Научная статья на тему 'РЕФЛЕКСИИ НА ДУХОВНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИјА ВО НЕјЗИНАТА ТОПОНИМИјА'

РЕФЛЕКСИИ НА ДУХОВНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИјА ВО НЕјЗИНАТА ТОПОНИМИјА Текст научной статьи по специальности «Языкознание и литературоведение»

CC BY
38
8
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Аннотация научной статьи по языкознанию и литературоведению, автор научной работы — Јачева-улчар Елка

In this article we are analysing the toponymy as a part of the cultural heritage of the Republic of Macedonia. We have started from the assumption that the cultural heritage of a country consists of its language, religion, history and folklore. Consequently, first we were speaking about toponyms as linguistic signs in which very old lexemes and the earliest processes in the development of the language are reflected. After that we regarded the toponyms which reflect beliefs, customs and religion, and to that end we focused to the toponyms which reflect historic events. Accordingly, toponyms of the Republic of Macedonia justifiably were included in the Law on Protection of the Cultural Heritage of the Republic of Macedonia. The Krste Misirkov Institute for Macedonian Language, in Skopje was appointed as authorized body for protection of these toponyms by the Directorate for the Cultural Heritage of the Republic of Macedonia within the Ministry for Culture of the Republic of Macedonia. Unfortunately the toponyms in the Republic of Macedonia have not been included in the protection regime yet, since they are still in the process of valorisation.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «РЕФЛЕКСИИ НА ДУХОВНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИјА ВО НЕјЗИНАТА ТОПОНИМИјА»

РЕФЛЕКСИИ НА ДУХОВНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНША ВО НЕJЗИНАТА ТОПОНИМИJА

Елка Ja4eBa-y™4ap

Университет „ Св. Кирил и Методиj ", Македонща

In this article we are analysing the toponymy as a part of the cultural heritage of the Republic of Macedonia. We have started from the assumption that the cultural heritage of a country consists of its language, religion, history and folklore. Consequently, first we were speaking about toponyms as linguistic signs in which very old lexemes and the earliest processes in the development of the language are reflected. After that we regarded the toponyms which reflect beliefs, customs and religion, and to that end we focused to the toponyms which reflect historic events. Accordingly, toponyms of the Republic of Macedonia justifiably were included in the Law on Protection of the Cultural Heritage of the Republic of Macedonia. The Krste Misirkov Institute for Macedonian Language, in Skopje was appointed as authorized body for protection of these toponyms by the Directorate for the Cultural Heritage of the Republic of Macedonia within the Ministry for Culture of the Republic of Macedonia. Unfortunately the toponyms in the Republic of Macedonia have not been included in the protection regime yet, since they are still in the process of valorisation.

Ако тргнеме од претпоставката дека под културно наследство се подразбираат ]азикот, религщата, исторщата и фолклорот на една зем]а, тогаш со право ке кажеме дека топонимите како ]азични знаци претставуваат такви топоси во кои се рефлектирале сите елементи, коишто го чинат, всушност, духовното културно наследство. Во ово] контекст, неслуча^о во сво]ата позната монографща, насловена како Балканолошки лингеистички студии, академик Петре Хр. Илиевски, ке рече:,,Она што се фосилите за билог^ата и седиментите за геолог^ата, тоа се топонимите за културната истор^а на една зем]а, зашто во нив се изразени на]различни етнички, економски, политички и други промени од минатото на зем]ата".

Со намера преку топонимите што се регистирани на почвата на Република Македонка да ]а истакнеме нивната важност во смисла на конзерватори на духовното културно наследство, нашево излагаае ке биде конципирано во неколку сегменти и тоа: топонимите како ]азични знаци кои сведочат за на^тарите процеси што се случувале во разво^т на ]азикот, топонимите како сведоштва за веруван>ата и религиозните убедуваьа на народот, топонимите како одраз на фолклорот и на историските процеси кои се одвивале на териториата на Република Македонка.

1. Топонимите како ]азични знаци кои сведочат за на^тарите процеси што се случувале во разво^т на ]азикот.

Топонимите се ]азични знаци на кои им се иманентни определени специфики, кои нив ги издво]уваат од сите други ]азични знаци во системот. Така, ако тргнеме од структуралистичкото по]муваае на ]азичниот знак, за ко] основното обележ^е е произеолноста на знакот (Де

Сосир, 1977. стр. 135), односно неговата немотивираност1 (Дикро, Тодоров, 1987. стр. 227), TOram ова не важи и за топонимите. Топонимот, речиси, секогаш, дури и кога во него постои и некое, од денешен аспект, непроsирно значеше има мотивацща коjашто е фиксирана во надворешно-jазичната де]ствителност. Топонимите за разлика од другите знаци во ]азичниот систем имаат идентификациска улога, ща им е иманентна на сите nomina propria, со чща помош е овозможено издво]увааето на еден об]ект од друг во просторот. Како особено важна специфика на топонимите, често во ономастиката се наведува неговата поголема архаичност, конзервираност и конзервативност во однос на другите апелативи во ]азичниот систем. Тоа е така од причина што топонимите per definitionem, не ги следат ]азичните закономерности коишто ги следат апелативите во рамките на ]азикот (Илиевски, 1988. стр. 512). Биде]ки топонимите се фиксирани за об]ект во просторот, нивното лексичко значеше брзо и лесно се губи, па формите остануваат балсамирани. Затоа во топонимите многу често наогаме постари ]азични реликти кои веке не ги познава дщалектот на то] ареал (Simunovic, 1972. стр. 241). Како експликацща на ова ке го наведеме о]конимот Тим]аник, во чща основа се наога изгубената прасловенска лексема тим] ан (.прасл.Чтёпъ) со ща некогаш се означувало 'блато, кал'(BrozoviC-RonCevic, 1999. стр. 34). Биде]ки оваа лексема денеска веке не е во употреба, жителите од ово] кра], според народната етимологща, името на селото Тим] аник го об]аснуваат со името на лозата тем] аника ща вирее во Тиквешщата.

Географската поставеност на Македонща во централното подрач]е на Балканскиот Полуостров, щашто нашиот ономастичар Тра]ко Стаматоски ]а нарекува раскрсница на раскрсниците (Стаматоски, 1990. стр. 195), придонесла кон тоа не]зината територща, на долгата историска оска, да биде место на интензивни движеаа и мешаша на различни народи. Овие етноси, како носители на различни ]азици и култури, оставиле свои траги што се закодирале во топонимискиот систем на Македонща. Сите ономастичари и домашни и странски, кои се занимаваале со проучувашето на македонскиот топонимастикон се еднодушни во оценката дека 90% од македонските топоними имаат словенско потекло. Во основата на топонимите со словенско потекло се срекаваат голем бро] архаични лексеми кои и се иманетни на прасловенската ]азична заедница. Овие лексеми денес не егзистираат во лесичкиот фонд на македонскиот стандарден ]азик, но затоа се зацртале во основата на голем бро] топоними кои и денес се присутни на нашата

1 Прашашето за мотивицщата е старо, колку што се стари и првите размисли за ]азикот. Имено, уште од времето кога почнало да се размислува за ]азикот, било поставено прашашето за тоа дали секо] ]азик е самосво]на, непредвидлива стварност, ко]ашто не може да се сведе на никаква надворешно]азична стварност, или, пак, то] е делумно и целосно об)аснив, т. е. оправдан според природниот ред на нештата, односно на мислешето. Првото гледиште може да се нарече прозволност на ]азикот, коешто го застапуваат структуралистите, а второто мотивираност на j азикот. Основите за мотивацщата во ]азикот, уште во антиката, ги поставува Кратил, ко], главно, се повикува на Хераклит и ко] смета дека мегу името и предметот што го означува то], постои природна врска, и дека името не е автентично ако таква врска не постои. Името е имитацща на предметот и како такво то] има улога да подучува.

почва. Такви се топонимите, како: Кичер (: прасл. *кусегь, *kycera : *kyka + суф. -егь, -era 'стрмен врв, св^ок'), Сопиште (:прасл. *sbpb 'насип, возвишение, планина'), Наригот (:прасл. *rygati 'блуе, поврака, прен. 'затрупува, нафрла, нанесува'), Глишик ((:*глиеосек 'глибаво, мочурливо место што го пресечува река или пат' (:прасл. *gliva 'габа, печурка', супстантивизирана придавка образувана со суфиксот -{в од ие. корен *glei- 'лепи, мачка' + -сек: прасл. гл. *sek-ti 'сече')) (Станковска, 1995: стр. 66-68), Раец (:прасл. *raj 'блатно место') (Брозовик-Рончевик, 1999: стр. 32), Крапа, Крпица (: прасл. *кгорь 'кус, краток, мал' ^ачева-Улчар, 2001: стр. 53-63), Веечани, Долагаец (: еьсь 'село') (Стаматоски, 1990 : стр. 205) итн.

Покра] исчезнатите лексеми, во словенските топоними се зачувале и низа фонетско-фонолошки, морфолошки и зборообразувачки ]азични особености кои стандардниот македонски ]азик, исто така, не ги познава.

На планот на фонетско-фонолошките особености тоа се: чуваае на старословенските консонантски групи -шт- (Пешти, Пештани) и -жд- (Мислодежда, Радожда); носен изговор на назалот од заден ред 5 (Гл'мбоки Дол, Д'мбени, ), ко] во стандардот се деназализирал во а, чуваае на вокалното л (С'лп, П'лчишта), чуваае на епентетското л (Диеле, Земла) , чуваае на старословенската група гл- од прасл. придавка глобокь гауа во стандардниот македонски гласи длабок (Глобочица, Глобоко итн.).

На морфолошко рамниште треба да се истакне дека raj сложените топонимиски образувааа, составени од придавка и именка, често придавката од машки род jа чува определената заменска форма (Стари Град, Горни Полог, Горни Дисан, Горни Белград, Горни Вачик). На планот на зборобразувааето во голем бро] топоними се чуваат траги од некогашниот посвоен суфикс -jb (Летутъе, Дракшать, Куманич, Клеть, Кобила Глава) (Станковска, 2002) raj подоцна бил истиснат од истофункционалниот суфикс -ое (: стсл. -оеь), стариот деминутивен суфикс -ьць, -ца, -це (Дабец, Крстец, Блаце) итн.

Од топонимите што се срекаваат на териториата на Р Македонка 10% имаат туго потекло. Еден помал дел од овие топоними имаат супстратно потекло. Супстратните топоними сме ги наследиле од латинскиот и грчкиот jазик, како и од народите што го населувале Балканот во античкиот период, како Илири, Трак^ци, Бриги, Паjонци и др. Овие топоними се од особено значеае, зашто врз основа на анализата што се спроведува врз нив, палеолингвистите, всушност, jа создаваат претставата за палеобалканските jазици. Топонимите коишто датираат од пред доагааето на Словените на Балканот се зачувани во многу мал броj, со оглед на тоа што Словените во голема мера ги преименувале физиографските и фортификациските обjекти во ч^а близина се населувале. Во случаи кога задржувале некои топоними од супстратот, тогаш врз нив вршеле фонетско-фонолошки адаптации. Како такви топоними на почвата на Македонка се издвоени: оронимот Беласица raj е добиен од името Орбелос, паjонскиот оjконим Баргала raj се модифицирал во името на реката Брегалница иоуа тече, речиси, низ цела источна Македонка, како и

хидронимот Астибос Koj по пат на метонимща станал име за градот Штип (Илиевски, 1988 : стр. 500). Од друга страна, во Македонща се срекаваат и такви топоними кои настанале со топонимизацща на апелативи од супстратно потекло, кои сосема се вклопиле во словенскиот ]азичен систем, така што поголемиот бро] од нив обичниот човек и не ги чувствува како туги. Тоа се топонимите како: Страга, Тумба, Бигор, Чука, Карпа и др.

Во македонскиот топонимиски систем, како што кажавме и погоре, се инкорпорирани извесен бро] лексеми од грчко потекло. Такви топоними на територщата на Р Македонща се следниве: Друм (: грч. dromoj 'пат'), Ливада (: грч. lißaSi < stgra. lißag 'влага')), Мандра (: грч. ßavSpa 'обор, двор, sидана ограда'), Мигдали (грч. 'aßvySalov 'бадем'), како и ими&ата на населените места: Гавато (во чща основа е именка од грчко потекло со значеае 'премин'), Битолско и Гевгелиско, Паликура (: грч. прид. nalaiôç 'стар' и грчката им. ccopiov 'село'), Кавадаречко и др.

Во топонимите како Глаца, Кастел, Кукол и др., пак, настанале со топонимизацща на лексеми од романско-латинско потекло.

Во наколем обем од ино]азичните топоними се оние од турско потекло, како резултат од петвековното владеете на Турците во Македонща. Во овие топоними е одразена лексиката од на]различни семантички групи. Географски термини од турско потекло следиме во топонимите: Ада (:ада 'остров'), Сиври Алт (: алт 'височина'), Карадаг (: даг 'планина', Коца Дере (: дере 'река' ), Тепе (тепе 'врв на рид или планина'), Ташлак (: таш 'камен') итн. Турски зем_|оделски апелативи се вложени во топонимите: Бафчите (: бавча 'градина'), Чаир (чаир 'ливада'), Бучукница (:бучук 'дрвен сад за мереае жито') и др. Фитоними од турско потекло се вградени во топонимите: А]валар (: а]ва 'ди&а'), Алмалак (:алма 'дива ]аболкница'), Киразлак (: кираз 'цреша'), а зооними во топонимите Курт Тепе (: курт 'волк'), Кокарца (:кокарца 'твор') и др.

Во поново време во западниот и северозападниот дел на нашата зем]а се ]авуваат и извесен бро] микротопними од албанско потекло како резултат на зголеменото присуство на албанското насление во овие краишта, особено, во последните децении на 20. век. Овие топоними, главно, се наогаат во пограничните области на нашава зем]а со Албанща и Косово. Такви се топонимите: Вори Гогез, Гури и Грихес, Гури и кордит и др.

Во контекст на досега кажаното, би сакале да истакнеме дека на^олемиот бро] топоними во кои се вградени несловенски елементи во наколем бро] случаи се хибридни топонимиски образувааа со оглед на тоа што значаен бро] еднокомпонентни топоними се образувани со ]азични средства од словенско потекло. Такви се еднокомпонентние топоними: Адата (во основата се наога турската лексема ада 'остров', а кон неа е доден македонскиот определувачки член -та за ж. р.), Клисурка (во основата е лексемата од латинско потекло ща во нашиот ]азик влегла преку средногрчкиот клисура 'теснец' (Илиевски, 1988 : 459), а кон неа е додаден словенскиот дем. суфикс за ж. род -ка), Чешмичка (во основата на топонимот се наога лексема од турско потекло, а кон неа е додаден сложениот деминутивен суфик (-ичка : суф. -ица + суф. -ка) и др. Ка] двокомпонентните топоними доста често една од компонентите е или апелатив од словенско потекло или лично име од словенскиот

антропонимиски репертоар, како: Чолакова Леса ((: nocBojrn придавка од антропонимот Чолак (: тур. çolak 'сакат човек') + им. леса (прасл. lësb 'шума'); Дабова Ливада (: посво]на придавка од фитонимот даб ( : прасл. dobb 'даб' + им. ливада од грчко потекло), Лазова Мандра (: посво]на придавка од личното име Лазо + им. мандра од грчко потекло) и др.

2. Топоними во кои се одразиле верувашата, обичаите и религщата

На територщата на Р Македонща до денес се живи и такви топоними кои настанале со топонимизац^а на апелативи кои во себе содржат сакрални и магиски значена, преку кои можеме да ]а идентификуваме космогониската слика на македонските Словени, пред покрстувааето. Такви се топонимите како Балван/Болован, Соха/Расоха, Требеништа, Капиште, Перунов Камен и др. Во топонимот од типот Балаван/Болован е вградена лексемата балван/болован щашто има значеае на 'греда, столб, споменик' спрема ко] Словените пред покрстувааето имале развиен култ на обожаваае, односно идол. Слично е и со топонимите од типот Соха/Расоха, во кои е вложена лексемата соха со значеае 'гранка'. Топонимите како Требишта/Требеништа претставуваат топонимизирани nomina loci суф. -иште, множина -ишта, кои се, всушност, светилишта каде што се принесувале треби т.е. 'жртви' (Олга Иванова, 1999 : стр. 123-140). Првата компонента од топонимот Перунов Камен, всушност, е посво]на придавка во ща е вложено името на врховниот бог raj старите Словени, Перун.

Од времето на христ^анизац^ата на словенското население што ]а населувало областа на денешна Македонка датираат огромен бро] топоними во кои се изразиле ими&ата на христ^анските светци (Св. Или]а, Св. Димитри]а, Св. Архангел Михаил, Богородица), потоа христ^анските симболи (како Крстови, Икони), но и сакрални об]екти во кои се вршат христиански обреди, како: Крсталото, Црква, Манастир итн.

Со доагааето на Турците на Балканот, во текот на петвековното присуство на територ^ата на Македонка се создале топоними кои настанале со топонимизац^а на религиозни термини од духовната култура на муслиманите. Такви топоними се: Цами]а, Теке, Кр'к Цами]а, Медеризова Цами]а итн.

3. Топоними во кои се одразиле историски настани

Во еден значаен дел од топопнимите во нашата зем]а се рефлектирале историските личности, настани и процеси кои се случувале на нашиве простори. Народното паметеае на овие историски артефакти се закодирале и во македонските топоними. Така, на пр., во микротопонимот Самуилова Тврдина, регистриран во гр. Охрид, го срекаваме името на цар Самуил, ко] владеел со голема1а средновековна држава со центар во Македонка од кра]от на 10. и почетокот на 11. век. Средновековната историска личност Крале Марко, чэд лик и дело партиципира во фолклорот на повеке балкански народи со

хиперболизирани особини, нашла одраз и во немал бро] топоними на територщата на нашава зем]а, како: Маркова Стапалка, Маркова Нога, Маркови Кули, Маркови Прсти, Маркова Седелка итн. (Олга Иванова, 1999 : стр. 90-100). Инаку, Крали Марко како османлиски вазал во 14. век владеел во ]угозападна Македонща приближно 25 години.

Едно мало гратче во североисточна Македонща го носи името Делчево во чест на револуционерот Гоце Делчев, ко] е организаторот на ослобидетелното движеае против османлиската власт кон кра^т на 19. и почетокот на 20. век.

Влегувааето на нашава зем]а, по Првата светска во]на, во рамките на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, исто така, се одразило и во топонимщата. До пред две децении населбата Ченто во Скоще, ща го доби своето име во чест на првиот претседател на соцщалистичка Македонща, Методща Андонов-Ченто, се викаше Сингелик, според презимето на во]водата од Првото српско востание, Стеван Сингелик. Jужнo од Скоще, е лоцирано селото Петровец, кое го добило своето име според кралот на Србща од 1903-1918 и прв крал на Кралството СХС, Петар I Карагоргевик.

Кога Р Македонща, по Втората светска во]на, станува една од шесте републики на федеративна Jугoславиjа, во нашава зем]а неколку топоними го добиваат атрибутот Титов во чест на претседателот на СФРJ, Joсип Броз Тито. Тоа се о^онимот Титов Велес, оронимите Титово Брдо и Титов Врв. Од сиве овие, само Титов Врв остана Титов и со него се именува врв на на^олемата планина во Македонща, Шар Планина. Од името на градот Титов Велес отпадна придавката Титов, а градот денес се вика како што се викал и порано само Велес. Ридот Титово Брдо повторно го доби своето старо име Камено Брдо. Една населба во градот Скоще го носи името на револуционерот Горче Петров. На територщата на главниот град Скоще се наога и приградската населба ща во поново време го носи името Илинден (порано Белимбегово) во чие име е овековечен празникот Илинден. Како што ни е познато, Илинден е верски празник ко] се слави на 2 август во чест на христщанскиот пророк св. Илща. За македонската исторща ово] ден е значаен поради два историски настана: на ово] ден во 1903 година е кренато Илинденското востание кое претставува бунт на македонското население против османлиската власт. Вториот значаен настан датира од 1944 година кога македонската комунистичка партща одржува заседание на кое се поставени темелите на современата македонска држава.

Поради сето горенаведено топонимите во Р Македонща со право влегоа во Законот за заштита на културното наследство на РМ. Како овластен суб]ект за спроведуваае на нивната заштита е назначен Институтот за македонски ]азик ,,Крсте Мисирков" од Скоще од страна Управата за заштита на културното наследство на РМ, щашто работи во рамките на Министерството за култура. Топонимите во РМ, сё уште, не се влезени под режимот на заштитата, биде^и нивната валоризацща, се уште, е во тек.

Литература

Иванова. Олга. 1999. Студии од топоним^ата и антропоними]ата.Институт за македонски ]азик „Крсте Мисирков": Ско^е.

Илиевски. Хр. Петар. 1988. Балканолошки лингвистички студии. Институт за македонски ]азик „Крсте Мисирков": Скоще.

Jачева-Улчар. Елка. 2001. Придавката *kropb во македонската топоним^а. во Balcanoslavica. Институт за старословенска култура:Прилеп. бр.28-29.стр.53-64. Стаматоски. Тра]ко. 1990. Македонска ономастика. Институт за македонски ]азик „Крсте Мисирков": Ско^е.

Станковска. Лубица. 1995. Македонска о]коними]а 1.Метаморфоза:Скоп|е. Станковска. Лубица. 2002. Суфиксите -jb, -ь]'ь и -ъ во македонската топоним^а. Институт за старословенска култура:Прилеп.

Brozovic-Roncevic. Dunja. 1999. Nazivi za blatista i njihovi toponimijski odrazi u hrvatskome jeziku. vо Folia Onomastica Croatica, knj. 8, HAZU: Zagreb. De Sosir. Ferdinand. 1977. Opsta lingivsitka. Nolit: Beograd.

Dikro.Osvald., Todorov. Cvetan. 1987. Enciklopedijski recnik 1 i 2. Prosveta: Beograd.

Simunovic.Petar.1972.Toponimija otoka Braca. Supetar.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.