Научная статья на тему 'СТЕРЕОТИПИЗИРАНИ ПРЕТСТАВИ ЗА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКОТО ФРАЗЕОЛОШКО ТВОРЕШТВО'

СТЕРЕОТИПИЗИРАНИ ПРЕТСТАВИ ЗА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКОТО ФРАЗЕОЛОШКО ТВОРЕШТВО Текст научной статьи по специальности «Языкознание и литературоведение»

CC BY
38
6
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
MACEDONIAN TRADITIONAL COMMUNITY / WOMAN / PHRASEOLOGY / ИДЕАЛЕН МОДЕЛ / РЕАЛЕН МОДЕЛ / IDEAL MODEL / REAL MODEL / STEREOTYPES / LANGUAGE / МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИОНАЛНА ЗАЕДНИЦА / ЖЕНА / ФРАЗЕОЛОГИјА / СТЕРЕОТИПИ / јАЗИК

Аннотация научной статьи по языкознанию и литературоведению, автор научной работы — Христоска Јоана Хаџи-Лега

Имајќи ја предвид врската меѓу јазикот и светот што нè опкружува, целта на нашиот труд е да илустрира некои стереотипизирани претстави за жената во македонската традиционална заедница, а врз основа на анализа на корпус од различни фразеолошки единици (во п оширока смисла на зборот). Се сосредоточуваме на нејзината улога на сопруга и на нејзиното однесување во рамките на идеалниот и реалниот модел на уредување на односите во традиционалната заедница. Инертниот карактер на јазикот е податлив за опстојување и п ренесување на стереотипите кои имаат свој удел во обликувањето на свеста на новите генерации.Bearing in mind the correlation between language and the world that surrounds us, the purpose of this paper is to illustrate certain stereotypic al representations of the category of woman in the Macedonian traditional community, through an analysis of a corpus of various phraseological units (in a wider sense of the word). We are focusing on her role as wife and her behavior within the frameworks of the ideal and the realistic model of organizing relations in the traditional community. The inert character of the language makes it pliant to the survival and shifting of stereotypes, which have an impact on the shaping of the consciousness of the new generations

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «СТЕРЕОТИПИЗИРАНИ ПРЕТСТАВИ ЗА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКОТО ФРАЗЕОЛОШКО ТВОРЕШТВО»

оригинален научен труд УДК 316.647.8:811.163.3'373.7

СТЕРЕОТИПИЗИРАНИ ПРЕТСТАВИ ЗА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКОТО ФРАЗЕОЛОШКО ТВОРЕШТВО

Лоана Хаци-Лега Христоска

Филолошки факултет „Блаже Конески " Универзитет „ Св. Кирил и Методи) ", Скоп]е, Македони]а

Keywords: Macedonian traditional community, woman, phraseology, ideal model, real model, stereotypes, language

Summary: Bearing in mind the correlation between language and the world that surrounds us, the purpose of this paper is to illustrate certain stereotypical representations of the category of woman in the Macedonian traditional community, through an analysis of a corpus of various phraseological units (in a wider sense of the word). We are focusing on her role as wife and her behavior within the frameworks of the ideal and the realistic model of organizing relations in the traditional community. The inert character of the language makes it pliant to the survival and shifting of stereotypes, which have an impact on the shaping of the consciousness of the new generations.

Клучни зборови:македонска традиционална заедница, жена, фразеологща, идеален модел, реален модел, стереотипи, ]азик

Резиме:Има]ки ]а предвид врската мегу ]азикот и светот што не опкружува, целта на нашиот труд е да илустрира некои стереотипизирани претстави за жената во македонската традиционална заедница, а врз основа на анализа на корпус од различни фразеолошки единици (во поширока смисла на зборот). Се сосредоточуваме на не]зината улога на сопруга и на не]зиното однесуваае во рамките на идеалниот и реалниот модел на уредува&е на односите во традиционалната заедница. Инертниот карактер на ]азикот е податлив за опстсуува&е и пренесуваае на стереотипите кои имаат сво] удел во обликувааето на свеста на новите генерации.

Стереотипите како убедувааа и некритички прифатени ставови се однесуваат и на двата пола. Но, со оглед на тоа што стереотипите кои се сосредоточени на жената имаат на]често негативен предзнак, во ово] труд ке се задржиме на претставата за неа во еден мал корпус од македонското фразеолошко творештво (во поширока смисла на зборот, кое подразбира различни облици на кондензирано изразуваае -

фраземи, пословици, клетви итн.) кое го одразува животот во традиционалната македонска заедница.

Констатира_|ки го имплицитното присуство на сексуалниот принцип во сите сфери од човековото постоеае, низ една семиолошка призма, францускиот лингвист и семиолог Щер Гиро ги резимира атрибутите што и се припишуваат на жената и кои се речиси универзални (вшгаМ, 1978: 181-185). На_|прво, жената е об]ект и ирационално суштество. Имено, согласно со опозицщата анимус/анима, со ща се поврзуваат машкиот и женскиот принцип и ща упатува на односот разум/емоции, мок/немок, активност/пасивност, жената е об]ект, односно не-суб]ект, а истовремено е и чувствителна и ирационална. Има_|ки предвид дека општествениот успех е поврзан со мокта и со рационалното, разбирлива е женската субалтерност во општествената заедница. Сепак, во стереотипизираната претстава за двата пола, жената не се сведува само на потчинето суштество: таа се доживува и како мистериозно, а со тоа и опасно битие поради не]зината аналогна поврзаност со Нокта, Матерщата, Хаосот, со непредвидливото и со аморфното, односно со сето она што од човекот предизвикува исконски и ирационален страв од непознатото кое се доживува како опасност (Гиро напоменува дека оваа слика би можела да биде остаток од одамна исчезнат матрщархален архетип, сво]ствен за повеке примитивни заедници и за чие надминуваае била потребна вистинска револуцща на општествените односи). Заедничкиот именител ко] ги поврзува сите овие претстави за жената е тоа дека таа е, суштински, негативно битие.

Што се однесува до традиционалната македонска семема структура, македонските етнолози востановиле дека, и покра] иманентната патрщархална и патрилинеарна поставеност на односите во неа, жената сепак не се наогала во толку репримирана положба, или, според зборовите на Анета Светиева (Светиева, 2002: 4), ретки се примерите на куки (семе]ства), каде што во внатрешните семе]ни односи машката група има изразито познача]но место од женската. Напротив, може да се прифати како точно мислетето дека женската семе]на група држела важни позиции во внатрешниот семеен систем. Сепак, авторката нагласува дека оваа важност на жената треба да се разгледува исклучиво во контекст на односите внатре во семе_|ното ]адро, а не и надвор од него, односно во еден поширок општествен контекст. Ваквата соскуба, Светиева ]а об]аснува со свеста за важноста на жените во обезбедувааето на потомството (оттаму и грижата на постарите мажи за наогаае сопруга на момчиаата). Нормите на однесуваае во традиционалната, а особено во

селската cpединa, биле многу cтpоги и доследни токму од егзистенцщални ^ичини, односно овозможуваае на опстанокот на семе_|ството во пpилично тешки животни услови (Светиева, 2002: 5). И Jaчевa-Улчap, во анализата на македонските нapодни пpикaзни, yтвpдyвa дека и во една таква пaтpиjapхaлнa cpединa имало сегменти во кои ^иматот го имала токму жената (Jaчевa-Улчap, 2002: 173).

Во контекст на ^етходно кажаното, тpебa да истакнеме дека теpенcките етнолошки и социолошки иcтpaжyвafta доагаат до сознанието за пapaлелно постоеае на два модела на функцион^а^е на односите во тpaдиционaлното македонско семе_|ство (Светиева забележува дека тие се мaнифеcтиpaaт и во македонските пословици): uдеaлен модел, како ]авно ^ифатена кaтегоpиja, со доминацща на машкиот пpинцип и реален модел, како ]авно не^ифатена кaтегоpиja, во raja женскиот ^инцип се здобива со латентни ^ава кои и овозможуваат на жената да опстане во семе_|ната заедница (Светиева, 2000: 1). Во идеалниот модел, жената е rorapra и ги почитува востановените ноpми на однесуваае, но во pеaлниот модел, во обидот да се избоpи за своето место и за своите ^ава во едно pепpеcивно оп^ужуваае, таа мaнифеcтиpa недозволиво поведение (лага, ^ажба, манипулацща) кои ja пpетвоpaaт во негативен лик. Оваа констатацща е тесно повpзaнa со ставовите на Г^о ко] дава сво]а интеpпpетaциja на негативниот статус на жената. Имено, не]зината мaтеpиjaлнa и општествена алиенацща и омаловажувааето кое од неа пpоизлегyвa, стануваат извоp на лутина, така што не]зината наводна суетност всушност е потpaгa по идентитет и cебепотвpдyвaftе (Guiraud, 1978: 184). Jaчевa-Улчap об]аснува дека по]авата на pеaлниот модел е повpзaнa со пpоменaтa на општествените односи кои и дале на жената извесна мок на одлучуваае и кои нужно наметнале и pеоpгaнизиpaftе на односите мегу половите. Такви пpомени биле воведувааето на некои функции на жената во пош^оката заедница (cтapешинa итн.) или вpшеftето обpеднa функцща (Jaчевa-Улчap, 2002: 176).

Со оглед на ^есликува^ето на pеaлноcтa во ]азикот, анализата на ]азичниот коpпyc би можела да даде дополнителни инфоpмaции во поглед на сфакааата за местото на жената во македонската тpaдиционaлнa кyлтypa. Има]ки пpедвид дека, во една таква заедница, жената е исклучена од ^офесионалниот живот, домакинството е единствената cфеpa во raja можат да до]дат до ropas не]зините квалитети и способности. Како што вели Бовоap: Домот е, знaчu, главната добтка за неа на зем]ата, пзразот на неjзuнaтa општествена вредност u на неjзuнaтa нajuнтuмнa вжтта. Бuдеjкu таа не прави нuшто, таа посветено се усовршува во она што го има.

(Beauvoir, 1976 [1949]: 263). Истиот став го дели Бо]ациевска, според raja, врз основа на претставата за жената во македонските битови приказни, домот е единствената сфера на легитимно де^твуваае на жената, во ко] таа го реализира сопствениот идентитет (Бо]ациевска, 2002: 201). Токму тоа прави од жената столб на семе_|ната заедница, на домакинството во кое е и сопруга и ма_|ка.

И покра] тоа што улогите на сопруга и на домакинка се тесно поврзани и не можат суштински да се одвооат, во овоо труд ке се задржиме на првата raja е сосредоточена на релацщата жена-маж.

Согласно со идеалниот принцип на поставеност на односите во брачната заедница, добра е жената за raja сопругот е нешто на^вето и raja му помага во пребродувааето на тешкотиите што ги носи животот:

1) (фраз.) женичка-дyшичка = « Убаво е човек да има покра] себе сво]а

жена. » (Фразеолошки речник)

2) (посл.) Да имаш работа и жена. (Домазетовски, 710)

3) (посл.) Без жената нема срека и несрека.(Домазетовски, 251)

4) (посл.) С дрyгар до море, с жена и през море. (Пенушлиски:

Малешевски фолклор)

5) (посл.) Жената е раj на м'жот (кога е добра). (Поленаковик, 2075)

6) (посл.) Со добра жена, човек се гордее. (Домазетовски, 3314)

7) (посл.) Арна ле ти е жената, свадба не ти требе. (Китевски:

Фолклорни бисери)

8) (посл.) Умната жена е скрщан ковчег (на м'жа си). = « Маж што има

умна жена може без страв да ги крие своите та)ни во не]зиното срце.

» (Поленаковик, 6508)

9) (посл.) Жена умна и разyмна не го остаа мажо да страда. (Цепенков,

755)

10) (посл.) Мирна жена œraj jа милуа, и блазе raj jа имат. (Цепенков,

1432)

11) (посл.) Жената давала млеко, а маjката пелин. (Поленаковик, 2069)

12) (гат.) Блаsе си ми кога има коо да ме перит, тешко мене кога

немам raj да ме перит. (жена со мъж и без мъж) (Каваев, 44)

Суштината на женското постоеае е да му се потчини на мажот и да се посвети на неговата срека:

13) (посл.) Жената од бога е блаосоена, да му бидит на мажо помошница. (Поленаковик, 2079)

14) (посл.) Мъжот в куки ко господ се пречеквит. (Каваев, 2066)

15) (посл.) Понависоко од на жена, не качyваj се. (Домазетовски, 2800)

Освен среката во домот, добрата жена придонесува и за угледот на

мажот во пошироката заедница:

16) (посл.) Жената за мажо е лице. (Домазетовски, 968)

17) (посл.) Жената го праjт мъжот и домакин и недомакин. (Каваев, 904)

Следната пословица сака да ja истакне важноста на жената за мажот, но пpекy не]зино поистоветуваае со пpедмети со кои мажот нajдобpо paкyвa и кои ja олицетвоpyвaaт неговата доминацща:

18) (посл.) Пушката до себе, (а) жената при себе (држи jа). (Кuтевскu: Фолклоpнu бuсеpu) [^ap.) (посл.) Жена, коьь, пушка не се даат на туга рака. (n^y^n^m: Пословuцu); ^ap.) (посл.) Жената, пушката, коьот, возилото, не се даваат на друг. (Домазетовскм, 967)\

За paзликa од пpетходните пpимеpи, во кои жената е на]често ^икажана како нешто што тpебa да се „има", во пpимеpите што следат таа има ^оа^^на улога во бpaчнaтa заедница, биде]ки не]зиното пpимеpно (согласно ноpмите) однесуваае е не]зин сопствен избоp:

19) (посл.) Понева жена синцир кине за маж.(Домазетовскм, 2802)

20) (закл.) Ако ми стане Tраjко на Света Недела една свека ке запалам. (Кuтевскu: Фолклоpнu бuсеpu)

21) (nnrep.) Жена му му jа носит капата. (Каваев, 901)

Колку жената и мажот се повpзaни еден со доуг, а особено жената, raja е на нещ начин зависна од него, покажуваат следните пpимеpи:

22) (посл.) Домакинот jе носит домакинката, а таjа него. (Каваев, 722)

23) (посл.) Мъжот jе носит жената на кошулата, а жената мъжот на лицето. (Каваев, 2067)[^ap.) (посл.) Домакинката го носи домакинот на лицето. (Фpaзеолошкu pечнuк)\

24) (посл.) Домакинката се познат по лицето на домакинот. (Каваев, 721)

25) (клет.) Силен, силен огин да го изгори. (така жената го колне лошиот маж) (Кuтевскu: Фолклоpнu бuсеpu)

Мажот т^еба да се однесува со почит кон сво]ата жена:

26) (посл.) Од дека ти е жената, од там ти е родата. (Пенyшлuскм: Малешевсш фолклоp)

Во пpимеpите што ^етходеа, однесувааето и положбата на жената се во согласност со ноpмaтивниот ^инцип. Но, жената како со^уга, во фpaзеолошкото твоpештво е пpикaжyвaнa и со не]зината доуга, негативна страна. Таа е пpепpеденa, лоша и неблaгодapнa за сите добpини што ги добива и го намалува квалитетот на животот на сво_|от cопpyг:

27) (посл.) Kj има жена, има и караници. (Домазетовст, 1515)

28) (посл.) Сув леб да jадам, жена серсем да немам. (лута, бесна) (Поленаковт, 6077)

29) (иш^.) Не шегуваj се, прщателе, со жената и со парите.

(Домазетовст, 2312)

30) (посл.) На Koj му е лоша жената, не му е мирна главата.

(Пенушлиски: Малешевски фолклор)

31) (посл.) Кojштo зема жена безчесна, ке си jа има дома белата.

(Поленаковик, 3162)

32) (посл.) На шарена зми|а црн раб. = « на лоша и лична жена маж » (Каваев, 2251)

33) (посл.) Сиромав е гаолот зашчо (шчо) немат жена. (Каваев, 3343)

34) (посл.) Жените непара се благодарни од мажите. (Цепенков, 764) Има две можни об]аснувааа за ваквото однесуваае на жената:

според првото, злото е составен дел од женската природа, но тоа се коси со примерите со кои се фалат не]зината добрина и неопходност во семе^твото. Многу поверо]атно е второто кое го потврдува ставот на Светиева и на Гиро и кое е поврзано со реалниот модел на однесуваае во патрщархалната заедница: жената е принудена да нада посреден начин да се реализира како личност, што од неа прави бунтовник и препредено суштество, кое ги искористува мажите, за да ги реализира сопствените амбиции. Во една ваква ситуацща, мажот ]а губи доминацщата што му е предодредена, нешто што е неприфатливо за едно традиционално општество:

35) (посл.) Жените сега и повелаат мажите и си играат со нив како мачките со глувците. (Цепенков, 767)

36) (посл.) На мажо ако му повела жената, ке му се сере на главата. (Пенушлиски: Малешевски фолклор)

37) (интер.) Хеj луге, вардете се! Мажот си го претепах и петелот си го заклах. (Домазетовски, 3850)

38) (посл.) Секо| си има дома по еден кади|а. = « Жената на мажот многу пати се ]адосува и зло му мисли. » (Поленаковик, 5618)

39) (посл.) Жената е ношни кади|а. (Поленаковик, 2074) [(вар.) (посл.) Жената е ношен даскал. (Пенушлиски: Малешевски фолклор)]

40) (интер.) Маж ми е; ако сакам, и владика си го праам. (приказна) (Цепенков, 3135)

41) (посл.) Коаот сакат зоб, а жената роб. (Китевски: Фолклорни бисери)

42) (посл.) Жените отполу удолу му кажуаат на мажите, а отполу угоре не му се кажуаат. = « Жената кога мисли нешто лошо на мажо, не му кажуа. » (Поленаковик, 2093)

43) (интер.) Си jа наjде белата од жената. (Поленаковик, 5752)

44) (интер.) Не мojт да мат по мъжа си, туку мат по гашчите. (Каваев, 2367)

45) (интер.) Жената му вели на мажа си донеси, да raj сака нека си наjдит. (Цепенков, 753)

46) (посл.) На тру|ца може една жена боса да оди. (Пенушлиски: Малешевски фолклор) [(вар.) (посл.) За една жена тро|ца мажи. = « Работат и не можат да ]а прехранат. » (Поленаковик, 165)]

47) (посл.) Не даваj си, мажу, силата на жената. (Китевски: Фолклорни бисери)

48) (праш.) Го опитале галот (гавранот):

• Имат нешчо поцрно од тебе?

• Имат одгорил то|.

• Шчо?

• Кука ке шчо поелвит жена, одгорил галот. (Китевски: Фолклорни бисери)

Ноншалантно и себично однесуваае на жените кои се препуштаат на разни задоволства:

49) (посл.) Жените одат на баша, ако мажите му лежат апсана. (Поленаковик, 2092)

Народната мудрост вели дека жената е лице за мажот. Следствено на тоа, нечесната и лоша жена го нарушува угледот на мажот:

50) (посл.) И^ си жена будала, ако сакаш по светот да те продаа. (Поленаковик, 2443)

51) (интер.) На мажа е честа му скрши. = << Таа е нечесна биде]ки мажа си го бесчести. >> (Поленаковик, 4048)

Ваквата претстава за жената го вклучува и не]зиното златолубие: иако не е директно вклучена во економскиот живот на заедницата, таа сепак врши притисок врз мажот да заработува што повеке, а тоа ке ja зголеми неговата вредност во не]зините очи:

52) (посл.) Кога немаш пари нико| чест не ти праjт, дури ни жената. (Каваев, 1471)

53) (посл.) Златото се испробува на огнот, жената со злато, а мажите со жените. (Домазетовски, 1128)

54) (посл.) Мъжот велит:'Даj, боже, работа', а жената велит: 'Даj, мъжу, пари'. (Каваев, 2065) [(вар.) (посл.) Жената знъ|т за ^j мъжу', а не за 'да! боже'. (Каваев, 909)]

Mеfy негативните особини, што и се припишуваат на жената, е и не]зината склоност кон неверство:

55) (посл.) Пред поп не фали го господа, а пред жена ти чужц мъж. (Каваев, 3047)

iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.

Во контекст на оваа склоност на жената, едно суеверие:

56) (интер.) Штом ти се влече врвцата, ти jа мами не^ жената.

(Домазетовски, 4171) И покра] лошата женска нарав, мажот сепак не се откажува од присуството на жената во сворт живот:

57) (посл.) Ал со жена, ал без жена. = v Мака со жена, мака без жена. n (Цепенков, 107)

58) (посл.) Со жена зло (лошо), без жена позло (полошо). (Каваев, 3411)

Темата на насилството на мажот вpз жената наога свое место и во пословиците. Законот на физичка сила се ]авува како доминантен во тpaдиционaлнaтa заедница - жената моpa да го заузда своето однесуваае и да се откаже од пpaвото на свое мислеае:

59) (посл.) Мажот посилен ет од жената, затоа требат да премолчуат жената. (Полеттвт, 3606)

60) (посл.) Воденица неклепана и жена нетепана не работи. (Пенyшлuскu: Пословuцu)

Реакцщата на жената во однос на ваквата поставеност на нештата, ^и што повтоpно доага до изpaз не]зината бунтовна пpиpодa:

61) (nnrep.) Ако сум ти жена, не сум ти робинка. (Каваев, 120)

Од сите ^етходно наведени фpaзеолошки единици пpоизлегyвaaт следниве ^изнаци кои ja pезимиpaaт пpетcтaвaтa за македонската жена во не]зината улога на cопpyгa:

• Добpa и пожpтвyвaнa cопpyгa,

• Добpaтa cопpyгa го зголемува угледот на сво_|от маж во пош^оката заедница,

• Жената има втоpоcтепенa важност во однос на мажот кому т^еба да му се потчинува,

• Силна повpзaноcт мегу мажот и жената,

• Мажот тpебa да ja почитува сво] ата cопpyгa,

• Лошата жена има негативно влщание вpз сво_|от cопpyг,

• Жената е ит^о и пpепpедено суштество кое го иcкоpиcтyвa мажот за да ги оcтвapи замислените цели,

• Нечесната и лоша жена го нapyшyвa угледот на сво_|от cопpyг,

• Жената го гледа сво_|от со^уг низ пpизмaтa на пapите,

• Жената може да биде и невеpнa,

• Животот без жена е тежок, колку и да е таа лоша по ^^ода,

• О^аз^ва^е на насилството на мажот вpз жената,

• Бунтовната ^^ода на жената.

Оваа ^атса ]азична анализа упатува на тоа дека пpиcycтвото на жената во македонскиот т^адиционален дом е од суштинско значеае. Во то] контекст се paзгледyвa и не]зината улога на со^уга чща важност за мажот често и ги надминува paмките на на_|тесната општествена заедница и има pепеpкycии и вpз целокупното негово општествено пpиcycтво. Сепак, не може да се пpенебpегне очигледната бpоjноcт на пpимеpи во кои се потенц^аат негативните ефекти на женската ^^ода во домот. Анaлизиpaните пpимеpи, во голема меpa, ги отсликуваат моpaлните начела, но и pеaлните однесувааа застапени

во традиционалната заедница. Сосем разбирливо, интерпретацщата и оценувааето на поведението што е во спротивност на нормата, се движат во негативна насока: жената е лоша, доколку не му се потчинува на мажот и доколку на каков било начин ги манифестира сво]ата независност и личен став. Стереотипите ги засегаат и двата модела на однесуваае, и нормата и реалната состо]ба. Овие затврдени и архетипизирани ставови ги пренесува токму ]азикот ко], повторно според Гиро, е творба на мажот како доминантен принцип во општеството и ]а одразува исклучиво неговата перспектива на светот што ж опкружува (Guiraud, 1978:188). Удбин-Граво (Houdebine-Gravaud, 2003: 61) се осврнува на инфериоризирааето на жената во ]азикот (jазик на презирот, како што го нарекува Марина Jагело (Yaguello, 2002 : 187), со помош на термини со, генерално, навредлива сексуална конотацща. Притоа, како што делумно покажува и нашиот корпус, главната улога што жената ]а има во ]азикот е семе]ната, ща ]а дефинира, пред сè, како сопруга и како мада. Авторката заклучува дека сликата за жената и за мажот, но и нивниот идентитет, нужно се формираат во ]азикот и стануваат дел од семе]ната, општествената и од историската меморща.

И покра] тоа што сме сведоци на значаща промена на општествените односи, во насока на вреднуваае на жената, особено во професионалниот свет, сепак ]азикот и понатаму е потхрануван од несвесната и архаична мисла дека жената треба да биде инфериорна. Оттука и големата отпорност и инертност на стереотипизираните претстави што ги пренесува ]азикот и чща улога во обликувааето на свеста на новите поколенща е далеку од занемарлива.

Кратенки:

вар.варщанта гат. гатанка закл. заклетва

интер.интерактивна единица клет. клетва посл.пословица праш. прашанка фраз. фразема

Литература:

Beauvoir, Simone de.1976 [1949]. Le deuxième sexe (tome II). Gallimard: Paris. Бо]ациевска, Ма)а. 2002. Имагинарни жени: излегувапе од сенката?, во Истражувапа од областа на родовите студии, том 1. Евро - Балкан Пресс: Скоп|е. стр. 185-214.

Guiraud, Pierre. 1978. Sémiologie de la sexualité. Payot: Paris.

Houdebine-Gravaud, Anne-Marie. 2003. Trente ans de recherche sur la différence sexuelle, ou Le langage des femmes et la sexuation dans la langue, les discours, les images, in Langage & société 2003/4, n° 106. pp. 33-61.

Ja4eBa - Улчар, Елка. 2002. Третманот на жената во народниот живот и вонародната книжевност на Македонца, во Истражувапа од областа на родовите студии, том 1.Евро - Балкан Пресс: Скоще. стр. 153-182.

Светиева, Анета. 2000. Статусот на жената во традициската селска заедница и семе]ство, во ЕтноАнтропоЗум, Природно-математички факултет, Завод за етнологща: Скоп|е.<

http://www.iea.pmf.ukim.edu.mk/EAZ/EAZ_00/Svetieva_mak_EAZ_00.pdf >

Светиева, Анета. 2002. Женски сениорат и пратечки по)'ави во традициската култура на Македонците, во ЕтноАнтропоЗум, Природно-математички факултет, Завод за етнологща: Скоп|е. <

http://www.iea.pmf.ukim.edu.mk/EAZ/EAZ_02/Svetieva_mak_EAZ_02.pdf >

Yaguello, Marina. 2002. Les mots et les femmes (essai de l'approche sociolinguistique de la condition féminine). Petite Bibliothèque Payot: Paris.

Ексцерпирани примери:

Домазетовски, П.& Поп^овановски, А. 2002. Зрно по зрно - погача, камен по камен - палата (македонски народни пословици и поговорки). Вишарица: Jабланица; Каваев, Ф. 1961. Народни пословици од Струга и Струшко. Институт за македонски ]азик „Крсте Мисирков": Скоп|е; Китевски, М. 1988. Фолклорни бисери. Македонска книга: Скоп|е; Пенушлиски, К. 2005. Малешевски фолклор IV. Матица македонска: Скоп|е; Пенушлиски, К. 1969. Пословици и гатанки. Македонска книга: Скоп|е; Поленаковик, Х.& Пенушлиски. К. 1954. Македонски народни умотворби. Том IV, книга 1: Пословици. Кочо Рацин: Скоп|е; Димитровски, Т.& Ширилов, Т. 2003. Фразеолошки речник на македонскиот ]азик, том први (А-J). Огледало: Скоще;

Цепенков, М. 1972. Македонски народни умотворби. Книга осма: Пословици и поговорки, гатанки, клетви и благослови, (редактирал д-р Томе Саздов). Македонска книга: Скоп|е.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.