Претходно соопштение
UDC 37.014.522(497.7)"18"
ПОЧЕТОЦИТЕ НА ЖЕНСКОТО СВЕТОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНША
Силвана Сидоровска-Чуповска
Институт за национална исторщ'а, Скоп)'е, Македони/а
Key words: Macedonia, church school education, female secular schools, church-school municipalities, female teachers, female students, teaching staff, reading rooms, female education
Summary: This paper deals with a very important period in the history of Macedonian schools in 19th century. Education of women in 19th century is to a degree lower than that of men. This was so because there were not enough teachers that could lead to education. By the mid-19th century, there was not a greater interest in the education of female children in Macedonia. This situation was characteristic for the entire Macedonia.
In mid-19th century, there were female secular schools in cities economically rich as were: Veles, Bitola, Salonica, Prilep, Stip and others. Female education began to make progress. Many have understood that the educated women are more useful in raising future generations.
Промените во општествено-политичкиот и соцщалниот живот кои се случиле во Македонща кон средината на 19 век, имале позитивен одраз и на просветен план. Освен подобрувааето во тогаш-ниот начин на школуваае односно, напуштаае на старото келщно образование, за првпат се по]авил интерес за школуваае и на женските деца. Дотогаш, во Македонща не постоеле училиштa наменети за нивното образование. Ова, всушност, и не противречело на патрщахал-ните ставови на тогашното општество, во кое на подредената положба на жената се гледало како на нешто сосема нормално.
Мегутоа, до средината на 19 век кога станува збор за школуваае на женските деца, за разлика од другите градови во Македонща, во Велес е забележан интерес за школуваае и на оваа популацща. Како што е забележано во изворите, тоа било во чекор со создавааето и разво_|от на машкото келщно образование. Имено, уште од 1750 година, со доагааето на две калугерки во метохот „Св.Горгща", биле
собрани дево]чиаата „за да ги yчат на 6уквици и черковно пееае". Во исто време, кога еден од калyíерите се преместил во вакафската зграда на Западната општина1, месната калyíерка Марща Cамyркашева ги собрала женските деца „да ги учи книги" (Тра]ановски, 1980: 14).
Оваа тендецща во градот Велес била карактеристична се до средината на 19 век, кога значителен дел од женските деца во градот се школувале заедно со машките ученици, и тоа како во новоотво-рените општински, така и во приватното училиште на учителот Митре2.
Посебни женски световни училишта во Македонща се по]аву-ваат од средината на 19 век и тоа во градовите, чии црковно-училишни општини биле во состо]ба да одделуваат средства за нивно издр-жуваае. Некои од нив, како Велешката, Прилепската, Штипската и други општини, raj кои постоел интерес за унапредуваае на учебното дело повикувале учителки од соседните словенски зем_|и.
Едно од првите женски световни училишта, за кое се знае, било отворено во Велес во 1850 година. Од страна на Л. Ив. Доросиев, се споменува дека во ово] град, истата година имало уште едно женско училиште водено од учителката Ивана Хаци Герова (Доросоев, 1929: 58). Некои податоци укажуваат дека женско училиште постоело во Велес и во 1851 година (Ванков, Ловеч 1903: 79), а исто така и во 1853 и 1854 година. Васил К'нчов ко] имал можност да ги прегледа тефте-рите на Прцоречкото училиште, известува дека и во 1853 и во 1854 година, во училиштето работеле две учителки (Каранфилович, 1890: 568-603; Тра]ановски, 1980: 14).
Во 1860 или 1861 година женско училиште се отворило и во Кукуш, кое не било од посщан карактер. Во една дописка од Кукуш, од 3 ]ануари 1871 година („Читалище", 1871: 475), кога учител бил Кузман Шапкарев, ме^ другото се вели: „дека во женското основно училиште две години 1869 и 1870 година, учителка била и неговата сопруга Елисавета Д. Миладинова", ща поради болест го напуштила училиштето. Потоа за учител бил погоден друг, но и то] учителствувал
1 Градот Велес до 1870 година бил поделен на две општини. На левата страна од реката Вардар била Прцоречката општина. На десната страна се наоíала Западната општина ко]а во историската литеретаура уште може да се нада и со имиаата Спротивна или Спротивска.
2 Учителот Митре бил родум од селото Нагоричани, Кумановско. Во 1810 година се доселил во Велес, поточно во Прцоречката општина. То] останал 45 години во Велес, каде за сето време работел како општински учител. Од нив 22 ги поминал како приватен учител.
повремено, биде]ки општината немала доволно средства за издржуваае на училиштето.
Во 1861-1862 година започнало да работи и првото женско световно училиште во Штип.
Отворааето на неколку женски световни училишта во Македо-нща е врзано со името на бугарската учителка Недела Петкова3 и не]-зината керка Станислава Караиванова. На 1 ]ули 1865 година Н. Петкова била одредена за учителка во Прилеп, каде го отворила прво-то женско световно училиште (Тра]ановски, 1978: 113; Кантарциев, 1971: 136-138). Во првата учебна година во училиштето учеле 180, а во втората околу 80 ученички (Шапкарев, 1896: 136). Недела Петкова во прилепското женско световно училиште наставата ]а водела две години. Во почетокот на учебната 1867-1868 година, заминала за учителка во Охрид. Предметите што се предавале во училиштето не се познати. Единствено како извор можат да користат податоците изнесени од Никола Г. Еничерев, кога во Прилеп бил учител истовремено со учителката Недела Петкова. Н. Еничерев во своите Спомени вели: „веднаш по годишниот испит во главното училиште, ученичките беа испрашани од предметите: Св. исторща, први знаеаа, сметаае, краснопис, шиеае и пееае" (Енич0р0въ, 1943: 91). По заминувааето на учителката Н. Петкова училиштето престанало да работи. Повторно започнало да работи во 1870 година и тоа со две учителки: Сава Палашева од Велес како „прва" учителка и Захарща Манасиева како не]зина помошничка. Оттогаш женското училиште во Прилеп работело непрекинато (Шалдевъ, 1924: 52).
Во 1866 година во Солун се отворило првото македонско женско училиште. Училиштето било приватно и матерщално издржувано од познатото родолубиво семе]ство на Костадин Држилович. Неговиот син Торги Динков-Динката две години се школувал во Русща (18581860), каде национално се осознал и се задоил со просветителски идеи. По вракааето во Солун, во 1866 година, неговата иде]а за отвораае на едно словенско училиште се остварило и тоа благодарение на неговата сестра Славка, ко]а и го отворила толку посакуваното училиштето, каде работела бесплатно (Сн0гаровъ, 1937: 46).
3 Недела Петкова е родена во градот Сопот (Бугарща) на 13 август 1826 година. Световно образование изучила во тамошниот манастир. Биде]ки рано останала вдовица и немала од што да живее, Надан Геров ]а препорачал за учителка во Софща, каде отворила женско училиште (1858). Во Македонща на]првин била учителка во Прилеп, во 1865 година.
Во првите две години во училиштето учеле само дево]чиаа и затоа не]зиното училиште се нарекувало женско. Подоцна, во училиштето Славка Динкова почнала да учи и момчиаа. Таа вложувала голе-ми усилби за напредокот на училиштето. Училиштето матерщално било помагано од шивачкиот еснаф, како и од Македонците во Солун, мегу кои имало и велешани, прилепчани и битолчани („Македошя", 1868: л. 2), и од учениците („Македошя", 1868: л. 3). Учителката С. Динкова на децата им предавала на ма]чиниот ]азик (солунско нареч]е), грчки ]азик и рачна работа. Покра] грчкиот, Славка Динкова имала солидно познаваае и од францускиот ]азик („Македошя", 1868: л. 2). Не]зината прерана смрт за извесен период ]а прекинала активната работа на училиштето.
Женското училиште во Солун повторно било отворено на 12 ма] 1871 година (Думев, 1924: 130), во квартот Вардар, од учителката Недела Петкова. За потребите на училиштето таа успеала да изде_|ствува од Зографскиот манастир 20 турски лири годишна помош (Сн0гаровъ, 1937: 78). Со неколку кратки прекини кога ]а заменувала не]зината керка Станислава, Недела Петкова работела како учителка во Солун до кра_|от на Руско-османлиската во_|на, кога засекогаш се вратила во Бугарща.
Во 1866 година женско световно училиште започнало со работа и во Дебар. Во него за прва учителка била Марща Вуик од Србща (Хаци ВасилевиЙ, 1928: 130). Следната, 1867 година, женско световно училиште било отворено и во Охрид. Училиштето го водела веке спомената Недела Петкова, ща пред тоа прест^увала во Прилеп. Таа во градот останала до 1869 година и биде]ки тогашната општина немала посебно наменета зграда за женско училиште, наставата се одржувала по приватни куки. Поради интригите од страна на гркоманите, како и нередовното исплакаае на платата, Н. Петкова го напуштила градот. По не]зиното заминуваае за учителка била погодена Ст. Сивкова од Стара Загора (Бугарща), ко]а во Охрид останала во периодот 1870 -1872 година (Шапкарев, 1895: 295).
Кон кра_|от на 1869 година и во Битола започнало со работа женско училиште. Мегутоа, поскуат мошне спротивни мислеаа за тоа ща учителка го водела училиштето. Додека од една страна Васил Думев и Иван Б. Шумков (Думев, 1924: 96-97; Шумков, 1907: 283) во своите статии изнесуваат дека училиштето го отворила Станислава Караиванова, керката на Недела Петкова, Кузман Шапкарев, смета дека женското училиште го отворила една учителка Србинка и како потврда го наведува следниов цитат од дневникот на еден бугарски учител. Во него мегу другото стои: „битолската општина не се
грижеше да отвора само машки училишта, таа знаеше дека и женскиот пол треба да биде образован, дека образованата мада рага и воспитува подобри деца од необразованата и неучената, за тоа, таа уште зимата истата 1869 година услови за учителка една жена Србинка..., ща случало беше дошла во Скопско, та отвори и женско училиште. Во тоа училиште се беа собрале до шеесет ученички, на кои им се предава основно - школски предмети и рачна работа. Испитот покажа дека во женското битолско училиште имаше успех... " (Шапкарев, 1896: 138).
По заминувааето на учителката Србинка, за учителка во битолското женско училиште била поставена Нона Братова, родум од Копривиштица (Бугарща). Во Битола оваа учителка учителствувала четири години (1871-1875). Потоа, отишла за учителка во Кукуш, каде останала до учебната 1877-1878 година (Трайков, 1941). Во 1869 година, по завршувааето на долгогодишната борба против грцизмот, покра] машкото училиште во Крушево постоело и женско училиште („Македошя", 1869: л. 2).
Со засиленото навлегуваае на српската просветна пропаганда во Македонща кон кра]от на 60-тите и почетокот на 70-тите години на 19 век, во некои градови особено во западниот дел од Македонща, покра] машки се по]авуват и женски световни училишта. Во нив, како учители на]често работеле жените на српските учители. Во 1870 година, женско световно училиште во Кичево било отворено од учи-телката Милка Спаодевик, жена на српскиот учител Илща Спаодевик, ко] во ово] град ги положил основите на првото световно училиште (Хаци ВасилевиЙ, 1928: 419-420). Женско световно училиште рабо-тело и во Тетово каде учителка била Jелисавета Лазараевик (Хаци ВасилевиЙ, 1928: 424).
Од интерес е да се спомене и за де]носта на српската учителка Марща Недева од Белград. Во Македонща ]а довел велешкиот трговец Михаил Кушов во 1864 година. Таа на почетокот работела како приватна учителка raj гореспоменатиот трговец со годишна плата од 180 австриски жолтици, за време од три години со платен стан и храна („Турция", 1865). Поради тоа што оставила добри спомени за сво]ата тригодишна учителска де]ност, во 1867 година учителката Недева била ангажирана за општинска учителка. Училиштетето го посетувале ученици од двата пола и биле распределени во три класа. По не]зиното заминувааето во 1869 година, источната општина ]а ангажирала учителката Зумбула Петрова од Стара Загора, Бугарща („Македошя", 1871: л. 3).
Во текот на 1870 година, двете општини за учителки ги поставиле Недела Петкова и не]зината керка Станислава Караиванова
за плата од 30 000 гроша, за период од три години. Првата била општинска учителка на источната страна, односно во Прцоречкото општинско училиште, а втората на западната страна во Спротивното општинско училиште. Постои податок дека по инициатива на Недела Петкова во Велес било основано и првото женско друштво: „...по покана од госпогата Н. Петкова, госпогите од Велес се собрале да образуваат друштво слично на оние во другите градови со цел да помагаат на сиромашните деца за да добщат образование..." („Право", 1869). Иако според предвидениот договор учителките требало да останат три години, Недела Петкова и не]зината керка учителствувале само една година.
Во периодот на обединувааето на двете општини, во градот работела и учителката Станка (Сава) Дудикова, ща учителствувала во времето 1871-1873 или 1874 година. За педагошката де_|ност на оваа учителка во суперлативи се искажал и Васил К'нчов за ща забележал дека: „...била многу способна девона, ща многу добро го подготвила женското училиште..." (Кънчов, 1970: 276-277). Учителките Сава Дудикова и Зумбула Петрова биле омилени мегу граганите од Велес. Долго време по нивното заминуваае, градот не можел да добие добри учителки за своите женски училишта.
Во 1872 година во Воден проработало првото женско световно училиште. За него не постсуат доволно податоци со кои може точно да се утврдат годините на неговото егзистираае. (Думев, 1924: 130).
Во 1867 година женско световно училиште било отворено во Неврокоп (Ванковъ, 1903: 79), а мегу 1868 и 1872 година, женски училишта започнале да егзистираат во Кочани и во Куманово (РистиЙ, 1901: 281-282).
Значаща улога во отворааето на женски световни училишта во одделни македонски градови одиграле и читалиштата. Тие развиле широка активност не само на популаризираае на книгата и на ширеаето на писменоста на народот, туку и за духовната и културната еманципацща на жената. По инициатива на читалиштето во Крива Паланка било формирано „Друштво за женско училиште", кое во текот на 1873 година го отворило првото женско световно училиште во ово] град. Училиштето го добило името „Ма_|ка", и имало 50-60 ученички. (Чилингиров, 1930: 306). Активно било и читалиштето во Скоще, кое било основано на 1 септември 1874 година и на кое му се припишува занача_|ната улога во напорите да се отвори женско световно училиште.
Во 60-тите и во 70-тите години од 19 век, женски световни училишта постоеле и во другите градови, но за нив не располагаме со веродосщни податоци за годините кога биле отворени. Кога станува
збор за учителскиот кадар, се забележува дека покра] учителки од Србща и од Бугарща, е и се поголема присутност на домашни учителки. Во училиштата во употреба бил народниот македонски ]азик. Ваквата по]ава била присутна само во училиштата отворани од црковно-училишни општини, кои всушност и го финансирале учител-скиот кадар. За овие женските световни училишта, кои работеле до крарт на седумдесетите години од 19 век, поскуат мошне сиромошни и често противречни податоци и тоа не само за годините кога биле отворени и кога престанале да работат, туку и за нивната организацща. Освен разликата во наставните предмети ка] одделни женски училишта постоела разлика во времетраешето на наставниот курс, струч-ната подготвеност мегу учителките и слично.
Мегутоа, од ова можеме да констатираме дека и ваквите обиди вродиле плод. Тие дале можности за изградуваше нови домашни обра-зовни кадри во зем]ата и имало позитивно влщание врз разворт на образованието на жената во Македонща до 1878 година.
Литература:
Ванковъ. Н. Ив., 1903. История научебното дало вБългария. Ловеч.
Доросиев. Л. Ив. 1929. Нашето училище и народното ни възраждане, Българска историческа библиотека. София, год. II, т. I.
Думев. Васил. 1924. Из спомените на дв0 учителки въ Македония: Македонски пр0гледъ. София. год. II, кн. 5 и 6.
Енич0р0в. Г. Никола. 1943. Прилепското училище 1866-1878. Сто години ново българско училище в градъ Прилап. Скопие.
Кантарциев. Ристо. 1917. Женските училишта во Македонща. Просветно дело. Скоп|е. ХХУП/3-4.
К. (Каранфилович). 1890. Сегашно и недавно минало на градъ Велесъ.
София.
Кънчов. Васил. 1970. Избрани произведения. Град Скопие. Сегашното и недавно минало на град Велес. Македони., Етнография и статистика. София.
Македошя. 1868. Цариградъ. II /15, л. 2.
Македошя. 1868. Цариградъ. II /17, л. 3.
Македошя. 1868. Цариградъ. I /50, л. 2.
Македошя. 1869. Цариградъ. III /51, л. 2.
Македошя. 1871. Цариградъ. V /28, л. 3.
РистиЪ. Jован. 1901. Сполашни одношади Србщ'е новщ'ег времена. кшига треЬа, Београд.
Сн0гаров. Иванъ. 1937. Солунъ въ българската духовна култура. Исторически очеркъ и документи. София.
Тра]ановски. Александар. 1978. Прилепската црковно-училишна општина-основател на првото женско училиште во Прилеп. Исторц'а. Х^/1. Скоп|е.
Тра]ановски. Александар. 1980. Женските училишта во Велес од средината на XVIII до седумдесетите години на XIX век. Просветена жена Скоще.
Трайков. Никола. 1941. Първата българска учителка в Битола и Кукуш. Весник на весниците. София. бр. 133.
Турция. 1865. Цариградъ. бр. 47.
Хаци Васил>евиЬ. Jован. 1928. Просветне и политичке прилике у ]ужним српским областима уXIX веку. Београд.
Чилингаров. Стилиян. 1930. Българските читалища преди освобождението. София.
Читалище. 1871. Цариградъ. кн. 5, стр. 475.
Шалдевъ. Христо. 1924. Градъ При0пъ за своите училища. Македонски прегледъ. София. год. I кн. 1.
Шапкарев. Кузман. 1896. Неколку критички б0л0жки върху обнародуваните до сега материяли за историята на възраждането на българщината в Македония. Български прегледъ. София. год. I. кн. 9-10 и год. II. кн. 8.