Научная статья на тему 'ХАБИТУАЛНИ МОРФОСИНТАКСИЧКИ СТРУКТУРИ'

ХАБИТУАЛНИ МОРФОСИНТАКСИЧКИ СТРУКТУРИ Текст научной статьи по специальности «Математика»

CC BY
31
9
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Область наук

Аннотация научной статьи по математике, автор научной работы — Пановска-димкова Искра

Habitualness is a complex aspect composed of two aspectual values: a subordinate moment and a dominant continuum, and its definition is as follows: X is such that (when/if S) P occurs. For example: Vo nedelite odime na Vodno: 'nie sme takvi što (koga/ako e nedela) se slučuva da otideme na Vodno' (On Sundays we go to Vodno: 'we are such that (when/if it is Sunday) we go to Vodno'.) The action designated by the habitual semanteme/structure represents the subordinate event P of habitualness (the moment), whereas the continuative dominant aspect is represented by the open possibility for the event to take place. The activator for the event to take place somewhere along the temporal line is the feasible condition S. At a formal level the aspectual category of habitualness in Macedonian is expressed by: 1) habitual semantemes, 2) habitual morphosyntactic structures and 3) habitual syntactic structures. At the morphosyntactic level the aspectual category of habitualness is expressed through verbal constructions composed of semantemes placed in an appropriate syntactic context, i.e. it is a combination of the aspectual value of the semanteme + its position (function) in the sentence. The habitual morphosyntactic structures in Macedonian are the following: 1. the ḱe-constructions; 2 the constructions with čini + imperative and 3. the da-constructions. The habitual ḱe-constructions (which are the habitual future tense, the habitual future-in-past tense and the habitual future perfect tense), and the constructions with čini + imperative are special morphosyntactic structures in the Macedonian language which are used to express a series of events reccurring in a determined order: Ḱe go pročitav vesnikot, ḱe pojaduvav i ḱe izlezev - 'I am such that (when/if S) it can occur for me to read the newspaper (P1), to have my breakfast (P2) and to get out (P3)' or: Toj čini - pojdi, dojdi i sè taka. The habitual future tense of perfective verbs in Macedonian is specialized for expressing a series of events in an open interval, and not in an assumed interval of habitualness, which results from the fact that the habitual perfective present does not exist in the modern Macedonian anymore, while it still exists in all other Slavic languages. The habitual da-constructions are complex verbal predicates composed of an introductory verb: znae, (mu) se slučuva, praktikuva or an introductory perifrastic structure: ima običaj, ima navika + the da-particle + perfective: pratikuva da zgotvi, ima običaj da dojde.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «ХАБИТУАЛНИ МОРФОСИНТАКСИЧКИ СТРУКТУРИ»

ХАБИТУАЛНИ МОРФОСИНТАКСИЧКИ СТРУКТУРИ

Искра Пановска-Димкова

Универзитет „Св. Кирил и Методы/", Македони/а

Habitualness is a complex aspect composed of two aspectual values: a subordinate moment and a dominant continuum, and its definition is as follows: X is such that (when/if S) P occurs. For example: Vo nedelite odime na Vodno: 'nie sme takvi sto (koga/ako e nedela) se slucuva da otideme na Vodno' (On Sundays we go to Vodno: 'we are such that (when/if it is Sunday) we go to Vodno'.) The action designated by the habitual semanteme/structure represents the subordinate event P of habitualness (the moment), whereas the continuative dominant aspect is represented by the open possibility for the event to take place. The activator for the event to take place somewhere along the temporal line is the feasible condition S.

At a formal level the aspectual category of habitualness in Macedonian is expressed by: 1) habitual semantemes, 2) habitual morphosyntactic structures and 3) habitual syntactic structures. At the morphosyntactic level the aspectual category of habitualness is expressed through verbal constructions composed of semantemes placed in an appropriate syntactic context, i.e. it is a combination of the aspectual value of the semanteme + its position (function) in the sentence. The habitual morphosyntactic structures in Macedonian are the following: 1. the ke-constructions; 2 the constructions with cini + imperative and 3. the da-constructions.

The habitual ke-constructions (which are the habitual future tense, the habitual future-in-past tense and the habitual future perfect tense), and the constructions with cini + imperative are special morphosyntactic structures in the Macedonian language which are used to express a series of events reccurring in a determined order: Ke go procitav vesnikot, ke pojaduvav i ke izlezev - 'I am such that (when/if S) it can occur for me to read the newspaper (Pi), to have my breakfast (P2) and to get out (P3)' or: Toj cini - pojdi, dojdi i se taka.

The habitual future tense of perfective verbs in Macedonian is specialized for expressing a series of events in an open interval, and not in an assumed interval of habitualness, which results from the fact that the habitual perfective present does not exist in the modern Macedonian anymore, while it still exists in all other Slavic languages.

The habitual da-constructions are complex verbal predicates composed of an introductory verb: znae, (mu) se slucuva, praktikuva or an introductory perifrastic structure: ima obicaj, ima navika + the da-particle + perfective: pratikuva da zgotvi, ima obicaj da dojde.

0.1. Хабитуалноста е видска конфигурацща со континуативна доминанта, составена од две видски вредности: надреден континуативен вид и подреден моментен вид.

Неjзината дефиницща гласи:

Х е таков што (кога/ако S) (му) се случува Р

0.2. Хабитуалната видска конфигураци а секогаш избира атемпорален контекст и тоа е основната разлика мегу оваа видска конфигурацща и другите глаголски видови со континуативна доминанта, а тоа се: простиот континуативен вид и теличната и мулти-пликативната видска конфигурацща. Специфичноста на хабитуалната видска конфигурацща, во таа смисла, е во тоа што континуумот на хабитуалноста претставува постоjана можност де^твото да се случи, а не претставува фактичко траеае на де^тво/сосщба. Де^твото означено со глаголот го претставува подредениот настан Р на хабитуалноста, а активатор за случувааето на TOj настан на временската линща е остварливиот услов S.

Така, на пример, реченицата Jac секое утро ]адам по едно jаболко j а има парафразата: ^ас сум таква што (кога/ако е утро) се случува да изедам 1аболко'. Доминантниот континуативен вид во оваа семантема е претставен преку делот: ^ас сум таква што', што значи дека де^твото на jадеftе не трае во времето, туку она што трае е можноста агенсот да изеде jаболко. Затоа глаголот ]адам во парафразата се пренесува со резултативот изедам.

(Сп. yштe: Во нeдeлume одшие на Водно има парафраза: 'ние сме такви што (кога/ако е недела) се слyчyвa да отидеме на Водно'.)

0.3. Доказ за тоа дека де^твото означено со глаголот не прeтстaвyвa траеае туку го прeтстaвyвa подредениот моментен вид е и врзувааето на хабитуалните семантеми со определби од типот за пет мuнymu, на пример: Aлuшmama се cyшam за пет мuнvmu. Ваквиот тип определба, како што е познато, ги придружува видовите со моментна доминанта (Aлuшmama се uoymuja за пет мuнymu - резултативна видска конфигураци а), но никако не може да се врзе со де^тво што покажува траеае во актуелно време, на пример со телична видска конфигурацща (*Aлuшmama во моментов се слшат за пет мuнymu).

0.4. На формален план, парадигматиката на хабитуалната видска конфигурацща го опфака нejзиното изразуваае преку хабитуални семантеми, а синтагматиката го опфака изразувааето на хабитуалноста преку морфосинтаксички структури, на кои се задржувам во овоj труд, и синтаксички структури.

0.5. Видската категорща хабитуалност на морфосинтаксичко ниво е изразена преку глаголски конструкции, во кои се редат семантеми во соодветен синтаксички контекст, т.е. претставува комбинацща на видската вредност на семантемата + нejзиното место (функцщ ата) во реченицата.

Во македонскиот ja®^ хабитуални морфосинтаксички структури се: 1. ке-конструкциите; 2. конструкциите со чuнu + императив и 3. да-конструкциите.

1. Хабитуални ке-конструкции

1.0.1. Во македонската лингвистика, глаголските ке-конструкции се испитувани во рамките на глаголските времиаа, со назначуваае дека едно од нивните значеаа е значеаето на повторливост на де^твото или итеративно-хабитуалната употреба. Хабитуалните глаголски ке-конструкции, во кои спагаат формите на идното време, минато-идното време и идното прекажано време, се изразни средства на хабитуалната видска конфигурацща на морфосинтаксичко ниво и како такви тие не се темпорални форми туку модални и избираат атемпорален контекст.

1.0.2. На морфолошко ниво хабитуалните ке-конструкции се составени од честицата ке + перфектив (семантема со моментна доминанта) + лична наставка за презент, имперфект или л-перфект: ке_до]де-ш, ке_до]де-ше, ке_до]'де-л. Подредениот настан Р на хабитуалноста е изразен во перфективот, а континуумот е изразен во дисконтинуираната морфема составена од ке + лична наставка: ке_-ам, ке_-ш; ке -в, ке_-ше, ке_-л. Хабитуалноста изразена со ке-конструкциите е претставена во семантемата, па во овоj поглед, ке-конструкциите се доближуваат до хабитуалните семантеми.

Овоj тип хабитуалност бара низа настани. Неопходни се нajмaлкy два настана кои следат еден по друг. Така, ако raj хабитуалноста изразена со други формални средства, настанот Р (подредениот момент) може да биде еден, raj хабитуалноста изразена со ке-конструкциите задолжително има низа настани (Р1, Р2...). На пример, хабитуалноста изразена со хабитуална двократносложена семантема може да означува еден подреден момент што потенцщално може да се случува: Веснжот го пpочumyвa од почеток до кра], но хабитуалноста изразена со ке-конструкцща бара повеке од еден настан. Така, на пример, минато-идното време во реченицата Ке го пpочumaв веснтот не е хабитуално, туку се разбира како неисполнето дejство. Оваа реченица искажува нереален услов: да можев, да ме оставеше итн. За да се добие хабитуалност, реченицата мора да продолжи со други исто така хабитуални настани кои се во низа: Ке го пpочumaв вecнuкоm, ке поjaдyвaв u ке шлезев - 'jaс сум таква што (кога/ако S) ми се случува да го прочитам весникот (Р1), да поjaдyвaм (Р2) и да излезам (Р3)'.

1.0.3. Со хабитуалните ке-конструкции може да се изрази отворен интервал на хабитуалноста - идно време и затворен интервал на хабитуалноста - минато-идно и идно прекажано време. Минато-идното и идното прекажано време мегусебно се разликуваат само по категори ата статус, односно со минато-идно се означува перцептив, а со идно прекажано

време - имперцептив. Категорщата статус не е релевантна за глаголскиот вид и не менува ништо во поимската сложеност на хабитуалната видска конфигурацща, па се разгледува само на структурен план.

1.1. Хабитуално идно време

1.1.1. Хабитуалната видска конфигурацща се изразува со формата на идното време составена од честицата ке + перфектив (семантема со моментна доминанта) + личните наставки за сегашно време. Со перфективот се означува настанот со моментна доминанта (подредениот момент), а со честицата ке + наставката за презент (или отсуството на наставка во третото лице еднина) се претставува континуативниот вид (доминантната видска вредност на хабитуалноста). Со хабитуалното идно време се претставуваат низа настани што се случуваат по определен редослед во отворен интервал: ^ секогаш така: ке влезе, ке седне и ке го пушти телевизорот.

Развивааето на хабитуалното значеае на идното време од перфективи, се должи пред се на губеаето на перфективниот презент во македонскиот jазик (в. Б. Конески, 1987: 489), ко] претставува изразно средство на хабитуалноста во сите други словенски jазици.

1.1.2. При направената споредба на хабитуалниот презент од перфективни глаголи од српскиот jазик и еквивалентите во македонскиот jазик (в. Пановска-Димкова, 2002) се покажа дека презентот од перфективни глаголи, во македонскиот jазик наjчесто се предава со идно време од перфективни глаголи. На пример:

срп.: Тада обично одмах предузме какав посао, какав тежак и чувени вез. Загребе се, зараду/е. Сва се унесе у посао.

мак.: Тогаш обично веднаш ке се зафати со нещ'а работа, некаков тежок и прочуен вез. Ке се затопли, зарадува. Сета ке се внесе во работата (Борислав Станковик).

1.1.3. Со хабитуалното идно време во македонскиот jазик се изразува отворениот интервал на хабитуалноста. Така, наспрема идното време од имперфективи, односно од хабитуални семантеми, со кое се означува претпоставен интервал: ^ сещ/ ден ке учи., со идното време од перфективи се означува отворен интервал, со исто значеае како хабитуална семантема во презент. Така, на пример, реченицата: ^ ке влезе и ке почне да вика (хабитуално идно време) е истозначна со реченицата: ^ влегува и почнува да вика (хабитуални семантеми во презент). Оттука, оваа хабитуална конструкцща може да се заменува со хабитуалните семантеми во презент со кои исто така се изразува отворениот интервал на хабитуалноста. На пример: Кога ке заврши со работа, задолжително поминува на кафе во Бастион.

Ова докажува дека хабитуалното идно време воопшто не е темпорална форма, зашто при темпоралноста, редеаето на времиаата е обратно: прво презент, па футур (Сега]'адеме, па ке излеземе), додека при изразувааето на отворениот интервал на хабитуалноста, слободно може да се употреби прво футур од перфективи, па по него хабитуални семантеми во презент. Притоа, во текстот почесто се бираат сложените хабитуални семантеми, отколку простите, на пример затоплува место топли, скокнува место скока итн. На пр.: Ке постои малку, ке поправи ако има нешто расипано, и си се врака дома.

1.2. Хабитуално минато-идно време

1.2.1. За основно значеае на минато-идното време се смета неговата темпорална употреба, што значи де^тво што се означува како идно од гледна точка на неко] друг минат момент: Се собираа, ке одеа в град. Врз основа на ова значеае, минато-идното време е и вклучено во рамките на темпоралните глаголски форми, т.е. во системот на глаголските времиаа на македонскиот jазик. Но, сепак, употребата на минато-идното време во основното значеае е значително поретка, додека доста почеста е неговата модална употреба, а убедливо наjчесто минато-идното време се употребува атемпорално (сп. К. Конески, 1990: 191), т.е. како морфосинтаксичка структура за изразуваае на видската категорща хабитуалност: Ке влезеше и ке почнеше да вика - хабитуално минато-идно време.

1.2.2. За хабитуалното минато-идно време е карактеристично тоа што со него секогаш се изразува низа на хабитуални настани во затворен интервал. Тоа значи дека првата форма во минато-идно време што го означува првиот настан од низата отвора место за уште наj малку една форма за да се добие низата од наjмалку два настана потребни за овоj вид хабитуалност. На пр.: Дедо ми ке запееше, а ма]ка ми ке му се придружеше.

1.2.3. Со хабитуалното минато-идно време се означува затворениот интервал на хабитуалноста. Оттука, честопати формите во минато-идно време во текстот се проследени од хабитуални семантеми во имперфект, временска форма со ^а исто така се означува затворен интервал. Обично, кога станува збор за подолга низа настани, раскажувачот употребува една-две форми во минато-идно време, а потоа преминува на употреба на хабитуалните семантеми во имперфект. Настаните од низата се редат по определен редослед. Ова претставува доказ за атемпоралноста на минато-идното време, кое кога е темпорална форма, може само да следи по имперфектот/аористот, а не да му претходи. На пр.: Кога ке влезеше, не велеше ништо и право си одеше во сво]'ата соба.

1.2.4. По аналогща на употребата на хабитуалните семантеми во имперфект по семантемите во хабитуално минато-идно време, во минато-идно време може да се употреби и имперфектив, на пр.: ке правеше, ке доагаше. Ваквите примери се многу ретки и се однесуваат исто како хабитуалните семантеми во имперфект. Тоа значи дека тие никогаш не се на првото место во сложената реченица (во првата дел-реченица), односно не го претставуваат првиот настан од низата, туку се наогаат понатаму во реченицата, често се наогаат во последната дел-реченица, па редот на дел-речениците е: дел-реченица со перфективен глагол во минато-идно време во ко^то е претставен моментот, па евентуално дел-реченица со имперфективен глагол. Хабитуалните семантеми во минато-идно време секогаш можат да се заменат со имперфект. На пр.: Ке ме повикаше, значи, ке ме прашаше зошто сум рекол нешто што не сум рекол..., ке_ ме сослушаше и ке ме кореше со зборови на]'погрдни и на]'недосто]'ни... (ВА, 29)

1.3. Хабитуално идно прекажано време

1.3.1. Значеаето на хабитуалното идно прекажано време е исто со значеаето на хабитуалното минато-идно време. На структурен план се разликуваат по тоа што формите на хабитуалното идно прекажано време се градат со честицата ке + перфектив + -л. Овие две конструкции се разликуваат по категорщата статус, ща не е релевантна за категорщата глаголски вид: ке_-ше - перцептив, ке_-л - имперцептив. Врз основа на таа разлика, на планот на употребата се jавува ограничуваае од формите на идното прекажано време во однос на категорщата лице, што произлегува од природата на категорщата имперцептив -формите на хабитуалното идно прекажано време се само во трето лице.

Освен ова ограничуваае, во однос на употребата на формите на идното прекажано време и минато-идното време не постс^ат никакви разлики и кажаното во т. 1.1.2. важи и за идно прекажано време.

1.3.2. Така, и овие форми означуваат затворен интервал на хабитуалноста, па можат да бидат проследени со хабитуални семантеми во л-перфект, т.е. прекажан имперфект: Откако ке го испиела сирупот, веднаш оздравувала.

2. Хабитуални конструкции со чини + императив

2.0.1. Во рамките на хабитуалните морфосинтаксички структури, се вброjува и еден посебен тип на императив што избира атемпорален контекст. Во литературата овоj императив се означува како 'употреба на императивот за означуваае на повторливи де^тва'. Според Л. Спасов (1996), овоj тип императив спага во рамките на т.н. расказен императив.

2.0.2. Структурно хабитуалниот императив е составен од глаголот чини + перфектив во императив. Глаголот чини е семантема со прост континуативен вид, што значи дека чини jа изразува континуативната доминанта на хабитуалноста, т.е. потенцщалноста за извршуваае на настаните. Подредениот настан Р се искажува преку перфективниот глагол. Биде^и

настанот треба да биде со моментна доминанта, во хабитуалниот императив Haj4ecTO доагаат глаголи со моментна доминанта - перфективи. На пример: Toj чини - по]ди, до]ди и се така.

Во оваа реченица условот што треба да се исполни не е експлицитно искажан, туку е имплициран: ако е расположен, ако е рано итн. Континуумот е изразен со глаголот чини. Настаните што можат да се случат се: поагаае и доагаае. Парафразирано: 'TOj е таков што (кога/ако S) му се случува да по^е и да до^е'.

2.0.3. И со хабитуалниот императив се означува низа на настани што потенцщално може да се повторат. И во овоj случаj потребни се наjмалку два настана. Така, необичен би бил примерот: *Toj чини по]'ди таму, а се чувствува дека реченицата мора да се продолжи со барем уште еден настан, на пр.: Toj чини по]ди таму и врати се.

Местото на чини во реченицата е слободно. Наjчесто, се наога пред низата настани, претставена од перфективни глаголи: Таа чини: дотера] се и излези в град, но може да до^е и по низата настани: Мс пооди, пооди - туку седни си, чинам.

2.0.4. Многу ретко, но сепак во ваквите конструкции може да се употреби и имперфективен глагол. Повторно, како и од минато-идното време, ако се случи да се употреби имперфективен глагол, TOj никогаш не доага на првото место во низата, па перфективниот прв глагол во низата влщае и вториот имперфективен да се сфати како перфективен. На пр.: То_/ чини - до]'ди и оди си. Од самата реченица е jасно дека глаголот си оди тука е со значеаето на глаголот си отиде, што значи е со ограничено времетраеае и може да се сфати како настан, а не како континуум. Ова се поткрепува и со следново:

1. Честопати, траеаето на деjствата означени со овие глаголи е и експлицитно ограничено во реченицата, на пример: Тие чинеа - качи се на магаре и ]'ава]' цел ден. Семантематаjава е ограничена со определбата цел ден.

2. Императивот изразува деjства што не се вршат во актуелно време, туку постои желба за нивно вршеае. Во се^а наредба е содржан посакуван почеток на деjство, па оттука произлегува дека императивот изразува и почеток на деjство што се претпоставува дека ке се реализира. Така: Чита\j! означува исто што и 'сакам ти да почнеш да читаш'. Потенцщалниот момент, видски гледано, е изразен во морфемата за заповеден начин (во чита/ тоа е суфиксот

3. Според Б. Конески (1987: 419-20) императивот со оваа употреба е по потекло од сегашното време од свршени глаголи (видски - хабитуален презент од перфективни глаголи, в. Пановска-Димкова, 2002) кое во македонскиот jазик се загубило, можеби точно затоа што неговата форма совпаднала со формата на императивот. Претходно презентот од свршени глаголи веке бил ослабнат со поместувааето на акцентот од аористот, со што повторно дошло до хомонимща (сп.: Дojде, ]'аде и си отиде - во современиот македонски jазик се исклучиво форми на аористот).

2.0.5. Со хабитуалниот императив се изразуваат и отворениот и затворениот интервал на хабитуалноста, т.е. оваа конструкцща може да се однесува и на планот на сегашноста и на планот на минатоста, а тоа се покажува преку временската форма на глаголот чини (глаголот чини во идно време, во состав на хабитуалниот императив, не е наjден, сп. К. Конески, 1999: 275). Ексцерпираните примери покажуваат дека сепак наjчеста е употребата на глаголот чини во сегашно време за изразуваае на отворен интервал на хабитуалноста: Чинат стани, самите зготви си пojадoк, измини одреден бро<j километри, руча], прегледа ги инструментите, одмори се и продолжи.

За изразуваае на затворениот интервал на хабитуалноста, глаголот чини е во имперфект (перцептив) и во л-перфект (имперцептив). Изразувааето на затворен интервал на хабитуалноста е доста поретко отколку изразувааето на отворен интервал. Пр.: Тие чинеа -качи се на магаре и _¡ава] цел ден. То<j чинел - насади се, облечи се, измазни се и аjде в град.

2.0.6. На формален план, хабитуалниот императив може да биде и без глаголот чини како експлицитен изразител на континуумот на хабитуалноста. Овие примери се доста ретки и во нив чини е имплицирано. Исказот се сместува на планот на сегашноста или минатото според

временската форма на глаголот што му претходи на императивот. Пр.: Се така: врати се од работа и седни пред телевизор.

3. Хабитуални да-конструкции

3.0.1. Хабитуалните да-конструкции се составени од воведувачки глагол: знае, (му) се случува, практикува или воведувачка перифрастична структура: има обичаj, има навика + честицата да + перфектив. На пример: пратикува да зготви, има обича/ да до]'де.

Синтаксички овие да-конструкции претставуваат сложени прироци, што се докажува со тоа што тие можат да се заменат со една хабитуална семантема, на пример: То_/ знае да изненади = То]' изненадува.; Многу често ми се случува да го заборавам чадорот некаде = Многу често го заборавам чадорот некаде итн.

3.0.2. Изразител на видската категорща хабитуалност raj хабитуалните да-конструкции е воведувачкиот глагол (roj претставува хабитуална семантема), а видската вредност на глаголската семантема воведена со сврзникот да е неутрализирана. Значи, воведувачкиот глагол го содржи и континуумот на хабитуалноста, но го имплицира и подредениот момент Р што може да се повторува во континуумот. Со глаголот воведен со да, пак, само се кажува содржината на моментот Р, а видската вредност на TOj глагол се неутрализира. Семантиката на оваа структура е: Х е таков што (кога/ако S) му се случува Р, каде што Р е некаков. На пример: Често & се случува да заборави нешто, има парафраза: 'таа е таква што (кога/ако S) & се случува Р, каде што Р е забораваае нешто (содржина на Р)'. Ваквата структура е секогаш врзана со атемпорален контекст и, соодветно, секогаш изразува хабитуална видска конфигурацща.

3.0.3. Глаголот во да-конструкцщата raj jа означува содржината на настанот Р е главно перфективен. Но, биде^и моментот е веке содржан во воведувачката хабитуална семантема, поретко овоj глагол може да биде и имперфективен, на пр.: Знае да доцни на работа. Сепак, и кога е имперфективен, во контекстот обично постои знак raj го ограничува неговото времетраеае, па TOj тогаш се сфака како интервал. На пример: Тоу знае со саати да з]'апа во телевизорот.

3.0.4. Поставувааето на временски план се врши со времето во кое е воведувачкиот глагол. Поставувааето на хабитуалните да-конструкции на планот на идноста се прифака како необично (*Ке има обича/ да седне на овоj стол; *Ке знае да ме насмее). Наjчесто, оваа структура со формите на презентот се поставува на планот на сегашноста - отворен интервал, а со формите на имперфектот и перфектот се поставува на планот на минатоста -затворен интервал: Знаеше да намине на вракапе од работа.

3.0.5. Како воведувачки глагол на да-конструкцщата се jавуваат хабитуалните семантеми знае, (му) се случува, практикува и перифрастичната сруктура има обича]7навика.

3.1. ЗНАЕ + ДА-конструкцща

Глаголот знае се j авува со две основни различни значеаа: знае 1 и знае2. Глаголот знае 1 е со основното значеае: 'поседува знаеае, информацща, умешност'. Од оваа основна семантика може да се изведат следниве значеаа на знае1: 'умее': Маjа знае да прави колач со ]'аболка, 'информиран е': То<j знае за состанокот, му кажав., 'поседува знаеае': Знае три ]'азика., 'познава': А, да, го знам добро. Глаголот знае2, пак, е со значеаето 'може да му се случи', на пример: То<j знае да ни се по]'ави во ниедно време на врата.

Разликата мегу знае1 и знае2 е, значи, разлика во видските вредности raj едниот и raj другиот глагол. Глаголската семантема знае1 е со прост континуативен вид и со неа не се изразува хабитуална видска конфигурацща. Семантемата знае2 е хабитуална семантема raj ашто во себе го содржи и континуативниот вид и потенцщ алниот момент што се случува, па неговата семантика е: Х е таков што (кога/ако S) му се случува Р. Ако се анализира примерот: Мне знае да ни се по]'ави во ниедно време на врата, се добива семантиката: 7ане е таков што (кога/ако е ниедно време) му се случува Р, каде што Р е поjавуваftе на врата'.

3.2. СЕ СЛУЧУВА + ДА-конструкцща

Структурата се случува + да-конструкци а jа има истата семантика како конструкцщ ата со знае: Х е таков што (кога/ако S) се случува Р, каде што Р е некаков. На пример: Во попладневните часови се случува да заврне има парафраза: 'времето е такво што (кога/ако е попладне) се случува Р, каде што Р е заврнуваае'.

Карактеристично за структурата се случува + да-конструкцща на формален план е тоа што во оваа структура воведувачкиот глагол се случува е безличен, што значи дека: 1. секогаш е во трето лице еднина и 2. во реченицата нема подмет. Агенсот во таквата реченица има функцща на индиректен предмет: Ми се случува да заборавам со значеае: ^ас сум таква што (кога/ако S) ми се случува Р, каде што Р е забораваае'.

3.3. ПРАКТИКУВА + ДА-конструкцща

Хабитуалната да-конструкцща со воведувачкиот глагол практикува поретко се срекава во разговорниот jазик, што значи дека е покарактеристична за писмениот jазик. Видските вредности континуум и потенциален момент се изразени во практикува, а содржината на моментот во глаголот од да-конструкцщата: Таа практикува да зготви одвечер: 'таа е таква што (кога /ако е вечер) & се случува Р, каде што Р е зготвуваае'.

Карактеристично за оваа структура е што лексичкото значеае на коренската морфема практик- укажува на регуларноста на повторувааето за разлика на пример, од Се случува да зготви одвечер, каде што нема информацща за регуларноста.

3.4. ИМА ОБИЧАJ/НАВИКА + ДА-конструкцща

Структурата има обича]/навика + да-конструкцща е специфична по тоа што како воведувачка тука се jавува перифрастичната, декомпонирана структура има + именка. Глаголот обичава не се употребува во современиот македонски стандарден jазик. Во македонскиот jазик не постои еден глагол со исто значеае како перифрастичната структура има обича]/навика (како што постои во англискиот j азик, на пример, Ю ше Ю = има обича] да), а наjблиску до тоа значеае е значеаето на глаголот практикува, ко] многу ретко се употребува (види погоре). Целата хабитуална да-конструкцща со воведувачка перифрастична структура може да се замени со една хабитуална семантема (што докажува дека не се работи за сложена реченица туку за сложен прирок), на пример: То] имаше обича] во сабота да помине на кафе. = Тоу во сабота поминуваше на кафе.

4. Заклучок: Хабитуалните ке-конструкции и конструкциите со чини+императив се спецщ ални морфосинтаксички структури во македонскиот j азик со кои се изразува низа на настани што се повторуваат по определен редослед. Хабитуалното идно време од перфективни глаголи во македонскиот jазик е спецщализирано за изразуваае на низа настани во отворен, а не во претпоставен интервал на хабитуалноста, што се должи на фактот што во македонскиот современ jазик се загубило изразното средство хабитуален перфективен презент, ко] го има во сите други словенски jазици. Хабитуалните да-конструкции се сложени глаголски прироци чщ воведувачки глагол е хабитуална семантема, а глаголот воведен со да jа изразува содржината на настанот Р.

Литература

Конески Б. Граматика на македонскиот литературен jазик / Б. Конески. Ско^е, Култура: 1987.

Конески К. Глаголските конструкции со ке во македонскиот jазик / К. Конески. Ско^е: Институт за македонски jазик "Крсте Мисирков", 1990.

Конески К. За македонскиот глагол / К. Конески. Скоще, Детска радост, 1999.

Пановска-Димкова И. Видската категорща хабитуалност во македонскиот jазик: Докторска дисертациjа / И. Пановска-Димкова. Скоще: Фонд на Филолошкиот факултет „Блаже Конески", 2003.

Пановска-Димкова И. Македонските еквиваленти на српскиот презент од перфективни глаголи / И. Пановска-Димкова // Првата македонско-српска научна конференцща од областа на jазикот и литературата. Охрид, 2002. Во печат.

Спасов Л. Од проблематиката на императивот во македонскиот jазик / Л. Спасов // Studia Linguistica Polono-Meridianoslavica. Скопjе, 1996. С. 81-88.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.