Научная статья на тему 'Рецепциjа и адаптациjа на расказот „Вампир" на Петре М. Андреевски во словениjа'

Рецепциjа и адаптациjа на расказот „Вампир" на Петре М. Андреевски во словениjа Текст научной статьи по специальности «Языкознание и литературоведение»

CC BY
87
15
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
PETRE M. ANDREEVSKI / MACEDONIAN LITERATURE / TRANSLATION / INTERCULTURAL MEDIATION / LITERARY ADAPTATION

Аннотация научной статьи по языкознанию и литературоведению, автор научной работы — Subiotto Namita

After the Slovenian translation of the short story "The Vampire" written by Macedonian writer Petre M. Andreevski was published and recorded for the radio, it was also adapted (transformed) into another genre and performed by a group of Slovene artists. The first part of the paper contains information about the published and recorded translations of the poetry and prose of Petre M. Andreevski into Slovenian, whereas the second is focused on the adaptation of the story "The Vampire" by Ana Dusha. Her version puts Andreevski's text in a new, fresh and exciting context

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «Рецепциjа и адаптациjа на расказот „Вампир" на Петре М. Андреевски во словениjа»

оригинален научен труд УДК: 821.163.3-32:811.163.6[255.2

РЕЦЕПЦША И ДДАПТАЦИJА НА РАСКАЗОТ „ВАМПИР" НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ ВО СЛОВЕНША

Namita Subiotto

Filozofska fakulteta Univerze v Ljubljani, Slovenija

Keywords: Macedonian literature, Petre M. Andreevski, translation, intercultural mediation, literary adaptation

Summary: After the Slovenian translation of the short story "The Vampire" written by Macedonian writer Petre M. Andreevski was published and recorded for the radio, it was also adapted (transformed) into another genre and performed by a group of Slovene artists. The first part of the paper contains information about the published and recorded translations of the poetry and prose of Petre M. Andreevski into Slovenian, whereas the second is focused on the adaptation of the story "The Vampire" by Ana Dusha. Her version puts Andreevski's text in a new, fresh and exciting context.

Резиме: Откако словенечкиот превод на расказот „Вампир" од македонскиот писател Петре М. Андреевски беше об]авен во книга и снимен за радио, то] беше исто така адаптиран и транформиран во друг жанр и изведен од група словенечки уметници. Првиот дел од прилогот содржи информации за об]авените и снимените словенечки преводи на поезщата и прозата на Петре М. Андреевски, додека вториот дел е фокусиран на адаптацщата на расказот „Вампир", направена од Ана Душа. Н^зината верзща му дава на текстот на Андреевски еден нов, свеж и возбудлив контекст.

Клучни зборови: македонска литература, Петре М. Андреевски, превод, интеркултурни врски, книжевна адаптацща

Словенечкиот превод на расказот „Вампир" на Петре М. Андреевски наиде на добра рецепцща и предизвика креативна адап-тацща на ово] текст, како и трансформацща во друг жанр, направена од група на млади словенечки уметници. На ово] феномен подетално ке му се посветиме во вториот дел од прилогов, а во првиот дел презентираме податоци за словенечките преводи на делата на Андреевски.

Еден од на_|интересните и на_щлодни творечки опуси во македон-ската книжевност, опусот на Петре М. Андреевски, создаван главно во

последните четири децении од XX век, на словенечката jaBHOcr и се открива дури по авторовата смрт во 2006 година, и noKpaj тоа што македонската книжевност во шеесеттите, седумдесеттите и во првата половина на осумдесеттите години од XX век, релативно добро и организирано е презентирана во словенечкиот простор. Петре М. Андреевски не е застапен, на пример, во двете на]важни поетски антологии на македонската поезща во Словенща - во антологщата на Александар Спасов Sodobna makedonska poezija од 1963 година (во ща се застапени Славко Jaневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Гого Ивановски, Србо Ивановски, Гане Тодоровски, Мате]а Матевски, Цане Андреевски, Анте Поповски, Влада Урошевик и Радован Павловски), ниту во изборот на Георги Сталев Pesmi од 1976 година (со песни на Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски и Jовaн Котески). Една песна на Петре М. Андреевски се по]авува само1 во списанието Sodobnost, год. 16, бр. 12, во 1968 година, на 1267-та страница. Тоа е песната „Додолки" (Dodoli) во превод на Иван Минати, и во рамки на изборот на Александар Спасов, насловен како „Pesniki mlade makedonske generacije"2. Покра] Андреевски, во ово] избор (со по една песна), се застапени и Jовaн Котески, Петар Бошковски, Радован Павловски, Атанас Вангелов и Богомил Гузел. Неколку песни од циклусот „Смртта на бабарот" беа интерпретирани на словенечкото национално радио (Radio Slovenija) во 1985 година3. Во 2001 година е об]авен посебен бро] на списанието Sodobnost, во raj е поместен и расказот „Вампир" на Петре М. Андреевски, и тоа во превод на англиски, направен од Душанка Забуковец.4 Ово] расказ, неколку години подоцна, ке исткае возбудлива интермедщална рецепциска приказна што ке ]а откриеме малку подоцна и на щашто ке и посветиме посебно внимание.

Речиси пола век по об]авувааето на единствената песна на П.М. Андреевски на словенечки, списанието Rp./Lirikon21: revija za poezijo XXI. st., год. 3, бр.2/3 (2007), на стр. 83-94 об]авува шест песни од збирката Деници]а (во мо] препев). Тоа се песните: „Песна за мо]ата песна", „Летуваае", „Песна за не]зината песна", „Прво писмо", „Петто писмо", „На гробот на Деницща" (Pesem o moji pesmi, Letovanje, Pesem o njeni pesmi, Prvo pismo, Peto pismo, Na Danicijinem grobu), а об]авени

1 Проверував само во базата Cobiss.

2 Достапно и на: http://www.dlib.si/?URN=URN:NBN:SI:DOC-4RWB3IMC.

3 За жал не успеавме да добиеме податоци за преведувачот, редакторот и воопшто, за контекстот на емисщата.

4 Достапно на: http://www.dlib.si/?URN=URN:NBN:SI:DOC-8S04M0CS.

се во рубрика за преводи од современа литература и беа претставени на поетски фестивал „Лириконфест", во Велеае, во 2007 година. Три песни на Андреевски се вклучени во изборот на современата македонска книженост („Poskus antologije makedonske knjizevnosti") направен од Соаа Должан, об]авен во посебен бро] на списанието OtocjeO, год. 3, бр. 6, 2011, на стр. 215-218: „Тркалезни форми" и „Лакримарщ" (Okrogle oblike, Lakrimarij) во препев на Соаа Должан, и „Кога ]а шубев Деницща" (Ko sem ljubil Denicijo) во препев на Ааа Брачич. Поезщата на Андреевси, значи, уште чека да биде соодветно претставена во Словенща во форма на самосто^а збирка, до дека дел од плодниот прозен опус на ово] автор веке е солидно презентиран.

Кога во 2004 година ]а истражував присутноста на македонската кратка проза во Словенща, до]дов до фрапантен заклучок дека освен во некои литературни списанща5, од 1947 година6, во Словенща, не е об]авена ниту една антологща на македонскиот расказ и само две збирки раскази (Зоки Поки на Оливера Николова и Пасквелц/а на Живко Чинго). Релативно брзо ситуацщата ке се поправи: во 2007 година, на Филозофски факултет во Лубшана се печати избор на македонскиот фантастичен расказ V mesecini svet: makedonska fantasticna kratka proza, а во 2008 година, „Studentska zalozba Ljubljana", елитната белестристичка едицща Белетрина, об]авува (мо]) избор на македонскиот расказ Kar vidijo macke: makedonska kratka proza1. Во двете книги се поместени и раскази на П.М. Андреевски, во првата „Незнаен страв" (Neznani strah), во превод на Горан Ма]сторовик и Андре] Келенц, а во втората, расказите „Аванос", „Вампир", „Коаокрадец" (дел од расказот „Коаи") и „Мрави" (Avanos, Vampir, Konjski tat, Mravlje), во мо] превод. Изборот Kar vidijo macke

5 Во списанието Sodobnost (67/5-6 2003), во избор на Лиди|а Димковска и во превод на Алеш Мустар, се претставени следните автори со по еден расказ: Драги Миха]ловски, Димитрие Дурацовски, Александар Прокопиев, Jадранка Владова, Томислав Османли, Тра]че Кацаров, Ермис Лафазановски, Блаже Миневски, Венко Андоновски, Оливера Корвезироска, Игор Исаковски, Гоце Смилевски и Жарко Ку)унциски.

6 Во октомври 1947 година, во Словенца, се об]авува првиот избор на македонскиот уметнички расказ во превод на словенечки и со предговор на Франц Jеза. Во изборот со наслов Makedonske povesti се об]авени раскази на Владо Малески („V porocni noci"), на Иван Точко („Bojana", „Odpusti mi, moj Bog .„!"), на Коле Чашуле („Zgodba strica Nikole", „Zgodilo se je neke viharne noci") и на Jован Бошковски („Blokada") (Субиото,2008).

7 Во изборот ко] претставува дел од продукцщата на македонскиот расказ, од 1985 до 2005 година, се вклучени 11 автори (Славко Jаневски, Влада Урошевик, Петре М. Андреевски, Димитрие Дурацовски, Jадранка Владова, Александар Прокопиев, Драги Миха)ловски, Ермис Лафазановски, Оливера Корвезироска, Венко Андоновски и Игор Исаковски) со по 2-4 расказа.

наиде на добар одsив, па добив понуда да подготвам книга од македонски автор за издавачот „LUD Literatura" за едицщата „Stopinje", спецщализирана за об]авуваае светски раскажувачки класици. Во 2011 година, во оваа едицща ке се отпечати избор од расказите на П.М. Андреевски со наслов Сите лица на смртта (Vsi obrazi smrti), во ко] се вклучени следниве раскази: „Проклета кука", „Самовила" (од расказот „Коаи"), „Духот од Доброени", „Чевли", „Помегу Софроние и бож]иот суд", „Ко] е мртвиот, господе", „Природна по]ава", „Крт", „Каде се врапците", „Играта на старците", „Закопот на селскиот виолинист Горгща Димоски", „Лубеница", „Водици", „Мост", „Татко", „Гасеничаво лето", „Прогонствата на бога и Jуда", „Конечната цел на Поетот Манивилов" (Prekleta hisa, Vila, Duh iz Dobroenov, Cevlji, med Sofronijem in bozjo sodbo, Kdo je mrtev, Naravni pojav, Krt, Kje so vrabci, Ples starcev, Pokop vaskega violinista Gjorgija Dimoskega, Ljubenica, Jezusov krst, Most, Oce, Gosenicavo poletje, Pregnanstva boga in Judeza, Koncni cilj pesnika Manivilova). Новелата „Чевли" беше интерпретирана и во емисщата на радио „Literarni portret" на „Radio Slovenija, 3. program, ARS", на 10. 11. 2011 година8. Во истата (2011) година е об]авен и словенечки превод на романот Последните селани (Poslednji vascani, за издавачот „Drustvo slovenskih pisateljev") во едицщата „100 словенски романи". Не е едноставно да се истражи каква е вистинската рецепцща на овие две книги на П.М. Андреевски ка] словенечките читатели, сепак можеме да кажеме дека книгите досега наидоа на некаков одглас во словенечките медиуми.

На 13. 7. 2012, неделникот ЫШта (бр. 28) об]авува рецензща на романот Последните селани од литературниот критичар Мате] Богата]. Кратката рецензща е насловена „Bogu za hrbtom, zahrbtna vas", книгата е оценета со четири (од пет) sвездички, во првиот дел е прикажана содржината на романот, а на кра]от Богата] пишува: „Андреевски ]а води сво]ата приказна за изумираае на селцето суверено, со убедливи и сликовити портрети, со жива митологща и заедничка енциклопедща, ко]а вклучува цела палета на традиционалните знаеаа, и, секако, во очекуван и соодветно меланхоличен поттон, што го обележуваат повторувааа со кои се илустрира неменливоста на ово] архаичен и безвременски свет. Романот е прозно редеае/тажеае за изгубените села и испустениците кои живеат во нив."9 Романот Последните селани се на]де и на списокот на предлози за читаае на плажа во 2012

8Снимката достапна на: http://ava.rtvslo.si/predvajaj/petre-m-andreevski/ava2.120645237.

9

Достапно на: http://www.mladina.si/113995/petre-m-andreevski-poslednji-vascani/.

година: JacHa Млакар од мариборската библиотека предлогот го аргументира со кратка рецензща во ко]а кусо известува за содржината на романот и завршува: „Со ма]сторски изработен течен стил, богат ]азик и чести иронични поттонови, авторот успеа на читателот да му го доближи демографското пропагаае на руралниот свет на Македонща, а истовремено да му понуди и возбудлива приказна."10 На националното радио (Radio Slovenija, ARS), на 11 април 2013 година, во емисщата на радиото „S knjiznega trga", во ко]ашто се претставуваат нови книги, се емитираше рецензща на Маре Цестник. Пишува]ки за книгата Vsi obrazi smrti, то] ке истакне: „Збирката раскази на современиот македонски класик Петре М. Андреевски, тематски и содржински го донесува точно тоа што го на]авува насловот: фасцинацща со смртта. Писателот ко] може и сака да излее толкав концентрат на книжевна обработка на оваа клучна та]на на животот, бездруго не ]а сфака смртта само како некакво природно резиме на животот туку се обидува да одбере што повеке агли на гледаае, што повеке можности и варщанти. Но, колку што авторот во своето атмосферско цртаае е натуралистичен, често дури груб, пред се во смисла на органските промени на болеста, пропагаае, валканост и насилство над телото, то] своите раскази ги преплетува со доминантна нота на надреалното, фантастичното, спиритуалното, па и трансценденталното. (...) На читателот му е препуштено дали ке може да се воодушеви од вакви сижеа, од степенувааето на ужасот, насилството, шаманството и верувааето во мрачниот надреален свет, но секако ке мора да признае дека расказите на Андреевски се мастерски концептуализирани и изработени, дека станува збор за одличен стил и богата лексика. На]назад, то] се угледувал на народните раскажувачи, што има посебна тежина, биде]ки на Македонците дури и во секо]дневните теми и во денешново време треба да им ]а признаеме исклучителната реторичка дарба."11

Македонската литература во Словенща, во последните десетина години, не е слабо застапена, од 2005 година се печати на]малку една преведена книга годишно, пред се романи, а дела на македонските автори се застапени и во книжевни списанща, македонски автори се редовни гости на словенечките литературни фестивали. Сепак, тешко е да се оцени колку оваа преводна продукцща е конзумирана од сло-венечката публика и дали се про]авуваат некои позитивни, креативни

10 http://www.mb. sik.si/datoteke/struktura/Pocitni sko_branj e_2012.pdf

11 Снимката достапна на: http://ars.rtvslo.si/sveta-poroka-vsi-obrazi-smrti-clovek-v-holocenu-in-kalej doskop-gori ske-preteklosti/

влщанща. При вакво истражуваае наидов на еден многу интересен пример. Кога работев на изборот Kar vidijo macke: makedonska kratka proza, паралелно подготвив и неколку прилози за две емисии на радио за културната редакцща на „Radio Student". На редакцщата од емисщата „Za dva grosa fantazije" им го испратив и словенечкиот превод на расказот „Вампир" на П.М. Андреевски, и тие го прифатща, иако концептот на емисщата беше да се снимаат само нови, уште необ]авени преводи на народни приказни од целиот свет. Снимените приказни се емитираа на „Radio Student" сеща вечер, се печатеа и рекламни разгледници со цитати од приказните12, подоцна одбраните приказни беа об]авени во ЦД формат, некои беа интерпретирани и во живо, на исклучително креативни, интересни, забавни и одлично прифатени раскажувачки манифестации „Pravljicna ReSetanja"13. Преводот на „Вампир" беше за првпат емитиран на 1 април 2004 година на фреквенции од „Radio Student", а потоа беше вклучен и во споменатите раскажувачки манифестации. Го интерпретираше Ана Душа, пе]ачка и интерпретаторка на словенечките и други народни приказни, иницщаторка на раскажувачки манифестаци и водите лка на неколку семинари за раскажуваае. Неколку години подоцна Душа креативно го преработи ово] расказ, му го смени насловот во „На_|деница" и го вклучи во мошне интересен и успешен уметнички проект, наречен „Три здрави Марии и еден оче наш" (Tri zdrave Marije in en oce nas).

Станува збор за 60-минутен концерт-расказ14 - еден вид жанровски амалгам на раскажуваае (орална интерпретацща на народни и авторски песни и приказни) и музички концерт, така што на нещ начин функционира и како театарска претстава. Режщата на Маре Булц15 е минималистична: изведувачите со пееае, раскажуваае и

12 На пример последните две реченици од расказот „Вампир".

13 Одбраните приказни беа интерпретирани (не читани!) во живо од спикери на радио и на]често со музичка придружба. Изведувачите се натпреваруваа ко] ке биде поинтересен и подуховит, а публиката тоа го прифати со отворени раце. Освен „Вампир", од македонските текстови, на овие манифестации се интерпретираше и приказната „Царо што имал на глаата рог", запишана од Марко Цепенков, и тоа во блуз-варщанта (со усна хармоника).

14 На ЦД-то и во медиумите, ово] настан е жанровски определен како koncertna pripoved, значи се дава посебен акцент на нарацщата, биде]ки ознаката концерт асоцира само на музичкиот дел.

15 Маре Булц, мегудругото, беше и преведувач и корежисер на пиесата Буре барут на Де]ан Дуковски, во 1998 година, со неговиот „Dejmo stisnt teater", како и режисер на многу успешна театарска претстава Cefurji raus!, направена според истоимениот роман на Горан Воловик, ко] беше продаден во исклучително голем тираж.

свиреае на различни инструменти, а на]често на клавщатури и гитара, создаваат волшебна кулиса за проекцща на колаж од избраните авторски и народни раскази и песни, направен од Ана Душа. Концер-тот се состои од три словенечки народни песни (запишани од етно-логот Карел Штрекел): „Nuna", „Stoji, stoji mi polje", „Grajska gospa zakolje majerici sinka", и три адаптации: на словенчката народна песна „Lencica, Gregcova sestrica", на шкотската народна приказна „Red and white rose" (запишана од Том Муир) со нов наслов „Рози" (Vrtnice), и на македонскиот расказ „Вампир" од Петре М. Андреевски со нов наслов - „На]деница". Концертот го изведуваат признаени словенечки уметници: Ана Душа - раскажувачка и пе]ачка, и троща музичари од една од на^успешните словенечки етно-групи „Katalena": Полона Jанежич - клавщатури и вокал, Бошт]ан Нарат - гитара и вокал, и Весна Зорник - вокал. Авторка на музиката е Полона Jанежич, драматург е Шпела Фрлиц, сценограф е Дамир Левентик. Целиот концерт е снимен во живо, и тоа делумно во лубланскиот алтер-нативен клуб „Menza pri koritu" и во трпезарщата на женскиот оддел од затворот во Иг - „Zavod za prestajanje kazni zapora Ig", и об]авен во форма на ЦД, во 2012 година. Концертот беше изведуван во 2011 и 2012 година на различни локации и многу добро посетуван. Во една од кратките на]ави за настанот можеме да прочитаме: „Во актуализираната варщанта на три словенечки епски песни и една данска16 и една македонска приказна, летаат главите од вратовите и жените од sидовите, во нив се мешаат крвта и бакнежите, лубовта и смртта."17 Ово] сликовит опис ме поттикна да размислувам зошто токму овие одбрани текстови, што всушност ги поврзува и, пред се, од каде мегу нив расказот на Петре М. Андреевски? Оттука се решив овие, па и некои други прашааа да и ги поставам на Ана Душа, главната нараторка и авторка на изборот на текстовите и на нивната адаптацща.

На_|првин ]а замолив Ана Душа да ми каже каде се сретнала со расказот „Вампир" на П. М. Андреевски, на што таа одговори: „Ово] расказ беше избран од страна на екипата ща ]а работеше емисщата „Za dva grosa fantazije", за културната редакцща на »Radio Student Ljubljana". За оваа емисща избиравме народни приказни, кои потоа ги

16 Расказот „Рози" во медиумите е различно определен: како шкотска, како данска или како ферска народна приказна, додека на ЦД-то е определен како шкотска народна приказна.

17 http://www.pripovedovalskivariete.si/index.php?view=article&id=198%3Atri-zdrave-marije-in-en-oe-na-menzi-pri-koritu-18122012-1900&option=com_content.

снимавме за радио и ги интерпретиравме на манифестации „Prav]jicna Ке§е1ап]а". Иако расказот „Вампир" не е народен, сепак го избравме, зато што звучи како да е народен и затоа што ни се чинеше дека на]веро]атно се потпира на некакви народни верувааа, а и стилски на]веро]атно имитира некои модели на народното раскажуваае, на пример репетицщата. Мене лично ми се чинеше дека ово] расказ е соодветен за раскажуваае, затоа што „дише", така што раскажувачот има доволно слобода да го преработи по свое. Впрочем, во целото наше десетгодишно делуваае имаме одбрано само четири-пет авторски раскази18."

Не ме изненадува што редакцщата го препознала расказот „Вампир" на П.М. Андреевски како народен. Ово] расказ мотивно се потпира на македонското народно творештво, пред се на преданщата за вампирите, какви што можеме да ги читаме и во монографщата на Танас Вражиновски и Лепосава Спировска Вампирите во македонските верувата и преданна (1988). Станува збор за мотив на вракаае на мртвиот маж ка] сво]ата жена. Вражиновски и Спировска изработуваат и типологща на ликот на вампирот во македонските народни преданща, каде што ово] тип на вампирот го нарекуваат вампир - сопруг, осносно сексуален партнер, за ко] е карактеристично: „Суштината на ово] тип на вампир е одржуваае на сексуални контакти со сво]ата жена, односно продолжуваае на 'лубовта' на маж и жена со цел да се добие потомство, коешто не е добиено за време на животот на мажот. Тука веке лубовта не е заемна. Жената го прифака сво]от бивш сопруг не поради лубов, туку поради страв. Таа секогаш е спремна да се ослободи од него и при првата можност го прави тоа. Од таквата врска се добива дете, кое всушност станува вампирцща. Основната особина на вампирот-сопруг или сексуален партнер е во тоа што кога лежи до сво]ата жена неговото тело е ладно. Ладното тело е всушност знак за распознавав на вампирот." (Вражиновски, Спировска,1988:20). Андреевски од народните преданща за вампирите презема пред се мотиви за креативно да ги разработи и трансформира од усната во писмена форма, при што презема и некои стилски особини од други жанрови од народното творештво, каква што е репетицщата, карактеристична на пример за волшебните приказни и епските песни. Ако го споредиме ликот на вампирот-сопруг од народните преданща со ликот на На]ден Сто]ко]чин, вампирот од расказот на Андреевски, можеме да забележиме големи разлики, од кои можеби на]очигледни се дека демонското, лошото, нечистото не го

18 Мегу нив и „Килибарско око" на Ермис Лафазановски во мо] превод.

204

кaрaктeризирa нечистиот мртовец Ш^ен, туку колективот га сeлaнитe, и дeкa Ш^енига не го прифякя сво]от мртов мaж порaди стряв, туку порaди .шубов. Се чини дeкa токму .шубовтя нa Hajдeницa кон не]зиниот мртов мяж е цeнтрaлeн мотив во ряскязот га Андреевски, кяко и во aдaптaциjaтa га Аня Душя, кaдe што е уште посилно нaглaсeн.

Ha пряш^ето зошто се рeшилa дя го вклучи ряскязот „Вямпир" во проектот „Три здряви Мярии и еден оче няш", Аня Душя одговяря: „Рязмислувя,^ зя концептот га ово] проект, га_|првин ряботев чисто интиутивно - одбряв две прикязни што во оня време мене лично (кяко га рaскaжyвaчкa) ми бея ня]блиски (покря] „Ня]дениця", тоя беше и шкотскятя гародга прикязга „Рози"). Подоцня им додявяв и други прикязни, зя кои сметяв декя содржински се нядоврзувяят га првите две. Ряботе_|ки га то] нячин, сфятив декя црвеня нишкя ня сите одбряни прикязни е женятя raja со сво]от став, кяков и дя е, зястянувя сямя против сите. Понятяму го обряботувяз ово] мотив во рязличните прикязни га рязлични нячини. Тоя беше и причигага зя дя го сменям нясловот га оригигалниот ряскяз „Вямпир" во „Ня]дениця", биде]ки сметяв декя во него се ряботи зя интимня прикязня га овяя женя, зя прикязга га женятя raja га едня стряня се бори со себеси, a га друга стряня со светот, ко] поряди тоя што тяя не им се подредувя га прaвилaтa (не го пуштя мртвиот сопруг), ja исклучувя од сво]ятя зяедниця и ra ^aj ja убивя. Се обидов дя ja рaзвиjaм истятя темя низ двете прикязни („Рози" и „Hajдeницa"), бидejки зя мене и двете говорят зя „истятя" женя, коja ке се нajдe во две рязлични ситуяции. Зятоя и се обидов спорeдyвajки ги двете прикязни дя создядям опозицщя во односот га двете протягонистки кон сопругот и во односот га селяните кон нив."

Текстовите, вклучени во концертот, гавистига многу добро содржински се нaдоврзyвaaт и творят целиня, се поврзувяят во не^кья, кяко што вели Душя, интимня прикязга зя жегага, односно откривяят широк спектр га лубовтя га женятя. Во првиот ряскяз, aдaптaциja га шкотскятя гародга прикязня „Рози", протягонисткятя е млядя женя коja се мяжи зя селскиот духовник. Taa се соочувя со силен стряв од рafafte, зятоя што виделя многу жени кои умреле при породувя^е, бидejки га нивниот остров немяло лекяр. Ha сон и се предочувя решение кяко дя се зяштити од породувяаето - дя оди во воденицятя и дя го зяврти воденичкиот кямен во спротивня (демонскя, faволскa!) гасокя. Рeaлизирajки го тоя, тяя доafa до многу мячен конфликт со сопругот, кяко и со двajцaтa неродени синови кои ги сретнувя га сон и кои и физички ja мялтретиряят лyтejки и се што не

ги родила, биде]ки им бил пишан добар живот. Единствената yтехa во сето тоа е не]зината неродена керка - единствено таа (исто така поjaвyвajки се пред неа на сон) и изрaзyвa благодарност што решила да не ja роди, биде]ки ке се родела саката и со многу низок раст. Мажот не може на жена си да и ja прости не]зината грешна постапка и ja проколнува, а откако таа ке yмре, им зaбрaнyвa дури на селаните да ja погребат на селските гробишта, но тие не го слушаат, бидеjки не ja сметаат за грешна. Се чини дека и простува и бог, бидеjки и покрaj клетвата на неjзиниот маж, од неjзините чевли никнуваат бели и црвени рози. Приказната ja интерпретира Ана Душа, а Боштjaн Нарат ja придружува на гитара. Концертот продолжува со потресна слове-нечка народна балада „Нуна", изведена во прекрасен дует на Ана Душа и Весна Зорник, придружуван со клавщатури и комбиниран со рецитираае на Душа. Овде протагонистката е убавата седумнаесет-годишна Уршула коja живее во манастир. Еден ден еден младич ja поканува на прошетка, а бидеjки нуните не и дозволуваат да оди, туку ja советуваат да се откаже од сè световно, таа, разочарана од богата милост, во силен бес се качува во своjaтa соба, ги уништува симболите на верата (крстчето и книгата), зема меч и си го засадува во срцето. Следува приказната „Нajденицa", raja е поставена во средината на концертот и има нajдолгa минутажа (приближно 16 минути). На ова место ке кажеме нешто повеке за оваа aдaптaциja, а подоцна ке се вратиме на останатите три песни од концертот.

Приказната „Нajденицa" почнува со првата строфа од традицио-налната песна „Зajди, зajди", во вокална изведба на Весна Зорник и придружена со клавщатури и гитара. Првите два стиха од оваа песна се поjaвyвaaт уште еднаш во првиот дел (симулацща на погребната поворка за починатиот Нajден) и на самиот ^aj. Останатиот простор е наменет за усна интерпретацща на адаптираната верзща на расказот. Мотивот на вракаае на мртвиот маж кaj живата жена, карактеристичен за македонските народни митски преданща за вампири, raj Андреевски преминува од усната во писмена форма, од народното предание во расказ, a raj Душа се случува обратен пат - од писменото пак кон усното. Тоа подразбира и некои структурни промени во текстот. Душа, за разлика од Андреевски raj не воведува во приказната in medias res, се решава за типизиран вовед и веднаш навестува дека тоа ке биде приказна за една мистериозна жена, за Нajденицa: „Во Македонща има село. На крajот од селото има кука. Таа кука ja купил Нajден, кога се вратил од градот каде што татко му го пратил да учи. Со себе донел една жена. рекол дека таа му е сопруга, дека се вика Нajденицa. Селаните не ja познаваа, но TOj ja донел со себе и тие ja прифатиле.

Биде]ки Toj беше нивен и Hej3e ja земаа како нивна. Живее]а многу осамено, се држеа за себе, таму на KpajoT од селото. И noKpaj тоа, на Toj убав летен ден, кога Надан почина, целото село дода на погребот. И прва во поворката беше Наданица."19 Иако нараторот останува авкторщален, Душа се приближува и кон перспективата на На]деница, а се оддалечува од перспективата на селскиот колектив и не ]а опишува нивната злоба педантно и суптилно како Андреевски. Не]зината иде]а, се чини, е да ]а нагласи лубовта на сопружниците. Оттука, задржува^и ]а репетицщата како стилско обележ|е на народните приказни и на Андреевски, таа нема да ги повторува истите пасуси од оригиналот, туку ке одбере сво] пасус што ке го искористи како рефрен и со минимални интервенции ке го каже дури четирипати, со што автоматски го истакнува дщалогот мегу На]деница и не]зиниот мртов маж, а го акцентира и зборот постела, како симбол на нивна интима: „Таа нок, кога Наданица легна во постелата, Надан беше повторно таму. Не можеше да го види, но чувствуваше како постелата пропага под неговата тежина. Го чувствуваше неговиот здив на вратот. Таа рече: „Што бараш тука Надан?" То] и одговори: „Каде да одам? Ова е мо]ата постела. Во животот не сум спиел на друга постела." И таа го пушти да лежи покра] неа цела нок." Расказот на Андреевски завршува со толку мокна слика на Наданица застрелана во срцето, што и Душа се решава да ]а пренесе речиси без интервенции и со тоа го оправдува акцентируете на лубовниот мотив.

Концертот продолжува со кратка меланхолична словенечка народна лубовна песна „Stoji, stoji mi polje", изведена во дует со традиционална мелодща (Зорник и Нарат), без музичка придружба. Интересно, што и во ово] текст (како во претходните два) се истакнува зборот срце. Впрочем, оваа песна во рамки на целиот концерт делува како еден вид пауза, одмор за слушатели/гледачи пред нова доза на приказните во кои се илустрира пред сè женската страст, решителност, храброст, како и немок и суровост. Во следната, епска народна песна „Lencica, Gregcova sestricica" се тематизира лубовта на сестрата кон не]зиниот брат, а се насетува и инцестуозност (Грегец лубоморно ]а затвора сестра си во замок и не сака да ]а даде никому за жена). Еден ден пристигнува царско писмо и Грегец е испратен на во]на со Турци, а Ленчица дознава дека станал голем ]унак ко] на Турците им сече глави, но и дека паднал во бо], обезглавен од самиот турски цар. Кога Ленчица ке дознае за смртта на брат си и за тоа како турската царица ]а подигнала мртвата глава на Грегец додека неговата крв потекла низ

Превод од словенечки: Илща Божинов.

не]зините yбaви гради, веднаш ja облекува yниформaтa на брат и и тргнува да го одмазди. И додека таа сече турски глави, сите мислат дека тоа е мртвиот Грегец. Во мигот пред да го убие турскиот цар, Ленчица му ги покажува своите црни плетеници и белите до_|ки и предизвикувачки го прашува: „има ли тво]ата царица вакви?" Песната е изведена многу динамично и ритмично, со клавщатури и рецитираае и со пееае на рефренот (дует на Зорник и Нарат). Концертот завршува со суровата словенечка народна балада „Grajska gospa zakolje majerici sinka", во щашто бездетната грофица збеснува гледа]ки ja младата слугинка како му пее на сво_|от синко приспивна песна, па зема нож и го коле, а потоа сака да му го зготви на свооот маж за ручек. Тоо, дознава]ки од слугинката што се случило, ja фрла жена си од дворските чардаци и ja проколнува.

Hajденицa на Андреевски, значи, кaj Душа заживува во нов контекст. Опкружена со страсни, решителни, храбри, па и немокни и сурови жени, таа е некако нajпaсивнa: неjзинaтa приказна се одвива речиси без неjзиното деjствyвaftе, односно се одвива токму поради неjзиното недеjствyвaftе, неjзинaтa тивка верност и лубов кон почи-натиот сопруг и неjзинaтa добрина и трпеливост кон соселаните. Коцертот не обединува само различни мотиви, туку во него се спо-jyвaaт и различни книжевни жанрови (народна приказна, уметнички расказ, лирска и епска народна песна, народна балада), па и jaзични кодови. Словенечките народни песни се интерпретирани во оригинал-ните записи, односно минимално преработени, и затоа jaзикот е обоен со доза на архаичност, додека адаптациите „Рози" и „Hajденицa" се предаваат во современ jaзик, со обележja на разговорниот стил и затоа имаат поинаков ритам. Музичките аранжмани се разновидни: од традиционални напеви, па сè до современи стилови. Затоа концертот звучи свежо и современо, и ro^aj тоа што се интерпретираат пред сè традиционални народни текстови. Вакви контрасти придонесуваат кон извесна драматичност и полидимензионалност на интерпретираните текстови, но сепак се чини дека сите звуци и движеаа на сцената им се потчинети пред сè на вракааето кон оралната трaдициja, на усното предаваае на приказните, на привлекуваае и задржуваае на вниманието на слушателот/гледачот токму со мокта на зборот и добрата приказна, и тоа во времето кога, поради постлана, често и агресивна опкруженост од нajрaзлични медиуми, тоа се чини невозможно.

На прашааето колкупати го имале изведено концертот и на кои места, Ана Душа одговори: „Во 2011 и 2012 година концертот го изведовме приближно дваесет и пет пати, нajчесто во домови на

култура и различни фестивали во Словенща. На]битните според мене беа: раскажувачкиот фестивал „Pravljice danes", 2011, во Луб-шана; мегународниот литературен фестивал „Lirikonfest", 2012, во Велеае; манифестацщата по повод доделуваае награда за на]добар словенечки роман на годината, „Kresnik 2011", на 23 ]уни 2012, во Лубшана; мегународниот литературно-музички фестивал „Festival ljubezni", 2011 во Австрща, каде што студентите од универзитетот во Грац ]а превеле мо]ата верзща на расказот од П. М. Андреевски на германски; културниот фестивал во Врхника „Cankarjada"; а еден, за мене посебно битен настап се одржа во женскиот затвор во Иг (Zavod za prestajanje kazni zapora Ig), биде]ки добив впечаток дека сите приказни од нашиот концерт, вклучително со „Наданица", ]а проблематизираат позицщата на жената и не]зините вини, односно не-вини, што ги има извршено само затоа што е жена. То] настап беше доста интензивен, но добро прифатен."

Ана ]а прашав и дали можеби приказната „На]деница" на нивните настапи наиде на некакви посебни коментари или реакции од публиката? Не]зиниот одговор беше потврден: „Од сите приказни што досега ги имам раскажувано (со групата или сама), „Наданица" беше една од оние што предизвикаа на]силни емоционални реакции raj публиката. Ми текнува за трите гледателки (универзитетска профе-сорка, основноучилишна учителка и студентка), кои по настапот ми пристапща и ми рекоа дека плачеле додека го слушале то] расказ, а ми го опишаа како интимен, непосреден, вистински."

На кра]от од ова мини-интерв]у размислува]ки за естетските вредности на расказот „Вампир" на П. М. Андреевски, Ана Душа ке се довери: „Ке ти го открщам и сопственото мислеае, кое во ово] пример нема да биде ни малку стручно, макар што имам студирано компаративна книжевност, туку ке биде сосема лично, произлезено од чисто наивно-емотивна читателска перспектива. Ке се обидам, значи, да кажам зошто ово] расказ предизвикува толку силни емоционални реакции. Мислам дека во него има една толку страшна и нецензу-рирана тага (што е, колку што ми е познато, карактеристична пред се за словенските народи), дека толку отворено го воспоставува односот мегу „милоста" што сите ]а бараме и „баналноста" што сите ]а живееме, дека толку отворено зборува за животните кафези што не можат да се избегнат, и дека е напишана во толку непосреден и непатетичен стил, што не можеш со неа да блефираш ниту како раскажувач ниту како слушател, туку можеш само да се затвориш пред неа или да допуштиш да те застрела право во срце. Мислам дека тоа е одлика само на на]добрите приказни - тие не ти дозволуваат да им

пристапиш аналитички, туку од тебе бараат потполна отвореност и предаденост."

На]добрите приказни на]често наогаат пат кон читатели /слушатели /гледачи. Се чини дека тоа му се случило и на расказот „Вампир" на П.М. Андреевски, барем во Словенща, каде што е отпечатен во книга (изборот Kar vidijo macke: makedonska kratka proza), емитиран во радиоетерот (емисщата Za dva grosa fantazije), интерпретиран во живо (фестивалот Pravljicna ReSetanja), а во преработена верзща вклучен во концерт (Tri zdrave Marije in en oce nas), ко] е подоцна снимен и на ЦД формат. Адаптираната верзща, направена од Ана Душа, го поставува текстот на П.М. Андреевски во нов, свеж и возбудлив контекст - со фокус на интимната приказна на жената, со што заслужува посебно внимание.

Литература

Andreevski, Petre M. 2011: Poslednji vascani. Ljubljana: Drustvo slovenskih

pisateljev, едицща Sto slovanskih romanov. Andreevski, Petre M. 2011: Vsi obrazi smrti. Ljubljana: LUD Literatura, едицща Stopinje.

Вражиновски, Танас/Спировска, Лепосава, 1988: Вампирите во македонските

верувапа и преданщ'а. Скоп|е: Институт за фолклор, 1988. 5-21. Dolzan, Sonja, 2011: Poskus antologije makedonske knjizevnosti. Otocjeo., 2011, год. 3, бр.

Subiotto, Namita, 2007: Makedonsko leposlovje v slovenskih prevodih.

Hieronymus, letn. 1, st. 1/2, str. 23-39. Subiotto, Namita (ur.), 2008: Kar vidijo macke: makedonska kratka proza.

Ljubljana, Studentska zalozba, , Beletrina. Субиото, Намита, 2008: Словенечките преводи на македонската белетристика.

Спектар (Скощ'е), год. 26, бр. 52. 127-144. Cernec, Ziva/Miklos, Zeljko/Subiotto, Namita (ur.), 2007: V mesecini svet: makedonska fantasticna kratka proza, Ljubljana: Oddelek za slavistiko Filozofske fakultete Univerze v Ljubljani.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.