Научная статья на тему 'OVERCOMING OF THE MUTENESS: THE PUBLIC PERFORMANCES OF THE MACEDONIAN WOMEN IN XIX CENTURY'

OVERCOMING OF THE MUTENESS: THE PUBLIC PERFORMANCES OF THE MACEDONIAN WOMEN IN XIX CENTURY Текст научной статьи по специальности «Философия, этика, религиоведение»

CC BY
28
9
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
PUBLIC PERFORMANCES / SPEECHES / TEACHERS / WOMEN''S EDUCATION / WOMAN''S EMANCIPATION / EVGENIJA JANCHULEVA / јАВНИ НАСТАПИ / ГОВОРИ / УЧИТЕЛКИ / ЖЕНСКО ОБРАЗОВАНИЕ / ЕМАНЦИПАЦИјА НА ЖЕНАТА / ЕВГЕНИјА ЈАНЧУЛЕВА

Аннотация научной статьи по философии, этике, религиоведению, автор научной работы — Koviloski Slavčo Koviloski

The noted speeches of Macedonian teachers in the nineteenth century indicate that their consciousness has gone beyond the traditional patriarchal way of thinking. They demanded the right to education and emancipation in society. Their views, paraphrased by correspondents, show the degree of development of women's thought in Macedonia at the end of the XIX and the beginning of the XX century. Having into consideration the situation with women's education and female voicelessness just about ten years before the end of the century, we can conclude that great progress has been made in the suppression of illiteracy and voicelessness. The public performances of the Macedonian teachers were also of great importance for this.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «OVERCOMING OF THE MUTENESS: THE PUBLIC PERFORMANCES OF THE MACEDONIAN WOMEN IN XIX CENTURY»

Philological Studies 16, 2, (2018) 29-40 Претходно соопштение

УДК:06.053.52:37.013-051(497.7)"18"

НАДМИНУВАШЕ НА НЕМОСТА: JABHHTE НАСТАПИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНИ ВО XIX ВЕК

Славчо Ковилоски

Институт за македонска литература, Универзитет „ Св. Кирил и Методу " во Скопле, Македонка

Key words: public performances, speeches, teachers, women's education, woman's emancipation, Evgenija Janchuleva.

Summary: The noted speeches of Macedonian teachers in the nineteenth century indicate that their consciousness has gone beyond the traditional patriarchal way of thinking. They demanded the right to education and emancipation in society. Their views, paraphrased by correspondents, show the degree of development of women's thought in Macedonia at the end of the XIX and the beginning of the XX century. Having into consideration the situation with women's education and female voicelessness just about ten years before the end of the century, we can conclude that great progress has been made in the suppression of illiteracy and voicelessness. The public performances of the Macedonian teachers were also of great importance for this.

Клучни зборови: ]авни настапи, говори, учителки, женско образование, еманципацща на жената, Евгенща Jанчулeва.

Резиме: Регистрираните говори на македонските учителки во XIX век, укажуваат дека нивната свест го надминалa традиционално-патрщархалниот начин на размислуваае. Тие барале право на образование и еманципираае во општеството. Нивните ставови, парафразирани од дописниците, го покажуваат степенот на разворт на женската мисла во Македонща, на кра]от од XIX и почетокот на XX век. Има]ки ]а предвид состсубата со женското образование и женската немост од пред само десетина години, пред кра]от на векот, можеме да заклучиме дека бил постигнат голем напредок во надминуваае на неписменоста и на немоста. Голема заслуга за тоа имале и ]авните настапи на македонските учителки.

Почетоците на женското образование во Македонща, во XIX век, биле одраз на позитивните промени кои настапиле во општествено-политичкиот и културниот живот, во османлиската

држава. Во повеке слyчаи и пред отворааето посебни женски yчилишта, некои од побогатите грагани ги испракале своите дево]чиаа да yчат во приватните и општинските келщни и заемни yчилишта, заедно со момчи&ата. Во нив се изyчyвале само неколку предмети поврзани со религщата. Сепак, нивниот бро] бил мошне мал и yсловен од тогашните морални и етички сфакааа.

Едно од на]раните споменува&а на учителки и yченички се од-несyва на две калyГерки во Велес. Едната била велешанка и се викала Марща Самyркашева, додека дрyгата била тyГинка. Во 175G година, тие се населиле во Велес, во Прцоречкиот метох, Св. Георги. Двете учителки собрале повеке дево]чиаа што ги yчеле на буквица и црковно пееае. По кратко време, Самуркашева се префрлила во западната велешка општина. Во текот на многу години и тука извршувала просветна де]ност, уче]ки ги дево]чиаата на „книга" (Миронска-Христовска, 2GG3: 43).

Женското образование во Солун е поврзано со работата на учителката Славка Динкова. Таа потекнувала од познатата преродбенска фамилща Држиловци-Динкови. Поттикната од сво]ата ма]ка Велика Динковица и сво]от брат Георги Динков, таа, во 1866 година, го отворила првото народно училиште во Солун. Училиштето било сместено во една соба од ма]чината кука. На часовите се одвивала скромна, но значаща програма, со изучуваае „ма]чин ]азик и грцкщ, со ракоделща" (Ристовски, 2G11: 329). Со текот на времето, бро]от на ученичките послано се зголемувал, благодарение на ангажманот на трудожубивата Славка (ко]а знаела грчки и француски ]азик) и на помошта од неколку побогати Македонци и еснафите. С. Динкова се истакнала како учителка, но и како новинарка, преведувачка и прва жена-борец за еманципацща на жените во Македонща.

Како што можеме да видиме, отворааето женски световни училишта доживеало вистинска експанзща во текот на 60-тите години на XIX век. Тогаш биле отворени повеке женски училишта во Кукуш, Штип, Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Солун, Дебар, Неврокоп, Кочани, Куманово, Крива Паланка и на други места.

Женското образование придонело за унапредуваае на правата на жените. Неодминлив дел од склопувааето на мозаикот и градеаето на целокупната слика за женската гласност во XIX век се говорите. Посто]ат многу малку сведоштва за словата произнесени од македонските жени, но од фондот со ко] располагаме, можеме да заклучиме дека тие се едни од на]знача]ните потврди за постоеаето на

силен просветителски женски дух. Исто така, според формата и времето на одржува&е (за време на годишните испити во женските училишта или други поголеми свечености), сосема е веро]атно дека биле изговорени поголем бро] вакви слова, од кои не останала трага.

На почетокот, веднаш треба да потенцираме дека единствениот комплетен говор во интегрална форма е изречен од ученичката Параскева Димкова во Битола, во 1871-та година. Поради тоа, можеме да бидеме сосема задоволни од прона]дените записи, кои известуваат како за говорните вештини на ораторките така и за нивната содржина. Станува збор за говорите на една учителка и една ученичка во Охрид; говорите на учителката Евгенща Jанчулева (по татко Ракициева), за ко]а прона]довме податоци за три не]зини одржани ]авни настапи во женското училиште во Прилеп: еден во 1892 г., а два во 1894 година; потоа, за говорот на учителката П. К. Мавродиева, одржан во Петрич, во 1892 година; прона]довме белешка за еден говор што го држела учителката Попова, во Солунската женска гимназща, во 1894 година; како и за говорот на учителката Попова, во училиштето во Кочани, исто така, од 1894 година, со нагласка дека ниту на едната, ниту на другата учителка, со истото презиме, не им е утврдена националноста.

Прона]дените белешки од говорите покажуваат дека нив ги произнесувале исклучиво учителките, по повод разни свечености, пред поширок аудиториум и со однапред подготвени тези. Говорот се изразува во моментот и е неповторлив, па затоа и неговата поента треба да биде нагласена и недвосмислена. Анализира]ки ги статиите, утврдивме дека ниту еден од говорите не бил читан, туку дека тие биле произнесени наизуст, но оставаме можности тие да биле подготвени однапред (не биле спонтани). Овие говори се однесувале на одредено прашаае, а говорничките, со своите поенти, се стремеле да ги убедат слушателите во исправноста на искажаните ставови.

Ако подобро навлеземе во проучувааето на женското прашаае во Македонща, во ово] период, ке потврдиме дека единствено благодарение на училишните говори, жените можеле да стапат на отворена сцена, пред публика, и ]авно да го искажат своето мислеае. Колку за потврда на ова наше тврдеае, ке се послужиме со познатиот факт дека во театарските претстави немало место за актерки, па нивните улоги ги изведувале мажи. Обидот на учителката Пенка Пеливанова од Прилеп да ]а одигра улогата на Геновева завршил неуспешно, биде]ки била навредувана и исмевана на ]авно

собрание, по што морала да се повлече од сцената (Стер]овски, 2GG4: 194).

Затоа, сметаме дека излегувааето на учителките пред публиката, ко]а жедно ги впивала нивните зборови, фактички значело и прво ]авно претставуваае на жените во општествениот живот. Говорничките можеле и ]а користеле можноста да им се обратат на родителите, на чиновниците, на нивните колеги и надредените, на обичните слушатели. Нивната реч концепциски зависела од манифестацщата, но тие слободно можеле да зборуваат за своите проблеми, да пофалуваат и да нагрдуваат некого, односно да влщаат врз ]авното мислеае.

За постигнуваае на своите цели, учителките, пред сè, требало да поседуваат голема храброст и енергща, аргументирано да ги презентираат своите ставови. Jасно е дека дел од мажите (односно мнозинството) гледале со потценуваае на нивните настапи. Исто така, ]асно е и дека негодувале на некои нивни ставови. Во релативно непрщателската, а истовремено и жубопитна средина, жените морале да ]а искористат секо]а дадена можност ]авно да проговорат, да излезат од зад кулисите. За да го привлечат и да го задржат вниманието на слушателите, тие морале да поседуваат и ораторски вештини, при што обрнувале посебно внимание на дикцщата, акцентот и на гестикулациите. Тие не смееле да бидат повлечени, што би се протолкувало како несигурност и плашливост, но не смееле да бидат и пренагласени, што би се протолкувало како нескромност и развратност. Умереноста била на]важниот елемент што жените требало да ]а извежбаат и да ]а усовршат, за да биде оценет нивниот настап како успешен. Пораките не смееле да бидат двосмислени, туку кратки и ]асни, со оглед на ограниченото време за настап. Притоа, често се користеле реторски прашааа, метафори и алегорща, како и инверзща. Сето тоа придонесувало за зголемуваае на впечатокот ка] публиката. Понекогаш, благодарение на позитивните реакции на ]авноста, некои од присутните (мажи) во своите бележници ги забележувале темите на кои зборувале учителките и, парафразира]ки ги, ги пракале како информации во вид на дописки до редакциите на тогашниот печат. Нашиот интерес се однесува токму на нив.

Во оваа листа ги вброивме и говорите држени од жени по разни поводи, на]прво поради тоа што настапот бара претходна подготовка преку читаае, забележуваае или запишуваае на лист на целите на говорот, што значи писмен запис, како и поради добивааето

и истакнувааето на женската гласност (потиснуваае на афазщата).1 Говорите придонесувале за ослободуваае на внатрешните стравови, на затвореноста, но поставувале и „прашааа во врска со редефинирааето на улогата на жените, потребата од образование за сите и една цела низа прашааа кои истовремено ги преокупирале нивните машки современици... нивните мислеаа и идеи станале дел од печатените медиуми и дел од ткивото на интелектуалниот живот" (Ахмед, 2004: 182).

Значи, од говорите проникнале дела об]авувани во печатените медиуми; говорите биле извор и поттик за комплетно оформуваае на авторските потенцщали. Мегутоа, во нив се крие уште една значаща функцща. Говорите не биле „само текстуално претставени низ гласот туку тие го користат и како алатка за пренесуваае на идеолошки пораки, за субверзща и критичко промислуваае на општеството при што текстот добива политички релевантна димензща" (Талевска, 2013: 13). Затоа, можеме да потврдиме дека тие одиграле дво]на улога: биле предвесници на женското писмо и претставувале протест против одземааето на гласот на жените. Всушност, како што може да се увиди од ]авните настапи, односно говори, кои успеавме да ги евидентираме, во преку 90% од нив, говорителките го истакнувале проблемот со женското образование, односно женското прашаае.

Како што претходно спомнавме, првиот целосно зачуван говор и припага на ученичката Параскева Димкова (родена околу 1855 година) од Битола. Говорот е об]авен на страниците на весникот Право. Во краткото „Словце", од 1871 година (Право, 1871а: 95), обрака^и се кон родителите, Димкова искажала ]авна благодарност на Никола] М. Тошков, „ко] побуден од родолубие го поддржува Женското училиште во Битола со на]голема ревност". Оваа об]ава ]а сметаме значаща, поради тоа што на увид го имаме првиот доказ за постоеаето на женската гласност во Македонща, макар што, во 60-тите години, ги имаме написите на солунчанката Славка Димкова. Сепак, случает со Димкова е специфичен, биде]ки Динкова пишувала

1 Осврнува]ки се на романот Куклите на Росица од Оливера Николова, Елизабета Баковска наведува дека немоста „е дополнителниот фактор ко] го засилува чувството на заборавот и исклученоста од исторщата како судбинска одредница на жената - таа нема пристап до ]азикот како средство за влез во симболичкиот поредок на мажите". Во: Елизабета Баковска, Како жена, ]ас немам татковина: националните и историските дискурси во романите Куклите на Росица од Оливера Николова и Снегот во Казабланка од Кица Колбе", Спектар, Скоп|е, бр. 63, 2014, 49.

за женското образование, додека пак, ученичката од Битола ]авно говорела за потребата од образование на жените.

Првиот регистриран говор, пак, на ]авен настап, ко] го држела една учителка, ко] можевме да го прона]деме на страниците на тогашниот печат, е на една неименувана учителка од женското училиште во Охрид. По неа, настап имала и една од не]зините ученички. Информацщата за нивниот настап ]а наогаме во бро]от 26 на весникот Право, од 23 август 1871 година. Во веста за напредокот на учебното дело во Охрид, забележано е дека „Н. С. Г-га учителка ни изрече едно слово за развитокот на женскиот пол". По неа, „една девица изрече едно словце кон родителите, од страна на сите ученички, за да ги поддржат во науката за долго време" (Право, 1871 б: 103). Ова е една од ретките запишани информации за настап на ученичка, што, се разбира, не значи дека таквите говори отсуствувале. Како што можеме да видиме, главното бараае на учителката и ученичката било на дево]чиаата да им се дозволи школуваае.

Кратката анонимна информацща од 1892 година, об]авена во бро] 85, во весникот Новини, соопштува за еден ваков говор, одржан во Кочани, од страна на „учителката г-га П. К. Мавродиева". Таа, стои во текстот, „држела скаска за ползата од воспитувааето на женскиот пол" (Новини, 1892: 3). Значи, говорот, или „скаската", се однесувал/а на барааето право за образование на жените и очигледно имал/а за цел да ги убеди родителите, кои не ги пуштале своите женски деца, да го направат тоа.

Содржински на]богата е информацщата за говорот на друга учителка ко]а го носела презимето Попова. Сво]от говор таа го искажала на годишниот акт на женската гимназща во Солун. Дописката об]авена во весникот Новини, во 1893 година, повторно е анонимна. Сметаме дека самата не]зина содржина, во ко]а централно место има „г-га Попова", зборува доволно, па затоа ]а приложуваме во целост: „Кога се раздадоа сведителствата, постарата надзорничка на пансионот и учителка г-га Попова, тогаш се обрна кон завршените (ученици - б.м.) со реч да ги предупреди, дека светот има многу малку светли страни: лагата, итроштиаите, зависта се многу, поради што многу од нивните идеали можат да се урнат, но тие да не оча]уваат, туку да се подготват да истраат на жите]ските борби и да се вооружат со силата на трпението и стабилноста за успешно отсто]уваае на правдата и вистината. Таа реч заврши со зборовите: 'Се е минливо, а само доброто име е вечно'" (Новини, 1893: 3). Контекстот на

искажаната реч на Попова алудира на општество во кое постоеле натчинети и потчинети, борци и оча]ници, правда и неправда, вистина и лага. Па, зар ово] говор, ко] наизглед се однесувал само на завршените ученици, не претставувал и говор за тешкотиите на жените, но и бодреае да се продолжи по зацртаниот пат во борбата за нивна еманципацща? Секо]дневните тешкотии, лаги, завист, не требало да ги обесхрабрат жените, кои требало да покажат трпение и упорност за да до]дат до правдата. Времето и местото биле совршени за ваков настап, а оние на кои им се обракала Попова, веруваме дека ]а разбрале суштината на не]зиниот говор.

Поконзервативен настап имала не]зината колешка од Кочани, ко]а го носела истото презиме: Попова. Во весникот Новини од 1894 година е регистриран не]зиниот настап на годишниот испит на кочанските училишта. Таа „зборуваше за ползата од домашното воспитуваае, должноста на родителите, особено на маните кон керките и за должноста на керките кон родителите" (Новини, 1894а: 3). Според презентираните податоци, ово] говор бил исполнет со потенцираае на традиционалните вредности, карактеристични за векот.

Впечатлив говор одржала и претседателката на женското неделно училиште „Светлина" од Струга, учителката Славка Чакрова. Според дописката об]авена во Новини од 6 февруари 1898 година, во бро] 28, Чакрова го отворила првото заседание на неделното училиште на 11 ]ануари, истата година. Според анонимната дописничка потпишана со псевдонимот „Една граганка", Чакрова одржала едно „словце кое што и правеше чест" (Новини, 1898а: 3). И тука, главната тема на речта била потребата од женското образование. Знача]но е да споменеме дека името на Чакрова било мошне актуелно во тоа време.

Не]зината биографща дава мноштво информации за активностите на македонските учителки. Славка Чакрова Пушкарова (1879-1956) била една од на]истакнатите жени од охридско-струшкиот кра]. Родена била во Струга, во семе]ството на Георги и Агнща Чакрови. Заедно со своите брака, Александар и Станислав, Славка влегла во редовите на Македонската револуционерна организацща. За потребите на Организацщата, таа организирала и пренесувала оруж]е и друг материал. Откриена од властите, Славка била фатена и затворена, но подоцна била ослободена од солунскиот затвор. Се школувала во Солунската женска гимназща, по што работела како учителка во родната Струга. Тука, заедно со група млади интелектуалки

(Анастасща, Костадина Хацова и Царева Деребанови) го формирале женското друштво „Светлина". Познато е дека Славка ги везела написите на капите на македонските револуционери, со девизата: „Слобода или смрт". Сво]ата револуционерна де]ност ]а продолжила за време на учителствувааето во Охрид. Во ово] град формирала револуционерна група, во ко]а влегле: Анета Шахова, Аспасща Каневчева, Василка Размова, Костадина Бо]ациева, Клща Самарциева, Костадина Настева, Поликсена Мосинова, Фанща Шулева и др.

Од особена важност била иницщативата на Славка Чакрова за отвораае на женското неделно училиште „Светлина", во Струга, во кое, мегу другите, основачи биле и Костадина (Константина) Хацова и Екатерина Несторова. По то] повод, во бро]от 28 (1898), на страница 3 од весникот Новини, била об]авена една дописка од Струга, испратена на 11 ]ануари 1898 година. Во дописката е опишана возбудата од ово] чин, опишана е радоста дека запишувааето на женски ученички во училиштето ги надминало сите очекувааа, наведено е раководството на училиштето, а на кра]от е упатен повик за помагаае на училиштето на каков и да е начин.

На]прво, над дописката се назначени градот и датумот, а истата започнува со зборовите: „Почитуван г-не Редакторе, раката ми трепери од голема радост при пишувааето на следните редови, со кои ке Ве известам, дека и во нашето гратче, каде се родиле искрите на духовниот развод се отвори женско неделно училиште кое го носи името 'Светлина', по инициатива на г-ците учителки". Понатаму, во дописката до „Новини", се наведува дека првото заседание (односно, првиот час) било отворено со пригоден збор од учителката Славка Чакрова, со што й била укажана чест. „Се запишаа членки, повеке отколку што мислеа раководителките на споменатото училиште", стои во продолжение. Се разбира, на ово] начин биле охрабрувани жените од Струга активно да земат учество во работата и школувааето во училиштето.

Во една друга, поголема статща, об]авена во весникот Вести, од 2 март 1899 година, во бро] 34, наогаме подетално известуваае за говор на истата учителка. Во текстот се наведува дека на 31 декември 1898 година било одржано заседание (настап) на членките на женското неделно училиште „Светлина": „Претседателката го отвори заседанието со една реч со ко]а го раз]асни влщанието на жената врз прогресот на народите и го потврди тоа преку илустративни примери; ]а опиша положбата на нашата жена, откако го об]асни причините за

не]зиното доцнеае (во борбата за права - б.м.); докажа дека оно] народ во ко] што маната е невоспитана, неучена, потоната во суеверща и жена предадена на ниски задоволства, ако не се заземе да се оттргне од кривиот пат и да се подигне умствено и морално, жената е изложена на загинуваае; биде]ки умствениот и моралниот разво] на жената е мерило за сеопшт разво] на едно општество или на еден народ". Во понатамошното излагаае, Чакрова „ги препорача средствата преку кои може да се услужи на нашата жена и ]а посочи должноста на народната учителка кон своите неучени сестри. Ыа кра]от, во име на народниот напредок ги покани сограганите и сограганките, од кои едните како поразбудени да им внесуваат на своите сопруги, керки и сестри лубов кон Женското неделно училиште, а на другите - редовно да го посетуваат". Овоj говор претставува прекрасен пример за женскиот активизам во Струга и во Mакeдониjа, кон кра]от на XIX век (ВЬсти, 1899: 2-3).

Ыа]бро]ни се информациите за говорите на Евгенща Jанчулeва ^акициева). Таа можеби е и на]активната македонска учителка ко]ашто ]авно истапувала и се залагала за поголеми права на жените. За не]зиниот живот посто]ат одредени податоци кои фрлаат светлина за не]зините општествени активности. Се знае дека моминското презиме на Евгенща било Ракициeва, но откако се омажила за докторот Jордан Jанчулeв, го зела неговото. По извесно време, докторот Jанчулeв заминал во Цариград на доусовршуваае на струката. Поради тоа, според анонимниот дописник на весникот Новини од Солун, „таа се грижела со труд и со своите средства да му олесни на сво]от сопруг да ги заврши науките. Тоа е редок пример за пофалба. Извршеното од г-га Jанчулeва е цел подвиг и достоен за поддршка" (Новини, 1898б: 3). Од друга страна, од членовите на прилепската црковно-училишна општина, Jанчулeва е опишана како мошне „енергична" жена (ДАРM, ПОП, ф.ЦОП: к.2, N.81). Поради активностите кои таа ги имала и во домот, но и надвор од него, и кои успешно ги завршувала, за граганите станала пример, модел на жена, ко]а со „подвиг" успешно ги решавала проблемите од секо]дневието.

Понатаму, при доагааето на Царевна Mиладинова-Алeксиeва на местото управителка на женското училиште во Прилеп, таа наишла на голема поддршка од Евгенща Jанчулeва (тогаш сè уште Ракициeва). По заминувааето на Царевна од градот, Jанчулeва била именувана за не]зин наследник на местото управителка на женските училишта, функцща ко]а ]а извршувала повеке од една деценща. Подоцна, се

вклучила во македонското револуционерно движете како курир и примами ги македонските револуционери на престо] во не]зиниот дом. Jанчyлева била иницщатор за отворате неделно училиште во родниот град, со цел да го описмени и возрасното население.

Во прилог на де]носта на Jанчyлева за што поголеми права на жените и нивна еманципацща во општеството, ке го наведеме извешта]от што го прона]довме во ракопис подготвен од неа, а насловен како „Писмо до претседателот на училишното насто]ателство за состо]бите во женското училиште", (ДАРМ, ПОП, ф: ЦОП, к.1, 5.181.2.41/2бб (2.41.1). л.5). Ракописот е датиран на 18 jyни 1897 година, а е потпишан лично од управителката Jанчyлева. Jазикот на текстот е ]асен, концизен, напишан во прво лице еднина („]ас" форма), што ни ]а покажува самоувереноста на Jанчyлева во не]зиното изложувате пред своите надредени. Во него, Jанчyлева пишувала за учебното дело во женските училишта во Прилеп, ги навела имитата на учителките, дала опис на работата, поведението и успехот кои ги постигнале 14 учителки од прилепското женското училиште: Пазова, Шопчева, Jочкова, Зердева, Богданова, Настева, Григорова, Перева, Китанова, Грашева, Црвенкова, Павлева, Ицева и Jанчyлева.

Посебно е интересно што во извешта]от Jанчyлева забележала и за тоа дека како проблематични, односно предмети на кои требало да им се посвети посериозно внимание, подносителката на извешта]от ги навела следните: физика, хемща, минерологща. Тие предмети, запишала таа, „колку што сум успеала да разберам", повеке ги воделе мажите, а помалку жените. Затоа, таа препорачувала тие предмети да ги предава учителот ко] ги предавал истите предмети во машкото училиште, „само со услов, то] да не може да присуствува на учителските совети, а само да го предава отчетот за успехот на управителката". Го потенцираме ово] податок (машко-женската паралела), биде]ки во други отчети не прона]довме ваква компарацща, така што засега, ово] извешта] останува единствениот во ко] се начнува оваа тема. Дека општината и насто]ателството биле задоволни од работата на Jанчyлева, зборува и фактот што таа била управителка на женското училиште преку една деценща, што е повеке од сите други жени што ]а извршувале управителската функцща во кое било училиште во Македонщ а.

Трите забележани говори, мегу 1892 г. и 1894 година, ]асно упатуваат на не]зината педагошка активност, како и на де]носта за еманципацща на жените. Така, во првиот евидентиран говор од 1892

година, об]авен на страниците на Новини, стои кратката информацща дека: „Г-ца Ракициeва зборуваше за воспитувашето на женскиот пол" (Новини, 1892: 3). Веке во следната об]ава во истиот весник, од 20 ма] 1894 година, е потенцирано дека: „г-га Е. J. Jанчулeва, управничка на женските училишта зборуваше многу убедливо за еманципацщата на жената (подвлечено во оригиналот - б.м.)". И^зиниот говор, како и на останатите, „направща многу силен впечаток ка] публиката" (Новини, 1894б: 3). Третата и последна евидентирана об]ава за одржан говор на Jанчулeва е об]авена на 26 ]ули, истата година и во истиот весник. Тогаш, Jанчулeва го прочитала отчетот за работата на женското училиште за изминатата година. Притоа, потенцирала дека женското училиште се состоело од два класа, четири одделенща и забавиште. Ыего ги посетувале 450 ученички, од кои 28 предвреме го напуштиле училиштето. Ыа годишниот испит се ]авиле 422 ученички, од кои 406 поминале, а 16 останале во истото одделение. Ыа кра]от, „г-га Евг. Jанчулeва, управничка на женското училиште, кажа неколку зборови за важноста и ползата од ракотворбите, како предмет во училиштето (подвлечено во оригиналот - б.м.)" (Новини, 1894а: 3).

Лктивизмот на Jанчулeва за подобруваше на состсубата и правата на жените придонел, во не]зиниот роден град, Прилеп, да се отвори и неделно училиште во кое учеле повозрасните неписмени жени. Самата таа учествувала во македонското револуционерно движете, рамноправно со своите машки колеги, давали пример за тоа како треба да се однесуваат жените во време кое барало беспоговорни жртви. Во не]зиниот втор регистриран говор, како што запишал известувачот на весникот Новини, мошне убедливо зборувала за „еманципацщата на жената".

Регистрираните говори на македонските учителки во XIX век, укажуваат дека нивната свест го надминала традиционално-патрщархалниот начин на размислуваше. Тие барале право на образование и еманципираше во општеството. Во ово] случа^ поважни се нивните говори, отколку самите статии кои известувале за нив. Ыивните ставови, парафразирани од дописниците, кои на]често биле мажи, го покажуваат степенот на разво]от на женската мисла во Mакeдониjа, од кра]от на XIX и почетокот на XX век. Има]ки ]а предвид состо]бата со женското образование и женската немост од пред само десетина години пред кра]от на векот, можеме да заклучиме дека бил постигнат голем напредок во надминуваше на неписменоста и на немоста.

Голема заслуга за тоа имале и ]авните настапи на македонските учителки.

Архивски материал:

ДАРМ, ПОП, ф.ЦОП: Државен архив на Република Македонща, Подрачно оделение-Прилеп, фонд: Црковна општина-Прилеп, 1872-1912, к.1, 5.181.2.41/266 (2.41.1). л.5, ,Дисмо до Претседателот на училишното насто]ателство за состсубите во дево]ачкото училиште" (18.VI.1897, Прилеп).

ДАРМ, ПОП, ф.ЦОП: Државен архив на Република Македонща, Подрачно оделение-Прилеп, фонд: Црковна општина-Прилеп, 1872-1912, к.2, N.81.

Литература:

Ахмед, Ле]ла. 2004. Жената иродот во исламот. Слово, Скоще.

Баковска, Елизабета. 2014. „Како жена, ]ас немам татковина: националните и историските дискурси во романите Куклите на Росица од Оливера Николова и Снегот во Казабланка од Кица Колбе", во: Спектар, бр. 63, Скоще.

„Годиш. актъ на Солунската дЬвическа гимназия". 1893. Новини, брой 75, Цариградъ,.

„Дописки". 1899. Ысти, брой 34, Цариградъ.

„Дописки". 1894а. Новини, брой 86, Цариградъ.

„Дописки". 1894б. Новини, брой 67, Цариградъ.

„Дописки". 1898б. Новини, брой 82, Цариградъ.

„Дописка". 1871 б. Право, брой 26, Цариградъ.

„Изъ вилетитЬ". 1898а. Новини, брой 85, Цариградъ.

„Изъ допискитЬ ни". 1892. Новини, брой 85, Цариградъ.

Миронска-Христовска, Валентина, 2003. Просветителството во Македонща. ИМЛ, Скоще.

Ристовски, Блаже. 2011. Македонскиот преродбенски XIX век, прилози за македонската литературно-културна исторщ'а, I, прва книга. Три, Скоще.

„Св. Кириллъ и Методий въ провинцията". 1892. 1893. Новини, брой 39, Цариградъ.

„Словце". 1871а. Право, брой 24, Цариградъ.

Стеррвски, Александар. 2004. Битола, Карщ'атиди на театарот. НУ Народен театар Битола.

Талевска, Ирина. 2013. Родот и политиката на писмото. Сигмапрес,

Скоще.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.