Научная статья на тему 'ЗАЗОРОТ И ДИСЛОКАЦИЈАТА ВО ДРАМСКИТЕ ТЕКСТОВИ КАЗАБАЛКАН, ЕВРОАЛИЕН И ХОТЕЛ ЕВРОПА ОД ГОРАН СТЕФАНОВСКИ'

ЗАЗОРОТ И ДИСЛОКАЦИЈАТА ВО ДРАМСКИТЕ ТЕКСТОВИ КАЗАБАЛКАН, ЕВРОАЛИЕН И ХОТЕЛ ЕВРОПА ОД ГОРАН СТЕФАНОВСКИ Текст научной статьи по специальности «Философия, этика, религиоведение»

CC BY
50
7
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
ГОРАН СТЕФАНОВСКИ / GORAN STEFANOVSKI / ЈУЛИјА КРИСТЕВА / JULIA KRISTEVA / АБјЕКТ / ABJECT / ABJECTION / DISLOCATION / LOSS / HOMELAND / LANGUAGE / ИДЕНТИТЕТ / IDENTITY / КУЛТУРА / CULTURE / АБјЕКТНОСТ / ДИСЛОКАЦИјА / ЗАГУБА / ТАТКОВИНА / јАЗИК

Аннотация научной статьи по философии, этике, религиоведению, автор научной работы — Смилевски Гоце

ГОРАН СТЕФАНОВСКИ Во нејзината книга за субјектот на абјектноста, Моќите на хоророт, француската теоретичарка Јулија Кристева ги поврзува абјектот/абјектноста со загубата на дистинкцијата помеѓу себството и другоста. Овој труд го испитува односот помеѓу абјектноста и дислокацијата во неколку драми од Горан Стефановски.GORAN STEFANOVSKI In her book on the subject of abjection, The Powers of Horror, the French theorist Julia Kristeva links the abject/abjection with the loss of the distinction between self and other. This text examines the relation between abjection and dislocation in several plays by Goran Stefanovski

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «ЗАЗОРОТ И ДИСЛОКАЦИЈАТА ВО ДРАМСКИТЕ ТЕКСТОВИ КАЗАБАЛКАН, ЕВРОАЛИЕН И ХОТЕЛ ЕВРОПА ОД ГОРАН СТЕФАНОВСКИ»

претходно соопштение

УДК: 821.163.3.09-2 Стефановски Г.

ЗАЗОРОТ И ДИСЛОКАЦШАТА ВО ДРАМСКИТЕ ТЕКСТОВИ КАЗАБАЛКАН, ЕВРОАЛИЕН И ХОТЕЛ ЕВРОПА ОД ГОРАН СТЕФАНОВСКИ1

Гоце Смилевски

Институт за македонска литература, Универзитет „Св. Кирил иМетоди]", Скоп]е, Македонца

Key words: Goran Stefanovski, Julia Kristeva, abject, abjection, dislocation, loss, homeland, language, identity, culture

Summary: GORAN STEFANOVSKI In her book on the subject of abjection, The Powers of Horror, the French theorist Julia Kristeva links the abject/abjection with the loss of the distinction between self and other. This text examines the relation between abjection and dislocation in several plays by Goran Stefanovski.

Клучни зборови: Горан Стефановски, Jулиjа Кристева, a6jeKT, a6jeKmocT, дислокацща, загуба, татковина, ja3rn, идентитет, култура

Резиме: ГОРАН СТЕФАНОВСКИ Во неjзината книга за субjектот на абjектноста, Моките на хоророт, француската теоретичарка Jулиjа Кристева ги поврзува абjектот/абjектноста со загубата на дистинкцщата помегу себството и другоста. Овоj труд го испитува односот помегу абjектноста и дислокацщата во неколку драми од Горан Стефановски.

Драмските текстови Казабалкан, Евроалиен и Хотел Европа, од Горан Стефановски, се фокусираат на интеракцщата помегу ликови кои им припагаат на различии социокултурни контексти. Де_|ството на]често ги прикажува ликовите во мигот на самото преместуваае, во текот на преминувааето на границите, или непосредно пред или по то] чин. Тоа се ликови кои се обидуваат да ги преминат границите, да се населат во друга средина, или кои веке се дислоцирани, во азилантски институции, и притоа доагаат во судир со спротивност на она што Лис Иригаре го нарекува отвораае на сопствениот познат свет за добредода кон странецот, при што се останува сво_|, а на странецот му се допушта да биде друг, низ соочуваае со ликови кои ]а претставуваат доминантната

1 Текстот е извадок од докторската дисертацща „Егзилот и уметноста на преместувааето во творечките опуси на Дубравка Угрешик и Горан Стефановски", одбранет на Филолошкиот факултет, во Скопле, во ма] 2013 година.

група, но едновремено, на]често и самите го редуцираат другиот на сопствените претстави за него и само ретко се доближуваат до она што Иригаре го нарекува трансцендираае на Ти како друг, отвореност за коегзистенцща без peдyкциja на другиот на сопствената претстава за не]зе/него. „Другиот никогаш не е она што му/и го припишуваме нему или не]зе", вели Лис Иригаре, во Помегу Истокот и Западот. Но, биде]ки не е во нашата природа да го препознаеме Ти како несводливо на Ja^ како нешто што ни се измолкнува во сво_|от тоталитет, ние стремиме кон тоа да го редуцираме другиот на нашата претстава за не]зе/ него. Промислувааето на другиот како наш, наметнат од rojabara на миграциите и глобализацщата, многу често се сведува, вели Иригаре, на об]ект на проучуваае, чща цел е интеграцща на другиот во доминантната култура. Резултат на тоа е избегнуваае на средбата со странецот: „Ние не бараме начин за кохабитацща или коегзистенцща мегу суб]екти од различна но еквивалентна вредност. Ние го губиме дщалогот со едно Ти кое е несводливо на нас, со мажот или жената што никогаш нема да бидат Ja^ ниту мене, ниту мои. И кои, токму поради таа причина, можат да бидат некое Ти, œroj со кого Jaс се разменува без да врши редукцща на То] или Таа на Себе, ниту пак редукцща на себеси на То] или Таа" (Иригаре 2007, 281). Во сво]ата критика на логиката на идентитетот, А]рис Мерион Jam- говори за функционирааето на таа логика преку одрекуваае или потиснуваае на разликата, па оттаму „ja избегнува богатата партикуларност на искуството и не]зината неодреденост и се обидува да создаде стабилни категории", сведува]ки го различното слично на еднакво. Како еден од парадоксите на идентитетот, Jarn- го посочува тоа што то], од една страна, го сведува различното слично на еднакво, додека пак „простото различно го претвора во апсолутно друго". Во ваквото функционираае на логиката на идентитетот лежи создавааето дихотомща наместо единство, при што едниот поим, во бинарната спротивност, означува нешто што е добро, обединето и еднакво на себството, додека другиот е надвор од обединетата целина како „хаотично, необликувано и променливо кое секогаш може да ja пречекори границата и да го уништи единството на доброто" ^анг 2005, 121, 123). Кохабитацщата или коегзистенцщата мегу суб]екти од различна но еквивалентна вредност, низ дщалогот со едно Ти кое е несводливо на нас, со кое Jaс се разменува без да врши редукцща на То] или Таа на Себе, ниту пак редукцща на себеси на То] или Таа, Иригаре ja нарекува трансценденцща на Ти како друг и напомнува дека не е дел од практиките на нашата култура, во roja, во нajдобap слyчaj, се остварува почитуваае на другиот во име на толеранцщата, или препознаваае

како еднаков човек или прщател, но таквиот однос не претставува прифакаае и почитуваае на несводливоста на другиот. Вистинското препознаваае на несводливата разлика на другиот во однос на себе би претставувало ослободуваае на суб]ектот и би водело кон „опстанува^е на Jac наспрема сето она што сум, што го знам и што го имам присвоено, таквото отвораае на сопствениот познат свет за добредо_ще кон странецот, при што се останува сво], а на странецот му се допушта да биде друг, не кореспондира со нашите ментални навики, со нашата западна логика". Во основата на таа логика лежи научената потреба да се доминира, да се контролира, а не да се прифакаат сопствените граници, што би резултирало со коегзистенцща, со живееае заедно: „Ние имаме научено да размислуваме почнува]ки од одреден бро] дихотомии мегу сензибилното и интелигибилното, природата и духот, телото и душата, суб]ектот и об]ектот, итн. Ние не знаеме како да ги транс формираме таквите категории за да постигнеме една култура на алтеритетот, на однос кон другиот како таков, на спознаваае на другиот како несводлив на нас, со цел да воспоставиме одуз со него или со неа, почитува]ки ги нашите специфични вредности и ограничувааа" (Иригаре 2007, 281282).

Во драмскиот текст Казабалкан, повекето ликови чувствуваат дека се наогаат другаде од местото каде што треба да бидат и се доживуваат како други во однос на доминантната група со roja се соочуваат. Jaнa, roja со ма_|ка си Зора живее во Лондон, бега]ки од во]ните на Балканот, ги учи децата од своето одделение нова игра roja самата ja измислува и ja нарекува: „Ке ви заигра мечка и вам овде". Таа игра е, од една страна, израз на немокта на детето да се ослободи од секавааата на ужасите на воjнaтa - односно ослободуваае од чувството на ужас низ игра; од друга страна - самиот наслов на играта ja сугерира горчината roja се jaвyвa во Jam од тоа што во новата средина е третирана како тугинец и што, затоа што нejзиното минато е отфрлено од припадниците на доминантната група како несводливо на нивното искуство, истото трагично искуство им го посакува и ним. Играта се состои од неколку циклуси - во првиот, оние што ja играат замислуваат дека се под опсада, кога Jam ги учи другите деца да лазат под прозорците за да ги избегнат залутаните куршуми, во вториот замислуваат живот без вода во лето и без грееае во зима и jaдaт чорба од коприви, од полжави и диви сливи, и пушат цигари од камилица. Реакцщата на учителката, кога дознава за тоа каква игра измислува Jara, изразена низ репликата: „Биди срекна што си во Англща! Остави ja таа ваша воjнa таму и нeмоj да ни ja носиш ваму!" (Стефановски 2002, 376), претставува чин на отфрлаае

на реалноста на другиот. Мик, ко] доага на Балканот откако работи како воен известувач во Зимбабве, Либан и во Ангола, е уверен дека може да ja сфати реалноста на другите за кратко време, со тоа редуцира]ки ги другите на неколку основни свои претстави за нив („Секаде успевав за три дена да ja сфатам ситуацщата и да ми стане здодевно"), па оттаму, неговото долго остануваае на Балканот може да се сфати како обид да се разбере другиот: „А ете, овде сум цела вечност и уште ништо не ми е ]асно" (исто, 386). Зора го сведува Мик, со кого била во врска за време на во]ната на Балканот, откако поверувала дека сопругот и загинал, на сво]ата претстава за другиот ко] доага од култура roja во светски рамки се поставува како една од доминантните. Таа и неговата облека ja чита низ клучот на неговиот „невидлив имперщален имунитет" и неговата „аура на недопирливост". Пpaвejки ja разликата мегу него и себе, таа веке го сместува во една ^ajro дефинирана категорща определена од зeмjaтa на припадност: „Во слyчaj на хаос, опасност или вонредна состоjбa, секогаш ти е блиску Британскиот конзулат. Ако те ранат, правиш мегународен скандал и, еве, доага хеликоптер да те евакуира. Jaс со ова не го потценувам твоето сочувство за нас, кои tó масакрираат на ангро" (исто, 404). Мик, наместо да ги изрази своите лични карактеристики, кои го разликуваат од стереотипизирачката слика за нaциjaтa на roja TOj и припага и на каква што го сведува Зора, се брани со своjaтa претстава за светот roj е подалеку од она што за него претставува цивилизaциja: светот на културно другите е „криминал" и „дубара". Зора се надоврзува на неговата реплика со дополнуваае на своjaтa претстава за него и за неговата култура: „Така ве учат по приватните училишта? Светот е дубара, биди весел дубарцща! Ве учат како да владеете со губитници какви што сме ние, да поделите племиаа, да ги закарате главатарите! Да оплачкате некое парче зeмja, и да го оставите со векови да се крчка во бесмислените етнички судири. Да повлечете вештачки граници со помош на тpигономeтpиja и на леаир. И да не водите сметка за реки, планини и природни обeлeжja. А камоли за луге и народи" (исто, 405). Од друга страна, пак, Гавро открива друга страна од личноста на Мик, roja самиот TOj ja согледува како мана, а тоа е што „многу им го бере гajлeто на бегалците. Има фрлено повеке пари за хуманитарни цели од Европската заедница" (исто, 409).

Во Евроалиен сите ликови, кои се обидуваат да ги преминат границите, да се населат во друга средина, или кои веке се таму, во азилантски институции, доагаат во судир со спротивност на она што Иригаре го нарекува отвораае на сопствениот познат свет за добpeдоjдe кон странецот, при што се останува своj, а на странецот му се допушта да

биде друг, низ соочуваае со ликови кои ja претставуваат доминантната група (бирократските службеници во конзуларното одделение за издаваае визи, советникот во просторщата за распит на мегународниот аеродром, доктор Евгенио, Шармантниот Шовинист) но едновремено, нajчесто и самите го редуцираат другиот на сопствените претстави за него како што покажуваат ставовите на ликовите на шверцерите, на Sидaрот, на Дилерот, додека други (како Студентот и Виолончелистот) се доближуваат до она што Иригаре го нарекува трансцендираае на Ти како друг, отвореност за коегзистенцща без редукциja на другиот на сопствената претстава за неjзе/него.

Своjaтa редуцирана претстава за непознатата Европа ja соопштува ликот Соцщален работник, коja се поjaвувa во Хотел Европа: „Се викам Евридика. Nomen est omen. Името се ви кажува. Ми било пишано уште од рагаае да и се ветам на Европа. Соцщален работник сум. Овде сум само на замена. Инаку студирам социологиja. Си ja сакам работата. Иако се изнагледав неправдини и алчност и угнетуваае. Да не отворам уста какви се далавери се случуваат овде. Кришум, се разбира. А, ете, jaс Европа ja гледам како заеднички дом за сите. Европа во ко]а светилките на надежта повторно ке се запалат уште во наше време. Животна желба ми е да скокнам до Брисел и да им ги видам во живо фаците на европските политичари. И да им раскажам неколку хорор-приказни" (Стефановски 2010, 94).

Би можело да се каже и дека самиот Стефановски е оку roj, преку своите ликови, дава редуцирана слика за обединета Европа, но и за оние кои доагаат да живеат во неа. Еден од примерите за ваквата редуцирана претстава за двете Европи, онаа во границите на обединетата Европа и за оние кои потекнуваат надвор од неjзините граници, е сцената во re>ja за Игор зборува неговата мajкa: „Игорче ми се роди во живописното селце Добри Дол. (...) Имаше безгрижно детство, ги чуваше селските овци и си свиреше на шупелка што сам си ja направи. Уште од мали нозе знаеше дека ке стане нею] и нешто. Сонуваше за Европа. (Сла]д: Игор моча врз макета од А]феловата кула напра-вена од чкорчита.) Имаше бестрашен карактер и огромна амбицща. Со душа чекаше да порасне и да тргне во белиот свет. Дента кога го напушти селцето се случи затемнуваае на сонцето. (Сла]д: баби и дедовци се крстат, пресрекни што конечно куртулиле од него.) Ова беше мал чекор за Игор, но голем за Европа. Како бегалец, првин прескууваше овде, raj што сме сега собрани. Ова му беше прв дом. Оттука почна. Ова за него е духовен ацилак. На почетокот, кутриот, многу беше осамен. (Сла]д: Игор весел и начукан.) Си нajде скромна работичка како шетач на кучиаа. Ги шеташе

булдозите на една богата госпожа. Муштерии дури од Тунгузща чекаа на ред да ги спарат миленичиаата со не]зините расни кучиаа. Игорче ги надгледуваше леглата. (Сла]д: Игор собира кучешки измет.) Ама, кучиаата не го сакаа и Игорче мораше да си замине. (Сла/д: Игор дави булдог со Голираце.) Игорче сам си ja скова иднината. Другото го знаете. Денес то] е познат европски бизнисмен и неговиот лик и дело се пример за многу млади генерации од Балканот" (Стефановски 2010, 111).

Во своето дело Моките на ужасот, об]авено 1983 година, Jyлиja Кристева ке се потпре на извесни ставови на Мери Даглас2 кога ке стане збор за конечното формулираае на зазорот (аб]ектот) и зазорноста (аб]ектноста). Аб]ектот (зазорот) ниту е суб]ект, ниту пак об]ект „ко] ке ми дозволи, нуде]ки ми да се потпрам на некого или на нешто, да бидам повеке или помалку одвоена и автономна". Аб]ектот поседува само едно сво_|ство на об]ектот - „сво]ството да се спротивставува на моето jac." Но, додека об]ектот, при таквото спротивставуваае, го урамнотежува суб]ектот и го воведува во сферата на смислата на постоеаето, аб]ектот (зазорот) го води суб]ектот онаму „каде што смислата се крши" (Кристева 1989, 7, 8). Кристева ке ги доведе во врска создавааето на суб]ектот и про]авува&ето на зазорноста и ке посочи на четирите основни елементи со кои општеството го има кодирано зазорот: гревот, нечистотщата, храната и табуто. Об]аснува]ки го процесот на одво]ува&ето на детето и неговото конструираае како суб]ект, Кристева тврди дека младата индивидуа мора да мине низ период во ко] зазорно тело ке биде телото на не]зината ма]ка, пред конечно да биде создадена границата помегу неговото тело и телото на онаа roja го родила. Во првобитната симбиотичка врска што новороденчето ja чувствува со телото на cвоjaтa мajкa и со светот што го опкружува, новороденчето го опфака и Другото, потоа се воспоставува границата преку исклучуваае и отфрлаае на мajкaтa, коja новороденчето започнува да ja разликува од себе, а овоj изгон коj ja создава границата помегу надвор и внатре е всушност изгон од себеси - стекнувааето на никулците за jac и за телото е во исто време губиток на cè она што е Друго. Зазорноста се

2 За категорщата на аб]ектот и за аб]ектноста (зазорот и зозарноста) и нивната врска со нечистото, за првпат говори Мери Даглас, во своето дело Чистото и опасното, об]авено во 1969 година. На самиот почеток од делото, таа ке тргне во разобличуваае на предрасудата на науката на деветнаесеттиот век - дека во основата на т.н. Примитивен човек има страв од Бог/Боговите (или, ако то] страв постои, не е ништо поголем од оно] што го чувствуваат припадниците на монотеистичките религии), ниту пак постои нет) особен во однос на валкааето/валканоста, а ко] е поврзан со Бог и со казната од него. Напротив, таа говори за одредени племиаа во кои се практикува ритуалното валкаае, а односот кон чистото -нечистото, Даглас го согледува како карактеристика на секое општествено уредуваае, тоа не е само грижа за хигиената туку и почитуваае на конвенциите.

]авува пред nojaBara на суб]ектот (кога одво]увааето е нестабилно, затоа што суб]ектот одво]ува&ето го чувствува како загуба, иако го отфрла повторното соединуваае со Другото), а во судир со об]ектот и ja овозможува поделбата на суб]ектот и об]ектот, на ]ас наспроти Другото. Зазорот е чувство на гадеае и на презир, кои суб]ектот ги чувствува во релации со некои претстави, сфакааа, фантазми и на кои реагира со ужаснатост, со одбивност или гадеае, но во исто време суб]ектот е и фасциниран од зазорното, тоа го привлекува суб]ектот за да биде одбиено од него.3 „Не станува ништо зазорно со тоа што е нечисто или нездраво, туку со тоа што го изместува идентитетот, системот, поредокот" (исто, 10), вели Кристева, а А]рис Мерион Jaнг, во стравот и презирот што ги предизвикува зазорното поради тоа што ja разоткрива границата помегу себството и другото како произведена и никогаш потполно сигурна, ja наога врската помегу зазорноста и ксенофобщата: „Денес другото не е толку различно од мене за да биде об]ект". Но, на ниво на практична свест, припадниците на групите кои не припагаат на доминантната група, се означувани како различни, па во „таа ситуацща, припадниците на зазорните групи можат да ja преминат границата на идентитетот на суб]ектот биде]ки дискурзивната свест нема да ги именува како потполно различни. Присутноста на тие другите, кои се однесуваат како да не знаат каде им е местото - статусот на ко] се осудени - ги загрозуваат аспектите на мо_|от систем на основна сигурност, мо_|от основен идентитет" ^анг 2005, 177-178).

Во Хотел Европа, едно од обракааата до публиката со кои се изразува зазорноста кон Другото, олицетворено во оние кои доагаат да живеат во обединета Европа, е она на ликот на Домарот: „Дегени! Курлиаа! Гнаси! Кретени! Педеришта! Скапаници паднати од Марс. Ка] да е ке до]де денот кога ке се разбудат мртви. Колку има наши невработени во зем]ава? Милиони. А владата дава покрив над глава и кеш-пари на секо]а будала што ке падне од небо. Ние се килавиме од работа да скрпиме кра] со кра], тие се сакаат веднаш, месено-обесено. Се котат ко скотови. Баздат-тру|ат. Никогаш не ни го учат ]азикот. Единствениот збор што

3 За промената на значеаата со кои се користи зборот зазор (аб]ект) по об]авувааето на делото на Jулиja Кристева, пишува Jaснa Котеска во делото Санитарна енигма: „И пред, и по книгата на Кристева, зборот abject во англиските речници значи само едно од двете нешта: презреното, подлото, ниското, нешто што има малку врска со физичката нечистотща, а повеке асоцира на морален, културен, социолошки пад. (...) Но, по англискиот превод на книгата на Кристева - иако речниците продолжща да ja регистрираат сеюудневната употреба на аб]ектот како негативен феномен - во естетиката, литературната наука, современата психоанализа и во родовите студии, аб]ектот почна да се ползува како сложена алатка за определуваае на еден специфичен, граничен феномен" (Котеска 2006, 46-47).

го знаат е да]. Да] стан! На ти стан! Да] бонови за храна! На ти бонови за храна! Да] сини картончиаа! На ти сини картончиаа! Да] телевизор во бо]а, не со екран 43 туку со 48! И се клештат ко стаорци со златни запчиаа! (Ги покажува тетоважите на рамената и рацете. Има неонацистички симболи.) Време е за нов крстоносен поход. Ако е за аир, доста беше! Се ближи денот за наплата на сметките! Има да течат реки крв. А кога то] ден ке до]де - сакам да сум спремен. ^кмаци мрсни! Ла]нар-делии! Горили. Хохштаплери. Пички. Гагации. Лишки. Фаци ко нужници. Не знаат дали да лижат или да пушат. Би и го опнале и на змща, само да има ко] да и ja држи главата!" (Стефановски 2010, 124).

Во Казабалкан, Jam, како тугинец, и припага на зазорната група, биде]ки не]зиното присуство во училиштето, сепак не ja дефинира ниту како потполно различна, ниту како иста - фасцинацщата на соучениците со играта на во]ната на re>ja таа ги учи, ужаснатоста и згрозеноста кои ги чувствува учителката од таа игра, говори за зазорот ко] го чувствуваат и едните и другите, кон неа. Фасцинацщата на Мик со водите, неговата потреба послано да оди како воен репортер од едно на друго воено жариште, е всушност фасцинацща со зазорната Другост, ко]а го привлекува, но и го ужаснува. Со зазорот е поврзана и неговата фасцинацща со Балканот, ко]а го тера да остане таму, како што вели самиот, „цела вечност", фасцинацща произлезена од немокта да ги сфати водите на Балканот, нивната крвавост и валканост, кои се елементи на зазорноста. Сепак, во Казабалкан зазорноста помегу групите е на]силно изразена помегу на]сличните, оние помегу кои постои на]мала разлика - оние кои се на Балканот. Tœ се неидентификувани, неименувани, се делат на Наши и на Нивни. За таа зазорност говори Гавро, преку сво]от однос кон сопругата, ко]а не ja именува ни како Нивна, ни како Наша, туку како Мелез, односно - „по ма]ка Наша, а по татко Нивна". Кога почнува во]ната, то] и дава електрична пила и бара од неа да го исече „поганиот дел од себе". Taa го прашува на ко] начин да го стори тоа: „Вертикално или хоризонтално? Или дщагонално? И ja на]дов осетливата точка. Ja оставив во опсадата, сосе керките. Потоа се обидов нив да ги извлечам. Одбща да до]дат" (Стефановски 2002, 400401). Константин, пак, поради искуствата кои во во]ната ги има поради оние на кои, по потекло, им припага, чувствува зазор не кон „другите", туку кон „своите": „Побараа од нас да се из]асниме дали сме Наши или Нивни. Можев просто да кажам - наш сум. Да кажам како се викам. Да им ja покажам личната карта. Ке ме пуштеа да си одам." Но то] им рекол дека не го разбира прашааето и дека одбива да им одговори. „Реков дека не сум Наш. Реков дека сум Нивен. (...) И ме опнаа со кундак по

глава. Юзга се освестив, бев во логор. Затворен со други Нивни. Имав време добро за сè да размислам. Ако сакав, тогаш можев да им кажам навистина ко] сум. Но бев ранет. Юзго да го молам за милост? Тие што ме ранща? Тоа ли се Моите? Тоа ли се тие Нашите? Ja^ Нашиот, бев во логор со Нивните! И видов што Нашите им прават на Нивните, затоа што тоа истото Нашите ми го направща мене" (исто 402-403).

Во Евроалиен, œroj од ликовите ко] се обидува да ja премине границата на обединета Европа, како и оние кои веке успеале да до_|дат во просторот на таа Европа, се соочува со зазорноста raja кон него ja чувствуваат припадниците на доминантната група, но едновремено тоа чувство се пренесува и на нив како зазорност кон самите себе, нajсилно изразена преку ликот на Виолончелистот, кога сфака дека и самиот, додека минува месеци во институцщата за азиланти, почнува да ги отелотворува негативните стереотипи кои важат за тугинците, а кои пред тоа не биле дел од него и од неговото однесуваае. Од овоj драмски текст, нajсилно изразено чувство на зазорност кон припадниците на другите култури чувствува ликот Доктор Евгенио, спецщалистот по Генетска чистота, опседнат од идejaтa дека живеат во опасен и загрозен свет, нападнат од „странски и туги вируси", roj верува дека со своите медицински практики и техники, насловени како: „Открщ го и прочисти го тугото во себе", може да го детектира и да го отстрани она за што е уверен дека е елемент од тугинецот roj навлегол во нечие тело.

Нajголeм дел од ликовите, во драмските текстови Kaзaбaлкaн, Евроалиен и Хотел Европа од Горан Стефановски, тргнале кон нeкоja друга зeмja, откако почувствувале дека нивната зeмja веке ги изгубила карактеристиките кои влиjaeлe на формирааето на нивниот сопствен идентитет и се претворща во ничща зeмja - мeнyвajки се, местата на кои живееле стануваат нeгaциja на нив самите и тие заминуваат дури и кога не се присилени на таков чин. Но и онаму каде што дошле, или онаму кон каде што тргнале, тие се соочуваат со места кои не им припагаат ним и каде што самите тие чувствуваат дека не припагаат. Тие се соочуваат со простор roj е нечща зeмja (тоа е, вообичаено, обединета Европа, како простор дефиниран наспроти останатиот дел од светот), roja ги отфрла, не сака да ги прими, а претставниците на бирократските институции им укажуваат дека се непожелни тугинци, непотребна другост. Наспроти ликовите кои бараат место каде што ке се чувствуваат дека припагаат, се оние ликови кои просторот го гледаат како територща што треба да им припага, односно да ja освоjaт и да ja искористат. Притоа, при нивните соочувааа со припадниците од доминантната група, се покажува неможноста од кохабитацща, односно коегзистенцща - тие постсуано

се соочуваат со тоа, другиот (припадникот на доминантната група) да ги редуцира на сопствената претстава за нив, што подразбира - да ги сведе на своите предрасуди, клишеа, стереотипи.

Литература:

Bojm, Svetlana. 2005. Buducnost nostalgije. Geopoetika: Beograd. Иригаре, Лис. „Дристапува&е кон другиот како кон друг" (од Помегу Истокот и Западот). Во: Компаративна книжевност. Прир.: Стсуменска-Елзесер, Соаа. Менора, Евро-Балкан Прес: Скоп|е. Стр. 279-284. Котеска, Jасна. 2006. Санитарна енигма. Темплум: Скопле. Kristeva, Julija. 1989. Moci uzasa. Naprijed: Zagreb. Said, Edward. 2001. Reflections on Exile. Granta Books: London. Seyhan, Azade. 2001. Writing Outside the Nation. Princeton University Press: Princeton, Oxford.

Стефановски, Горан. 2002. „Казабалкан". Во: Собрани драми, книга втора.

Табернакул: Скоп|е. Стр. 373-411. Стефановски, Горан. 2005. Приказни од Дивиот Исток. Табернакул: Скоп|е. Стефановски, Горан. 2010. „Евроалиен." Во: Собрани драми, книга трета.

Табернакул: Скоп|е. Стр. 31-84. Стефановски, Горан. 2010. „Хотел Европа." Во: Собрани драми, книга трета.

Табернакул: Скоп|е. Стр. 85-130. Young, Iris Marion. 2005. Pravednost i politika razlike. Naklada Jesenski i Turk: Zagreb.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.