ПЕРИОДИЗАЦША НА ИСТОРШАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПИСМЕН JA3KK И НЕГОВАТА СТАНДАРДИЗАЦИJА ВО ДВAЕСЕТТИОТ ВЕК
Лудмил Спасов
Универзитет „ Св. Кирил и Методы/ ", Македонца
In this article, we present one proposed periodisation of the history of the Macedonian written language, starting from
the earliest times up to the present time. The periodisation shows that the Macedonian written language has continuity in its development. That is why we can nominate this continuity of the development of the Macedonian written language as a Macedonian written tradition, which has shaped the contemporary standardisation of the Macedonian written language in 1903 as well as its final standardisation in 1945.
Вовед
Во 0B0j труд имам намера да покажам дека современата стандардизацща на македонскиот jазик има длабоки корени во минатото. Притоа немам намера да изнесувам факти непознати во науката, туку ке се потрудам историските факти да ги толкувам од современа гледна точка.
Се надевам дека на ваков начин jа потврдувам познатата вистина дека исторщата на еден jазик треба да се обjаснува како историска социолингвистика.
Периодизация
Во исторщата на македонски писмен jазик се разликуваат повеке периоди, но и потпериоди.
Првиот период е канонскиот период. Овоj период е поврзан со почетниот период на развитокот на словенската писменост воопшто. Временски него го сместуваме мегу втората половина на 9 в. и, на^оцна, првата половина на 10 в.
Тоа е времето кога се создадени текстовите на првите преводи од грчки на старословенски односно на црковнословенскиот jазик, како и времето кога овие текстови се умножуваат со препишуваае. Се работи за преписи на старословенски (канонски) текстови што доследно го следат jазикот и стилот на првите преводи.
Вториот период е поврзан со 11., 12 в. и делумно со 13 в. А тоа е времето кога се создаваат и нови текстови со црковен карактер, но и разни слова/беседи посветени на култните светители (на пр. св. Климент Охридски), или кога се препишуваат канонските текстови, но во нив е применет нешто поинаков правопис, делумно поинаква морфологща и синтакса. Повекето од овие текстови се поврзани со де^оста на охридска книж. школа и затоа нив ги означуваме како Македонска редакция /рецензща/ варианта на црковнословенскиот jазик
Забелешка за развоjот на структурата на македонски jазик: Во периодот мегу 13. и 15. в. доага до промена на структурата на македонски jазик. Така што неговата типично словенска структура што се одликува со морфолошки падежи, се менува во граматичка структура од аналитички тип, при што веке во 15 в., македонскиот jазик структурно многу се одалечил од своjата словенска основа.
Кога зборуваме за периодизацщата на историската фонологща и историската граматика на македонски jазик, тогаш велиме дека периодот од населувааето на предците на македонски народ на територщата на Македонка, па сè до 15 в. претставува стар период. А периодот по 15 в. до денес, претставува нов период. Во принциип истата поделба може да се примени и врз на разво^т на македонскиот писмен j азик.
Оттука следи заклучокот дека од 15 в., па до денес имаме работа со новиот период на македонски писменост.
Токму jавуваftето, веке од 16. в., на текстови на современ (диалектен)
македонски jазик со световна, лаичка содржина, го овозможува создавааето на македонски книжевен jазик. Овоj jазик, уште од почетокот, па се повеке во текот на времето, се разликува од традиционалниот писмен jазик изграден врз црсл. основа.
Треба да се истакне и фактот дека црсл. писмена традицща продолжува и натаму во македонската писменост и по 15 в.
Третиот период на разво^т на писмениот jазик во Македонка се поврзува со краjот на 13. и почетокот на 14 в., кога во Македонка (и тоа тргнува^и од неjзиниот северен дел, па оде^и кон jуг), навлегува српската редакциjа на црсл. jазик коjа во Македониjа, во однос на jазикот и стилот, многу поретко се jавува во сво^т чист вид, бидеjKи се меша со jазикот на традиционалната македонски писменост.
Четвртиот период од развоj от на македонски писмен j азик е поврзан со почетокот на современиот македонски писмен jазик или, македонскиот книжевен jазик, врз народна современа (диjалектна) основа, во 16 в., кога се jавуваат текстови со црковнословенски и лаичка содржина подоцна именувани со заедничкиот наслов -дамаскини.
Петтиот период е поврзан со 18 в. кога во Македонка, преку ширеаето на печатени книги од Русща, навлегува рускоцрковнословенската редакцща, а со тоа и делумно и jазикот и стилот на оваа редакцща во писмениот jазик.
Шестиот период од разво^т на македонскиот писмен jазик е поврзан со првата половина на 19 в. кога во писмената практика се издвоjуваат два стила на писмениот jазик: писмен jазик врз црковнословенска основа од мешан тип на руската, српската и македонската редакцща во улога на висок стил (=клуч од сребро и злато што служи за достигнуваае на бож^те вистини, според зборовите на Т. Синаитски) и писмен jазик врз современа (разнодщалектна) основа (=клуч од железо и челик што служи за отвораае на срцето на простиот човек, според зборовите на Т. Синаитски) и тоj врши улога на низок стил.
Седмиот период од разво^т на македонски писмен jазик е поврзан со втората половина на 19 в., кога мегу македонски интелектуалци се развива една долга дискусща за тоа како треба да изгледа современиот писмен, односно литературен, односно стандарден jазик на Македонците. Се издвоjуваат главно две мислеаа: првото е поранешно и се поврзува со македонските интелектуалци со словенофилска ориен-тацща, како на пр. Jордан Хациконстантинов-Цинот, Ра^о Жинзифов, па донекаде и Григор Прличев и др. Тие се залагаат современиот писмен jазик помалку или повеке да биде создаден врз црсл. основа (пред се од руска проминенцща, со помало или поголемо учество на традиционалната македонски jусова писменост), или пак според граганскиот модел на современиот руски литературен j азик, со помало или поголемо учество на македонски народен jазик, или, пак, се залагаат за создаваае на еден заеднички литературен jазик за сите Словени во Отоманското царство (денешните Македонци, Бугари и Срби) со помало или поголемо учество на македонски jазик (Партени Зографски) итн. Во ова време навлегува и руската граганска азбука (гражданка).
Во ова време, особено по Вуковата реформа на српката азбука и правопис, во Македонка се засилува стремежот за упростуваае на традиционалниот правопис. Второто мисле&е е подоцнежно и се поврзува со македонските интелектуалци со македонистичка ориентацща кои сметаат дека Македонците како одделен (]ужно)словенски народ треба да имаат и одделен литературен jазик (Горги Пулевски).
Осмиот период од разво^т на македонски писмен jазик jа означyва првата стандардизациjа на македонски jазик од 1903 г. направена од Крсте Мисирков со неговата книга ,,За македонцките работи" Мегутоа, процесот на конечната стандардизацща на македонски jазик е прекинат поради балканските воjни (1912-1916 г.), кога доага до поделба на македонската земjа мегу Кралството Грцща, Кнежевството Бyгариjа и Кралството Србща.
Деветтиот период од развоjот на македонски писмен jазик jа означyва конечната стандардизациjа на македонски писмен jазик и создавааето на CMCJ што започнyва со Првото заседание АСНОМ од 1944 г. кога на втори август (св. Илща - Илинден) е создадена современата македонска држава.
Дa зaклyчимe:
Во развоjот на македонски писмен jазик се издвоjyваат следниве периоди:
1.канонски период: 9. - 11 в.
2.македонски редакциjа на црсл. jазик: 12. и 13 в.
3.црковнословенски писмен jазик од македонски редакцща и од српска редакцща и од мешан тип: 14. и 18 в.
4.почеток на македонски книжевен jазик (поjавата на т.н. дамаскини): 16 в.
5.навлегуваае на рускоцрсл. редакциjа и неjзино мешаае со дотогашната домашна писмена традицща во jазикот и стилот: 18 в.
6.употреба на два стила, два писмени jазика, низок (народен jазик) и висок (црковнословенски jазик): првата половина на 19 в.
7.дискyсиjа за изгледот и основата на современиот писмени jазик за Македонците: втора половина на 19 в.
8.прва стандардизациjа на современ македонски jазик: книгата ,,За македонцките работи" од Крсте Мисирков од 1903 г.
9.конечна стандардизацща на CMCJ од 1944 и 1945 г.
Maкeдонскиот nucivieH janiK во двaeсeттиот BeK
1. Првaтa стaндaрдизaциja Ha мaкeдонскиот jaзик (1903 г.)
На почетокот на 20 в. (1903 г.) е направена првата стандардизацща на македонскиот писмен jазик од страна на К. Мисирков, така што може да се каже дека периодот од 16. до 20 в. претставyва претстандарден период на македонскиот писмен jазик, додека периодот од почетокот на 20 в. до денес, претставyва стандарден период.
Стандардизацщата на македонскиот писмен jазик е претставена во книгата на Крсте Мисирков, под наслов ,,3a мaкeдонскитe pa6ora" издадена во Софща во 1903 г. Ова е времето непосредно по Илинденското востание (2 август 1903 г.) што избyвнyва речиси низ цела Македонка. Тогаш во градот Крyшево (Крушово) се формира Крyшевската Репyблика со што се означyва почетокот на современата македонска државност.
Книгата на Мисирков е составена од пет поглавjа и во неа е предадена македонската национална програма. Тоа значи дека во овие пет поглавjа се зборyва за политичките, економските, културните и jазичните пресyслови за формираае на современата македонска нацща. Едно поглаже му е посветено на создавааето на современиот македонски стандарден jазик.
Мисирков се определува за следниве принципи во однос на jазикот:
1. Дщалектната основа на СМО се наога во централните говори на западното наречjе, а тоа се говорите на линщата Битола, Прилеп, Велес што ги претставуваат централните македонски дщалекти.
2. Правописот на СМС се темели врз фонетско-фонолошки принципи.
3. Лексиката на СМС треба да ги опфати сите македонски говори.
Оттука произлегува дека Мисирков СМО го стандардизира врз антитрадициска основа.
Можеме да заклучиме дека Мисирков во однос на словенската писмена традицща како и во однос на сопствената македонска црсл. писмена традицща, се поставува антитрадициски. Мисирков смета дека постои подолг прекид (цезура) мегу црсл. писмена традицща во Македонка и современата jазична сосщба, та затоа Македонците не се обврзани во СМС да прават поголеми отстапки во полза на традиционалната словенска писменот. Мисирков исто така се повикува на фактот дека фонетскиот принцип на пишуваае почнува во Македонка да се применува уште во втората половина на 19 в. Исто така, Мисирков не е задоволен од писмената активност во 19 в. То] мисли дека тогаш, дури и кога се пишувало на современ jазик, тоа не било осмислено, туку повеке спонтано.
Мисирков со право се повикува на фактот дека современиот писмен jазик е на^асно изразен во текстовите на народната поезда и проза во 19 в. Мегутоа, сосема правилно, Мисирков jа искажува и потребата од забрзан развоj на македонските културни институции во секо] поглед, како и потребата македонскиот jазик да го издигне сво^т статус на рамниште на службен jазик.
2. Период на назадува&е (балканските воjни, првата светска воjна и поделбата на македонската земjа, 1912 - 1918 г.)
Разво^т на македонска стандардизацща, како дел од процесот на разво^т на современата македонска култура, е прекинат со Балканските во^и мегу 1912. и 1916 г. Како последица на Балканските во^и македонската земjа е поделена мегу три држави: Кралството Србиjа, Кралството Грциjа и Кнежевството Бугариjа. Тогаш почнува еден процес на насилна асимилацщ а на македонскиот народ од страна на овие држави, така што Македонците во Србща се прогласени за Срби, почнуваат да се школуваат на српски jазик (екавица), македонскиот jазик се смета за jужен диjалект на српскиот jазик (како дел на српската фолклорна култура). Македонците во Бугарща, во Пиринска Македониjа, се прогласени за Бугари и тие насилно се школуваат на бугарски jазик, додека македонскиот jазик се смета за западен диалект на бугарскиот jазик. Македонците во Грцща се прогласени за Грци славофони, па и таму почнува еден многу мачен и тежок период во нивниот живот. Многу од нив со сила се избркани од домашните огништа. Грчката држава спроведува и големи преселби на населението: Грци по род од Мала Азща и пошироко се населуваат во Македонка (т.н. мацири), додека дел од Македонците се преселени во Бугарща, во рамките на еден договор мегу бугарската и грчката држава.
На таков начин доага до големи промени на етничката слика на Македони а.
Абецедарот
Под притисок на Друштвото на народите во Женева, а со цел осигуруваае на правото на школуваае на маjчин jазик, за не-грчките заедници во државата, Грцща приготвува еден учебник за основно образувание, односно описменуваае на македонските деца во Грцща под наслов Абецедар, издаден во Атина 1925 г. Во него е употребена латиницата како писмо, иако истражувааата покажуваат дека тоj на^апред е напишан со грчко писмо што инаку се употребувало и во македонската писменост долго време во овие краишта. За j азична основа на Абецедарот е земен говорот на jугозападните македонски дщалекти, поточно говорот на градот Лерин и околината. Мегутоа, овоj учебник воопшто не влегол во употреба, што значи дека воопшто не се отворени македонски школи во грчката држава.
Науката во служба на политиката:
Полемика мегу српските и бугарските научници
(и нивните приврзаници од странство) со цел да се
докаже српскиот односно бугарскиот карактер на македонскиот jазик
Во периодот мегу двете светски во^и се одвива една голема научна кампааа, поттикната од страна на бугарските и српските научни кругови, со цел да се докаже дека македонскиот jазик е дел од српскиот односно од бугарскиот jазик. Така на пр. српскиот научник Александар Белик во повеке студии го докажува српскиот карактер на македонскиот jазик, обjаснуваjKи ги западномакедонските говори како продолжение на староштокавското српско наречjе, додека во источномакедонските говори гледа посилен контакт со соседните бугарски говори. Бугарските научници главно докажуваат дека македонските говори се континуитет на бугарските, па во таа рамка нив ги сместуваат во групата западнобугарски македонски говори.
Петар Скок
Во рамките на овоj период, потребно е да се издвои една многу важна студща на хрватскиот научник Петар Скок под наслов „О македонском jезику у свjетлости балканистике" (1932 г.). Во оваа своjа студща, П. Скок им одговара на бугарските научници и докажува, дека македонскиот jазик е посебен jазик и во однос на српскиот и во однос на бугарскиот j азик.
3. Македонскиот jазик мегу двете светски воjни
Иако писмената активност на македонски jазик во периодот мегу двете светски во^и е многу намалена, сепак веке во 30-те години на 20 в. повторно заживува пишувааето на македонски jазик и тоа и во тогашна Булгарща и во тогашна Jугославиjа и покраj тоа што можностите за обjавуваftе на текстови на македонски jазик се многу ограничени.
Како наjважни поети во тоа време се jавуваат Кочо Рацин, ко] во Самобор jа издава збирката на песни Бели Мугри (1939 г.). Кочо Рацин исто така печати повеке свои текстови на хрватски и на македонски jазик во загрепското списание Култура и на други места. Во Софща, еден друг поет, Коле Неделковски, печати две збирки на поезда исто така на македонски jазик под наслов Пеш по светот и Молскавици. Коле Неделковски е активен во рамките на Македонскиот литературен кружок во Софща, основан од група на македонски интелектуалци.
Кон кра^т на 20-те години во Ско^е и во други краишта низ тогашната Кралска Jугославиjа, но и во Бугарща, се изведуваат повеке драмски текстови напишани на македонски jазик. Сето ова овозможува натамошно за]акнуваае на македонската културна и национална свест и создаваае во извесна смисла на еден наддщалектен писмен j азик, односно обновуваае на писмената активност од втората половина на 19 в. и почетокот на 20 в.
4. Македонскиот jазик во годините на втората светска воjна и НОБ
Во годините на Втората светска во^а писмената активност на македонски jазик се засилува и македонскиот jазик се употребува во функцща на службен jазик во македонската во^ка во состав на НОВ и ПОJ, како и во рамките на административната управа воспоставена на слободните територии. Во текот на народноослободителна во^а (НОВ, НОБ) од 1941. до 1945 г. во ослободените делови на Македонка се
отвораат училишта на македонски ]азик, при што македонскиот ]азик добива функцща на наставен j азик.
5. Конечна стандардизациjа на македонскиот jазик (1945 г.)
На 2 август 1944 г. на Првото заседание на АСНОМ, македонскиот ]азик офицщално е прогласен за службен ]азик во македонската држава. На 3 маj 1945 г. е усвоена македонската азбука, а на 7 jуни 1945 г. е усвоен македонскиот правопис.
Со ова е извршена конечната стандардизацща на македонскиот ]азик.
Од текстовите од ово] период, поради нивното значеае, треба да се споменат следниве:
1. Неколку зборови за македонскиот литературен jазик, статна во книгата на Крсте Мисирков За македонцките работи, Софща, 1903 г.
2. Македонска крвава свадба (драма) од Во]дан Чернодрински, изведена за првпат 1900 г.
3. Ленче Кумановче (драма) од Васил Илоски, изведена за првпат 1928 г.
4. Печалбари (драма) од Антон Панов, изведена за првпат 1936 г.
5. Милион маченици (драма) од Ристо Крле, изведена за првпат 1940 г.
6. Бели Мугри збирка песни на Кочо Рацин издадена во Самобор 1939 г.
7. Богомилите есе] од Кочо Рацин, издаден и напишан 1940 г.
8. Пеш по светот збирка песни на Коле Неделковски, издадена во Софща 1941 г.
9. Пролет и серенада песни од Радослав Петковски, об]авени во списанието „Луч" во Ско^е 1938 г.
10. Весници, административни матерщали и билтени издавани од македонската воjска во текот на НОБ/НОВ (1941 - 1945 г.)
Литература
Abecedar, Athina: 1925.
Bosnjakovic Z., Makedonski jezik / Novi Sad: Filozofski fakultet, 1986.
Bray R. de., Guide to the Slavonic Languages. London: 1951.
Brozovic D., Pogovor knjizi ,,Za makedonskiot jazik" / Makedonski jazik // XXXIV. 1983. 89-103.
Demiraj Sh., Gj^shi Ballkanike / Shkup: Logos-A., 1994.
Friedman A. V., Macedonian language and nationalism during the nineteenth and early twentieth centuries / Balkanistica, 2. 1975. 83-98.
Lunt H. G., Grammar of the Macedonian Literary Language, Скоще: Државно книгоиздателство на Македонка, 1952.
Lunt H. G., „The creation of Standard Macedonian: some facts and attitudes", Anthropological Linguistics 1, 5, 1959. 19-26.
Lunt H. G., Some sociolinguistic aspects of Macedonian and Bulgarian, [in:] B. Stolz, I. Titunik, L. Dolezel [red.] Language and Literary Theory, Papers in Slavic Philology, 1984. 5.
Венедиков Г. К., Болгарский литературный язык эпохи возрождения. Москва: Наука, 1990.
Видоески Б., Основни дщалектни групи во Македонка / Македонски ]азик. XI-XII, 1-2, 1960/61. 13-31 + k.
Видоески Б., Македонскиот ]азик мегу балканските словенски и несловенски ]азици / Прилози // XXII, 1-2, 1997. 7-14.
Голомб - Голомб Зб., Етничка позадина и внатрешен лингвистички механизам на т.н. балканизацща на македонскиот ]азик / Studies in Macedonian Language, Literature and Culture, 49-66. (edited by Benjamin Stolz): Michigan Slavic Publications, 1995.
Зографски П., Мисли за Болгарскийотъ язикъ / Български книжици // I, 1. 1858.
Ковалев Н. С., Македонскы язык / Иваново: 1977.
Конески Б., Македонскиот писмен ]азик во XIX век / во: Македонскиот XIX век. Ско^е: Култура, 1968.
Конески Б., Jашар-Настева О., Македонски текстови - X-XX век. Ско^е: Универзитет Кирил и Методу, 1972.
Конески Б., Исторща на македонскиот ]азик. Скоще: Култура, 1982.
Конески Б., Македонскиот XIX век (]азични и книжевно-историски прилози). Скоще: Култура, 1986.
Конески Б., Историска фонологща на македонскиот ]азик (Koneski Bl., A Historical Phonology of the Macedonian Language / Carl Winter: Heilderberg: 1983). 2001.
Мисирков К., За македонцките работи. Софща: 1903.
Пулевски Г., Славянско населениски македонска слогница речовска за исправуванье правословки язическо писание / I-II книга. София: Народна печатница на Б. Прошевъ, 1880.
Ристовски Б., Исторща на македонската нацща. Ско^е: МАНУ, 1999.
Славе]'ков П., Македонският въпрос / Македония // г. 5, бр. 3. 1871.
Спасов Л., Константин М. Петкович (]азични и книжевно-историски прилози). Ско^е: Македонска книга, 1990.
Спасов Л., Македонскиот XIX век наспрема македонскиот XX век (или: Прилог кон дискусщата за македонското ]азично прашаае во XIX век) / Педесет години на македонската наука за ]азикот // 63-70. Ско^е: МАНУ, 1995.
Топол>инска З., Студии за македонско-бугарската ]азична конфронтацща. Ско^е: МАНУ, 1996.
Усикова Р. П., Македонскиы язык. Скоще: Македонска книга, 1985.