Научная статья на тему 'СЕМИОТИКА ПО СИТЕ СЕТИЛА (АТРИБУТИВНОСТА КАКО ЗНАЧЕњЕ ВО ПЕСНИТЕ "СЕДУМ НАВРАќАњА КОН МОТИВОТ ТРЕПЕТЛИКА" ОД ГАНЕ ТОДОРОВСКИ И "НОќНИЧЕ" ОД АНТУН ГУСТАВ МАТОШ)'

СЕМИОТИКА ПО СИТЕ СЕТИЛА (АТРИБУТИВНОСТА КАКО ЗНАЧЕњЕ ВО ПЕСНИТЕ "СЕДУМ НАВРАќАњА КОН МОТИВОТ ТРЕПЕТЛИКА" ОД ГАНЕ ТОДОРОВСКИ И "НОќНИЧЕ" ОД АНТУН ГУСТАВ МАТОШ) Текст научной статьи по специальности «Философия, этика, религиоведение»

CC BY
206
14
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
АТРИБУТИВНОСТ / СИМБОЛ / МЕТАФОРА / ЗНАЧЕњЕ / СМИСЛА

Аннотация научной статьи по философии, этике, религиоведению, автор научной работы — Караниколова-чочоровска Луси

Оваа статија прави еден компаративен пристап на т.н. „атрибутивност“, во песните „Седум навраќања кон мотивот трепетлика“ од Гане Тодоровски и „Ноќниче“ од Антун Густав Матош. Се анализираат три корпуса од значенски ентитети кои дозволуваат увид во метафоричноста на песната од македонскиот, односно симболиката на песната на хрватскиот поет. Тоа се прави, така што, метафорите и симболите, граматички се „разложуваат“, за да се проследи процесот на трансформација на значењето во смисла. Се доаѓа до единствената смисла - животот на човекот.This article is a comparative approach to so-called "Attributability" in songs "Seven approaches to motive Trembling aspen" of Gane Todorovski and "Violet" of Antun Gustav Matosh. Three corpuses of meaning entities that allow insight into the metaphoricity of the Macedonian poet song, and the symbolism of the Croatian poet song are analyzed. This is done so that the metaphors and symbols are gramatically “decomposed" in order to follow the process of transformation of “meaning” to “sense”. It all comes down to the only meoning - human life.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «СЕМИОТИКА ПО СИТЕ СЕТИЛА (АТРИБУТИВНОСТА КАКО ЗНАЧЕњЕ ВО ПЕСНИТЕ "СЕДУМ НАВРАќАњА КОН МОТИВОТ ТРЕПЕТЛИКА" ОД ГАНЕ ТОДОРОВСКИ И "НОќНИЧЕ" ОД АНТУН ГУСТАВ МАТОШ)»

стручен труд

УДК: 821.163.3-1.09Todorovski, G.:821.163.42-1.09Matos, A.G.

СЕМИОТИКА ПО СИТЕ СЕТИЛА (Атрибутивноста како значеше во песните „Седум навракаша кон мотивот трепетлика" од Гане Тодоровски и „Нокниче" од Антун

Густав Матош)

Луси Караниколова-Чочоровска

Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев", Штип, Македонца

Key words: attributability, symbol, metaphor, meaning, sense

Summary: This article is a comparative approach to so-called "Attributability" in songs "Seven approaches to motive Trembling aspen" of Gane Todorovski and "Violet" of Antun Gustav Matosh. Three corpuses of meaning entities that allow insight into the metaphoricity of the Macedonian poet song, and the symbolism of the Croatian poet song are analyzed. This is done so that the metaphors and symbols are gramatically "decomposed" in order to follow the process of transformation of "meaning" to "sense". It all comes down to the only meoning - human life.

Клучни зборови: атрибутивност, симбол, метафора, значе&е, смисла

Резиме: Оваа статща прави еден компаративен пристап на т.н. „атрибутивност", во песните „Седум наврака&а кон мотивот трепетлика" од Гане Тодоровски и „Нокниче" од Антун Густав Матош. Се анализираат три корпуса од значенски ентитети кои дозволуваат увид во метафоричноста на песната од македонскиот, односно симболиката на песната на хрватскиот поет. Тоа се прави, така што, метафорите и симболите, граматички се „разложуваат", за да се проследи процесот на трансформацща на значеаето во смисла. Се доага до единствената смисла - животот на човекот.

1. ПРИСТАП

Иде]ата да се пишyва за допирните точки мегу поезщата на два]цата големи поети од различни времи&а, македонскиот Гане Тодоровски (1929-2010) и хрватскиот Антун Густав Матош (18731914), доага пред eè, од сyптилната „присутност" на пpепеjyвачкиот „шмек" на Тодоровски во поезщата на Матош на македонски ]азик, а потоа и во можноста за компаративен приод кон нивната поезща од повеке аспекти.

Оваа статща прави еден, ке си дозволиме да го наречеме -поинаков, но секако, спецщалистички увид во метафоричноста на песната „Седум навракааа кон мотивот трепетлика" од Гане Тодоровски, односно во симболиката на песната „Нокниче" („Тем]анушка") од Матош, по таков начин што тие, метафорите и симболите, граматички се „разложуваат", за да се следи процесот на трансформацща на значеаето во смисла.*

Од друга страна пак, ово] „спо]" мегу една, на прв поглед, „растителна" - „Седум навракааа кон мотивот трепетлика" (во натамошниот текст СНМТ од ГТ), од стихозбирката „Спокоен чекор" (1956) и една „цветна" песна - „Нокниче" (во натамошниот текст H од АГМ), и двете репрезентативни во изучувааето на овие поети во македонскиот средношколски и високошколски образовен систем*®, е резултат и на нашите катагодишни академски обврски (предаваме Нова хрватска книжевност, на Филолошкиот факултет во Штип). То] спо], на ко] сеюэ] би се досетил кога би го читал Матош, на македонски ]азик, е и порив да се изразиме во однос на поезщата на овие два]ца поети, ко]а силно возбудува и, нема да претераме ако подвлечеме дека - ги допира сите сетила. И тоа, не само на опитниот читател.

* Ма]кл Ра]фатер и Чарлс Сандерс Пирс по]авата на квалитативна трансформацща на значен>ето во смисла ]а нарекоа семиоза. Според Ра]фатер, под семиоза се подразбира литерарен ди)алектички процес на преод од рамништето на значен>ето на нивото на смислата. За Пирс, пак, ниеден поим (=знак) не е сам по себе заклучен, ами бара потврда, натамошно об]аснуван>е. По]авата, според ко]а, еден знак се однесува на друг знак, така што генерира бесконечна низа знаци, Пирс ]а нарекува семиоза. Види: Miroslav Beker: Semiotika knjizevnosti, Zavod za znanost o knjizevnosti Filozofskog fakulteta u Zagrebu, Zagreb, 1991 godina, str. 33-40 и str. 111-131.

** До 2001 година, кога се ревидираше програмата по предметот македонски ]азик и литература, во средното образование во Република Македонща, Антун Густав Матош се изучуваше во рамките на ]ужнословенската модерна и тоа токму со песната „Нокниче" и уште и со песната „Утеха на косата". Гане Тодоровски, пак, е застапен во оваа програма и тоа, со песната што ние ]а анализиранме и уште со песната „Нерези". И два]цата автори се изучуваат на филолошките факултети, во Републиика Македонща.

2. 3A AТPИБУТИВНОСТA

Именyваме категорща атрибyтивност, за потребите на ово] текст, од едноставна причина што атрибyтивноста ]а наогаме за интензивно фреквентна, поточно доминантно присутна во песните СНМТ на ГТ и H на АГМ. Притоа, под атрибyтивност подразбираме она што и граматиката го подразбира - признак за предметот (за разлика од сyпстанциjалноста, ко]а има суштествува&е во самата себе).

Необичноста од воведува&ето на ово] поим доага оттамy што неа, атрибyтивноста, ja наогаме како присутта не само во придавките и прилозите, каде што граматички е оправдано да ja видиме, туку и во „чистите" именки и во, од нас т.н., глаголски формации, со призвук на атрибутивност. Веро]атно е така, затоа што овие песни се високо метафорични, односно симболични, така што качественоста може да се прочита во нивната севкупност. Имено, и во именката и во глаголската конструкцща ке наидеме на квалификацща ко]а имплицира некаков белег за предметот или ]а препознаваме како атрибутивна. Како именката не само да именува туку и да подразбира некаква сво]а одлика или белег на нешто на што таа се однесува (а именката, нели, треба да именува и да постои во самата себе, а не на нешто да се однесува). Како глаголот не само да опишува де]ство туку како на тоа де]ство да му дава некаква квалификацща. Како глаголскиот збор, глаголската придавка, на пример, воопшто да не носи предикативен белег, зашто то] се потчинил на атрибутивноста, па таа станала сеопшта и царува со песната.

2.1. Морфологща на „атрибутивните" ентитети во песните „Седум навракаша кон мотивот трепетлика" од Гане Тодоровски и „Нокниче" од Arn^ Густав Матош

Атрибутивните ентитети во двете песни што се предмет на наш интерес, СНМТ од ГТ и H од АГМ имаат „иста" градба. Поточно, нивната морфологща е уште еден заеднички именител на поетиката на Гане и Матош. И уште поточно, затоа што ]а увидовме сличноста од присутните ентитети, слични според граматичката градба, имавме предизвик повеке, да пристапиме кон нивна анализа од таков тип.

И во двете песни наидуваме на поетски ентитети со свое значеае, се разбира, а образувани од: 1. Именка; 2. Именка и придавка или придавка и именка и 3. Предикативни формации со атрибутивни белези, составени на]често од глагол или глаголски збор, на]често

глаголска придавка и именски збор, на]често именка. Во составот на ово] „атрибутивен" ентитет може да влезе и прилог. Значи, атрибутивните ентитети, што ги анализираме, се едночлени, двочлени и повекечлени. Поточно, едночлена е само категорщата - именки, кои, според своето значе&е, повеке се однесуваат на нешто, отколку што именуваат. Или, стилистички, функционираат како метафори во песната на Гане Тодоровски, односно како симбол во онаа на Матош. Двочлена е синтагмата од придавка и именка (и нивна инверзща), а повекечлени се синтагмите чие ]адро е глагол.

Категорщата именки со атрибутивен призвук, во песната СНМТ од ГТ, ]а сочинуваат 32 примерока. Ги наведуваме сите: „клепки", „несон", „средполка", „сон", „ставата", „зеленило", „пеперуги", „вертикала", „споко]", „облаците", „патот", „катунците", „безветрина", „безсоница", „уплав", „]аловица", „Крстеник", „Немир", „Немир - немирлика", „висотща", „Вечерник", „трепетот", „трепетот", „самотща", „плашливка", „птиците", „гнезда", „сонот", „рожбите", „Несонка", „Неротка", „Неспоко]ничка" (72,73).* Поетиката на Гане Тодоровски, неговиот творечки манир, неговата виртуозност во правеаето неологизми, секако придонесуваат кон тоа, именката да се доживее како супстантив што имплицира во себе не само самопостоеае ами и некаква одлика, некаква квалификацща, некаков белег. Погледнато од семантичка, а не само од граматичка перпектива, овие именки се метафори, чие одделно значеае треба да се „влее" во заедничката смисла на песната.

Во оваа песна наидовме на само 8 примероци од синтагмата именка + придавка, односно придавка + именка, иако очекувавме повеке, знае]ки ги содржината, композицщата и значеаето на оваа песна. Веке ово] прецизен податок, што упатува на ниското присуство на атрибутот како таков, почнува да ]а потврдува нашата теза за високата „атрибутивност" на другите ентитети, и тоа на оние каде што не сме навикнати неа да ]а бараме или да ]а гледаме. Ги наведуваме овие 8 примероци „чист" атрибут, заедно со супстантивот чщ признак тие се: „зелени клепки несон", „лична средполка", „вишна вертикала", „грешно - прегрешена ]аловица занесена", „неродна полска висотща", „стравлива самотща", „зелена неспоко]ничка" (72,73).

Ги набро]уваме во целост и 16-те примероци на т.н. предикативни формации со атрибутивни белези:

* Бро]от во загради го означува бро]от на страницата/страниците од каде што е преземен цитатот. Во случаев, Гане Тодоровски, „Поезща", Наша книга, Скоп|е, 1990.

-„(...) Зелена нема разбранетост" (состав: 2 придавки + глаголска придавка);

-„(...) Ставата и е зеленило пеперуги" (состав: 3 именки + глагол - форма од помошниот глагол сум);

-„(...) Пленети вечно (во вишна вертикала)" (состав: глаголска придавка + прилог за начин);

-„(...) Прекопната за споко]" (состав: глаголска придавка +

именка);

-„(...) Неспоко]на се трака" (состав: глаголска придавка +

глагол);

-„(...) Трепери простум" (состав: глагол + прилог за начин); -„(...) Се вsира во облаците" (состав: глагол + именка); -„(...) Тагува по катунците" (состав: глагол + именка); -„(...) Sемне кога спотнат летните безветрини" (состав: глагол + глагол + придавка + именка);

-„(...) Jа мачи ли безсоница (лек.заб.)1" (состав: глагол +

именка);

-„(...) Во уплав ли се тресе" (состав: именка + глагол); -„(...) Крстеник да ми беше" (состав: именка + глагол); -„(...) Немир би ]а крстел" (состав: именка + глагол); -„(...) Вечерник да сум" (состав: именка + глагол); -„(...) Трепетот би и го брстел" (состав: именка + глагол); -„(...) Везден трепереае: Утрина. Пладнина. Навечер" (состав: прилог за начин + глагол + 3 прилога за време);

-„(...) Им се заблазнува на птиците" (состав: глагол + именка); -„(...) На сонот рожбите, починката им заблазнува" (состав: 3 именки + глагол) (72,73).

Во песната Н од АГМ, се наидува на истите „атрибутивни" категории: именки, синтагма од именки и придавки и предикативна синтагма.

Овде, именката со „атрибутивен" белег ]а наогаме во 23 примерока. И нив ги наведуваме во целост: „полнок", „ден", „нокничево", „ваза", „бои", „сон", „]аве", „нок-и-ден", „госжуците", „паркот", „стаза", небо", „лен", „животот", „смртта", „нокничево", „соседот", „конте", „лале", „булка", „живот", „душа", „та]на" (145)*.

1 бессоница („Толковен речник на македонскиот ]азик", Институт за МJ „Крсте Мисирков", том I А-Ж, 2003, Скоп|е, стр.129; Кирил Конески, „Правописен речник на македонскиот литературен ]азик", 1999, Просветно дело, Скопле, стр.24) (лек.заб.).,

* Бро]от во загради го означува бро]от на страницата од каде што е преземен цитатот. Во случаев: Антун Густав Матош: „Одбрани творби", Наша книга, Македонска книга, Мисла, Култура, Скоп|е, 1987, Предговор, превод и белешки, Гане Тодоровски.

Изолирани и надвор од контекстот, рецепцщата по однос на некои од овие ентитети не би се свела на атрибутивност, туку на чиста супстанцщалност. Сепак, во рамките на симболистичката поезща на Матош и на оваа негова популарна песна, затоа што контекстот е познат и симболиката е ]асна - таинственоста на сечи] живот, контрастот мегу светлото и темното и животот и смртта...

Вербалните конструкции од именка и придавка, односно од придавка и именка, во оваа песна на Матош, се сретнуваат во вкупно 15 примероци: „црно како полнок". „златно како ден", „росната ваза", „кадифени бои", „госшэщите наши", „паркот стар", „ведрото небо", „модро како лен", „ко животот с)а]но", „ко смртта темно", „соседот негов", „студнава булка", „чуден живот", „живот (...) таинствен и длабок", „една душа" (145).

Од вообичаената градба, четири од набро]аниве примероци на синтагмата - именка и придавка, покажуваат незначително отстапуваае: во нив се ]авува честицата за споредба 'ко5 или 'како5 и, во еден примерок, застапени се една именка и две придавки. И тоа отстапуваае е во функцща на атрибутивноста, ко]а и во оваа песна покажува висок коефициент на присуство и значеае.

Предикативните формации со атрибутивни белези, овде се застапени во вкупно 9 примероци. Ги наведуваме во целост:

-„(...) Нокничето молчи" (состав: именка + глагол);

-„(...) Кадифени бои чудни ли го галат" (состав: придавка + именка + придавка + глагол);

-„(...) Сон сред ]аве да е раскрилен" (состав: именка + прилог + именка + глаголска придавка);

-„(...) Го велат нежно 'нок-и-ден"' (состав: глагол + прилог + две именки);

- „(...) Нокничето цути" (состав: именка + глагол);

- „(...) Без мирис sемне" (состав: именка + глагол);

-„(...) Волшебност тра]на" (состав: придавка + глаголска придавка);

- „(...) Ко да трпне та]на" (состав: глагол + именка) (145).

3. ЗНАЧЕШЕ И СМИСЛА

3.1. За метафоричноста и симболиката

Прашааето за метафората во литературната наука е доволно и доволно долго третирано. Наведуваме само некои аспекти кои ги

сметаме за релевантни во однос на метафората што се сретнува во песната СHMT од ГТ.

Ш^апред, Aристотеловата „дефиницща" дека „(...) метафората е пренесуваае од една именка на друга или од родот на вид или од видот на род или по аналогща", во ко]а современата поетика ]а препознава т.н. „теорща на трансфер" (или „теорща на супституцща") во „од-на" и уште т.н. „теза на аналогща" (Aристотел, 1979 : 1457b 5.).

Според Георги Сталев, таа „(... ) подразбира задолжително присуство на два поима што се споредуваат и споредбата е не]зиниот основен принцип". вели натаму то], „(...) метафората не се

ограничува само на то] спо] (споредбата, заб.ЛК), туку се проширува како слика што заменува друга слика".

Современата „теорща на отстапката", сво]от легитимитет го потврдува во семантички „густата" констатацща на Aристотел дека, имено, „метафората треба да се 'бара5 и во необичното наспрема обичното": „Возвишен и ослободен од вулгарност е оно] (стил) што се служи со необични изрази; необични изрази ги викам глосата (провинцщализмот), метафората, продолжениот збор и сè што не е обично" (Aристотел, 1979 : 1458a 20). Ова, всушност, значи, како што луцидно подвлекува Кристина ^коловска, дека: „Демаме семантичка видливост 'на прв поглед5, туку 'со загледува&е"' (Ииколовска, 2004: 87).

№ е непозната по]авата, именката да функционира како метафора. Во песната СHMT на ГТ, повеке возбудува фактот или впечатокот што таа именска метафора добива придавски белег. Само да се подредат именките од оваа песна во една хоризонтална низа и сè е ]асно: „клепки", „несон", „средполка", „вертикала", „бесоница", „]аловица", „^мир-гом^лика", „самотща", „плашливка", „Hесонка", „Hеротка", „Hеспокоjничка"... Jасно е дека станува збор за опеваае на немирот, стравот и неплодноста, толку типични за одбраното за споредба со нив - дрво, а преку кои, мошне лесно, оно] што сака тоа да го прочита, може да навлезе во длабочината на човековата душа. И тоа сечща. Зашто, имено, примарна задача на Човекот на ово] Свет е да се оствари на]напред биолошки - да остави пород. И, секако, да не остане сам. №ли и Бог, кога го создаде Aдам, не го остави сам? Му ]а „додаде" и Ева и им порача да се множат. Во песната, мегу редови, се чита крикот на неплодната трепетлика (]асика): „Блазе си му на оно] што тоа го остварил". Освен тоа, нели Човекот се плаши? Отсекогаш и секогаш ке се плаши, иако то] страв, се разбира, не е поврзан само со стравот од бесплодност. Тоа е исконски страв за своето постоеае. Тоа

е смислата, тоа е длабокото значеае на оваа колосална песна на Гане Тодоровски.

„Атрибутивноста" на именката овде е доволна за да се до]де до таа смисла. Сè друго, натаму и потоа, е само дополнуваае, заокружуваае, естетика на таа елементарна смисла.

Таква е суштината на двочлените синтагми од именка и придавка (односно од придавка и именка): дека, имено, трепет ликата е „лична средполка", но е „]аловица занесена" и „зелена неспоко]ничка", обземена од „стравлива самотща". За вол]а на вистината, придавката „лична", во синтагмата „лична средполка", додава нов квалитет кон смислата на песната - наспроти стравот и ]аловоста, затоа што трепетликата е „лична" и животот е, и со страв и со болка, сепак, убав.

Такви се и повекечлените „предикативни формации со атрибутивни белези". Доволни се само неколку (всушност, доволна е само една), за да ]а илустрираат смислата на оваа песна за вечниот човеков немир и страв: „прекопната за споко]", „трепери простум", „им заблазнува на птиците/гнезда што свиле во неа", „на сонот рожбите, починката им заблазнува"...

Слично, ако не и исто, е значеаето и во песната Н, од АГМ, кое во смисла се трансформира не преку метафората туку низ симболот. Очекувано и логично е тоа во симболистичката поезща на основоположникот на хрватската модерна.

Донесуваме само една, според наше видуваае мошне полезна дефиницща на симболот, ко] подразбира дека: „(...) еден апстрактен поим или по]ава се конкретизираат, така што се заменуваат со неко] материален предмет ко] така го добива определеното и утврдено значеае на квалитетот и вредноста на конкретната претстава" (Сталев, 1970: 110).

И во песната на Матош, именката како симбол е речиси доволна да го разголи значеаето: полнок, ден, нокниче, сон, ]аве, животот, смртта, душа, та]на. Овде, за разлика од песната на македонскиот поет, поимите - симболи се дополнети со контраст, забележителен и тогаш кога симболот е набжудуван сам по себе (во случаев, кога именката е симбол). Речиси и да нема потреба да се коментира значеаето на овие поими што внимателниот читател лесно ке ги прочита, а го подразбираат човековиот живот воопшто, со неговите добри и лоши страни (затоа е контрастот), со таинственоста на то] живот, ко] пак, во споредуваната со оваа песна (СНМТ од ГТ) е расчленет на категориите страв и бесплодност.

И во Н од АГМ, другите атрибутивни ентитети, семантички, само го надополнуваат она што именката - симбол го дава како

значеае: „црно како полнок", „златно како ден", „ко животот с]а]но", „ко смртта темно", „живот (... ) таинствен и длабок" (придавка и именка, односно именка и придавка)...

Кога стануува збор за повекечлените предикативните синтагми кои носат атрибутивни белези, пага во очи сознанието дека тие носат малку повеке информации од „чистата" именка, односно симболот. Поточно, тие информации вршат своевидно „прошируваае". Тоа е можно, благодарение на присуството на глаголот во не]зините редови: „нокничето молчи", „сон сред ]аве да е раскрилен", „без мирис sемне", „волшебност тра]на", „трпне та]на". Проширувааето се однесува на та]новитоста, на таинственоста човечка, юз]а, на кра]от на краиштата, е иманентна одлика на човекот воопшто, чии неизговорени мисли се само негова та]на.

„Глаголски конструкции", присутни во песната на Матош, дозволуваат таа, според сво]ата смисла, уште повеке да се доближи до онаа, на Гане Тодоровски. Имено, и тем]анушката како и ]асиката е своевиден симбол на ]аловост, зашто и таа „без мирис sемне".

Ш^осле, и двете песни се синоним на животот човечки и на уште едно секогашно начело дека: убавината никогаш не е комплетна!

3.2. За трепетликата (¡асиката) и нокничето (reMj анушката)

Во традицщата на македонскиот народ, ]асиката се познава како растение, дрво, што расте повеке во планинските региони. „Дасиката, трепетликата (lat. Populous trémula) е дрво од семе]ството врби, од родот топола (...) Листот на ова дрво е подеднакво широк и долг, тркалезен. Листовите треперат и на многу слаб ветер, па затоа ова дрво го добило и името трепетлика.

Симболиката на врбата, на чие сем]ство припага ]асиката, во западната цивилизацща се поврзува со смртта „(...) поради изгледот на дрвото ко] предизвикува тажни чувства" (Шевалие/Гербран, 2005:184). Во источната традицща пак, врбата „(...) затоа што не дава плод, претставува симбол на чистотата (...) Движеаата на гранките на ова дрво се синоним на префинетост и елеганцща" (Шевалие/Гербран, 2005:184).

Тополата, од чщ род е ]асиката, значи не]зината поширока припадност, претставува дрво чща симболика е „(...) поврзана со пеколот, болката, жртвите и солзите" (Шевалие/Гербран, 2005:1025).

Иако е вообичаено „проверката" на симболиката на неко] поим во колективната меморща на народите од светот да

соодветствува со поетската интуицща и без поетот да знае или да биде свесен за таквото совпагаае, сепак трепетликата на Гане Тодоровски не покажува такво целосно совпагаае. Можеби, затоа што не е симбол туку метафора. Или, затоа што има македонски призвук - како таква се поимала raj нас и на пошироките наши простори - трепетлива, вознемирена, без цвет* и плод. Таа е метафора на животот, на стравот и ]аловоста.

Не е таков случает со нокничето, (тем]анушката) на Матош.

„Симболиката на ова цвеке (тем]анушка, з.н.) произлегува од бро]от пет, а ово] бро] е еден од симболите на човекот. Тем]анушката го означува човекот со она што му е сво]ствено - мислеаето, затоа е избрана да ги означи медитацщата и размислувааето" (Шевалие/Гербран, 2005: 1012). Тем]анушката, или нокничето, е симбол на животот, на таинственоста, на контемплацщата.

Впрочем и метафората на трепетликата и симболиката на тем]анушката, се едно исто - нивната смисла во песните, ни помалку ни повеке, се сведува, многу едноставно, на животот човечки.

4. КОМЕНТАР

Веро]атно, кога на поезщата на Гане Тодоровски и Антун Густав Матош би се навратиле по една година или две, во истите песни би пронашле ново и поинакво значеае. Би tó заинтригирало нешто друго, различно, а сепак, исто. Зашто, имено, тоа е поезща ко]а го допира читателот, намерник и ненамерник, зашто во неа ке се препознае себеси - своите стравови и возбуди, своите размислувааа и погледи. И, се разбира, сво]от живот.

Поезщата на два]цата големи поети, македонскиот и хрватскиот, е поезща ко]а ги допира сите сетила. Не само затоа што Матош беше симболист, па симболите можеа да имаат и око, и уво, и кожа, и душа. И, згора на сè, знае]а и да мирисаат... Поезщата на Гане Тодоровски, иако високо метафорична, ги има истите белези. Преку окото, влегува во душата и се сродува со неа... Затоа што е не]зин составен дел... Веро]атно, затоа што таму е родена...

Литература:

Андоновски, Венко. 1997. „Матошевите sвона", Скоще, Штрк. Аристотел. 1979. „За поетиката". Превод од старогрчки, предговор на

* До душа, наидовме на податоци од усни извори дека ]асиката цути, но не]зиниот цвет „не заврзува" плод и се исушува.

авторот и коректура, Михаил Д. Петрушевски. Скоп|е. Македонска книга, Култура, Наша книга, Комунист. Beker, Miroslav. 1991. „Semiotika knjizevnosti", Zagreb. Zavod za znanost o knjizevnosti Filozofskog fakulteta u Zagrebu.

Вангелов, Атанас. 1995. „Исказот и стварноста". Скоще. Детска радост. Матош, Антон Густав. 1987. „Одбрани творби", Скоще, Наша книга,

Македонска книга, Мисла, Култура, Предговор, превод и белешки: Гане Тодоровски. Николовска, Кристина. 2004. „Глаголска метафора". Скоще. Зо]дер. Николовска, Кристина. 1999. „Метафора на припадност". Скоще. Зо]дер. Сталев, Георги. 1970. „Македонскиот верс". Скоще. Македонска книга. Тодоровски, Гане. 1990. „Поезща", Скоще, Наша книга. Шевалие, Жан, Гербран, Ален. 2005. „Речник на симболите". Скоще. Табернакул.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.