор, нема криво дрво" или „За добар ма]стор нема крива греда" (Котев,2012:122). „Ама ма]стор jer ма]стор и пол", „Ама работа праи, како со рака не ватена", „Баш ма]стор то] ]ет во целио вилает" (Цепенков,1980:217,218) „Ма]сторцка рака го праила затоа je убао." „Мариветот негов по цел свет je приказан" (Цепенков,1980:220).

8 Пословицата: „Госпо му ja дал таа мajсториja, а не друг"(218) го покажува народното сфакаше дека да се биде „добар" мajстор не е нешто што се добива само со учеше занает, туку тоа е и „од Господ дадено".

9 Сопствени теренски истражуваша, 2010 година.

Не сaмо во полските туку и во мaкедонските предaниja се зaчyвaни елементи зa зasидyвaftе нa сенкaтa нa луге во грaдбaтa што зaвршyвaло со смрт зa личностa.10 Сето овa го стaвa мajсторот во yлогa нa творец -создaвaч и медиjaтор. То] влегyвa во контaкт со т.н. „огасга зонa", коja сé уште ги носи кaрaктеристиките нa „недомa" (Николов,2000:106).

Во прилог нa овa е и толкyвaftето нa сонот во Прилепско, кое вели: ,^ид дa ти пaднит от кyKaтa, чоек ке ти умрит" (Цепенков,1980a:167). Во Оxридско, aко основите га кyKaтa се сaморaзрyшaт ознaчyвa дега „...щял дa умре някой в тaзи къщa, особено...домaкинът" (Шaпкaрев, 1968:598).

Доброто однесyвaftе со мajсторот ке резyлтирa во добрa и срекга rpa^a и обрaтно, нaрyшyвaftето нa односите со него, ке предизвикa rpa^a опaснa зa не]зините стaнaри. Овa го потврдyвaaт претxодните пословици.

Ако се потпреме нa Шевaлие, ко] вели дега „грaдеftето и делга^ето га кшенот се средув^е нa xaосот и xaрмонизaциja нa сyровaтa мaтериja според божествените зaкони" (2005:207), оттyкa вештинaтa нa грaдеftе, служи гако поткрепa зa оствaрyвaftе нa зaмисленото. Мajсторот е то] ко] необрaботеното дрво или кaмен ке го обрaботи и вгрaди кaко состaвен дел од кyKaтa коja требa дa се изгрaди. То] рaководи со издигнyвaftето нa кyKaтa, a неговите посгапки требa дa го зaштитaт и сочyвaaт домот.

Вaквото рaзмислyвaftе нé пренесyвa нa едно симболичко ниво нa глед^е га мajсторот, кое е сосемa рaзлично од грaдителското. 3a успешното интегрир^е нa мaтериjaлите во кyKaтa, веке консга-тирaвме, вaжнa yлогa имa мajсторот. То], иaко во мaкедонскaтa трaдициja не е толку видливо, сепaк бил доживyвaн со двоен aспект: добaр и лош.

Од претxодно презентирaното можеме дa зaклyчиме декa изборот нa мaтериjaл зa грaдбa, во ово] слyчaj дрвото, кaко и изборот нa мajсторите имaaт посебнa yлогa во рaмките нa обредите и обичaите чиja цел е обезбедyвaftе yспешнa и срекга грaдбa. Се преземaaт сложени обредни деjствa зa дa се влезе од природa во кyлтyрa, кaко двa опозициони системи. КyKaтa и контролaтa нa не]зиното ^a^^ требa дa обезбедaт успешен премин од профaниот во светиот простор. Во ово] дел од грaдбaтa е тaбyизирaнa секоja де]ност га женaтa, a мaжот се jaвyвa кaко носител нa мaшкиот принцип.

10 „Ако зaстaнит неко] чоек спроти сонце и relaxa Aa му се сени во темело, raj шо ке HHaax првио гамен, не чинело, оти сенкaтa ке му се зasидax, здрaвjето му се зasидyaло во темелот и од то] сaaт ке венеaл чоекот и ке црнеел, дури дa умрит" (Цепенков, 1980a:9).

Обичаите и обредите во 0B0j дел од градбата покажуваат аналогща во македонската и во полската традицща. Грижата за обезбедуваае добар матерщал за градба, како и изборот на ма^торите, во двете култури се во функцща на обезбедуваае успешна изградба на кука, ща ке биде срекно место на живееае на не]зините станари.

Литература:

Вражиновски, Танас. 2000. Речник на народната митологща на Македонците,

Матица македонска, Прилеп-Скоще. Драго]ловип-Стевановип, Ана. 2000. „Днтрополошка анализа народне архитектуре у источжу Србщи", Гласник Етнографског института САНУ,, ка. XLIX, Београд. Eliade Mirca, 2004. Sveto i profano, priroda religije, Alnari, Tabernakl, Beograd. Котев, Иван. 2012. Мудроста на вековите. Македонски народни пословици и поговорки од Струмица и струмичко. ЛУБ „Благо] Jанков Мучето", Струмица.

Николов, Иван. 2000. „За антропоморфния код на основите на

традиционалната къща", Гласник етнографског института, САНУ, каига XLIX, Београд.

Покропек, Мар]ан, Стрончек, Томаш. 1992. Споредбена монографщ'а на македонското село Jабланица и полските села Щентки и Твароги, Институт за фолкор „Марко Цепенков", Скои|е. Поповска, Драгица. 2012. „Камен темелникот во народната

традици)а:македонско-српски паралели", Битола тема за културно и уметничко творештво на автори од Р. Македонща и Р. Срби'а, Зборник на трудови, Конзулат на Р. Србща во Р. Македонща-Битола, 445-453, Битола.

Светиева, Анета. 1992. Резбарени тавани, долапи, врати, Институт за фолклор

„Марко Цепенков", Скопле. Цепенков, К. Марко. 1980. Пословици, поговорки. Гатанки, клетви и

благослови, книга 8, Македонска книга, Институт за фолклор, Скоп|е. Цепенков, К. Марко. 1980а. Народни верувааа. Детски игри, книга 9,

Македонска книга. Скоп|е. Чаусидис, Никос. 1994. Митските слики на Jужните Словени, Мисла, Скоп|е. Шапкарев, К. 1968. Сборник от български народни умотворения, том I, София. Шевалие, Жан, Гербран, Ален. 2005. Речник на симболите (митови, соништа, обичаи, гестови, облици, ликови, бои, броеви), Табернакул, Скоп|е.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.