Научная статья на тему 'МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НИЗ ОПШТЕСТВЕНИТЕ ПРОМЕНИ'

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НИЗ ОПШТЕСТВЕНИТЕ ПРОМЕНИ Текст научной статьи по специальности «Языкознание и литературоведение»

CC BY
51
6
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
MACEDONIAN LANGUAGE / LINGUISTICS / SOCIOLINGUISTICS / STYLISTICS

Аннотация научной статьи по языкознанию и литературоведению, автор научной работы — Тантуровска Лидија

Macedonian language as the official language in the Republic of Macedonia becomes the language of education, science, the media, and the institutions within the social and political system. In linguistics, sixty-five years are a relatively short period of time for more noticeable changes to take place in the grammar of a language. However, some changes can be seen at every level of a language. The most important factors that influence the changes in a language are the popular dialects and the strong influence of the Serbo-Croatian language in the period from 1945 to 1990, as well as the prestige of the Skopje dialect. From 1990 to today, the globalization process could also be included, which is felt through the strong influence of the English language.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НИЗ ОПШТЕСТВЕНИТЕ ПРОМЕНИ»

Оригинален труд

UDC 811.163.3'27

МАКЕДОНСКИОТ JA3M НИЗ ОПШТЕСТВЕНИТЕ ПРОМЕНИ

Лидиjа Тантуровска

Институт за македонски]азик „Крсте Мисирков ", Скоп)'е, Македонщ'а

Key words: Macedonian language, linguistics, sociolinguistics, stylistics

Summary: Macedonian language as the official language in the Republic of Macedonia becomes the language of education, science, the media, and the institutions within the social and political system.

In linguistics, sixty-five years are a relatively short period of time for more noticeable changes to take place in the grammar of a language. However, some changes can be seen at every level of a language. The most important factors that influence the changes in a language are the popular dialects and the strong influence of the Serbo-Croatian language in the period from 1945 to 1990, as well as the prestige of the Skopje dialect. From 1990 to today, the globalization process could also be included, which is felt through the strong influence of the English language.

Прашааето за односот мегу општеството и ]азикот подолг период е предмет на интерес Kaj голем бро] лингвисти1. Многу од нив се согласуваат дека овие два феномена се подложни на промени во текот на времето. Во истражувааата, сопоставува]ки ги општествените и ]азичните промени, произлегуваат повеке прашааа што се однесуваат токму на нивната корелацща. Нема да се задржиме на теориските размислувааа и полемизирааа што произлегуваат од нивниот сооднос, туку ке се осврнеме на општествените промени во Република Македонща, кои повлщаеле за извесни промени во македонскиот ]азик од 1945 година до денес. Поради општествено-политичките промени што й се случща на Република Македонща на самиот почеток од последната деценща на дваесеттиот век, можеме да зборуваме за два потпериода, и тоа: првиот потпериод е од 1945 до 1991 и вториот од 1991 година до денес.

1 Bell, R.. Benvenist, Bernstajn, Bright, Brozovic, Bugarski, Fishman, Hudson, Ivir, Labov, Radovanovic, Stewart, Корубин ... итн.

На самиот почеток ке кажеме дека сво]ата офицщална кодификацща македонскиот ]азик ja доби кон средината на 20 век во современата македонска држава во рамките на федерацщата Jyгослaвиja (на_|првин во Демократска Федеративна Република Jyгослaвиja, подоцна: Федеративна Народна Република Jyгослaвиja -ФНРJ, и: Соцщалистичка Федеративна Репyбликa Jyгослaвиja - СФРJ). Антифашистичкото собрание на народното ослободуваае на Македонща (АСНОМ), на 2 август 1944 година во манастирот Св. отец Прохор Пчиаски, на своето прво заседание, донесе решение со кое се воведува народниот македонски ]азик како слyжбен ]азик во македонската држава. По предлог на Комисщата за ]азик и правопис при Министерството за просвета, Народната влада на Федерална Македонща донесе решение за македонската aзбyкa на 3 ма] 1945 година, а на 2 ]уни 1945 за македонскиот правопис. Овие дaтyми и овие случувааа се дефинираат како завршуваае на процесот на кодификацща на современиот македонски ]азик започнати многу порано. За ова сведочат претходните обиди и потврдените историски факти од исторщата на македонскиот народ за обезбедуваае сопствено место мегу словенските и мегу балканските народи и ]азици. Како што е познато „доцната офицщална кодификацща на современиот македонски ]азик (во однос на другите словенски ]азици) претставува последица на историските околности што не беа наклонети за непречен и континуиран развиток на македонскиот народ во сите сфери на животот. Од друга страна, фактот што оваа кодификацща се случи во средината на дваесеттиот век предизвика, во славистиката, по]ава на определуваае на македонскиот стандарден ]азик како 'на]млад словенски ]азик"' (MJ, 1998: 20). Со прогласувааето на македонскиот ]азик како службен во Федерална Македонща (односно, подоцна: Народна Република Македонща, па: Соцщалистичка Република Македонща), то] стана ]азик на образованието, на науката, на средствата за ]авно општеае, на институциите во рамките на општествено-политичкото уредуваае, а во рамките на ]угословенската федерацща беше и еден од службените не]зини ]азици (заедно со српскохрватскиот и словенечкиот).

Наспрема ова, на самиот почеток од последната деценща од 20 век, како резултат на општествено-политичките промени што настанаа во ]угословенската заедница, Република Македоща, по референдум, ja прогласи сво]ата независност на 8 септември 1991 година. Собранието на Република Македонща на 17 ноември истата година го донесе

Уставот на Република Македонща2, во ко] пишyвa (во Членот l од Основните одредби): „Во Република Македонща слyжбeн ]азик е македонскиот ]азик и неговото кирилично писмо." Во единиците на локалната сaмоyпрaвa во кои како мнозинство или како значителен бро] живеат припадниците на националностите, во слyжбeнa yпотрeбa покра] македонскиот ]азик и кириличното писмо, е нивниот ма]чин jaßm со писмото. (Скоще, ноември, 1991)

Веке во ]а^ари 1992 година беа донесени два амадмана со кои Република Македонща се обврзyвa дека нема територщални претензии кон соседните држави и дека нема да се меша во нивните внатрешни работи. Со прогласувааето на осамосщувааето и на независноста на Република Македонща, го ознaчyвaмe вториот потпериод. Македонскиот jaßrn е слyжбeн ]азик во Рeпyбликa Македонща. Се отворща можностите за негова застапеност во сите сфери на yпотрeбa. Денес зборyвaмe за македонскиот стандарден jaßm како повекефунцкио-нален, односно современиот македонски ]азик се реализира низ административниот, нayчниот, пу6лицистичкиот, уметничколитера-турниот и разговорниот фyнкционaлeн стил.

Денешната лична карта на македонскиот jaßm е резултат од неговата генеалошка, од неговата ареална припадност, како член на фамилщата на словенските ]азици и на балканскиот ]азичен одуз. Според овие две релации, можеме да зборуваме за релативно упростен вокален систем (е, и, о, у, а); за динамичен акцент што пага на третиот слог од крарт (учшница - училнщата); за акцентски целости (кои претставуваат еден поим: кисел0-млеко, односно проклитички и енклитички изрази: дáj-uм-jа!)^; за аналитичен начин на изразувааето на падежните односи (некои предлози добиваат граматички функции: на, од); односно за остатоци од некои падежни форми (raj личните имиаа: Сто]ан - Сто]ана и raj некои именки од машки род: татко -татка; потоа raj личните, прашалните, неопределените, општите и одречните заменки: мене, тебе,; него, нему; неа, не]зе; нас, нам; вас, вам; нив, ним; кого, кому; некого, некому; секого, секому; никого, никому); за вокативната форма; за три серии членски морфеми за определба на именските групи, кои одговараат на трите показни заменки (-ов, - ово]; -он - оно]; -от - тоу); за загубени инфинитив и супин; за релативно богат систем на глаголските времиаа; за употребата на двата помошни глагола сум (со л-формата: сум дошол,

2 Треба да се забележи дека припадниците на едно малцинство не излегоа на референдумот, а нивните претставници во Собранието не гласаа за Уставот на Република Македонща.

односно со глаголската придавка: сум dojdeH) и има: имам доjдeно), за регуларното удво]уваае на индиректниот и на директниот об]ект (му реков на човекот; го видов човекот) ... итн., како во споредба со старословенскиот ]азик, така и во споредба со ]азиците од балканскиот ]азичен одуз.

Како што е познато во лингвистиката, позабележливи промени во граматичката структура на еден ]азик не можат да се очекуваат за периодот од шеесет и пет години. Сепак, можат да се следат некои промени на сите ]азични нивоа. Факторите што влщаат на ]азичните промени ги поделивме во две групи. Во првата се оние што влщаат од 1945 година до 1991 година, каде што ги вклучивме: народните говори, влщанието на српскохрватскиот ]азик (Корубин, 1986: 33-34), односно живата врска мегу стандардниот ]азик и народните говори, престижноста на српскохрватскиот ]азик во Македонща поради сещдневниот допир во сите сфери на ]авното општеае, потоа престижноста на говорот во Скоще (како главен културен, економски, политички центар во Македонща), задоволувааето на сите потреби за општеае на македонските родени говорители, промената на образованото ниво на населението итн., а во втората се оние што влщаат од 1991 година до денес, а ке го издвоиме силното влщание на англискиот ]азик, кое е поврзано со процесот на глобализацщата, со ко] се погодени ]азиците од неанглиското говорно подрач]е.

Во оваа пригода ке издвоиме само некои ]азични промени проследени низ примери низ шест и пол деценискиот период. Во првиот потпериод, од гласовниот систем и од акцентот ке ги издвоиме: процесот на затврднуваае на меките консонанти, потесен и пократок изговор на вокалите, на пр. на е и и (raj младата генерацща), од полумек до мек изговор на гласот л (по влщание на турскиот и на српскохрватскиот ]азик), изговор на к и г (покра] дщалектните, придонесува истото тугэдазичното влщание како raj л), некои тенденции на поместуваае на акцентот под влщание на супстандардот на скопскиот говор во седумдесеттите, на српскохрватскиот ]азик, на ]азикот на политичарите. На морфолошки план, ке ги споменеме: се почестата употреба на л-перфектот за прекажуваае, т.е за незасведо-чени де_|ства, а резултативното значеае се изразува со сум- и имам-конструкциите, кои се сметаат за балканска иновацща во македонскиот ]азик. И. Леков (Леков, 1968: 172), ги цитира Б. Хавранек и А. Галис, при што забележува: „Македонската конструкцща ,имам долено' се разгледува како нов словненски перфект, настанат како последица на балканската ]азична интерференцща". На зборообразу-вачки план е се поголемо зацврстувааето на местото на суфиксот

-ци/а со зборови од различно потекло (ком^утерци/а), употреба на суфиксот

-ара (сендвичара, пивара, чорапара). Од синтаксичка гледна точка ке издвоиме две по]ави: едната се однесува на именска група, а другата на реченицата, поточно на прашалната реченица. Во првата по]ава, станува збор за именските групи составени од две именки од кои едната врши атрибутска функцща. Оправдуваае за ваквата по]ава наогаме во балканскиот образец (ручек време, ветер работа). Во стандардниот македонски ]азик се повеке се срекаваат вакви именски групи (од: поет револуционер, човек &вер, дете звезда ^вездалца), па се до: уредник-водител, бомбаш-самоубиец, роман-расправа, философ-просветител, учител-воспитувач итн. Особено, шуава на вакви именски групи и полусложенки има во административниот функционален стил, поточно во законодавноправниот потстил: нацрт-закон, анекс-договор, предлог-резолуц^а, заменик-претседател, држави-учеснички и речиси сеюудневно слушаната: држава-членка. Ка] втората по]ава, настанува нарушуваае на реченичната структура на прашалната реченица, односно неприфатлива линеаризацща (Корубин, 1980: 86-99). Во првиот потпериод се ]авува во преведените текстови од српскохрватскиот ]азик, а денес, веке како остаток што го срекаваме сещдневно, на]често преку средствата за ]авно информираае (Што тоа правиш?). Што се однесува до лексиката, од српскохрватскиот (во првиот потпериод) е адаптацщата на некои лексеми (прекинувач, кошаркар, стапка, тековен), или од терминологщата (самогласка, согласка, именка; одделно од воената терминологща: минофрлачка, волно), зборови - нужни заемки (благаjник, брод, водовод, ходник) итн.

Во вториот потпериод сме сведоци на сещдневно навлегуваае на англизми, процес што не е карактеристичен само за македонскиот ]азик. Напротив, со процесот на глобализацщата ваквата по]ава одамна ]а има во неанглиското говорно подрач]е. Напливот на англизми во македонскиот ]азик може да се забележи во повеке сфери. Сеща држава се обидува да се заштити од секо_щневниот наплив на тугите ]азични елементи. Република Македонща од 2005 година го има и „Законот за употреба на македонскиот ]азик"3.

Ако го расчлениме македонскиот ]азик по функционалните стилови, ке забележиме дека англизмите се присутни, во поголема или во помала мера, во сите функционални стилови. Во голем бро_ь тие навлегуваат преку средствата за ]авно информираае (како преку електронските, така и преку печатените медиуми), што значи се

3 Сега се врши дополнуваае и прошируваае на Законот.

присутни во публицистичкиот функционален стил. На]често ги слушаме или ги читаме од новинарите, односно ги наогаме во новинарскиот потстил (апликаци)а, бенчмарк, брифинг, и сл.).

Во врска со фактот дека средствата за ]авно информираае го следат животот во една говорена заедница и го одразуваат, ]азикот во нив треба да содржи актуелни зборови и изрази. Така, во средствата за ]авно информираае срекаваме нови зборови сврзани со дадениот период од политчката и од економската сфера, потоа од областа на културата, на науката итн. Всушност, станува збор за терминологща што им се доближува на широк круг зборувачи. Новинарскиот потстил е под влщание на политичкиот живот и го одразува политичкиот строеж на општеството. Наместо некогашните зборови и зборовни гру-пи: пemолemка, самоуправувате, социоли^ичко опшmeсmво и сл., денес се зборува за пазарна економ^а, бизнис, mранзициjа, приваmиза-ци)а, правна држава и сл. Конфeрeницииme за пeчаm се замениети со прес-конференции, сосmаноциme со самиmи, дирекжор со менацер и сл. Иако зборовите што се употребуваат се интернационализми, како што веке споменавме, голем бро] од нив се од англискиот ]азик: мониmринг, консензус, лидер и сл. Некои именски групи што се по]авуваат не можат да се вклучат во македонскиот граматички систем: мини ски цeнmар, сmeнд-баj аранжмани, лоби групи итн. Понекогаш доага до преосмислуваае на интернацонализми и тоа под влщание на англискиот ]азик: админи^рацца (за влада), спикер (за прemсeдmeл на парламeнm); инmeрвjу (за разговор за примате на рабоmа), прeзeнmeр (за спикер шmо чиmа ве^и) и сл. Треба да се одбележи и пристуството на изрази од англискиот ]азик, во оригинал, во транскрипцща или во превод (Т. Треневски: 240-250): Во mаква сиmуациjа, мerународнаmа дипломаmиjа, коjашmо - like it or not - има вли)ание на домашнаmа полиmичка сцена, е во сиmуациjа да го избере помалоmо од двeme зла; X го има добиено имицоm на „бед гаj"; ... на краjоm ги приmиснаа и сmавоm беше „земи или о^ави" (take it or leave it)...

Како дел од новинарскиот потстил се рекламите и огласите. Како што е познато, рекламите треба да го привлечат вниманието, па затоа во нив превладува поттикнувачка или мотивирачка функцща над информатичката поткрепена со комерцщалниот момент. Ако се направи споредба на овие текстови во двата потпериода, треба да се исткне дека од 1991 година се зголеми бро_|от на средствата за ]авно информираае во кои се об]авуваат рекламите и огласите, како и се по]авща и спецщализирани публикации. Огласите станаа од различни видови (купопродажба на недвижен и движен имот; бара^е-дава^е

услуги итн.). Покра] другите ]азични по]ави, треба да се нагласи дека и во овие текстови не е мал бро_|от на заемки од англискиот ]азик (видеорекордер, дискплеер, ресивер, флопи итн.). Низ страниците на дневниот печат можат да се забележат огласи, односно конкурси испишани на англиски ]азик.

Овде можеме да се надоврземе и за состо]бата со натписите на фирмите, рекламите и рекламните паноа. Според едно наше истражуваае на натписите низ центарот на градот Скоще (во 2006 година), до_|довме до заклучок дека можат да се прочитаат натписи на домашни и на странски фирми напишани и на друг ]азик и на друго писмо. Според Законот за трговски друштва (Сл. весник на РМ бр. 58/02), во членот 317 се вели: 1) Фирмата мора да е напишана на македонски jазик со кирилично писмо... Ако станува збор за странска фирма тогаш: 2) Фирмата може да се преведе и на друг jазик ко) мора во целост да одговара на содржината на фирмата и може да се употребува само и во исто време со фирмата напишана на македонски jазик... Фактот што загрижува е што се срекаваат домашни фимри напишани на друг ]азик (на]често на англиски) и на поинакво писмо (на]често латинично).

Кога веке ги споменуваме законите, да кажеме збор-два за законодавноправниот потстил, еден од потстиловите на администра-тивниот функционален стил. Административниот функционален стил се карактеризира со информативност, прецизност, клишираност и затоа, само во некои потстилови можат да се сретанат ]азични промени особено во лексиката. Причина се повторно општествено-политичките промени, според кои собрание се замени со парламент и сл. Во последно време, во некои од постиловите се ]авуваат англиски лексеми од типот: лизинг, дилер, холдинг-менацер, компан^а и сл.. Од дипло-матскиот потстил ке ги издвоиме: акредитира, дипломатски кор. Во општествено-политичкиот потстил се срекаваат: трансформац^а, плуризам, консензус, мониторинг и сл. Кога станува збор за надво-решната политика, особено откога Република Македонща почна да се подготвува да стане членка на Европската унща, со преговорите, како и со подготувавааето на матерщалот што се преведува, може да се забележат и ]азични промени. Од една страна доага до збогатуваае на правната терминологща со нови поими и термини (еврокомесар, евроинтеграци)а и сл.), а од друга страна при преводот настануваат ]азични промени што тешко се вклучуваат во ]азичниот систем на македонскиот ]азик.

Следниот функционален стил, за ко] сакаме да да про-коментираме, е научниот, ко] ги содржи во себе строгонаучниот (академскииот), во кои се вклучени монографии, докторски дисерта-

ции, реферати, статии исл.; научно-учебничкиот, Koj се про]авува во вид на учебници и сл. и научно-популарниот, Koj доага до израз преку книги, стаии, предавала, емисии и сл. Покра] употребата на општо-научната лексика (6poj, систем, пример, структура и сл.), со разво]от на науката и технологщата можат да се сретнат многу нови поими и термини. (Мегу другото, овде мислиме на информатиката, каде покра] оригиналните називи, како на пр.: комп]утер, се срекаваат и пре-ведени: хардвер или цврст диск/тврд диск, маус или глувче, фолдер или папка и сл.)

Како што е познато, во уметничколитературниот функицонален стил е одразен ]азичниот израз на писателите, на авторите на делата од уметничката литература, па според тоа raj ово] стил на преден план е индивидуалниот белег. Ако направиме споредба мегу прозните дела на писателите во привот потпериод и оние од вториот период, веднаш се забележува дека општествено-политичките промени влщаат и врз „трендот" на пишуваае. Во прозните дела на македонските автори: Бл. Конески, Вл. Малески, Ж. Чинго, М. Фотев, С. Дракул, Бр. Пендовски итн. се застапени дщалектизми што се користат за стилистички и функционални цели, како што истакнува Р. Паноска (Паноска, 1972: 205-218): „...кон дщалектизмите се посега кога се актуализира времето, опстановката, битот, иднивидуалната реч на лицата". Секако дека дел од авторите и од првиот период внесуваат свои неологизми и индивидуализми (Сл. Jаневски, Г. Тодоровски итн.), а и тугсуазични елементи, кои се од грчко, од турско потекло или пак станува збор за црковнословенизми. Слично на прозните, и драмските текстови се препознаваат дали се пишувани во првиот или во вториот потпериод. Биде]ки авторот на ваквите текстови мора да внимава исказите да звучат природно4, ]азикот е близок до разговорниот. Така, наспрема драмите како „Чорбаци Теодос", „Бегалка" (В. Илоски), каде што се срекаваат дщалектизми, турцизми или се напишани на дщалект, се ]авуваат драми од типот на: „Лет во место", „Ха^фа]", „Дупло дно" (Горан Стефановски), „Чща си" (С. Насев), каде што се срекаваат значителен бро] на англизми, а една од поновите драми „Последните Македонци" (што се изведува во Драмскиот театар во Скоще) речиси целата драма е на англиски ]азик.

Разговорниот фунцкионален стил на]непосредно го одразува индивидуланиот ]азичен израз на сеща единка. Покра] карактеристи-ките на ово] стил (економичност во изразот, редунданцща, непосред-ност, спонтаност, ориентацща кон адресатот, интонацща и сл.),

4 Се пишуваат за да бидат говорени.

разговорниот функционален стил е тесно поврзан со сещдневниот живот на говорната заедница и со по]авата на нови предмети, по]ави, занимала и сл. Се по]авуваат нови називи, мегу кои има и голем бро] англизми. (На пример, денес се храниме со хамбургер, а не со: плескавица, односно кофте, а сендвичот со виршла стана хот-дог итн.) Големата застапеност на информатиката, на мобилната телефо-нща, како и на Интернет-мрежата, предизвика наплив на англизми и во разговорниот стил од типот (четувате, скаjп, феjсбук).

Од презентираната анализа може да се заклучи дека општестве-ните промени во една општествена заедница влщаат врз ]азикот, што се потврди и од наведениве примери од македонскиот ]азик, кои ги регистрираме како „последица" на општествените промени во Република Македонща во периодот од шеесет и пет години.

Литература:

Видоески. Божидар. 1950. Образуваае на вокативната форма ка] именките. Скоп|е. Македонски]'азик. год. 1/8 стр. 191-192 и 1/9-10, 231-235.

Видоески. Божидар. 1970. Акцентските системи во македонските дщалекти. Скопле. Литературен збор. 17, 1-1-10.

Тодоровски. Тодор. 1965. За некои влщанща на соседните ]ужнословенски ]азици врз македонскиот литературен ]азик. Скопле. Лзб. 12/4, 4-17.

Jашар-Настева. Оливера. 1966. За некои аспекти на збогатуваае на лексиката на современиот македонски ]азик. Скоп|е. Македонски }азик, 17, 529.

Jашар-Настева. Оливера. 1966. Интернационалната лексика во современиот македонски ]азик, Скоп|е. Лзб. 13/3, 10-16.

Конески. Блаже. 1980. Граматика на македонскиот литературен ]азик, Скоп|е.

Конески. Блаже. 1980а. Истори'а на македонскот]азик, Скоп|е.

Конески. Кирил. 1980. Глаголските конструкции со КЕ во македонскиот ]азик, Скоп|е.

Конески. Кирил. 1995. Зборообразуватето во современиот македонски ]азик, Скоп|е.

Корубин. Благова. 1969/1976/1980/1986. Jазикот наш денешен, 1, 2, 3, 4,

Скоп|е.

Корубин. Благова. 1990. На македонскограматички теми, Скоп|е.

Корубин. Благо]а. 1994. Македонски историо-социолингвистички теми, Скоп|е.

Леков. И. 1968. Кратка сравнително-историческа и типологическа граматика на славянските езици, София.

Минова-Гуркова. Лшцана. 1988. Именките на -ара во македонскиот ]азик. Скопле. Лзб. 35/1-2, 49-53.

Минова-Гуркова. Ливана. 1994. Синтакса на македонскиот стандарден ]азик, Скоп|е.

Минова-Гуркова. Ливана. 2003. Стилистика на современиот македонскиот ]азик, Скоп|е.

Службен весник на Народна Република Македонща (1950, 1953).

Усикова. Рина. 1985. Македонский язык, Скоп|е.

Усикова. Рина. 1997. Кон разворт на македонскиот ]азик со оглед на ]азичната ситуацща во Македонща. Скоп|е. Педесет години на македонската наука за]азикот, 153-164.

Устав на Народна Република Македонща (1946), Скоп|е.

Устав на Народна Република Македонща (1953), Скоп|е.

Устав на Соцщ'алистичка Република Македонща (1963), Скоп|е.

Устав на Соцщ'алистичка Република Македонща (1974), Скоп|е.

Устав на Република Македонща (1991), Скоп|е.

Цветковски. Владимир. 1966. Англиски заемки во македонскиот ]азик. Скоп|е. Македонски ]'азик. 17, 149-157.

Friedman. V. 1992. An Outline of Macedonian Grammar. Handbook of the Slavonic Language. Routlege.

Lunt H. 1952. Grammar of the Macedonian Literary Language, Skopje.

Toshovic B. 1988. Funkcionalni stilovi, Sarajevo.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.