Научная статья на тему 'СИНТАКСИЧКАТА АНАЛИЗА НА СЛОЖЕНАТА РЕЧЕНИЦА ВО НОВИНАРСКИОТ ПОТСТИЛ НА СТАНДАРДНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК'

СИНТАКСИЧКАТА АНАЛИЗА НА СЛОЖЕНАТА РЕЧЕНИЦА ВО НОВИНАРСКИОТ ПОТСТИЛ НА СТАНДАРДНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Текст научной статьи по специальности «Математика»

CC BY
199
5
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Область наук
Ключевые слова
COMPOUND SENTENCE / SYNTACTIC ANALYSIS / СЛОЖЕНА РЕЧЕНИЦА / СИНТАКСИЧКА АНАЛИЗА

Аннотация научной статьи по математике, автор научной работы — Јанушева Виолета

Сложените реченици составени од три и повеќе предикативни јадра, односно дел-реченици (зависни и н езав исн и ) што најчесто се среќаваат во новинарскиот потст ил на македонскиот стандарден јазик, за секој проучувач на македонскиот јазик претставу ва ат висти нс ки пред изв ик од гледн а точ ка на нивната синтаксичка анализа. Оттука, целта на трудот е да се покаже дека при нивната синтаксичка анализа се јавуваат мноштво дилеми и дека таа, од гледна точка н а „Синтаксата...“ на Минова-Ѓуркова, не може да се спроведе докрај. Истовремено, во трудот, се покажува дека во синтаксичката анализа на овие реченици, реконструкцијата и номинализацијата им аат многу важ на улога.The compound sentences that contain three or more predicative entities, i.e. part-sentences (independent or dependent) and are a part of the journalistic sub-style in the Macedonian standard language are a real challenge regarding their syntactic analysis for the Macedonian language researches. Therefore, the aim of the paper is to present that the syntactic analysis of these sentences shows many dilemmas and that regarding the Minova-Gjurkova’s Syntax cannot be fully valid. In the same time, the paper shows that in the syntactic analysis of these sentences the reconstruction and the nominalization have a very important role.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «СИНТАКСИЧКАТА АНАЛИЗА НА СЛОЖЕНАТА РЕЧЕНИЦА ВО НОВИНАРСКИОТ ПОТСТИЛ НА СТАНДАРДНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК»

прегледен научен труд

UDK:811.163.3'367

СИНТАКСИЧКАТА АНАЛИЗА НА СЛОЖЕНАТА РЕЧЕНИЦА ВО НОВИНАРСКИОТ ПОТСТИЛ НА СТАНДАРДНИОТ МАКЕДОНСКИ JАЗИК

Виолета Jанушева

Педагошки факултет — Битола, Македонца

Key words: compound sentence, syntactic analysis

Summary: The compound sentences that contain three or more predicative entities, i.e. part-sentences (independent or dependent) and are a part of the journalistic substyle in the Macedonian standard language are a real challenge regarding their syntactic analysis for the Macedonian language researches. Therefore, the aim of the paper is to present that the syntactic analysis of these sentences shows many dilemmas and that regarding the Minova-Gjurkova's Syntax cannot be fully valid. In the same time, the paper shows that in the syntactic analysis of these sentences the reconstruction and the nominalization have a very important role.

Клучни зборови: сложена реченица, синтаксичка анализа

Резиме: Сложените реченици составени од три и повеке предикативни ]адра, односно дел-реченици (зависни и независни) што на]често се срекаваат во новинарскиот потстил на македонскиот стандарден ]азик, за секо] проучувач на македонскиот ]азик претставуваат вистински предизвик од гледна точка на нивната синтаксичка анализа. Оттука, целта на трудот е да се покаже дека при нивната синтаксичка анализа се ]авуваат мноштво дилеми и дека таа, од гледна точка на „Синтаксата..." на Минова-Гуркова, не може да се спроведе докра]. Истовремено, во трудот, се покажува дека во синтаксичката анализа на овие реченици, реконструкцщата и номинализацщата имаат многу важна улога.

1. Вовед. Сложената реченица е синтаксичка единица со на]малку две предикативни ]адра. Не]зината синтаксичка анализа започнува токму од прирокот, ко] е конститутивен член на реченицата, па, оттука, бро]от на прироци го определува и бро]от на дел-реченици од кои се состои сложената реченица. Со помош на сврзниците и сврзувачките средства, се определува односот мегу дел-речениците (координацща или субординацща), а, потоа, повторно, според видот на

сврзникот или сврзyвачкото средство се определyва и типот на сложената реченица. На]големиот бро] примери за сложени реченици, наведени во поставите yчебници по македонски ]азик за основно, средно и високо образование, се сложени реченици, со две предикативни ]адра, што лесно се анализираат од гледна точка на утврдува&е на односот на дел-речениците (координацща или сyбординациjа), како и од гледна точка на утврдува&е на типот на сложената реченица.

Мегутоа, сложените реченици што се срекаваат во новинарскиот потстил на македонскиот ]азик се на]често составени од три и повеке предикативни ]адра, односно во нив постсуат повеке различни зависни и (или) независни дел-реченици, мегу кои може да се воспостави однос на координацща или на сyбординациjа, но не може да се определи типот на целата сложена реченица, па не е ]асно како треба да се постапува при нивната синтаксичка анализа, особено ако се има предвид дека во постсуната литератyра воопшто не постои анализа на примери од ваков тип.

Оттука, целта на трудот е да се покаже дека синтаксичката анализа на сложените реченици, што се срекаваат во новинарскиот потстил на македонскиот стандарден ]азик (со три и повеке предикативни ]адра), од гледна точка на „Синтаксата..." на Гуркова, не може да се спроведе докра] и да се укаже на одредени дилеми при нивната синтаксичка анализа. Исто така, во трудот, се покажува дека во синтаксичката анализа на овие реченици, реконструкцщата и номинализацщата имаат важна улога.

2. Методологща на истражувашето. За да се реализира целта на трудот, земени се предвид неколку сложени реченици (со поголем бро] предикативни ]адра), ексцерпирани од електронските изданща на дневните весници: „Утрински весник", „Вест" и „Пулс". Речениците се делат на дел-реченици според бро]от на предикативни ]адра, а потоа се врши нивна синтаксичка анализа. Во анализата се поага од „Синтаксата..." на Минова-Гуркова (2003), односно од односот на координацща и субординацща мегу дел-речениците, во рамките на сложената реченица, и од типовите сложени речници, во рамките на то] однос. Истражувааето има квалитативна парадигма (анализа на содржина) и дескриптивен диза]н. Од методите за анализа и за извлекуваае на научни заклучоци, се користат анализа и синтеза. Примерокот го сочинуваат сложени реченици, ексцерпирани од дневни весници. Анализата покажува дека овие сложени реченици, составени од три и повеке дел-реченици, од кои некои се зависни, а некои независни, излегуваат од шемата на сложените реченици со две

предикативни ]адра кои му припаГаат на одреден тип, што на]често се срекаваат како илустративни примери во учебниците, а со тоа се отежнува нивната синтаксичка анализа, (може да се определи односот мегу дел-речениците, но не може да се определи типот на целата сложена реченица, а се ]авуваат и поголем бро] дилеми), затоа што не постсуат информации за тоа, на ко] начин треба да се анализираат овие реченици. Понатаму, се покажува дека од одделните дел-реченици во ваквиот тип сложена реченица, по пат на реконструкцща, се добиваат повеке потсложени реченици во рамките на целата сложена реченица, кои, од сво]а страна, им припагаат на различен тип реченици. Од анализата се согледува и дека поголемиот дел од дел-речениците во овие сложени реченици (не сите), по пат на номинализацща, можат да се сведат на сложена реченица со две предикативни ]адра чщ тип може лесно да се определи.

3. Резултати и дискусща. Во продолжение следува анализата на сложените реченици ексцерпирани од дневните весници, резултатите и дискусщата на добиените податоци.

А) Откако СРМ се преименува дома со РМ, а во ОН како БJРМ, на периодот од НОБ и периодот од АСНОМ до распадот на СФРJ поединци, групи и политички партии викаат „уа" и плукаат по тоj период. (C.,J., 2012). На прв поглед, во реченицата има три предикативни ]адра. Но, ако се земе предвид дека прирокот се преименува, подметот СРМ како и сврзникот откако се испуштени во делот: а во ОН како БРJМ, всушност, оваа сложена реченица има четири предикативни ]адра, па, според тоа, има четири дел-реченици, а втората дел-реченица гласи: а откако СРМ се преименува во ОН како БJРМ. Првата и втората дел-реченица, според видот, се зависни и, во нив, преку сврзникот откако се укажува на времето на вршеае на глаголското де]ство (де]ството во главната следува по де]ството на зависната). Треба да се истакне фактот дека првата и втората дел-реченица, во нико] случа] не можат да се наречат временски зависносложени реченици, што често се случува во наставната практика, па дури и во поставувааето на прашааа, поврзани со синтаксичката анализа, во рамките на екстерното тестираае, зашто за да образуваат временска зависносложена реченица, тие мораат да се поврзат со независна, односно со главна (надредена) дел-реченица. Понатаму, мегу првата и втората дел-реченица (и двете зависни) се жуавуваат два сврзника: а, карактеристичен за независносложените спротивни реченици, и откако, карактеристичен за зависносложените временски реченици. Jасно е дека два различни сврзника (од кои едниот поврзува независносложени, а вториот зависносложени

реченици) не можат да се дозволат во иста сложена реченица, иако е познато дека де]ствата raj некои сложени реченици од хипотаксата и паратаксата можат да се доближат. Во двете зависни дел-реченици се укажува на времето на врше&е на де]ството во главната реченица, па, ако се прифати дека во втората дел-реченица е испуштен сврзникот откако, тогаш, што претставува а? Очигледно е дека а не може да биде сврзник карактеристичен за спротивните независносложени реченици, зашто, во ово] случа^ а, покра] откако, поврзува две зависни дел-реченици, а во примерите од „Синтаксата..." дадени се примери во кои а поврзува две независни дел-реченици. Од друга страна, во „Синтаксата...", а не се наведува во сврзниците карактеристични за временските зависносложени реченици, но се укажува на тоа дека, во разговорниот стил, на местото на сврзникот штом, ко] поврзува де]ства што се случуваат истовремено, може да се употреби и а (Минова-Гуркова, 2003: 272; Конески, 1987: 538). Оттука, иако не станува збор за де]ства што се случуваат истовремено и иако станува збор за зависни дел-реченици, може да се претпостави дека а, во ово] случа^ сепак, може да се сфати како сврзник, па, оттука, мегу првата и втората дел-реченица се ]авуваат два сврзника карактеристични за временските зависносложени реченици, при што а може да се разбере како редундантно во однос на откако. Блиско до ова е и размислувааето дека а е сврзник со ко] се сопоставуваат содржини во зависни дел-реченици кои се однесуваат на времето на вршеае на глаголското де]ство (иако не постсуат лексички конкретизатори): СРМ се преименува во РМ дома и СРМ се преименува во БJРМ во ОН (ист вршител). Размислувааето може да оди и во насока на тоа дека, иако станува збор за зависни дел-реченици, а поврзува две содржини, од кои втората воведува нешто ново (PMJ, 1986: 2), но и во насока на тоа дека а е еден вид партикула со ко] а се воведува содржина ко]а директно се надоврзува на претходната, иако ваква употреба на а не е регистрирана (Минова-Гуркова, 2003: 83; Конески, 1987: 541-543, Толковен речник на македонскиот ]азик, 2003: 1). Третата и четвртата дел-реченица се независни дел-реченици. Подметот во четвртата дел-реченица е испуштен (на тоа треба да се обрне внимание во наставната практика, а не да се вели дека го нема), но се подразбира дека станува збор за истиот подмет од третата дел-реченица. И е сврзник, карактеристичен за составните независносложени реченици. Според тоа, третата и четвртата дел-реченица претставуваат независни дел-реченици, сврзани со сврзникот и (однос на координацща) што, всушност, укажува на тоа дека станува збор за составна независносложена

реченица, а во двете дел-реченици се ]авува ист вршител на де]ството. Како да се продолжи анализата? Во ко] тип сложени речници да се смести горенаведената сложена реченица? Очигледно е дека станува збор за однос на субординацща (зашто има надреден и подреден член), а се знае дека за хипотаксата нужно е да постои еден надреден и на]малку еден подреден член (значи може да постсуат повеке подредени членови). Во ово] случа^ посто]ат две независни дел-реченици, значи два надредени члена кои се поврзуваат со сврзникот и, карактеристичен за составните независносложени реченици, како и две зависни дел-реченици, значи подредени членови, со кои се укажува на времето на вршеае на глаголското де]ство. Оттука, се наметнуваат следниве прашааа: Дали, во ово] случа^ може да се размислува за посебен поттип составно-временски реченици (една составна независносложена и една, или две, зависни дел-реченици, во кои се укажува на времето на вршеае на глаголското де]ство)? Дали е нужна реконструкцща со помош на ко]а секо]а поголема целина (сложена реченица), составена од поголем бро] зависни и независни дел-реченици, се сведува на т. н. потсложени реченици кои имаат две предикативни ]адра и, според тоа, ка] нив лесно се определува видот на односот мегу содржините како и типот на сложената реченица? Има]ки ]а предвид реконструкцщата, од горенаведената сложена реченица можат да се состават следниве потсложени реченици: Откако СРМ се преименува дома со РМ, на периодот од НОБ и периодот од АСНОМ до распадот на СФРJ поединци, групи и политички партии викаат „уа ', при што се добива временска зависносложена реченица, но се губат информациите дадени во другите дел-реченици. Ако втората дел-реченица се спои со првата независна дел-реченица, исто така, се добива временска зависносложена реченица: Откако СРМ се преименува во ОН како БJРМ, на периодот од НОБ и периодот од АСНОМ до распадот на СФРJ поединци, групи и политички партии викаат „уа", но, повторно, се губат информациите од останатите дел-реченици. Ако првата дел-реченица се спои со втората независна дел-реченица, повторно се добива временска зависносложена реченица: Откако СРМ се преименува дома со РМ, на периодот од НОБ и периодот од АСНОМ до распадот на СФРJ поединци, групи и политички партии плукаат по тоj период. Ако втората зависна дел-реченица се спои со втората независна дел-реченица, повторно се добива временска зависносложена реченица: Откако СРМ се преимнеува во ОН како БJРМ, на периодот од НОБ и периодот од АСНОМ до распадот на СФРJ поединци, групи и политички партии плукаат по тоj период. Од наведените примери, очигледно е дека во

рамките на целата сложена реченица, од одделните дел-реченици можат да е состават неколку т. н. потсложени реченици кои имаат две предикативни ]адра, па, според тоа, може да се определи односот мегу нив како и нивниот вид. Но во секо]а од составените потсложени реченици, се губат информациите од другите дел-реченици. Оттука, покра] горенаведените прашааа, се наметнува и прашааето: Дали е потребно, доколку е можно, сложената реченица, ко]а е составена од поголем бро] зависни и независни дел-реченици, по пат на номинализацща, да се сведе на две дел-реченици, за да може да се определи односот мегу нив како и видот на сложената реченица? Горенаведената сложена реченица, лесно може, по пат на номинализацща, да се сведе на две дел-реченици: По преименувапето на СРМ дома со РМ, а во ОН како ЫРМ, на периодот од НОБ и периодот од АСНОМ до распадот на СФРJ поединци, групи и политички партии викаат „уа" и плукаат по тоj период, при што се добива составна независносложена реченица, составена од две предикативни ]адра, ко]а, понатаму, лесно може да се анализира, односно да се расчлени на не]зините членови (функции), а притоа двете зависни дел-реченици кои го покажуваат времето на вршеае на глаголското де]ство, сега добиваат функцща на прилошка определба за време, што е во согласност и со името на временските зависносложени реченици - прилошкоопределбени. Останува уште да се постави прашааето за прилошката определба за време. Имено, очигледно е дека станува збор за два периода, еден е периодот од НОБ, а друг периодот од АСНОМ до распадот на СФРJ, па, оттука, се ]авува и дилемата дали во оваа реченица постсуат две прилошки определби за време, од кои секо]а се однесува на посебен временски период, или, всушност, станува збор за една прилошка определба за време. Со оглед на тоа дека прилошката определба за време се добива на прашааето кога + прирокот во реченицата, поверо]атно е дека станува збор за една прилошка определба за време.

Б) Електронски ке се спроведуваат пр^авите и одjавите за избран лекар, што ке им овозможи на здравствените работници да го известат ФЗО дека се избрани за матичен лекар на не^j граганин (Ек. Р., 2012). Според бро]от на предикативни ]адра, оваа реченица е составена од три дел-реченици и тоа: една независна, надредена, и две подредени, односно зависни дел-речници. Значи, постсуат еден надреден дел и два подредени дела, но во однос на подредените делови, случает не е ист како реченицата А, каде што двата укажуваат на времето на вршеае на де]ството, туку во нив се ]авуваат сврзници и сврзувачки средства кои упатуваат на жуавата на релативизацща, од

една страна, и на зависна дел-реченица, со ко]а се разоткрива содржината на еден дел од главната дел-реченица, од друга страна. Значи, се ]авува дел-реченица што се поврзува со жуавата на релативизацща и дел-реченица што се поврзува со сврзник ко] е карактеристичен за декларативните зависносложени реченици. Дел-реченицата, ко]а се врзува со сврзникот дека, не може, самата по себе, да биде декларативна (ово] пропуст е чест во наставната практика), зашто за да биде декларативна, таа треба да биде придружена од главна дел-речница. Очигледно е дека мегу дел-реченците во оваа сложена реченица е присутен односот на субординацща, ама, сепак, поради различниот тип на зависните дел-реченици, не може да се определи типот на сложена реченица во ко] таа припага. Оттука, може да се направи реконструкцща, при што се добиваат следниве потсложени реченици со две предикативни ]адра: со спо]увааето на првата и втората дел-реченица се добива односна зависносложена реченица, односно по]ава на релативизацща (релативно надоврзуваае), а релативниот сврзувачки збор е анафорската заменка што (се однесува на содржината на целата главна дел-реченица): Електронски ке се спроведуваат пр^авите и одjавите за избран лекар, што ке им овозможи на здравствените работници да го известат ФЗО. Во ово] случай се губи информацщата од третата дел-реченица. Спо]увааето на првата и третата дел-реченица, во ово] случай не е можно, зашто се добива реченица без смисла. Оттука, како да се разбере третата дел-реченица? Jасно е дека втората и третата дел-реченица не можат да се спо]ат доколку не се направат модификации, во смисла на тоа, што што треба да се замени со номинализацщата на првата дел-реченица: Електронското спроведувате на пр^авите и одjавите за избран лекар ке им овозможи на здравствените работници да го известат ФЗО дека се избрани за матичен лекар на неrnj граганин, па се добива декларативна зависносложена реченица.

В) Сеул со години настоjува да го зголеми дострелот на своите проектили, за да jа елиминира опасноста од Пjонгjанг, ко>j тврди дека развил ракети кои може да погодат цел во ко) и да е дел од територ^ата на Jужна Кореjа (Admin., 2012). Преку определуваае на бро]от на прироците, се гледа дека во оваа сложена реченица се присутни пет дел-реченици и тоа: една независна дел-реченица, главна, надредена, и четири зависни дел-реченици. Jасно е дека станува збор за однос на субординацща, дека не може да се определи типот на целата сложена реченица и дека е неопходно да се направи реконструкцща со ко]а се добиваат поголем бро] потсложени реченици со две предикативни ]адра. Со спо]увааето на првата и втората дел-

реченица се добива целна зависносложена реченица, де]ството во зависната дел-реченица е причина за де]ството во главната дел-реченица, дадена во вид на намера без да се инсистира на тоа дали е де]ството исполнето или не: Сеул со години настоjува да го зголеми дострелот на своите проектили, за да jа елиминира опасноста од Пjонгjанг. Првата дел-реченица не може да се спои со третата дел-реченица, зашто се добива реченица без смисла и зашто анализата на третата дел-реченица не може да се направи без да се земе предвид и втората дел-реченица. Првата дел-реченица не може да се спои со четвртата дел-реченица, зашто, повторно, се добива реченица без смисла. Првата дел-реченица може да се спои со петтата дел-реченица и притоа се добива односна зависносложена реченица, но се губат информациите дадени во другите дел-реченици, а, исто така, се добива и погрешна информацща: Сеул со години настоjува да го зголеми дострелот на своите проектили, кои може да погодат цел во коj и да е дел од територщата на Jужна Коре]а, зашто станува збор за Щонцанг ко] тврди дека развива ракети што можат да погодат ко]а и да е цел во Jужна Коре]а, а не дека ракетите на Сеул можат да погодат ко]а и да е цел во Jужна Коре]а. Кои, во ово] случа], е релативна именска група со ко]а се воведува реченична определба наспрема именската група проектили за ко]а се дава дополнителен податок дека: може да погодат цел во ко>j и да е дел од територщата на Jужна Коре]а, односно кои може да погодат цел во ко>j и да е дел од територщата на Jужна Коре]а претставува придружна дел-реченица. Анализата на третата дел-реченица не може да се направи без да се земе предвид втората дел-реченица, зашто се тие мегу себе содржински поврзани, одноно ко] од третата дел-реченица се однесува на П]онг]анг од втората дел-реченица. Од друга страна, ако ко} се замени со П]онг]анг, се добива декларативна зависносложена реченица: П]онг]анг тврди дека развил ракети, па, во целата сложена реченица, всушност, има две независни дел-реченици: Сеул со години насто]ува да го зголеми дострелот на своите проектили и П]онг]анг тврди. Првата и втората дел-реченица можат да се претворат во реченица со едно предикативно ]адро, ко]а ке ]а претставува главната дел-реченица, за да може ко<j да претставува релативна именска група ко]а ке упатува на оно] дел од главната дел-реченица на ко] се однесува, во ово] случай на П]онг]анг, односно целната зависносложена реченица може да се трансформира во реченица со едно предикативно ]адро: Повекегодишното насто]увапе на Сеул за зголемувапе на дострелот на своите проектили за да се елиминира опасноста од Щонг]анг, но, во то] случай не]зиното поврзуваае со

третата, четвртата и петтата дел-реченица нема смисла. Анализата на четвртата дел-реченица, пак, не може да се направи без да се земе предвид третата дел-реченица, затоа што се тие мегусебно поврзани. Има]ки ]а предвид содржинската поврзаност и анализата на петтата дел-реченица не може да се направи без да се земе предвид четвртата дел-реченица. Како да се анализира оваа реченица? Во ко] тип реченици спага? Од целата сложена реченица можат да се направат две сложени реченици и тоа, првата: Сеул со години настоjува да го зголеми дострелот на своите проектили, за да jа елиминира опасноста од Пjонгjанг, што претставува целна зависносложена реченица и Пjонгjанг тврди дека развил ракети, што претставува декларативна зависносложена реченица. Но, понатаму, се поставува прашааето за тоа како во нив да се вклучи петтата дел-реченица. Очигледно е дека таа содржински се однесува на декларативната зависносложена реченица и дека станува збор за придружна дел-реченица ко]а може да биде анализирана како проста реченица со едно предикативно ]адро: Ракетите може да погодат цел во ко>j и да е дел од територ^ата на Jужна Кореjа. Уште треба да се напомене дека првата и втората дел-реченица како и третата и четвртата дел-реченица можат да се трансформираат во речници со едно предикативно ]адро, но со поврзувааето на двете дел-речници, по трансформацщата се добива сложена реченица ко]а нема смисла.

Г) Доколку ситуац^ата се смени, тогаш ке мора да наjдам алтернатива, биде^и го сакам наjдоброто за клубот (/, 2014). Според бро]от на предикативни ]адра, сложенава реченица има три дел-реченици, една надредена, односно главна, и две зависни дел-реченици, една зависна дел-реченица во ко]а се укажува на условот ко] претставува еден вид причина, односно условот е поставен, но не се знае дали ке се исполни или не, и една дел-реченица во ко] а се укажува на причината, односно таа претставува прилошка определба за причина во однос на главната дел-реченица. Jасно е дека односот мегу дел-речениците во оваа реченица е однос на субординацща, но не може да се определи типот на сложената реченица. По пат на реконструкцща можат да се добщат следниве потсложени реченици: со спо]увааето на првата и втората дел-реченица се добива условна зависносложена реченица, но се губи информацщата од третата дел-реченица: Доколку ситуац^ата се смени, тогаш ке мора да наjдам алтернатива. Со спо]увааето на главната дел-реченица со третата дел-реченица се добива причинска зависносложена реченица: Тогаш ке мора да наjдам алтернатива, бидеjки го сакам наjдоброто за клубот, но се губи информацщата од првата дел-реченица. Во ко] тип сложени

реченици ке спага оваа реченица? Jасно е дека не може да се определи не]зиниот тип. Со процесот на номинализацща на третата дел-реченица, целата реченица може да се сведе на реченица со две предикативни ]адра: Сака/ки го на/доброто за клубот, морам да на/дам алтернатива доколку ситуацщата не се смени, што претставува условна зависносложена реченица. Номинализираниот дел, иако малку невообичаен, претставува прилошка определба за причина. Пологично е процесот на номинализацща да се примени на првата дел-реченица, па се добива следнава сложена реченица: Промената на ситуацщата мора да доведе до алтернатива биде/ки го сакам на/доброто за клубот, што е причинска зависносложена реченица.

Д) И покраj тоа што мечеви од европските натпреварувапа ретко се играат среде недела, ова беше единствениот прифатлив термин за двете екипи, биде/ки во соседните викенди се закажани завршниците од националниот куп во двете зем/и (Г. К., 2014). Оваа сложена реченица, според бро]от на предикативни ]адра, има три дел-реченици, едната дел-реченица е независна, односно главна надредена дел-реченица, а двете други се зависни дел-реченици, од кои едната го покажува неопходниот услов за вршеае на де]ството во главната дел-реченица и со тоа има допирни точки со условните зависносложени реченица, а другата зависна дел-реченица ]а покажува причината за вршеае на глаголското де]ство во главната дел-реченица. Во целата реченица, постсуат две различни зависни дел-реченици, па ]асно е дека станува збор за однос на субординацща, но не може да се определи типот на сложената реченица. По пат на реконструкцща се добиваат следниве потсложени реченици: ако главната дел-реченица се спои со првата дел-реченица, се добива допусна зависносложена реченица, но се губат информациите дадени во втората дел-реченица: И покра/ тоа што мечеви од европските натпреварувапа ретко се играат среде недела, ова беше единствениот прифатлив термин за двете екипи, а со спо]увааето на главната дел-реченица со третата дел-реченица, се добива причинска зависносложена реченица, но се губат информациите дадени во втората дел-реченица: Ова беше единствениот прифатлив термин за двете екипи, биде/ки во соседните викенди се закажани завршниците од националниот куп во двете зем/и. Во ово] случа], не е можен процес на номинализацща, според тоа, реченицата не може да се сведе на сложена реченица со две предикактивни ]адра.

Г) Не очекуваме да растат цените, биде/ки стандардот на македонските грагани е низок, правиме сè да не ги зголемиме цените

на нашите производи (М., С., 2012). Во оваа сложена реченица има три предикативни ]адра, па, според тоа, и три дел-реченици: две независни, односно главни, надредени, и една зависна дел-реченица со ко]а се укажува на причината за вршеае на глаголското де]ство во двете независни дел-реченици. По пат на реконструкцща, од сложенава реченица можат да се добщат следниве потсложени реченици: ако првата се спои со втората дел-реченица, се добива причинска зависносложена реченица: Не очекуваме да растат цените, биде^и стандардот на македонските грагани е низок, а ако втората дел-реченица се спои со третата дел-реченица, исто така, се добива причинска зависносложена реченица: Биде^и стандардот на македонските грагани е низок, правиме сè да не ги зголемиме цените на нашите производи. Првата и третата дел-реченица, односно независните дел-реченици се одделени со запирка, значи со нивното спо]увашг се добива сложена асиндетонска реченица, а тоа ]а отежнува анализата, зашто мегу независните дел-реченици можат да се стават сврзници, или сврзувачки средства, карактеристични за независносложените и за зависносложените реченици, и да се добщат различни типови реченици. Оттука произлегува и дилемата за синтаксичката анализа, ко]а, всушност, се однесува на синтаксичката анализа на сложената асиндетонска реченица воопшто, во однос на определувааето на односот мегу дел-речениците што ]а сочинуваат асиндетонската реченица како однос на координацща и на субординацща. Во принцип, нема пречка мегу дел-речениците на асиндетонската реченица да се изрази еден однос (координацща или субординацща) и да се добщат различни типови сложени реченици, на пример, составна: Не очекуваме да растат цените (и, па, та, не само што туку и) правиме сё да не ги зголемиме цените на нашите производи; причинска: Не очекуваме да растат цените (бидеjKи, затоа што, зашто) правиме ...; допусна: Иако не очекуваме да растат цените, правиме ... Дилемата што се наметнува во ово] случа] е, дали мегу дел-речениците во асиндетонската реченица треба да се определи однос на координацща или на субординацща, па потоа да се анализираат различните типови сложени реченици, или, пак, секо]а асиндетонска реченица, според односот што ке се констатира мегу дел-речениците, треба да се вклучи во неко] од веке поставите типови сложени реченици, на пример, асиндетонска причинска зависносложена реченица.

Е) Тешка и долготраjна епизода на голема невработеност е застрашувачка опци/а, биде^и jа раз/адува квалификуваната база на економи/ата, го поткопува човечкиот потенциал, и го навредува

човечкото достоинство (Ц., Х., 2012). Според бро]от на предикативни ]адра, во оваа сложена реченица постсуат четири дел-реченици. Оваа сложена реченица може да има тро]на интерпретацща. Во еден случа^ ако се прифати дека сврзникот биде/ки е испуштен во последните две дел-реченици, може да се каже дека и претставува партикула за присоединуваае, па, според тоа, постсуат три зависни дел-реченици кои ]а претставуваат причината поради ко]а се врши де]ството во главната дел-реченица (ова треба да се потенцира во наставната практика, зашто често се вели дека зависната дел-реченица е причинска зависносложена) и една главна дел-реченица. Односот на главната дел-реченица со секо]а одделна зависна дел-реченица претставува однос причина - последица, па по пат на реконструкцща се изделуваат три потсложени реченици: Тешка и долготра/на епизода на голема невработеност е застрашувачка опци/а, биде/ки /а раз/адува квалификуваната база на економи/ата; Тешка и долготра/на епизода на голема невработеност е застрашувачка опци/а, биде/ки го поткопува човечкиот потенци/ал; Тешка и долготра/на епизода на голема невработеност е застрашувачка опци/а, биде/ки го навредува човечкото достоинство. Оттука произлегува и дилемата во однос на тоа, дали, во ово] случа^ и покра] тоа што постсуат една главна дел-реченица и три зависни дел-реченици (а не само една) кои се однесуваат на причината поради ко]а се врши де]ството во главната дел-реченица, целата сложена реченица може да се интерпретира како причинска зависносложена реченица (ако се прифати дека сврзникот биде/ки е испуштен во другите дел-реченици). Во друг случа^ ако не се прифака дека сврзникот биде/ки е испуштен во последната дел-реченица, има]ки го предвид присуството на и, може да се каже дека посто]ат две зависни дел-реченици кои се однесуваат на причината на вршеае на глаголското де]ство и две независни дел-реченици (првата и четвртата дел-реченица). Во ово] случа^ по пат на реконструкцща, со сжуува&е на првата со втората дел-реченица, се добива причинска зависносложена реченица: Тешка и долготра/на епизода на голема невработеност е застрашувачка опци/а, биде/ки /а раз/адува квалификуваната база на економи/ата, со сж^ува&е на првата со третата, исто така, причинска зависносложена реченица: Тешка и долготра/на епизода на голема невработеност е застрашувачка опци/а, биде/ки го поткопува човечкиот потенци/ал, но со спо]увааето на првата со четвртата дел-реченица се добива составна независносложена реченица: Тешка и долготра/на епизода на голема вработеност е застрашувачка опци/а и го навредува човечкото достоинство. Дали може да се размислува за одделен

поттип сложени составно-причински реченици? Или, повторно, треба да се земе предвид номинализацщата, па целата сложена реченица да се сведе на сложена реченица со две предикативни ]адра, од кои ке се добие причинска зависносложена реченица: Тешка и долготра^а епизода на голема невработеност е застрашувачка опци/а, биде^и jа раз/адува квалификуваната база на економи/ата, поткопува^и го човечкиот потенци/ал и навредуваjKи го човечкото достоинство. Во трет случа^ ако не се прифака дека сврзникот бидеjKи е испуштен во третата-дел реченица, со сжуува&ето на првата и третата дел-реченица се добива сложена асиндетонска реченица: Тешка и долготра^а епизода на голема невработеност е застрашувачка опци/а, го поткопува човечкиот потенци/ал. Во однос на оваа сложената асиндетонска реченица, остануваат истите дилеми како и за сложената реченица во точка Г.

4. Заклучок. Во сложените реченици што се срекаваат во новинарскиот потстил, составени од три и повеке дел-реченици (зависни и независни), може да се определи однос на координацща и на субординацща мегу дел-речениците, но не може да се определи типот на овие реченици, што значи дека нивната синтаксичка анализа, од гледна точка на „Синтаксата..." на Минова-Гуркова, не може да се спроведе докра], зашто наведените реченици отстапуваат од шемата на сложена реченица со две предикативни ]адра. Синтаксичката анализа на овие реченици покажува дека постсуат голем бро] дилеми, во однос на толкувааето на функцщата на одделни реченични членови, во однос на анализата на одделни дел-реченици, како и во однос на потребата од дополнуваае на досегашната класификацща на сложените реченици. Синтаксичката анализа на овие реченици, исто така, покажува дека постои потреба од примена на реконструкцща и номинализацща, кои, иако не во сите случаи, сепак помагаат во нивно сведуваае на сложени реченици со две предикативни ]адра, чщ тип лесно се определува. Ова истражуваае претставува поповна основа за натамошни истражувааа во рамките на сложената реченица, со цел да се раз]аснат дилемите и да се олесни нивната синтаксичка анализа.

Литература:

Киселинов, J., Горги. 1949. „Македонска синтакса". Подготовка, осврт,

белешка - Степан Ристески. 2015. Струга: Ирис. Минова-Гуркова, Лил]ана. 2003. „Синтакса на македонскиот

стандарден ]азик„. Скоще: Радинг. Митева, Димка. 1995/96. „Синтаксичка анализа на македонската

реченица". Скоще: Струм-Скоп. „Речник на македонскиот ]азик со српскохрватски толкувааа". 1986.

Ред. Б. Конески. Скоще: Македонска книга и Графички завод „Г. Делчев".

„Толковей речник на македонскиот ]азик". 2003. Т. 1. Ред. К. Конески. Скоще: Институт за македонски ]азик „К. Мисирков".

Ексцерпирани текстови:

Спасески, 1ордан. Коментари. 2012. Писма - Доста беше газеае по нашето минато.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=B6653A0DAE363E4ABF29083831DAC31F, 20.2.2016

Ек. Р. Македонща. 2012. Електронската проверка ке ги замени здравствените сини картони.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=6601436BDA6BAC4ABE09763BE1A797BB, 20.2.2016

Admin. Свет. 2012. САД и 1ужна Коре]а договорща ]акнеае на ракетното вооружуваае. http://puls24.mk/svet/vesti/3208-sad-i-juzna-koreja-dogovorija-jaknenje-na-raketnoto-vooruzuvanje, 20.2.2016 /.Спорт. 2014. Меси ке заработува 416 666 евра неделно. http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=95D640A981E5BD4CB876CA738BB764 BD&arc=1, 20.2.2016

Г. К. Спорт. 2014. Термин се на]де, проблем е превозот. http://www.vest.mk/?ItemID=A90BBE8C0074BA4FAA1261DC763CF8F2, 20.2.2016

Мацовска, Соаа. Економща. 2012. Како се борат со кризата малите и средните фирми.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=67B33860328B0F47BF272B8B3D4BE4F0, 20.2.2016

Це]мс, Харолд. Коментари. 2012. Зошто победува Обама? http://www.utrinski.mk/?ItemID=3F8CD6A6AC6F1F478319DBCFE27AB9EB, 20.2.2016

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.