Научная статья на тему 'СРЕДБАТА НА ЧОВЕКОТ СО СОЛАРИС (КОН СОЛАРИС ОД СТАНИСЛ АВ ЛЕМ)'

СРЕДБАТА НА ЧОВЕКОТ СО СОЛАРИС (КОН СОЛАРИС ОД СТАНИСЛ АВ ЛЕМ) Текст научной статьи по специальности «Философия, этика, религиоведение»

CC BY
33
5
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
STANISLAW LEM / СОЛАРИС / SOLARIS / PHANTASY / НАУЧНА-ФАНТАСТИКА / SCIENCE FICTION / UNCONSCIOUS / АРХЕТИП / ARCHETYPE / СОН / DREAM / MEMORY / КОНТАКТ / CONTACT / СТАНИСЛАВ ЛЕМ / ФАНТАЗИјА / НЕСВЕСНО / МЕМОРИјА

Аннотация научной статьи по философии, этике, религиоведению, автор научной работы — Исмајлоска Мерсиха

Планетата Соларис, преку својот океан, има капацитет да ги извлече најсилните записи од мозоците на екипажот, а тие записи најмногу се врзани со емоции на тага, болка, уживање. Од нив го создава нивниот партнер/противник кој ги преиспитува не само нивните туку и своите граници. Како средство за извлекување на записите, Океанот го користи сонот, една од човечките активности кои барем за уметноста била секогаш доведувана во врска со мистичното, чудесното, алхемиското. За психологијата, сонот е јазикот на несвесното, а токму оттаму Океанот ги влече своите информации. Ги влече без вообичаената цензура за која најчесто се зборува во човечки термини.The planet Solaris, through its Ocean has the capacity to draw the strongest records of the brains of the crew, and these records are mostly connected with emotions of sadness, pain, pleasure. From them, it creates their partner/opponent that reflects not only theirs, but also own limits. As a method for extracting records, the Ocean, uses the dream, one of the human activities that are always correlated with the mystical, supernatural, alchemical. In psychology, the dream is a language of the unconscious and from there Ocean pulls information. It pulls without censorship in human terms of speaking

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «СРЕДБАТА НА ЧОВЕКОТ СО СОЛАРИС (КОН СОЛАРИС ОД СТАНИСЛ АВ ЛЕМ)»

стручен труд

УДК: 821.162.1.09-311.9 Лем С.

средбата на човекот со соларис (кон соларис од станислав лем)

Мерсиха Исма^оска

Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле" Охрид,Македонща

Key words: Stanislaw Lem, Solaris, phantasy, Science Fiction, unconscious, archetype, dream, memory, contact

Summary: The planet Solaris, through its Ocean has the capacity to draw the strongest records of the brains of the crew, and these records are mostly connected with emotions of sadness, pain, pleasure. From them, it creates their partner/opponent that reflects not only theirs, but also own limits. As a method for extracting records, the Ocean, uses the dream, one of the human activities that are always correlated with the mystical, supernatural, alchemical. In psychology, the dream is a language of the unconscious and from there Ocean pulls information. It pulls without censorship in human terms of speaking.

Клучни зборови: Станислав Лем, Соларис, фантазща, научна-фантастика, несвесно, архетип, сон, меморща, контакт

Резиме: Планетата Соларис, преку сво]от океан, има капацитет да ги извлече напилимте записи од мозоците на екипажот, а тие записи щмногу се врзани со емоции на тага, болка, уживаае. Од нив го создава нивниот партнер/противник ко] ги преиспитува не само нивните туку и своите граници. Како средство за извлекуваае на записите, Океанот го користи сонот, една од човечките активности кои барем за уметноста била секогаш доведувана во врска со мистичното, чудесното, алхемиското. За психологщата, сонот е ]азикот на несвесното, а токму оттаму Океанот ги влече своите информации. Ги влече без вообичаената цензура за ко]а щчесто се зборува во човечки термини.

Вие сте интересен вид. Интересна мешавина. Способни сте за толку убави соништа, и толку страшни кошмари.Се чувствувате изгубени, отсечени, сами, само што тоа не сте. Знаеш, според сите наши истражувааа, единственото нешто кое го откривме што jа прави вашата празнотща издржлива, е пронаогааето еден со друг. (Карл Саган, Контакт)1

1 Преводот е слободен и е од англиското издание на книгата: C. Sagan. Contact. 1997 New York: Pocket.

Фантастиката, како епската така и научната, зазема знача]но место во мотивите на литературата, а не]зиното потекло може да се бара уште во античките митови и епови, мегу кои, секако, е и Oduceja на Хомер. За не]зино разграничуваае зборува и Влада Урошевик во сво]ата Подземна палата. Таму то] вели дека, наспроти литературата што има претензии да ]а подражава реалноста, зема]ки ги принципите на таа реалност за основи на сво]ата слика на светот, постои литературата на имагинарното, каде што сликата на светот се оддалечува од реалноста - во целост или во детали, низ опис на околината, низ внесуваае на суштества или по]ави, физички или биолошки закони, технички прона]доци или општествени услови што не одговараат на оние што општиот фонд на егзактните знаеаа ги има регистрирано и класифицикувано како реални. Во то] широк и разновиден тек на литературата на имагинарното, се одделуваат, мегу другите, посебните жанрови на фантастиката и научната фантастика (Урошевик, 1987: 5).

Како прво офицщално дело на научната фантастика се смета Франкeштаjн на Мери Шели, од 1818 година, годините кога романтизмот веке ги именува своите бардови. Не случало и научната фантастика свое будете доживува во то] период, во ко] постои отвореност на мислата, не само кон уметноста туку и кон техниката и технологщата. Тоа вкрстуваае не ретко води до дела на кои сме сведоци до ден денес и кои вбро]уваат автори како Гогол, Едгар Алан По, Хофман, Жил Верн, Луис Карол, Исак Асимов, Артур Кларк, Карл Саган, Даглас Адамс, Урсула К. Ле Гуин.

Речникот на книжевни термини нуди дефиницща на фантазщата како способност за поврзуваае на непосредното доживуваае, емотивно чувствуваае, сликовита перцепцща на претставуваае на духовните творби, конструктивна, творечка способност (Grupa autora, Recnik knjizevnih termina, 1986: 213). Фантазщата е секако нужна, ако не и на]нужна за да постои фантастиката. Во то] контекст, таа е потребната нишка, провокацща за да се случи едно фантастично дело.

За Кара, фантастиката изразува скандал, раскин, чуден, речиси неиздржлив пробив во реалниот свет, а со своите пробиви на оностраното во реалниот свет, се трансформира себеси во поетика на чудесното (Кара, 1972: 739). На планетата Соларис се случуваат пробиви во двете насоки, често реалниот станува нереален, а нереалниот реален свет. Според Додс, човекот и не се осмелува стриктно да го ограничи атрибутот на реалноста само на еден од овие два света, а другиот да го претстави како чиста илузща (24: 450).

Авторот ко] пишува на полски ]азик и ко] отстапува од американската

фантастична матрица, Пол]акот Станислав Лем, на книжевната сцена го нуди можеби и на]автентичниот вонземски концепт, концептот за Соларис. Книгата со то] наслов ]а пишува во 1961 година и се смета за еден од на]големите антологиски примери на научната фантастика. Доживела три филмски адаптации. Првата на Борис Ниренбург (Boris Nirenburg) од 1968, втората на Андре] Тарковски (Andrei Tarkovsky) од 1972 и третата на Стивен Содерберг (Steven Soderbergh) од 2002 година.

Соларис буквално е име на планета. Реално не е откриена, но читали го Лем, се добива впечаток дека таа реално постои. Сугестивниот текст на Станислав Лем го вовлекува читателот и му овозможува да отпатува во неко] друг свет, а истовремено удобно да е сместен во сво]ата фотел]а за читаае. Она што всушност е и една од функциите на фантастиката. Во то] контекст е и тврдеаето на Jасмина Мо]сиева Гушева, во не]зиниот текст Сонот или од другата страна на реалното, об]авен во електронското списание LiterNet, ко] ]а потврдува поврзаноста на сонот со уметноста. Според неа, основниот проблем што се ]авува при одредуватето на односот мегу ониризмот и книжевноста е последица на нивното заемно надополнувате, на нивната поврзувачка нишка мегу аспектите на реалноста и имагинарноста, на нивната магиска мок во откриватето на вистината, на спротивставуватето на нагонот на смртта и на поврзаноста со симболизаци]ата?

Во духот на тоа е и тврдеаето на магот на фантастичното, Стивен Кинг, ко] за книгите вели дека се уникатни портали кон магичното.3

Гласот на нараторот на Станислав Лем е, всушност, гласот на главниот лик, Келвин.

Капсулата затрепери еднаш, пауште еднаш, почна неподносливо да вибрира, ова трепереае мина низ сите изолациони слоеви, низ воздушните перници и се вовлече во длабочината на моето тело -светло, зелената контура на стрелката се разлеа. Сетоа ова го гледав без страв. Не долетав од толкава оддалеченост за да загинам на целта. (Лем, 1989: 7)

Преку гласот и погледот на Келвин се прекршуваат концептите на времето и на просторот, реалноста и илузщата, сонот и ]авето. Преку него се (пре)толкуваат антрополошките категории и уште еднаш се поставува прашааето на човекот, неговите потенцщали и ограничувааа.

2 Цитатот е преземен од http://Hternet.bg/publish15/ja_mqjsieva-gusheva/sonot.htm

3 http://flavorwire.eom/237785/40-inspiring-quotes-about-reading-from-writers/4

Со roa се постaвyвa и едно поопшто прaшafte, зa згачеаето га книжeвностa и зa нejзинaтa одговорност спрeмa читaтeлот, a со TOa и кон времето од кое е дел. Нико кaко yмeтностa не може дa ги рaзмрдa концептите нa рeaлностa и га имaгинaрното зa дa прeтстaвyвaaт тие поттик зa одигрув^е крeaтивeн чин. Чин ко] е врзaн aнтрополошки со човекот, психолошки - со свесга и филозфски, со смислaтa/бeсмислaтa. Мeтaфорично, Солaрис стои зaд сите овие ^тетерии. Окeaнот, ко] е симбол га плaнeтaтa, е оно] зa кого постои силнa жeлбa зa контaкт. Кaко што вели и сaмиот Лем, со книгaтa сaкaл дa создaдe визиja зa човeковaтa срeдбa со нешто што сигурно постои, нa еден нaдмокeн нaчин, но не може дa се сведе нa човековите концепти, идеи или слики.4 Што згачи, според него, контaктот е невозможен, но ога низ што поминyвaaт неговите jyнaци се вaриjaции га тeмaтa зa срeдбaтa и рaзминyвafteто, сaмотиjaтa и осaмeностa, потрeбaтa зa друг кaко од Оглeдaло.

Не бaрaмe нико друг освен луге. Не ни се потребни други светови. Ни трeбaaт оглeдaлa. Не згаеме што дa прaвимe со другите светови.(Лем, 1989: 67)

3a погагаму, Снayт, исто тaкa дел од мисиjaтa нa Солaрис, дa додaдe:

Онa што го бaрaвмe: контaкт со поинaквa цивилизaциja. Го имaвмe то] контaкт! 3голeмeнa гако под микроскоп нaшaтa сопствeнa, монструозга грдотиja, нaшaтa бyдaлштинa и срaмотиja!! (Лем, 1989: 67)

Претходните цитати, кои се дел од поширокaтa сликa нa Солaрис, дозволyвaaт примета нa тeориjaтa нa оглeдaлнa фaзa, тeориja нa Лaкaн, ко] ja прeтпостaвyвa симболичнaтa мaтрицa, коja се врзyвa со доживyвafteто нa телото, a во слyчajот нa Солaрис, е нa едно aлeгориско ниво кaдe што освeстyвafteто зa сликaтa нa сопственото тело и идeнтификyвafteто со него, но до момент кога нa едно подлaбоко ниво не се случи ^roa га идентитет. Кaко eднa Новела на сонот, погледгага во оглeдaло.

Користе]ки се со Лaкaн, психоaнaлитичкиот метод го довeдyвa суб]ектот, односно Келвин и остaнaтитe нa стaницaтa, дa се поглeднaт себеси кaко во оглeдaло. Доволно е стaдиyмот га оглeдaло дa се сфaти кaко отeлотворyвafte и кaко нejзинa предодреденост во шестиот месец

4 Преводот е слободен и е од тектсот Ka GraMM^aE Лем Cram^ Солaрис обjaвeн Ka нeговaтa вeб-стрaницa: http://english.lem.pl/arround-lem/adaptations/soderbergh/147-the-so-laris-station

на животот, фазата наречена имаго (Lacan, 2007: 76). До имагото, на необ]аснив начин, приод има и Океанот.

Планетата Соларис, преку сво]от океан, има капацитет да ги извлече на]силните записи од мозоците на екипажот, а тие записи на]многу се врзани со емоции на тага, болка, уживаае. Од нив го создава нивниот партнер/противник ко] ги преиспитува не само нивните туку и своите граници. Како средство за извлекуваае на записите, Океанот го користи сонот, една од човечките активности кои барем за уметноста била секогаш доведувана во врска со мистичното, чудесното, алхемиското. За психологщата, сонот е ]азикот на несвесното, а токму оттаму Океанот ги влече своите информации. Ги влече без вообичаената цензура за муа на]често се зборува низ човечки термини. Поинаков е приодот на тугата планета и кон чувството на непрщатност, ка] Фро]д дефинирано како uncanny. То] прщатен ужас, според Jунг, е примитивен страв од содржината на колективното несвесно.

Келвин, ко] и самиот е психолог, во ист момент се фака во костец и со површното и со длабинското. Ставен во неприроден контекст, то] ]а освестува сво]ата природа и не]зината ограниченст. Сфака дека тоа го дели со цело човештво. Соларис како неко] супериорен психолог или психщатар го потврдува функционируете на таканаречените механизми на сонот кои ги измислил Фро]д, (Jунг, 1984: 107) како поместувааа, вртежи. Преку нив, сонот може да се ослободи од таканаречени фасади и да се набшудува независно, биде]ки вистинските мисли на сонот се наогаат зад оваа фасада. Соларис мегутоа е потврда и на Jунг, дека нема потреба на сонот да му се придодава манипулативно сво]ство, но Соларис манипулира со сонот, а со ко]а цел - останува непознато. Можеби тоа е единствено средство, посредник, што може да го искористи за да оствари контакт?!

Сарториус смета дека, штом „гостинот" се ]авува секогаш само тогаш кога човек се буди, тогаш на]веро]атно то] го извлекува од нас производствениот рецепт во текот на сонот. То] смета дека на]важната состо]ба за нас е - токму сонот. Затоа вака постапува. (Лем, 1989: 115)

Планетата Соларис не го дозволува оно] концепт на Слотерда]к ко] вели дека: дури откако е прона]дено несвесното, човек може да реши да не го забележува „своето сопствено" несвесно (Слотерда]к, 2006: 53). Соларис „напага" со несвесното и тоа до оно] момент додека несвесното не биде прифатено како дел од себе, до оно] момент додека

не е интeгрирaно кaко дел од личносга. Во новeлaтa нa Cram^as Лем, тоa несвесно се мaтeриjaлизирa преку физичкa прeтстaвa нa личност (eкипaжот ги нaрeкyвa „гости") ко] исклучително многу знaчeлa зa посетителите га Cолaрис, a коja веке е мртвa. Во слyчajот га Келвин, roa е Хaри, нeговaтa сопрyгa коja се сaмоyбилa по едга од нивните кaрaници. Плaнeтaтa Cолaрис вешто си поигрyвa со мeмориjaтa нa Келвин и остaнaтитe до]денци, потсeтyвajKи нa aнтологискaтa книга га Ренте Лaxмaн Фантази)а, мeмориjа, рeторика, кaдe што е обjaснeт односот нa мeмориjaтa и фaнтaстикaтa, нejзинaтa способност дa ги мeнyвa нeштaтa, слично кaко и фaнтaстикaтa.

Но Хaри, тyкa, нa тaa дрyгa плaнeтa, е eднa друга Хaри и тоa не сaмо зaтоa што нejзинaтa основa не е клеточга туку нeyтринскa. Taa и покрaj тоa што личи и се однeсyвa кaко зeмjaнкaтa Хaри, покaжyвa и отстaпки кои Келвин го прeдизвикyвaaт дa ja погледне гако дрyгa личност. И ro^aj почетниот yжaс, стрaв, нeрaзбирafte, дури и жeлбa, новото суштество дa се уништи, со текот га времето, raj Келвин се jaвyвa приврзaност кон нea, пa дури и лубов. Еднa дрyгa Фромовa Умeтност на лубовта, га вонземски простор. Келвин не ги прeдвидyвa последиците когa и roa суштество стaнyвa свесно зa себе. Хaри сфaкa дeкa е вeштaчки создaдeнa, зa дa му пaрирa нa Келвин. Ja сфaKa сопствeнaтa бесмисленост и смeтa дeкa е непотребга во животот нa Келвин, га со помош га Сга.ут и неговиот aнxилaтор нa мaтeриja, тaa yмирa. Иaко можеби изглeдa дeкa прикaзнaтa се повторyвa, TOa зa Келвин е пресврт, TOj ja сфaкa потрeбaтa зa емотивга сигурност што сaмо еден стрaнeц може дa ja дaдe га друг.

Од друга стрaнa е Cолaриeвиот Окeaн, онaj коj не може дa се дeфинирa, сè што се знae зa него, се згае во фрaгмeнти. не може дa се сведе га земни концепти и зaтоa не може дa се доведе ни гако контрaст нa Зeмjaтa и нa човештвото. Во еден момент, Craнислaв Лем симeтриjaдитe га Окeaнот ги опишyвa кaко:

Но овaa спорeдбa, колку и дa се рaзвивa и дa се збогaтyвa (впрочем постоeja обиди зa визyaлизaциja со помош нa модели и филм) во нajдобaр слyчaj е нешто бессилно, a во нajлош слyчaj - избeгнyвafte одговор, aro не и вистинскa лaгa, зaшто симeтриjaдaтa не личи га ништо зимско... (Лем, 1989: 108)

Овaa слита aнтологиски одговaрa га целиот Окeaн. Имajки ja предвид Jyнговaтa aнaлогиja нa морето, окeaнот со колективното несвесно, можеме дa зaклyчимe дeкa Cолaрисовиот окeaн го прeбрaботyвa и сaмото колективно несвесно, што згачи и aрxeтиповитe нa човековото

несвесно. Во сво]ата книга За ncuхологujama на нecвecноmо, Карл Jym ирационалното го признава како неопxодна, секогаш присутна псиxичка функцща, чии содржини не се сметаат за конкретни, туку за пс^ички реалности, затоа што тоа се активни сили, т.е. стварности. Колективното несвесно е како талог на искуството, а истовремено и априори на истото, слика на светот, муа се формира во текот на еоните. Во оваа слика, со текот на времето, се формирале извесни црти, таканаречени арxетипови или доминанти. Тие се господари, богови, т.е. слики на доминантни закони и принципи на просечниот ред во текот од слики, кои душата ги доживува секогаш одново. Доколку овие слики се релативно верен одраз на псиxичките случувааа, тие одговараат на нивните арxетипови, т.е. на нивните основни црти настанати со трупаае на искуството со извесни општи физички основни црти. Поради тоа е можно арxетипските слики да се пренесат непосредно на физичките случувааа: така, на пример, етерот, како прастар здив или душа, ко] е присутен во сфакааето на лугето речиси на целата планета, или терминот енергща, како магиска сила - исто така, дел од општото сфакаае (Jung, 1984: 101-102).

Користе]ки терминологща на сонот, може да се каже дека сè додека колективното несвесно е неиздиференцирано, споено со индивидуалната псиxа, не може да се до]де до напредок, границата не може да биде пречекорена. Сонот и неговиот матерщал, во еден дел, ги карактеризира колективното несвесно како некое животно скриено во вода, друг дел како опасна болест, ко]а може да се излекува со навремена операцща. Хари, во то] контекст е самиот сон, негова матерщализацща. Келвин, прифака]ки го она што таа го претставува, се прифака и самиот себе.

Поради сво]ата сличност со физичките нешта, арxетиповите на]често се ]авуваат проектирани и тие проекции, ако се несвесни, се пренесуваат на личностите од секо]дневната околина, по правило, како ненормално потценуваае или преценуваае, како причина за недоразбирааа, мечтаете и за на]различни лудости. Затоа и се вели „то] од него прави бог", или обратно, кога неко] некого омаловажува. Така се создаваат и модерните митски творби, т.е. фантастични слyxови, недоверба и предрасуди. Поради тоа, арxетиповите се исклучително важни и мора да им се обрне внимание (Jung, 1984: 102). Планеата Соларис и самата е арxетип на непознатото, недостижното, но кое предизвикува големо лубопитство.

Соларис и она преку што таа е претставена, Океанот, во термините на магичното и самата потсетува на материjализнрано нечие друго, но не Зем]иното колективно несвесно. Океанот е и еден и многу, но секогаш наизглед незасегнат од она што се случува околу него. Келвин, во една

пригода, го споредува со Бог и тоа, Toj како што вели, сакат Бог:

Тоа треба да биде Бог ограничен во своето сезнаеае и во сво]ата семок, ко]што греши во предвидувааето на иднината на своите дела, кого што текот на по]авите што самиот ги предизвикал може да го исплаши. Тоа е...сакат Бог, ко] секогаш сака повеке отколку што може и ко] не е веднаш свесен за тоа. Ко] ги конструира часовниците, но не и времето што тие го мерат. Ко] создаде организми и механизми што им служат на одредени цели, но кои ги надраснаа тие цели и ги предадоа. И го создаде бескрарт, ко], од синоним за неговата мок, што требаше да биде, се претвори во синоним за неговиот безграничен пораз.

(Лем, 1989: 176)

Концептот на Бог, искористен од Андре] Тарковски, во неговиот филм од 1972, насловен исто така - Соларис, дава можност да се погледне делото и преку парадигмата на Бог и на религщата. Иако самиот Станислав Лем зазема критички, па дури и сатиричен однос кон религщата, то] сепак, со своето дело, успева да допре подлабоки филозофски прашааа кои, во секо] случай го вклучуваат и прашааето за Бог.

Визуелното решение на Тарковски, одговор на книгата на Станислав Лем, претставува показ на силната врска ко]а постои мегу книжевноста и филмот. Тоа, секако, е последица на книжевно-визуелните илузии наспроти книжевно-визуелната реалност, кои се сведуваат на визуелни дертва. И во двата случа]а, визуелните искуства се врежани во она што Лакан го нарекува хомеоморфна идентификацща (Кахун, 2006: 51), а таа самата потпага под поширокото прашаае за значеаето на убавината. За значеаето на просторот при ово] процес зборува и Роже Кара, ко] го употребил терминот „легендарна психастенща" (Роже Кара, 1972: 743) за класификацща на морфолошката мимикрща како опседнатост со просторот во неговиот дереализирачки ефект. За Лакан, функцщата на огледалната фаза е конкретен случа] на функцщата на имагото ко]а се сведува на воспоставуваае врска мегу организмот и неговата стварност. За нив, за организмот и неговата стварност, Лакан ги користи термините Innenwelt и Umwelt (Кахун, 2006: 51).

Тргнува]ки од третманот на германската славистка Ренате Лахман на фантази]ата и на меморщата како темелни антрополошки категории (заедно со реториката), (в. Капушевска-Дракулевска, Маргарита по трагите на Ма]сторот), може да се разгледа феноменот на паметеае,

паралелно на двете времиаа, книгата и филмот. Филмот на Тарковски нуди едно друго читаае на Cолapuc, во кое, на визуелен начин, го вкрстува животот на Зем]ата со оно] на Соларис. Притоа го вкрстува и минатотот и тоа, пред сè, личното, споменот, секавааето, сите оние белези на меморщата кои не сме сигурни колку можат да се видоизменат, врака]ки неко] минат миг, сега, но поинаков. Променетиот спомен и променетиот емотивен набо] што то] го носи, создава процес на некакво освестуваае ка] посетителите на Соларис. Тарковски ]а прикажува сопствената иде]а за човекот во антрополошка смисла на зборот. Тарковски е спомнат и во книгата на Дурацовски Insomnia (Бессоница) ко]а исто така се занимава со сонот, односно со отсуството на сон и со чудесните можности што инсомни]ата ги носи:

Од несоницата го насетуваме правецот по ко] треба да тргнеме, зрак на вистината за ко]а вреди да се живее. А несониците низ кои ж водат книгите понекогаш се граничат со вистински просветлувааа. (Дурацовски 2001, 47)

Филмот Соларис, вклучува делови и од животот на Келвин на зем]ата, а Тарковски и Лем на]убаво се врзуваат преку следниот цитат на Лем, визуелно прикажан од Тарковски, во првиот дел од филмот:

Но ]ас немам дом. Зем]ата? Размислував за не]зините големи, пренаселени, бучни градови во кои ке се изгубам, ке исчезнам речиси исто онака како да сум го направил она што сакав да го сторам втората или третата нок - да скокнам во океанот што тешко се брануваше во нокта. Ке потонам мегу лугето. (Лем, 1989: 175)

Контраст на таа слика е домот на родителите на Келвин на Зем]ата, ко] Келвин не се двоуми да го напушти. Пристигнувааето на планетата Соларис, за Келвин на Тарковски, претставува една своевидна иници]аци]а. Тарковски отстапува од вообичаената шема на научно-фантастични филмови, симболите на Зем]ата и самата планета Зем]а се потенцирани во однос на симболите на планетата Соларис. Иако приказната визуелно завршува на Соларис, авторот се обидува да го преслика наученото на Зем]ата врз Соларис. Всушност и нема друг избор.

Филмот сво]ата премиера ]а доживува во 1973 година, на Канскиот

филмски фестивал, каде што добива Гран при, а номиниран е и за Златна пата, на]високата награда на фестивалот.

Филмот, ги претпоставува оние прашааа што ги поставува и самиот Станислав Лем, прашааа што научната фантастика делумно ги избегнува: Што значи тоа да се биде човек и дали физичкото тело кореспондира со душата? Дали душата е нешто друго? Филмот, исто така, ]а истражува бесмисла на технологщата и како таа не оддалечува од природата и од нашето вистинско ]ас. Она што Тарковски го акцентира, а Лем го остава мегу редови, е чудото и колку тоа понекогаш е некаде каде што не се очекува или не може веднаш да се види. Едно од тие чуда е чудото на лубовта, таа не може да го смени светот/световите, но личниот свет и тоа како го менува.

Како резиме на средбата на Човекот и Соларис, човекот и непознатото, Човекот и лубовта, како одговор на потребата за контакт, стсуат зборовите на Келвин, со кои Станислав Лем ]а затвора сво]ата книга:

Но да се замине, сепак ке значеше да се прецрта оваа, можеби минимална, можеби само во мечтата постсуна шанса што ]а криеше иднината. Значи, да се поминат низа години мегу приборот, мегу работите што ги допиравме оба_щата, во воздухот што уште го помнеше не]зиниот здив? Во име на што? На надежта во не]зиното вракаае? Немав надеж. Но живееше во мене очекувааето, последното нешто што ми остана по неа. Какви исполнувааа, исме]увааа, какви маки уште очекував? Не знаев ништо, опсто]ува]ки во непоколебливата верба дека не изминало времето на ужасните чуда. (Лем, 1989: 182)

Во то] дух е и заклучокот, односно одговорот на прашааето за човекот, неговите потенцщали и ограничувааа. Само во лубовта и во креативниот чин, човекот успева да ги премости, но тие остануваат дел од неговата природа. Лубовта, сама по себе, е креативен чин, таа ги трансцедентира ограничувата и барем за миг ни дозовлува да ]а освоиме вечноста.

Литература:

Dods, E. R. Uzrok sna i uzrok kulture. // Polja (Novi Sad), decembar, 1981. Дурацовски, Димитрие. 2001 Insomnia. Скоп|е: Магор. jyot. Густав Карл.

1998. Човекот и неговите симболи. ЗУМПРЕС: Скопле. 2003. Психологща и алхемща. Табернакул: Скопле.

Jung. Gustav Carl. 1984. O psihologij nesvesnog. Matica Srpska: Novi Sad Капушевска-Дракулевска. Лидща. 1998. Во лавиринтите на фантастиката.

Магор: Скопле. 2006. Маргарита по тратите на Ма^торот. Магор: Скоще. Ка]оа. Роже. 1972. „Од барите до научната фантастика", во: Разгледи, бр. 7. 727764. 2002. Мит и човек. Просевта: Ниш. Кахун. Лоренс. 2006. Од модернизам до постмодернизам. Темплум: Скопле. Lakan. Zak. 1993. Spisi (izbor). Biblioteka danasni svet: Beograd. 2007. Lacan,

Jacques. Écrits. New York London, W.W. Norton & Company. Лем. Станислав. 1989. Соларис. Детска радост: Скоп|е.

Мо]сиева-Гушева. Jасмина. Сонот или од другата страна на реалноста. Електронско списание LiterNet: http://liternet.bg/publish15/ja_mojsieva-gu sheva/sonot.htm Sagan. Carl. 1997. Contact. Pocket: New York.

Слотерда]к, Петер. 2006. Доагапе на свет доагапе на збор. Темплум: Скоп|е. Урошевик. Влада. 1987. Подземна палата. Македонска книга: Скоп|е. Фро]д. Сигмунд. 1996. Неугодното во културата. Зумпрес: Скопле. Фром. Ерих. Уметноста на лубовта. Скоп|е: Три.

Fromm. Erih.1989. Anatomija ljudske destruktivnosti. Zagreb, NAPRIJED Шницлер, Артур.2002. Новела за сонот. Скоп|е: Темплум. (grupa autorа). 2011. Zak Lakan i izazov psihoanalize. QT casopis za kvir teoriju i kulturu: Beograd.

_. 2007. Толкувапе на соништата (книга 1 и 2.) Магор: Скоще.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.