претходно соопштение
УДК: 811.163.3'373.22:598.2
ЗА НАЗИВИТЕ НА ПТИЦИТЕ ОД РЕДОТ STRIGIFORMES (БУВ, УТ, УТКА, КУКУМАВКА), НИВНОТО ЗНАЧЕШЕ И НАРОДНАТА СИМБОЛИКА ВО МАКЕДОНША*
Гоце Цветановски
Институт за македонски ]азик „ Крсте Мисирков ", Скоп]е,
Македонц/а
Keywords: Macedonian dialectology, vocabulary, etymology, ethnology, anthropology, birds, names, symbols
Summary: In the Macedonian language territory there are many names for birds of the order of Strigiformes (бу, буф, був, бух, бувал, бухал, бухал, б'ухал, бухел, буарец, буо, б'ухо, б'ухало, булут, бул'утин, б'улач; ут, утка, 'утален; лул'е^а, ynejKa; д'умо; кор'опиле; лошо пиле; ут, 'утален, 'утка, ф'утка, 'утица, 'ута]ка; кукум'авка, кукум^афка, кукуа'авка, кукумгаавка, кукум'фка куком]'афка, кукуве]ка, кукува]ка, кукув'еука, KyKyMajKa, кукум]ачка, KyKyB'aja; к'укале; ypL'ejKa, ypyL'ejKa, улума]ка, yLejKa, улул'е]ка, ул'ул'ека, ул'ека, улуве]ка, yaajKa, yL'ajKa, хулув'а]ка, л'ул^ка; буф; чуетарка, човетарка, чув'ичка; пусТул'ка; куш'е). We try to give an overview of the names of the birds of the order Strigiformes, but will focus on etymology and meaning of the names, beliefs and the symbolism of these birds that exist in the Macedonian folk tradition.
Клучни зборови: македонска дщалектологща, лексика, етимологща, етнологща, антропологща, птици, називи, симболи, був, ут, утка, кукум]авка.
Резиме: Во македонската ]азична територща постсуат повеке имиаа на птици од редот на Strigiformes (бу, буф, був, бух, бувал, бухал, б'ухал, б'ухал, бухел, буарец, буо, б'ухо, б'ухало, булут, бул'утин, б'улач; ут, утка, 'утален; LyL'ejKa, yLejKa; Думо; кор'опиле; лошо пиле; ут, 'утален, 'утка, ф'утка, 'утица, 'yTajKa; кукум'авка, KyKyMj'aFKa, кукуа'авка, кукумгаавка,
*
Ово) реферат е прочитан на научниот собир „Значешето низ времето и просторот" одржан во ИМJ на 22-23 ма] 2013 година.
кукум'фка KyKOMj'aFKa, KyKyBejKa, KyKyBajKa, кукув'еука, KyKyMajKa, KyKyMja~Ka, KyKyB'aja; к'укале; ypL'ejKa, ypyL'ejKa, yLyMajKa, yLejKa, yLyL'ejKa, ул'ул'ека, ул'ека, yLyBejKa, yQajKa, yL'ajKa, xyLyB'ajKa, L'yL'ajKa; буф; чуетарка, човетарка, чув'ичка; пусТул'ка; куш'е). Ke ce обидeмe да дадeмe пpeглeд на називитe на птиците од peдот Strigiformes (6ув, ут, yтка, кyкyмjавка), но Ke ce задpжимe и на eтимологиjата и значeaата на cоодвeтнитe називи, вepyваaатe и обичаитe што постсуат во макeдонcката народна традицща, како и симболиката на овиe птици.
Птицитe ce ceкоjднeвно опкружува^ на лyíeто и со нив лyíeто имаат долга врска. Во шкои случаи, ово] однос e мyтyалиcтичeн (заeмно коpиceн), како што e случает со нeкои видови птици во активноcтитe при риболовот или при доаíаfteто до храна, или комeнcалиcтичeн (eдната страна има пpeдноcт, а втората ниту корист, ниту штeта).
Во ceкоjднeвниот однос со птициге, raj лyíeто ce cоздалe извecни пpeтcтави за нив, па лyíeто почналe да вepyваат во мокта на шкои птици, а оттаму пpоизлeглe и многу народни вepyваftа и обичаи што ce поврзани со птицитe.
Симболиката на птициге во тpадиционалнитe cвeтcки култури e многу разновидна. He e бeзначаeн фактот што птицитe во поимааата на наpоднитe култури можeлe да ce ослободат од поpeдокот на Зeмjата и да ce издигнат до божecтвeнитe cyштecтва и нeбecнитe духови, но и до онда кои живeeлe во областа на подзeмното царство. Поради тоа птициге билe пpeдодpeдeни во улогата на мeдиjатоp. Heкои од нив иcчeзнyваат од човeковата околина во зимскиот шриод, а тоа ce поврзувало со нивниот ^ecroj во друг cвeт. Ce pазликyвалe птици кои му ce наклонeти на човeкот и ониe кои ce помалку наклонeти кон нeго. Во шкои дeлови на cвeтот, на птицш^ ce глeда со сомшж и нeдовepба.
Од наyчeн асшкт, cпоpeд такcономcкитe рангови во биологщата, класата „птици" (лат. Aves) ce двоножни, топлокрвни животни, чи]а главна каракгеристика ce пepдyви на тeлото, пpeдни eкcтpeмитeти модифицирани во кршда и шупливи коски, ce cpeKаваат во различни голeмини: од сигаш^ колибри до огpомнитe eмyа и ноeви.
Птицитe ce хранат со шкир, pаcтeниjа, ceмиftа, инceкти, риби, или со други птици. ПовeKeто птици ce активни во тeкот на дeнот, но посто]ат и птици, како бувот на пpимep, кои ce активни во тeкот на TO^me часови. Многу птици мигрираат на долги расто]ани]а за да
живеат во еднакви услови. Некой, пак, го поминуваат скоро целиот CBoj живот на една територща.
Според класификацщата на рускиот етнолингвист Алексе] Гура (Гура,1997:527), птиците се изделуваат во посебна класа, врз основа на два диференцщални признаци - локус (небо, воздух) и модус на придвижуваае/движеае (лета, лет, летаае). Во однос на другите групи животни, raj птиците се ]авува опозицщата чисти (свети, добри), наспроти нечисти (гаволски, зли). Во народниот фолклор, според нашите сознанща, птиците од редот Strigiformes (како нокни грабливки) на]често го имаат признакот на нечисти, иако постсуат извесни исклучоци, за кои ке посветиме посебен дел во рефератот.
Пред да ги разгледаме именувааата во македонските дщалекти на птиците од редот Strigiformes, сакаме да дадеме еден општ преглед од орнитолошки аспект на овие птици.
Во редот Strigiformes (или нокни грабливки) се вборо]уваат 222 вида птици кои главно живеат осамено и на]често се грабливки. Пленот го ловат претежно навечер, во што им помага нивната на]често сива бо]а и речиси бесшумниот лет. Тие се поделени во две фамилии -вистински бувови (Strigidae) и кукувии (Tytonidae). Главно се хранат со мали цицачи, птици и инсекти, а некои видови се хранат и со риба. Живеат на сите континенти, освен Антарктикот, поголемиот дел од Гренланд и на некои острови.
Во рамките на територщата, што е предмет на нашево истра-жуваае, се срекаваат следниве родови и видови од претходно наве-дените фамилии.
ФАМИЛША: Strigidae
РОД/ВИД:
1. Bubo bubo - БУВ
Бувот е вид птица щашто спага во фамилщата Strigidae и е наколем европски був со крупно, збиено тело, силни канци, портокалови очи и со изразени уши. Се препознава и по испуштааето на длабок звук „хуу-у". Оваа птица не е преселница и е ретка птица, а ги населува старите шуми и карпестите ридско-планински клисури. Активна е, главно ноке, од самрак до зори. Летот е бесшумен, со меки потези кога лета на долги растсуанща. Тие немаат вистински природни непрщатели, па сообрака_|от, далекуводите и ловот се главните причини за смрт.
2. Asio otus - УШЕСТ БУВ
Asio otus (ушест був) е вид на птица Koja припага на редот Strigiformes, во фамилщата на вистински бувови (Strigidae). Има црн клун и очи со портокалово-црвена боба. Овоб вид не гради свое гнездо туку краде гнезда од други птици кои веке се направени. Овоб вид був е активен во текот на нокта. Преку денот седи скриен во зеленило и е многу е плашлив.
Бидебки ушестиот був живее во непосредна близина до лугето често е вознемируван од страна на лугето. Се случува да биде прогонуван па дури и убиван поради предрасудите и суеверщата на лугето кон оваа птица.
3. Asio flammeus - БЛАТЕН БУВ
Asio flammeus (блатен був) е исто така вид на птица ща припага во редот на Strigiformes, во фамилщата на вистински бувови (Strigidae). Овоб вид живее на отворени ридски и мочурливи терени. Се гнезди и денот го поминува на почвата, обично во густа трева или трски. Според надворешниот изглед потсетува на ушестиот був, со таа разлика што пердувестите уши се значително помали. Ридскиот був претежно лови ноке, иако понекогаш знае да лови и деае.
4. Otus scops - КУК
Otus scops е еден од набмалите бувови. Го има на кработ од шумите, каде шумите се спобуваат со ливади и полбани. Се гнезди во мали дупки во дрвбата. Овоб вид був е типична птица-преселница. Се гнезди во бужниот дел на Европа, западна и централна Азща, а во септември започнува долго патуваае до бугот на Африка. Во април повторно се врака на истата територща и во истата дупка во коба се гнезди.
5. Athene noctua - KYKYMJÄBKA
Athene Noctua или кукумбавката е птица-грабливка во фамилщата Strigidae, кобашто денес се вбробува мегу набзагрозените видови. Спага во редот на мал був. Се гнезди во стари напуштени оббекти (цркви, камбанарии, тавани, плевни, во дупки од дрво и во дупки од sидoт). Кукумбавката и кукувщата се препознатливи по продорниот звук што го испуштаат коб не е ни малку прщатен, по што и го добиле името. Често се слушаат во самракот на границата каде што се спобуваат населените места со ливадите или обработливите површини. Сепак, како и со другите видови од редот Strigidade, и овие се многу корисни птици.
Кукумбавката е заштитен знак на Атена/Минерва, во грчката и римската митологща, божица на мудроста. Според некои легенди, таа
се вбро]ува во „предците на светот", додека под влщание на христщанството станала симбол на грдоста и злокобноста.
6. Aegolius funereus - ШУМСКА KYKYMJABKA
Шумската кукум]авка (Aegolius funereus) е птица од редот Strigiformes во фамилщата Strigidae. По големина е една од помалите видови во фамилщата Strigidae. Оваа птица има релативно голема глава, горната страна (грбниот дел) од телото има темно чоколадна бо]а со забележливи дамки и точки. Долните делови на телото (градите и стомакот) се со згасита бела бо]а и се богато прошарени со црвени или со кафени ленти, особено на грлото и градите.
7. Strix aluco, Вид: Strix aluco aluco - ШУМСКА УТКА
Strix aluco (шумска утка) е птица што му припага на редот Strigiformes и фамилщата на вистински бувови (Strigidae). Ово] вид има збиено тело со кафени или сиви пердуви, а пленот го лови претежно навечер. Има големи црни очи и ги нема карактеристичните подигнати пердуви во облик на уши. Шумската утка не е преселница и главно се населува во стари листопадни и мешани шуми и покра] човечките населби и паркови. Има жолт клун, а нозете се добро покриени со пердуви. Таа е позната по испуштааето на карактеристичен звук „хуу-ху-ху", ко] се повторува во интервали од секои три секунди.
8. Strix, Вид: Strix uralensis - УРАЛСКА УТКА
Уралската утка (Strix uralensis) е вид на птица ща припага во редот Strigiformes, во фамилщата на вистински бувови (Strigidae). Како и шумската утка, и уралската утка има кружно „лице" без препознатливите пердувести „уши". Во споредба со другите видови, има значително поголема опашка, па понекогаш се срекава и под името долгоопашеста утка.
ФАМИЛША: 2. Tytonidae
РОД/ВИД: Tyto alba - КУКУВША
Tyto Алба (кукувща) е птица щашто не се преселува, спага во фамилщата Tytonidae. Ово] вид има срцевиден облик на лицето и црни очи, а долниот дел на телото има бела или портокалово-жолта бо]а. Вообичаено се гнезди на плевни, цркви и стари згради. Припага на бувови со средна големина. Се храни со глодачи, поретко со мали птици и инсекти. Лови претежно ноке, има добар нокен вид, но во текот на ловот повеке се потпира на остриот слух.
Се верува дека оваа птица поради карактеристичниот звук што го испушта, прорекува болест или смрт, па поради тоа честопати лугето ги убиваат.
Во Прашалникот за собираае матерщал за МДА во тематската област посветена на птиците има две прашааа кои директно се однесуваат на редот Strigiformes (Глава XVI/49-50). Иако, општо, сепак може да се добие некаков преглед на називите што се бавуваат на македонската базична територща во врска со овоб ред птици, се разбира, без подробно научно навлегуваае во видовите од редот Strigiformes.
На прашааето 49 (Како се вика птицата што гледа само ноке?) од главата XVI (Птици), се добиени следниве одговори: бу, буф, був, бух, бувал, бухал, б'ухал, б'ухал, бухел, буарец, буо, б'ухо, б'ухало, булут, бул'утин, б'улач; ут, утка, 'утален; лул^'ка, уле]ка; д'умо; кор'опиле; лошо пиле.
На прашааето 50 (ут, утка) од главата XVI (Птици) се добиени следниве одговори: ут, 'утален, 'утка, ф'утка, 'утица, 'yrajKa; кукум'авка, кукумб'афка, кукум'авка, кукумаавка, кукум'фка, кукомб'афка, кукуве]ка, кукува]ка, кукув'еука, кукума]ка, кукум]ачка, KyKyB'aja; к'укале; yprïejKa, ypyrïejKa, улума]ка, уле]ка, улул'е]ка, ул'ул'ека, ул'ека, улуве]ка, yQajKa, ул'а]ка хулув'а]ка, л'ул^'ка; буф; чуетарка,човетарка,чув'ичка; пуст'ул'ка; куш'е.
Во врска со етимологщата, можеме да констатираме дека речиси сите називи се изведени ономатопебски, според звукот што го испуштаат овие птици.
Во однос на симболиката и верувааата поврзани со птиците од редот Strigiformes, во различни култури во светот поскуат различни поимааа. Така, во некои делови на Африка бувот се смета дека носи несрека и смрт, а во голем дел од Европа се смета за мудра птица.
Бувот или утот е симбол на тага, темнина, осаменичка и меланхолична повлеченост, бидебки не се изложува на дневна светлина. Во стара Кина TOj бил ужасно животно за кое се верувало дека ба проголтало свобата мабка. Бувот го симболизирал банг, а децата родени на денот на утот, според верувааата во Кина, биле со насилен карактер (па и таткоубщци). Утот бил сметан за сурово и злокобно
животно. Сепак, во некои други култури, како на пример raj Индщанците од Северна Америка, користеаето на пердуви од був (ут) во некои обреди се поврзува со неговата мок да даде помош и заштита ноке. Во однос на кукум]авката, заштитен знак на Атена и Минерва, иако ]а бие лош глас како крадливка (кое е подоцнежно, христщанско влщание), според некои апокрифни галски легенди, таа им припага на предците на светот, полни со мудрост и искуство. Кукум]авката, како нокна птица, е симбол на рационалното спознание, па веро]атно затоа се смета за атрибут на гаталците: таа ]а симболизира нивната дарба за ]асновидност.
Во однос на симболиката и верувааата raj Македонците (па и пошироко во словенскиот свет), со птиците од редот Strigiformes во матерщалите се поврзуваат следниви семантички признаци и фолк-лорни мотиви: смрт, рагаае, осаменост/самотща (овде ке го наведеме фразеолошкиот израз, познат во речиси сите македонски дщалекти: Живее сама како утка), собир на сите птици (суд над птиците, избор на цар на птиците), неисполнето ветуваае или молба, подземна сфера (чувар на гробиштата), возвишена состо]ба (ангел, цар на птиците). Посебно место во толкувааето на птиците од редот Strigiformes треба да му се даде на уште еден птич]и лик - кукавицата. Имено, женската и лубовно-брачната симболика на овие птици ]а доближува до кукавицата. Во преданщата и верувааата, кукавицата исто така е осамена, таа нема партнер и безуспешно го повикува сво_|от маж или брат и не]зиниот крик исто така се восприема како плач. Па и сродните називи во македонските, српските и бугарските дщалекти укажуваат на блискоста мегу овие птици (сп. кукум]авка, кукуве]ка наспроти кукавица).
Верувааето дека гоуавата на бувот, утката, кукум]авката носи несрека е широко распространето на целата македонска ]азична територи]а. Така, на пример, во Дебарско се смета дека ако утот застане на покривот или на оцакот од куката навестува смрт во таа кука. Во Пиринска Македони]а постои веруваае дека ако патникот види був на некое дрво, тогаш сигурно ке доживее неко]а несрека. Со претставата за овие птици како предвесници на смртта, се поврзани и
jyжноcловeнcкитe вepyваftа за нив како пpeдизвикyвачи на нeкои болecти.
He e peтко и вepyваfteто дeка овда птици ce диpeктно поврзани со дeмонcкитe сили, па оттука на овда птици им ce припишуваат дeмонcки сво_|ства. Во народната традицща називот був чecто ce поврзува со œrae страшило со rae ги плашат малитe дeца: Mолчи, идe бувот Ke тe зeмe! Со фpазeолошкиот израз: Ke го видиш бувот! ce искажува диpeктна закана кон нeкого.
Во народник пpeданиjа, потeклото на бувот, утката или кукум-]авката ce об]аснува на разни начини, но за нас e интepeceн eдeн момeнт во приказната „Сшдан Штркот", запишана од Mаpко ^шн-ков, во ща маната ги проколнала своиге дeца поради нeпоcлyшноcт вeлejки им: „Синко Cивe, и ти, Kepra Чyлe! Пилци да ce сгорите и од кyKава наша да лeтнeтe, в полe да поjдeтe, по тр^то да cтоитe и eдeн со друг да ce баpатe, та никогаш да ж можeтe да ce наjдeтe. Така, да ce cпаcимe од вас и од макивe што ни ги пpавитe!". Ово] мотив за нeиcполнeто вeтyваfte, нeиcполнeта молба или шпослушност кон поcтаpитe e познат raj peчиcи cитe cловeнcки народи. Во бугарските пpeданиjа, бувот и кукум]авката (во нeкои варщанти, како што e на пр. во Скопско - бувот/утот и кукавицата) билe брат и ^стра. Болната ма_|ка ги замолила да и дошсат вода, но тиe ж ]а иcполнилe нejзината молба и таа ги проколнала: Да Бог дадe да ce cлyшатe, но да ж ce глeдатe! Како peзyлтат на клeтвата синот станал був/ут, а Kepката кукум]авка. Кукум]авката дefte слуша, но нe глeда и испушта крик: Кукум]ав, чув ама нe видов!, а бувот TOKe глeда, но нe слуша и испушта крик: Чув, чув! Во eдна друга варщанта (како на пpимep, во Скопско, па и во пpимepот од приказната raj ^жнков) маната ги проколнала своите дeца: Да cлyшатe, да кyкатe, но да нe ce видите! Од то] момeнт тж ce пpeтвоpилe во був/ут и кукавица.
Позитивна конотацща добива бувот во приказната за повикyваfteто на птиците пpeд Бога и одговорот на поcтавeното праша^: Зошто на cвeтот има повeKe планини, отколку долини, односно повeKe жeни одошто мажи. Бувот овдe настапува како мудра птица ща на Бог му вeли дeка има повeKe жeни бидejки таа овдe ги вбро]ува и мажитe што
постапуваат по паметот на жените, а Бог како награда му дава на бувот да има по еден врабец за храна сещ ден.
Во народната медицина, птиците од редот Strigiformes, што се однесува до македонската традицща, не наогаат широка примена, иако raj некои словенски народи овие птици или нивните делови се користат како лек за разни болести и заболувааа.
Во врска со некои метеоролошки по]ави, има верувааа дека ако се слушне крик на бувот ке има убаво или неубаво време, родна или неродна година и сл.
Познато е верувааето во поголем дел од македонската ]азична територща дека ако утот се ]ави од источна страна, тогаш ке има убаво време, а ако се слушне неговиот крик од западна страна, тогаш ке има лошо време. Во некои региони, како на пример, Битолско, Скопско итн. се верува дека ако бувот се ]ави од зелена густа шума, тогаш ке биде добра жетвата, а ако се ]ави од нещ оголен предел, тогаш ке има слаба жетва, односно неродна година.
Лингвистичките, етнолошките, фолклористичките и културолош-ките проучувааа на птиците од редот Strigiformes, па и воопшто на сите птици, raj нас за жал се многу оскудни и во мал обем, па се надеваме дека со ово] прилог ке поттикнеме интерес за продлабочено и систематско истражуваае на оваа тематска област.
Литература:
Бабик, Бошко. 1984. Матерщалната култура на македонските Словени. во Уметничкото богатство на Македонией. Скоп|е: Македонска книга. С.120-136.
Велевски, Методща. Андевски, 1ован. Узунова, Данка. 2007. Птиците во
Македонща : мал прирачник. Скопле: Македонско еколошко друштво. Величковски, Боне. 2009. Македонски пословици и поговорки. Скопле:
Институт за фолклор „Марко Цепенков". Видоески, Божидар. 1998. Дщалектите на македонскиот ]азик. том 1. Скопле: МАНУ.
Видоески, Божидар. 1999. Дщалектите на македонскиот ]азик. том 2. Скопле: МАНУ.
Видоески, Божидар. 1999. Дщалектите на македонскиот ]азик, том 3. Скопле: МАНУ.
Видоески Божидар. 2000. Текстови од дщалектиге на македонскиот ]азик. Скопле: ИМ!
Видоески, Божидар. 2000. Прашалник за собираае на македонскиот дщалектен атлас. Скоще: ИМ!
Виноградова, Л. Н. 2000. Народная демонология и мифо-ритуальная традиция славян. Москва.
Вражиновски, Танас. 1998. Народна митологи|а на Македониците, том I, -Етнографски и фолклорни матерщали - том II. Скопле-Прилеп: Институт за старословенска култура - Матица Македонска.
Денисова, И. М. 2003. Зооморфная модель мира и ее отголоски в русской народной культуре. Москва: Этнографическое обозрение, № 6, С. 19-40.
Елщаде, М. 2005. Исторща на верувааата и на религиските идеи - I, II, III. Скоп|е: Табернакул.
ЗамуровиЪ, А. 1998. Митолошки речник. Београд: Heres.
Китевски, М. 1989. Прилози за македонскиот фолклор. Скоп|е: Култура.
КнежевиЪ, С. 1971. Птиците во фолклорот и во симболиката ка] балканските народи. Скопле: Македонски фолклор, IV / 7-8. С. 115-130.
Михайлова, Г. 1996: Паунът и неговото перо, Българска етнология ХХП/1, София: БАН. С. 3-38.
Мицевски, Бр. 2005. Нови видови птици за орнитофауната на Република Македонща, Скопле: Годишен зборник на Институтот за биологи|а при ПМФ. С. [55]-73.
Пропп, В. Я. 2000. Русская сказка, (Собрание трудов В.Я. Проппа). Москва: Лабиринт.
Пропп, В. Я. 1946. Исторические корни волшебной сказки, Ленинград.
Ристовска-Пиличкова, I 2006. Симболиката и разво]ните форми на мотивот на двоглавиот орел - со посебен осврт на неговата застапеност на печатот на Скендербег, во: "Герг Кастриоти Скендербег 1405-1468". Скоп|е: ИНИ. С. 193-201.
Светиева, А. 2001. Верувааата во птици во фолклорот на календарските празници од зимскиот циклус. Скоп|е Македонски фолклор, 56/57 С. 13-20.
Тресидер, Ц. 2001. Речник на симболи. Скоп|е: ТРИ.
Цветановски, Г. 2004. Каршщачкиот говор - Скопско (со посебен осврт на синтаксата). Скоп|е: ИМ1.
Цветановски, Г. 2010. Говорот на Македонците во Мала Преспа. Скоп|е: ИМ1.
Цветановски, Г. 2001. Глаголите со значеае менуваае на влакно ка] добитокот во дщалектите на македонскиот ]азик. во: Македонска лексикологи|а и лексикографща. Скоп|е: ИМ1.
Цепенков, М. К. 1980. Македонско народно творештво. кн.10. Скоп|е: Македонска Книга - ИФ.