Научная статья на тему 'THE NOUN PHRASE WITHIN THE LIGHT VERB CONSTRUCTIONS FROM A SYNTACTIC AND SEMANTIC POINT OF VIEW'

THE NOUN PHRASE WITHIN THE LIGHT VERB CONSTRUCTIONS FROM A SYNTACTIC AND SEMANTIC POINT OF VIEW Текст научной статьи по специальности «Языкознание и литературоведение»

CC BY
56
12
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
NOUN PHRASE / LIGHT VERB CONSTRUCTIONS / NOMINALIZATION / ИМЕНСКА СИНТАГМА / ПЕРИФРАСТИЧНИ ПРЕДИКАТИ / НОМИНАЛИЗАЦИјА

Аннотация научной статьи по языкознанию и литературоведению, автор научной работы — Stojanovska-ilievska Nataša

Во овој труд се дискутира именската синтагма (ИС) во рамките на перифрастичните предикати (ПП) од синтаксички и од семантички аспект. Од синтаксичка гледна точка, со серија тестови и низ примери од англискиот и македонскиот јазик, се покажува дека ИС во ПП функционира како директен објект. Од друга страна, пак, иако номинализацијата во ПП може да се третира како nomen actionis, сепак се чини декa понекогаш има основа оваа именка да се категоризира како резултативна девербативна именка (т.е. именка која е поблиска до концептот nomen acti отколку до nomen actionis). Семантичката улога на аргументот во позиција на ДО ја обележуваме со терминот прототрпител, но треба да се води сметка дека некои аргументи се поблиски, а други се подалечни од прототипот за трпител.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

ИМЕНСКАТА СИНТАГМА ВО ПЕРИФРАСТИЧНИТЕ ПРЕДИКАТИ ОД СИНТАКСИЧКИ И ОД СЕМАНТИЧКИ АСПЕКТ

This paper discusses the noun phrase (NP) within the light verb constructions (LVCs) from a syntactic and semantic point of view. From a syntactic point of view, by applying a series of tests and citing examples from English and Macedonian, it was demonstrated that the NP within the LVCs functions as a direct object. On the other hand, although the nominalization within the LVCs can be treated as nomen actionis, it seems that sometimes there are grounds to treat this noun as a resultative deverbal noun (i.e. a noun which is closer to the concept of nomen acti than to that of nomen actionis). The semantic role of the argument in DO position is regarded as proto-patient, but it should be taken into account that some arguments are closer to, while others are more distant from the prototypical patient.

Текст научной работы на тему «THE NOUN PHRASE WITHIN THE LIGHT VERB CONSTRUCTIONS FROM A SYNTACTIC AND SEMANTIC POINT OF VIEW»

Philological Studies 16, 2, (2018) 184-197

Стручен труд

УДК: 811.163.3'367.332.2

ИМЕНСКАТА СИНТАГМА ВО ПЕРИФРАСТИЧНИТЕ ПРЕДИКАТИ ОД СИНТАКСИЧКИ И ОД СЕМАНТИЧКИ

АСПЕКТ

Наташа Сто^ановска-Илиевска

Филолошки факултет „Блаже Конески " Универзитет „ Св. Кирил и Memoduj " во Скопле, Македонка

Key words: noun phrase, light verb constructions, nominalization

Summary: This paper discusses the noun phrase (NP) within the light verb constructions (LVCs) from a syntactic and semantic point of view. From a syntactic point of view, by applying a series of tests and citing examples from English and Macedonian, it was demonstrated that the NP within the LVCs functions as a direct object. On the other hand, although the nominalization within the LVCs can be treated as nomen actionis, it seems that sometimes there are grounds to treat this noun as a resultative deverbal noun (i.e. a noun which is closer to the concept of nomen acti than to that of nomen actionis). The semantic role of the argument in DO position is regarded as proto-patient, but it should be taken into account that some arguments are closer to, while others are more distant from the prototypical patient.

Клучни зборови: именска синтагма, перифрастични предикати, номинализацщ а

Резиме: Во 0B0j труд се дискутира именската синтагма (ИС) во рамките на перифрастичните предикати (ПП) од синтаксички и од семантички аспект. Од синтаксичка гледна точка, со серща тестови и низ примери од англискиот и македонскиот ]азик, се покажува дека ИС во ПП функционира како директен об]ект. Од друга страна, пак, иако номинализацщата во ПП може да се третира како nomen actionis, сепак се чини дега понекогаш има основа оваа именка да се категоризира како резултативна девербативна именка (т.е. именка ко]а е поблиска до концептот nomen acti отколку до nomen actionis). Семантичката улога на аргументот во позицща на ДО ]а обележуваме со терминот прото-трпител, но треба да се води сметка дека некои аргументи се поблиски, а други се подалечни од прототипот за трпител.

1. Вовед

Во oBoj труд се дискутира именската синтагма (ИС) во перифрастичните предикати (ПП), како нивна суштинска компонента, од синтаксички и од семантички аспект. За потребите на ово] труд, ПП се дефинираат како комбинации од синсемантички глагол (СГ) и (од)глаголска именка што е семантички блиска до концептот nomen actionis (Тополиаска, 1982: 36; Allerton, 2002: 115). Токму ваквата (од)глаголска именка претставува семантичко ]адро на конструкцщата. Именката што влегува во состав на ПП (т.е. номинализацщата) се изведува по пат на суфиксацща или конверзща/нулта деривацща1 од соодветниот автосемантички глагол. ПП чща именска компонента е резултат на конверзща се прототипските примери за ПП во англиската литература, биде]ки нив ги анализираат сите автори кои се занимаваат со оваа проблематика. За разлика од тоа, има автори кои од своите истражувааа ги изземаат именките што се изведуваат со деривациски суфикси.

Во англистиката, за ПП се употребуваат следниве термини: stretched verb constructions (Allerton, 2002: 6) expanded predicates (Algeo, 2006: 269), complex predicates (Brinton, 2011: 560; Traugott, 1999: 240), support verb constructions (Krenn & Erbach, 1993: 365), composite predicates (Brinton & Traugott, 2005: 66) и др. Наспроти тоа, во славистиката се употребуваат блискозначните термини декомпониран предикат (Радовановик, 1977: 53), перифрастичен предикат (Миркуловска, 1991: 1, Лазик-Коаик, 2006: 219), перифрастичен предикатски израз (Тополиаска, 1982: 36), аналитичка (предикатска) конструкци/а (Ивик, 1988: 1), вербо-номинална структура (Чашуле, 1989: 196) и др.

2. Именската синтагма во ПП од синтаксички аспект

Од синтаксичка гледна точка, именската синтагма (ИС) во составот на перифрастичните предикати (ПП) ]а зазема (и ]а блокира) позицщата на директен об]ект (ДО). Генерално, лингвистите кои ги проучуваат ПП имаат заеднички став по ова прашаае (Huddleston & Pullum (2002: 290), Минова-Гуркова (2000: 189), Чашуле (1989: 196). Тополиаска (1995: 37) смета дека во ПП, номинализацщата-тежиште

1 Според англиската традицща, конверзщата/нултата деривацща се сфака како премин на една лексема од една во друга зборовна група, без никаков морфолошки показател за тоа. На пр. to walk > a walk (Crystal, 2008: 114).

на предикацщата главно се формализира како директен об]ект, но и дека има примери каде што тоа не е случа] (е на мислепе, има на ум и сл.). Слично, и Алертон (Allerton, 2002: 6) дозволува и предлошки об]ект како дополнение на синсемантичкиот глагол во ПП образувани според неговата Структура 5 (provide sb with aid, put sb under arrest), но во ово] труд, фокусот е на конструкциите составени од синсемантички глагол (СГ) + именска синтагма (ИС) во функцща на ДО, што одговара на неговата Структура 6.

Дека ИС во овие ПП функционира како ДО, се поткрепува со следните агрументи:

а) Според позицщата на ИС во реченицата, во стилски необележениот

збороред, оваа ИС директно следи по глаголот (т. е. глаголскиот дел на ПП) во реченицата и таа не се воведува со предлог.

б) При пасивизацща, ИС од ПП од активната реченица се авансира во подмет на пасивната реченица, додека суб]ектот од активната реченица се деградира до компонента на предлошка синтагма ко]а може да се испушти. Ова се илустрира со примерот (1) за англискиот ]азик и примерот (2) за македонскиот ]азик.

(1) The NGO performed a detailed analysis of the situation.

A detailed analysis of the situation was performed by the NGO.

(2) Невладината организацща изврши детална анализа на

ситуацщата.

Детална анализа на ситуацщата беше извршена од страна на невладината организацща.

Сепак, мора да се спомне дека пасивизацщата не е достапна за сите ПП, а ова првенствено се однесува на англиските ПП со глаголот have (па и македонските ПП со има), како монотранзитивен глагол ко] не дозволува пасивизацща ниту во неговата полнозначна употреба.2

в) ИС во ПП може да се замени со акузативна заменска форма, односно заменска форма за директен об]ект. Во примерот (3),

2 Quirk (1985: 735-736, 1177). Во принцип, во литературата, транзитивноста на have e дискутабилна, а воедно и статусот на именката што следи по ово] глагол. Посто]ат и аргументи кои одат во прилог на неговиот статус на транзитивен глагол, како што е фактот дека именката ко]а следи по ово] глагол може да се замени со акузативна заменска форма, со што се потврдува дека и именката ко]а следи по глаголот have има статус на директен об]ект. Бенвенист (Benvenist, 1975: 151) смета дека аvoir (има) синтаксички има конструкцща на преоден глагол, но сепак го смета за псевдотранзитивен глагол, биде]ки семантички не се забележува однос на преодност и следствено нема погоденост на вториот аргумент.

заменката it (Koja има идентична форма за номинатив, датив и акузатив) е употребена како директен об]ект (т.е. во сво]ата акузативна форма) од следниве причини:

- Номинативната форма е резервирана за позицщата на суб]ект, а оваа реченица има суб]ект претставен со номинативната заменка за машки род he.

- It не може да е во дативна форма, биде]ки, во случаев, дативната релацща е веке изразена со аналитичката дативна конструкцща (to her).

- Заменката it e употребена анафорски и се однесува на encouragement.

Од сево ова, може да се заклучи дека именката во ПП give encouragement функционира како директен об]ект.

(3) She needed encouragement, and he gave it to her. (KCAA)3

Слична е состо]бата и во македонскиот ]азик, како што се гледа од следниот пример.

(4) Не, за такво понижение ]ас немам овластуваше, нико] не ми го дал, ниту да го примам можам понудено ако ми е. (EKMJ)4

Во примерот (4), по реконструкцщата на елипсата, втората реченица би гласела 'нико] не ми го дал [тоа овластуваае]', односно, кратката заменска форма за директен об]ект го се однесува на именката во ПП дава овластувапе, што значи дека и самата именка во ПП е употребена како ДО.

Во македонскиот ]азик, ова се докажува и при самото удво]увашг на директниот об]ект, како во примерот (5), во ко] кратката заменска форма за ДО ja се однесува на именката во ПП дава поддршка, што значи дека самата именка е со функцща на ДО.

(5) ...сакам да ja дадам MojaTa поддршка за донесуваае на ово] закон. (EKMJ)

3 КСАА = Корпус на современиот американски англиски ]азик (Corpus of Contemporary American English - СОСА).

4 Електронскиот корпус на македонскиот ]азик (EKMJ) содржи 1,2 милиони зборови и опфака балансиран избор на текстови на современ македонски ]азик. Поставен е на серверот на Универзитетот во Осло, Норвешка.

г) ИС во ПП е подложна на релативизацща, при што релативниот сврзувачки збор е во акузативна форма. Во (6), релативната заменка which/that е испуштена во релативната реченица (...each single decision and action [that/which] you took...), што е опцща дозволена само во случа] заменката да се однесува на именка ко]а функционира како ДО, што значи дека именката во take a decision и take action се употребува како ДО.

(6) In identifying this contribution, make sure you are 100 per cent clear about how each single decision and action you took related to profit. (БНК)5

Во македонскиот ]азик, пак, како релативен оператор се ]авува што, кое може да врши само функцща на подмет и ДО во зависната релативна реченица. Во релативната реченица (...што го даде Т. П. ...) во примерот (7) Т.П. е подмет, а релативната заменка што се однесува на предлогот и е употребена во функцща на ДО, што е поткрепено и со присуството на кратката заменска форма за директен об]ект го. Сево ова укажува на тоа дека именката во ПП даде предлог се употребува како ДО.

(7) ...би било добро да го прифатите предлогот што го даде Т.

П. да се прекине седницата ... (EKMJ)

Од приложеното видовме како синтаксичките тестови потврдуваат дека во ПП станува збор за ИС во синтаксичка позицща на ДО, но и дека статусот (т.е. погоденоста) на ИС што функционира како ДО во ПП е скаларен, заради што некои ПП се подложни на пасивизацща, а други не.

Притоа, важно е да се одбележи дека номинализациите во состав на ПП не треба да се разгледуваат изолирано, туку како сегменти од именски синтагми (ИС) кои имаат номинализацща како именка-центар. Посебно се интересни оние ИС кои содржат и други рефлекси од предикатско-аргументската структура на жудовниот

5 Британскиот национален корпус (БНК) претставува корпус од текстови на британски англиски ]азик ко] содржи околу 100 милиони збора и е временски ограничен на периодот помегу 1980 - 1993 година. Содржината на ово] корпус е рамномерно распределена помегу повеке категории: говорен ]азик, проза, популарни списанща, весници, академски текстови и друго.

предикат. За нив, во англискиот ]азик, освен терминот nominalization6 (Quirk et al. 1985), се користи и терминот action nominal (Comrie and Thompson, 2007: 343) или аction nominal construction (Koptjevskaja-Tamm, 1993: 5). Дискутира]ки ги начините на кои се акомодираат аргументите на жудовниот глагол кон синтаксата на номинализацщата, би можело да се каже дека врз матерщал од десетина светски ]азици, Копт]евска]а-Там (1993) укажува на големата распространетост на моделот, според ко] суб]ектот и об]ектот на жудовниот глагол се реализираат како генитивни ИС. Ова тврдеае е валидно и за англискиот и за македонскиот ]азик. Во англискиот ]азик, кога се реализираат и двата аргумента на жудовниот глагол, суб]ектот се реализира како синтетички 's-генитив, додека об]ектот како аналитички of-генитив, но можна е и редукцща на неко] од аргументите. Освен на ово] начин, агенсот може да се изрази и преку предлошка синтагма со предлогот by, исто како и во пасивните реченици. Паралелно на ова, на македонска страна, агенсот може да се реализира во предлошка синтагма со сложениот предлог од страна на.

Според Гримшо (Grimshaw, 1990: 120,138) и Алексиаду (Alexiadou, 2001: 10), аргументската структура на жудовниот глагол ]а наследуваат само процесуалните номинализации, кои воедно бараат и задолжителна реализацща на своите аргументи. За разлика од тоа, според овие две авторки, резултативните номинализации ниту можат да се толкуваат како настани, ниту имаат аргументска структура. Ка] ваквите именки, во поголема или во помала мера, глаголот што аспектуално спага во глаголи на постигнуваае7, се опредметува.

6 Поточно, според Квирк и др. (Quirk et al., 1985:1288), под номинализацща се подразбира именска синтагма ко]а воспоставува систематско соодветство со структурата на неко]а реченица.

7 Според Вендлеровата класификацща на глаголите (Vendler, 1967: 107), глагол на постигнуваае (англ. accomplishment) е глагол што означува телично тра]но де]ство, на пр. make a chair, explain the situation и сл. Вендлер ги класифицира глаголските де]ства во четири категории: состо]би, активности (де]ства без инхерентна кра]на точка, т.е. ателични де]ства), остварувааа (телични моментални де]ства, англ. achievеments) и постигнувааа (телични тра]ни де]ства, англ. аccomplishments). Иако Вендлеровата класификацща, начелно, се однесува на глаголите, сепак повеке прави смисла аспектуалната класификацща да се однесува на цели глаголски синтагми (VP) биде]ки аспектуалната карактеристика на глаголот зависи и од изборот на глаголските дополенща. Вo оваа смисла, еден ист глагол може да се употреби во различни аспектуални класи, во зависност од сво]ствата на аргументот во позицща на ДО (He ate the apple (in 5 minutes) телична интерпретацща, He ate apples (for 5 minutes) - ателична интерпретацща. На ово] начин, ]а согледуваме поврзаноста на

Синтаксичкиот статус на ваквите одглаголски именки се приближува кон статусот на неизведените именки што означуваат имиаа на матерщални предмети. Дщагностичките тестови на Гримшо (1990) за разграничуваае на процесуалните од резултативните именки ги откриваат генералните тенденции ка] двата типа именки, за кои, секако, посто]ат и исклучоци.

3. Именската синтагма во ПП од семантички аспект

И покра] тоа што лингвистите, генерално, сметаат дека номинализацщата во ПП може да се третира како nomen actionis, сепак, се чини де^ понекогаш има основа оваа именка да се категоризира како резултативна девербативна именка (т.е. именка ко]а е поблиска до концептот nomen acti отколку до nomen actionis). Ситуацщата се усложнува и со фактот што голем бро] од резултативните именки во англискиот ]азик имаат и свое процесуално толкуваае (Grimshaw 2011:1298). Но ка] нив, всушност, резултативното значеае се развива секундарно, врз основа на примарното процесуално значеае. Истата констатацща важи и за македонскиот ]азик. Со други зборови, некои nomina actionis семантички се развиваат „во правец на поголема опредметеност, односно напуштаае на класата nomina actionis во полза на класата nomina acti' (Тополиаска 2003: 14). Тоа се гледа од примерите (8) и (9). Во (8) видовме дека номинализацщата добива резултативна интерпретацща, биде]ки само исходот од неко] процес може да се отпечати, а не самиот процес, додека во (9) станува збор за процесуална номинализацща, биде]ки таа означува де]ство што се одвива во времето.

а) Резултативно толкуваае

(8) This article gives an explanation of how to write a wiki.

б) Процесуално толкуваае

(9) Speaking generally, Thomas gave her explanation of how

honest athletes turn bad. (№у]орк Та]мс, 10.8.2004)

Резултативната интерпретацща на номинализациите е во тесна врска со аспектуалната анализа на жудовниот глагол (т.е. глаголот од ко] се изведува именката). Имено, ка] глаголите на постигнуваае

аспектуалноста/теличноста со реализацщата на аргументите во позицща на ДО. Всушност, преодот од активност кон постигнуваае може да се сфати како додаваае на резултативна состо]ба неко]а активност.

(accomplishments), структурата на де]ството (англ. event structure) е сложена и се состой од две компоненти: процес и кулминацща, т.е. резултативна состсуба (Grimshaw, 1990). Кога од еден ваков глагол на постигнува&е ке се изведе именка, можно е, како во примерот (8), во неа да биде понагласена резултативната компонента, или пак, како во примерот (9), во неа да биде понагласена процесуалната компонента.

За номинализациите илустрирани со примерот (б), Алексиаду (Alexiadou, 2001) го користи терминот процесуални именки (process nouns). Гримшо (Grimshaw, 1990, 2011), пак, го употребува терминот именки што означуваат комплексен настан (complex event nominals), со што алудира на тоа дека тие ]а наследуваат од жудовниот глагол структурата на настанот, ко]а може да се разложи на фазни компоненти: активност и резултативна состсуба.

Што се однесува на семантичката улога на номинализацщата во составот на ПП, неа ке ]а дискутирам во контекст на семантичките улоги кои се сво]ствени на аргументите во позицща на ДО, биде]ки номинализацщата во ПП ]а зазема токму таа позицща. Позицщата на ДО главно се поврзува со аргумент ко] е носител на семантичката улога трпител (погоден обjект) на глаголското де]ство, односно patient, theme8 или affected participant9 во англиската терминологща. То] на]често означува материален предмет, но може да означи и живо суштество, а и во двата случа]а станува збор за референти кои ги трпат последиците од глаголското де]ство, односно постои транзицща (пренос) на енергщата од првиот на вториот аргумент.

Според Тополишжа (1995: 54-55), аргументскиот израз во акузативен однос, односно аргументот во позицща на директен об]ект, „вторично може да биде и апстрактен поим со психички, а не со физички димензии, сп., на пр., донесувам вода наспрема донесувам одлука' и „токму таквата, поместена, апстрактна врска претставува значаен извор на перифрастични предикатски изрази". Токму поради тоа, ка] директниот об]ект во ПП, практично и не станува збор за семантичката улога трпител, барем не прототипски трпител.

8 Семантичтата улога тема (theme) повекето автори ja употребуваат како истозначeн термин со трпител (patient), а некои автори (на пр. Ван Валин) ги одво]уваат, така што трпителот е партиципантот погоден од глаголското де]ство, а тема е оно] партиципант што се движи или е некаде лоциран.

9 Минова-Гуркова (2000: 203) ги нуди термините афективен/афициран и ефективен/ефициран предмет како македонски преводни еквиваленти за опозицщата affectum-effectum raj Чарлс Филмор, т.е. affected object-effected object.

Во едни вакви услови има основа да се зборува и за генерализирани семантички улоги, или макро-улоги (actor и undergoer), што е концепт развиен од Ван Валин (Van Valin, 2004: 3031, 2005: 53-54), во обид да се надминат недостатоците на оние приоди кои се базираат на бро]ни семантички улоги. Еден од неговите на]истакнати приврзаници е и Даути (Dowty, 1991), ко] главно оперира со две семантички улоги базирани на прототипи: прото-агенс и прото-трпител. На то] начин, повеке семантички улоги се подведуваат под една генерализирана, прото-улога, а она што ги обединува е нивната морфосинтаксичка реализацща. На ниво на реченица, аргументот ко] поседува на]многу карактеристики сво]ствени за прото-агенсот синтаксички се реализира како суб]ект, независно од тоа дали е класичен агенс или доживувач. Во транзитивните конструкции, аргументот ко] поседува на]многу карактеристики сво]ствени за прото-трпителот, синтаксички се реализира како ДО. Последнава констатацща важи и за двотранзитивните конструкции, со тоа што аргументот во позицща на индиректен об]ект (ИО), исто така, има некои од особеностите на прото-трпителот, но помалку во однос на аргументот во позицща на ДО (Dowty, 1991: 576). Така, со терминот прото-трпител се покрива целиот спектар од можни семантички улоги за аргументот во позицща на ДО,10 при што треба да се води сметка дека некои аргументи се поблиски, а други се подалечни од прототипот за трпител.

Поинакво е гледиштето на Квирк и др. (Quirk et al., 1985: 749752), според кои, за аргументите во позицща на ДО се карактеристични следните семантички улоги: трпител (affected participant), локативен предмет (locative object), резултативен об]ект (resultant/effected object), тавтологичен об]ектп (cognate object), процесуален об]ект (eventive object) и инструментален об]ект (instrumental object). За ова истражуваае на]релевантни се семантичките улоги, процесуален и резултативен об]ект. Според Квирк

10 Но, на сметка на практичноста, се губи на прецизноста, биде]ки се превидува различното однесуваае на аргументите во позицща на ДО на глаголите break, hit, eat, see и сите тие би се подвеле под семантичката улога прото-трпител. Фрагментацщата (термин од Dowty, 1991: 553-55) на семантичката улога прото-агенс не е толку сложена биде]ки, raj неа, во основа, можат да се издво]ат следните поситни и попрецизни улоги: агенс, доживувач, или предизвикувач.

11 Во македонската литература, за тавтологичниот предмет се срекаваат уште и термините внатрешен предмет, етимолошки предмет и тавтологичен обрат (Минова-Гуркова, 2000: 203).

и др. (1985), процесуалниот об]ект е девербативна именка ко]а семантички претставува екстензща на соодветниот автосемантички глагол и функционира како значенско ]адро на ПП составен од глагол со општо значеае: do, give, have, make, tаке + девербативна именка. Сфатена на ово] начин, семантичката улога процесуален обjект точно соодветствува на ИС во рамките на ПП кои се предмет на ово] труд. Од друга страна, семантичката улога резултативен об]ект е карактеристична за резултативните именки, чщ референт се создава само како резултат на де]ството означено со глаголот (Quirk et al., 1985: 749).

Може да се направи и споредба мегу процесуалниот и тавтологичниот об]ект, при што процесуалниот об]ект служи како замена за лексичкото значеае на автосемантичкиот глагол, додека тавтологичниот об]ект го повторува лексичкото значеае од глаголот, што се гледа од примерите (10) и (11) (Quirk et al., 1985: 751).

(10) I dreamt a strange dream, [глагол + тавтологичен об]ект]

(11) I had a strange dream, [глагол + процесуален об]ект] Примерите (12) и (13) го илустрираат истиот контраст во македонскиот j азик:

(12) Срамота е во 21 век да имаме мака со недостиг од струна.

(Дневник 10.11.2006) - [глагол + процесуален об]ект]

(13) Срамота е во 21 век мака да мачиме со недостиг од струна.

[глагол + тавтолошки об]ект]

Во ово] контекст, би спомнала и дека во речениците со ПП, суб]ектот (С) е на]често со семантичка улога агенс (agentive). Таков е случает со заменката jас и именката council во долунаведените примери (14) и (15).

(14) Ти ке одиш напред , а ]ас одзади ке ти давам наредби!

(EKMJ)

(15) Eventually the council concerned made an offer of 1,000 in

compensation... (БНК)

Подметот во речениците со ПП може уште да се реализира како примател или доживувач (recipient или experiencer), како во примерот (16) или трпител (погоден об]ект), како во примерот (17).

(16) Bill got a view of the candidate, I had a wonderful dream, Sally

took an instant dislike to the new tenant.

(17) Saul took a fall, The team has taken a beating.12

Индиректниот об]ект (ИО) вообичаено е носител на семантичката улога примател (.recipient)13, како во примерите (18) и (19):

(18)...го молам министерот да ми даде одговор на следното дополнително прашаае. (EKMJ)

[...да ми одговори...]

(19) Daryl, who gave the jury a demonstration of the backward swing, said:. (БНК) [...demonstrated the backward swing to the jury.]

Во овие случаи, и во англискиот и во македонскиот ]азик, семантичката улога на аргументот во позицща на индиректен об]ект во ^нструкцщата со ПП (ми, the jury) е идентична на улогата на истиот то] аргумент во конструкцщата со соодветниот полнозначен глагол,14 односно во двата случаи станува збор за примател.

MeГутоа, во одредени ПП, посебно со глаголот give, улогата на аргументот во позицща на ИО, Квирк и др. (Quirk et al, 1985: 753) поточно ]а определуваат како погоден индиректен обjект (affected indirect object)... Овие конструкции се покарактеристични за

12 Примерите за подмет во семантичка улога на примател, доживувач или трпител се поза]мени од Quirk et al. (1985: 752).

13 Семантичката улога примател, некои лингвисти ]а одво]уваат како посебна улога, но повекемина автори сметаат дека примателот е вклучен во широко сфатената дефиницща на семантичката улога цел, ко]а вклучува и просторни и апстрактни цели. Во оваа смисла, примателот подразбира живо суштество сфатено како цел, како кра]на точка, при физички или апстрактен трансфер на неко] предмет.

Други автори ги одво]уваат улогите на примател и бенефициент на следниот начин. Кога аргументот во позицща на ИО е бенефициент, то] се дефинира како 'планиран примател' (intended recipient). Во ваквите случаи можна е парафраза со предлошка синтагма со for. На пр., She made her son a scarf. She made a scarf for her son. Наспроти улогата на бенефициент како 'планиран примател' стои улогата на 'вистински примател' (actual recipient), што би можел да се искаже преку следниве примери: She gave her son a scarf. //She gave a scarf to her son. Во ваквите случаи можно е да се парафразира со предлошка синтагма воведена со to.

iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.

14 Според Хадлстон (Huddleston, 2002:248), предлошките синтагми со to/for (или само ИС во нив) традиционално се сметаат за индиректен об]ект кога тие се носители на семантичката улога примател. Хадлстон нив не ги смета за индиректен об]ект, туку за дополнение во вид на предлошка синтагма (PP complement). За разлика од ова, индиректниот предмет во македонскиот ]азик по дефиницща се реализира аналитички, со предлошка синтагма (освен кога то] е претставен со дативна заменска форма).

англискиот ]азик (примери 20-22), а се ]авуваат и во македонскиот ]азик (пример 23).

(20) He gave the ball a kick. ['He kicked the ball.']

(21) We should give the car a wash. ['We should wash the car.']

(22) She gave Peter a kiss. ['She kissed Peter.']

(23) Таа му даде бакнеж на Петар. ['Таа го бакна Петар.']

За разлика од речениците со аргумент во позицща на ИО ко] има улога на примател (recipient), во овие случаи, во англискиот ]азик, обично не е можна парафраза со предлошка синтагма15 воведена со to, што се гледа од примерот (24).

(24) He gave Mary a push. наспроти ? He gave a push to Mary,

Според Квирк и др. (Quirk et al.,1985: 753), причината за ова лежи во фактот што овие конструкции се фокусираат на номиналниот еквивалент на глаголот (во случаев push) и заради тоа во ремата, поточно во кра]ниот фокус, треба да се на]де ДО.

За разлика од тоа, во македонскиот пример може да се види дека индиректниот об]ект се реализира како предлошка синтагма воведена со граматикализиран предлог на16 (на Петар), но во македонскиот ]азик тоа е и единствената можна формална реализацща на индиректниот об]ект во стандардниот ]азик кога позицщата на ИО е пополнета со именка. 4. Заклучок

Во ово] труд се дискутираше именската синтагма (ИС) во рамките на перифрастичните предикати (ПП), од синтаксички и од семантички аспект. Од синтаксичка гледна точка, со серща тестови и низ примери од англискиот и македонскиот j азик, се покажа дека ИС во ПП функционира како директен об]ект. Семантичката улога на аргументот во позицща на ДО ]а обележавме со терминот прото-

15 Терминот предлошка синтагма се употребува во Quirk et al, (1985: 60-63) за синтаксичка единица составена од два задолжителни елемента: предлог и предлошко дополнение. Во македонската граматика не е карактеристична употребата на ово] термин. Наспроти тоа, Минова-Гуркова (2000: 103) го предлага терминот зависна именска група, биде]ки 'овие именски групи ги имаат истите карактеристики како и сите други именски групи, само што содржат показател по зависност - предлог'.

16 Минова-Гуркова (2000: 113) го користи терминот индиректнозависна именска група, ко]а се врзува со граматичкиот предлог на, Всупност, то] се граматикализирал во показател на дативен однос.

трпител, но треба да се води сметка дека некои аргументи се поблиски, а други се подалечни од прототипот за трпител. Во речениците со ПП, суб]ектот е на]често со семантичка улога агенс (agentive), но може уште да се реализира и како примател или доживувач (recipient или experiencer). Индиректниот об]ект (ИО) во овие конструкции вообичаено е носител на семантичката улога примател (recipient), мeГутоа, во одредени ПП, посебно со глаголот give, улогата на аргументот во позицща на ИО попрецизно се определува како погоден индиректен обjект.

Литература

Единици на латиница

Allerton, David J. 2002. Stretched Verb Constructions in English. London: Routledge.

Alexiadou, A. 2001. Functional Structure in Nominals: Nominalization and

ergativity. Amsterdam: John Benjamins Publishing Co. А^о, John. 2006. British or American English: A Handbook of Word and

Grammar Patterns. Cambridge: Cambridge University Press. Benvenist, E. 1975. Problemi opste lingvistike. Beograd: Nolit Brinton, Laurel J. (2011). The grammaticalization of complex predicates. In: B.

Heine & H. Narrog (eds.), The Oxford Handbook of Grammaticalization. Oxford: OUP, 559-569. Brinton, Laurel J. & Traugott, Elizabeth Closs. 2005. Lexicalization and Language

Change. Cambridge: Cambridge University Press. Comrie, B. and Thompson. S. 2007. Lexical nominalization. In: T. Shopen (ed.)

Language Typology and Syntactic Description -Vol. 3, Second edition. Cambridge: CUP, pp.334-381 Crystal, D. 2008. A dictionary of linguistics and phonetics-Sixth edition. Oxford:

Blackwell Publishing Dowty D.R. 1991. Thematic Proto-Roles and Argument Selection. Language, 67, pp. 547-619

Grimshaw, J. 1990. Argument Structure. Cambridge (MA): MIT Press Grimshaw, J. 2011. Deverbal Nominalization. In: K.Von Heusinger, C. Maienborn, and P. Portner (eds.) Semantics: An International Handbook of Natural Language Meaning, Vol. 2. Boston:Walter de Gruyter, pp.1292-1313. Huddleston, Rodney. & Pullum, Geoffrey. 2002. The Cambridge Grammar of the

English Language. Cambridge: Cambridge University Press. Krenn, Brigitte & Erbach, Gregor. 1993. Idioms and Support Verb Constructions.

In: J.Nerbonne, K.Netter, C.Pollard (eds). German in Head-Driven Phrase

Structure Grammar - CSLI Lecture Notes Nr. 46. Stanford (CA): CSLI Publications, pp.365-396

Koptjevsksaja-Tamm, M. 1993. Nominalizations. London: Routledge

Quirk, R.; Greenbaum, S; Leech G. & Svartvik, J. 1985. A Comprehensive Grammar of the English Language. London: Longman

Traugott, Elizabeth Closs. 1999. A Historical Overview of Complex Predicates. In: L. J. Brinton and M.Akimoto (eds.). Collocational and Idiomatic Aspects of Composite Predicates in the History of English. Amsterdam: John Benjamins, 239-260.

Van Valin, R. D. 2004. An Introduction to Syntax. Cambridge: CUP

Van Valin, R. D. 2005. Exploring the Syntax-Semantics Interface. Cambridge: CUP

Vendler, Z. 1974. Linguistics in Philosophy. London: Cornell University Press

Единици на кирилица

ИвиЬ, Милка. 1988. 1ош о декомпоноваау предиката. Во Jужнословенски филолог XLIV. Беoград: Институт за српскохрватски ]език. стр.1-5.

Лазик-Коаик, Ивана. 2006. Структура, функцща и лексикографска обрада перифрастичних предиката - на примерима из дневне штампе. Во Зборник Матице Српске за филологи/у и лингвистику, 49(1). Нови Сад: Матица српска. стр.219-304.

Минова-Гуркова, Л. 2000. Синтакса на македонскиот стандарден]азик. Скоще: Магор.

Миркуловска, Милица. 1991. Перифрастични предикати у македонском]езику и тихови полски еквиваленти (необ]авен магистерски труд). Беoград: Филолошки факултет.

РадовановиЬ, Милорад. 1977. Декомпоноваае предиката (на примерима из српскохраватског ]езика). Во Jужнословенски филолог XXXIII, Беoград: Институт за српскохрватски ]език. стр.53-78.

Стсуановска-Илиевска, Наташа. 2014 Анализа на перифрстичните предикати во англискиот и во македонскиот ]азик (необ]авен докторски труд). Скоще: Филолошки факултет.

Тополиаска, Зузана. 1982. Перифрастични предикатски изрази на ме^условенскким релацщама. Во Jужнословенски филолог XXXVIII. Београд: Институт за српскохрватски ]език. стр.35-49.

Тополиаска, З. 1995. Македонските дщалекти во Егеjска Македони]а — Синтакса (Том I). Скоще: МАНУ.

Тополиаска, З. 2003. Полски — Македонски: Граматичка Конфронтаци]а. 6. Синтаксичка дериваци/'а. Скоще: МАНУ.

Чашуле, Илща. 1989. Синтакса на македонската глаголска именка. Скоще: НИО Студентски збор.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.