прегледен труд
UDK:791(497.17):929 Racin K.
(^^ТЕКСТУАЛНИ СЕЛИДБИ, КО-ТЕКСТУАЛНИ СРЕДБИ1
Марща Горгиева Димова
Филолошки факултет „Блаже Конески ", Универзитет „ Св. Кирил и Методу " — Скопле, Македонка
Key words: text, context, fiction, history, New Historicism
Summary: The subject of interest of this text is the film Elegy for you, interpreted through the prism of the relationships literature - history, text - context, discussed in the framework of the New historicism. Based on this theoretical-methodological background, the aim of film's interpretation is to illustrate contextual moving of historical figures (in this case the Macedonian poet and revolutionary Koco Racin), as well as to illustrate the possible creative games and semantic explosions created through a co-textually mediated meet between texts and contexts.
Клучни зборови: текст, контекст, фикцща, исторща, Нов историцизам.
Резиме: Предмет на интерес на ово] текст е филмот Елегц/а за тебе, толкуван низ призма на новоисторицистичките сфакааа на односот книжевност-исторща, текст-контекст. Врз то] теориско-методолошки фон, целта на толкувааето на филмот е да се илустрираат контекстуалните селидби на историските фигури (во случаев на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин), како и да се демонстрираат можните креативни игри и семантички експлозии што се создаваат во ко-текстуално посредуваната средба помегу текстовите и контекстите.
'Поимот 'ко-текст' (co-text) е дел од новоисторицистичката теориско-методолошка парадигма и се однесува на рамноправната релевантност на книжевните и некнижевните текстови во проучувааето на минатото. Поага)ки од премисата дека минатото е текстуално посредувано и достапно единствено преку неговите текстуални траги и остатоци, за новиот историцизам, дистинкцщата мегу книжевните и некнижевните текстови станува занемарлива, биде]ки тие се во постегана интерсекцща како ко-текстови.
Значеаето е омегено со контекстот, но контекстот е неограничен, секогаш отворен кон промени, под притисокот на теориските расправи.
Цонатан Калер
Новоисторицистичкиот интерес за односот на текстот кон идеолошките, соцщалните и политичките контексти, мeГyдрyгото, ]а имплицира нyжната поврзаност помегу текстот и контекстот, што, особено се илyстрира во и преку интердискурзивните игри помегу книжевноста и исторщата, коишто се практикyвани во рамки на постмодернистичките наративни текстови. Низ оваа методолошка призма, текстот е виден како „настан" во исторщата, а исторщата како тeкстyалeн конструкт, така што секо] пристап кон минатото, односно кон историските настани и фигури, е посредуван преку медиумот на текстот, како што секое знаеае за минатото е сведено на негова интерпретацща. Во таа смисла, интерпретативната средба помегу контекстите на создавааето и на читааето/толкувааето на текстовите (коишто се сфатени во широка, семиотичка смисла), нужно, е текстуално посредувана, биде]ки секое контекстуализирано читаае на текстуалните траги и остатоци од минатите контексти резултира со создавааето (нови) интерпретативни текстови, кои, исто така, се контекстуално обусловени.
Толкувааето на филмот Елегща за тебе2, низ призма на неговото реконтекстуализираае и трансконтекстуализираае на темата „Рацин", се темели врз две парацитатни назнаки - прологот на филмот и из]авите на неговите автори: „Во историските лавиринти ликот на Рацин со децении беше прикриен во убаво спакувана животна сторща, пронижана од една жубов и добро затворена од сите страни и како патоказ кон само една 'вистина5, сплетена од историско-политичките интереси, во текот и по завршувааето на Втората светска во]на. Филмот трага по одговорите на овие две клучни мистерии во неговиот живот, следе]ки го инстинктот на трагачот, чщашто единствена вистина е дека вистината секогаш има на]малку две лица"3. Според режисерот Васил Зафирчев, „Рацин заслужува поинаков третман и однос, од аспект на идеологщата и на соцщалната правда. Тоа е еден
2Во 2001-та година е снимен документарен филм, под наслов Музата на поетот, ко]што се фокусира врз сведоштвото на Рахилка Фирфова Горгова. Еден од режисерите на документарецот, Данчо Стефков, се по]авува и како косценарист во Елегща за тебе.
3Ова е об]аснувааето дадено во форшпанот на филмот, при неговата премиера, одржана
на 13.6.2007 година, во Велес.
сегмент од неговиот живот, но ако ги споредите неговите дела Бели мугри и Антологщ'а на болката, ке видите два различни света на еден човек. За мене е провокацща да го толкувам Рацин низ оваа призма" (Печков, 2006).
Фикцщата, а во таа смисла и филмската фикцща, почнува]ки од втората половина на XX век, го интензивира интересот за исторщата и, особено, за оние историски фигури и настани коишто ги претставуваат т.н. „темни места"4 во офицщалната историографща. То] статус ]а зголемува нивната атрактивност и провокативност, со оглед на можноста фактографските празнини да бидат фикционално пополнувани и толкувани. Несомнено, на то] историски корпус му припага и македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин (1908 - 1943), чщшто живот, како што заклучува академик Милан Гурчинов, е обележан со „незавршеност и недореченост" (Гурчинов, 2008:46). Оттаму, филмската реконтекстуализацща на дел од животниот и од творечкиот пат на Рацин може да се посматра како чин на негова ревизща и реинтерпретацща, како чин на негова дислокацща во нов, (раз)личен контекст. Притоа, реконтекстуализацщата ]а фокусира дистанцата што се отвора помегу текстот и контекстот, односно помегу текстовните остварувааа на Рацин, мегу претходните толкувачки контекстуализации на неговото творештво, од една страна, и актуелниот филмски контекст, од друга страна. Филмското фиксираае на дистанцата има за цел да го постави на преден план процесот на не]зиното интерпретативно пополнуваае со сопствени проекции и конструкции, со сопствени визии, верзии и визури, кои, мегудругото, се направени од ретроактивна и ретроспективна позицща.
Постапките на реконтекстуализацща, што се присутни во Елегщ'а за тебе, резултираат со воспоставувааето на]малку тро]на дистанца во односот текст - контекст:
1. Дистанцата што произлегува од реконтекстуализацщата на темата 'Рацин5, во рамки на филмскиот медиум/код: имено, техничките можности на ово] медиум,5 пред се, монтажните постапки,
4Терминот е преземен од студщата Постмодернистичка проза на Бра]ан Мекхе]л: „dark агеай" во историските записи, коишто фикцщата ги истражува низ постапката 'апокрифна исторща', со цел да ги дополнува, да го врати заборавеното или потиснатото, односно крше]ки ги ограничувааата на „темните места", со цел да ги ]укстапонира во однос на офицщално прифатената верзща за одреден настан, со негова, на]често, радикално различна верзща (Мекхе]л, 2001:90).
5Самосвеста за мокта на филмскиот медиум ]а открива и Зафирчев, па, во таа смисла, и неговата одлука да прави филм, а не театарска претстава. Подеднакво е индикативна и неговата свест за субжанровските расло]увааа на филмот и влщанието што го имаат
го обезбедуваат ефектот на симултано и споредбено гледаае на две клучни епизоди од животот на Рацин, а тоа се двете негови лубовни искуства. Но, исто така, тие нудат и компаративно читаае на текстуализациите на тие искуства, коишто резултираат во картичките до Раца и во стихозбирката Антологи/а на болката. Ово] паралелизам е во функцща на реализацща на дел од авторските интенции - да се демистифицира дилемата околу вистинската муза на Рацин. „Во ово] филм се позабавивме со двата женски лика кои биле музи во творештвото на Рацин. Рахилка Фирфова, за ко]а ]авноста е запознаена и по ко]а Рацин го зел името, но, според истражувааата, дознавме дека помалку познато е, а со тоа и интересно, да ]а откриеме и втората Рацинова муза, Невенка Ву]ик" (Зафировска, 2007).
2. Дистанцата што произлегува од реконтекстуализацщата на темата 'Рацин' во согласност со жанровските конвенции. Според режисерот, Елегща за тебе спага во жанрот поетски филм,6 односно според филмската критика, то] е типологизиран како филм-есе] и како експериментален филм.7 „Станува збор за естетика во ко]а, за разлика од играниот филм, покра] филмската приказна и музиката, има уште еден, втор, план, или втора димензща, а тоа е поезщата, ко]а, практично, станува интегрален филмски дщалог во самата филмска приказна ... тука нема што да се разбере, туку единствено само да се доживее. А тоа е една од главните специфики на поетскиот и на играно-поетскиот филм, чщашто главна профилацща е токму артикулирааето на поетските контексти, метафори и асоцщации, со кои гледачот, преку сопствената емоционална енергща, ]а препознава и ]а гради сопствената филмска приказна. Само тогаш кога филмските слики ]а евоцираат емоционалноста на гледачот со ко] а то] го препознава, го дефинира и го гради сопствениот хоризонт на естетско доживуваае, филмското дело ]а постигнало сво]ата цел" (Зафирчев, 2007). Ова об]аснувашг на режисерот Зафирчев и оди во прилог на тезата за филмската реконтекстуализацща, индицира]ки два битни
филмскиот жанр и неговите конвенции врз репрезентацщата. „Филмот како медиум одамна ги надмина атрибутите на неговата фундаментална природа, особено по по]авата на актанцщалните модели во градеаето на филмската приказна и постмодерните концепти за читаае, правеае и гледаае филм" (Зафирчев, 2007).
6Поетскиот филм е дефиниран како „стилска струна", сочинета од филмови кои им припагаат на „различни филмски видови, музички спотови и поетско-документарни филмови", но и уметнички филмови (играни и анимирани), коишто се создавани во рамки на одделни стилски движеаа (поетскиот реализам и новиот филм), но и во рамки на поетиката на одделни автори (Тарковски) (Turkovic, 2003).
7 Филмот е снимен во 'ха] дефинишн'-техника (high definition) и голем дел од неговата експерименталност се должи на играта во монтажата на сликата, користе]ки ги ефектите што ги нуди технологщата.
аспекта. Прво, упатува на неминовната адаптацща на темата, во согласност со конвенциите на филмската репрезентацща. И, затоа, не е случала одлуката да се направи поетски филм, чщашто естетизирана, очудена перспектива, изведена мозаично, цитатно, монтажно, колажно, уште повеке придонесува за пренасочуваае на фокусот од вообичаените перцепции на Рацин низ призмата на соцщално-револуционерната тематика во неговото творештво. Второ, упатува на приоритетот што го има рецепцщата во секо] чин на контекстуализацща. Во таа смисла, филмот, претендира]ки да ]а изведе и да ]а осмисли целината на животот юэ^ашто станала проблематична, потврдува дека резултатот на таквите осмислувааа, секогаш опстанува на линщата ко]а води од текстот до гледачот/читателот, т.е. до неговиот рецепциско-интерпретативен контекст.
3. Дистанцата што произлегува од реконтекстуализацщата на темата 'Рацин5 во нов историски, социополитички и културен контекст: станува збор за контекстот обележан со почетокот на еден нов век, но и со почетокот на еден нов милениум (филмот е снимен во 2006-тата година), а во истовреме станува збор и за контекстот што е создаден низ воспоставувааето нов општествен и политички систем, ко] инсистира на проблематизирачки и ревидирачки однос кон наследените теми и дилеми. Во прилог на тоа, оди и об]аснувааето на режисерот дека филмот, мегудругото, треба да провоцира „затвораае на одредени историски прашааа, кои, според нашите наводи подлежеле на политичка цензура во изминативе години".8
Мегутоа, филмската реконтекстуализацща, изведена, првенствено, како уметничка, фикционална реплика на историските верзии, нема за цел да даде конечен одговор на „одредени историски прашааа", ниту, пак, да наметне нова, конечна и апсолутна вистина. Единствената амбицща на Елегц/а за тебе е да ]а сугерира потребата од поинаков агол на гледаае на темата, што, пак, ке се овозможи преку не]зиното ситуираае во нов контекст. „Филмот се обидува да пласира спас, ко], пред сè, е уметнички. Ние не се обидуваме да одговориме на прашааа чии одговори треба да ги даде исторщата и научно-истражувачката ]авност" (Печков, 2007). Токму уметничкиот, естетскиот, филмскиот контекст е интерпретативното алиби на Елегщ'а
8„Кочо го отепаа, не е чиста работава." Тоа е единствената реплика во филмот ко]ашто експлицитно ]а открива намерата за надминуваае на тие „политички цензури", коишто интервенирале во толкувааето на мистерщата околу смртта на Рацин. Оваа реплика се темели врз сведоштвото на Рахилка Фирфова, искажано во документарниот филм за Рацин, каде што таа ]а цитира из]авата на не]зиниот сопруг („не е случа]но") по повод веста за загинувааето на Рацин.
за тебе во однос на документаристичките, патетичните и дневно-политичките рамки на рецепцща и на толкуваше, но и на манипулацща и на злоyпотpeба.
Кyмyлациjата на контексти со предзнакот на ревизща и на реинтерпретацща, ко]ашто е демонстрирана низ процесот на филмската peконтeкстyализациjа, е во фyнкциjа на она што го именуваме како ефект на тpансконтeкстyализациjа. Имено, сите постапки на реконтекстуализираше yпатyваат на нужноста од (постегано) поместуваше на перспективата,9 на нyжноста од (постегано) надминуваше на контекстот и на контекстите на толкуваше на една тема, односно пpeдyпpeдyваат на рестриктивноста на толкувашето коешто сво]от предмет на интерес ке го врзе само за еден контекст, за една гледна точка, за една методологща.10 Оттамy, трансконтекстуализирашето, како чин на трансгресираше и на надживуваше на контекстите во коишто се ситуира и се огpаничyва еден текст, една тема, едно прашаше, поседува и дополнителен мнемонички ефект: го имплицира и паметешето на постелите, на претходните интерпретативни контексти, било да се воспоставyва афирмативен или, пак, негативен однос кон/мегу нив. Следствено, тpансконтeкстyализациjата не само што го попyлаpизиpа контeкстyалното пpомислyвашe туку го гарантира и интерпретативниот виталитет на предметот на толкуваше, чщашто реактуализацща, во секо] следен толкувачки контекст, се остваpyва низ евокативното, реминисцентното, дщалошкото, интерпетативното peактyализиpашe и на претходните контексти. Впрочем, тоа е препораката што произлегува и од истpажyвачкитe искуства на дел од пpоyчyвачитe на ликот и делото на Pацин. Според академик Милан
9Во прилог на тоа оди и мyлтифокализациjата како наративна постапка yпотpeбeна во филмот. „Мене интyициjата воопшто не ме излажа кога е во прашаше начинот како треба да го толкувам ликот на Гацин, зашто од самиот почеток знаев дека Гацин треба да биде раскажан низ приказната на другите ликови во филмот", изjавyва Зафирчев. Елегща за тебе на Рaцuнoвume срeдбu. 2007. BBCMACEDONIAN.com 13 ]уни.
10„Филмот има специфичен пристап во откривашето на на]големиот мегу поетите, зашто не прави сепаратна визща на неговиот лик и дело само од аспект на литература или само од аспект на Гацин револуционерот. Наспроти сите ликови на Гацин, прикажани во македонската исторща и култура, ово] филм е обид за една целовитост во трагашето по вистината", велат авторите (Тра]коски, 2006).
Гурчинов, „секое размислуваае за Рацин треба да биде проследено со грст отворени прашалници ... Секое време и секо]а нова генерацща му додава свои значеаа и смислови, според свои проценки и свои потреби. Не е работата во тоа да го затвориме тоа дело во некакви дефинитивни рамки и дефиниции, при што секо] нов приод кон него ке носи белег на тавтологичност, туку да го согледуваме во таков контекст во ко] новите, поинаквите и додатните знаеаа ке бидат постегано можни и потенцщални. Накусо - да го интерпретираме на начин ко] ке го прави дщалогот со него перманентно отворен" (Гурчинов, 2008:47 - 58).
Процесите на реконтекстуализацща и на трансконтекстуализацща, идентификувани во Елегщ'а за тебе, се податливи за толкуваае низ призмата на новоисторицистичката теориско-методолошка парадигма. Имено, во новоисторицистичките проучувааа, приоритетот секогаш му се доделува на односот текст -контекст, т.е. на нужното ситуираае на текстот во контекст, и тоа не само во контекстот на неговото создаваае туку и во контекстот на неговата рецепцщ а и интерпретацщ а, вклучително и релевантноста на интерпретативните процеси што ги имплицира односот текст-контекст. Читааето на филмот Елегщ'а за тебе низ теориско-методолошката рамка на новиот историцизам поага од премисата на Луис Монтроуз за текстуалноста на исторщата и за историчноста на текстот. „Под 'историчност на текстовите5 сакам да ]а сугерирам културната специфичност, соци]алната втемеленост на сите модалитети на пишуваае - не само на оние текстови кои ги проучуваат критичарите туку и на текстовите во чии рамки ги изучуваат. Под 'текстуалност на исторщата5 сакам да сугерирам, прво, дека немаме пристап кон автентичното минато, кон живата матерщална егзистенцща, непосредувана со сочуваните текстуални траги - траги за чие зачувуваае не смееме да мислиме дека случало се случило, туку да претпоставиме дека барем, делумно, тоа е последица од сложените соцщални процеси на паметеае и на забораваае; и, второ, дека тие текстуални траги и самите се подложни на дополнителни текстуални посредувааа кога ке станат 'документ^ врз коишто историчарите ги засноваат сопствените текстови наречени 'истории5 " (Монтроуз, 2003: 113). Токму односот текст - контекст, текстуалност - историчност, е демонстриран во и низ филмот за Рацин. Впрочем, според из]авите на авторите на филмот, тие во своите (осумгодишни) истражувачки подготовки ]а искусиле текстуалната достапност на минатото за кое говори филмот: „Оттогаш почнавме да
истражуваме, главно по странските архиви, каде што се преписките и документите на Pацин" (Зафировска, 2007).
Впрочем, и дел од проучувачите на делото на Pацин ]а об]аснуваат сво]ата истражувачко-толкувачка активност како потрага по текстуалните остатоци од творештвото на македонскиот автор. Блаже Конески, во студщата За Paцuн, во неколку различни есеи, го осведочува то] чин на детекцща: „По ракописите останати од Pацин, ние можеме да судиме за тоа како то] се стреми да ]а запознае народната песна ... Во еден интересен нотес, каде што Pацин прави белешки од прочитани книги... Мегу другите матерщали останати од Pацин, raj мене се наога во неколку егземплари како некаква антологща, составена од Pацин и размножена на преса ... Во архивата на поетот се на]де препис од Богомилите, иако не на македонски ]азик, ами на српски ... Во еден од Pациновитe бележници, внимателниот читател ке го на]де следниов исказ 'песната како систем на зборовите5 " (Конески, 1994: 31,52,54,59). Александар Спасов, во есе]от под наслов Сooпшmeнue за дел oд кнuжeвнama зaoсmaвшmuнa на пoemom Ko4o Paцuн, каде што прави попис на текстовниот корпус на Pацин, сочинет од „одделни ливчиша пишани со рака од самиот Pацин или отпечатени на машина, потоа од писма и податоци од неговата лична кореспонденцща, од одделни книги и списанща од неговата домашна библиотека, како и од откинати врски страници од некои книги, со забелешки и потцртуваша на нив, кра] редовите" ке заклучи: „сметам ... дека згрчениве, ветви, избледени ливчиша, без друго, во рамките на целокупната книжевна заоставштина на Pацин и под раката на утрешниот опитен научник, ке фрлат поголема светлина врз интимниот живот и творечкиот разво] на поетот" (Спасов, 1991:187 -188). Патем, да потсетиме на архивската грага на фондот 'Кочо Pацин5 во МАНУ, сочинета од мошне хетероген текстовен корпус: текстуализираните остатоци од и за Pацин, класифицирани како лични документи, документи со синдикална и партиска активност, полициски документи, семени документи, поетски текстови, бележници, есеи и критики за литературата и ]азикот, фрагменти со разни содржини, статии во партиски весници, преписка, партиски матерщали, разни матерщали во оставштината на Кочо Pацин, туги ракописи и матерщали во оставштината на Кочо Pацин, периодични наслови во фондот, додатни ракописи.11
пВо електронски достапниот архив на Македонската академща на науките и уметностите постои систематизиран преглед на архивската грага на Фондот 'Кочо Гацин' (1908-1943), ко]ашто е подредена во 190 одредници (http://www.manu.edu.mk/racin/).
Токму рамноправната релевантност на сите книжевни и некнижевни траги од минатото, коишто го сочинуваат т.н. архивиран континуум, ]а втемелува толкувачката практика на новоисторичарите, кои, вообичаено, во историските документи бараат упатства за ново читаае на книжевните текстови. Елегца за тебе реферира на текстовниот комплекс, создаден низ ко-текстовите од и за Рацин: тоа се картичките и песните напишани од страна на поетот,12 историските документи до коишто дошле авторите на филмот во своето истражуваае (режисерот се повикува и на дневникот на сво]от дедо, ко] бил современик и прщател на Рацин), како и постелите текстуализирани интерпретации на животот и делото на Рацин. Признанието на авторите за архивските сондажи, мотивирани од потрагата по нови, заборавени, непознати, занемарени или свесно превидени текстуални траги, говори токму за она што го констатира и Монтроуз - дека трагите од минатото никогаш не се случало зачувани, туку дека тие се филтрирани низ суптилните соцщални процеси на паметеае и на забораваае, односно на свесно игнорираае. Во кра]на линща, тоа ]а осведочува и селективноста на секо] интерпретативен пристап кон исторщата. Имено, текстуалната посредуваност на минатото за актуелниот миг не подразбира единствено дека минатото е достапно онолку колку што е претставено во неговите текстуални траги, туку и онолку колку што тоа минато е релевантно за актуелниот контекст или, пак, ке може да се употреби за да се аргументира одредена вистина.
Во филмската приказна, пак, архивираниот континуум се илустрира и низ присуството на една метафикционална тема/постапка: тоа е сцената на поетот/авторот ко] седи на работната маса, фокусиран врз творечкиот чин. Првата сцена го прикажува Рацин во чинот на пишувашг на песната Денови, со фокус врз мигот на инспирацща. Во следната сцена, го следиме настанувааето на песната Ленка, со фокус врз создавааето не]зини варщанти. Третата сцена, пак, се однесува на пишувааето на картичките адресирани до Рахилка Фирфова, како и сцената во затворот, каде што картичките ги пишува со сопствената крв. Интерполацщата на овие сцени, секако, е во функцща на афирмираае на односот книжевност - стварност, уметност - живот, однос што теорщата го третира како средишна метафикционална тема, додека во историската констелацща во ко]а живее и твори Рацин, таа спрега е неминовност, составен дел од револуционерниот и од творечкиот ангажман на авторот. Впрочем, филмот, на неколку
12 Филмот е поделен на три дела: Денови, Тутуноберачите, Картичките.
рамништа, ]а заговара неодвоивоста текст - контекст, книжевност -исторща: то] упатува на можноста животот да се посматра, да се чита и да се толкува низ призма на поезщата/песните, односно ги посочува ситуациите кога песните се рагаат од животот, од стварноста и, повратно, илустрира]ки ги начините на коишто животот ]а рефлектира уметноста и уметноста го рефлектира животот.
Дополнително, ово] однос е сугериран и низ фактот што монолошките и дщалошките реплики во филмот, коишто се мошне ретки, се сведени на цитати од поезщата на Pацин - конкретно, од Кoпaчume, Ленка, Тamунчo, Дeнoвu, од картичките и од збирката Анmoлoгuja на бoлкama. Оттаму, фикционалниот универзум, населен со историските фигури, чщашто експресща и мегусебна комуникацща се одвива цитатно, низ стиховите на Pацин, ]а проблематизира одвоеноста уметност/книжевност - исторща, и тоа го прави во рамки на еден артистичен, фикционален филмски текст. Оваа релацща, заедно со процесите на текстовна продукцща, се проектирани и на повисоко рамниште: рамништето што се однесува на создавашето на филмот, ко], во кра]на линща, и самиот претставува текстовен продукт. Несомнено, филмскиот текст на Елегща за тебе е исткаен низ вкрстените референции мегу постелите текстови, односно низ авторското читаше (на сценаристите и на режисерот) на текстовните траги од и за Pацин. Во кра]на линща, игрите со текстуалните референции и со екстратекстуалните, интертекстуалните и интратекстуалните рамништа во Елегща за тебе потврдуваат дека станува збор за филмско читаше на животот на Pацин низ призма на неговата поезща, но и за филмско толкуваше на контекстите на толкуваше на неговите поетски текстови.
Тезата за историчноста на текстот, за контекстуалната втемеленост и на текстот што се проучува/толкува, но и на текстот во чиишто рамки се изведува проучувашето/толкувашето, што, практично, ]а легитмира релевантноста на контекстуализациите на секо] интерпретативен чин, е илустрирана во Елегща за тебе. Од една страна, филмската приказна ]а поентира историската условеност на уметноста/книжевноста со тоа што ги рефлектира околностите коишто го опкружуваат и го условуваат не]зиното создаваше, значи, ]а потврдува историчноста на текстот што се толкува. Од друга страна, темата Pацин е дислоцирана во актуелен историски, социо-културен, но и уметнички (филмски) контекст, а секо] од нив е обележан со сопствени специфики и конвенции, со сопствени кодови и хоризонти на очекуваше, кои, на сво] начин, го обременуваат, го филтрираат и го трансформираат текстот-предмет-на толкуваше. Тоа, во кра]на
линща, ]а потврдува контекстуалната, историчната обележаност и на текстовите во коишто се изведува толкувачкиот чин.
Токму самосвеста на авторите дека нивниот филмски (кон)текст (треба да) нуди поинаква интерпретативна верзща на животот и на творештвото на македонскиот поет и револуционер, подразбира и свест за постелите интерпретативни верзии, за прeтxоднитe толкувачки контекстуализации на Рацин, како фон со ко]што имплицитно полемизира Елегщ'а за тебе, но и како фон врз ко]што се реализира неговата рецепцща. Во кра]на линща, ефектот на трансконтекстуализацщата е оно] ко] ]а индицира историчноста на контекстот, биде]ки само низ трансгреси]ата на интерпретативните контексти ке се констатираат дистинктивноста и функционалноста на секо] од нив. Тоа е ефектот ко], врз премисата за исторщата како низа од расположливи ко-текстови, имплицира дека текстуалните остатоци од минатото не се непосредни сведоци на времето од коешто останале, туку дека тие, многу повеке, сведочат за процесите на пермутацща и на интервенцща на коишто се подложени со секо] а нивна контекстуална селидба. Со оглед на тоа, контекстуалните селидби му се нeопxодни на текстот, тие го потxранyваат, го инфузираат текстот, ги осмислуваат и преосмислуваат еднаш дадените значенски слоеви на текстот. „Значеаето е врзано за контекстот, а контекстот е безграничен" (Калер, 2012:105).
Затоа, текстот, да го парафразираме Mиxаил Баxтин, секогаш, „мириса на тугите контексти". Затоа текстот/творештвото на Рацин секогаш ке има сво] нов, поинаков, (раз)личен современ контекст на толкува&е.
Литертура:
Гурчинов, Милан.2008. Рацm u нaшemo пoemскo вpeмe. Во no mpaгume на
см^лата uубавтата. Битола: Микена. 46-56. Гурчинов, Милан. 2008. Рацm - наш сoвpeмeнuк. Во no mpaгume на смжлата
uубавтата. Битола: Микена. 57-61. Зафировска, Марща. 2007. Поетски филм на Зафирчев и Стефков: Емотивно
светло врз Рацин. Вест, 18 ]уни. Зафирчев, Васил. 2007. Лета лu мaгapemo, Утрински весник, 29 ]уни. Калер, Цонатан. 2012. Kнuжeвнa meopuja: сoсeмa кpamoкувoд.
СкощеЛоетики. Конески, Блаже. 1994. За Рацт, Скоще: Култура.
Печков, Петре. 2006. Bo Велес noчна да сеpeaлuзupa meлeвuзuскu пpoeкm
'Елегщ'а за тебе', noemскu фтм за Ko4o Рацт. Дневник, 27 ноември.
Печков, Петре. 2007. Создаден првиот филм за Рацин „Елегщ'а за тебе ", 2007, Утрински весник 10.6.
Спасов, Александар. 1991. Соопштение за дел од книжевната заоставштина на поетот Кочо Рацин. Во Кочо Рацин. Во Избрани страници. Ур. Спасов, Александар / Спасов, Л>удмил, Скоще: Култура.187-206.
Тра]коски, Д. 2006. Нов македонски поетски филм. Васил Зафирчев како Кочо Рацин. Вечер. 4 декември.
***
McHale, Brian. 2001. Postmodernist Fiction. London and New York: Routledge.
Montrouz A. Luis. 2003. Poetika ipolitika kulture. In Novi Istoricizam i kulturni materijalizam. Prir. Zdenko Lesic, Beograd:Narodna mjiga. 104-137.
Turkovic, Hrvoje. 2003. Poetski film. In Filmski leksikon. Ur. Kragic, Bruno/Gilic, Nikica, Zagreb: Leksikografski zavod Miroslav Krleza.