Научная статья на тему 'ОТВОРОТ НА КАМЕНОТ КАКО СИМБОЛ'

ОТВОРОТ НА КАМЕНОТ КАКО СИМБОЛ Текст научной статьи по специальности «Философия, этика, религиоведение»

CC BY
42
7
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
HOLY STONE / HOLE / SYMBOL / SEMANTIC MESSAGES

Аннотация научной статьи по философии, этике, религиоведению, автор научной работы — Поповска Драгица

The external shape of the stone within the ethnological-anthropological observations, play probably the most important role his experience as "holy". The hole in this context that emerges as the main identification feature of sacred stones is an interesting aspect of many semantic messages that in itself brings. It is a symbolic element that reflects the cult-magical content in the eyes of the individual, and beyond the traditional community where it exists.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «ОТВОРОТ НА КАМЕНОТ КАКО СИМБОЛ»

Оригинален труд

UDC 398.32 (497.7) ОТВОРОТ НА КАМЕНОТ КАКО СИМБОЛ

Драгица Поповска

Институт за национална истори]а, Скоп]е, Македонца

Key words: Holy stone, the hole, symbol, semantic messages.

Summary: The external shape of the stone within the ethnological-anthropological observations, play probably the most important role his experience as "holy". The hole in this context that emerges as the main identification feature of sacred stones is an interesting aspect of many semantic messages that in itself brings. It is a symbolic element that reflects the cult-magical content in the eyes of the individual, and beyond the traditional community where it exists.

Отворот како надворешна карактеристика на каменот

Отворот го евидентиравме како облик присутен на поголемиот 6poj култни камеша на територщата на Македонща. Се работи за отвори, кои во однос на големината, се помали и се поголеми, различно поставени во однос на целокупната слика, юуа ]а нуди каменот.

Така, се издво]уваат отвори како централен простор во каменот, ко] служи како влезен праг во него, а се срекаваат и два поврзани отвори, кои во себе ги содржат значенските димензии влез-излез. Како облик се ]авуваат и отвори на врвот на каменот, кои суде]ки по се, на семантички план кореспондираат со „горниот свет".

Ваквата семантичка порака, ща ]а нуди отворот како белег, е надградена со други об]екти, кои имаат суштинско значеше за целокупниот впечаток, како што се: водата, дрв]ата или религиозните об]екти, кои многу често се фузиониран елемент во обредната активност поврзана со култниот камен, а кои истовремено претставу-ваат дел од неговиот непосреден свет простор. Ова е особено важно затоа што симболот може да се разбере само ако се гледа во однос со други симболи, кои се дел од културната сложенка (Боуви, 2009: 36).

Контурите на отворот1 упатуваат на слики од далечните времиша и контексти. То] едноставно ]а прикажува „другоста" на конкретниот камен во однос на околната природа. Неговото присуство на каменот,

1 Некои од нив ги карактериизира долг и закосен облик, а практиката на провираше низ нив е можна единствено „мешечки".

обликот - тесен или широк, сето тоа обелоденува несвесен поттик да се создаде симбол насочен кон повисоки цели.

Отворот на каменот претстaвyвa врата, raja го ознaчyвa прекинот на континyитетот. Прагот што рaздвоjyвa два простори yпaтyвa на граница, raja рaздвоjyвa два спротиставени света, место прекy кое се слyчyвa премин од профаниот во светиот простор. (Elijade, 2004: 22) Ваквата симболика на отворот ке ja проследиме во натамошното излагаае.

Отворот на каменот во класификацщата на народни изрази

Зaклyчивме дека отворот е знак, ко] ja покажува светоста на каменот. То] е носител на религиозното значеае и ваквата негова симболика е содржана и во називите што ги ознaчyвaaт камеаата како такви. Н^доминантен е терминот Дyпен Камен (Поповска, 2009: 62). Според податоците до кои до_|довме во текот на истражува&ето, како и податоците од достапната литерaтyрa2, со ово] назив се ознaчyвaaт каменот во с. Држилово (Скопско), во с. Кошино (Прилепско), с. Горно Ореово (Битолско), како и каменот на патот за Вевчани, ко] го добил името затоа што „тоj е со голем отвор" и многу други.

Во истиот контекст е и називот Марков Прстен (зашто наликува на прстен) и Спровирачка, ко] се ]авува како резултат на обредната активност - спровираае, raja се практикува на каменот (Поповска, 2009: 64). Низ овие камеаа .можеш да се спровниШ" и затоа ги викаат Спровирачка.

Во ово] контекст треба да ги споменеме и пештерите што поседуваат големи отвори, кои служат за влез и за излез на посетителите. Нивните називи асоцираат на изгледот: Пештер, Шпела (Пештера).

Се ]авуваат и термини за вакви камеаа што се инспирирани од приказни за нивното потекло, кои генерациски се пренесуваат, но со оглед на тоа што нивното именуваае не кореспондира со поставената тема, нема да бидат разгледувани.

Името зборува за реална присутност. Името и обликот се суштина и супстанцща на индивидуалната по]ава: таа е определена од нив (Шевалие; Гербран, 2005: 393). Примерите покажуваат дека името ja претставува основната димензща на каменот - отворот. Се како се ]авуваат и имиаа што кореспондираат со функцщата, raja се врши на каменот. На ово] начин, сосема ]асно ja согледуваме непосредната поврзаност и испреплетеност на името и на отворот, како претстави, кои заедно ja „формираат" сликата за култниот камен.

2 Дупен Камен во селото Држилово го споменува и Нщази Лиманоски (Лиманоски, 1991: 171).

Отворот на каменот како личен симбол или симбол на групата

Човековата способност да го користи отворот на каменот како симбол со чща помош ке размислува и ке наметнува смисла на околната природа, на]веро]атно ги влече своите корени од архаиката.

Симболите како елементи на митската слика, своето значеае го добиваат по линща на изедначуваае на два надворешни впечатоци, кои имаат некаква заедничка особина, односно изедначуваае врз основа на сличноста на изгледот (Чаусидис, 1994: 62-63). Во оваа смисла и отворите што се ]авуваат како обележ^е на каменот на]веро]атно ja претставуваат симболичката слика на плодност. Тие се причина каменот да биде изедначен со жената, на визуелен план и со не]зините органи за рагаае.

Ваквите конотации го навеле архаичниот човек да го доживее каменот како предмет во ко] то] ке ja матерщализира сво]ата потреба за плодност и благососто]ба, а истовремено ке ja матерщализира во конкретен облик и животната сила на Зем]ата.

Причината за избирааето на каменот и неговата класификацща како свет во архаиката, не е последица на желбата на поединецот, туку на колективната свест на заедницата.

Како што ке видиме во понатомошниот текст ваквите слики, кои ги нуди отворот како реминисценции, се задржале во сфакааето на човекот и денес.

Теренските истражувааа вршени на територщата на речиси цела Македонща покажуваат дека отворот содржи потенцщал за преобразба на неговата симболика. Интерпретациите што следат покажуваат како отворот како симбол ги опфака во себе минатото и сегашноста. То] не е статичен концепт, туку неговата симболика се менува во галоп со динамиката на културата.

Отворот на повекето култни камеаа, овозможува трансцен-дентацща, зашто то] означува „овде" и „таму", со едниот дел е долу на Зем]ата, а со другиот горе на небото. Со ваквата форма, се поврзуваат зоните на светот: небото и Зем]ата. Со издигнувааето високо кон небо-то и со отворите кон небото, каменот е директна манифестацща на мок, вечност и светост (Поповска, 2010: 30). Самото тоа да се биде горе, во религиозна смисла, значи да се биде исполнет со светост (Шевалие; Гербран, 2005: 682).

Ваквиот отвор истовремено упатува на биолошката функцща на жената - рагааето и општиот апстрактен поим на „почеток" и „создаваае нов живот".

Со помош на отворот каменот добил карактер на конкретна плодност, што била во сооднос со виталните симболи на жената.

Ваквото изедначуваше го срекаваме и на теренот каде из]авите на информаторите, зборуваат во прилог на оваа констатацща. Така, информаторот Александар Спиркоски, смета дека двата отвори на Дупен Камен - село Кошино (Прилепско), ]а прикажуваат вулвата и фалусот3. Еве ]а неговата из]ава: „Едниот отвор е машки, а другиот женски. Машкио камен сеа ке простиш што си женско, како човечкиот дел: долго и дупка тука, за машки се провираат. А женскиот си имат пак, сво]а состо]ба. Средината има малку едно пупулче, така е сводирано "4.

Низ ваквата симболизацща на отворот, е евидентно спо]ува&ето на женскиот принцип со машкиот елемент во процесот на создавашето, како потенцщали, кои будат творечка мок.

Надворешниот впечаток, а во то] домен и отворот, како симбол е склон и на промени, зависно од промените на културата, при што неговото значеше се менува, односно добива нови содржини. Така, отворот на Дупен Камен - село Држилово (Скопско), информаторот го поистоветува со цамща. Еве ]а из]авата: „Не можам да ти об]аснам. Тоа ти е како минаре од цамц'а и посреде е нели бушена"5.

Под влщание на денешните религиозни содржини со кои информаторот6 живее (исламот), то] на каменот гледа како на об]ект, преку ко] човекот се поврзува со Господ. На ово] начин, информаторот го пренесува сопственото сознание и неговиот однос кон каменот. Наб-шудувааето на каменот како религиозен об]ект, му дава облик во ко] егзистира посебна енергща (Поповска, 2010: 117). Ако претпоста-виме дека не]асниот облик е слика на првобитниот хаос, (Шевалие; Гербран,2005: 937), ваквото перципираше на обликот на каменот означува кра] на хаосот и воспоставуваше организирана слика на неговото постоеше. Во секо] случай из]авата зборува за симбиоза на архаичните веруваша со исламската култура.

Отворот, ко] се ]авува на Марков Прстен7 - село Стрезовце (Кумановско), се изедначува со прстен. Прстенот ]а носи симболиката на кругот како вечност, континуитет, живот. Истовремено претставува

3 Ова покажува дека антропокосмичките изедначуваша на каменот ]а сочувале сво]ата „живост" и во денешното современо живееше (Поповска, 2010: 117).

4 Информатор: Александар Спиркоски, роден 1926 во село Кошино, снимено 02.09.2000 во село Кошино.

5 Информатор: Рамадан Еминовски, роден 1958 во село Држилово, снимено 21.05.2000 во село Држилово.

6 Информаторот по етничка и верска припадност е Македонец со исламска вероисповед.

7 Сопствени теренски истражуваша, 2000, 2001 год. во село Стрезовце.

мок, достоинственост, заштита (Kuper, 1986: 137). То] се поистоветува со личноста на сопственикот8.

Отворите се карактеристични и за пештерите. Пештерите според народното веруваае, се места на кои се спо]ува божественото и човечкото. Во оваа смисла, пештерата се ]авува со иницщациска функцща, кога од „неверници", лугето преминале во „верници"9. Тие се поистоветуваат со женскиот принцип, со утробата на маната -Зем]а (Kuper, 1986: 128). Пештерата се верува дека е собиралиште на енергща, зашто таа ги чува секавааата за почетокот на верата, вистинско второ рагаае на човештвото. Влегувааето низ отворот значи воспоставуваае врска мегу човекот и силите, кои преспууваат во не]зината внатрешност. Во то] поглед пештерата има култна функци]а, како кондензатор на магиска сила.

Како што видовме, каменот сво]ата на]длабока смисла ja носи благодарение на неговото, би рекле, идентификациско обележ|е -отворот, ко] буди различни асоцщации во свеста на човекот, но во секо] случа] манифестира содржини што предизвикуваат почит. Присуството на отворот, како симбол, значи и присуство на основната функцща - рагааето, ко]а преку апотропе]ската и поддржувачка мок на каменот, се пренесува на човекот.

Ваквиот симбол на каменот бил доволно експресивен за то] да стане предмет на култ, а сво]а рефлексща, како што веке видовме, имал и во називите и епитетите што ги користел народот во неговото именуваае.

Отворот на каменот како општествен симбол

Пораката што им ja пренесува отворот на посетителите и на оние што се дел од заедницата, во raja опсто]ува то], е интегрирана со низа практики, кои се стремат да обезбедат плодност, здрав]е, благососто]ба.

Функцщата на отворот како елемент, кому му се припишуваат магиски сво]ства, говори за културата во општеството и служи како негова слика. Всушност, верувааата и практиките во врска со отворот на каменот ни откриваат став на лугето кон природата и светот и моралните односи во него.

8 Смислата на ваквото изедначуваше се потпира на преданието според кое каменот го претставува прстенот на Крале Марко, ко] долетал од Прилеп во Стрезовце како резултат на неговата борба со Муса Кесецщата (Поповска, 2009: 25).

9 Види предание за Пештер, (Поповска, 2010: 124), според кое, пештерата го претставува преминот од паганство во христианство.

Во согласност со македонското народно разбираше на животот, особено е раширено верувашето во урокот, како извор на многукратни зла, кои можат да предизвикаат несакани последици, не само на лугето, туку и на животните. Оттаму поминувашето низ отворот на

каменот де]ствува на сузбивашето на урокот и на уништуваше на

10

магиските де^тва предизвикани од него .

Отворот на каменот, како што веке констатиравме, означува премин од профаната во светата реалност. То] ]а симболизира мож-носта за поврзуваше со силите кои, според верувашето, престо]уваат во каменот. Самиот отвор11 што како симбол е карактеристичен за светиот камен, не само што го означува преминот, туку и психолошки повикува на преминуваше. Застанувашето на жената на местото на отворот на каменот во Шпела и чекашето знак од него, покажува дека се очекува потврда на желбата за комуникацща со адресантот (Поповска, 2009: 54).

Влегувашето во отворот на каменот, кому лугето му даваат свети димензии под покровителство на Бог, ке го поврземе со симболизмот на вратата12, затоа што, како што веке потенциравме, посетителите него го доживуваат како религиозен об]ект. Оттука, според евре]ските и христщанските преданща, вратата е пристап до откровението (Шевалие; Гербран, 2005: 180). Според Библщата, самиот Христос е вратата низ ко]а се влегува во небеското царство (Шевалие; Гербран, 2005: 181). Во оваа смисла и порталите на религиозните об]екти се премини, кои водат до „Светото над Светите, до местото на вистинското божествено присуство" (Шевалие; Гербран, 2005: 180).

Во секо] случай самото провлекуваше низ отворот на каменот го толкуваме како синтеза на архаичните и на современите веруваша. Поминувашето значи можност за влез во „повисока" реалност. Народот смета дека со минувашето низ каменот, човекот ги обезбедува сво]ата срека, плодност и благососто]ба.

Отворот ]а поттикнува иде]ата за трансцендентацща. То] претставува средство, начин за комуникацща со каменот. Поминува-

10 Покра) бро)ните примери на терен, особено е интересна из]авата, ко]а ]а добивме за Дупен Камен во село Кошино, каде, пред да помине низ каменот, жената фрла низ отворот камче собрано од патот кон култниот камен. Еве го об]аснувашето на информаторот: „Камчето се фрла за да оди магщата по него" (од претходната жена).

11 Во отворот се наога симболизмот на самиот камен, ко] ]а претставува „вратата" кон божественото.

12 Прагот, вратата и премините претставуваат места што значат прекин на континуитетот на просторот, па оттука имаат голема улога како религиозни вредности (Elijade, 2004: 13).

шето13 низ отворот на каменот е тешко, што значи дека треба да се обележи тешкотщата на преминот од профаната во светата „реалност", зашто човекот по преминот излегува „прочистен", од секакви магиски де]ства. На ова можеме да ги надоврземе библиските сфакаша. И Куранот напоменува дека по тешкотщата се очекува леснотща14.

Ако го анализираме каменот како место за комуникацща мегу небото и Зем]ата, во рамките на ова поглав]е треба да ]а споменеме и пештерата. Со влегуваше во неа, (преку отворот) се воспоставува врс-ката мегу примитивниот човек и хтонските сили односно божествата, кои престсууваат во внатрешноста на Зем]ата (Шевалие; Гербран, 2005: 776). Влегувашето во пештерата значи вракаше на почетокот, а оттука и издигнуваше кон небото (Шевалие; Гербран, 2005: 778).

Дури и денес, влегувашето во каменот, односно во пештерата можеме да го толкуваме како единствен начин на комуникацща со каменот, преку ко] то] ке влщае на лугето, како начин да се предизвика излекуваше, па дури и „прочистуваше"15. Целта е иста како некогаш -да се предизвика магиско де]ство на плодност.

Одржувашето на свечености пред и во пештерите, како обреди на плодност или како општа народна веселба со: свиреше, играше и пееше, покажуваат дека пештерата претставува сакрален простор, каде селото функционира како обредна заедница.

Од информациите добиени од теренските истражуваша, може да се заклучи дека самото провлекуваше низ отворот на каменот значи и веруваше во неговата магиска мок, да помогне на бездетните за обез-бедуваше потомство. Ова секако е надополнето со низа практики, кои треба да го обезбедат поволниот резултат од ваквата активност. Така, посебно се внимава на бро]от на провлекуваша низ каменот16 и

17

страната кон ща се одвива движешето на посетителот , времето во

13 Многу често отворите на култните камеша низ кои посетителите се провираат се тесни и е право чудо како низ нив се поминува. Во ово] контекст, во Светото Писмо за „тесната врата" се вели: „Влезете низ тесната врата, зашто широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, а мнозина минуваат низ нив", „а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина го наогаат" (Евангелие според Мате] 7, 13).

14 Куран, с. 211.

15 Каменот во селото Иловица, Струмичко, ко], според преданието што се раскажува за неговото настануваше, е симбол на казна за направен грев, то], со поминувашето на посетителот низ неговиот отвор, се ]авува во улога на „показател" на гревот што го носи во себе човекот (по пат на стегаше) и истовремено во функцща на негов „прочистувач" (Поповска, 2010: 167).

16 На]често низ отворот на каменот се поминува еднаш или три пати. Бро]от три е на]застапен во обредната пракса (Поповска, 2010: 109; 156).

17 Десната страна според народните сфакаша е срекна страна, страна на позитивно влщание (Поповска, 2010: 110; 157).

кое провлекувашето се случува18 и сл. Сето ова недвосмислено не упа-тува на тоа дека отворот на каменот претставува комуникациски канал со повисоки сили. Истовремено, то] е симбол преку ко] се изразува желбата за обезбедуваше на потомството, кое свое значеше имало не само за конкретното семе]ство, туку и за заедницата во целина.

Обредот на каменот односно провлекувашето низ неговиот отвор е средство за постигнуваше на одредена цел и то] означува точност во постапките, „праведност" и размена на вредности со силите, кои во каменот, според верувашето, престо]уваат. Ваквата симболичка важност и мегузависност, како таква, е сфатена и од поединецот и од колективот.

Во рамките на овие практики, кои се одвиваат преку отворот на каменот ке наведеме и некои „правила", кои се однесуваат на опозици-]ата „чисто-валкано" или свето-профано. Овде ке изнесеме две раска-жуваша, кои, во секо] случа], зборуваат за семантичката порака на отворот во рамките на општественото живееше. Токму преку отворот се потенцира мокта на каменот да пресудува: „лошиот"- ке биде казнет, а „добриот"- не19.

Упадот на лоши сили преку отворот на каменот: како нечисти, грешни и друго, доведува до негово „испогануваше". Еве еден од примерите: „Ова] кучката што ]а проврел од Дебреште, ми го кажуваше татко ми наиме, ослепе со обете очи. И ]е врзале на кучката очите, не можеле инаку да]а проврат и како кучката што ]а провреле со врзани очи, после то/ ослепел"20.

Кучката како профана со влегувашето во каменот, ко] има света димензща, ]а нарушува неговата света структура и сега то]: „И додека во минатото то] лекуал деведесетидевет отсто, по провиратето на кучката каменот се испоганил и понесепра]ло ни педесет отсто себап"21.

Примерот во Кошино, каде имаме казна со слепило за оно] што ]а проврел кучката низ Дупен Камен, покажува дека менувашето на „правилата" што ги наметнува верувашето, од страна на реципиентите, е злосторство што се казнува со строга казна, во случаев - слепило. Според информаторот22, откако таткото на ослепениот служел во црквата три години, му се вратило виделото на синот, но само

18 Времето игра особено важна улога за правилно изведуваше на обредот. Види: Поповска, 2009: 89-93.

19 Сопствени теренски истражуваша од 2000 до 2010 година.

20 Информатор: Александар Спиркоски, роден 1926 година во с. Кошино, снимено: 02.09.2000 во Кошино.

21 Истиот информатор.

22 Информатор: Александар Спиркоски, роден 1926 година во с. Кошино, Прилепско.

минимално. Служешето во црква значи да се служи на семокниот Бог, ко] според верувашето е поврзан со каменот. Очигледно е влщанието на христщанството, кое го поврзало верувашето во каменот со блиската црква. Значи и покра] казната, може да се следи патот на спасот - служеше во црквата.

За Дупен Камен во село Горно Ореово, се раскажува за скаменуваше на „некоа недобра жена, некоа турчина..."23, токму на отворот низ ко] се одвивало провлекувашето низ каменот, по што каменот „отворил нова дупка" за да ]а продолжи исцелителската функци]а. Ова покажува дека мокта на каменот е канализирана во заедничка легенда, ко]а одлично ]а илустрира неговата негативна способност. Скаменувашето на Турчинката е конкретна по]ава, видлив резултат и казна заради не]зината „нечистота".

Можеме да заклучиме дека отворот на каменот има двоен аспект на де]ство: творечки и казнен, дури и уништувачки. Уништувачкиот може да се примени на неправдата и пакоста. Како посредник мегу небото и Зем]ата, каменот го дели доброто од злото и удира по „неправедните". Секо] мора да ги сноси последиците на она што го прави. Ваквите сфакаша на народот поврзани со верувашата во каме-нот продолжиле да егзистираат и во современието, се со цел да триумфира духовната чистота ка] човекот, што како вредност се наметнува од актуелните религии.

Како што видовме од претходно изнесеното приказни за казните, тие се пренесуваат на општествено ниво и се толкуваат како казна поради неодговорното однесуваше на поединците, што доведува до нарушуваше на воспоставените патрщахални норми во рамките на заедницата, а има за цел да ]а задржи кохерентноста во тие рамки.

Овие магични квалитети на култните камеша, иако над сферата на реалноста се општо прифатени и се употребливи од колективот, а со тоа и од консументите и тие кон нив се однесуваат како кон признат систем на вредности. Населението се гордее со присуството на каменот во нивното подрач]е на живееше, зашто то] го обезбедува континуитетот на заедницата.

Преку отворот во каменот, со влегувашето во него, лугето се обидуваат да ]а совладаат бесплодноста, влегува]ки и впива]ки го трансцедентното.

Причината поради ко]а лугето поминуваат низ отворот со сите тешкотии што ги носи таквото провлекуваше, во сво]ата суштина пренесува едноставна порака, ко]а ]а „оживува" секо]а вероисповед.

23 Информатор: Менка Jанкуловска, родена 1930 година во с. Горно Ореово, живее во Битола.

Тоа е порака дека само со тешкотща и напор може да се до]де до успех. Ja прикажавме изразната и обjaснyвaчкaтa вредност на поми-нувааето низ отворот. Ова го открива обележjето на општеството: потребата од ренродукцща на човекот - праисконската желба за осигуруваае на плодноста. Cимболичките аспекти на поминувааето низ отворот всушност покажуваат дека се бара и се очекува гaрaпциja за опстанокот, raja од сво]а страна е непосредно врзана за животот на

лугето, плодноста на Зем]ата и животните (Поповска, 2009: 129).

***

Од нретходно изнесеното можеме да заклучиме дека отворот на каменот со сво]ата нриродна и трансцедентална суштина е симбол врз ко] се изградила иде]ата за плодност. Ваквите идеи од архаиката преминале во сфакааата на лугето денес. Отворот како симбол станал основа врз raja се изградиле многу нреданща, многу правила чие почитуваае ja гарантира успешноста на обредот.

Отворот на каменот е граница, raja симболизира комуникацща со него. То] е место на дочек на посетителот, место преку кое се упатува молба кон силите кои, според верувааето на каменот, престсууваат, место на кое се жртвува.

Заклучивме дека отворот е белег врз ко] културите изградиле симболички асоцщации. То] е седиште на добрите творечки моки, но и на негативните. Овде постсуат правила за чистота и идеи за валканост. Тие ни покажуваат каква е пораката на отворот во рамките на општественото живееае. Прецизните нрописи ги онределуваат видовите посреден допир, со ко] може да се пренесе извалканоста. Оваа иде]а за нечистоти]а нè води непосредно на полето на симболизмот и ни прикажува врска со останатите системи на чистота присутни во рамките на заедницата. Шкусо човековото однесуваае во врска со отворот на каменот е реакцща, raja го осудува секо] предмет и секо]а иде]а што можат да ги нарушат воспоставените и негувани класификации за доброто и за моралот, онака како што се воспоставени во рамките на традиционалните заедници.

Литература:

Боуви, Фиона. 2009. Антponoлoгиja на peлuгujaтa. Cкопjе: Табернакул. C. 1322.

Вражиновски, Танас. 1998. Нapoднa митологи'а на Маквдонцитв. Kmra 1.

iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.

CMr!^ - Прилеп: Институт за старословенска култура Прилеп. Вражиновски, Танас. 1998. Haроднa митологп|а на Македонците. Krnra 2.

Етнoгpaфcкu и фoлклopнu мaтepujaлu. Cкопjе - Прилеп: Институт за

старословенска култура Прилеп.

Elijade, Mirca. 2004. Sveto i profano, priroda religije. Beograd: Alnari, Tabemakl. С. 1-156.

Kuper, Dz. K. 1986. Ilustrovana enciklopedija tradicionalnih simbola. Beograd: Prosveta - Nolit.

Краток коментар на Куранот. Второ издание. 2007. Скоще: Логоса. Лиманоски, Нщази. 1991. Обичаите Kaj Македонците-муслимани поврзани со рагааето на детето. во: Македонски фолклор. год. XXIV. бр. 48. Скоще. С. 171-178.

Поповска, Драгица. 2009. Светите камепа во македонската народнарелигщ'а

и обредна пракса. Скоп|е: Селекто. С. 1-164. Поповска, Драгица. 2010. Култната функцща на каменот во религиите во Македонщ'а: докторска дисертацща одбранета на Институтот за национална исторща - Скоп|е (ракопис). С. 1-249. Свето Писмо (Библи)'а) на Стариот и Новиот завет, ревидирано издание.

2006. Скоп|е: Библиско здружение на Република Македонща. Чаусидис, Никос. 1994. Митските слики на Jужните Словени. Скоп|е: Мисла. Шевалие, Ж.; Гербран, А. 2005. Речник на симболите, митови, соништа, обичаи, гестови, облици, ликови, бои, броеви. Скоп|е: Табернакул.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.