Научная статья на тему 'Културолошки интерпретации на метафората вампиризам низ дискурсот на современата балканска книжевност'

Културолошки интерпретации на метафората вампиризам низ дискурсот на современата балканска книжевност Текст научной статьи по специальности «Языкознание и литературоведение»

CC BY
50
10
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
VAMPIRE / MYTH / METAPHOR / BALKAN / SLAVKO JANEVSKI / BORISLAV PEKIC / BORIS PERIC / SOCIETY / CULTURE / FOLKLORE / IDEOLOGY / SOUL / POWER / THE OTHER / OTHERNESS

Аннотация научной статьи по языкознанию и литературоведению, автор научной работы — Нолевска Николинка

The vampire, as a cultural category, symbolizes the cyclical transformation of survival amidst living and non-living surroundings. Due to its continuous transformational powers, this figure needs to be analyzed within the parameters of global cultural memory. This paper focuses on the mythical framework of the vampire figure, particularly within contemporary literary discourse. This paper ties to examine the presence of this mythical figure in the literary memory of contemporary Balkan literatures, by taking a closer look at The Legions of St. Adofonis by Macedonian writer Slavko Janevski, How to Kill a Vampire by Serbian writer Borislav Pekic, and The Vampire by Croatian writer Boris Peric. Hence, the chronology of the Balkans seems most desirable for the overflow of the vampire's mythical attributes, without and beyond various cultural segments. This figure has thus been situated at the center of contemporary literature, and contemporary processes such as postcolonial criticism, globalism, multiculturalism, i.e., the meaning of the vampire rises beyond the trivial.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «Културолошки интерпретации на метафората вампиризам низ дискурсот на современата балканска книжевност»

оригинален научен труд

УДК: 316.75:[821(497):398.47

КУЛТУРОЛОШКИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ НА МЕТАФОРАТА ВАМПИРИЗАМ НИЗ ДИСКУРСОТ НА СОВРЕМЕНАТА БАЛКАНСКА КНИЖЕВНОСТ1

Николинка Нолевска

Постдипломка на Институтот за македонска литература,

CKonje, Македонка

Keywords: vampire, myth, metaphor, Balkan, Slavko Janevski, Borislav Pekic, Boris Peric, society, culture, folklore, ideology, soul, power, the Other, Otherness

Summary: The vampire, as a cultural category, symbolizes the cyclical transformation of survival amidst living and non-living surroundings. Due to its continuous transformational powers, this figure needs to be analyzed within the parameters of global cultural memory. This paper focuses on the mythical framework of the vampire figure, particularly within contemporary literary discourse. This paper ties to examine the presence of this mythical figure in the literary memory of contemporary Balkan literatures, by taking a closer look at The Legions of St. Adofonis by Macedonian writer Slavko Janevski, How to Kill a Vampire by Serbian writer Borislav Pekic, and The Vampire by Croatian writer Boris Peric. Hence, the chronology of the Balkans seems most desirable for the overflow of the vampire's mythical attributes, without and beyond various cultural segments. This figure has thus been situated at the center of contemporary literature, and contemporary processes such as postcolonial criticism, globalism, multiculturalism, i.e., the meaning of the vampire rises beyond the trivial.

Клучни зборови: вампир, мит, метафора, Балкан, JaHeBCEH Славко, Пекик Борислав, Перик Борис, општество, култура, фолклор, идеологи|а, душа, мок, Друг и Другост,

Резиме: Вампирот како културолошка категорща ]а симболизира цикличната преобразба на опстсуувааето и на живата и на неживата опкруженост. Разгледувана во различни контексти оваа фигура претрпува континуирани трансформации во своето значеае во рамки на светската и локалната културна

'Ово] текст претставува обракае и резиме од истоимениот магистерски труд, одбранет на Институтот за литература при УКИМ - Скоп|е, на 21.10.2013 г. Трудот беше изработен под менторство на проф. д-р Jaсминa Мо]сиева-Гушева.

меморща. Тргнува]ки од митската рамка и завршува]кп во рамките на современиот книжевен дискурс, вампирот градациски ja надградува атрибутивноста. Обидот да се прикаже пробивааето на оваа митската фигура во книжевната меморща е сконцентриран врз дискурсот на три книжевни творби од современата балканска книжевност: „Легионите на свети Адофонис" од Славко Jaнeвски, „Како да се упокои вампирот" од Борислав Пекик и „Вампир" од Борислав Перик. Притоа хронотопот Балкан се чини на]податен за континуирано прелеваае на атрибутите на митот за вампирот помету различните културни сегменти. Опфака]кп ги современите книжевни и општественосоцщални струеаа: постколонщализмот, глобализмот, мултикултуралноста итн. значеаето на вампирот добива потенцщал да се издигне над тривщалноста.

Иде]ата да се истражува и да се работи на темата вампир произлегува од стремежот да се укаже на процесот на надградба и прошируваае на капацитетите што ги нуди митската фигура-вампир, поточно од предиспозициите за оваа фигура што ни ги нуди оската тривщално--научно, разгледувани од културолошки аспект. Но, во текот на создавааето на ово] запис, вампирот ги надрасна претпоста-вените граници и се вгнезди во зафатнината на метафоричното, така што им придаде нов призвук на прашааата за идентитетот, на езотеричните прашааа за човековото битствуваае и суштествуваае. Се зафативме со навидум наивна и необична интерпретацща, интерпретацща на еден културно табуизиран мит и лик, каков што е всушност и ликот и митот за вампирот.

Лоцира]ки го вампирот како метафорична фигура за граничноста, во комплексноста што се разгрнува пред нас, ja вклучуваме потрагата по идентитетот како секогаш актуелна компонента на човековото општествено опскуува&е. Притоа, се разоткриваат вечните прашааа за човековото суштествуваае, т.н. „смртни прашааа" во Кантеовска смисла: „Што можеме да знаеме?; Што треба да правиме?; На што можеме да се надеваме?..." сублимирани во едно секогаш актуелно, синтетизирано прашаае: „Што е човекот?"

Бметнува]ки ja, пак, метафората за вампирот во мозаикот на актуелните општественосоцщални струеаа и научни теории, првенствено во книжевниот дискурс, ja разгледуваме истата имajки ги предвид глобализмот, постколонщалната критика, теорщата на деконструкцщата, постмодернизмот, мултикултурализмот и сл. Бака разгледуваната метафора ja наметна ди]алектиката на вампиризмот коja се втемели врз релациите кои се воспоставуваат помету прого-нувачот и прогонуваниот, помету агресорот и жртвата. Воспостaвyвaj-

ки ги овие релации ги докоснуваме идеолошките теории за мокта, доминаци]ата и владеетето.

Истражува&ето на вака необичните потенцщали што ги нуди метафората вампир од културолошки аспект ги рaзгледyвaме во три етапи.

На_|прво правиме обид да се лоцираат стартните позиции поврзани со митот за вампирот, и тоа пред сé на Балканот - во хронотопот од ко] вампирот изникнал, а потоа, заради сво]ата популарност, зазема место и во рамки на човековата исторща и во неговата културна меморща. Она што претставуваше, условно речено, опиплив матерщал за поповна анализа, го лоциравме во „детството на човештвото" впишано во митот, во религщата, во традицщата, во колективната генеза - во фолклорот. При тоа постсуано го имавме предвид културолошкиот процес на трансформацща на ликот на вампирот од фолклорен во книжевен. За таа цел, вампирот го разгледуваме во еден референтен систем, преку соодветните детерминанти: дщахроничноста како еден општ аспект юушто митот го вклучува во редот на приказните, синхроничноста - за да се обележи темата што ja третира митот, а изотопизмот (изоморфизмот) овозможи приближуваае до опре-делбата на неговата структура. Друга детерминанта е и воведувааето на ритмичното повторувате (според Кулавкова,2007:335) како една од важните карактеристики на сещ мит, но и во контекст на неговите одделни интерпретации и во оваа анализа, со што се истакнува метафоричната илустраци]а на митската мок (според Урошевик, 1988: 181-195).

Третира]ки некои прашааа поврзани со вкоренетоста на митот за вампирот во културите, се соочуваме со мокта на митот „да биде средишна обликотворна сила на книжевноста" (според Бо]ациевска /Кулавкова, 2006:337). Тргнуваме од „рудиментите на човековото детство" - митовите за крвожедните припадници на пантеоните. Анализата потоа продолжува преку опстсубите во народните творби, преку чща наративност и авторитативност, митската фигура на вампирот можеме да ja следиме како станува „заложник" на „перформативната синтакса или паратаксичноста на усноста". Ово] пристап го воведува митот, во т.н. „наративно знаеае" на Лиотар, односно во перформативноста на денешниот ]азик.

Разгледува]ки го сегментот за Древните верувата и култови поврзани со иконографи]ата на вампирот, низ една прелетна компа-рацща за вампирот raj античките народи, во источниот пантеон и во семитските верувааа, укажуваме на идентична митска компонента. Оваа компонента се покажа обликотворна во креирааето на митски

приказни (како и оние за вампирот), во кои нeпослyшностa, бунтов-носта и непокорноста (кажано со „современ" вокабулар: еманципа-цщата и индивидуализмот) се „казнети" со екскомуникацща, или протеруваае, и тоа не само од општествената средина, од воспоста-вениот Космос, туку и со индикативно настсууваае такви активности да се избришат и од колективното паметеае. Како на_|индикативна тука ja споменуваме приказната за Лилит - „мрачната" ма_|ка, raja е поврзана со приказната за вампирот. Второ прашаае е создавааето на критичното ниво, време и простор, кога вампирот од преовладувачката фигура со феминативна иконографща первертирал во фигура сета во знакот на устроената мокна машка симболика.

Посебно инспиративни изгледаат белешките и можните компара-ции на вампиристичкиот лик со култот и ликот на Дионис -]ужнобалканскиот бог на староседелците коу на лугето им дарувал живот по смртта. Ово] бог исто така може да се определи со категорщата граничност, затоа што неговата дивинизацща ги претста-вува „судирот", но и „синкретизмот на небесните и хтонските култови" на граничното балканско поднеб]е, посебно во еге^киот локус. Проучувачите сметаат дека Дионис е божеството кое било обожувано од староседелското население посебно во Еге_|скиот дел на Балкан-скиот полуостров. Низа археолошки и други прона_|доци говорат дека уште во неолитот на просторите на Еге_|от, домицилното население ги почитувало своите хтонски божества (според Дуев,2010: 5S).

По наводите на белешките за „присуството" на вампирот уште во античката култура и религи]а, нашата „потрага" по вампирот продолжува низ средновековниот Балкан. Во средновековниот период, Балканскиот полуостров е зафатен со фреквентни движеаа и миграции на народите, при што се одвивале суштински културолошки прелевааа и синтетизираае на компонентите на античкиот политеис-тички систем во стариот век и верувааето на Словените во раниот среден век кое одва] се наогало за степен над полидоксщата (култот кон природата) (според Lovmjanjski,1996:44).

Според етнографските бележеаа, називот вампир бил туг и за доселениците - Словени на Балканот. Но, ^ужните Словени ... на Балканот се сретнале со постар културен супстрат, така што Словените не можеле да не ги преземат неговите елементи" (Ib.,1996:64). Два процеса во словенската религща кои се одвивале по населувааето на Балканот се поврзани со вампирот: процесот на стратификацща на словенската религща и процесот на транслокаци]а на душите во подземното царство. Ово] процес претставува подоцнежна инвенцща, противречна на прагматичната проторелигща, или според Ловм]ааски,

судир мегу логичкото размислувате и фантази]ата raja била потребна за да ги оддели телото и душата, и душата да ja подготви за попрщатна сyдбинa после смртта. А тоа е поврзано и со напредокот на кyлтyрaтa ко] условил и поподносливи решенща од есхатолошкото.

Бро]ни протоверувата и култови поврзани со вампирот се сочува-ле во современите балкански народни верувата како што е верува-тето во натприродни суштества: вампири, нави и сл, култот кон душите на умрените предци итн., што е поврзано со процесот на стратификацща во словенската религща. Во нивната суштина лежи изворната нитка од времето на прелеватето на два културни супстрата, според ко]а, боговите во „природните" религии (каква што била и словенската), не е методски да се делат според моралните особини - сите тие можат да бидат и добри и зли, во зависност од околностите и за кого станува збор (според Ча_|кановиЙ,1973). Затоа демоните, често, во словенската традицща, се опишани како „добродушни, ретко опасни, какви што се вампирите или како оние на кои за време на земниот живот им била нанесена некаква неправда ..." (според Lovmjanjski,1996:247).

Разгледува]ки некои лингвистички варщации и етимолошки согледувааа на тема вампир во регионот на ]ужен Балкан, ке констатираме дека во основата на ово] назив се наога именката пир (гозба, пщанка) произлезена од глаголот пие, па то] означува демон коj пие и ]а испива крвта (според хрватскиот етимолог Петар Скок, 1972/73.660, или според српскиот фолклорист Милан Будимир, 1969:165-192). Лингвистички форми за вампир разгледуваме и според „Бугарскиот етимолошки речник" (Георгиев, Гълъбов, Заимов, Илчев, 1962:117). Според толкувааата во ово] речник постсуат две причини за разнообразноста на формите за вампир raj словенските народи: како резултат на неправилен фонетски развод и заради специфичниот карактер на зборот, ко] на]често бил табуизиран.

Подоцна, зборот вампир (откако формата се зацврстила со зачу-вувате на назалниот елемент и во прасловенскиот и во старословен-скиот ]азик) широко се распространува во речиси сите европски ]азици, благодарение и на некои историски настани од регионот на Jyжнa Србща поврзани со вампири кои се случиле во текот на 18 век и кои биле об]авени во европските весници.

Во ово] сегмент ги разгледуваме и наводите за етимологщата на зборот вампир и raj рускиот етимолог Чорнех (Черных,1999:135), за кого, вурдалакот е пощник ко] ноке излегува од гробот и им ja цица крвта на лугето, метафорично нарекува]ки го крвопиец и суров тиранин. Потоа Чорнех наведува низа називи за вампирот во

словенските ]азици - при што децидно, и називи во македонскиот ]азик: вампир, вампири се - да стане вампир. Чорнех констатира дека називот вампир во рускиот ]азик навлегол во 18-тиот век и тврди дека во рускиот jазик, како и во западнословенските jазици, називот вампир „навлегол од jужнословенските земjи, каде што одамна бил познат", притоа наведува_|ки ]а старословенската форма вжпырь (според Черных, 1999:135).

За жал, немаме можност за подлабоки понираша во македонската етимолошка ризница во потрага по вампирот, затоа што Македонски етимолошки речник се уште е во фаза на изготвуваше. Затоа македонските искуства во проучувашето на митската фигура на вампирот ке се сведат на забелешки од матерщалите за македонската фолклорна традицща. Не може да се заобиколи творештвото и собирачката де_|ност на Марко Цепенков, чиишто запишани верувааа и митски преданща за вампири, се об]авени во 1972 година, од истоимениот Институт за фолклор во Скоще, во деветата книга од Цепенковото собрано творештво, под наслов „Народни веруваша, Детски игри".2Како запишувач на македонски народни приказни за вампири би го споменале и Кирил Пенушлиски ко] во Зборникот посветен на народната култура на Македонците од Еге_|ска Македонща об]авува низа приказни со мотиви за вампирот. Во редот на македонските фолклорни проучувааа би го споменале и трудот на Зоранчо Малинов „Посмртните обичаи во брегалничката област" (Малинов,2001:181), во ко] се пронаогаат веруваша во вампири и во вампиризам во источните предели на Македонща. Но останува констатацщата дека поопсто]но истражуваае на народните преданща за вампири во Македонща бележиме само во трудот од Вражиновски и Спировска (Вражиновски,Спировска,1988:98), а друго посериозно (фолклорно, етимолошко, етнолошко, археолошко и сл.) истражуваше за присутноста на вампирот во Македонща отсуствува.

Во ово] труд, обидот да се разоткрие Вампирот и неговата трансформацща од фолклорен во книжевен лик, ке наметне согледувааа и во поширока - континентална рамка, така што

2 Притоа се наметнува констатаци)ата дека, сепак, вампирот како карактеристично демонско суштество многу малку е проучуван во македонската фолклористика и етно-логща, а особено во областа на етимологщата, освен проучувашата на македонски терен, главно, направени од странски истражувачи, и тоа од соседните балкански зем]и: Верковик, српскиот проучувач Тихомир Горгевик (Ъор^евиЬ,1953), Ча]кановик, како и об]авувашето на македонски преданна за вампири во Бугарща, собирани од пиринскиот дел на Македонща, во осумдесетите години на 20-тиот век (Даскалова, Добрева, Коцева, Мицева,1985, 376-381).

неопходно беше да се истакне гоуавата на готиката како правец во книжевноста, уметноста и културата во Европа, и не]зиното прикре-пуваше врз фолклорните приказни за вампирите, како и на]знача_|ните културолошки придобивки од разворт на ово] правец3.

Во релацщата помегу вампирот и културната меморща пронаогам компоненти на постколонщалната критика како една од актуелните книжевни и културни теории, зашто популарноста на вампирот како лик никогаш не згаснала. Бро_|ни карактеристики на вампирот стануваат интересни од аспект на воспоставувашето релацща кон Другиот. Процесите на трансформираше и еуфемизацща на одредени атрибути на вампирот можат да се третираат како придонес кон подигаше на прагот на толеранцща во општествените односи. Овие процеси добиваат значеше на апелациона категорща насочена кон Другиот (на пр., кон политичкиот Друг, или докоснуваат одредени сегменти од родовата проблематика и проблематиката на маргинализи-раните општествени групи). Создавашето на таква апелациона катего-рща води кон воспоставуваше еквиваленцща и надминуваше на угне-тувачкиот потенцщал во актуелниот општествен етичко-политички контекст, и тоа особено во оние општества во кои е загрозен процесот на демократизацща (според Спивак,2003).

Во издво]увашето на доминантните атрибути на вампирот и нивната симболичност, посебно внимание обрнавме на македонската супстанцщалност во мотивот за вампирот. Така на пример, можеше да се констатира дека на територщата на Македонща е распространето верувашето дека една од причините за трансформацща на мртовецот во вампир може да биде и принудниот живот во тугина и копнежот по татковината (од Вражиновски,1988:13), и со тоа уште еднаш се потврди присуството на карактеристичната и неодминлива печалбар-ска тема во битствувашето на македонскиот народ, фолклор и култура. Како карактеристични се жуавща и македонските веруваша, според кои, вампирите живеат како обични луге, како месари, а можат да се препознаат според потполно обескрвените заклани животни, како и можноста за нивно уништуваше од спецщални уништувачи наречени вампирции. Во ово] сегмент уште ги набро]уваме причините за

3

популаризацщата на мотивот за вампирот во уметничката литература; по^вата на автор-жена, отфрлашето на псевдонимот како средство за прикриваше на родовиот идентитет на авторот; губешето на тривщалниот предзнак на приказните за вампирот; раскажувате во прво лице или говорот на авторот преку свеста на ]унакот-вампир; потоа, вметнувашето на енциклопедиска компонента во структурирашето на ово] вид романи, така што тие се приближуваат кон стремежите на духовно немирниот 18 век -стремежот кон слобода.

повампируваше, надворешниот изглед на вампирот, неговите способности - преобразба во животно, во предмет, сенка, ветер и сл., секако, преку народните преданща; се укажува на временскиот период на нивната активност - нокта, местата на нивното по]авуваше и сл.

Вдлабочувашето во симболичките слики и претстави за вампирот ни откри можности за анализа од аспект на психоаналитичката критика. Притоа укажуваме на архетипската атрибуцща на вампирот. Ги аплицираме психоаналитичките теории на Jунг и Фро_|д, кои фрлща поинакво светло на митот за вампирот и ]а демонстрираа неговата версативност како коложег на изразувашето на човековите на_|при-митивни стравови и фантазии. Во теорщата на Jунг значешето на ликот на вампирот може да се разгледува преку архетипите и архетипските ликови - Сенката, стравот, крвта. А преку психодинамичката теорща на Зигмунд Фро_|д, ликот на вампирот се разгледува во рамки на онирички анализи базирани врз несвесните сексуални фантазии 4 (според Durand,1991:209,258).

Ваквите афинитети на митот за вампирот на_|доа сво]а котва во делот посветен на балканскиот хронотоп и (само)наметнатата состсуба на самоизмачуваше во чии рамки еминентна се покажа релацщата господар-потчинет. Во ово] граничен хронотоп или т.н. дво_|на маргина, стапицата на недефинираноста прогонува и рага неиздржлива желба за бегство од привидно институционализираниот систем, и подготовка на теренот за величественото доагаше на сворт господар. Тоа е балканскиот магепсан круг на бегства и вракаша, напушташа и чезнееша за повторно вгнездуваше во запустените огништа или за зачувуваше на новосоздадените позиции. Поларизацщата на сликите околу извесни архетипови (каков што е во ово] случа] архетипот на вампирот) е предизвикана од културолошките случуваша на балканскиот простор. Според Jунг, станува збор за замена на општествено-

4 Во овие рамки симболично значеше добиваат морбидниот страв од вампирот или квазирефлексното потекло на стравот од крвта и губешето на крвта, потоа анималистичката трансформацща на вампирот (симболичното значепе на волкот, лил/акот, продолжените заби (секачи)), стравот од сончевата светлина како претстава за општеството, релацщата ковчег (во ко] се повлекува вампирот) - зем]а -ма]ка (матка), Едипалната претстава за инфериорниот син ко] го убива сво]от татко преку процесот на убивашето на вампирот со нож или со популарниот колец како фалоцентричен симболизам, потоа симболичното третирапе на одбранбените ефекти преку религиозните икони, крстовите и светата вода, како и сегментот за лунарниот симболизам и неговата релацща со аграрните митови што се вкрстува со претходното трагаше по есенци)ата на митот и претставата за вампирот во претходно презентираните митолошки и фолклорни слоеви.

историската типичност со психолошка атипичност и преку таа замена се случува диктат на претежнувашето на одреден состав на слики. Според Диран (Durand,1991:350), таквиот историски притисок, всушност подразбира идеолошки притисок во еден момент на една цивилизацща.

Овие балкански културолошки струеша, прелеваша, балканскиот современ општествен контекст, како и влщанието на балканската исторща како преднарацща во конструирашето на нов книжевен матерщал, се обидовме, преку еден поинаков приод, да ги толкуваме низ дискурсот за вампирот и вампиризмот во три романескни творби кои и припагаат на современата балканска книжевност: во македонската „Легионите на свети Адофонис" од Славко Jаневски, во српската: „Како да се упокои вампирот" од Борислав Пекик, и од хрватската современа книжевност, романот „Вампир" од Борис Перик.

Во „Легионите на свети Адофонис" од македонскиот писател Славко Jаневски, станува збор за амбивалентен суб]ект и таа е наложена од контекстот во ко] то] опстсуува боре]ки се за сопственото преживуваше речиси со на]примитивни предзнаци. Во еден таков контекст записите на Борчило се дел од трилогщата наречена „Миракули на грозомората", чща мотивска нишка е потрагата по идентитетот.

Jаневски, митот за вампирот го користи како можност, на еден алтернативен начин, да го воведе читателот во историските балкански случуваша. Притоа то] експериментира со феноменот исторща во ко] се обединуваат и времето и просторот. Ово] феномен е збогатен со обилни компоненти на психоаналитичката критика. Но, иако се форсира историската компонента, метафоричната дескрипцща ка] Jаневски ]а надминува егзактната (денотативна) информаци]а или документарноста (според Кгатапс,1988: 67; 112-113; Старделов,1983: 236 - 237).

Присуството на вампирот во „Легионите... " потврдува дека раскажувашето за актуелната вистина или за реално можните настани може да се структурира и според архетипски модели. Со воведувашето на архетипските доминанти се врши релативизацща на границата помегу реалноста и фикцщата. Се користат искуствата на фолклорната фантастика, на митот и легендата, но само како формално сво]ство на структурата, зашто преку нив, суптилно допира]ки го читателот, авторот продира во есенци]алните вредности на животот.

Преку фигурата на еден вампир, токму низ ликот на Борчило, може да се набшудува метаморфозата на фолклорното во литературно. Поставува]ки го вампирот како канал, како медиум, преку ко] Jаневски

доближува два света: светот на митологщата и фолклорот и светот на книжевноста. Со оглед на тоа дека писателот cè претвора во метафора, ]асно е зошто то] го става митот на почетокот. Целта е еден чисто некнижевен (или полукнижевен) жанр да го претвори во книжевен.

Исказите на Борчило ги третираме како метадиегетички искази, затоа што преку нив се исповедаат искуствата на писателот, и неговите лични ставови за уметноста, за историските настани, за животот. Борчило се конфронтира во самиот себеси, некогашниот човек си поставува безбро] прашааа поврзани и со сопствениот и со колективниот опстанок, се соочува со многубро_|ни сомневааа и искушенща (всушност и со сомневааето во сопствениот идентитет). Притоа се поставува себеси во една состо]ба на „вознемирена совест" (според Kramaric,1988:50;91).

Компонентата на неверодосто]носта се обликува не само со поставувааето на една фигура од сферата на имагинацщата каква што е фигурата на вампирот туку и низ користеаето на специфични, необични книжевни жанри кои го степенуваат онеобичувааето на приказната. Ка] Jаневcки тоа е миракулата (црковна претстава (сл. на мистерщата) од 13-14 век, во ща продираат народните мотиви и верувааа), а raj Пекик - сотщата. Ка] Перик, пак, наративот е збогатен со криминалистички и елементи од детективските романи, како и од сферата на психоанализата, и тие елементи, исто така, го досегаат принципот на неверодостсуноста.

Соти]ата на Борис Пекик, „Како да се упокои вампирот" претставува епистоларна проза. Книгата содржи дваесет и шест писма и два пост скриптума, на д-р филозоф Конрад А. Рутковски, професор по средновековна исторща на Универзитетот во Ха_|делберг, упатени на доцентот по исторща на 20-тиот век, г-н Хилмар Вагнер. Но, за разлика од Jаневcки, ко] играта ]а води на линща време-исторща-фолк-лор-мит, во Пекикевото дело се срекаваме со комплексна хщазмичност помегу митот, идеологщата и науката, односно филозофщата. Во ова дело на Пекик митот се третира како карактеристична форма на веруваае на античкиот или на примитивниот човек, и се надоврзува на третманот на идеологщата како карактеристична форма на веруваае на модерниот човек.

Притоа нарацщата се редуцира на свеста и совеста на главниот протагонист прикажува]ки го како фарсичен лик во сета сво]а налудничавост и ментална нарушеност. Таквиот чин претставува и лично дистанцираае на авторот од сериозноста на темата ща ]а зафака, а тоа е скепсата во западноевропската филозофска мисла, и притоа, паралелно, умешно, ]а ползува сатирата како атрибут на

жанрот сотща (според Шаровик,2008:245). Таа скепса генерира губеае на довербата во мокта на авторитативната мисла и во не]зината варщанта наречена слободна вол]а заснована врз разумот.

На]интересно за интерпретаци]а и анализа во ова дело е удво]уватето или повекекратноста на метафората вампир. Удво]у-вааето како постапка овозможува создавав на една мрежа на ликови, настани, локации, време. Преку интерсуб]ективната говорна ситуацща, преку интерактивно соочуваае на индивидуалните свести и совести, се соочуваат идеологии, етички системи, култури.

Се поставува прашатето: коу е, всушност, „вистинскиот" вампир? АЛТЕР ЕГО-то, второто JАС на Рутковски, неговиот претпоставен, 88 офицерот Ха]нрих Ште]нбрехер? Или ликот на Адам Трпковик претставен како реален во настаните опишани во 1943-тата, а во 1965-тата година, мртвиот Адам се „повампирува" и му се прикажува на Рутковски во неговиот хотелски апартман. Според тоа, сещ од предочените ликови во делото, би можел да претставува „крвопиец": Рутковски како паразит ко] опстсуува во телото на државата, Ш/щнбрехер како умствен злоставувач на Рутковски, а духот на Адам Трпковик како олицетворение на „вампиристичкото" минато.

Преку промените во класичниот мотив за вампирот, Пекик извршил негова демитологизацща, и како лик вампирот од доменот на магиското го ситуирал во рамките на сещдневното, или вампирот од прогонет и исклучен член на човечката заедница го преобразил во припадник кон неа. Како алатка со ща Пекик се послужил да ]а изведе оваа неверо]атно комплицирана трансформацща, секако дека е комич-носта при што се создава една неусогласеност помегу тради-ционалниот лик на вампирот како извор на страв, потоа скептичноста и потсмевот преку кои то] е претставен во сотщата. Преку ваквите „ситни" супституции авторот го вградува митот во ткивото на текстот.

Преку ликот на Адам Трпковик, пак, може да се разгледува теорщата за аб]ектноста на Jулиjа Кристева, за ща сметаме дека целосно е инкорпорирана во фигурата на вампирот. Низ елаборираае на теорщата за аб]ектноста се наметнува и улогата на необичниот чадор во ова дело на Пекик.

Во романот „Вампир" од Борис Перик, пак, низ компонентите на вампиристичкиот дискурс може да се анализира современиот општест-вен строеж на балканските простори. На]прво, вракааето на капита-листичкиот поредок на Балканот по распагааето на ]угословенската федерацща, Перик го третира како повампируваае. То] процес го наметнува и начинот на комуникацща помегу лугето на овие простори

стимулиран од конкуренцщата Koja ja наметнува пазарот на трудот во современите процеси на глобализацща забележува]ки дека во сещ човек се крие посебен вид на вампир. Како подлога за сво]ата вампиристичка приказна, Перик ке ]а земе фолклорна предлошка -предани]ата за истарскиот вампир Jype Грандо.

Но, набрзо, вампирот на Перик ке прерасне во слика за моралната и духовна дигресща на современото (хрватско/балканско/светско) општество, во метафора за балканската „митологща на крвта". Мета-фората за вампирот Перик ]а поврзува со вината и одговорноста, а во поширока смисла и со идентитетот. За продорот на метафората во сещдневниот живот голема заслуга и се припишува на медиумската сфера юуа ]а искористува примитивната компонента во предлошката и фигуративноста во говорот. Друг аспект е компарирааето на политичките активисти со ликот на Ренфилд во романот Дракула на Брам Стокер. Во современите општествени строежи, особено на Балканот, тие му наликуваат на вампировите поданици чщашто слепа вера во мисщата на партиските начела, отелотворени во ликот на мудриот челник или визионер, ги води кон безусловно согласуваае и покоруваае пред неговата вол]а заборава]ки на сопствената. Приврза-носта кон замислениот господар (Ренфилдов синдром) отвора мож-ности вампиризмот да се анализира и како метафора за егзистен-цщалните стравувааа и непрщатности на една беспомошна единка во едно искористувачко општество. Зашто современиот човек, свесно или несвесно, доброволно или принудно, но речиси без можност за избор, ]а положува сво]ата телесна сила, сво]ата крв на олтарот на сво]от нов бог: парите и другите матерщални богатства.

На кра]от, ке истакнеме дека наша намера беше да укажеме на можноста, понудените „книжевни дела да се читаат и како реторички расправи кои преку фигуративни изрази полемизираат за односот буквално/метафорично" (Culler, 1991: 159). Оваа анализа укажува на можноста за расчленуваае на отворени и на прикриени односи помегу темелот и надградбата или помегу институцщата и мислата. Сопоста-вува]ки ги науката и интерпретацщата, општоста и поединечноста, како две алтернативни можности, во духот на деконструкцщата, испревртува]ки ]а хиерархиската устроеност, всушност, се обидовме во оваа интерпретативна анализа само да го докоснеме значетето како производ од заемното делуваае на кодот и конвенцщата.

Литература:

Будимир, Милан.1969. Са балканских источника. Београд: Српска ктижевна

задруга (основана 1892). КОЛО LXII КЪИГА 417: 213. 165-192.

Вражиновски, Танас. Спировска, Лепосава.1988. Вампирите во македонските верувапа и преданщ'а. Скоще. Институт за фолклор „Марко Цепенков". ,Дова Македонща": 98.

Георгиев., Вл., Гълъбов, Ив., Заимов, Й., Илчев, Ст. 1962. Български етимологичен речник. Софща: Издателство на българската академия на науките. Българска академия на науките: Институт за български език: вампир: 117.

Дуев, Ратко.2010. Sевс и Дионис: рагапе на античките верувапа и култови. Скоп|е: Силсонс. 254.

Даскалова,Л., Добрева,Д., Коцева,И., Мицева,Е.1985. Сборник за народни умотворения и народопис, Народна проза од Благоевградски окръг (нови записи) LVIII, София, 376-381.

Ъор^евиЬ, Тихомир.1953. Вампир и друга биЬа (у нашем народном веровапу и предапу).Београд: САНУ.

Jаневски, Славко.1987. Миракули на грозомората. Легионите на свети Адофонис. Скоп|е: Македонска книга. 457.

Малинов, Зоранчо.2001. Посмртните обичаи во брегалничката област. Скоп|е: Институт за фолклор „Марко Цепенков": 181.

Спивак, Чакавотри.2003. Постколонщална критика. Скоп|е: Темплум. 47.

Старделов, Георги.1983. Experimentum macedonicum. Скопле: Македонска книга: 292.

Кулавкова, Катица (ур).2007. Поимник на книжевната теори'а. Скоп|е: МАНУ: 669.

Урошевик, Влада.1988. Демони и галаксии. Скоп|е: Македонска книга.

1991Митската оска на светот:10.

(http://loza.mk/2012/12/mitskata-oska-na-svetot)

Ча]кановиЪ, Веселин. 1973. Мит и религща у Срба. Београд: Српска кпижевна задруга. 340.

Черных, П. Я. 1999. Историко-этимологический словарь современного русского языка. 13 560 слов: 3-е издание, стереотипное. Том I. А-пантомима. Москва: Издательство „Русский язык": 135, од. вампир).

ШаровиЬ, Марща.2008. Метаморфозе вампира:(компаративна анализа мотивског комплекса вампира у делима Р. Метисона, Б. ПекиЬа, Б.Ви'ана и С. Лую'апенка). Београд: Институт за кпижевност иуметност: 369.

Латинична:

Culler,Jonathan.1991. O dekonstrukciji: teorija I kritika poslije strukturalizma. Zagreb: Globus: 276.

Durand,Gilbert.1991. Antropoloske strukture imaginarnog. August Cesarec: Zagreb: 411.

Kramaric, Zlatko.1988. Novi Experimentum Macedonicum. Osijek: Izdavacki centar ,,Revija", Radnicko sveuciliste „Bozidar Maslaric": 246.

Lovmjanjski, Henrik.1996. Religija Slovena. Beograd: Slovograf: 315.

Pekic, Borislav.1984. Kako upokojiti vampira. Beograd: IRO: ,,Partizanska knjiga" - Ljubljana OOUR izdavacko publicisticka delatnost: 407.

Peric, B.2006. Vampir. Zagreb : NakladaLjevak: 293.

Skok, Petar. 1972/73. Etimologijski rjecnik Hrvatskoga ili Srpskoga jezika. knj.2-3. Zagreb.piriti: knj.2: 660-661; vampir: knj.3: 5б4-5б5).

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.