Научная статья на тему 'ОКОЛУ КЛАСИФИКАЦИЈАТА НА УСЛОВНИОТ ПЕРИОД ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК'

ОКОЛУ КЛАСИФИКАЦИЈАТА НА УСЛОВНИОТ ПЕРИОД ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Текст научной статьи по специальности «Строительство и архитектура»

CC BY
32
10
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
CONDITIONALS / МACEDONIAN LANGUAGE / MODALITY / УСЛОВЕН ПЕРИОД / МАКЕДОНСКИ јАЗИК / МОДАЛНОСТ

Аннотация научной статьи по строительству и архитектуре, автор научной работы — Ивановска-наскова Руска

Целта на овој труд е да се утврдат доминантните модели на класификација на условните периоди во македонскиот јазик предложени во студиите посветени на оваа проблематика. Студијата се осврнува на неколку клучни концепти поврзани со условните периоди и на критериумите за класификација на овие конструкции. Даден е општ преглед на анализираните студиите со осврт на третираните теми и опсегот на описот на системот на македонските условни периоди. Вториот дел на трудот се задржува на сличностите и на разликите меѓу анализираните двојни и тројни модели, како и на насоките во кои би можеле да се движат идните истражувања на условните периоди во македонскиот јазик.The aim of the study is to determine the predominant models of classification of the conditionals in the Macedonian language as presented in literatute on this topic. The study presents some key concepts related to conditionals and the criteria adopted in the classification of these constructions. A general overview of the considered studies is given, with particular attention to the addressed issues and the extent of coverage of the description of the Macedonian conditional system. The second part of the study deals with the similarities and the differences among the analyzed bipartite and tripartite models and the possible directions of future studies on Macedonian conditionals.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «ОКОЛУ КЛАСИФИКАЦИЈАТА НА УСЛОВНИОТ ПЕРИОД ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК»

прегледен научен труд UDK:811.163.3'366.59

ОКОЛУ КЛАСИФИКАЦШАТА НА УСЛОВНИОТ ПЕРИОД ВО МАКЕДОНСКИОТ JАЗИК

Руска Ивановска-Наскова

Филолошки факултет „Блаже Конески " Универзитет „ Св. Кирил и Memoduj ", Скопле, Македони/а

Key words: conditionals; Macedonian language; modality

Summary:The aim of the study is to determine the predominant models of classification of the conditionals in the Macedonian language as presented in literatute on this topic. The study presents some key concepts related to conditionals and the criteria adopted in the classification of these constructions. A general overview of the considered studies is given, with particular attention to the addressed issues and the extent of coverage of the description of the Macedonian conditional system. The second part of the study deals with the similarities and the differences among the analyzed bipartite and tripartite models and the possible directions of future studies on Macedonian conditionals.

Клучни зборови: условен период; македонски ]азик; модалност

Резиме: Целта на ово] труд е да се утврдат доминантните модели на класификацща на условните периоди во македонскиот ]азик предложени во студиите посветени на оваа проблематика. Студщата се осврнува на неколку клучни концепти поврзани со условните периоди и на критериумите за класификацща на овие конструкции. Даден е општ преглед на анализираните студиите со осврт на третираните теми и опсегот на описот на системот на македонските условни периоди. Вториот дел на трудот се задржува на сличностите и на разликите мегу анализираните дво]ни и тро]ни модели, како и на насоките во кои би можеле да се движат идните истражувааа на условните периоди во македонскиот ]азик.

1. Вовед

Условниот период е синтаксичка конструкцща составена од зависна дел-реченица, наречена протаза, преку ко]а се искажува

одреден услов, и главна реченица, наречена аподоза, ко]а ]а искажува последицата што зависи од остварува&ето на поставениот услов:1

(1) Ако до]деш во Скоще, ке одиме заедно на Водно.

Во дадениот пример, протазата Ако до]деш во Скоще го содржи условот чие исполнува&е е неопходно за да се реализира и последицата содржана во аподозата ке одиме заедно на Водно.

Условните зависносложени реченици се интересни од неколку аспекти. Во однос на формата, дескриптивните студии на многу ]азици укажуваат на тоа дека во формулира&ето на релацщата 'услов5 учествуваат различни морфолошки, лексички и синтаксички показатели и дека постсуат многу варщанти на овие конструкции во одреден систем. Односот мегу формата и семантиката на овие конструкции е исклучително сложен. Тие не се секогаш еднозначни: условен период, со одредена комбинацща на показатели, може да има различни значеаа во различни контексти. Од друга стана, пак, говорителот има на располагаае широк спектар на синонимни структури кои можат минимално да се разликуваат едни од други во однос на показателите во површинската структура. Системот на условни периоди во еден ]азик е комплексен и поради преклопувааето на овие реченици со други семантички домени. Имено, во одредени случаи, зависносложените реченици со показатели на релацщата 'услов5 можат да искажат и други релации како, на пример, 'каузалност5, 'концесивност','адверсативност5 и сл. Условните периоди се интересни, исто така, во однос на нивната употребата во различни комуникациски ситуации. Тие покриваат многу прагматички функции како што се: заповед, предупредуваае, молба, совет и др.

Има]ки ги предвид овие аспекти на условните зависносложени реченици, разбирливо е зошто концептуализацщата на системот на овие конструкции не е лесна задача. Во литературата се сретнуваат многубро]ни класификации кои почиваат на различни формални, семантички и прагматички критериуми (1уапоузка-Казкоуа,2012). И во студиите посветени на македонскиот ]азик, ова прашаае буди голем интерес. Според Га^ова (2008: 17), класификацщата на условните периоди е една од на]често обработуваните теми поврзани со оваа проблематика. Целта на оваа студща е да направи пресек на

1 Во литературата за македонскиот jазик се сретнуваат термините условни (кондиционални) зависносложени реченици (Минова-Гуркова, 1994: 263) и условен период (^дова, 2008). Во оваа студща и двата термина, заедно со терминот условна конструкцща, се употребуваат како синонимни.

предложените класификации и да ги определи можните насоки на идните истражувааа во ово] домен.

2. Условните зависносложени реченици во македонскиот j.uiik'

Условните зависносложени реченици се предмет на интерес на поголем бро] студии. Одредени забелешки за овие конструкции се сретнуваат во Граматиката на македонскиот литературен jазик од Конески (1967[1965]). Голомб се осврнува на условните зависносложени реченици во неговите студии околу модалноста (цит. спор. Минова-Гуркова,1997[1967]; Hacking, 1997). Првите пообемни студии, посветени на оваа проблематика, се направени од Минова-Гуркова (1997[1967]; 1997[1968]; 1997[1969a];1997[1969b]; 1997[1969c]; 1994; 1990). Истражувааата на Крaмер, врзани повторно за модалноста во македонскиот ]азик, ги третираат и условните зависносложени реченици во македонскиот ]азик (Kramer, 1994; 1986; 1989; 1992). Во ово] контекст треба да се спомнат уште неколку истражувааа на различни теми: Марш-Стефановска (1990), Мишик (1990), Хакинг (Hacking, 1997) и Вел]ановска (1988). Во назовите истражувааа, посветени во целост на македонскиот ]азик, се и студиите на Га^ова (2008; 2014; 2015). Системот на македонските условни периоди е предмет на интерес и на неколку контрастивни студии од различен обем и од различни автори: Крамер (Kramer, 1988; 1992), Мишик (1997), Хакинг (Hacking, 1997), Ивановска-Наскова (Ivanovska-Naskova,2011) и Ивановска-Наскова и Самарцик (Ivanovska-Naskova & Samardzic, во печат). Преглед на условните зависносложени реченици во македонскиот ]азик е вклучен и во поновите граматики на македонскиот ]азик (Боровска, Минова-Гуркова, Пандев & Цветковски, 2008; Саздов, 2009). Во продолжение е даден преглед на главните истражувааа посветени на оваа проблематика.

Студиите на Минова-Гуркова се издво]уваат од останатите студии по опсегот на третираните теми. Поповна точка во претставуваае на студиите на оваа авторка е описот на системот на зависносложени условни реченици, во Синтаксата на македонскиот jазик (Минова-Гуркова, 1994). Во него, Минова-Гуркова се осврнува на видовите услов, на поделбата на условните реченици, на сврзниците и на одредени примери кои, по своето значеае, се доближуваат до други видови зависносложени реченици. Посебно внимание Минова-Гуркова им обрнува на условните сврзници, на нивната дистрибуцща, на видот на услов што го изразуваат како и на согласувааето на времиаата во протазата и аподозата на условниот период (Минова-

Гуркова,1997[1969а]). Две посебни статии се занимаваат со различни праша&а врзани за сврзникот ако: семантиката на 0B0j основен условен сврзник во македонскиот ]азик, неговите корелати во аподозата, редот на дел-речениците, времи&ата и начините во двете дел-реченици, комбинациите на ако со други сврзници или со партикули и повторува&ето на сврзникот ако во реченицата (Минова-Гуркова,1997[1967]; 1997[1968]). Минова-Гуркова се осврнува и на праша&а врзани за разво^т на системот на условни сврзници (Минова-Гуркова, 1997[1969c]) и за начините на ко] се изразува релацщата 'услов5 во народните пословици (Минова-Гуркова, 1997[1969b]). Во сво]ата последна статща на оваа тема, Минова-Гуркова се наврака на употребата на условните сврзници, на поделбата на условните периоди во македонскиот ]азик и на случаите на синтаксичка хомонимща, во контекст на овие зависносложени реченици (Минова-Гуркова, 1990).

Минова-Гуркова нуди исцрпен опис на системот на условни зависносложени реченици, во ко] се застапени голем бро] варщанти на условните зависносложени реченици. Во прегледот на типовите реален услов, на пример, покра] трите основни модели на условни периоди -сегашно време во двете дел-реченици, сегашно време во протазата и идно време или заповеден начин во аподозата - наведени се уште десетина други комбинации на глаголски форми кои имаат специфично значеае или поретка употреба (Минова-Гуркова, 1997[1967]). Еден од важните аспекти на ово] опис е тоа што Минова-Гуркова едновремено ги разгледува и сврзниците и времиаата во аподозата и протазата на условниот период. Во деталниот преглед на конструкции честопати се сретнуваат и забелешки за дистрибуцщата на одредени варщанти во различни функционални стилови. Уште еден важен аспект на ово] опис е тоа што Минова-Гуркова ги зема предвид и конструкциите во кои, мегу зависната дел-реченица и главната, не постои однос услов-последица и кои, по своето значеае, се блиски до други видови зависносложени реченици.

Мегу бродите студии на Крамер, посветени на аналитичката модалност во македонскиот ]азик, се сретнуваат неколку што се фокусираат на условниот период. Според Крамер, условните конструкции се мошне податливи за истражуваае на аналитичката модалност токму поради присуството на поголем бро] модални честички во протазата и/или во аподозата на условниот период:

The formation and meaning of conditional clauses is one of the most complex problems in the Macedonian modal system. Four of the particles are used in the protasis of a conditional period, namely da, ako, li and

dokolku. In some instances koga bi may be used. In the apodosis, two forms are competing: constructions with the particle ке and constructions with the particle bi (Kramer, 1984: 265).

Крамер го анализира придонесот на честичките во изразуваае различни аспекти на модалноста и предлага нова класификацща на условните конструкции. Таа, исто така, ги разгледува условните зависносложени реченици во македонскиот ]азик и во поширок контекст, оно] на изразуваае на модалноста во балканските словенски ]азици (Kramer, 1992). Особено важни се забелешките за дистрибуцщата на некои конструкции како и за причините за почестата употреба на одредена варщанта во однос на други.

Главната студща на Га^ова, Условниот период во дщ'алектите на македонскиот jазик (2008), е од исклучителна важност, затоа што покрива тема ко]а сосем малку е третирана во студии од други автори. Га^ова се осврнува на условните конструкции во уште два не]зини понови труда за семантиката и за употребата на да-конструкциите во условните периоди (Га]дова 2014; 2015).

И спомнатите контрастивни студии даваат значаен придонес во осветлувааето на системот на условни зависносложени реченици во македонскиот ]азик. Студщата на Мишик (1975), ко]а ги обработува системите на условни периоди во македонскиот и во англискиот ]азик, посветува особено внимание на фреквенцщата на голем бро] условни периоди во широк корпус на текстови. Оваа студща е важна, исто така, и затоа што зема предвид и многу маргинални конструкции како што се конструкциите со исполнет услов или примери кои искажуваат условност без формален показател на оваа релацща. Хакинг (1997), пак, ги разгледува, паралелно, македонскиот и рускиот систем на условни конструкции, со посебен осврт на категориите начин, време, вид и статус. Од особено значеае се не]зините белешки во врска со прифатливоста на одредени конструкции, направени врз основа на мислеаа на родени говорители на македонскиот ]азик. Истражувааето на Ивановска-Наскова (2011) се однесува на условните периоди во италщанскиот и во македонскиот ]азик. Има]ки предвид дека анализираните примери се ексцерпирани од паралелен корпус на книжевни текстови, истражувааето се осврнува на карактеристиките на условните периоди во преводната литература.

Во однос на класификацщата на условните периоди во македонскиот ]азик, во анализираниот корпус на студии се издво]уваат уште неколку истражувааа. Марш-Стефановска (1990) се осврнува на семантичките функции на условните реченици и предлага нивна поделба врз основа на нивната функцща. И Хакинг (1997) се занимава

со употребата на условните зависносложени реченици во македонскиот ]азик во уште една не]зина контрастивна студща што го опфака и англискиот систем.

3. Класификацща на условниот период во македонскиот jазик

Класификацщата на условните зависносложени реченици е една од на]застапените теми во анализираните студии, посветени на македонскиот ]азик. Ова се должи, воопшто, на сложеноста на условните реченици, за ко]а стана збор претходно, во ово] текст, но и на одредени специфики на македонскиот систем на условни реченици. Еден од главните фактори, кои го усложнуваат системот, е интеракцщата мегу сврзниците и глаголските форми. Бродите глаголски форми и сврзници формираат многу варщанти на условни периоди и, според Хакинг, задолжително треба да се анализираат заедно, во описот на системот:

The semantic interpretation of a given conditional results from the interaction of, on one hand, conjunctions or particles marked for certain lexical or syntactic features and, on the other, the verb forms which are marked for particular grammatical categories. In conceptualizing the system, all these variables must be taken into account (Hacking 1997, 93).

Во ово] контекст, важна е и констатацщата на Минова-Гуркова во врска со глаголските форми што се сретнуваат во условните периоди во македонскиот ]азик:

Македонскиот ]азик покажува прилично голема разнообразност во согласувааето на времиаата во зависната и во главната дел-реченица во рамките на условните зависносложени. Оваа разнообразност се должи секако на фактот дека глаголските времиаа се ]авуваат (дури и почесто) со нивните вторични значеаа (Минова-Гуркова, 1997[1969a]: 158).2

Токму поради бродите варщанти на условни периоди во македонскиот ]азик како и поради понекогаш суптилните разлики на семантички план мегу примерите, не е едноставно прецизно да се

2Во ово] контекст, Минова-Гуркова ги цитира, на пример, условните периоди со ако+минато определено несвршено време од свршени глаголи и минато идно време со кои се искажуваат повторливи де]ства. Во овие примери, идното минато време не означува иреален услов, туку се употребува со итеративно значеае.

дефинира системот. Ова е една од причините и за постое&е на многубро]ни класификации во консултираната литература кои би можеле да се поделат во две големи групи: дво]ни и тро]ни поделби.3

3.1 TpojHH поделби

Тропите модели се повикуваат на класификацщата на условните периоди во латинскиот ]азик, ко]а опфака три групи: casus realis, casus possibilis и casus irrealis, кои се разликуваат на семантички и на формален план. Во однос на македонскиот ]азик, тро]ната класификацща се сретнува во прегледот на условните зависносложени реченици во Општата граматика на македонскиот ja3UK (2008). Иако во описот на секо]а група не се воспоставува корелацща мегу видот на услов - реален, можен и нереален - и формата на условниот период, во делот посветен на сврзниците во условните зависносложени реченици, се сретнуваат забелешки за дистрибуцщата на одредени сврзници: ако се сретнува во сите три типа услов, да воведува протаза ко] а искажува на]често нереален услов, кога се употребува со можниот начин, честичката ли во реален услов и доколку ко] може да се замени со ако.

Поделбата на Мишик (1990) се разликува од претходниот модел во однос на неколку аспекти. За разлика од претходната класификацща, ко]а условните периоди, со услов што не се реализирал во минатото или не може да се реализира во сегашноста, ги вбро]ува во групата на конструкции со нереален услов, во поделбата на Мишик, првите и припагаат на групата на нереални условни реченици, додека вторите, на веро]атни условни реченици. Уште еден важен аспект на оваа класификацща е тоа што опфака голем бро] варщанти на условни периоди на трите групи. Описот на конструкциите се осврнува и на глаголските форми и на сврзниците кои се сретнуваат во условните периоди. Исклучително важна е забелешката на Мишик дека одредени конструкции можат да бидат повекезначни и дека контекстот игра клучна улога во одредуваае на нивното значеае и припадноста на одредена група (Мишик,1990: 88).

Во моделот предложен од Голомб, условните конструкции се класифицирани, исто така, во три групи: реални, потенцщални и

3Во последната студща на Минова-Гуркова (1990), посветена на условните реченици, предложен е модел во ко] се разликуваат четири вида условни периоди во македонскиот ]азик: реални, потенцщални, евентуални и иреални условни реченици. Класификацщата е направена врз претпоставката дека сврзниците во македонскиот ]азик се „спецщализирале" за изразуваае одреден вид услов, но не е детално образложена.

иреални.4 Хакинг ja преиспитува констатацщата на Голомб дека конструкциите ако...ке и ако...би се семантички еквивалентни и дека опозицщата: реален услов наспроти потенцщален, се неутрализира (Hacking, 1997: 95). Во своето прво пообемно истражува&е на условниот период во македонскиот )азик, Минова-Гуркова се повикува на тро)ната класификацща на Голомб, но заклучува, истовремено, дека во однос на формата не можат да се повлечат рески граници мегу различните видови реченици (Минова-Гуркова, 1997[1967] : 149). И во другата консултирана литература, главните забелешки упатени на тропите модели се однесуваат првенствено на разграничува&ето на различните типови (Марш-Стефановска, 1990: 53; Hacking, 1997: 9597).

3.2 Дво]ни модели

Дво)ните модели се )авуваат како одговор на критиките упатени на тро)ната класификацща и разликуваат две групи условни периоди: реални и иреални (Минова-Гуркова, 1994; Га^ова, 2008), реални и хипотетични (Марш-Стефановска, 1990), fufillable и unfulfillable (Kramer,1989) и expectative и non-expectative (Hacking, 1997). Овие модели само навидум се поедноставни од тропите: во сите поделби, секо)а од групите се дели на подгрупи и описот на системот е далеку покомплексен.

Класификацщата предложена од Минова-Гуркова (1994) е земена како поповна точка во идентификуваае на разликите мегу дво)ните поделби. Оваа класификацща се потпира и на семантичкиот и на формалниот критериум во разграничува&ето на двете групи. Реалните условни периоди содржат „услов што треба да се исполни во сегашноста или во иднината; за неговото исполнуваае нема пречки, а говорителот не се из)аснува во поглед на неговото извршуваае: тоа прашаае останува отворено" (Минова-Гуркова, 1994: 264). За реални условни зависносложени реченици се сметаат првенствено оние кои во протазата имаат глагол во сегашно време, а во аподозата - сегашно време, идно време, модален глагол или заповеден начин. Во оваа група припагаат и речениците со можен услов ко] „исто така се однесува, главно, на сегашноста или на иднината, а разликата е во тоа што не се искажува сигурност, туку само можност за исполнуваае на условот, како и на неговата последица" (Минова-Гуркова, 1994: 264).

4Поопширно за класификацщата на Голомб во Хакинг (Hacking, 1997:95-94), Марш-Стефановска (1990, 53) и Минова-Гуркова (1997, 125-137).

Цитираните примери од оваа подгрупа содржат глагол во можен начин во аподозата и ако и глагол во сегашно време или кога и глагол во можен начин во протазата. Групата иреални условни зависносложени реченици содржат услов „за ко] се знае дека не е исполнет [...] во де]ствителноста важи или се случило, односно се случува токму спротивното, па на секо]а таква реченица можеме да и додадеме уште една, составна реченица, воведена со: но, ама и сл." (Минова-Гуркова, 1994: 264). Во протазата на овие реченици, на]често се ]авува минато несвршено време, а во аподозата, минато-идно време. Минова-Гуркова наведува и други форми на условни реченици кои се употребуваат поретко во однос на цитираните конструкции (Минова-Гуркова,1997:128-143).

Од ово] кус преглед може да се заклучи дека Минова-Гуркова ги зема предвид условните периоди чща протаза е воведена не само од сврзникот ако туку и од други сврзници. Во описот се вклучени, исто така, и условните периоди кои упатуваат на други релации како 'каузалност5, 'концесивност5 или 'темпоралност5. Дел од нив се разгледувани посебно како, на пример, оние што искажуваат адверсативна релацща, други пак, како што е случает со условните периоди со темпорално значеае, се вклучени во реалните условни реченици.

Исто како и во поделбата на Минова-Гуркова и во класификацщата на Крамер (Kramer, 1989) примерите со можен услов спагаат во првата група ко]а опфака примери со остварлив услов fulfillable). Сепак, во дефинирааето на системот на условни зависносложени реченици, Крамер вклучува уште еден параметар, статус, ко] е тесно поврзан со категорщата 'начи^. Имено, според Крамер, станува збор за две различни категории, од кои едната, начинот, ]а искажува об]ективната, а другата, статусот, суб]ективната квалификацща на говорителот за де]ството за коешто говори. Врз основа на категорщата 'статус5, секо]а од двете групи се дели на уште две подгрупи: expectative и hypothetical. Условните периоди, кои и припагаат на првата група, не се маркирани во однос на категорщата 'статус5 и говорителот смета/сметал дека е остварлив во сегашноста, иднината или во минатото. Во втората група, пак, условните периоди се маркирани по статус и говорителот се сомнева во исполнувааето на условот.

Марш-Стефановска (1990) предлага, исто така, бинарен модел на македонскиот систем на условните реченици: реални и хипотетични. Во дефинираае на оваа опозицща, таа тргнува од разликата во употребата на ако и да и заклучоците од претходните

истражувааа дека да е типичен сврзник во нереални условни периоди. Двете групи се делат понатаму на неколку поттипа: реалните, на идни, омнитемпорални и нефактивни, а хипотетичните, на остварливи и неостварливи. Со терминот „хипотетични остварливи", Марш-Стефановска ги именува оние конструкции со идна проекцща, со мала веро]атност дека ке се остварат. „Хипотетични неостварени" условни реченици, кои можат да бидат омнитемпорални (2) или минати (3), содржат услов за ко] се знае дека не е остварлив или дека не се остварил:

(2) Да сум птица, ке летам.

(3) Да знаев дека ке до]де, немаше да излезам.

Според Хакинг (Hacking,1997: 101), еден од на]важните аспекти на оваа класификацща е тоа што, благодарение на комбинирааето на семантички и временски параметри, Марш-Стефановска успева да покрие голем бро] конструкции што не се земени предвид во други класификации. Едни од нив се нефактивните конструкции, како примерот (4), кои содржат услов за ко] говорителот нема сознанща дали е остварен или се остварил, но ко], во случа] да е остварен, задолжително имплицира одредена последица:

(4) Ако поминувал низ Париз, ке ]а видел А]феловата кула.

Во вториот дел на трудот, Марш-Стефановска ]а надополнува оваа поделба со уште една, ко]а се заснова на прагматички критериуми и нуди една поинаква систематизацща на условните реченици. Така, Марш-Стефановска се осврнува на примери кои можат да искажуваат заповед, лутина, предупредуваае, претскажуваае, даваае совет, клетва, колнеае, поговорки, логични дедукции или научни правила, иронща или потсмеваае и молба. Двете класификации се мегусебно поврзани: имено, Марш-Стефановска, во втората класификацща, постегано упатува на видовите условни реченици според услов, кои можат да покриваат одредена прагматичка функцща.

Последниот анализиран двоен модел е оно], предложен од Хакинг (Hacking, 1997), во рамки на не]зината контрастивна студща за условните реченици во рускиот и во македонскиот систем. Врз основа на опсежна анализа на претходните студии на македонскиот систем на условни зависносложени реченици, Хакинг констатира дека анализираните описи имаат слаби страни - вклучуваат, на пример, фактивни конструкции кои, во суштина, не се условни, не ги земаат

предвид конструкциите со темпорална компонента во значеаето, не разграничуваат ]асно мегу реалните и потенцщалните конструкции или не признаваат постоеае на нереални условни периоди кои се однесуваат на сегашноста - и дека е потребна нова класификацща ко]а ке се обиде да даде одговор на овие забелешки. За разлика од поделбата на Марш-Стефановска, ко]а и дава, сепак, предност на семантичката компонента, во класификацщата на Хакинг, формалниот аспект на условните периоди е од исклучително значеае. Така, во описот на македонскиот систем, Хакинг ги наблудува, истовремено, параметрите: време, начин, глаголски вид и статусот, со цел да одреди кои видови условни периоди се граматикализирани. За разлика од поделбата на Крамер, во ко]а параметарот 'статус5 е употребен за разграничуваае на поттиповите на двете основни групи условни конструкции, во оваа класификацща, параметарот 'статус5 е важен токму за основното разграничуваае на условните периоди на expectative и non-expectative. Втората група условни периоди се дели на три подгрупи: условни периоди што се однесуваат на сегашноста, иднината и на минатото.И покра] тоа што, според Хакинг, не може да се зборува за еднозначност на условните периоди во македонскиот ]азик, затоа што многу конструкции, во зависност од контекстот, можат да изразат мноштво значеаа, сепак постсуат типични конструкции за одделни типови и поттипови реченици како и рестрикции во однос на употребата на одредени форми. Важна е и согледбата на Хакинг, ко]а се надоврзува на Крамер, во врска со контекстите на употреба на сврзникот доколку и неговото можно ширеае дури и во сферата на иреалниот услов.

4. Заклучни согледби

Од прегледот на студиите може да се заклучи дека класификацщата на условните периоди има централно место во студиите, посветени на оваа проблематика, во македонскиот ]азик. Во однос на типот на поделбите, може да се забележи дека доминираат дво]ните модели, кои, сепак, се посложени од тропите, затоа што условните периоди се делат понатаму во поттипови. Што се однесува на критериумите врз основа на кои се класифицираат речениците, се забележува дека поделбите на]често се темелат, пред сè, на семантички, па потоа на формални критериуми. И покра] тоа што се сретнуваат и ставови дека одредени комбинации на показатели се еднозначни и карактеристични за одреден вид реченици, во контекст на системот на условни периоди, во македонскиот ]азик, многу e тешко

да се говори за конструкции со една единствена фyнкциja. Ова се должи првенствено на фактот што има проникнувааа на употребата на сврзниците во сфери различни од на]честите контексти во кои тие се употребуваат. Вториот фактор се однесува на времиаата кои се сретнуваат во условните периоди во македонскиот ]азик и кои честопати се употребени со значеаа различни од основното. Со оглед на разликите во применетите критериуми за поделба на речениците, природно е што има значителни разлики во терминологщата, користена за означуваае на типовите и на поттиповите условни периоди.

Анализираните студии отвораат неколку прашааа, поврзани, пред сè, со дистрибуцщата на сврзниците и со фреквенцщата со ко]а се употребуваат одредени конкурентни конструкции. Во таа насока, интересно би било, на пример, да се види, во кои контексти се ]авува сврзникот доколuy и дали неговата употреба ги надминува границите на реалниот услов. Последните истражувааа, поврзани со статусот на да во да-конструкциите во условните периоди, укажуваат на тоа дека условните периоди треба да се земат предвид во евентуалното редефинираае на некои одредници во новите речници и особено на одредени категории во новите граматики на македонскиот ]азик. Би можело да се размислува, исто така, и за една малку поинаква систематизацща на сознанщата од досегашните студии во описот на условните периоди во новите граматики на македонскиот ]азик. То] би можел да вклучи класификацща на условните периоди во однос на нивните прагматички функции, примери за различни начини за изразуваае на условноста, како и примери кои, и покра] формата на условни периоди, искажуваат други релации.

Литература на кирилица:

Боровска, Стоjкa. Mиновa-Гyрковa, Лщана. Пандев, Димитар. Цветковски, Живко. 2001. Ма^донски]азик за срeдно образована. Gra^je: Просветно дело.

Боровска, GTOjm. Mиновa-Гyрковa, Лил]ана. Пандев, Димитар. Цветковски, Живко. 2008. Општа граматика на ма^донскиот ]азик. Gra^je: Просветно дело.

Га^ова, Убавка. 2008. Условниот пг^риод во дujaлeктuтe на ма^донскиот

jaзuк. Gra^je: Институт за македонски ]азик „Крсте Mисирков". Га]дова, Убавка. 2014. ,Да-конструкциите во протазата и аподозата на условниот период.во: Сyбjyнктuв со посeбeн осврт на мaкeдонскuтe да-констрyкцuu. Зузана Тополинска (уредник). Gконje: ИЦАЛ: 62-77.

Га]дова, Убавка. 2015. „Од проблематиката на да-конструкциите во македонскиот ]азик" во ХЫ Мегународна научна конференци/'а на ХЬУ11 Мегународен семинар за македонски ]азик, литература и култура (Охрид, 14-15 jуни 2014). Скоще: Универзитет „Св. Кирил и Методщ". 115-121.

Хакинг, Це]н. 1997. „Англиски и македонски условни реченици". во Трет научен собир на млади македонисти. Цветковски, Живко. Марковик, Мар]ан. Велева, Славица (уредувачки одбор). Скоще: Филолошки факултет „Блаже Конески". 333-339.

Марш-Стефановска, Патриша. 1990. „Семантичките функции на условните реченици во современиот македонски ]азик". во XVI Научна дискусща (Охрид, 14-16 август 1989 година). Скоще: Универзитет „Св. Кирил и Методщ". 53-62.

Минова-Гуркова, Лил]ана. 1990. „Деколку белешки во врска со условните реченици во македонскиот ]азик". во XVI Научна дискусща (Охрид, 14-16 август 1989 година). Скоще: Универзитет „Св. Кирил и Методщ". 91-95.

Минова-Гуркова, Лил]ана.1997[1967]. „Сврзникот ако во македонскиот ]азик". во Сврзувачки средства во македонскиот]азик. Минова-Гуркова, Лил]ана. Скоще: Детска радост. 101-150. Првпат об]авено во Македонски jазик XVIII: 111-140.

Минова-Гуркова, Лшцана. 1997[1968]. „Довторуваае на сврзникот ако во реченицата". во Сврзувачки средства во македонскиот ]азик. Минова-Гуркова, Лил]ана. Скоще: Детска радост. 151-156. Првпат об]авено во Литературен збор Х^3: 13-16.

Минова-Гуркова, Лшцана. 1997[1969а]. „Условните сврзници во македонскиот ]азик". во Сврзувачки средства во македонскиот ]азик. Минова-Гуркова, Лшцана. Скоще: Детска радост. 157-165. Првпат об]авено во Литературен збор Х^/4-5: 14-18.

Минова-Гуркова, Лил]ана. 1997[1969Ь]. „Дачини на изразуваае на условноста во македонските народни пословици". во Сврзувачки средства во македонскиот jазик. Минова-Гуркова, Лил]ана. Скоще: Детска радост. 175-192. Првпат об]авено воМакедонски фолклор 11/3-4: 181-193.

Минова-Гуркова, Лил]ана. 1997[1969с]. „Преглед на условните сврзници во делата на J. Крчовски и К. Пе]чиновик". во Сврзувачки средства во македонскиот jазик. Минова-Гуркова, Лил]ана. Скоще: Детска радост. 166-174. Првпат об]авено во Македонски jазик XX: 157-161.

Минова-Гуркова, Лил]ана. 1994. Синтакса на македонскиот стандарден jазик. Скоще: Радинг.

Минова-Гуркова, Лил]ана. 1997. Сврзувачки средства во македонскиот]азик. Скоще: Детска радост.

Мишик, Мирка. 1975. Изразувате на условноста во македонскиот и англискиот jазик. Магистерска дисертацща. Скоще: Универзитет „Св. Кирил и Методщ".

Мишик, Мирка. 1990. „Досители на условноста во македонските зависно-независни условни реченици". во XVI Научна дискусща (Охрид, 14-16 август 1989 год.). Скоще: Универзитет „Св. Кирил и Методщ". 85-90.

Вел]ановска, Катерина. 1988. „Условните зависносложени реченици во расказите и романите на Торги Абациев".Годишен зборник XIV: 59-62.

Литература на латиница:

Athanasiadou, Angeliki. Dirven, René (eds.). 1997. On conditionals again. Amsterdam: John Benjamins.

Hacking, Jane F. 1997.Coding the Hypothetical: a Comparative Typology of Russian and Macedonian Conditionals. Amsterdam: John Benjamins.

Ivanovska-Naskova, Ruska. 2011. I costrutti condizionali nel corpus parallelo Italiano-Macedone Italmac. Tesi di dottorato. Bari: Università degli Studi di Bari "Aldo Moro".

Ivanovska-Naskova, Ruska. 2012. "Classificazione dei costrutti condizionali."Godisen zbornik38: 339-346.

Ivanovska-Naskova, Ruska. 2014. "I connettivi condizionali nell'italiano e nel macedone: analisi contrastiva attraverso un corpus parallelo". InAtti del XIII Congresso della SILFI (Palermo, 22-24 settembre 2014). Macaluso, Francesco Paolo (ed.). Palermo: Centro di studi filologici e linguistici siciliani. [CD].

Ivanovska-Naskova, Ruska. Samardzic. Mila. (во печат). "La codificazione della controfattualità nell'italiano, nel macedone e nel serbo." Linguistica e filologia.

Kramer, Christina. 1984. "Analytic Modality in Literary Macedonian". In Proceedings of the 5th International Congress of Southeast European Studies, Columbus: Slavica. 262-275.

Kramer, Christina. 1986..Analytic Modality in Macedonian. Munich: Verlang Otto Sagner.

Kramer, Christina. 1988. "Towards a Comparison of Conditionals in Bulgarian, Macedonian and Albanian."MakedonskijazikXXXVII: 263-270.

Kramer, Christina. 1989. "The Intersection of Mood and Status". Zeitschrift für Balkanologie25/2: 140-153.

Kramer, Christina. 1992. "Analytic Modality in Balcan Slavic". Indiana Slavic Studies Vol. 8: 113- 122.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.