Научная статья на тему 'ТОЛКОВЫЙ СЛОВАРЬ РУССКОГО ЯЗЫКА С ВКЛЮЧЕНИЕМ СВЕДЕНИЙ О ПРОИСХОЖДЕНИИ СЛОВ. ОТВЕТСТВЕННЫЙ РЕДАКТОР - Н.Ю.ШВЕДОВА М.: РАН, 1164 С.'

ТОЛКОВЫЙ СЛОВАРЬ РУССКОГО ЯЗЫКА С ВКЛЮЧЕНИЕМ СВЕДЕНИЙ О ПРОИСХОЖДЕНИИ СЛОВ. ОТВЕТСТВЕННЫЙ РЕДАКТОР - Н.Ю.ШВЕДОВА М.: РАН, 1164 С. Текст научной статьи по специальности «Языкознание и литературоведение»

CC BY
179
20
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Аннотация научной статьи по языкознанию и литературоведению, автор научной работы — Емил Ниами

Во 2007 година руската лексикографија беше збогатена со уште еден толковен речник, на кој веќе подолго време се чекаше. Во издание на Руската академија на науките и уметностите излезе „Толковен речник на рускиот јазик (со вклучени забелешки за етимологијата на зборовите)“, чиј автор е академик Наталија Јуљевна Шведова. Во изработката на речникот учествувале и д-р Л. В. Куркина во делот на етимолошките белешки за старите зборови и заемките до осуманаесеттиот век, а етимолошките белешки за заемките од 18 до 20 век и за интернационализмите се погрижил д-р Л. П. Крисин.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «ТОЛКОВЫЙ СЛОВАРЬ РУССКОГО ЯЗЫКА С ВКЛЮЧЕНИЕМ СВЕДЕНИЙ О ПРОИСХОЖДЕНИИ СЛОВ. ОТВЕТСТВЕННЫЙ РЕДАКТОР - Н.Ю.ШВЕДОВА М.: РАН, 1164 С.»

ЗА ТОЛКОВНИОТ РЕЧНИК НА РУСКИОТ JАЗИК ОД НАТАЛША JУ.ЪЕВНА ШВЕДОВА

ТОЛКОВЫЙ СЛОВАРЬ РУССКОГО ЯЗЫКА С ВКЛЮЛЕНИЕМ СВЕДЕНИЙ О ПРОИСХОЖДЕНИИ СЛОВ. ОТВЕТСТВЕННЫЙ РЕДАКТОР - Н.Ю.ШВЕДОВА М.: РАН, 1164 С.

Во 2007 година руската лексикографща беше збогатена со уште еден толковен речник, на ко] веке подолго време се чекаше. Во издание на Руската академща на науките и уметностите излезе „Толковен речник на рускиот ]азик (со вклучени забелешки за етимологщата на зборовите)", чщ автор е академик Наталща Jу.шевна Шведова. Во изработката на речникот учествувале и д-р Л. В. Куркина во делот на етимолошките белешки за старите зборови и заемките до осуманаесеттиот век, а етимолошките белешки за заемките од 18 до 20 век и за интернационализмите се погрижил д-р Л. П. Крисин.

Во оваа прилика ке се обидеме накусо да го претставиме ова лексикографско изданще, со цел подобро запознаваае на корисниците за начинот на ко] е составен ово] речник, како и за неговата употреба.

Бесмислено е да се зборува за ово] Толковен речник, без да се разгледа неговиот претходник - „Толковниот речник на рускиот ]азик" од С. И. Ожегов и Н. J. Шведова, ко] до денес е на]популарниот од сите речници на современиот руски ]азик.

За првпат речникот се по]авува во 1949 година, а како автор се ]авува Серге] Иванович Ожегов, ко] воедно е и еден од авторите - составувачи на познатиот „Толковен речник на рускиот ]азик" под редакцща на Д. Н. Ушаков. Речникот на Ожегов многу бргу се нашол на полиците во руските домови и се здобил со признание од огромен бро] читатели. По неполни три години, во 1952, излегува од печат второто издание, кое забележливо се разликува од првото, а по само една година излегува и третото издание со исправки и дополнувааа. Во 1960 година речникот доживува и четврто издание, кое било уште побогато и преработено од страна на авторот. По смртта на С. И. Ожегов работата околу речникот и била доверена на Наталща Jулевна Шведова1. Пред сво]ата смрт Ожегов испратил писмо до издателството „Советска]а енциклопедща" со кое й соопштил дека то] смета оти е невозможно речникот да се издава стереотипно и оти планира негово суштествено обновуваае и дополниваае. Следните три изданща на речникот биле стереотипни, а деветтото од 1972 година било дополнето и исправено. Како автор на ова издание бил потпишан Ожегов, а Н. J. Шведова се ]авува како редактор и коавтор. Од 1972 до 1991 година излегле вкупно 14 изданща на ово] речник: од 10-тото до 12-тото; од 14-тото до 15-тото, од 17-тото до 20-тото издание речникот бил стереотипаен; 13-тото од 1981 година и 16-тото од 1984 година биле издадени со исправки; 21-тото од 1989 година било преработено и дополнето, а 22-тото и 23-тото издание биле стереотипни. Во ово] период обемот на зборови пораснал од 57 на 70

1 Н. J. Шведова била уредник-лексиколог при изработката на второто издание на истиот речник.

шдади, при што се зголемувал корпусот на речникот, бил зголемен описот на семантичката структура на многузначните зборови, бил збогатен илустративниот дел, биле посочувани фразеолошките врски и кругот на на]блиските производни зборови.2 Во 1992 година на свет се по]авило 24-тото издание на речникот. Ова издание е изменето и дополнето и по обемот се разликува од сите претходни. Во 1994 година излегува 25-тото во кое се направени 800 дополнувааа, кои се однесуваат на толкувааето на зборовите, фразеологизмите или составот на гнездото. Во ова издание се внесени и лексички измени, кои дотогаш се случиле во рускиот ]азик.3 26-тото издание на речникот е отпечатено во 1995 година и е стереотипно. 27-тото издание, односно четвртото издание на новиот речник (на 24-тото издание) излезе во Москва во 1997 година. Во предговорот кон ова издание Н. J. Шведова истакнува дека разликата се состои во „...дополнувааето со поголемо количество зборови и фразеологизми, исто така и одделни, порано не одбележани, значена на внатрешната семантичка структура на многузначните зборови; дополнувааа што се однесуваат на самиот корпус на речникот, а исто така и на значена на зборови и на фразеолошки изрази, кои порано не биле претставени во речникот, а кои влегуваат во илустративниот дел на статиите, а нивниот бро] е повеке од 3000 единици." Ова издание се разликува од сите претходни и по тоа што во него се вклучени и граматички (морфолошки) табели, составени според двотомната академска „Руска граматика" од 1980 година. Оттогаш речникот посщано се реиздава како стереотипно издание.

Во 1990 година Толковниот речник на рускиот ]азик од С. И. Ожегов и Н. J. Шведова бил награден со наградата „Александар Срегеевич Пушкин" од страна на Руската академща на науките, тогашна Академща на науките на СССР, што всушност претставува на_|големо научно признание од областа на науката во Русща и во поранешниот Советски ОДуз.

Речникот самиот по себе има за цел да ]а прикаже и покаже правилната употреба на зборовите, правилното образуваае на нивните форми, ортоепщата и ортографщата, односно речникот има нормативен карактер. Изборот на лексиката во него е направен по мошне строг принцип за разлика од другите толковни речници на рускиот ]азик (Толковен речник на рускиот ]азик под редакцща на Д. Н. Ушаков; Големиот и Малиот академски речник на рускиот ]азик). Сето ова е направено со цел да се добие компактен еднотомен речник, па затоа е избран и гнездовиот принцип на составуваае. Ова правило било примарно и за Толковниот речник на Н. J. Шведова.

Во речникот на рускиот ]азик на Н. J. Шведова не се вклучени спецщализми, кои се всушност длабокопрофесионални термини од определена област на науката и техниката и со кои се користат само припадници на една или неколку професии. Исклучок од ова правило се

2 Н. J. Шведова - предговор кон „Толковниот речник на рускиот ]азик"-С.И.Ожегов и НЛ.Шведова, Москва, 1997, стр. 3.

3 Н. J.Шведова - Предговор кон второто издание; „Толковен речник на рускиот ]азик"- С. И. Ожегов и H.J. Шведова, Москва, 1997, стр. 5.

оние професионализми кои во своето значеае се тесно поврзани со друго значеае на истиот збор, при што се помага подобро да се об]асни истиот, а исто така и кога станува збор за хомоними, при што нивното толкуваае е неизбежно поради диференцщацща и избегнуваае на погрешно сфакаае и употреба на определен збор. Затоа, во речникот не се срекаваат условни картенки што означуваат определена наука или дел од неа (на пример физ. за физика), туку за сите овие зборови е определена кратенката проф. (професиональное). Исто така, во речникот не се вклучени и дщалектизми, освен во случаи кога тие се широко распространети во литературниот ]азик, па со тоа нивното толкуваае станува неизбежно. Во речникот не се вклучени ниту разговорни зборови со изразена груба нщанса. Во првите изданща на речникот на С. И. Очегов и Н. J. Шведова биле избегнувани и зборови од разговорната лексика (од типот на шлюха, мурло, буркалы), кои се означени како зборови со груба нщанса, но во подоцнежните изданща тие биле вклучени во речникот и за нив се употребува условната кратенка груб. (грубое) [грубо], додека во речникот на Н. J. Шведова за овие зборови стои забелешката бран./прост. (бранное/просторечие, просторечное) [погрдно/субстандарден]. Старата и застарената лексика, ко]а излегла од употреба и за ко]а авторката сметала дека е непотребна од гледна точка на современиот руски ]азик исто така не е вклучена во речникот, биде]ки со историскиот разво] на ]азикот се формирале нови зборови, кои станале мошне цврста замена за застарените. Како последна група зборови ко]а не влегла во составот на толковниот речник на Н. J. Шведова се сопствените именки од секо] вид - лични, географски, како и имиаа на институции и слично, освен ако не влегуваат тие во составот на определена фразеолошка единица како незаменлив дел од неа.

Поради намалуваае на обемот на речникот во поголем бро] случаи определени зборови се наогаат во гнездото на нивниот основен збор од ко] тие се произведени.

Според тоа апстрактните именки образувани со наставките -ость, -ство, -изна се поместени во гнездото на придавките од кои тие се добиени: достижмость во гнездото на придавката достижимый; дородство во гнездото на дородный итн. Именките, пак, добиени од глагол со 0-суфикс и со суфиксите -ние (-ание, -ение), -тие, -ка, -ация кои означуваат де]ство се сместени во гнездото на соодветниот глагол: списание во гнездото на глаголот списать; поседение во гнездото на глаголот седеть; кристаллизация во гнездото на кристаллизовать итн. Деминутивите добиено со различни суфикси се наогаат ка] основниот глагол, па така деминутивните именки рученька и ручонка се наогаат ка] именката рука, додека за деминутивната именка ручка2 постои упатница кон именката рука. Именките од женски род што означуваат професии или занимала се наогаат во гнездото на соодветните именки од машки род од кои тие се изведени: проектировщика во гнездото на именката проектировщик; водительница во гнездото на водитель итн. Односните придавки, пак, добиени од глаголи или од именки што укажуваат на де]ството или на предметот, се наогаат во гнездото на соодветниот глагол или именка: гриппозный во гнездото на именката грипп; клельный ка] глаголот клеить. Редните броеви, пак, се наогаат

во гнездото на количествените броеви од кои тие се произведени: двенадцатый во гнездото на количествениот бро] двенадцать. Ислучок од ова правило се редните броеви первый и второй, кои се дадени во посебно гнездо, при што ка] нив се забележува повекезначност, а првото толкуваае упатува кон соодветните количествени броеви один и два. Глаголските парови што се разликуваат по признакот свршен-несвршен, а ка] кои не постои никаква семантичка разлика освен видот се поместени во едно гнездо, при што произведениот глагол се наога во статщата на глаголот од ко] то] е изведен без разлика дали станува збор за свршен или несвршен глагол: несвршениот глагол выражать се наога во гнездото на свршениот глагол выразить, свршениот глагол задрапировать во гнездото на несвршениот глагол драпировать. Во однос на повратните глаголи ка] кои де]ството се врши врз самиот извршител во толковниот речник на Ожегов и Шведова беа дадени ка] соодветниот неповратен глагол од кои се изведени: повратниот глагол бриться е даден во гнездото на глаголот брить. Во речникот на Н. J. Шведова тие се дадени одделно. Именките што означуваат припадност на народ или нацща се дадени во множина и за нив е дадена дополнителна наставка за еднина машки род, додека женскиот род отсуствува. Така именкате македонец односно наставката -нец се наогаат во гнездото на множинската форма македонцы.

Толкувааата во речникот се сосема кратки и прецизни, доколку толкувааето на зборот го дозволува тоа. Па, така, обично се наидува на толкувааа како на пример: гвалт - крик, шум или наслаждение - высшая степень удовольствия. Поподробни толкувааа и об]ансувааа се даваат само во оние случаи кога кратеаето на толкувааето би му наштетило на смислата на зборот: диктофон - прибор для магнитной записи и последующего воспроизведения устной речи. Мошне често зборовите се об]аснуваат и преку нивните синоними: отварной - вареный (со дополнуваае: приготовленный кипячением); незлобивый - кроткиы, добродушный итн.

Толковниот речник на Н. J. Шведова има и разработен систем на толкуваае на групите на зборови. Така, именките се дадени во номинатив, еднина, а по нив е дадена наставката за генитив во еднина, потоа родот на именката, а ако постои отстапуваае или тешкотща при деклинацщата се дадени и наставките за останатите падежни форми. Исклучок од ова правило се именките кои немаат еднинска форма или именките што главно се употребуваат во множинска форма. Тоа се примери од типот: ножницы, брюки или, пак, бубенцы. Доколку именката се однесува и на машки и на женски род тогаш до неа е запишано м. и ж. како што е примерот со именката болтушка или, пак, со второто значеае на именката умница. Ако станува збор за именка ко]а не се деклинира до именката е дадена забелешка нескл., на пример: пальто - нескл., ср. Ка] збирните именки од типот студенчество, дубняк и други, се дава забелешка дека станува збор за збирна именка со кратенката собир.

Придавките се дадени во номинатив, еднина во машки род и тоа со нивната долга форма, освен доколку не се работи за погоре наведениот случа] кога станува збор за односни придавки добиени од глагол или

именка. Придавките што имаат и долга и кратка форма се претставени на следниов начин: чёрствый, -ая, -ое; чёрств, черства, чёрство, черствы и чёрствы. Компаративот и суперлативот се даваат во самото гнездо доколку тие отстапуваат од правилото за нивно образуваае во рускиот ]азик. Па, така имаме примери од типот: высокий, -ая, ое; -ок, -ока, -око и -око; выше; высочайший.

Заменките што се деклинираат се дадени во номинатив и ако имаат форми за род, покра] машкиот се приведуваат и падежните форми на останатите родови.

Количествените броеви, пак, се дадени во номинатив, формата за генитив, а исто така и формите за другите падежи ако, ка] то] бро], се забележува отстапуваае од вообичаениот начин на деклинираае или, пак, доколку постои разлика во акцентируете. Како што веке напоменавме погоре редните броеви се дадени во гнездото на количествените со исклучок на первый и второй.

Глаголите, како посебна категорща, се даваат во инфинитив. Зад инфинитивот се приведуваат формите по лица и родови, во еднина и множина за сегашно време ка] глаголите од несвршен вид или за идно просто ка] глаголите од свршен вид. Доколку од соодветниот глагол не се образува форма за прво лице еднина, тоа се наведува и се дава само второто лице еднина. Во гнездото, покра] овие информации, исто така, се дава забелешка за тоа дали станува збор за свршен или за несвршен глагол со кратенките сов. и несов. Понатаму, ако постои потреба за тоа, се дадени и соодветните прашааа кои укажуваат на тоа ко] падеж од именката е потребен: кого-чего за генитив, кому-чему за датив, кого-что за акузатив, кем-чем за инструментал и о ком-о чём за локатив.

Прилозите и предикативите на другите зборообразувачки видови се даваат во одделни гнезда со свои граматички карактеристики и со свое толкуваае. Исклучок од ова правило се прилозите изведени од придавка, а кои завршуваат со наставките -о, -ски или оние добиени со префикаслно-суфиксалниот начин по-...-ски.

Што се однесува до ортографщата и ортоепщата, речникот се заснова на истите два извора како и толковниот речник на Ожегов и Шведова, односно на "Правилата на руската ортографща и пунктуацща" од 1956 и "Ортографскиот речник на рускиот ]азик" од 1989 година. Потребно е да се додаде дека во речникот на Шведова од 2007 година се направени и извесни корекции во однос на ортографщата, а кои се должат на разво]от на современиот руски ]азик. Правоговорот и правописот во рускиот ]азик се тесно поврзани, така што правоговорт произлегува од правописот, а во случаи кога авторката сметала дека постои проблем со ортоепщата како дополнуваае дава и транскрипцща на соодветниот збор.

Акцентот, пак, ко] е особено важн во рускиот ]азик, освен на заглавните зборови е даден и во дополнителните информации приложени во гнездото, а кои се однесуваат на соодветниот збор. Акцентот се дава одделно со знакот ' со што то] е забележлив уште во првиот момент. Доколку ка] одреден збор постои дво]но акцентираае, дадени се и двата типа: творог и творог.

Во еднотомниот речник на рускиот литературен ]азик на Н. J. Шведова многузначноста на зборовите е претставена како и ка]

останатите толковни речници, при што не постои никаков посебен знак за одделуваае на нщансите според ко] се разликува зборот. Метафорите се даваат во загради при што се употребува кратенката перен. (переносное -преносно значеае).

Што се однесува до системот употребен за условните кратенки во речникот можеме да кажеме дека то] е навистина едноставен. За стилското разликуваае на зборовите се употребуваат следниве кратенки: бран. (бранное - погрдно); высок. (высокое - висок стил); груб. (грубое -грубо); ирон. (ироническое - иронично); книжжн. (книжное - книжевно); ласк. (ласкательное - нагалено); офиц. (официальное - офицщално); презр. (презрительное - презирливо); пренебр. (пренебрежительное -потценувачки); проф. (професиональное - професионализам); разг. (разговорное - разговорен стил); устар. (устарелое - застарено); шутл. (шутливое - духовито, смешно). На почетокот на речникот е даден и список на сите употребени условни кратенки.

Илустративните примери се мошне кратки и обично тие се дадени како дел-реченица. Во наколем бро] случаи тоа се примери на авторката, но исто така посщат и примери од литературата, при што не е укажан нивниот извор.

Што се однесува до фразеологщата, може да се смета дека еднотомниот речник на рускиот литературен ]азик на Н. J. Шведова е богат со фразеологизми. Авторката во голем бро] гнезда создала фразеолошки дел во ко] ги сместила фразеологизмите. Овие делови се означени и одделени од останатиот дел на гнездото со знакот ◊ и се одделени со здебелени букви. Покра] секо] фразеологизам постои и кратко толкуваае за него.

Особено место при описот на ово] толковен речник на рускиот ]азик заслужуваат хомонимите. За разлика од речникот на Ожегов и Шведова, во ово] речник авторката прави ]асно разграничуваае помегу повекезначноста и хомонимщата, така што речникот е мошне полезен и за изнаогаае хомонимиски парови.

На кра]от треба особено да се одбележи делот ко] се однесува на етимологщата на зборовите. Авторката во сво]от предговор дава по]аснуваае дека станува збор за „посебен жанр на речник - толковно-етимолошки". Етимологщата е дадена ка] зборот-матрица, така што се заштедува простор, со цел компактност на речникот. Об]аснува&ата се следат како и во останатите етимолошки речници, но сепак во збиена форма, ко]а е доволна за запознаваае со етимологи]ата.

Останува да се додаде дека за подетален опис на речникот е потребно подолго време, односно негова подолга практична примена. Сепак, претставува голема радост и огромно задоволство да се работи со вакво лексикографско издание, кое нуди големи можности и врз основа на кое може да се добщат навистина полезни знаеаа за богатството на еден, во случарв, рускиот ]азик.

Ниами Емил

Московски државен универзитет М. В. Ломоносов

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.