Научная статья на тему 'ПРОСВЕТИТЕЛСТВОТО - МИНАТО ИЛИ СЕГАШНОСТ'

ПРОСВЕТИТЕЛСТВОТО - МИНАТО ИЛИ СЕГАШНОСТ Текст научной статьи по специальности «Политологические науки»

CC BY
185
25
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
ENLIGHTENMENT / NATIONALISM / LIBERALISM / CULTURAL REVIVER / GLOBALISM / BALKAN / CIVIC AWARENESS / ПРОСВЕТИТЕЛСТВО / ГРАѓАНСКА СВЕСТ / НАЦИОНАЛИЗАМ / ЛИБЕРАЛИЗАМ / ГЛОБАЛИЗАМ / КУЛТУРНА ПРЕРОДБА / БАЛКАН

Аннотация научной статьи по политологическим наукам, автор научной работы — Миронска-христовска Валентина

Во проследувањето на темата, појдовна точка се придобивките од просветителството во Европа и на Балканот. Истовремено, следи нивно компаративно проследување со промените од новиот светски поредок, поточно, состојбата во културата, економијата, политиката, критиката итн. Накратко, проследени се претставниците на просветителството на Балканот и придобивките од нивните заложби, по што следува кратката согледба на историските настани, односно на настаните по појавата на национализмот во 19-тиот век поради што дел од мисијата и визијата на просветителските придобивки бил пренасочен кон други цели, поради што сè уште останува констатацијата на Фуко дека „Не знам дали некогаш ќе станеме полнолетни. Многу работи во нашето искуство нè убедуваат дека историскиот настан Aufklärung не нè направил полнолетни и сè уште такви не сме“.This is a comparative literature study of the aftermath of the Enlightenment and its impact on the current present, specifically in the context of Europe and the Balkans. The study includes an evolutionary analysis of the cultural, economic, political and nationalist effects of the Enlightenment and their reflections in modern world globalized society. At the same time, the study covers the agents of the Enlightenment on the Balkans and the consequences of their endeavors, as well as historic events and the emergence of nationalism in the 19th century as the reason for the change of the visionary mission of the leaders of the movement, evidenced by Michel Foucault’s famous statement: “I do not know whether we will ever reach mature adulthood. Many things in our experience convince us that the historical event of the Enlightenment did not make us mature adults, and we have not reached that stage yet”

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «ПРОСВЕТИТЕЛСТВОТО - МИНАТО ИЛИ СЕГАШНОСТ»

изворен научен труд УДК: 821.163.02 Prosvjetiteljstvo:930.85(497)

ПРОСВЕТИТЕЛСТВОТО - МИНАТО ИЛИ СЕГАШНОСТ

Валентина Миронска-Христовска

Институт за македонска литература Универзитет „Св. Кирил и Методу" во Скопле, Македонца

Keywords: the Enlightenment, nationalism, liberalism, cultural reviver, globalism, Balkan, civic awareness.

Summary: This is a comparative literature study of the aftermath of the Enlightenment and its impact on the current present, specifically in the context of Europe and the Balkans. The study includes an evolutionary analysis of the cultural, economic, political and nationalist effects of the Enlightenment and their reflections in modern world globalized society. At the same time, the study covers the agents of the Enlightenment on the Balkans and the consequences of their endeavors, as well as historic events and the emergence of nationalism in the 19th century as the reason for the change of the visionary mission of the leaders of the movement, evidenced by Michel Foucault's famous statement: "I do not know whether we will ever reach mature adulthood. Many things in our experience convince us that the historical event of the Enlightenment did not make us mature adults, and we have not reached that stage yet"

Клучни зборови: просветителство, граганска свест, национализам, либерализам, глобализам, културна преродба, Балкан.

Резиме: Во проследувааето на темата, поповна точка се придобивките од просветителството во Европа и на Балканот. Истовремено, следи нивно компаративно проследуваае со промените од новиот светски поредок, поточно, состо]бата во културата, економщата, политиката, критиката итн. Накратко, проследени се претставниците на просветителството на Балканот и придобивките од нивните заложби, по што следува кратката согледба на историските настани, односно на настаните по по]авата на национализмот во 19-тиот век поради што дел од мисщата и визщата на просветителските придобивки бил пренасочен кон други цели, поради што се уште останува констатацщата на Фуко дека „Не знам дали некогаш ке станеме полнолетни. Многу работи во нашето искуство не убедуваат дека историскиот настан Aufklärung не не направил полнолетни и се уште такви не сме".

Просветителството е неисцрпна тема, за Koja не е постигната согласност ниту за неговото дефинира&е, ниту за неговите хронолошки и географски распон. Тоа е тема што е актуелна и во денешно време, ко]а се проучува и за ко]а сè уште се водат дебати и се произнесуваат ставови: за или против просветителството.

Праша&ето „Што е просветителството?", всушност, било и тема на есе]от на натпреварот што бил организиран во 1783 година, од страна на берлинското списание Berlinische Monatsschrift. Следеле бро]ни проучува&а за есе]от, како и бро]ни оцени за просветителството, мегу кои: дека претставува процес преку ко] човекот се едуцира да го користи разумот; дека претставува еманципацща на човековата свест; дека е фаза од еден постепен разво] ко] започнал уште во антиката итн. итн. Всушност, првичната цел на просветителството била афирмацща на толеранцщата, соживот мегу различните религии и научната револуцща, што била промовирана од филозофите, локалните интелектуалци и масонските ложи. Но разво]от на идеите овие цели ги однеле во друг правец. Првичните просветителски постулати: разум, толеранцща, еднаквост, веке, со по]авата на идеите за либерализмот и национализмот, прераснале во идеи на многу немири, во шовинизам, нацизам, тоталитаризам. Во просветителството, односно во либерализмот, се гледаат и почетоците на глобализацщата, чии основи лежат во книгата Истражуваье на природата и причини на богатството на народите (1776), од Адам Смит, во юз^ашто то] ]а поставил Теорщата за апсолутната вредност, односно иде]ата за слободна трговща мегу народите, и во Теорщата на компаративен пристап, од англискиот економист Де]вид Рикардо, со книгата Принципи на политичката економи/а и оданочуваьето (1817), ко] воедно се смета за втемелувач на мегународната трговща.

Токму овие постулати œ навракаат на просветителството, односно на тоа, што тоа ни донело и каде œ однесе. Просветителството (Age de lumière, Age of enlightenment, Aufklärungszeit) е период на нововековната исторща, кога човековата егзистенцща се здобила со приматот над бож]ата егзистенцща. Човекот бил во центарот на вниманието, започнало негово проучуваае, односно дефинираае, при што се воделе низа дебати, во енциклопедиите биле воведени низа одредници како на пример, „морален човек", „политички човек" итн. Притоа, на прв план биле поставени разумот и критичкото размислуваае. Била усвоена класичната максима „Спозна] се самиот себе", започнало развивааето на самосвеста, на „Свеста за сопственото ]ас, како спротивност за

другите нешта, при што ова другото е мок за сознание" (Шопенхаур; 1998:54). Поточно, сознанието ке му овозможело на човекот да излезе од затворената суб]ективност и да влезе во об]ективниот свет. Биле создавани нови визии за светот, па со „новиот дискурс векот изгледал како век на космополитизам, размена на се поголема циркулацща на луге и идеи" (Вовел, 2006:19). Човекот започнал да се надвладува себеси, да трансцендентира, излез од затворената суб]ективност барал во хуманоста, егалитаризмот, демократщата, човековите права, духовната револуцща. Притоа, се требало да подложи на критика, биде]ки, како што истакнал Кант, „нашиот век е век на критиката" („Критика на чистиот ум", 1781). Истовремено, насекаде се барала слободата: во мислеаето, во говорот, во твореаето, во секо]дневното живееае, биде]ки според Дидерот: „Секо] век носи во себе дух ко] го одбележува; нашиот дух - се чини дека е духот на слободата" (Vidah, 1984:290).

Согледани овие поставки денес, во времево на глобализацщата, на експанзивниот технолошки развод циркулацщата на лугето и идеите е долена до совршенство. Но токму то] процес, каде го однесе човекот? То] повторно влегува во сво]ата суб]екгивност преку виртуелниот свет во ко]што живее и при]ателите во него, но притоа, граде]ки еден аутистичен свет. Индивидуализмот се поставува над чувството за колективност, за семе]ност, се губи чувството за дщалог и со тоа се нарушува принципот на Дидро, според ко], слободата и индивидуализмот, во првиот момент, биле конструирани како интелектуални теми (Купер, 2004:344). Во нови води заплива и критичката мисла, посебно стручната мисла што се чини како да изумира. Сериозните осврти и рецензии се заменети со мислеаата на ил]адниците фе]сбук-страници, твитери, блогови итн., при што воопшто не се води сметка за стилот, за ]азичните норми, зборовите се кратат, се заменуваат само со една-две букви или со цртежи (стикери), се прифакаат туги зборови, не се врши нивна транскрипцща, па се добива дво]азичност и двоазбучност, како на пример: „Се ]авуваме од backstage". Се намалува ли вредноста, ако кажеме: „Се ]авуваме од зад сцената"? А токму ]азичното прашаае, образованието, книгата, литературата, беа подвижници на просветителската мисла кои, за жал, сега се претворила во електронско образование, електронски книги, библиотеки итн. Сензуалноста, односно возбудата и мирисот, при влезот во светот зад кориците, е изгубена, а да не зборуваме за изгубениот интерес кон нив воопшто.

Од друга страна, втемелувачот на созна]ната теорща, на емпиризмот, и предвесникот на просветителството, Цон Лок, сметал

дека „Cè што има почеток, има и причина" (Купер, 2004:78). Па се прашувам, каде е причината за почетокот на ваквото живееае и каде тоа ja води човековата цивилизацща? Според Лок, paзyмот морал да биде наш наколем сyдиja и требало да tó води во сè. То] се залагал за воспоставува&е на правна власт, ja оправдувал револуцщата, само доколку бил загрозен народниот суверенитет, за ко] сметал дека е неотугив. А каде нè однесоа новите поставки? Во разни револуции, започнати од грагански здруженща кои не го штитат народниот суверенитет, туку водат во разгризуваае на сопственото национално ткиво, кои tó водат во конфликт мегу самите себе. Па нацщата, наместо да се обединува, таа се разединува, каква што е моменталната состсуба во Р. Македонща. Исто така, преку разво]от на идеите, од една во друга: натурализмот на Х]ум, Берклиевиот идеализам, Шотланската школа со филозофщата на здравиот разум, сензуализмот на Кондилак, матерщализмот, довеле до француското просветителство, со повикот: „Слобода, еднаквост, братство", преку ко] француските мислители и писатели сакале да им се спротивстават на лагата, на интересот, лицемерието и незадоволството од владе]ачкиот режим, со цел да се на]дат нови решенща и правила за животните прашааа. Тие, всушност, застанале против апсолутизмот и го издигнале републиканскиот дух. Но, и во денешно време, ширум светот, незадоволството од владе]ачките лидери е големо; во многу зем]и, по изборните процеси, започнуваат протести, некаков вид револуции. Мегутоа, дали се тие вистински израз на народните барааа или, всушност, преку нив се води борбата мегу глобалистите и суверенистите; борба мегу либералите, олигарсите кои владе]ат со богатството на Светот и протекционистите, кои го заштитуваат домашното производство и настсууваат да ja вратат средната класа на сцена, ко]а, за жал, од ден на ден сè повеке исчезнува.

Просветителството го започнало разво]от на модерната држава, на правото, на филозофщата, природните науки, емпириската психологща, политичката економща, исторщата, етиката, естетиката, на статистиката итн. Владеела девизата на Бекон дека „Знаеаето е сила". Било отворено и прашааето за жената, започнало да се гледа на не]зината улога во општеството, поради што е наречен и „век на жената". Затоа и кога се зборува за жената, всушност се зборува за жените на просветителството, биде]ки и во Енциклопедщата нема застапено одредници за жена-авторка. Всушност, скоро еден век претходно, бележит е обидот на Пулен де ла Бар, ко] во списите За еднаквост на двата пола. Физичко и морално излагатье каде се гледа значетьето на ослободуваьето од предрасудите, од 1673 година, го

вовел поимот за еднаквост наспроти тврдеаата дека едниот од половите (машки или женски) е над другиот. Притоа, то] тргнал од сознанието дека духот нема пол, а дека разумот им припага и на мажот и на жената, поради што жените требало да ги уживаат истите права (Вовел, 2006:400). Првично, за овие негови ставови немало многу одгласи, но списите биле повторно об]авени во 18-тиот век. Значи, со просветителството, биле отворени значащи, егзистенцщални праша&а, започнала еманципацщата, будеаето на граганската свест; биле отворани читалишта, салони, клубови, кафеани, во кои комуникацщата мегу лугето добивала други димензии. Погледот бил свртен кон општествените, социолошките, психолошките проблеми, престанало потиснувааето на страстите и чувствата, интелектуалецот бил ангажиран писател и филозоф. Целите на класицистичкиот рационализам биле критика и поука, поради што во нив отсуствувало естетското наспроти културно-просветното значеае. Токму со критичко-поучителните дела и со културните промени воопшто, се про]авиле и првите просветители во Македонща и на Балканот.

Просветителскиот процес бил посебно значаен за балканските народи ко], од една страна, донел низа придобивки, но од друга, отворил низа процеси чии последици ги чувствуваме и се рефлектираат до денешно време. Така на пример, со по]авата на национализмот, во 19 век, се срушила иде]ата за наднационалниот идентитет на Словените, а со тоа и иде]ата за (]ужно)словенско единство. Наспроти тоа, ка] дел од балканските народи се по]авила иде]ата за големотериторщалност ко]а завршила со Балканските во]ни, по кои, за Македонща, следела поделба, а за ]угословенските народи, создавааето на Кралството СХС. По Втората светска во]на, била формирана СФРJ, а кра]от на 20-тиот век ово] простор повторно го одбележа со братоубиствена во]на ко]а резултираше со не]зино распагаае. Падот на соци]ализмот и вракааето во капитализмот, им овозможи]а на дел од балканските зем]и да станат членки на ЕУ и НАТО, а дел останаа во таканаречениот Западен Балкан, врз ко]што повторно се вкрстуваат интересите на Големите сили, поради што повторно то] е ставен пред клучни одлуки. Затоа и честопати се вели дека ситуацщата е иста како во 19-тиот век. Тогаш, со помош на западните, монархистички сили некои од балканските зем]и се стекнале со автономща, подоцна и со државност, а дел останаа со отворени прашааа, како што беше македонското прашаае, кое привидно беше затворено по Втората светска во]на и кое денеска повторно е отворено, пред сè преку наметнатиот спор од страна на Грцща за името на Македонща. Па борбата со авторитетите, за ко]а

Ернест Гелнер истакнал дека конфликтот на разумот со авторитетот започнал во 17-тиот век, дека напилен бил во 18-тиот век, завладеал во политичкиот живот во 19-тиот век, а бил ублажен или придушен во 20-тиот век, за македонското прашаае одново започна.

Навракааето кон конфликтот со авторитетот на Балканот во 19-тиот век, всушност tó води кон согледбата на разликата на условите во кои се наогале народите на Балканот од народите на Западна Европа. Првенствено ке истакнам дека зборот слобода, на Балканот, не се движел само во насока на слобода на разумот, на човекот, туку имал примарно значеае во однос на означувааето на ослободувааето на човекот од тугата власт (османлиската и австроунгарската), ослободуваае од асимилацщата, односно од акултурацщата, mja била спроведувана од страна на елинизмот, германизмот, унгаризмот. Поради тоа, интелектуалците на Балканот ово] процес го започнале со духовната револуцща, односно со културната преродба, со борбата за употреба на ма]чиниот ]азик и описменуваае на народот.

Воедно, треба да се нагласи и разликата околу раскинувааето на врската на човекот со црквата. На Балканот, особено ка] оние народи кои биле под османлиска власт, црквата имала посебно значеае, биде^и преку неа се идентификувал народот, таа била клучната идентитетска одредница: христщани наспроти муслимани. Затоа и културната преродба започнала со заедничко де]ствувашг на црквата и граганската класа, еснафите, кои биле заедно ангажирани околу: отворааето на црковно-училишните општини; обезбедувааето учителски кадри, учебници, книги и нагледни средства; воведуваае на световната, модерна настава; го помагале школувааето на младите луге во големите културни центри; отворааето на читалишта, општински библиотеки и печатници; донираае средства за печатеае книги на народен ]азик, дистрибуцщата на весници итн.

Воедно, може да истакнеме и дека просветителските тенденции не биле нови за Балканот. Погледот слободно можеме да го свртиме, и наместо да гледаме од запад кон Балкан, како што ни наметнуваат, треба да гледаме од Балканот кон западот. Биде]ки, ако погледнеме подлабоко во минатото, неоспорно е дека исторщата на идеите започнала да се развива од античката и од далекуисточната филозофска мисла. Потоа, културните придобивки на Византща биле основните постулати во разво]от на европската култура, на хуманизмот и ренесансата. Живееаето во рамки на империите, на нашите простори, овозможило да се живее мултиетнички, мултикултурно итн. Но, за жал, Крстоносните во]ни ja направиле

поделбата на христщанскиот народ на западен, католички свет и на источен, православен свет, поделба ко]а денес ги дели балканските народи, па ка] припаднците на Западен Балкан го наметнува чувството за Другост, различност, за неприпадност на матичниот континент -Европа. Исто така, кога се говори за напредни идеи, односно за базичната иде]а на просветителството - образование на целиот народ, со полно право треба да се повикаме на иде]ата, односно на мисщата на светите сесловенски брака, Кирил и Методщ, кои со првиот превод на словенски ]азик на Библщата ]а започнаа мисщата за афирмацща на: христщанството, просвета, образование и литургща на ма]чин ]азик, праведноста, борбата против потчинетост и права за еднаквост. Па ка] балканските народи, токму поведени од овие сигнали, будеаето на свеста, на самосвеста, започнало токму преку овие постулати, преку книгата, преку потребата од воведуваае на народниот ]азик во пишувана форма.

Балканот, ко] бил толку различен, во него егзистираат(ле) мноштво религии, ]азици, писма, сепак бил обединет од потребата од политичко и културно ослободуваае. Па, така, во Грцща, просветата мегу грчкиот народ започнала да се шири преку грчките трговци кои го помагале разво]от на образованието. Главни центри биле Jанина, Хиос, Измир и Д]алик. Започнало да излегува списанието Хермес о Логиос, преку кое започнале да се за]акнуваат грчката наука, филозофща и култура. Главни претставници на грчкото просветителство се Ддамнатиос Кораис и Ригас од Фера, кои биле главните приврзаници на иде]ата за воведуваае нов литературен ]азик наспроти традицщата што ]а диктирала Дтина. Кораис измислил вештачки литературен ]азик, познат како катаревуса, додека пак, Ригас пишувал на народен ]азик.

Во Албанща, се зборувало на различни дщалекти наспроти ]азикот ко] бил во офицщална и во образовна употреба. Исклучок биле неколку католички училишта, кои имале австриска или италщанска потпора (ПавловиЙ, 2004:153). Всушност, офици]ален ]азик на државната управа бил османскиот (турскиот), арапскиот бил ]азик на исламот, додека литургщата и образованието на православното население се одвивале на грчки ]азик. Главни претставници на албанската културна преродба се браката Наим и Сами Фрашери. Д од 1840-тата година и романските интелектуалците го започнале процесот за усво]уваае на романскиот ]азик наспроти галоманщата на кнезовите и благородниците (ПавловиЙ, 2004:76).

Во ово] контекст, би истакнала уште една карактеристика за балканскиот простор, поточно за Jужните Словени кои, во 18-тиот век

и во почетокот на 19-тиот век, наога^и се под долговековна туга власт, во сво]ата културна опстсуба останале приврзаници на традицщата на светата словенска мисща. Поради тоа, просветителскиот период тие го започнале со иде]ата за сесловенство. Всушност, целиот средновековен период тие продолжиле по поставките од 9-тиот век, кои живееле преку делото на Винко Прибо]евик, За потеклото и згодите на Словените (1532); на Mapво Орбин, со книгата Кралството на Словените (1602); преку заложбата на Тома MpнaвиK ко], во 1622 година, ja афирмирал иде]ата за единството на словенските ]азици на Балканот, односно за единство мегу Хрватите, Србите, Босанците, Бугарите и Maкедонците; преку Христофер Жефаровик ко], во делото Стематографц'а (1741), ги отпечатил грбовите на ]ужнословенските зем]и и области, мегу кои бил отпечатен и грбот на Maкедониja, кои биле пропратени со текстуален дел во ко] биле забележани нивните специфичности; преку списанието на Захарие Орфелин, Слав]ано-српски магазин итн. Всушност, иде]ата за сесловенството наспроти низата подоцнежни идеи-изми како панславизам, илиризам, ]ужнославизам, ]угославизам, кои имале политичка конотацща, таа била иде]а ко]а се залагала за словенско културно и економско заедништво, во рамноправна и автономна поставеност на народите, без израз на нечща доминантност. Целите требало да се остварат само преку дщалог - основата и на дипломатска мисща на браката Кирил и Mетодиj. Затоа и во првите децении од 19-тиот век, сите се повикувале на словенското културно наследство.

Од втората половина на 18-тиот век, и Србща била опфатена од просветителските идеи. Наога^и се поделена мегу австроунгарската и османлиската имперща, напредните идеи доагале од Виена, Пешта, преку духовниот центар Нови Сад, во ко], во 1831 година, биле отворени гимназща и печатница (Bogdanovié, 548). Главни претставници на српското просветителство се: Гаврил Стефановик Венцловик, ко] ги вовел буквите h, ) и ц во српската азбука и ко], во периодот од 1732-1746, напишал голем бро] дела на народен ]азик и ja превел Библщата; потоа, Захарие Орфелин, ко] во 1768 година, во Венецща, го отпечатил првото списание ка] ]ужните Словени, Слав]ано-српски магазин, преку кое ja застапил иде]ата дека литературата требало да биде создавана на националниот ]азик; па Аврам MpaзовиK, ко] во 18-тиот век, ja напишал граматиката на славеносрпскиот ]азик и ко], покра) педагошката и просветителската работа, спага и во малобро]ната група писатели од то] период. Пишувал поезща и преведувал, па во четири тетратки го об]авил алманахот на француската писателка Жане Mara Лепрес де Боном

„Поучителен магазин за деца" (1, 1787, 2, 1793, Виена, 3-4 1800 Будим). Во 1821 година, го об]авил првиот прирачник по реторика на славеносрпски ]азик. Во 90-тите години од 18-тиот век, об]авил три учебника од кои Руковство кон славенст]е] граматище извршил силно влщание врз Вук Карацик, за неговата Писменица сербскога ]езика, ко]а ]а претставува првата граматика на народниот ]азик. Карацик го вовел фонетскиот правопис и со реформите во српскиот ]азик започнало потиснуваае на славеносрпскиот ]азик и афирмацща на српскиот ]азик. Во редот на значащи претставници на српското просветителство секако се и Павле Jулинац, Jован Мушкатировик, Jован Ра]ик, Симеон Пишчевик, Jоаким Ву]ик - таткото на српскиот театар, Милован Видановик -родоначалникот на српскиот роман, Лукщан Мушицки - родоначалникот на уметничката поезща, Досите] Обрадовик и други. Во 1832 година, во Белград, била отворена Кнежевската српска печатница итн.

Словенща и Хрватска биле под австроунгарската доминацща. Словенща била поделена на покраини кои биле во склоп на австроунгарската имперща, но кои биле мегусебно поврзани (Корушка, Штаерска, Крааска, Горишка, Прекумур]е и Истра). За темел на националната преродба се смета по]авата на Кралската граматика од Марко Похлин, во 1768 година, во ко]а то] и се спротивставил на употребата на германскиот ]азик и се залагал за употреба на словенечкиот ]азик во образовнаието и во сите културни установи и пошироко. Иницщативата продолжила преку де]ствувааето на интелектуалците кои биле групирани во два круга: Похлиновиот и Зоисовиот круг, со главните претставници: Феликс Днтон Дев, Валентина Водник, Ожбалт Гутсман, Jернеj Копитар, Франце Прешерн, ко] на]децидно ]а истакнал потребата од словенечки литературен ]азик и од политички народ. Хрватска, исто така, била поделена на покраини во рамки на австроунгарската имперща, ко]а пак, повеке била приближена кон Унгарща поради заедничкиот интерес - спротивставуваае на виенската централизаци]а. Хрватските просветители биле за воведуваае на народниот ]азик во литературата, ко] ке овозможел да се истакне хрватската самобитност наспроти унгарското, австриското и италщанското влщание. Главни претставници се: Андрща Качик Миошик, со делото Поволни разговори на словенските народи (Razgovor ugodni naroda slovinskoga), од 1756 г., Венеци]а; потоа Тито (Титуш) Брезовачки, Мати]а Днтун Релковик, со Нова славонска и германска граматика (1767), Матща Петар Катанчик, ко] бил под силно влщание на Будимскиот круг на хрватските фрааевачки интелектуалци, Днтун Михановик, чии идеи,

изнесени во неговата мала книшка за домородниот ]азик, од 1815-тата година, се развиле во програмата на Лудевит raj и на илирското движете. Во 1835-тата г., благодаре]ки на raj, во Хрватска биле отворени читалишта, биле об]авени две списанща, а во училиштата се користел штокавскиот ]азик, ко] подоцна станал литературен ]азик.

Бугарща се наогала под османлиската власт, но во mja засилено де]ствувала и елинизаторската политика. На]директно, почетокот на просветителските текови го бележи со по]авата на Слав]анобугарска исторща, на Паисщ Хиландерски, од 1762 година. За средновековниот период, карактеристична е богатата дамаскинарска традицща, преку ко]а започнало навлегуватето на народниот ]азик во ракописното творештво. Просветителскиот период е одбележан и со жуавата на даскалската поезща, учебникарството, како и со дебатата за основата на литературниот ]азик. Притоа, биле афирмирани три става, од кои едните биле за црковнословенскиот другите за слав]анобугарскиот, а третите, за новобугарски ]азик. Предводник на третото сто]алиште бил Петар Берон, потоа Васил Априлов, На]ден Геров. Просветителските тенденции биле афирмирани и од Неофит Рилски, Емануел Васкидович, Константин Фотиев, Христаки Павлович и други.

Просветителските идеи биле присутни и во Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Maкедониja. Во Maкедониja, тие се ширеле преку дамаскинарската традицща и преку црковно-училишните општини, во кои калугерите го описменувале населението. Бележита е жуавата во Велес (1750/1780), со калугерката Mapnja Самуркашева mja ги собирала женските деца за да ги описменува. Во 18-тиот век, започнале да се отвораат световни келщни училишта, а во почетокот на 19-тиот век, општински народни училишта. Во 1832 година, во Велес, во состав на општинското училиште била отворена библиотека, а од 1837-1840 година, било отворено првото световно земско училиште од страна на J. Х. К. Цинот. Пробивот на народниот ]азик започнал од 16-тиот век, со дамаскинарските зборници, подоцна мешовитите зборници, со об]авата на речникот Четири]азичникот1 на Данаил Mоскополец, напишан на грчки, влашки, албански ]азик и на охридското нареч]е. Во 1814-тата година, Jоaким Крчовски и Кирил Пе]чиновик го вовеле простиот народен ]азик во своите печатени поучни книги. Просветителските тенденции продолжиле преку заложбите на учебникарите Анатолщ Зографски, Партенща Зографски,

1 Годината на неговата об]ава не е со точност утврдена; посто)ат три претпоставки: 1674, 1762 и 1794 година.

на печатарите Даскал Камче и Теодосща Синаитски итн. За Македонща, бележито е отворааето на резбарските, зографските работилници, преку кои, во резбите, биле внесени: ликот на човекот, на Мщакот, во неговата секо]дневна, национална облека и елементите од секо]дневниот живот. Мщачките та]фи, кои биле од Западна Македонща, работеле ширум Балканот и оставиле тра]ни културни споменици ширум ово] простор. За просветителскиот период во Македонща бележито е и создавааето на градската песна, ко]а ги содржела автохтоните елементи на македонското фолклорно подрач]е, а во еден дел од нив се чувствувало влщанието и на западноевропската раноромантичарска мелодика. Биле создавани песни со архаичен и современ карактер. Започнало и собираае и мелографираае на македонските црковни напеви, со што се жуавиле првите македонски мелографи мегу кои еден од нив бил Наум Миладинов, ко] во 1843 година, го напишал првиот македонски музички учебник според теорщата на Хризант, формирал училиште за изучуваае на музичката писменост, ]а афирмирал виолината како музички инструмент во охридско-струшкиот регион (Миронска-Христовска, 2005:260-261).

Воопшто, како резултат од просветителските идеи, ширум Балканот започнал разво]от на граганската свест и на сите пропратни елементи за ширеае на граганската култура. Биле отворани грагански библиотеки, читалишта, училишни об]екти, заживеал театарскиот живот, започнало формираае книжевни друштва, печатеае весници, списанща итн. Литератите ]а добиле можноста да го развиваат „]азикот на денот" (ZmegaC, 1974:75), а во делата влегле обичниот човек и секо]дневниот живот. Творечката слобода го овозможила разво]от на низата жанрови како романот, лирската поезща, во ко]а доминира интимното, личното, суб]ективното доживуваае, реформи доживеала драмата, ко]а како миметички медиум дала можност да се пропагира против негативностите на општеството. Всушност, од ден на ден, растел бро]от на раскази, поеми, летописи, хроники, патописи, исповеди, односно новиот вид автобиографска проза, детската литература, политичките написи, полемиките, памфлетите, одделни студии, сепарати, весници и списанща од областа на литературата, ]азикот и исторщата. Бележита е и по]авата на популарните филозофски списи, на моралните неделници, календарите како и на посебниот вид забавно-поучни списанща.

Но наспроти културниот напредок, неминовни биле ослободителните вооружени востанща ка] балканските народи. Паралелно на тоа, силно влщание имало и новото поимаае за народот и за државата, од 1848/49 година, што било и главна пресвртница ка]

сите народи. Започнало ширетето на националната свест и истакнуватето на националниот идентитет, односно започнала националната преродба. Па, така, во Србща, од 1848 година, словенското чувство почнало да слабее наспроти разбудената српска национална свест. Во Словенща, дотогаш прифатеното Илирско движете, од страна на Станко Враз, започнало да се отфрла, посебно во урбаните средини. Отпорот станал помасовен, откако италщанските културни кругови го презеле националното обележ]е, на што силно се спротивставиле свештениците, адвокатите, граганската класа, па во 1860-тата година, било формирано „слогаштво" кое имало цел да ги обедини сите Словенци (Dugo devetnaesto stoljeée, 427). Исто така, и во Хрватска, Илирското движете започнало да добива други димензии. Всушност, сите Jyжни Словени започнале да го отфрлаат наднационалниот идентитет како Словени и да го афирмираат националниот идентитет, па од иде]ата за сесловенство, од иде]ата за единство на Jyжнословените, се пристапило кон иде]ата за нивна поделба и разединувате. Преку интересите на големите сили, започнала да се шири иде]ата за големодржавност. Прва юз]а започнала со сво]ата мегалоиде]а била Грцща, на ко]а, на]првин, од кра]от на 18-тиот век (1766-1767), Цариградската патрщаршща, со ко]а раководеле фанариотите, и било дадено правото да управува со православните црквите, па во определени делови од Балканот, грчкиот ]азик доминирал и во училиштата и во црквите. Така што „во 1810 година, на пример, во Белградскиот пашалак (срцевината на идна Србща) имало само две основни училишта, но и во двете се предавало на грчки; во Црна Гора првото основно училиште било отворено во 1834 година; романскиот национализам бил поврзан со желбата на благородништвото да се ослободи од своите грчки кнезови и не го запалил селанството; што се однесува до бугарскиот национализам, то] морал да го причека отворатето на неколкуте чисто бугарски училишта до средината на деветнаесеттиот век" ^азовер, 2003:104). Веке со вракатето на автономщата на православните цркви, освен на македонската, односно на Охридската архиепископща, ко]а била неканонски укината, во 1767 година, ко]а до денешен ден не е призната од другите православни цркви, национализмот почнал да добива уште поголеми димензии кои, за жал, на кра], резултирале со Балканските во]ни. За таа неразумност, за таа спротивност на просветителските цели, за илустрацща ке се послужам и со приказната на Волтер „Авантурите на Разумот". Во неа се раскажува за Разумот ко] излегол од бунарот во ко] се затворил со сво]ата керка Вистината. То] излегол од него за да го прона]де светот на просветеноста. Но резултатот бил:

таму каде што владееле просветени владетели имало надеж, но насекаде биле во]ни, варварства, незадоволства. Поради тоа, таткото и керката се вратиле во бунарот за да почекаат подобри времи&а (Вовел, 2006:12).

За жал, како уште да ги чекаме подобрите времи&а, посебно, македонскиот народ. Национализмот со неговите подоцнежно иде]но негативни по]ави надвладеа над придобивките на просветителството: еднаквост, демократка, разумност, свесност за Другиот и негово признава&е и почитуваае. Со Букурешкиот мировен договор (1913), Македонща била поделена, по што, не се признавале македонскиот ]азик, македонската црква, македонскиот народ и идентитет. Со Новиот поредок, македонската приказна продолжи. Започнатата голема во]на, во 1848 година - секо] сосед против сво]от сосед, за Македонща не е завршена. Едни не ги признаваат македонскиот ]азик и народ, други не ]а признаваат македонската црква, трети -територщата, четврти - македонското име и идентитетот, поради што произглегуваат спорови и блокади на македонската интеграцща во големите членства, ЕУ и НАТО. Па се прашувам, дали не сме го надминале просветителството, биде]ки според Кант, просветителството било излез на човекот од неговата самоскриена незрелост ко]а претставувала немок да се служи со сво]от разум, без водство на неко] друг, а чща причина не била во недостигот од разум, туку во недостигот од решителност и смелост „Sapere aude! Има] смелост да се служиш со сопствениот разум! Тоа е, значи, девизата на просветителството" (Kalin, 1983:110). Всушност, ово] став на Кант, во натамошниот разво] на филозофщата, предизвикал расправа „За или против просветителството". Поточно, размислите биле предизвикани од мислеаето на Кант дека „излезот" ко] го карактеризирал Aufklärung е процес ко] ке не ослободи од „малолетноста", на што пак, Фуко забележал: „Не знам дали некогаш ке станеме полнолетни. Многу нешта во нашето искуство не уверуваат дека историскиот настан Aufklärung не не направил полнолетни и се уште не сме" (Foucault, 1997:99).

Пред оваа дилема на Фуко, исправени сме и денеска, поради низата случувааа кои се одвиваат не само на Балканот, туку и воопшто, во светот, кои не упатуваат на мислеаето дека човекот навистина се уште останал во сво]ата малолетност и покра] низата придобивки. За разлика оттогаш, кога се користеле знаеаа преку критиката на средновековната традицща, теологи]ата и учеаето на христщанската црква, денеска се минимизираат големите уметнички дела и тие ]а губат вредноста, наспроти глобалната, масовна култура,

во Koja отсуствуваат естетските вредности, а за дидактика и моралност веке не може ни да се зборува. Затоа ке истакнам дека исчекорот со просветителството што го однел човекот во научен и индустриски развод сега, наместо да œ води кон подобар живот, всушност, како да œ води кон самоуништува&е на човечката раса и на природата, за ко]а пак, Ж. Ж. Русо изградил нов култ. Всушност, и новото преструктурира&е на светот œ води во уште поголема изгубеност. Средната класа исчезнува, сè поголем е бро]от на сиромашните наспроти богатите, колонщалните сили преку отворениот економски пазар владеат со светот, при што се изместени естетските, моралните, етичките и уметничките вредности. Миграциите, од ден на ден, стануваат сè поброди, младите од еден кра] на светот се преселуваат на друг, долгогодишните масовни бегалски кризи како да немаат кра], при што Балканот повторно е поставен како демографски бастион на Европа. Затоа се прашувам дали за ваквата ситуацща се виновни првичните тенденции на просветителите или разво]от на идеите, односно немокта на човекот да влезе во сво]ата полнолетност? Затоа, на кра]от, ке се навратам на почетокот, со праша&ето: „Што е просветителството?" и со констатацщата дека е невозможно тоа докра] да се дефинира и да се врами во определен временски период и географски простор.

Литература:

Актон, Лорд. 2001. Истори]а на слободата. Скоще: Слово. Bauringer, Herman. 2001. Etnogologija. Beograd: Biblioteka XXvek. Бергаев, Никола]. 1996. За човековоторопство и слободата. Скоще: Култура. Bogdanovic, David. 1933. Pregledknjizevnosti Hrvatske i Srpske. Zagreb: Tisak i

naklada knjizare L. Hartmana. Борисова Михова, Лидия. 1995. Българските календари. Пловдив: „Полиграф".

Vidan, Gabrijela. 1982. „Osamnaesto stoljece", Povjest svjetske knjizevnosti, knjiga

3, str. 286-386. Zagreb: Mladost. Вовел, Мишел (приредио). 2006. Човек доба просвеЬености. Београд: CLIO. Diltaj, Vilhelm. 1980. Zasnivanje duhovnih nauka. Beograd: Prosveta. Zmegac, Viktor. 1982. „Antiklasicisticka faza prosvjetiteljstva. Sturm und Drang".

Povjest svjetske knjizevnosti, knjiga 5, str. 71-86. Zagreb: Mladost. Jелaвич, Барбара. 1999. Исторщ'а на Балканот осумнаесетти и

деветнаесетти век. Скоще: Лист. Касирер, Ернст. 1998. Есеj за човекот. Скоще: Култура. Kalin, Boris. 1983. Povijest filosofije. Zagreb: Skolska knjiga. Конев, Илия. 1983, 1991, 1998. Българското възраждане и просвешението. София

Конески Блаже. 1981. „Македонските учебници од XIX век" во За

македонскиот литературен ]азик. Скоп|е: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга.

Константинович Изабела. 1997. „Рукописна штива у XVII веку", XVII столеЬе, кп. II, св. 1, Нови Сад.

Купер, Е. Де]вид. 2004. Светска филозофи]а. Нови Сад: Световид.

Лори, Бернард. 2003. Балканска Европа. Скоще: Матица македонска.

Мазовер, Марк. 2003. Балканот кратка историка. Скоще: Евро-Балкан пресс.

Миронска-Христовска, Валентина. 2005. Просветителството во Македонща. Скоще: Институт за македонска литература.

Миронска-Христовска, Валентина. 2007. Македонската преродба. Скоще: Институт за македонска литература.

ПавловиЬ, К. Стеван. 2004. Исторща Балкана 1804-1945. Београд: CLIO.

Pejovic, Danilo. 1982. Francuskaprosvjetiteljskafilozofija. Zagreb: Nakladni zavod Matice Hrvatske.

Петканова, Донка. 1992. „Сборниците на XVI-XVIII в.", Старобългарска

литература IX-XVIII век, стр. 531-542. София: Университетско издателство „Климент Охридски".

Putinja Filip - Stref-Fenar Zoslin. 1997. Teorije o etnicitetu. Beograd: Biblioteka XX vek.

Sekulic, Ljerka. 1982. „Prvo razdoblje prosvjetiteljstva i gradanska kultura

osjecajnosti", Povjest svjetske knjizevnosti, knjiga 5, str. 58-71. Zagreb: Mladost.

Skruton, Roger. 1998. Kratka istorija modern filozofije odDekarta do Vingestajna. Beograd: Narodna knjiga Alfa.

Страховъ, Н. 1904. Кратка история на философията. София: Печатница на Хр. Г. Бъчеваровъ.

Фридрих, Ниче. 2001. О користи и штети истори/е за живот. Нови Сад: Светови.

Foucault, Michel. 1997. „Sto je prosvjetiteljstvo?". s. Cemu, god. IV, sv. 2 (10), str. 87-99. Zagreb.

Фуко, Мишел. 1998. Треба бранити друштво. Нови Сад: Светови.

Шопенхауер, Артур. 1998. Етика. Скоще: Култура.

Hrvatskinarodnipreporod/Hrvatskaenciklopedija

www.enciklopedija.hr/natuknica.aspx?id26455 (пристапено 3.4.2017).

Dugo Devetnaeseto stoljece (1797-1918). www.crsrv.org/it/istra_vrijeme/PDF/425-530.pdf. (пристапено 7.4.2017).

Age of Enlightenment - New World Encyclopedia

www.newworldenciclopedia.org/entryAge_of_Enlightment (пристапено30.01.2017).

Encyclopaedia Britannica. www.britanica.com/topic/history-of-Europe/The Enlightement. (пристапено 8.2.2017).

New World Encycloredia Age of

Enlightenment.www.history.com/topics/enlightenment/Enlightenment-Fast&Summary-History.com. (пристапено 16.2.2017).

Jован ДеретиЬ. Исторща српске каижевности.

www.savezguslarasrЫje.rs/download/.../jovan_deretic_istorija_srpske_knj izevnosti.pdf. (пристапено21.3.2017). Павле ИвиЬ и Митар Пешкин. Српско штампарство. https://www.rastko.rs/isk/index_c.html. (пристапено 27.3.2017) Jован ДеретиЬ. Каижевност 18. и 19. Век.

https://www.rastko.rs/isk/index_c.html. (пристапено 27.3.2017). Драган М. Jаковлевиh. Српске културне и просветне установе у МаЬарсюо у

19 веку како носиоци културолошког препорода српског народа. www.rizmcasrpska.net/knjizenost/index.php?topic=908.0. (пристапено 29.3.2017).

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.