Научная статья на тему 'КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ЛИКОТ „ЛОШ“?'

КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ЛИКОТ „ЛОШ“? Текст научной статьи по специальности «Языкознание и литературоведение»

CC BY
28
5
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
ОНТОЛОШКА ДОМИНАНТА / ПОСТМОДЕРНИСТИЧКИ РОМАН / МЕТАФИКЦИјА / ИНТЕРТЕКСТУАЛНОСТ / ТРАНССВЕТОВНИ ИДЕНТИТЕТИ / РЕКУРЗИВНИ СТРУКТУРИ / РЕЦЕПЦИјА

Аннотация научной статьи по языкознанию и литературоведению, автор научной работы — Ѓорѓиева-Димова Марија

Теориските дескрипции на постмодернистичката проза, понудени од страна на Брајан Мекхејл, Патриша Во, Дубравка Ораиќ Толиќ, ја потенцираат онтолошката доминанта, којашто во конкретните книжевни текстови е отелотворена во тематиката на онтолошките проблематизации на границите меѓу световите и текстовите. Овој текст интерпретативно ќе ги елаборира овие теориски премиси врз романот Ќерката на математичарот од македонскиот автор Венко Андоновски. Толкувачкиот фокус ќе биде поставен врз три рамништа: 1. врз интерпретацијата на онтолошките теми во романот; 2. врз метафикциските постапки (интертекстуалноста, интратекстуалноста, транстекстуалноста, вакантната цитатност, рекурзивните структури, транссветовните идентитети), преку коишто тие теми се артикулираат во романот; 3. врз толкување на функцијата што ја имаат тие постапки во однос на демонстрирањето на онтолошките игри со границите меѓу световите (книжевност - стварност, уметност - живот, факт - фикција, автор - лик) и меѓу текстовите (оригинали и плагијати, текстови и метатекстови) и меѓу жанровите. Интерпретацијата на романот на Венко Андоновски доведе до два заклучоци со теориски импликации: прво, сите постапки учествуваат во афирмацијата на комплексната метафикциска тема за односот стварност - фикција и во таа смисла учествуваат во редефинирањето на класичното поимање на романот како миметички жанр; второ, онтолошките игри кои учествуваат во романескната структура се прелеваат и во чинот на рецепција на текстот, вовлекувајќи го и читателот во онтолошките игри.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

WHO'S AFRAID OF THE BIG BAD CHARACTER?

The theoretical descriptions of postmodernist fiction, offered by Brian McHale, Patricia Waugh, Dubravka Oraic Tolic, emphasize the ontological dominant that is embodied in the literary texts as a problematization of the boundaries between worlds and texts. This paper will elaborate these theoretical premises through the interpretation of the novel The Mathematician's Daughter by the Macedonian author Venko Andonovski. The interpretive focus will be on three levels. 1. the interpretation of ontological themes in the novel; 2.interpretation of metafictional devices (intertextuality, intartextuality, transtextuality, vacant quotation, recursive structures, transworld identities), through which these themes are articulated in the novel; 3. the interpretation of the function that these metafictional devices have in demonstration of ontological games with the boundaries between worlds (literature - reality, art - life, fact - fiction, author-character) and between texts (original and plagiarized, texts and metatexts). The interpretation of Venko Andonovski's novel led to two conclusions with theoretical implications. First, all devices in the novel participate in the affirmation of the complex metafictional theme (the reality-fiction relationship) and, in that sense, participate in redefining the understanding of the novel as a mimetic genre. Second: the ontological games that participate in the novel's structure spill over into the act of reception of the text, also involving the reader in ontological games.

Текст научной работы на тему «КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ЛИКОТ „ЛОШ“?»

Philol.ogi.cal. Studies 19, 2, (2021), 1-16

Прегледен труд

УДК: 821.163.3-31.09Andonovski ^:111 DOI: 10.17072/1857-6060-2021-19-2-1-16

КОJ СЕ ПЛАШИ ОД ЛИКОТ „ЛОШ"?1

Марща Горгиева-Димова

Филолошки факултет „Блаже Конески " во Скоп/е Универзитет „ Св. Кирил и Методи/ " во Скоп/е

Клучни зборови: онтолошка доминанта, постмодернистички роман, метафикцща, интертекстуалност, транссветовни идентитети, рекурзивни структури, рецепцща.

Резиме: Теориските дескрипции на постмодернистичката проза, понудени од страна на Бра]ан Мекхе]л, Патриша Во, Дубравка Ораик Толик, ]а потенцираат онтолошката доминанта, ко]ашто во конкретните книжевни текстови е отелотворена во тематиката на онтолошките проблематизации на границите мегу световите и текстовите. Ово] текст интерпретативно ке ги елаборира овие теориски премиси врз романот Керката на математичарот од македонскиот автор Венко Андоновски. Толкувачкиот фокус ке биде поставен врз три рамништа: 1. врз интерпретацщата на онтолошките теми во романот; 2. врз метафикциските постапки (интертекстуалноста, интратекстуалноста, транстекстуалноста, вакантната цитатност, рекурзивните структури, транссветовните идентитети), преку коишто тие теми се артикулираат во романот; 3. врз толкуваае на функцщата што ]а имаат тие постапки во однос на демонстрирааето на онтолошките игри со границите мегу световите (книжевност - стварност, уметност - живот, факт - фикцща, автор - лик) и мегу текстовите (оригинали и плагщати, текстови и метатекстови) и мегу жанровите. Интерпретацщата на романот на Венко Андоновски доведе до два заклучоци со теориски импликации: прво, сите постапки учествуваат во афирмацщата на комплексната метафикциска тема за односот стварност -фикцща и во таа смисла учествуваат во редефинирааето на класичното поимаае на романот како миметички жанр; второ, онтолошките игри кои

1 Насловот на трудот е парафраза што алудира на детската песничка „Ко] се плаши од волкот лош?" и то] е мотивиран од об]аснувааето на уредникот во предговорот на романот: „Отсега ке пишувам само дела во кои ке се опишувам себеси. Се плашам од можноста ликовите и натаму да ми оживуваат и да ми додеваат со каприциозни барааа за нови романи со нив, со судбини според нивна желба. Како да сум литературен келнер!" (Андоновски 2019: 11).Сво]ата авторска немок пред ликот ]а признава и во Втората белешка на уредникот: „Сепак, попуштив. Ко] ке се расправа со Ема?!" (Андоновски 2019: 170).

учествуваат во романескната структура се прелеваат и во чинот на рецепцща на текстот, вовлекува]ки го и читателот во онтолошките игри.

WHO'S AFRAID OF THE BIG BAD CHARACTER?

Marija Gjorgjieva Dimova

Blaze Koneski Faculty of Philology in Skopje Ss.Cyril and Methodius University in Skopje

Keywords: ontological dominant, postmodernist novel, metafiction, intertextuality, transworld identity, recursive structures, reception

Summary: The theoretical descriptions of postmodernist fiction, offered by Brian McHale, Patricia Waugh, Dubravka Oraic Tolic, emphasize the ontological dominant that is embodied in the literary texts as a problematization of the boundaries between worlds and texts. This paper will elaborate these theoretical premises through the interpretation of the novel The Mathematician's Daughter by the Macedonian author Venko Andonovski. The interpretive focus will be on three levels. 1. the interpretation of ontological themes in the novel; 2.interpretation of metafictional devices (intertextuality, intartextuality, transtextuality, vacant quotation, recursive structures, transworld identities), through which these themes are articulated in the novel; 3. the interpretation of the function that these metafictional devices have in demonstration of ontological games with the boundaries between worlds (literature - reality, art - life, fact - fiction, author-character) and between texts (original and plagiarized, texts and metatexts). The interpretation of Venko Andonovski's novel led to two conclusions with theoretical implications. First, all devices in the novel participate in the affirmation of the complex metafictional theme (the reality-fiction relationship) and, in that sense, participate in redefining the understanding of the novel as a mimetic genre. Second: the ontological games that participate in the novel's structure spill over into the act of reception of the text, also involving the reader in ontological games.

Бараме овде еден автор ... Каков и да е!

Луици Пирандело, Шест лица бараат автор

Теориски контекстуализации

Теориските дескрипции на постмодернизмот, понудени од страна на Бра]ан Мекхе]л, поагаат од тезата за онтолошката доминанта на постмодернистичката проза во смисла на тоа дека постмодернистичките текстови ги актуализираат т.н. „посткогнитивни праша&а" (McHale 2001:10), што се однесуваат или на онтологщата на

книжевниот текст или на онтологщата на светот, проектиран во него. Онтолошките тематизации yпатyваат на можните проблематизации на границите мегу световите и мегу текстовите, генерира]ки го т.н. „онтолошки скандал" (McHale 2001: SS) ка^ двоен индикатор и на „онтолошкиот релативизам", со што се опишyва состсубата на слободно поместувате и движете во различни насоки и паралелното поставувате на мноштвото облици на постоете. Неминовно, во тие процеси е вклyчeна и книжевноста, чщшто онтолошки cтатyc, подеднакво, е разнишан. Дyбpавка Ораик Толик jа лоцира потврдата на овие процеси во двете доминантни карактеристики на постмодернистичката книжевност: во интepтeкcтyалноcта и во проблематизираните релации факт - фикцща. Во првиот cлyчаj, примарен cтанyва односот на книжевниот текст со другие текстови, така што книжевноста повеке не се сооднесува непосредно на референтниот свет и на неговите значета, туку до нив доага посредно и интерпретативно упатена кон другите текстови, додека, пак, прелеватето мегу подрач]ата на фикцщата и на фактот ]а засведочува дестабилизираноста на границите мегу книжевноста и стварноста, мегу фикцщата и фактот, со можност за слободно движете во двете насоки: „Колку е посилна конструкцщата и фикционализацщата на стварноста, толку се посилни и одговорите на стварноста 'стварна' или конструирана" (Oraié 200S: 1S7).

Во конкретните книжевни текстови онтолошките теми се артикулирани преку репертоарот метафикциски постапки што ги оголуваат модалитетите на кршете на рамките/границите, а со цел проблематизирате на дихотомниот однос мегу светот на фикцщата и емпирискиот свет, и/или проблематизиратето на односот мегу текстовите и световите проектирани во нив: „Кршетето на рамката е ризична работа. Намерата е да воспостави апсолутно ниво на реалност, но, парадоксално, ]а релативизира реалноста; намерата е да обезбеди онтолошки стабилна основа, но уште повеке ]а дестабилизира онтологщата" (McHale 2001: 197). За функционалноста на метафикциските постапки во оголуватето на игрите со границите говори и Патриша Во: „Метафикцщата не е толку поджанр на романот, туку тенденцща во романот ко]а оперира преку истакнувате на тензиите и опозициите што се инхерентни во сите романи: помегу рамката и кршетето на рамката, помегу техниката и контратехниката, помегу конструкцщата и деконструкцщата на илузщата" (2001:15).

Интерпретативни контекстуализации

Постмодернистичката книжевност промовира широк спектар постапки што ja афирмираат онтолошката плyрaлност и нестабилност на книжевниот текст/свет,2 што е одлично демонстрирано и во романот KepKama Ha мameмamuчapom (2014) на македонскиот автор Венко Aндоновски, ко]што поигрува&ето со онтологщата на светот и на текстот го реализира преку постапките што го оголyвaaт постоеаето мyлтиплицирaни светови, процесите на констрyкциja и на дестабилизацща на светот проектиран во текстот, како и нивелациите на мегутекстовните граници.

Во романот на Aндоновски ефектот на „онтолошки скандал" е постигнат прекy наративната стрyктyрa. Романот зaпочнyвa со три пaрaтекстyaлни влеза: поднасловот (Мucmuчнo-кpuмuнaлucmuчкu лyбoвeн poмaн 3a moa KaKo дa ce uзбeгнe cyдбuнama); кусото упатство од авторите и од уредникот („Сите из]ави, ликови и настани во ова сочинение се измислени. Секое совпага&е со из]ави, личности кои постоеле или постсуат, или со настани кои се случиле, е плод на случа]ност") ^ндоновски 2019: S) и Пpeдгoвopom Ha ypeднuкom co вaжнo ynamcmвo 3a чumaк>e (потпишано од Венко Aндоновски), што е поставен како рамковна приказна. Сите тие имаат паратекстуална функцща (Женет 2003: 65-66): не само што упатуваат на жанровската припадност на текстот (поднасловот го означува романот како жанровски хибрид), туку го (де)мистифицираат и неговото настануваае според конвенцщата прона]ден/приреден ракопис, па во таа смисла ja насочуваат и рецепцщата на текстот. Имено, според об]аснувааето во предговорот, романот, сочинет од „два романа со еден заеднички кра]", што се надополнуваат, е дело на ликовите од претходните романи на Венко Aндоновски, кои во еден миг од него бараат (ко)авторска интервенцща во нивниот ракопис. То], иако ja признава интервенцщата во ракописот, сепак, одлучува да биде само негов уредник. „Реков и ке повторам - ова воопшто не е мо] роман ... Значи ово] чуден роман го напишаа моите ликови Црвенокосата, Русокосата и Чарли Хит (од Beшmuцa), кои на]веро]атно

2Иако во постмодернистичи контекст станува збор за поетичка доминанта, сепак, поигрувааата со границите се илустрирани многу порано, на пример, во драмата на Луици Пирандело Шecm лuцa бapaam aвmop (1921). На еден исклучително инвентивен начин онтолошките теми и метафикциските постапки се артикулирани и во филмот на Марк Форстер Пoчyднo oд ф^ц^Ь (2006): главниот филмски лик почнува да го слуша гласот на авторката во чщшто роман, што е во процес на создаваае, то] е главен лик, што треба да умре. Во даден момент, ликот решава да трага по сво]от автор и да интервенира во сво]ата романескна судбина. Конечно, таа игра со границите мегу световите и текстовите е демонстрирана и во драмата Гuлдecmepн u Рoзeнкpaнц ce мpmвu (1966) на Том Стопард.

самоиницщативно се сретнале на та]но заседание каде дискутирале колку праведно сум постапил кога сум им ги определил судбините во претходниот роман. Незадоволни од рол]ите што сум им ги доделил таму, решиле сами да си определат судбини, определува^и си нова тема, за ко]а секо] од нив ке се из]асни ... Така таа дружина, одметната и незадоволна од писателот, решила сама да си напише роман, со ко]што ке покаже дека судбината може да се избегне, нешто што наводно не им било ]асно кажано во моите претходни романи кои за нив биле, цитирам, 'гол песимизам иво' и 'романтичарско кукате над фатализмот ' ... Се согласив да бидам само еден вид уредник ... Мо]а задача беше да ги прочитам нивните текстови, да ги кратам, да дополнам таму каде што имаше малку, стилски да го потсуредам ракописот, и што е на]важно - да се погрижам да функционира приказната, односно целината, што овде е огледална ... Токму затоа не можам да го потпишам ова дело" (Андоновски 2019: 7-S).

Вакаструктурираната цитатна мистификацща, сочинета од повекекратно интерполирани текстови ги прави видливи мноштвото онтолошки нивелации во романот: ги оголува преплетуватата мегу световите на фикцщата и на стварноста, на животот и на книжевноста, мегу световите на авторите, на нараторите, на ликовите и на читателите, односно мегу процесите на пишуватето, процесите на раскажуватето и процесите на читате/коментирате. Во оваа смисла, KepKama на мameмamuчapom го истакнува сво]от онтолошки статус, сво]от модус на постоете, притоа употребува^и неколку типичнометафикциски стратегии за реализацща на онтолошките игри со границите мегу световите и мегу текстовите. Конкретно, станува збор за комплексот постапки што упатуваат на судирот мегу два или повеке света и коишто на то] начин го оголуваат плуралитетот светови и границите мегу нив, односно комплексот постапки што се во функцща на дестабилизацща на проектираниот свет и кои паралелно го истакнуваат процесот на негова конструкцща, демонстрира^и го слабеетето на фикцискиот свет.

Наративната структура на романот, сочинета од рамковна приказна со бро]ни секундарни наратори, ]а ефектуира повекекратната онтолошка нестабилност, демонстрира^и го поместуватето на границите мегу реалните автори (Венко Андоновски) и фиктивните автори (книжевните ликови Чарли Хит, Меглена, Ема Пил); мегу уредникот - коавтор (Венко Андоновски) и ликовите - коавтори; мегу авторите (трите лика) и псевдоавторите (ликот Алваро Муертес); мегу авторите на книжевни текстови и ликовите во книжевните текстови, така што во кра]на линща, сите овие (реални и фикциски)

фигури, припадници на различни онтолошки рамништа, т.е. светови, како да се одразуваат мегусебно со што го демонстрираат нивелирааето на границите мегу тие светови. Дополнителен ефект од оваа динамизацща на наративните (хиподиегетските) рамништа е варщацщата на нараторите и на наративните модуси. Имено, во романот постегано се менуваат раскажувааето во прво, во второ и во трето лице, односно сезнаечкиот наратор во трето лице, ликовите -наратори во прво лице (Чарли Хит, Меглена, Математичарот, т.е. таткото на Ема, Евлантща, Тео), неантропоморфниот наратор во прво лице (хотелската крпа), уредникот како наратор во прво лице, а необична постапка е пастишно-структурираната прва глава Kpcm:33,33 од втората Кн^а Pacnemue, сочинета како графичко-стилска имитацща на евангелското (рас)кажуваае.

Мултиплицираното наративно врамуваае, како стратегща за онтолошко истакнуваае во романот, користи уште една метафикциска постапка - рекурзивните структури, што Линда Хачион ги класифицира во постапките именувани како „отворен диегетски нарцизам" (1984: 7). Според Мекхе]л, „внесувааето рекурзивни структури - вгнездувааето, врамувааето има ефект на прекинуваае и на компликуваае на онтолошкиот хоризонт на фикцщата, мултиплицира]ки ги не]зините светови и оголува]ки го процесот на конструкцща на свет" (2001: 112). Во KepKama на мameмamuчapom овие структури го генерираат удво]увааето од типот приказни во приказна, односно роман во роман, роман покра] роман, но и роман за романот или метароман, така што овие кумулативни ефекти се во функцща на дестабилизираае на фикцискиот свет: секо]а промена на наративното рамниште повлекува и промена на онтолошкото ниво, т.е. промена во светот. Иако секогаш постои онтолошки дисконтинуитет мегу примарната диегеза и хиподиегетските светови, то] дисконтинуитет не мора да е истакнат нужно, така што рекурзивната структура е во функцща на потенцираае на постмодернистичката онтологща: постапките мора да се фокусираат врз она што ja истакнува онтолошката димензща, па затоа е битна фреквентноста на прекинувааето на примарната диегеза со секундарни, хиподиегетски текстови, со репрезентации во репрезентации. Овие рекурзивни структури се видливи и на пониско рамниште: имено, романот започнува со реченицата „Писателот Aлвaро Муертес почина на 14 октомври 2007 година, во Таормина, на симпозиумот на европските театролози на тема: 'Колку уметноста може да ja смени судбината?' " ^ндоновски 2019: 15), а токму во насловот на симпозиумската тема е содржана и темата на романот што го пишуваат ликовите, односно

содржана е нивната авторска интенцща - дали и колку може да се интервенира во сопствената судбина? Идентична постапка е употребена и на други места во романот: „И кога веке авионот се искачи на присто^а височина, таа ]а отвори чантата и ]а извади штотуку купената книга на аеродоромот. Jа прочита првата реченица: Кога авионот се искачи на пристоjна височина, таа jа отвори чантата и jа извади штотуку купената книга на аеродоромот. Й снема воздух. Ова не ми се случува првпат, си рече. Да читам нешто што ми се случува во моментот или да помислам нешто веке следниот миг што ке ми се случи" (Андоновски 2019: 17): „Беше сигурна дека некогаш во неко]а книга има реченица ко]а почнува со 'Алваро Муертес почина на... ' " (Андоновски 2019: 131). На повисоко рамниште, рекурзивните структури ефектуираат со повекекратни симултани проблематизации и на границите мегу животот и книжевноста, мегу авторот и читателот, мегу авторот и коавторот/редакторот, мегу пишува&ето и читааето.

Бра]ан Мекхе]л го посочува авторот како уште едно средство за афирмацща на онтолошките теми во постмодернистичкиот роман, ко]што одново ]а актуализира темата на авторот/авторството: „Авторот е онтолошки амфибиска фигура, наизменично присутна и отсутна, ко] функционира на две различни нивоа на онтолошката структура: како средство на автобиографскиот факт внатре во проектираниот фикциски свет и како креатор на то] свет, видливо окупира]ки го онтолошкото ниво кое му е супериорно" (2001: 202). Во постмодернистичкиот роман „авторот е слободен да не соочи со сликата за себе во чинот на продукцща на текстот" (МсНа1е 2001:199). Токму метатемата на авторството и метафикциските постапки на оголуваае на авторската позицща се дел од онтолошките игри во Керката на математичарот, предизвикува]ки „краток спо]" (МсНа1е 2001: 213-215) мегу различните наративни и онтолошки рамништа. Ако фикцискиот текст подразбира хиерархиски координирана релацща мегу авторот, нараторот, приказната, имплицитниот и реалниот читател, при што авторот и реалниот читател се дел од екстратекстуалната комуникацща, тогаш метафикцщата сите овие елементи ги посматра како интегрални делови на фикцискиот свет, редефинира]ки ]а комуникацщата мегу нив, и самосвесно проблематизира]ки ]а дистанцщата уметност - реалност: „Во метафикцщата сите елементи на диегетскиот универзум се доведени во ' креативен хаос': одново се мешаат функциите на авторот, раскажувачот, читателот, се демонстрира побунетост на сите текстуални фигури и инстанции - од нараторот до ликот" (Могащак-

Bamburaé 2003: 220-221). Токму романот на Aндоновски го прикажува перманентниот процес на трансфигурацща и на трансмутацща на комуникативните и на наративните улоги, па онтолошките нивелации се ефектуираат и преку мултиплицираното (ко-, псевдо-)авторство. Воведувааето автори, коавтори и псевдоавтори во романескниот текст конструира комплексна структура - текстови во текст, така што романот ги фокусира токму процесите на читаае и на толкуваае на тугите и на сопствените текстови. Кра]ниот ефект, повторно, е уште еден „онтолошки скандал" што резултира со повекекратното поместуваае и рушеае на границите мегу книжевноста (рамништето каде што се поставени книжевните текстови на авторите) и реалноста (рамништето каде што редакторот го освестува процесот на создаваае на еден фикциски текст/свет). Во контекст на метатемата на авторството романот актуализира уште еден топос - писателот на работна маса. Според Мекхе]л, авторите на метафикциските текстови го воведуваат она што се чини дека е непорекливо реална реалност во нивниот перформанс како писатели - а тоа е актот на самото пишуваае (2001: 198). Ово] топос има и онтолошки импликации, биде]ки: „зад реалноста на писателот на работната маса лежи супериорната реалност на самото пишуваае; но зад реалноста на пишувааето мора да лежи супериорната реалност на актот на пишувааето што го продуцира ... Секогаш кога еден елемент на онтолошката структура или неко]а онтолошка граница се истакнува, се истакнуваат и улогата и активноста на авторот. Ко] друг би бил одговорен за практиката на истакнуваае, ко] друг би ja носел интенцщата за истакнуваае, ако не авторот?" (McHale 2001: 198-199). Низ призма на интратекстуалните релации на ниво на романескни постапки, станува препознатлива поетичката интенцща на романсиерот Aндоновски - неговата авторска намера за создаваае книжевен, романескен текст што ке ги афирмира онтолошките теми, односно ке го демонстрира процесот на трансгресираае на границите мегу текстовите и световите, проектирани во нив. Во предговорот на ово] роман се опишува целиот процес на правеае на текстот/романот од страна на уредникот - коавтор, како и упатствата за негово читаае, отвора]ки притоа и пошироки (авто)поетички прашааа. Истата функцща ja имаат и двете белешки на уредникот со кои се прекинува наративниот тек на романот на ликовите, а со цел да се коментира процесот на неговото создаваае, што демонстрира уште една онтолошка акробацща: „Честопати, реалниот автор зачекорува во фикцискиот свет, пречекорува]ки ги онтолошките разграничувааа, наместо да го интегрира фикциското со реалното како во

традиционалниот омнисцентен наратив, авторот ги разделува коментира^и, не врз содржината на приказната, туку врз актот на раскажувате, врз конструкцщата на приказната" (Waugh 2001: 131).

Интертекстуалните постапки се уште една метафикциска cтpaтeгиjа со ко]ашто KepKama на MameMammapom ]а оголува онтологщата на текстот, во насока на проблематизацща на мегутекстовните граници, но и на границите мегу жанровите и световите. Романот интегрира неколку типови (интер)текстови, употребува^и различни референцщални сигнали.

а. Мотоцитатите на почетокот од романот и на почетокот од одделни поглав]а се надворешен експлицитен сигнал за „ефективното присуство на еден текст во друг" (Женет 2003: 64). Низ романот има бро]ни (цитатни, алузивни, евокативно-реминисцентни) упатувата на фрагменти од други текстови: на пример, од книгата Жuвomom на Емaнуeл Свeдeнбopг од Цорц Тробриц, од П. М. Андреевски,3 од Евангелието по Лука, од батата за Црвенкапа, од филмските текстови (постапките на ликовите често се споредуваат со постапките на филмските ликови: Амелща Пулен, Херкул Поаро, Цон Ве]н).

б. Целиот роман е интертекстуално структуриран, користе^и ]а цитатноста како експлицитна интертекстуалност (текст во текст), поточно моделот на вакантна цитатност.4 Имено, романот е цитатно приопштувате на два романи (еден во друг), насловени Книга Нeвuнocm и Книга Pacnemue, со заедничкиот кра] насловен Книга Вocкpeceнue, обединети под заедничкиот наслов KepKama на MameMammapom, а тие, заедно со предговорот на уредникот се об]авени во романот насловен KepKama на MameMammapom. Дополнително, во романите цитатно се вметнати и неколку есеи (за чудото, за смртта, за порнографщата), така што се добива еден комплексен текст, раслоен според механизмот на матрешка - текстови во текстови во текст. Оваа интертекстуална постапка, особено популарна во постмодернистичкиот роман, не само што посредува во воспоставуватето на релациите книжевност - книжевност, проблематизира^и ]а конвенционалната граница книжевност -стварност, уметност - псевдоуметност, оригинал - плагщат, туку сугерира и покомплексни поетички поместувата.

3 „И во Скоп|е, и по светот, и во зима и во лето, и на небо и на зем]а и во мракот и во зракот (ова ке и го напишам, знам дека го сака П. М. Андреевски)" (Андоновски 2019: S7).

4 Вакантната цитатност типолошки спага во групата цитати според обемот на совпагате мегу прототекстот и цитатот, а се одликува со отсуство на цитатната еквиваленцща мегу нив (Oraié 1990: 1S-21)

„Интертекстуалноста поставува модел на референцщалност ко] не може да дистингвира мегу референцщата кон светот и референцщата кон другите текстови, биде^и текстуалноста е вовлечена во сè" (Currie 1998: 70). Видливото напуштаае на миметичките модели во книжевноста се потврдува и преку структурните префокусирааа во романите - нивниот фокус е врз текстот, врз знаковноста, врз ]азикот како предмет и неговата способност да создаде фикциска илузща, што во теориска смисла значи префокусираае од мимесисот врз семиозисот, од денотативното врз конотативното, од означеното врз ознаката: „Во книжевноста каде што на]важен е односот на текстот спрема текстот, на литературата спрема литературата, на преден план, неминовно, се поставува оно] тип текстови во коишто таквиот однос се воспоставува наполно. A таквите текстови, секако, се критичките текстови, металитературата, воопшто. Навистина, текстовите за книжевноста, може да се каже, се водечка книжевност на постмодерното време" (Pavlicié 1989: 41).

Jyриj М. Лотман ja посочува разграниченоста на текстот како една од неговите конститутивни одлики (2005: 88-90), ко]ашто станува видлива единствено преку динамичното преместуваае и поместуваае, како на надворешните граници, така и на внатрешните граници. Иако врамувааето на текстот не се внесува внатре во него (врамувааето секогаш игра улога на предупредувачки сигнал за почетокот/кра]от на текстот), сепак, книжевната практика честопати го демонстрира внесувааето на рамката внатре во текстот што, пак, ефектуира со поместуваае на читателското внимание „од пораката врз кодот" (Лотман 2003: 58-59). Токму структурата текст во текст во ко]ашто „разликата во кодирааето на разните делови на текстот станува откриена со факторот на авторската конструкцща и на читателското восприемаае на текстот" (Лотман 2003: 52-53) претставува еден механизам за оголуваае на присуството на границите на/во текстот. Според Лотман, структурата текст во текст има повекекратна функцща во однос на оголуваае на структурната релевантност на границите, интензивира^и го „моментот на игра во текстот" (иронична, пародична, театрализирана), како и „играта на спротивставувааа 'реално/условно' " (2003: 53). Покра] варщантите кога текстот и врамувааето се преплетуваат, па сеюз] од нив се по]авува и како текст што врамува и како текст што е врамен, се вообичаени и структурите при ко]што „еден текст се дава како непрекинато раскажуваае, а другите се воведуваат во него во посебен фрагментарен вид (цитати, упатувааа, епиграфи и сл.)" (Лотман 2003: 58-59).

Интертекстуалната конструкцща на KepKama на MameMammapom има дополнителни онтолошки импликации и во однос на онтологщата на текстот и во однос на онтологщата на светот проектиран во него, биде^и употребата на структурата текст во текст ]а потенцира играта „реално - условно": „... ако дво]ната кодираност на определени единици на текстот ко]а се изедначува со уметничката условност, води кон тоа основното пространство на текстот да се восприеми како реално" (Лотман 2003: 53), тогаш фикциските приказни за ликовите во претходните романи на Андоновски (фикцискиот универзум проектиран во неговите текстови) стануваат дел од „реалниот свет" на ликовите, светот проектиран во KepKama на MameMammapom. Префокусиратето од пораката врз кодот, што резултира од таквата интертекстуална структура генерира асиметрично удво]увате на спрегата „реално - условно", што е особено видливо од позицщата на читателите на романот за коишто двата света, и „реалниот" и фикцискиот, се еднакво фикциски. Во таа смисла, интертексту алните постапки, како дел од метафикцискиот репертоар, претставуваат комплексна онтостратегща што ефектуира со динамизирате на границите мегу текстовите и мегу световите.

Ако поземе од дефиницщата на Линда Хачион дека метафикцщата е фикцща за фикцщата, т.е. „фикцща ко]а во себе вклучува коментар на сопствениот раскажувачки и/или ]азичен идентитет" (1984: 1), односно од теорщата на Марк Кари дека метафикцщата подразбира и (само)свест за традицщата и за сво]ата позицща во неа (1998: 2), тогаш KepKama на MameMammapom, како типично метафикциски роман, го афирмира коментарот, структуриран и како текст во текст и како текст за друг текст. Коментарот, практично, го врамува романот, ко] започнува со предговорот - упатство на уредникот, еднакво како што низ романот се расфрлани експлицитните коментари (на уредникот, на нараторите и на авторите) што се однесуваат на процесите на пишувате и читате, како и коментарите на одделните книжевни теми и категории (на пример, коментарите за природата на романескниот жанр, за односот автор - лик, за реализмот и за фантастиката, за гледната точка). Коментарот како метафикциска постапка има особено комплексна (и автореференцщална и метатекстуална) функцща, фокусира^и се критичкиинтерпретативно и врз текстот што е во процес на создавате (романот на ликовите), но и врз книжевноста, воопшто. Следствено, структурата текст(ови) во текст ]а афирмира и структурата текст покра] текст, односно текст за(д) текстот: „Неколкупати ги опоменав дека не е можно да се напише роман без општество, роман само за судбината, затоа што како професор по

книжевност многу добро знам дека роман без onшmecmвo, без то] колективен, но пресуден лик за трагедщата на поединецот - не е можен! Та романот е наследник на епот во модерната епоха, а епско не бидува без лик ко] или работи во полза на општеството или има конфликт со него!" (Aндоновски 2019: 8). „Нема фантастика и реализам. Сé зависи како гледаш. За еден безверник, Библщата е фантастика ... За еден монах таа е чист реализам, пореалистична книга и од Boj^a u мup на Толсто]" ^ндоновски 2019: 40-41). „Тоа се такви книжевни фекалии, такви општи места за смртта и за лубовта какви што уште можеш да на]деш само во бестселерите на Гщом Мисо, Французинот, чии романи носат наслови како стихови истргнати од турбофолк-песни - Само биди овде, Затоа што те лубам, Врати ми се ... Тоа ти е депилирана книжевност, книжевност од ко]а е отстранета секаква вистинска чувственост, обична книжевна неоромантичарска, шмерц мода" (Aндоновски 2019: 57).

Интертекстуално посредуваното релативизираае на текстовните граници во романот на Aндоновски ja демонстрира и трансгресщата мегу оригиналот и плагщатот, преку творечката продукцща на еден од ликовите, романсиерот Муертес, ко], како хонорарен професор по креативно пишуваае, ги подложува на плагираае трудовите на студентите, злоупотребува^и ги при создавааето на своите романи: „Диверзантската дво]ка стои пред отворените фиоки и не може да се изначуди: стотици есеи, идеи за раскази, романи, сите потпишани со туги имиаа и презимиаа, од сите краишта на светот. И во сите нив потцртани делови, а на маргините стои: Юва да се искористи за книгата no^edmmo namyearne на cmapuom 6pod\ или 'За романот Пmuцume yмupaam no^edm ' или 'За есе]от за значеаето на театарската сценографща'... Oбичен измамник - плагщатор!" ^ндоновски 2019: 156).

Интересна постапка на поигруваае со текстовните граници во романот е интратекстуалноста, како механизам на имплицитно автореференцщално и автопоетичко индицираае на постапките од страна на романсиерот. Уредникот во предговорот ja оголува интратекстуалната врска со своите претходни романи (на ниво на теми, но и преку ликовите), макар што и на ниво на постапки за читателот е видлива интратекстуалната врска мегу неговите романи KepKama на мameмamuчapom, nanoKom на ceemom и Азбука на нenocлyшнume: „Да кажам уште на почетокот: сите оние кои ги читале моите романи Азбука на нenocлyшнume, nanoKom на ceemom, Beшmuцa и книгата раскази Фpecкu u гpomecкu ке ги препознаат моите ставови за лубовта, смртта и судбината, дрско плагирани од моите ликови ...

Како и во Папокот на светот и овде cè е спорно" (Андоновски 2019: 10).

Уште една онтостратегща, т.е. интертекстуална постапка со ко]ашто се оголуваат онтолошките теми во романот се однесува на присуството на т.н. транссветовни идентитети „мегу ликовите во проектираните светови и историските фигури од реалниот свет" (McHale 2001: 17).5 Транссветовните идентитети и нивните миграции варираат, било преку присуството на историски личности во фикцискиот свет, било преку претставувааето на историски невозможната средба мегу историски фигури во фикциски свет, било преку поза]мувашг фикциски ликови од други фикциски светови, што, пак, го индицира навлегувааето на еден свет во друг, како и дестабилизирааето на онтолошките граници мегу световите, испрака]ки „шок бранови низ онтолошката структура на то] свет" (McHale 2001: 85). Дополнителнно, трансмиграцщата на лик од еден фикциски универзум во друг го истакнува интертекстуалниот простор и неговото интегрираае во структурата на актуелниот текст. Дел од ликовите, за кои авторот - уредник соопштува дека мигрираат од претходните негови романескни текстови,6 односно од световите во нив, се вид транссветовни идентитети што го обезбедуваат симултанизмот мегу текстовите и световите низ коишто трансмигрирале како своевиден фон врз ко]што се исцртува нивната функцща во новиот (кон)текст. Притоа, ликовите се свесни за сво]ата фикционалност и стануваат носители на металептичката функцща (функцщата на кршеае на наративните и онтолошките нивоа), вознемирува]ки ]а онтолошката хиерархща мегу нивоата преку нивната свест за рекурзивните структури во кои се наогаат себеси односно преку движеаето низ онтолошките нивоа.7 „Тогаш ми рече дека е лута што сум ]а запалил на клада и дека длабоко напреднала со пишувааето на ceojom роман, дека не само секо] човек туку и секо] книжевен лик има право да биде ковач на сво]ата судбина

5 Терминот е преземен од студщата на Умберто Еко: „Lector in Fabula: pragmatic strategy in a metanarrative text", The Role of the Reader: Explorations in the Semiotics of Texts, Bloomington and London: Indiana Universirty Press, 1979: 200-266.

6 Покра] ликовите што се набро]ани во предговорот, како ликови од претходните романи на Андоновски, во втората книга од Керката на математичарот се по]авува како лик и ма]сторот Sвездан, ко]што потоа се по]авува и во расказот Сенката на ма]стор Sвездан во збирката Припитомуватето на кучката (2018).

7 Илустративен е примерот на Хулио Кортасар во расказот Континуитетот на парковите (1978): ликот чита роман во ко] убиецот се движи низ паркот, влегува во куката за да го убие мажот на неговата лубовница - т.е. ликот што го чита романот. Континуитетот во ово] текст, парадоксално, се однесува на континуитетот мегу вгнездениот наратив и примарниот наратив, крше]ки ]а на то] начин хиерархщата на онтолошките нивоа.

и срека, еден вид хомо фабер" ^ндоновски 2019: 9). Oнтолошкaтa инверзща во ко]а ликовите мигрираат од претходните фикциски светови и текстови за да станат автори на (новиот) текст во ко] проектираат свет што го населуваат како ликови, демонстрира своевидна симетрична достапност мегу реалниот и фикцискиот свет. Имено, вообичаениот однос мегу световите е асиметричната достапност, во смисла дека фикцискиот свет е достапен за нашиот реален свет (на авторот и на читателот), но реалниот свет не е достапен за светот на фикцщата (за авторот, барааето на ликовите е фикцща, тоа припага на нивниот свет, не на неговиот), така што ние можеме да го сфатиме фикцискиот лик и неговиот свет, но тие не можат да го сфатат нашиот свет. Поигрувааето со границите мегу световите и текстовите во романот на Aндоновски ja оголува таа симетрична релацща мегу световите/текстовите,8 па во романот постегано се потенцира двонасочната комуникацща мегу двата света и нивните жители: „Но беше страшно вознемирена и ми рече дека за два дена, ако не се вмешаме со интервенцща во приказната на не]зиниот роман, еден лик ке го загуби животот. Ми рече дека се заплеткала во сижето и дека итно треба да интервенирам во не]зиниот ракопис, што ми го прати по електронска пошта, така што морав да ги пренапишам кра]от и почетокот од не]зиниот роман. Требаше некако да убщам еден лик ^лваро Муертес) за да спасам од сигурна смрт еден друг (омилен на Ема) лик од не]зиниот роман. Тоа и го сторив во првата и во последните глави што овде ги наогате печатени во Гoлeмama кн^а во ко]а е положена Малата" ^ндоновски 2019: 9). Дополнително, ликовите знаат за приватните проблеми на авторот (за болеста на неговиот татко, па дури и за неговата смрт), еднакво како што ликовите поза]муваат авторски идентитет од реални автори: ,Дас сум Чарли, психщатар ... Си водам дневник ... Можеби еден ден од сето ова што го пишувам ке произлезе и роман. Го имам само насловот, сега засега. Романот го немам. Насловот сигурно ке биде: KepKama на мameмamuчapom ... Всушност тоа ми се прекари; сам си ги избрав, според ликот на инспекторот Чарли Хит од стари детективски приказни што излегувале во 70-тите години во Нова Македонща, а што татко ми ги сечел и ги складирал во една папка. И авторот на тие приказни, неко] македонски новинар од тоа време, се потпишувал со истото име и презиме, името и презимето на неговиот лик"9 ^ндоновски 2019: 35-36). Уредникот, пак, во предговорот ja

8 Таа постапка ja срекаваме и во драмата Швcm лuцa бapaam aemop на Пирандело.

9 Уредникот Венко Aндоновски на едно место во своите коментари обелоденува дека то] новинар е неговиот татко.

засведочува електронската комуникацща со CBojoT лик (Ема Пил), со признанието: „Ема Пил никогаш не ]а запознав во стварноста" и на то] начин ]а сугерира проблематизацщата на онтолошкиот статус на стварноста: во чща стварност е неостварена средбата - онаа на авторот Андоновски, онаа на романот, во ко]ашто се движат фикциските ликови што ги создал авторот Андоновски или онаа во ко] а ликот се движи и добива иде]а да се промовира како романсиер, бараки помош од авторот во чщ роман бил лик(?!).

Заклучок

Онтолошките теми во романот Керката на математичарот и метафикциските постапки со коишто тие теми се поставени на преден план се во функцща на оголува&е на онтолошката плуралност и нестабилност на светот/текстот, што е доминанта на постмодернистичката проза. Кра]ната импликацща на игрите со границите мегу световите/текстовите е да се сугерира комплексната метафикциска тема за односот живот - уметност/книжевност, така што романот на сите рамништа ]а потврдува нивелацщата мегу нив. Демонстрираните трансгресии на границите во истовреме го сугерираат и нивниот симултанизам во процесот на рецепцща на романот. Имено, во чинот на читаае то] симултанизам станува предуслов за разбираае на романот на Андоновски: сите светови и текстови реферираат на поставите фикциски текстови и световите проектирани во нив, како фон врз ко]што се реализира рецепцщата на актуелниот романескен текст/свет. Оттаму, онтолошките конверзии што се дел од авторската интенцща и што се демонстрирани во/преку романескната структура се прелеваат и во светот на читателот, односно во процесот на неговото читаае, во кра]на линща, вовлекува]ки го и него во то] нивелациски процес.

Литература /References

Андоновски, Венко. (2019). Керката на математичарот. Скоще: Три [Andonovski, Venko. (2019). The Mathematician's Daughter. Skopje: Tri]. (In Macedonian.)

Currie, Mark. (Ed.). (1995). Metafiction. London and New York: Longman. Currie, Mark. (1998). Postmodern Narrative Theory. New York: St. Martin's Press. Hutcheon, Linda. (1984). Narcissistic Narrative: The Metafictional Paradox. New

York and London: Methuen. Лотман, Jуриj. (2005). Структура на уметничкиот текст. Скоще: Македонска реч [Lotman, Jurij. (2005). The structure of the artistic text. Skopje: Makedonska rec]. (In Macedonian.) Лотман, Jуриj. (2003). Текст во текст. Во: Кулавкова, Катица (Прир.). Теорща на интертекстуалноста. Скоще: Култура [Lotman, Yuri. (2003). Text in

Text. In: Kjulavkova, Katica (Ed.). Theory of Intertextuality. Skopje: Kultura]. 41-61. (In Macedonian.)

Bamburac-Moranjak, Nirman. (2003). Retorika tekstualnosti [Retorics of Textuality]. Sarajevo: Buybook. (In Bosnian.)

McHale, Brian. (2001). Postmodernist Fiction. London and New York: Routledge.

Oraic-Tolic, Dubravka. (1990). Teorija citatnosti [Theory of Citation]. Zagreb: GZH. (In Croatian.)

Oraic-Tolic, Dubravka. (2005). Muska moderna i zenska postmoderna [Male Modern and Female Postmodern]. Zagreb: Naklada Ljevak. (In Croatian.)

Pavlicic, Pavao. (1989). Moderna i postmoderna intertekstualnost. Umjetnost rijeci 2-3 [Modern and Postmodern Intertextuality. Art of Words 2-3]. 33-50. (In Croatian.)

Waugh, Patricia. (2001). Metafiction: The Theory and Practice of Self-Conscious Fiction. London and New York: Routledge.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.