Научная статья на тему 'ЖИТОТО, ЛЕБОТ И БРАШНОТО ВО ОБИЧАИТЕ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ: ПАРАЛЕЛИ СО ПОДОЦНЕЖНАТА МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈА'

ЖИТОТО, ЛЕБОТ И БРАШНОТО ВО ОБИЧАИТЕ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ: ПАРАЛЕЛИ СО ПОДОЦНЕЖНАТА МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈА Текст научной статьи по специальности «Искусствоведение»

CC BY
89
9
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
ancient Macedonians / customs / bread / flour / grain / антички Македонци / обичаи / леб / брашно / жито

Аннотация научной статьи по искусствоведению, автор научной работы — Катерина Младеновска-ристовска

The grain, flour and bread had a particularly important role in the customs of the ancient Macedonians. Regarding the tradition for the founding of the Macedonian Kingdom, the magic ("double") rising of the bread of Perdiccas, the first Macedonian king of the Argead dynasty, is stated. The sources noted an example for using the flour for announcement of the boundaries of a new city in its establishment. Namely, in this way was marked the foundation of the famous Alexandria in Egypt, where the ground plan of the city that had a shape of chlamys, was drawn with flour from barley. Concerning the wedding of Alexander III of Macedon with Roxana, a Macedonian wedding custom of cutting the bread with a sword is described, too. This paper deals with the analysis of these fragments, which although sparse, confirm the sacred symbolism of grain, bread and flour among the ancient Macedonians. Traces of this symbolism can be found today in the modern tradition, which among other things allow us to penetrate deeper into the essence of these customs.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Житото, лебот и брашното имале особено значајна улога во обичаите на античките Македонци. Во врска со преданието за основањето на Македонското Кралство се наведува волшебното („двојно“) нараснување на лебот на Пердика, првиот македонски крал од династијата на Аргеадите. Во изворите е забележан пример за користење на брашното за одбележување на границите на нов град при неговото основање. Имено, на тој начин било означено втемелувањето на славната Александрија во Египет, каде што тлоцртот на градот, кој имал облик на хламида, бил исцртан со брашно од јачмен. Исто така, во врска со свадбата на Александар III Македонски и Роксана, опишан е македонскиот свадбен обичај на сечење леб со меч. Текстот се занимава со анализа на овие фрагменти, кои иако се малубројни, ја потврдуваат светата симболика на житото, лебот и брашното кај античките Македонци. Траги од оваа симболика среќаваме и денес во современата традиција, кои меѓу другото ни овозможуваат и подлабоко да навлеземе во суштината на овие обичаи.

Текст научной работы на тему «ЖИТОТО, ЛЕБОТ И БРАШНОТО ВО ОБИЧАИТЕ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ: ПАРАЛЕЛИ СО ПОДОЦНЕЖНАТА МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈА»

_изворен научен труд

УДК: 633.1:39(38) 392.8(38) 392.8(=163.3)

ЖИТОТО, ЛЕБОТ И БРАШНОТО ВО ОБИЧАИТЕ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ: ПАРАЛЕЛИ СО ПОДОЦНЕЖНАТА МАКЕДОНСКА ТРАДИЦША1

Катерина Младеновска-Ристовска

Институт за национална истори]а Универзитет „Св. Кирил и Методи]", Скоп]е, Македони]а

Keywords: ancient Macedonians, customs, bread, flour, grain

Summary: The grain, flour and bread had a particularly important role in the customs of the ancient Macedonians. Regarding the tradition for the founding of the Macedonian Kingdom, the magic ("double") rising of the bread of Perdiccas, the first Macedonian king of the Argead dynasty, is stated. The sources noted an example for using the flour for announcement of the boundaries of a new city in its establishment. Namely, in this way was marked the foundation of the famous Alexandria in Egypt, where the ground plan of the city that had a shape of chlamys, was drawn with flour from barley. Concerning the wedding of Alexander III of Macedon with Roxana, a Macedonian wedding custom of cutting the bread with a sword is described, too. This paper deals with the analysis of these fragments, which although sparse, confirm the sacred symbolism of grain, bread and flour among the ancient Macedonians. Traces of this symbolism can be found today in the modern tradition, which among other things allow us to penetrate deeper into the essence of these customs.

Клучни зборови: антички Македонци, обичаи, леб, брашно, жито

Апстракт: Житото, лебот и брашното имале особено значаща улога во обичаите на античките Македонци. Во врска со преданието за основааето на Македонското Кралство се наведува волшебното („дво]но") нараснуваае на лебот на Пердика, првиот македонски крал од династщата на Аргеадите. Во изворите е забележан пример за користеае на брашното за одбележуваае на границите на нов град при неговото основаае. Имено, на то] начин било означено втемелувааето на славната Александрща во Египет, каде што тлоцртот на градот, ко] имал облик на хламида, бил исцртан со брашно од ]ачмен. Исто така, во врска со свадбата на Александар III Македонски и

1 Статщата е презентирана на Мегународниот симпозиум Балканската култура низ призмата на фолклористичко-етнолошките истражувата во организацща на Институтот за фолклор „Марко Цепенков", Скоще, 19-20 декември 2014 год.

Роксана, опишан е македонскиот свадбен обича] на сечеке леб со меч. Текстот се занимава со анализа на овие фрагменти, кои иако се малубро]ни, ja потврдуваат светата симболика на житото, лебот и брашното raj античките Македонци. Траги од оваа симболика срекаваме и денес во современата традицща, кои мегу другото ни овозможуваат и подлабоко да навлеземе во суштината на овие обичаи.

Обичаите на античките Македонци мошне ретко биле предмет на истражуваке во македонската наука. Нивното истражуваке е особено отежнато поради големата временска оддалеченост, како и поради малубро_|ните и скудни историски извори. Освен тоа, изворите за нив се на]често на хеленски ]азик и од хеленски автори, многу подоцнежни од настаните кои ги опишуваат, често преписи од втора или трета рака, сложени за расчитуваке, со многу текстуални и хронолошки аномалии. Не е многу подобра и состо]бата со матерщалните извори, во прв ред поради недоволните археолошки истражувака, како и проблемот со недоволната достапност на нивните резултати. Но без оглед на овие проблеми, во основа, со критичка анализа на расположливите извори, можеме да добиме одредена претстава за општествениот живот, веруваката, обичаите и светогледот на

Македонците во далечното минато.

***

Житото, лебот и брашното имале свето значеке во животот целокупното население на територщата на географска Македонща, од праисторщата до денес. Осмиот месец во современата македонската календарска година - август, во народниот календар на Македонците уште од раното средновековие го добил словенското име житар. Во календарот на античките Македонци, пак, тоа е единаесеттиот месец горпиаj, како македонско именуваке соодветно на денешниот месец август. За жал, немаме точно толкуваке на неговото значеке.2

Според на]раните палеоботанички наоди на Балканскиот Полуостров, основните житни култури во периодот на VII - III шдадалетие пр. н.е. биле пченицата и ]ачменот, а напоредно со нив вирееле уште и ржта, просото и овесот. Во периодот од неолитот до бронзената епоха на]многу била одгледувана еднозрната и двозрната пченица (лимец),3 а масовно бил застапен и ]ачменот. Култивиракето на овесот, пак, се претпоставува дека започнало дури во бронзената

2 Календарската година raj античките Македонци започнувала во сегашниот месец октомври, а завршувала наредната година во денешниот месец септември. (Проева, 2004: 135-138).

3 Лимец - видна пченица, ко]а се сее и денес, но во мал ограничен обем.

епоха. Пред 0B0j период, слично на 'ржта, Toj бил исто така ретко срекавана житна култура. Кон III шдадалетие започнало и култивиракето на просото, кое имало поголема застапеност од ржта и овесот. (Лисицына-Филипович, 1980: 8-15).

Античките автори даваат скудни податоци за житото на балканските простори, но потврдуваат постоеке на богати области со пченица во Тракща и одгледуваке на други зрнести култури од различен квалитет. Аристотел посведочува дека особениот вкус на ]ачменот, щшто се одгледувал во зем]ите на Мajдите4 и Синтите5 е приемлив за лугето, но не и за животните (Arist De mirab. auscult., 116). Теофраст соопштува дека во Тракща вирее многулушпестото жито, кое доцна никнува и зрее поради студовите (Theophr. De caus. plant., 4, 11, 5). Арщан, пак, дава податоци за житата во зем]ите на тракиското племе Гети во долен Истар за време на тамошниот поход на Александар III Македонски во 335 год. пр. н.е. (Arr. Anab, 1, 4, 1). Плинщ Постариот посведочува за одгледуваке на пченица ща рано зрее по течението на реката Хеброс (Plin. Nat. hist., 18, 7, 70). Исто така, има и сведоштва за одгледувакее на рж и просо (Demost., 8, 4345; Athen., 4, 131a; Galen. De alim. facult., 1, 13).

Зрното како семе на житото е сеопшт растителен симбол на рагакето и развитокот на животот и плодородноста. Тоа е соодветно на животинскиот митолошки код на ]а]цето (Българска митология, 1994: 124). Житото било релативно лесно за чуваке во сурова форма и погодно за сещдневно обезбедуваке на храна. Со развитокот на трговщата, пак, тоа станало мошне значаща стока за размена или продажба. Како неопходна потреба, од сеидбата до жетвата, житото е изложено на разни опасности од природни непогоди (суша, град и сл.), кои иницирале разни верувака за магично влщание врз плодородноста.

И покра] употребата на житото во сурова и варена состо]ба, сепак неговата основна употреба е преку мелеке во брашно за подготовка на леб. Како и житото, и брашното имало особено место во обредната практика на просторите на географска Македонща. Како главна состсука на егзистенцщално неопходниот леб, како и на обредните лебови, лугето секогаш се однесувале кон брашното со особена почит.

Иако податоците во историските извори се малубро]ни, тие сепак ]асно говорат дека житото, брашното и лебот имале особено значаща

4 Majdu - племе кое ги населувало просторите северозападно од планината Керкина, а ]угозападно од Синтите, главно по средното течение на денешната река Струма.

5 Синти - племе кое ги населувало просторите на jy од денешната река Струмешница (Струмица).

улога и во обичаиге на ангичкиге Maкeдонци. Ова може да се согледа низ неколку примери забележани од ангичкиге авгори. Првиог пример го срекаваме во миголошкого предание за основааего на првага македонска кралска динасгща Apгeaди, кое ни го соопшгува исгориографог Херодог. То] пресг^увал во Maкeдониja околу 460 год. пр. н. е., во времего на владееаего на македонскиог крал Aлeксaндap I Филхелен и го запишал преданиего дирекгно од самиге Maкeдонци и веро]агно гокму на македонскиог кралски двор. Во преданиего се вели:

„A на го] Aлeксaндap предок во седмо колено му е Пердика ко] на ово] начин воспосгавил власг и засганал на пресголог во Maкeдониja. Од Apг избегале raj Илириге гро_ща брака, кои биле погомци на Темен: гоа биле Гаван, Aepоп и Пердика. Oraaj Илириге, преминува_|ки ги планиниге, вгасале во Горна Maкeдониja, во градог Леба]а. Таму се главиле слуги за плага raj кралог, и гоа, едниог ги пасел коаиге, другиог говедага, а на]младиог од нив, Пердика, козиге и овциге. Во гие сгари времиаа и лyfeто кои биле на власг биле сиромашни, не само масиге, па жената на кралог сама им го гогвела ]адеаего на слугите. И секогаш кога печела леб, лебог на слугата Пердика сам од себе нараснувал дво_|но. Биде_|ки гоа постлано се случувало, кралицага му кажала на сво_|ог маж. Кога кралог го чул гоа, веднаш помислил дека гоа е бож_|о чудо и дека предвестува нешго големо. Загоа ги повикал слугите и им рекол да си одаг од неговага зем]а (Hdt., VIII, 137; Хepoдот, 1998: 552)."

Понагаму во преданиего се раскажува дека гро_щага брака си заминале и успеале да се спасаг од погерага коааници, raja, по нив, ja испратил кралог. Надминува_|ки ги сиге препреки на пагог, се населиле блиску до таканаречените Градини на Mидa, синог на Гордщ, од каде шго ги покориле и другите делови на Maкeдониja (Hdt., VIII, 137-138; Херодог, Исmopuja, 1998: 552-553).

Преданиего содржи елеменги, кои имааг за цел да го истакнат и погкрепаг божесгвеного потекло на македонската кралска династща ApreaA^ а еден од нив е гокму волшебного („дво_|но") нараснуваае на гесгого за лебог на Пердика, првиог македонски крал од оваа династща и основач на Maкeдонското Кралсгво.

За верувааага на жителите на македонскиог град Леба]а немаме доволно информации, но Херодог потврдува дека верувале во бож]а

сила и чуда во сещдневниот живот. За жал, ние не располагаме со други примери од нивните верувака за месекето на тестото и печекето на лебот, па не можеме да навлеземе во суштината на проблемот, но останува загатката зошто лебовите биле делбено наменувани уште при месекето, а не по печекето? (Младеновска-Ристовска, 2012: 11-25)

Друг пример за симболиката на лебот raj античките Македонци е свадбениот обича] што го опишува Kвинт Kyртиj Руф во врска со склучувакето на првиот брак на македонскиот крал Александар III Македонски, со принцезата Роксана,6 керка на сатрапот на Бактрща Оксщарт. Kвинт Kyртиj Руф пишува:

,Дралот, обземен од лубовен жар, заповедал да донесат леб (raj Македонците ова било нарвет залог за брак) што пресечен со меч оба_щата го бакнале. Верувам дека оние што ги востановувале обичаите на племето, сакале да им покажат на оние што стапувале во брак, со колку малку и лесно снабдлива храна треба да бидат задоволни. На ово] начин кралот на Азща и на Европа се оженил за девона, што била доведена на гозба да ги забавува гостите и од пленичка имал намера да го роди наследникот, ко] ке владее над победниците (Curt., VIII, 4, 23; ^ртщ Руф, 1998: 338)."

Ово] текст го потврдува значекето на свадбата, како дел од обредниот животен циклус и еден од на_|свечените моменти од животот на младенците и нивните семе_|ства. ^рт^ Руф потенцира дека станува збор за автентичен македонски обиача_ь па дури прави обид и да ja об]асни симболика на лебот во свадбениот обича_ь претпоставува]ки дека со ово] чин на младенците им се дава до знаеке дека треба да бидат скромни и задоволни со толку „малку и лесно снабдлива храна". Лебот ко] идните сопружници го бакнувале, всушност бил свет симбол на нивното телесно здружуваке. Симболиката на сечилото на железното коще, пак, е апотропе]ска, односно се верувало дека тоа со неговите магиски сво_|ства ги отстранува лошите духови. (Проева, 2004: 135; Renard - Servais, 1955: 44)

6 Александар се оженил со Роксана во 327 год. пр. н.е. Три месеци по неговата смрт, таа го родила синот Александар IV, ко] бил определен за престолонаследник. Во времето на борбата мегу дщадосите за преземаке на власта во Македонща, таа станала предмет на политички игри, па при осво]увакето на градот Пидна, била заробена од ^сандар, синот на Антипатар, и по негова наредба, заедно со сво]от син Александар IV, на^рвин била заточена во Амфипол, а потоа и убиена.

Дека житото и брашното имале особена свегосг raj ангичкиге Maкeдонци, потврдува и примерог на нивного корисгеае за одбележувале на границиге на нов град при негового основаае. Имено, на го] начин било означено вгемелувааего на славната Aлeксaндpиja во Египет,7 каде шго тлоцртот на градог, ко] имал облик на хламида,8 бил исцртан со ]ачменово брашно лично од Aлeксaндap.

Биографог на Aлeксaндap III Maкeдонски Квинт Кургщ Руф, мefy другого, пишува:

„Се раскажува дека кога кралот, според обича]ог на Maкeдон-цитe, со ]ачмен ги означил sидинитe на идниге sидини, долетало jaro пгици и го исколвало ]ачменог. Mногyминa ова знамеае го примиле како несрекно, но пророког одговорил дека гоа ке биде град на многу доданци и ке пружи храна на многу зем_|и (Curt. IV, 8, 6; Кургщ Руф, 1998: 172). "

Исгиог насган слично го опишува и Плутарх:

„Погоа заповедал да се одбележи нацргог на градог, прилагоден кон обликог на зем_|иштето. Но се случило да им снема креда, па зеле ]ачменово брашно и на црната почва нацртале круг во чща внагрешносг нацргале две прави линии шго еднакво оделе една кон друга, а на_щосле се спо]увале во вид на хламида. Aлeксaндap многу се израдувал на ово] нацрг. Но, ненаде_|но, во густи jara, надошле пгици од разни видови и големини, кои како облаци слегале на обележаниог нацрг, гака шго од брашното не останала ни трага. Дури и кралот се исплашил од насганог, но гагалциге го охрабриле, об]аснува]ки му дека градог шго го] ке го изгради ке биде многу богат и мокен и дека ке храни лyfe од разни народи. По ова, на надгледувачите на градеаего им наредил да почнаг со работа (Plut. Alex., 26; Плутарх, 2008: 133-134)."

7 Aлeксaндpиja била основана за време на големиот поход на Aлeксaндap на Исток, на 7 април 331 год. пр. н.е., на местото на египетската рибарска населба Ракотис. Во време на владеешето на македонската династща Птолемаиди, Aлeксaндpиja ке стане на]големиот културан центар на антиката.

8 Xлaмuдa - македонска машка наметка со заоблени рабови со ко]а се нагрнувале плеките, а се закопчувала на градите или на десното рамо.

Во двага фрагмента се споменува употребата на ]ачменог и ]ачменового брашно во одбележуваааго на гемелиге на градот. Насганог е слично опишан и од Страбон (Strab. XVII, 1, 6), но за нас е особено значаен подагоког на Кургщ Руф каде шго е потенцирано дека станува збор за автентичен македонски обича].

Иако малубро]ни, горенаведениге фрагменги ja потврдуваат свегага симболика на жигого, брашного и лебог raj ангичкиге Maкeдонци. Нивнага сушгина и значеае, со мали или поголеми преобликувааа, продолжиле да опсгоjyвaaг на просгорог на Maкeдониja и низ подоцнежниге векови, до нашага современосг, со многу паралели на совпагааа и сличности raj разните егноси на балканските простори и пошироко. Тоа нajочиглeдно го погврдува и само бегол преглед на записиге на македонските фолклорисги, разните егнографи, современи егнолози и други исгражувачи, но и бpоjнитe пагеписци од последниге неколку века. Овие паралели во голема мера ни помагаат за осознава^е на континуитетот на верувааага, обичаите и симболикага на: жигого, брашного и лебог на македонските простори низ вековиге.

Низ гаа традицща на разни верувааа и обичаи со пpоткajaнa симболика, посгоjaно се пласгеле многyбpоjни кулгурни влщанща, со соодвегни траги во симболикага на: жигого, брашного и лебог. Современиог македонски народ, на: жигого, брашного и лебог поскуано им придавал особено света мок. Не слyчajно низ вековиге егзистирала изрекага за „лебог наш насушен", на]искреното заколнуваае со „жими лебог", но и клетвата кон душманот „за корка леб да страда". Во македонската народна традицща опсганало и верувааего дека и faволог бегал од брашного.

Во современиге традиционални свадбени обичаи и обреди, жигого, брашного и лебог сè ушге се задржани во ригуалного замесуваае на гесгого за обредниге лебови, месеаего и шарааего на обредниге лебови, вклучително и погачага, познага како „свака", здогледуваае на младоженецог од страна на невесгага преку сито и прстен со драмски елеменги. Исто гака, кумот фрла жито при венчавайето на младиге, а жито се расфрла и пред влезог од куката на младоженецог, за младенците да бидаг плодни (Кличкова-Георгиева, 1965: 95-187; Бошначки, 1972: 141-151; Шапкарев, 1976: 31-86 и 174-191; Раптис, 1977: 61-78).

Во 36opmmm на браката Mилaдиновци во врска со свадбените обичаи во Струга се споменува дека „На венчавааего, кога се вргег три п'ги околу, кумицата фрлаг овес, смешан со

шекерчина, над главите от младенците, на кои после се дават хлеп и вино, донесени од ст'рната от зетот..." (Миладиновци, 1962: 467). Во врска со свадбените обичаи во ^куш, пак, браката Миладиновци го забележале обича]от ко] се правел две недели пред свадбата на Голем aрмaс: „Став]ет софра, на raja донесват ]аст|ето и пицето од момчето, кое, целуваештем р'ка, на сите служит по ракиа. Постариот на четири скршвит на савче винено крстообразната погача..." (Миладиновци, 1962: 469). Ова се мошне значащи факти на браката Миладиновци за улогата на лебот и житото во свадбената церемонща.

Стефан Верковик во врска со свадбените обичаи во Серес и Неврокоп го забележал следново: „Марата на невестата му донесува на младоженецот две чинии баница; младоженецот ja сече баницата, и откако врз неа ке истури една чаша вино зема едно парче и чаша со вино и и ги дава на невестата (Верковик, 1985: 143). Во врска со обичаите во Висока, пак, споменува дека: „Зетот кога ке седне на стол, му дават нож, чопнува три хупки леб... И невестата ке ги земе оние три хупки, ке ги изеде... (Верковик, 1985: 164)."

Традицщата и веруваката за светоста на брашното опсщувале низ вековите во разни обредни форми од животниот и посмртниот обред. На пример, при рагаке на бебе, под перницата се ставало малку брашно завиткано во бело крпче за да го штити бебето од демонски суштества. Тоа се користело при переке на пелените, со цел да ги заштитат од разни магии кога ке се сушат надвор, но исто така, пелените да бидат секогаш бели. Со брашното се поврзувани и обредните активности за првото замесуваке од страна на дево]чиката, во кое се ставало и шекер за да им биде лебот секогаш благ. Тоа е свет симбол и при замесувакето на погачата за младоженците. Месариката им ги трие образите на младоженецот и на невестата со брашно, со веруваке дека на то] начин тие ке останат убави и бели и дека ке им се родат бели и убави деца. Брашното се употребува и во посмртниот обреден комплекс. Во Мариово, на пример, веднаш по погребувакето на мртовецот во просторщата каде што бил спружен, поточно на местото каде што му била поставена главата, се палело свека и една од жените насе]увала брашно, па на него ставала чаша со вино, вода и ракща и сето го покривала со сито, верува_|ки дека до првите три вечери душата на умрениот може да се поврати. Ако на брашното имало траги, се верувало дека тоа е неговата душа, raja е додана, да касне или да се напие ^овановска,

2000: 67-68; ФилиповиЬ, 1939: 476, 489, 530-531; Рисгески, 1999: 61, 117, 154, 177 и 222).

Во традиционалната народна култура обредниге лебови (погача, крава_0 се на]универзално обредно-магично средство, а исговремено и бескрвна жргва, во замена за дамнешниге пагански обичаи на принесуваае на крвна жргва (човечка или животинска). Како симбол на живогог, благосостсубата, здрав]его и плодносга, гие се еден од на]знача_|ниге реликги во традиционалната култура на македонските простори. Опшго земено, имааг широка употреба во култнага практика на обредниог живот, речиси во секу календарски и семеен празник и обред. Ушге во времего на вршидбата, за обредниге лебови се избирала на]убавага и на]чисга пченица. Правеаего на обредниог леб е молитва за здравуе во семе_|сгвого, здрав]е за добигоког и берикег во полрделството. Замесувааего на обредниог леб се врши во строго определени денови и време, на]чесго пред изгре]сонце. За замесувааего водага мора да е свежо донесена од чешма, од кладенец или од бунар рано во зори, од мома или од невеста. Садот се кити со билки или цвеке. Попагно, водага не смее да се разлева и молчеливо се заминува во домог. Свеж мора да биде и квасот, ко] претставува никулец на нов живот, симбол на рагаае, берикег и семеен напредок. За него биле поврзани забраните дека во времего на младата месечина не смее да се дава квас на соседите; при смрген случа] во семе]сгвого мора да се замени квасот со поза]муваае од друга кука. MeœfteTO обично е во празнична облека од мома или невеста и се пеаг обредни песни. Пригоа брашного трипати се просе]ува низ сито. Формата на лебовиге обично е во кружна форма, со карактеристични шари, според наменага. Обредниге лебови имааг сеопфагна намена во животниот циклус на лyfeто, од рагааего, работного ангажираае, календарските празници и семените празнувааа, до сгапувааего во брак и умирачката. Обредниге лебови се корисгаг при дигаае панагща, при обредного заоруваае, при градеаего на кука, при зарек и сл. (Тановип, 1927: 81; ФилиповиЬ, 1939: 374; Цепенков, 1972: 176-177; Свегиева, 1990: 13-24; Свегиева, 1997: 167-174).

За лебог се сврзани разни верувааа и обреди за негового подгогвуваае (замесуваае), чуваае, корисгеае, но и соодвегни забрани за однесувааего на лyfeто кон него, како на пример, секогаш да се чува во хоризонгала како шго е печен, да се шгиги од загадуваае, да не се фрла во смегог и сл.

Во сите обреди и аграрни магиски постапки, главни организатори и извршители се жените-домакинки. Токму со женските деца често е поврзана и намената на обредните лебови. На пример, обреден леб се подготвува кога првпат ке промрда детето во стомакот на трудницата, кога ке се роди детето, кога женското дете ке се задево]чи, како и за разни поводи во свадбените обреди - за пород на невестата, за берикет во куката и сл.

Обредни лебови се приготвуваат и за погреби, помени и задушници, со апотропе_|ски карактер. За разлика од останатите, овие обредни лебови ги подготвуваат жени кои излегле од фертилната возраст, а притоа, веднаш по месекето, облеката ]а

соблекуваат за переке (Jовановска, 2000: 300).

* * *

Поставувакето на оваа тема отвора широк спектар за натамошни задлабочени и интердисциплинарни компаративни истражувака на обредно-обича_|ната народна култура низ вековите на пошироките балкански простори. Симболичната светост на: житото, брашното и лебот постсуано имала исклучително значеке во семе_|ниот и во календарско-обредниот живот на лугето. Житото, брашното и лебот биле во поскуан состав на древните обреди поврзани со семе]ниот живот, од рагакето до смртта, но и во секо_щневниот егзистенцщален ангажман поврзан со годишниот календар, зависноста од годишните времика во полрделството и во сточарството, до сите други производни активности за напредокот на семе_|ството и општеството како целина. Во согласност со законитостите на општествениот развиток, со текот на времето, а под влщание на променетите услови во општествениот живот, од семе_|ството до пошироката општествена заедница, како и одредени надворешни влщанща, веруваката и обредната практика за симболичката светост на: житото, брашното и лебот добивале одредени преобликувака. Но и при тие промени во веруваката и обредната практика, нивната магична светост била поскуано присутна со должната и неприкосновена почит.

Литература:

Aristoteles. 1909. De mirabilius auscultationibus. By Launcelot D. Dowdall.

Clarendon Press: Oxford. Arrianus. 1907. Anabasis. Ed. A. G. Roos. Lipsiae.

Athenaeus. 1887. Naucratitae Dipnosophistarum. Libri XV. Recensunt Kaibel. G.

Vol I—III. Teubner.

Demosthenes. 1966. Orationes. Recognovit brevique adnotatione ctitica instruxit S.

H. Butcher. Clarendon Press: Oxford.

Galenus. 1633. De alimentorum facultatibus. Libri III. Ex Martine Gregorii interpretatione. Apud Asingam de Fries in Lugduni Batavorum.

Plinius. 1897-1933. Naturalis Historia. Ed. Jan-Mayhoff. 5 vol. Teubner: Leipzig.

Renard, M. - Servais, J. 1955. A propos du mariage d'Alexandre et de Roxane. L'antiquité classique. Vol. 24. 29-50.

Strabo. 1895-1913. Geographica. Ed. A. Meineke. T. I—III. Lipsiae.

Theophrastus. 1529. Theodoro Gaza interprete. Ex officina Chrestien Wechel.

Българска митология. 1994. Енциклопедичен речник. Съставител Анани Стойнев. София.

Бошначки, Иван. 1972. Кон свадбените обреди, игри и песни во Малешево. Македонски фолклор. 9-10. Скоще. 141-151.

Верковик, Стефан И. 1985. Македонски народни умотворби. Кн. 5. Фолклорни и етнографски матери/али. Подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски. Македонска книга: Скоще.

Jовановска, Соаа. 2000. Брашно. Во: Речник на народната митологща на

Македонците. Редактор Танас Вражиновски. Институт за старословенска култура—Прилеп и Книгоиздателство Матица македонска—Скоще: Прилеп — Скоп|е.

Jовановска, Со&а. 2000. Обреден леб. Во: Речник на народната митологща на Македонците. Редактор Танас Вражиновски. Институт за старословенска култура—Прилеп и Книгоиздателство Матица македонска—Скоще: Прилеп — Скоп|е.

Кличкова, Вера. — Георгиева, Милица. 1965. Свадбените обичаи од селото Галичник-Дебарско. Гласник на Етнолошкиот музе]. Скоп|е. 95-187.

Лисицына, Г. Н. — Филипович, Л. А. 1980. Палеоэтноботанические находки на Балканском полуострове. Studia Prachistorica. 4. София.

Миладиновци. 1962. Зборник 1861-1961. Кочо Рацин: Скопле.

Младеновска-Ристовска, Катерина. 2012. Преданието за основааето на

Македонското Кралство. Филолошки студии. том I. Скоще-Перм-Лублана-Загреб. 11-25.

Плутарх. 2008. Напоредни животописи. Ликови од истори'ата на древна Македонца. Превод од строгрчки: Воислав Саракински. Коментари Наде Проева. Евро Балкан прес: Скоп|е.

Проева, Наде. 2004. Исторщ'а на Аргеадите. Historia Antiqua Macedonica. Кн. 8. Скоп|е.

Раптис, Михалис. 1977. Свадбени обичаи и песни, Фолклорот на]ановенските села во Костурско. Институт за фолклор „Марко Цепенков": Скоп|е.

Ристески, Лупчо С. 1999. Посмртниот обреден комплекс на традициската култура на Мариово. Институт за старословенска култура: Прилеп.

Руф, Квинт Куртщ. 1998. Исторщ'а на АлександарМакедонски. Книги I—X. Превод од латински ]азик Лубинка Басотова. Патрща: Скоп|е.

Светиева, Анета. 1990. Гурговденски обредни лебови во Македонща и нивната функцща во обичаите и верувааата. Македонски фолклор. 46. Скоп|е. 1325.

Светиева, Анета. 1997. Обредните лебови за Бадник — вовед во сакралното.

Етнолог. 7-8. Скоще. 167-174. ТановиЪ, Стефан. 1927. Српски народни обича]и у "Ьев^елщсюо Кази. Српски етнографски зборник,Живот и обича/и народни. Ка. XL. Ка. 16. Етнографски институт. Српска кралевска академща: Београд-Земун. ФилиповиЪ, Миленко. 1939. Обича]и и веровааа у Скопсюо Котлини. Српски етнографски зборник. Живот и обича/и народни. Ка. КТУ. Ка. 24. Том 1. Етнографски институт. Српска кралевска академща: Београд. Херодот. 1998. Истори]'а. Превод, предговор и белешки Даница Чадиковска. Зумпрес: Скопле.

Цепенков, Марко К. 1972. Македонски народниумотворби. Кн. 10.

Македонска книга: Скоп|е. Цимревски, Бориво]е. 1972. Свадбени обреди и песни во с. Брезно (Тетовско).

Македонски фолклор. 9-10. Скоп|е. 189-200. Шапкарев, Кузман А. 1976. Избрани дела, Мисла: Скоп|е.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.