РМЫо^ый Studies 18, 2, (2020) 236-252
Стручен труд
УДК: 811.111'255=163.3 811.11Г367.625.43 (1<>к 10.17072/1857-6060-2020-18-2-236-252
СЕГАШНИОТ ПАРТИЦИП ВО АНГЛИСКИОТ JАЗИК ВО ФУНКЦИJА НА АДГУНКТ НА ПРЕДИКАЦИJАТА И НЕГОВИТЕ ЕКВИВАЛЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ JАЗИК
Катерина Видова
Мегународен слав)'ански универзиет „Гаврило Романович Державин "
Св.Николе - Битола, РС Македонщ'а
Клучни збориви: сегашен партицип, адункт, предикацща, преводен еквивалент.
Резиме: Ово] труд ]а истражува употребата на англискиот сегашен партицип во функцща на адункт на предикацщата и неговите македонски преводни еквиваленти. Сегашниот партицип во англискиот ]азик често се употребува во позицща по предикатот во реченицата. Истражува&ето е фокусирно на сегашниот партицип во предикативна употреба. Истражува&ето е спроведено на корпус од реченици ексцерпирани од англиска и од американска литература и од нивните македонски преводни еквиваленти. Соодветно, контрастивни и описни методи се употребени за да се анализираат ексцерпираните реченици. Резултатите покажуваат дека на]често сегашниот партицип и дел-речениците со улога на а]дункт на предикацщата на македонски ]азик се преведуваат со глаголски прилог и дел-реченици со глаголски прилог што имаат функцща на дел-реченици прилошки определби за начин. Сепак, има и примери со сегашен партицип, ко] е преведен со глаголска придавка, ко]а исто така функционира како прилошка определба за начин. Покра] примерите, каде што сегашниот партицип е преведен на македонски со глаголски прилог и со глаголска придавка, се срекаваат дел-реченици со глагол во сегашно време, дел-реченици со глагол во аорист, дел-реченици со глагол во имперфект, дел-реченици со да-конструкцща, дел-реченици со предлошки фрази и временски дел-реченици.
THE PRESENT PARTICIPLE IN ENGLISH FUCTIONING AS A PREDICATIVE ADJUNCT AND ITS EQUIVALENTS IN MACEDONIAN
Katerina Vidova
International Slavic University "Gavrilo Romanovich Derzhavin ", Sveti Nikole - Bitola, RNMacedonia
Keywords: present participle, adjunct, predication, translation equivalent
Summary: This paper investigates the use of the present participle in English as a predicative adjunct and its Macedonian translation equivalents. The English present participle is widely used in a position after the predicate in a sentence. The research is focused on the present participle used predicatively. The research is conducted on a corpus of sentences, excerpted from English and American literature and their Macedonian translation equivalents. Consequently, comparative and descriptive methods have been used to analyze the excerpted sentences. The results show that mostly the present participle and the present participle clauses having the role of the predicative adjunct are translated into Macedonian with a verbal adverb and clauses with verbal adverb functioning as adverbial manner clauses. However, there are also examples in which the present participle is translated with a verbal adjective, also having the function of adverbial manner clauses. Besides the present participle clauses translated into Macedonian with a verbal adverb and verbal adjective there are clauses with a verb in Present, clauses with a verb in Aorist, clauses with a verb in Imperfect, clauses with da-construction, clauses with prepositional phrases and temporal adverbial clauses.
Вовед
Целта на ово] труд е да даде анализа на yпотрeбaтa на сегашниот партицип во фyнкциja на а^ункт на предикацщата во англискиот ]азик и на неговите преводни еквиваленти во македонскиот ]азик. Сегашниот партицип често се срекава во улога на а^ункт на предикацщата и оттука произлезе целта на истражувааето: да се утврдат преводните еквиваленти на сегашниот партицип во македонскиот ]азик. Истражувааето е изведено на корпус од реченици ексцерпирани од дела од англиска и од американска литература и нивен превод на македонски ]азик. Истражувааето има за цел да ги провери следните претпоставки:
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со глаголски
прилог и дел-реченица со глаголски прилог;
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со глаголска
придавка и дел-реченица со глаголска придавка;
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со дел-реченица со глагол во презент;
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со дел-реченица со глагол во аорист;
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со дел-реченица со глагол во имперфект;
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со дел-реченица со Эа-конструкцща;
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со дел-реченица со предлошка фраза;
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со временска
дел-реченица.
Сегашниот партицип во фукцща на ад|ункт на предикацщата
Сегашниот партицип често се срекава во структурната низа NP VP V-ing. Партиципот во функцща на а^ункт на предикацщата претставува дел од предикацщата и ]а модификува именката, но и предикатот, и ]а дополнува неговата смисла. Суб]ектот на (полу)предикативниот партицип е ентитет што е претходно определен, а (полу)предикативниот партицип, щшто е во интенционален однос со суб]ектот, на нещ начин претставува атрибут со ко] говорителот го изнесува сво_|от суб]ективен или об]ективен став кон ентитетот, го
искажува своето гледиште за тоа што го перципира. Терминот адункт го употребува Кристал (Kristal 1998: 24) за да означи факултативен или секундарен елемент во една граматичка конструкцща, чие отстрануваае не доведува до промена на структурниот идентитет на конструкцщата. То] ги наведува како ад|ункти: придавките, прилозите и вокативните форми.
Според Квирк и др. (Quirk et al., 1985:506), зад глаголите за искажуваае положба и движете: to sit, to stand, to come, to go следува задолжителен ад|ункт со форма на -ing дел-реченица што последователно го ослабнува примарното значеае на главниот глагол, илустрирано во примерите 1) - 4):
1) He stood waiting (patiently).
2) She sat reading (to the children).
3) They went hurrying (breathlessly).
4) She came running (in the great haste).
Палмер (Palmer 1968: 177) укажува на примери, каде што формата -ing го модификува суб]ектот на реченицата, како во 5) и 6):
5) He arrived puffing and panting.
6) I reach it, standing on the chair.
Ставот на Зандворт (Zandvoort 1958: 42) е дека сегашниот партицип се употребува предикативно со голем бро] непреодни глаголи што означуваат движете или мируваае, како на пример: to come, to go (out), to lie, to sit, to stand, илустрирано во примерите 7) - 9):
7) The ships came sailing into the harbor.
8) Melanus went looking for Helen.
9) The two men went out fishing.
Во случаите кога сегашниот партицип е додаден на неопределен глагол, според Свит (Sweet 1898/1958 II: 122), то] логички претставува стилски дел од апозицщата на глаголот и истовремено го квалификува суб]ектот: he came running = 'he run up'; the fog came pouringin at the window; I cannot go on doing nothing. Во првите два примери глаголот to come е подреден во значеаето во однос на партиципот и на нещ начин има улога на помошен глагол. Примери за оваа употреба се случаите кога партиципот е поврзан со глагол, како: he lay sleeping; he stood looking on.
Шервингс (Scheurwings 1959: 159) дава примери за употреба на сегашниот партицип во функцща на предикативен адункт на суб]ектот со:
- преодни глаголи, како во 10) и 11):
10) He earns a living playing the violin in an orchestra.
11) He spends every Saturday afternoon visiting an old sailors' home.
- непреодни глаголи, како во 12) и 13):
12) The child came shouting his name.
13) She lay smiling at him.
Хадлстон и Пулум (Huddleston and Pullum 2002: 1224) зборуваат за описен адункт во примерите 14) - 16):
14) He came in /went out looking rather pleased with himself.
15) It came / went hurtling through the window.
16) She sat / lay/ stood reading the newspaper.
Герунд-партиципската дел-реченица е несомнено адункт во примерот 14), но на нещ начин е поблиска до додаток во примерот 15). Мегутоа, може слободно да биде испуштена во примерот 14), но тоа не е можно во примерот 15), без значителна промена во толкуваьето. Во примерот 16) е претставена честа конструкцща во ща се сретнуваат глаголите што означуваат положба. Партиципот во примерот 16) не може лесно да се изостави - но би се изоставил во случа] да се додаде локативната фраза од типот on the patio.
Според Ба]бер и др. (Biber at al. 1999: 744), со помош на глаголите за искажуваае на начинот на извршуваае на де_|ството, -ing дел-реченицата опишува де_|ство што трае истовремено со де_|ството или со состо]бата искажана со глаголот во главната дел-реченица:
17) She came toddling in.
18) He sat shivering on the chair till daylight.
19) We went sailing in the afternoon.
Анализа на ексцерпираниот материал
Ексцерпираните дела се од англиски и од американски автори преведени на македонски ]азик. Ексцерпираниот матери] ал на реченици, кои содржат сегашен партицип во улога на адункт на предикацщата, според преводните еквиваленти е поделен во осум групи. Групирааето на речениците е направено со цел да се проверат претпоставките што беа поставени на почетокот на истражувааето во однос на преводот на англискиот сегашен партицип на македонски ]азик.
Македонски преводен еквивалент - глаголски прилог со функцща на прилошка определба за начин на ниво на дел-реченица
Групата на англиски примери во ща сегашниот партицип има функцща на ад|ункт на предикацща, а преводниот еквивалент на македонскиот ]азик е глаголски прилог, е на]бро]на. Анализата е направена врз основа на типот на главниот глагол во рамките на предикацщата во ексцерпираните примери и нивните преводни еквиваленти. При ексцерпцща наидовме на примери во кои партиципот оди зад глаголи што означуваат положба или движете како што се: to sit, to stand, to come, to go по кои следува ад|ункт во форма на -ing дел-реченица, ща, како што претходно споменавме, според Квирк и др. (Quirk at al. 1985: 506), придонесува кон намалувааето на примарното значеае на главниот глагол. Во македонските преводни еквиваленти сегашниот партицип е преведен со глаголски прилог, ко] има функцща на прилошка определба за начин.
Од ексцерпираните примери прво може да се издво]ат речениците со глаголи што означуваат движете (to go, to exit, to run, to move, to come), кои се дополнети со сегашен партицип во функцща на адункт на предикацщата. Глаголите за движете to come и to go, според Квирк и др. (Quirk at al. 1985: 1126), можат да се споредат со катенативни значена, особено ако зад нив следуваат глаголи што означуваат движете. Често пати глаголот to come се однесува на завршна фаза, додека глаголот to go на почетна фаза на траеае на де]ството.
Следуваат англиски ексцерпирани примери со глаголите to come и to go зад кои доага сегашен партицип во функцща на адункт 20) - 23), преведен на македонски со глаголски прилог:
20) Dudley came waddling toward them as fast as he could. (HP: 28)
Дадли дотрча ге^ки се како шатка. (ХП: 27)
21) She came hallooing to the window, How do you do, my dear? How does Mrs. Dashwood do? (SS:92)
Прщде кон прозорецот Biikajkii: „Како сте мила мо]а? Како е госпога Дешвуд? (РЧ:94)
22) He came in gripping about how cold it was out. (CR: 44) Влезе кука,|ки дека надвор е студено. (ИР: 50)
23) He goes hobbling towards the mound. (WG: 48) Оди raraj тумбата потскокнува^и. (ЧГ: 70)
Следуваат англиски примери со глаголи, кои исто така означуваат движете, а по нив следува сегашен партицип со функцща на ад|ункт на предикацщата 24) - 25):
24) She had said that pockets were funny things to have: and then all of a sudden she had broken away and had run laughing down the slopping curve of path. (PA:48)
Му рече дека цебовите се смешна работа, а потоа се отргна и избега смее^и се по удолницата. (ПУ:54)
25) But he hurts his foot and moves away limping and groaning. (WG: 88)
Но ногата го заболува и се оддалечува куца^и и ja4ejKH. (ЧГ:133)
Има примери со глаголот to sit што означува положба и сегашен партицип во функцща на ад|ункт, со глаголски прилог во превод на македонски:
26) He sat listening to the words and following the ways of adventure that lay open in the coals, arches and vaults and winding galleries and jagged caverns. (PA:76)
То] седеше слушаjки ги зборовите и истовремено следе]ки ги авантурите што му ги сугерираа ]агленот, сводовите и куполите, кривулестите галерии и карпестите пештери. (ПУ:86)
27) Beloved who had not moved since Sethe and Paul D left the room, sat sacking her forefinger. (B: 133)
Лубена, щашто не се мрдна откако Сета и Пол Ди излегоа од собата, седеше цицаjки си го показалецот. (Л:142)
Следува примерот 28) со непреодниот глагол to die и сегашен партицип во улога на адункт:
28) They died begging me for mercy. (HP:294) Умреа моле]ки ме за милост. (ХП:249)
Во примерот 29) со колокацща на глаголот to get, глаголската форма get tired e во сегашно време и зад неа следува сегашен партицип како адункт на предикацщата. Преводниот еквивалент содржи глаголска форма во идно време и глаголски прилог:
29) You get tired fighting with her. (CR: 171)
Човек ке се измори боре^и се со неа. (ИР:190)
Во следните два ексцерпирани примeри 30) и 31) се срекава модалниот глагол could за ко] стсуат глаголите to sleep и to stand, а зад кои следува сегашниот партицип со функцща на ад|ункт на предикацщата:
30) I could've slept standing up, I was so tired. (CR:197)
Можев да заспщам стое^и, толку бев изморен. (ИР:218)
31) It was way too short form me, the couch, but I really could've slept standing up without batting an eyelash. (CR:198)
Беше кус за мене, то] кревет, но тогаш навистина, немав га]ле, бев
во состо]ба да заспщам стое]ки. (ИР:219)
Во сите наведени примери 20) - 31) сегашниот партицип како ад]ункт е преведен со глаголски прилог на македонски ]азик. Со глаголскиот прилог се искажува де]ство што се врши истовремено со де]ството на предикативниот глагол. Исто така, покра] истовременост со глаголскиот прилог се искажува и начинот на ко] се извршило де]ството означено со личната глаголска форма. Оттука, се потврдува ставот на Минова-Гуркова (2000: 75) дека глаголскиот прилог може да има функцща на прилошка определба за начин на ниво на дел-реченица. Гледиштето на Конески (1999: 184) е дека лексичкото значеае на глаголот во одредени случаи води кон интерпретацща на глаголскиот прилог како начинска определба на предикатот.
Според Тополиаска (1997: 95) во примерите преведени на македонски ]азик глаголскиот прилог врши функцща на качествен прилог, односно го дополнува и го модификува лексичкото значеае на глаголскиот предикат во главната реченица. Предикативните изрази од
типот ...излезе mpnajKu..., ...се движи лазеjки..., и сл. можат да бидат поставени паралелно со ...излезе бргу.., ...се движи бавно... и сл.
Македонски преводен еквивалент - глаголска придавка со функцща на прилошка определба за начин на ниво на дел-реченица
Во оваа група се анализирани ексцерпирани примери во кои сегашниот партицип како адункт на предикацщата е преведен на македонски со глаголска придавка.
Во примерот 32) сегашниот партицип како а_|дункт на предикацщата е преведен на македонски со одглаголска именка изведена од глаголот стои, ща има функцща на прилошка определба за начин. Партиципската дел-реченица, како зависна дел-реченица, има функцща на прилошка определба за место и е преведена на македонски со дел-реченица, ща содржи глаголска придавка и исто така има функцща на прилошка определба за место.
32) Some worked standing up, leaning on the toolhouse door. (B:203)
Некои работеа стоенката, навалени на вратата од алатницата. (Л:212)
Во англискиот пример 33) сегашниот партицип има функцща на адункт на предикацщата со модален глагол и е преведен на македонски со глаголска придавка, ща има функцща на прилошка определба за начин:
33) She must have slept sitting up because when next she opened her eyes the man was standing in front of her with a smoking - hot piece of fried eel in his hands. (B:90)
Сигурно заспала седната, оти кога пак ги отвори очите, пред неа стоеше човекот со топло парче ]агула што испаруваше. (Л:97)
Во англискиот пример 34) сегашниот партицип има функцща на адункт, додека македонскиот преводен еквивалент има функцща на прилошка определба за начин:
34) She walked a ways downriver and them stood gazing at the glimmering water. (B:90)
Долго одеше по река, а потоа застануваше загледана во прозрачната вода. (Л:97)
Во преводните еквиваленти на 33) и 34), според Конески (1996: 445), глаголската придавка се ]авува во служба што ]а доближува до глаголскиот прилог означува]ки едновременост, паралелност со главното де]ство, и на то] начин таа заменува различни подредени реченици.
Во англискиот пример 35) -ing дел-реченицата со функцща на адункт на предикацщата во дел-реченицата е преведена на македонски со глаголска придавка и предлошка синтагма, кои имаат функцща на прилошка определба за начин во дадената дел-реченица:
35) She was a little anxious about whether she would prove satisfactory to the Bodwins, and uneasy too because she woke up crying from a dream about a running pair of shoes. (B:257) Малку беше нервозна оти не знаеше дали ке им одговори на Бодвинови, а и вознемирена оти се разбуди облеана во солзи од кошмарот во ко] виде чифт чевли што бегаа. (Л:266)
Македонски преводен еквивалент - глаголска форма во сегашно време (презент) со функцща на прилошка определба за начин на ниво на дел-реченица
Една од издвоените групи во спроведената анализа е групата со пример во ко] сегашниот партицип со функцща на адункт на предикацщата е преведен на македонски ]азик со глаголска форма во сегашно време.
Во примерот 36) зад глаголот за движете to come стои сегашен партицип и прилог за место и има функцща на адункт. Неговиот македонски преводен еквивалент е глаголска форма во сегашно време и прилог за место:
36) Vladimir: Then why do you always come crawling back? (WG:59)
Владимир: Тогаш зошто секогаш се довлечкуваш наназад? (ЧГ:89)
Македонски преводен еквивалент - глаголска форма во минато определено несвршено време (имперфект)
Една од издвоените групи е групата во ща сегашниот партицип со функцща на адункт на предикацщата е преведен на македонски ]азик со глаголска форма во минато определено несвршено време. Во англискиот ]азик со употребата на сегашниот партицип и на партиципските дел-реченици се искажува паралелно вршеае на де_|ството со предикатот од главната дел-реченица. Во македонските преводни еквиваленти двете паралелни де_|ства се искажани со две паралелни глаголски форми во имперфект, поврзани со координацискиот сврзник и, како во примерите 37) - 39):
37) Once upon a time she had known more and wanted to. Had walked the path leading to a real other house. Had stood outside the window listening. (B:101)
Порано знаеше и сакаше повеке. Одеше по патчето до една друга вистинска кука. Запираше пред прозорецот и наслушнуваше. (Л:109)
38) In the inner hall the dean of studies stood talking to a young professor, stroking his chin gravely and nodding his head. (PA:221)
Во претсоб]ето стоеше гаконот и разговараше со еден млад професор, си ]а мазнеше брадата сериозно и климаше со главата. (ПУ: 225)
39) Three whitemen walked along the trench unlocking the doors one by one. (B:107)
Тро_ща белци одеа долж ровот и ги отклучуваа катанците еден по еден. (Л:115)
Македонски преводен еквивалент - глаголска форма во минато определено свршено време (аорист)
Во оваа група се вбро]уваат ексцерпираните примери 40) - 42) со колокации на глаголот to come што означува движете зад ко] следува сегашен партицип, преведен на македонски ]азик со глаголска форма во аорист:
40) Next moment, thirty or forty letters came pelting out of the fireplace like bullets. (HP:41)
Во следниот момент три-четириесет писма излегоа од огништето како куршуми. (ХП:38)
41) Hagrid came striding toward them out of the dark, Fang at his heel. (HP:249)
Хагрид исплива од темницата со Фенг до себе. (ХП:212)
42) Then to his relief, a voice came floating in through the train's open door. (HP:95)
За срека, низ отворената врата на возот допре гласот на ма]ка им. (ХП:82)
Македонски преводен еквивалент - дел-реченица со да-конструкцща
Во рамките на оваа група се анализирани англиски ексцерпирани примери со сегашен партицип со функища на адункт на предикацщата чиишто македонски преводни еквиваленти се дел-реченици со да-конструкцща.
Во англискиот пример 43) сегашниот партицип е адункт на предикацщата со глагол must not. Во македонскиот преводен еквивалент срекаваме сложен предикат со модалниот спецификатор смее во негирана форма зад ко] следува да-конструкцща. Според Георгиевски (2009: 18) глаголот смее задолжително бара конкретната содржина на де]ството да биде изградена со да-конструкцща. ,Да-реченицата е носител на значеаето на конструкцщата чии компоненти одделно не се прошируваат, туку се развива целата предикатска синтагма" (Достал 1958: 255-261).
43) ...and you mustn't go wandering around the school at night, think of the points you'll lose Gryffindor if you're caught, and you're bound to be. (HP:154)
... не смеете да скитате ноке низ училиштето, мислете на поените што ке ги изгубите ако ве фатат, а сигурно ке ве фатат. (ХП:131)
Во рамките на оваа група се ексцерпирани англиски примери со глаголска форма и сегашен партицип со функцща на адункт на предикацщата, кои на македонски се преведени со фазни глаголи и да-конструкцща. Во македонскиот ]азик, овие глаголи според фазите што ги означуваат, се изделуваат во три групи: глаголите почне - почнува, започне - започнува, фати - фака, зафати - зафака и земе - зема означуваат почетна фаза; глаголот продолжи - продолжува означува тра]на фаза; глаголот престане - престанува изразува завршна фаза. Ставот на Георгиевски (2009: 26) e дека да-конструкцщата, чии глаголи се од несвршен вид, при употреба во синтагма со фазни глаголи, кои во македонскиот ]азик можат да бидат и перфективни и
имперфективни, и исто така претставуваат нерасчленителни предикатни да-реченици. Фазните глаголи изразуваат фази во текот на придружното глаголско де]ство. Реализацщата на ова придружно самосто]но де]ство во македонскиот ]азик се врши преку да-конструкцщата.
Во примерот 44) од ово] тип за глаголот to come следува сегашен партицип со улога на задолжителен адункт на предикацщата. Во македонскиот преводен еквивалент импрерфективниот глагол почна и да-конструкцщата имаат предикатска функцща:
44) His monstrous reveries came thronging into his memory. (PA:102)
Неговите чудовишни фантазии почнаа да надоагаат во неговото секаваае. (ПУ:115)
Во примерот 45) зад глаголот следува сегашен партицип во англискиот ]азик со функцща на задолжителен ад|ункт, ко] е преведен на македонски со фазниот глагол престана:
45) Her mother left off swinging her feet and being girlish. (B:13) Ма]ка и престана да ги ниша нозете и да се однесува како мома. (Л:21)
Во примерот 46) глаголот и сегашниот партицип во англискиот ]азик се преведени на македонски со перфективен глагол и да-конструкцща:
46) He grew up thinking that, of all the Blacks in Kentucky, only five of them were men. (B:125)
Се навикна да мисли дека од сите Црнци во Кентаки, само тие петмина беа мажи. (Л:134)
Во примерот 47) зад глаголот во англискиот ]азик следува сегашен партицип со функцща на задолжителен ад^ункт, ко] е преведен на македонски со глагол и да-конструкцща:
47) He remained standing with two companions at the end of the shed listening idly to their talk or the bursts of applause in the theatre. (PA:93)
Остана да стои со два]цата придружници кра] кукичката слушали го де нивниот разговор, де аплаузот од театарот. (ПУ:105)
Со оглед на фактот дека де_|ството на зависност и на главниот член, мегу кои постои цврста синтаксичка врска, го врши истиот суб]ект, според Георгиевски (2009: 27) речениците се нарекуваат суб]ектни; така што македонските преводни еквиваленти на примерот 46) и 47) се вбро]уваат во суб]ектни реченици. Фазните глаголи во спо] со да-конструкцщата образуваат неразложна глаголска синтагма, ща, во ексцерпираните примери, има функцща на предикат.
Македонски преводен еквивалент - предлошка синтагма
Една од издвоените групи во корпусот е групата англиски примери во ща сегашниот партицип има функцща на адункт на предикацщата, а преводниот еквивалент во македонскиот ]азик претставува предлошка синтагма.
Во англискиот пример 48) зад глаголот следува сегашен партицип како задолжителен адункт на предикацщата. Македонскиот преводен еквивалент се состои од глаголска придавка зад ща доага предлошка синтагма со функцща на предлошка определба за начин:
48) The rest of the night Sethe sat soaking. (B:93)
Сета ]а мина нокта седната, со нозете во вода. (Л:100)
Во ексцерпираните примери 49) - 50) што следуваат, сегашниот партицип со функцща на адункт на предикацщата е преведен со предлошка синтагма во позицща на прилошка определба за начин:
49) He turned smiling to the others and said: ... (PA:269)
Се сврте со насмевка кон останатите и рече: ... (ПУ:312)
Во англискиот пример 50) сегашниот партицип е задолжителен адункт на предикацщата на главната дел-реченица. Во македонскиот преводен еквивалент во главната дел-реченица предлошката синтагма, составена од предлогот со и глаголска именка во позицща пред предикатот, има функцща на прилошка определба за начин. Според Чашуле (1989: 32) конструкцщата со + глаголска именка е доминантна во изразувааето на значеаето на дооб]аснувачка околност. Со неа се об]аснува начинот на извршувааето на де]ството на соодветната реченична предикацща.
50) As Miss Dashwood entered the drawing-room of the park the next day, at one door, Mrs. Palmer came running in at another, looking as good humoured and merry as before. (SS:95)
Кога следниот ден госпогиците Дешвуд влегоа во салонот во Бартон парк на едната врата, госпога Палмер со брзаше влезе низ другата, весела и расположена како и секогаш. (РЧ:98)
Македонски преводен еквивалент - временска зависносложена дел-реченица
Една од издвоените групи по спроведената ексцерпцща е групата на англиски примери во ща -ing дел-реченицата со функцща на адункт на предикацщата е преведена на македонски со временска зависносложена прилошкоопределбена реченица. Според Минова-Гуркова (2000: 270) raj овие реченици на]чест и на]широко употребуван е заменскиот прилог кога, употребен како сврзувачко средство, сврзувачки збор.
Во примерот 51) -ing дел-реченицата е преведена на македонски со временска зависносложена прилошкоопределбена реченица. Со заменскиот прилог кога во оваа реченица се укажува на еднократно истовремено де]ство:
51) The interview ended with Janey telling her to come back in a few days. (B:254)
Разговорот со Це]ни заврши кога и рече да наврати по неколку дена. (Л:263)
Во англискиот пример 52) -ing дел-реченицата има функцща на адункт на предикацщата. Македонскиот преводен еквивалент, исто така, содржи временска зависносложена прилошкоопределбена реченица.
52) That on a ridge of pine near the Ohio River, trying to get to her three children, one of whom was starving for the food she carried; ... (B:31)
Дали на врвот од болката кра] Оха]о, кога се обиде да стигне до трите свои деца, од кои едно гладуваше по храната што ]а носеше во себе; ... (Л:39)
Заклучок
При анализирааето на ексцерпираните примери со англиски сегашен партицип како ад|ункт на предикацщата, raj поголемиот дел од преводните еквиваленти во македонскиот ]азик се срекава глаголскиот прилог во функцща на прилошка определба за начин. То] го дополнува и го модификува лексичкото значеае на глаголскиот предикат во главната реченица.
Речениците со англиски сегашен партицип, исто така, се преведуваат на македонски ]азик со дел-реченица со глаголска придавка, ща има функцща на прилошка определба за начин.
Ка] одреден дел од ексцерпираните примери се ]авуваат случаи кога:
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со дел-реченица со глагол во презент;
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со дел-реченица со глагол во аорист;
- aнглискиот сегашен партицип може да се преведе со дел-реченица со глагол во имперфект;
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со да-конструкцща;
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со дел-реченица со предлошка фраза;
- англискиот сегашен партицип може да се преведе со временска дел-реченица.
Извори и кратенки
Austin, J. (1995). Sense and Sensibility. London: Penguin Books. (SS)
Ostin, Dz. (2009). Razum i cuvstvitelnost. [prevod Blagorodna Bogeska -
Ancevska]. Skopje: Magor. (РЧ) Beckett, S. (1956). Waiting for Godo. London and Boston: Faber and Faber. (WG) Beket, S. (2013). Cekajkji go Godo. [prevod od angliski jazik Rajna Koska - Hot]. Skopje: Magor. (ЧГ)
Joyce, J. (1996). A Portrait of the Artist as a Young Man. London: Penguin Books. (PA)
Dzojs, Dz. (2007). Portret na umetnikot vo mladosta. [prevod od angliski jazik
Blagorodna Bogeska - Ancevska]. Skopje: Magor. (ПУ) Morrison, T. (1997). Beloved. Publisher: Vintage. (B)
Morison, T. (1993). Ljubena. [prevod od angliski jazik Zoran Ancevski i Dragi Mihajlovski]. Skopje: Detska radost. (Л>)
Rowing, J. K. (1999). Harry Potter and the Sorcerer's Stone. Publisher: Scholastic Inc. (HP)
Rauling, Dz. K. (2001). Hari Poter i kamenot na mudrosta. [prevod od angliski
jaizk Blagorodna Bogeska - Ancevska ]. Skopje: Kultura. (Xn) Salinger, J .D. (1970). The Catcher in the Rye. Publisher: Penguin Books in
association with Hamish Hamilton. (CR) Selindzer, Dz. D. (2004). Igra vo 'rzta. [prevod i pogovor Inda Kostova -Savikj]. Skopje: Nova Nasa Kniga. (HP)
^HTepaTypa
Biber, Douglas. et al. (1999). Longman Grammar of Spoken and Written English. London: Pearson Education Limited.
Dostal, A. (1958). Slovesne kategorie verba a infnita. K historickosrovnacimu studio slovanskych jazyky, 45-68.Praha.
Georgievski, Georgi. (2009). Da- recenicata vo makedonskiot jazik [Da- Sentence in the Macedonian Language]. Skopje: Insitut za makedonski jazik „Krste Misirkov"- Skopje.
Huddleston, Rodney and Pullum, K. Geoffrey. (2002). The Cambridge Grammar of the English Language. Cambridge: Cambridge University Press.
Koneski, Blaze. (1996). Gramatika na makedonskiot literaturen jazik [Grammar of the Macedonian Literary Language]. Skopje: Detska radost.
Koneski, Kiril. (1999). Od makedonskiot glagol [From the Macedonian Verb]. Skopje: Detska radost.
Kristal, David. (1998). Enciklopedijski recnik moderne lingvistike. David Crystal. [ A Dictionary of Linguistics and Phonetics] Nolit: Beograd.
Minova-Gjurkova, Liljana. (2000). Sintaksa na makedonskiot standarden jazik [The Syntax of the Macedonian Standard Language]. Skopje: Magor.
Quirk, Randolph. et al. (1985). A Comprehensive Grammar of the English Language. London: Longman.
Palmer, R. Frank. (1989). The English Verb. Longman: London and New York.
Scheurwings, G. (1959). Present Day English Syntax. Longman: New York.
Sweet, Henry. (1891/1968). A New English Grammar I, II. Oxford: Oxford University Press.
Topolinjska Zuzana. (1997). Makedonskite dijalekti vo Egejska Makedonija (kniga prva) Sintaksa, T II, [Macedonian Dialects in the Aegean Part of Macedonia [book 1], Syntax, Vol. II. Skopje: MANU.
Casule, Ilija. (1989). Sintaksa na makedonskata glagolska imenka -Glagolskata imenka vo sovremeniot makedonski literaturen jazik. [Syntax of the Macedonian Verbal Noun - Verbal Noun in the Contemporary Macedonian Literary Language]. Skopje: NIO Studetnski zbor.
Zandvoort, W. Reinard. (1958). A Handbook of English Grammar. London: Longman