Научная статья на тему 'НАУЧНИ ПРИЛОЗИ ЗА РУСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА (РУСКИОТ ИМПЕРАТОРСКИ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА 1861-1915. СВЕТИ НИКОЛЕ: ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИјА, МЕѓУНАРОДЕН СЛАВјАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ "ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН", 2015, С.154)'

НАУЧНИ ПРИЛОЗИ ЗА РУСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА (РУСКИОТ ИМПЕРАТОРСКИ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА 1861-1915. СВЕТИ НИКОЛЕ: ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИјА, МЕѓУНАРОДЕН СЛАВјАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ "ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН", 2015, С.154) Текст научной статьи по специальности «Право»

CC BY
31
6
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Область наук
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

Текст научной работы на тему «НАУЧНИ ПРИЛОЗИ ЗА РУСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА (РУСКИОТ ИМПЕРАТОРСКИ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА 1861-1915. СВЕТИ НИКОЛЕ: ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИјА, МЕѓУНАРОДЕН СЛАВјАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ "ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН", 2015, С.154)»

стручен труд

НАУЧНИ ПРИЛОЗИ ЗА РУСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА

(Рускиот императорски конзулат во Битола 1861-1915. Свети

Николе: Институт за национална исторща, Мегународен с. кпфшски универзитет „Гаврило Романович Державин", 2015,

с.154)

Публикацщата „Рускиот императорски конзулат во Битола 1861-1915" (Свети Николе, 2015), во издание на Институтот за национална исторща и на Мегународниот слав]ански универзитет „Гаврило Романович Державин", претставува зборник од трудови презентирани на Научниот собир „Рускиот императорски конзулат во Битола 1861-1915", одржан на Пелистер, на 31.10.2003 и 1.11.2003 година. Ово] научен собир, на ко]што бевме сведоци и учесници, пред 15 години, беше организиран по повод 100-годишнината од Илинденското востание на македонскиот народ, 100-годишнината од убиството на рускиот императорски конзул А. А. Ростковски и 100-годишнината од печатеаето на книгата „За македонцките работи" од Крсте П. Мисирков. Организатори на Собирот беа Здружението за македонско-руско прщателство, во соорганизацща со Македонското научно друштво во Битола и Институтот за национална исторща. Со оглед на ситуацщата со финансирааето на науката во Република Македонща, печатеаето на матерщалите од ово] собир изгледаше речиси невозможно. Мегутоа, благодарение на финансиската поддршка од Амбасадата на Руската Федерацща во Република Македонща, а во соработка со Мегународниот слав]ански универзитет „Гаврило Романович Державин", Институтот за национална исторща конечно доби можност да го напечати зборникот „Рускиот императорски конзулат во Битола (1861-1915)". Подготовката на публикацщата ]а следеше Редакцщата во состав: проф. д-р Драги Горгиев, проф. д-р Бил]ана Ристовска^осифовска, проф. д-р Силвана Сидоровска-Чуповска, проф. Здравко Божиновски и доц. д-р Димитар Лоровски (секретар). Jавната промоцща на изданието се случи на 9.10.2015 година, во Битола, во Мегународниот слав]ански универзитет „Гаврило Романович Державин", а промотори беа проф. д-р Драги Горгиев и проф. д-р Бил]ана Ристовска^осифовска.

Ово] зборник претставува значаен придонес кон истражува&ата за руското конзуларно претставништво во Битола, за неговиот развиток и промени, со осврти врз некой важни историски личности, кои силно влщаеле врз политиката и исторщата како и истражува&а за руската политика кон Балканот и, поспецифично, за не]зиниот однос кон Македонща и македонското праша&е. Посебен корпус од прилози се посветени и на Илинденското востание, видено низ призмата на дипломатската документацща.

Односите на Русща со православното население на Балканот, особено нагласено на кра]от од XVII и 70-тите години од XVIII век, се опфатени во текстот на проф. д-р Милка Здравева, „Поглед на руската политика на Балканот и руско-македонските врски од Кучук-ка]нарцискиот мир (1774) до Берлинскиот конгрес (1878)". Во то] контекст, авторот го разгледува и интензивирааето на културната соработка, особено тенденцщата, млади луге да се школуваат на руските универзитети. Како логично продолжение на овие општи согледувааа за руската политика на Балканот, проф. д-р Здравева пишува и поспецифично, во прилогот „Интересот на царска Русща за Балканот и за православните балкански народи". Прилогот ги обработува залагааата на руската политика за свое активно присуство и влщание, низ разни форми на де]ствуваае, преку црквата, училиштата, учебниците, но и преку помош во антиосманските воени активности. Тоа придонесува кон позитивната наклонетост на православното христщанско население кон Руската Имперща, како единствената слободна православна држава. Во таа насока е и научниот осврт на проф. д-р Маргарита Пешевска: „Односот на царска Русща кон Македонща на кра]от на XIX и почетокот на XX век". Како што констатира авторот, „Русща како словенска зем]а многу рано про]авувала интерес за настаните на Балканот и во Македонща. Таа и како христщанска зем]а сметала дека треба да го заштитува христщанското население на ова подрач]е. Интересот на Царска Русща за Македонща, се гледа и од тоа дека таа успеала да изде]ствува ка] Султанот право за отвораае конзулати". Проф. д-р Пешевска пишува поконкретно и за интересот на Русща за Битола, поради што, токму во ово] град, бил отворен руски конзулат.

Пригодно, на главниот повод на одржаната конференцща, Н. Мирга]ас Ширински го проследува исторщатот на ова високо руско претставништво во текстот „Исторщата на Рускиот конзулат во Битола и неговото место во руската политика на Балканот". Во него пишува за 54-годишното постоеае на Конзулатот, од 1860 до 1915 година, со 12-те руски императорски конзули, вицеконзули и

привремени извршители, како и за промените во неговиот статус (во 1877 година бил намален на вицеконзулат, а во 1901 година, му бил вратен статусот на конзулат). Во то] контекст е текстот на Здравко Божиновски, „Отворашето на Рускиот императорски конзулат во Битола во 1861 година", со акцент на отвора&ето, што се случило точно на Велигден, во 1861 година, десет години по отвора&ето на првиот европски конзулат во ово] град - австроунгарскиот, во 1851 година.

Од аспект на влщанието на личностите во исторщата, а во то] контекст, на развитокот на руската политика на Балканот и особено во Македонща, посебно место има првиот руски дипломатски претставник, Михаил Александрович Хитрово. Врз неговата биографща се осврнуваат авторите, проф. д-р Катерина Тодороска и Невена Петковска, во текстот „Михаил Александрович Хитрово (1837-1896)", истакнува]ки дека тоа е „една од важните немакедонски личности, значащи за нашето минато". Во врска со неговиот целокупен ангажман, тие со право констатираат „дека македонската историографща му должи на ово] значаен руски дипломат една посериозна и подлабока студща во ко]а посебно би се обработил периодот на неговото престсуува&е и работа сред македонското население". На истата линща на истражуваае е и научниот осврт на проф. д-р Александар Тр.фпювски, во прилогот „Битола и Битолскиот вилает - Македонща и македонското прашаше во извештаите на Хитрово". То] посебно ги истражува проблематиката околу Македонща и македонското прашаае во дипломатските известувааа на рускиот дипломат и општественик Хитрово, кои особено дошле до израз во времето на Големата источна криза. Македонща и македонското прашаае на]многу ги срекаваме во неговото опширно известуваае од средината на ]уни 1879 година, до познатиот руски дипломат и министер за надворешни работи на Русща, Никола] Гирс.

Проф. д-р Драги Горгиев, во сво]от текст „Рускиот конзулат во Битола во извештаите на британските конзули (1861-1871)", дава интересна анализа на неколку документи од Државниот архив на Велика Британща (Public Record Office), кои се дел од микрофилмуваната архивска документацща во Државниот архив на Република Македонща (фонд Форин Офис). Станува збор за пет извештаи, од кои три се од конзулот Чарлс Калверт, а два од заменик-конзулот Едмунд Калверт. Проф. д-р Горгиев истакнува: „Од повеке аспекти тие претставуваат интересно сведоштво за таа активност видена со очите на британските конзуларни претставници во Битола,

но, исто така, го покажуваат и интересот на Британците за политиката што Русща ]а спроведувала на Балканскиот Полуостров преку своите конзуларни претставници".

Акад. Блаже Ристовски, во прилогот „Мисирков и Ростковски", низ своите научни опсервации на историските профили на овие две личности и нивните приватни врски, успеал да ги поврзе трите ]убилеи. Во таа смисла, ке напише: „Полни 100 години нё делат од народниот подвиг во Илинденското востание и од историската жуава на првата книга на современиот македонски литературен ]азик и правопис „За македонцките работи", од Крсте Мисирков. исто така, се исполни и стогодишнината од убиството на Мисирковиот прщател, рускиот конзул во Битола, Алесандар Аркадьевич Ростковски, што се случи во моментот кога, во соседното Крушево, со крв и со оган се бранеше слободната територща. Сите тие знаменити одредници во исторщата и до денеска живо тлеат во меморщата на нашиот народ". Улогата на Мисирков станува уште познача]на, ако се има предвид неговиот став дека за Македонща е важно да има влщателен Македонец во руската дипломатка, за што и самиот вложил големи напори.

Убиството на рускиот конзул оставило трага во исторщата и предизвикало силна општествена и политичка реакцща. Торги Сто]чевски се осврнува на него во прилогот „Австроунгарски документи за убиството на рускиот конзул Александар Ростковски во Битола". То] разработува дел од австроунгарската архивска грага во врска со убиството и притоа претставува одредени аспекти од ставовите на Австро-Унгарща и Русща, од кра]от на XIX и почетокот на XX век, во врска со ово] настан. Како што пишува Сто]чевски, „Истиот внесол на]многу тензща помегу Русща и Турцща, а потоа и мегу другите сили спрема настанатата ситуацща. Во исто време правиме и кратка критика на приликите во Македонща во периодот 1903-1904 година, како и за ставот на Русща спрема Македонща". За ово] настан, ко] оставил трага во исторщата на Конзулатот и во руската политика, како и во меморщата поврзана со градот Битола, пишува и Здравко Божиновски, во текстот „Пренесувашето од Битола на телото на убиениот руски конзул Александар Ростковски и неговиот погреб во Одеса". Мегу другото, Божиновски напишал: „Рускиот императорски конзул Александар Аркадьевич Ростковски е убиен во Битола, до патот под денешниот градски парк, спроти Рускиот Крст, на 26 ]ули/8 август 1903 год., во 10,10 часот. Неговото мртво тело беше изложено во Рускиот конзулат во Битола, цели 11 дена, односно до 6/19 август, кога со високи воени и цивилни почести неговото тело било испратено на пат кон Одеса". Од Битола до Солун,

ковчегот патyвал со специален воз и потоа во воениот брод „Terec" го продолжил патуватето кон Дарданелите, сè до Одеса.

Навлегува]ки во сферата на мегународните политички односи и на нивната поврзаност со Македонща, проф. д-р Далибор Ловановски, во прилогот „Македонща и гpчко-pyските односи во осyмдесеттите години на XIX век", мегу другото, пишyва: „односите помеГy Грцща и Русща биле сè уште оптоварени со настаните кои беа поврзани со Санстефанскиот мировен договор. Грцща и по завршуватето на Источната криза со голем сомнеж гледала кон Русща и не]зината политика во регионот. Грцща едноставно живеела во посто]ан страв од панславизмот, за ко] во атинските политички кругови се сметало дека бил поттикнуван директно од Петроград".

Како една од историските детерминанти, претставува историскиот настан, па во таа смисла, Илинденското востание може да се смета како историски настан од исклучително значете за македонската исторща. Во прилогот „Илинденското востание во Битолскиот и Скопскиот вилает според извештаите на руските дипломатски претставници", авторот, проф. д-р Александар Трафпювск'и, ]а изнесува сво]ата анализа, направена врз основа на руски офицщални дипломатски документи што се однесуваат на почетокот на Илинденското востание и на последиците за Македонща во 1903-тата и делумно во 1904-тата година. Прилогот, пак, „^уско-италщанските односи 1903-1904 година и положбата во Македонща (Битолскиот вилает)" од проф. д-р Кочо Сидовски, се осврнува на македонското националноослободително и револуционерно движете од почетокот на XX век и вооруженото востание како кулминацща, со барате за национално и политичко ослободувате што се базирало на легитимни историски суверени права за слободно постоете и независност.

Низ архивска документацща, проф. д-р Симо Младеновски третира прашате поврзано со руската имиграцща, во прилогот „Учеството на Pyси во Народноослободителната антифашистичка во|н<1 на Македонща" Имено, речиси 200 Руси зеле учество во текот на Народноослободителната во]на во Македонща, кои доагале како имигранти, по Октомвриската револуцща, или како советски бегалци, во]ници од германско заробеништво, 1941-1944 година итн.

Зборникот „Рускиот императорски конзулат во Битола (18611915)" претставува збир од интересни научни прилози, кои презентираат, но и отвораат прашата на кои останува науката да одговори во иднина. Да се надеваме дека и во иднина ке бидеме

сведоци на слични ^бликации, со кои се отвораат нови погледи за минатото и со тоа, подобро разбираае на сегашноста.

Билjана Ристовска^осифовска

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.