Научная статья на тему 'АФИРМАТОРИ НА УСНОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА'

АФИРМАТОРИ НА УСНОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА Текст научной статьи по специальности «История и археология»

CC BY
6
2
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
Ключевые слова
Граѓанска војна / Егејска Македонија / современа македонска историја / народни песни / чувари на усното народно творештво / Civil War / Aegean Macedonia / Modern Macedonian History / Folk Songs / Guardians of the Oral folk Creation

Аннотация научной статьи по истории и археологии, автор научной работы — Наташа Диденко

Целта на трудот е да се претстават животот и делата на оние истражувачи – родени во Егејска Македонија, кои во современата македонска историја дале значаен придонес во зачувувањето на усното народно творештво од егејскиот дел на Македонија. Преку методите на историско, аналитичко и компаративно истражување добиваме сознанија за нивните способности и вештини, со кои се истакнале и се покажале како плодни истражувачи на тоа народно творештво. Со нивните истражувачки потфати, тие не само што го направиле првиот чекор за зачувување на тоа фолклорно богатство, кое дотогаш било надвор од досегот на македонската фолклористика и културна историја, туку и го оттргнале од времето на заборавот.

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.
iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.
i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.

PROMOTERS OF THE ORAL FOLKLORE FROM AEGEAN MACEDONIA IN MODERN MACEDONIAN HISTORY

The aim of this paper is to represent the life and work of those researchers – born in Aegean Macedonia, which have made a significant contribution in modern Macedonian history to the preservation of oral folklore from the Aegean part of Macedonia. Through the methods of historical, analytical and comparative research, we gain knowledge of their abilities and skills, which made and highlighted them as fruitful researchers of folklore. With their research ventures, on one hand they took the first step to preserve this folklore wealth, which until then was beyond the reach of Macedonian folklore and cultural history. On the other hand, they preserved it from oblivion.

Текст научной работы на тему «АФИРМАТОРИ НА УСНОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА»

Philological Studies 21, 2, (2023)

Оригинален научен труд

УДК 94(497.7) УДК 398.8(=163.3:495.6) DOI: https://www.doi.org/10.55302/PS23212222d

АФИРМАТОРИ НА УСНОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО ОД ЕГЕJСКА МАКЕДОНША ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА

ИСТОРША

Наташа Диденко

Институт за национална историка во Скоп]е Универзитет „ Св. Кирил и Методи] " во Скоп/е

Клучни зборови: Граганска во]на, Еге]ска Македонща, современа македонска историка, народни песни, чувари на усното народно творештво.

Апстракт: Целта на трудот е да се претстават животот и делата на оние истражувачи - родени во Еге]ска Македонща, кои во современата македонска историка дале значаен придонес во зачувувааето на усното народно творештво од еге]скиот дел на Македонща. Преку методите на историско, аналитичко и компаративно истражуваае добиваме сознанща за нивните способности и вештини, со кои се истакнале и се покажале како плодни истражувачи на тоа народно творештво. Со нивните истражувачки потфати, тие не само што го направиле првиот чекор за зачувуваае на тоа фолклорно богатство, кое дотогаш било надвор од досегот на македонската фолклористика и културна историка, туку и го оттргнале од времето на заборавот.

PROMOTERS OF THE ORAL FOLKLORE FROM AEGEAN MACEDONIA IN MODERN MACEDONIAN HISTORY

Natasa Didenko

Institute of National History in Skopje Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Key words: Civil War, Aegean Macedonia, Modern Macedonian History, Folk Songs, Guardians of the Oral folk Creation.

Abstract: The aim of this paper is to represent the life and work of those researchers - born in Aegean Macedonia, which have made a significant contribution in modern Macedonian history to the preservation of oral folklore from the Aegean part of Macedonia. Through the methods of historical, analytical and comparative research, we gain knowledge of their abilities and skills, which made and highlighted them as

fruitful researchers of folklore. With their research ventures, on one hand they took the first step to preserve this folklore wealth, which until then was beyond the reach of Macedonian folklore and cultural history. On the other hand, they preserved it from oblivion.

Македонскиот народ од ErejcKa Македонща за време на: Балканските во]ни (1912 - 1913 година), Првата светска во]на (1914 -1918), периодот мегу двете светски во]ни (1918 - 1941), а особено во периодот на т.н. Метаксасова диктатура (1936 - 1941), бил под на]строги денационализаторски и асимилаторски режими, спроведувани од страна на грчките власти. Поради употребата на ма]чиниот ]азик во семуднев-ниот живот, во семе]ството, мегусебната комуникацща, на седенки, свадби или на погребни ритуали, македонскиот народ бил малтретиран и казнуван на на]различни начини. За сею] македонски збор искажан ]авно, некои лица биле присилувани да пщат рицинус, а други пак биле казнувани парично, осудувани или пак пракани да работат ангарща. Исто така и децата не биле поштедени. Ако кажеле неко македонски збор на училиште, од страна на своите учители добивале шлаканица (Доневски, 1996: 81 - 82), или пак биле удирани со прачка по рацете.

По капитулацщата на Грцща, потпишана на 28 април во 1941 година, од страна на генералите Гергиос Чолакоглу,1 Е. Бакос и П. Деместикас, еге]скиот дел на Македонща бил поделен на три окупациски зони, кои им припаднале на: Бугарща, Италща и Германща. Централната и западната област од еге]скиот дел на Македонща, каде што мнозинското население било македонско, останало под управа на грчкиот квислиншки генерал Г. Чолакоглу. Неговото внимание особено било насочено кон македонскиот народ, создава]ки вооружена жандермерща и применува]ки терор (Вел]ановски, 2008: 303).

Власта во Грцща по склучувааето на договорот во Варкиза (во близина на Атина), на 12 февруари во 1945 година, била преземена од страна на десните политички сили, при што македонскиот народ сеюудневно бил под политички притисоци и малтретирааа, со намера да се асимилира или да се протера од родните краеви (Мамуровски, 1995: 35). Имено, Македонците од еге]скиот дел на Македонща биле третирани како „Бугари" и „комитации" и не само што биле обвинувани за „предавство на татковината" или како луге „опасни за ]авниот ред",

1 Георгиос Чолакоглу (1896 - 1948) - генерал-полковник на грчката армща, учесник во Балканските во]ни. По Првата светска во]на бил командант на гарнизонот во Атина, началник на Воената академща, инспектор на пешадщата на грчката армща, командант на корпус и на армща, претседател на првата грчка квислиншка влада 1941 - април 1943 (Кир]азовски, 1987: 298).

туку биле и подложувани на политички пресметувааа и затворски казни (Види повеке: Кир]азовски, 1996: 11 - 37).

Македонскиот народ, по поразот на Демократската армща на Грцща (натаму: ДАГ), односно по крарт на Граганската во]на во Грцща (16 октомври, 1949 година), продолжил да живее под истите тешки етнички, политички и економски режими, коишто биле воведени во периодот на во]ната. Многу македонски села биле срамнети со зем]и, додека пак: Костурскиот, Леринскиот и Воденскиот Регион биле опусто-шени. Речиси 50 000 Македонци, мегу кои шдадници деца (28 000 Македонци и Грци), биле принудени да бараат спас во: Источна Европа, Канада, Соединетите Американски Држави, Австралща, но и во Народна Република Македонща (Пенушлиски, 1992: 66). Мегу нив се вбро]уваат и: Паскал Паскалевки, Михалис Раптис и Торги Доневски, кои, по ослободувааето и по конституирааето на современата македонска држава, ги направиле првите чекори за зачувуваае на усното народно творештво од Еге]ска Македонща. Во таа смисла, во продолжение, ке направиме анализа на нивните истражувачки потфати, со кои, не само што оставиле длабока трага во македонската фолклористика и културна исторща, туку и ]а збогатиле пле]адата на македонските собирачи, публицисти и изучувачи на македонскиот фолклор.

Паскал Паскалевски бил роден на 14 ]ануари 1914 година во с. Долени - Костурско. Селото во Граганската во]на прилично настра-дало. 20 луге ги загубиле своите животи, повекето семе]ства се иселиле во внатрешноста на Македонща, а извесен бро] во источноевропските зем]и и во Jугославиjа (Симовски, 1978: 49). Во текот на Граганската во]на (1945 - 1949), П. Паскалевски бил член на Централниот совет, како и на Главниот оддел за агитацща и пропаганда на Народноослободи-телниот фронт (НОФ). Имено, ваквата политичка и воена организацща на Македонците од Еге]ска Македонща била формирана на 23 април во 1945 година заради потребата за одбрана од теророт и газеаето на не]елементарните човекови права, како и желбата за истакнуваае на своето национално обележ]е. (Доневски, 1996: 92). Со не]зиното форми-раае се создале услови за примена на македонскиот литературен ]азик, односно на ]азикот што се применувал во Вардарска Македонща (Кир-]азовски, 2001: 214) Печатот и сите македонски изданща мегу ко] и весникот „Непокорен" во ко] П. Паскалевски бил член на Редакцщата (Младеновски, 2009: 1044), биле печатени на то] ]азик. Во весникот, мегу другото, постоеле рубриките „Наша поезща" и „Исторща на ]азикот и литературата" (Младеновски, 2009: 1044), каде што се ]авувал и како автор на поетски и прозни прилози (Буцкова, 1995: 56). Истовремено со свои прилози се ]авувал и во весникот „Единство" - орган на Окружниот

одбор на НОФ во костурско, ко] започнал да излегува на почетокот на 1947 година, како и во дво]азичното месечно списание „Нова Македонка" - орган на Антифашистичкиот фронт на жените, кое излегувало во периодот од 1 март во 1948 до август во 1949 година (Кир]азовски, 1987: 292).

Покра] литерaтyрните преокупации, то] за да ja зaчyвa истори-jara на македонскиот ]азик од Еге_|ска Македонща, и покра] тешките услови и разорувааа, коишто биле спроведувани во неговото родно село од страна на грчката монархофашистичка во_|ска, активно започнал да се занимава со собираае на македонски народни песни. Ваквиот процес со оглед на условите во кои живеело македонското население уште од самиот почеток не бил едноставен. Како што и самиот има напишано: ...„лугето се плашеа и беа мно2у претпазливи. Сеща жена - стара или млада - кога се решаваше да ми даде да запишам некojа песна, претходно ме замoлyваше: „ Чендо, жити чендо, не ми го пиши името, зер ако се върн бyрандарите, кемеy6rn ако наyче"...(Пaскaлевски, 1959: 13).

И покра] неповолните услови, до кра_|от на Граганската во_|на, то] имал запишано 188 песни од селата: Сничени, Зеленич (Костурско, Еге^ка Македонща), Долно Котори, Сетина, Брезница, Рула, Невол]а-ни, Желево, Граждано, Лагино и Медово (Леринско, Еге_|ска Македо-нща) (Паскалевски, 1959: 9 - 3) Иако немал преходно искуство со собираае на фоклорен матерщал, то] внимателно го бележел кажу-вааето и пееаето на стиховите на народните песни. Мегутоа, кога за нешто се сомневал, како што самиот вели, „... кога нещ стих ми се гледаше дека не е гладок, дека некаде слоговите се претерано повеке или помалу тогаш jа молев исполнителката да повтори. И кога и при пoвтoрyватетo не се добиваше никакво поправате, тогаш jас барав и да ми се испее дадената песна"...(Паскалевски, 1959: 13).

По поразот на ДАГ, односно по крарт на Граганската во]на, П. Паскалевски емигрирал во Полска, каде што продолжил со своите литературни преокупации. Во 1949 година ja об]авил стихозбирката „Пролет над Erej". Подоцна се ]авува како автор и на други стихови, мегу кои се споменуваат: „Марш на НОМС", „Разделба", „Не_|кум по глувите порти", „Враговски ветрови", „Копнеж за братството" и др. (Буцкова, 1995: 56).

Со создавааето на современата македонска држава започнува процесот за развиток и изградба на државата во сите сфери, пред сè во образованието, при што мегу другите образовни институции биле

формирани Фолклорниот институт 2 и Институтот за македонски ]азик.3 Тогаш П. Паскалевски сите оние песни што ги имал собрано за време на Граганската во]на, за да поттикне творечки потфати во сестраното проучуваае и зачувуваае на македонскиот ]азик, дщалектологщата и лексикологщата, предложил да бидат об]авени од страна на Институтот за македонски ]азик.

Збирката „Народни песни од Еге]ска Македонща" од П. Паскалевски, во издание на Институтот за македонски ]азик е об]авена во 1959 година. Во неа, авторот, битовите песни (19), лубовните (32), а]дучките и комитските (23) и песните од антифашистичкиот отпор (36), ги класифицирал според содржинскиот карактер, додека пак обредните (23 велигденски, гурговденски, лазарски и свадбарски), трудово-профе-сионалните (19 за полските работи, за сточарството, за занаетчиите, за ангарщата, гурбетчиски), историските (17 за турското ропство, за во]ни, за грчките андарти) и револуционерните песни (19 за личности и во]води) ги класифицирал според времето кога се пееле (Паскалевски, 1959: 17 - 124). На кра]от на збирката составил и речник на помалку познати зборови, како и дал податоци за секо]а песна од кого е запишана (Паскалевски, 1959: 134 - 140).

Со публикувааето на збирката Паскал Паскалевски направил вистински подвиг за зачувуваае на народните песни од Костурскиот и од Леринскиот Округ на Еге]ска Македонща како дел од македонското духовно наследство. Во 1965 година се преселил во Софща, Бугарща, каде што останал до кра]от на неговиот живот (13 ма], 2004 година).

Мегу чуварите на усното народно творештво од Еге]ска Македонща се вбро]ува и Михалис Раптис (Михо Терзицки), ко] бил

2 Со одлука на Владата, Фолклорниот институт бил основан на 6 април 1950 година со задача да ]а организира работата на собираае, систематизираае и конзервираае на фолклорното богатство на македонскиот народ; научно да го анализира, проучува и обработува собраниот материал од подрач]ето на националниот фолклор; да дава совети и стручни мислеаа во врска со применувааето на народната уметност во домашните ракотворби, музиката, индустрщата, градежништвото и др.; да соработува со организации, друштва и установи што работат на пропагираае на народната уметност; да се грижи за запазуваае и понатамошно развиваае на народното уметничко творештво и да подготвува научни и научно-популарни публикации од областа на сво]ата работа (Уредба за за осниваае на Фолклорен институт, Службен весник на Народна Република Македонц/а, бр. 11/50, Скоще, 15 ма] 1950, 71).

3 Институтот за македонски ]азик, со одлука на Владата бил основан на 1 март 1953 година, со задача сестрано да го проучува македонскиот ]азик, да ги поттикнува творечките потфати во таа област и да се грижи за усовршуваае на научните и на стручните работници во него. Во прво време работел како дел од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скоп|е. За кратко време прераснал во самосто]на институцща со свои органи и со самосто]но финансираае (2003). 50 години Институт за македонски ]азик „Крсте Мисирков". Скоп|е: Институт за македонски ]азик „Крсте Мисирков", 5).

роден во историското село Слимница, Костурско. Селото претставувало чиста македонска населба и им припагало на петте таканаречени Jaновенски Села.4 По распагааето на селото во 1948 година, неговите жители, преку Албанща, биле однесени во источноевропските зем_|и (Симовски, 1978: 87). Мегу нив бил и Михалис Раптис, ко], по принуд-ното напуштаае на родниот кра_ь се доселил во Букурешт, Романща, каде што продолжил да го гради сворт живот (Раптис, 1977: 5). По Граганската во_|на селото е преименувано во Трилофон (Симовски, 1978: 87).

Копнежот за напуштениот дом и на татковината го поттикнале да собира матерщали од народното творештво на сворт роден кра]. Собирааето на фолклорното творештво, како што напишано во воведот на сво]ата книга, го чувствувал како ..„патриотска должност.." (Раптис, 1977: 27). Во продолжение истакнал: „Секогаш кога доагам во Романса и во Унгарща, каде што во наjгoлем брoj живеат моите сонародници, за да соберам по можност што повеке фолклорни матер^али, дознавам за жал, за смртта на пoнекoj познат мoj сонародник. Неговата смрт длабоко ме oгoрчyва, не затоа што мojoт сонародник не доживеал сто години, тyкy затоа што неговото место oстанyва празно, незаменливо за народната песна од oвoj мал краj на мojата татковина. За жал, треба да признаеме дека народното творештво од оваамала област е во процес на изyмирате... Можеби чyвст-вото да спасам нешто што заедно со мртвиот, мoj сонародник ке го покрие засекогаш гостопримната земjа, една непозната песна, ме натера да побрзам, да регистрирам што е можно повеке..." (Раптис, 1977: 27).

Една деценща (1961 - 1971 година) то] ги регистрирал сите оние народни песни што останале во секавааата на неговите: родители, роднини и сонародници што живееле во Романща и во Унгарща (Раптис, 1977: 5 - 6). За жал, не успеал да ги регистрира и песните што останале во секавааата на ]ановенците што биле доселени на територщата на Соцщалистичка Република Македонща, со што би се добила поточна претстава за културно-националниот профил на ова население (Раптис, 1977: 5 - 6).

Во 1977 година, неговите песни се публикувани од страна на Институтот за фолклор во Скоще, во книгата „Фолклорот на Jaновен-ските села во Костурско". Книгата содржи 73 песни, класифицирани во

4 Во Jaновенските Селa или во селaтa та Грaмос влегyвaле пет селa: Слимниц^ Пил^ти, Jaновене, Кaлевиштa и Омотско. Меfyтоa, крajот та Грafaнскaтa во]та го имa озтачено крajот та овие селa, кои денесга се избришaни од кaртaтa та Бaлкaнот (Видете повеке во: Pamre, 1977: 11-29).

седум групи: а]дутски песни (6), лубовни (28), свадбени (16), лазарски (7), печалбарски (6), тажачки (2), приспивни и детски песни (8) (Раптис, 1977: 37 - 60, 69 - 98). Мегутоа, како и што нагласува самиот автор, покра] македонските (56), во рамките на книгата ги опфатил и оние песни што се пееле на грчки ]азик (10), на албански (5) и по една песна паралелно на македонски и грчки и на албански и грчки ]азик, со констатацща дека до почетокот на Граганската во]на во Грцща raj жителите на Jановенските Села не постоела многу ]асна дефинирана национална свест (Раптис, 1977: 7, 28). Особено значеае во книгата имаат об]авените фотографии од информаторите, кои остануваат како тра]ни сведоштва за: животот, обичаите и традициите на Македонците од Еге]ска Македонща. На крарт на книгата се претставени благослови (што се употребувале за време на имендени, при рагаае, кршевка, на свршувачки и свадби и при смртни случаи), клетви, брзоговорки и топоними (Раптис, 1977: 99 - 107).

Преку внимателното запишуваае на народните песни од петте костурски села во пазувите на Грамос и на Алевица, Михалис Раптис го направил првиот чекор за зачувуваае на нивната духовна народна култура, ко]а дотогаш била недостапна за македонската фолклористика.

Во иницщативата за зачувуваае на фолклорното творештво од Еге]ска Македонща се приклучил и Торги Доневски. То] бил роден на 2 февруари во 1934 година, во селото Бапчор. Селото во 1955 година е преименувано во Пименикон (Симовски, 1998: 8). Во 1948 година тоа било наполно уништено и напуштено од страна на 170 фамилии со околу 650 лица.5 Мегу нив бил и Г. Доневски, ко], по об]авува&ето на соопштението од страна на привремената партиска Демократска влада на Грцща за евакуацща на децата до 14-годишна возраст (Доневски, 1996: 98), по неколкумесечниот престо] во прилепското село Браило и во манастирот Слепче, во Матка, бил прифатен и згрижен во Цриквеница, Народна Република Хрватска.6

5 Околу 100 бапчорски семе]ства со над 350 членови заминале во тогашната Народна Република Македонща (натаму: НРМ), а другиот дел од бапчорските семе]ства, заедно со активните борци, поради поразот на ДАГ во 1949 година заминале преку Албанща во Полска (21 семе]ство со околу 60 членови), во Со]узот на Советските Соцщалистички Републики (17 семе]ства со 55 лица), во Романща (14 семе]ства со околу 40 членови), во Унгарща (три семе]ства со седум членови), а еден сосема мал дел од бапчорските семе]ства останал во околните села од еге]скиот дел на Македонща (32 фамилии со околу 1 000 лица). По неколку години, многу од тие семе]ства се вратиле да живеат во НРМ, но имало и такви што тра]но заминале raj своите на]блиски во прекуокеанските зем]и: Австралща, Канада и Америка (Доневски, 1996: 119-123).

6 Документацща на семе]ството Доневски, Биографски податоци на Горги Доневски.

По барааето на Централниот одбор на ]угословенскиот Црвен крст за изучуваае на занаети, Toj бил испратен во Самобор, во непосред-на близина на Загреб, да го изучува занаетот за автомеханичари. Во учебната 1950/1951 година ]а завршил Автомеханичарската школа и се здобил со зваае квалификуван работник од металската струка -автомеханичар.7 Потоа, биде]ки неговите родители (Доста и Митре Доневски) биле евакуирани во Полска, двете сестри (Славка и Лета) во Романща, а два]цата брака (Танас и Коста) во Русща8, то] заминал во Скоще raj блиски роднини, каде што започнал да го гради сво]от живот. На почетокот, то], како и сите оние Македонци, кои, по напуштааето на родните огништа во текот на Граганската во]на, биле прифатени на територщата на НРМ, во согласност со конвенциите на Организацщата на обединетите нации (ООН) имале статус на бегалци (Мирчевска, 2015: 369). Мегутоа, со текот на времето тие се стекнале со македонско држацанство и останале да живеат во Република Македонща затоа што никогаш не им било дозволено да се вратат во Грцща (Атанасов, Наумовска, 2020: 8).

Во првите години по доселувааето во Скоще, како резултат на вниманието што надлежните државни органи и институции го посветувале на образованието на бегалските деца, Г. Доневски се запишал во Средното медицинско училиште за санитарни техничари. По положувааето на дипломскиот испит во ]уни 1955 година,9 се активирал во територщалната младинска организацща во тогашната Општина Саат кула (денес Гази Баба). Кон крарт на 1958 година заминал на отслужуваае на воениот рок во -Ъуб.шана, а потоа и во Белград, каде што работел во Воената амбуланта. По неговото вракаае во Скоще бил назначен за санитарен инспектор при НО на Општината Саат Кула во Скоще. Потоа, повеке од една година бил секретар на Општинскиот комитет на ОДузот на младината на „Саат Кула", а подоцна и платен политички секретар на Околискиот комитет на Со]узот на младината на Скоще. Учествувал на повеке локални доброволни и одузни работни акции како бригадир, а подоцна и како командант на работната бригада, ко]а била прогласена за на]добра на целата траса на Автопатот „Братство-Единство" (Диденко, 2022: 251 - 252).

7 Документацща на семе]ството Доневски, Svjedodzba o zavrsnom ispitu, 1 rujna 1951, Samobor.

8 Видеофонд. Работата на Горги Доневски во функцща на зачувуваае на Македонското културно наследство [IRAM/buzAR Archive], Skopje, 2003.

9 Документацща на семе]ството Доневски, Диплома за положен завршен испит во Средното медицинско училиште за санитарни техничари во Скоще, Народна Република Македонща, 27 ]уни, 1955 година.

Торги Доневски имал и бро]ни задолженща во органите на општествено-политичкото управуваае. Бил избран за секретар на основната партиска организацща и во раководството на месната организацща на Соцщалистичкиот одуз на работниот народ на Македонща (натаму: ССРНМ), за секретар на Општинскиот одбор на ССРНМ „Саат Кула"; за одборник на општинското собрание „Саат Кула" од изборната единица Автокоманда и бил мегу првите активисти што се зафатиле со прашааето околу брзото прилагодуваае на организацщата на Соцщалистичкиот одуз во новите услови настанати по земртресот, при што се формирале се повеке подружници на месните организации на ССРНМ, и се засилила нивната активност во шаторските населби (Диденко, 2022: 252).

И покра] бродите активности и задолженща во општествено-политичкиот живот, Торги Доневски во 70-тите години активно се вклу-чил во широко организираната активност од страна на Фолклорниот институт во Скоще и со поддршка на тогашниот директор,10 - академик Блаже Ристовски,11 започнал да го открива, го регистрира и го

10 Видеофонд. Работата на Горги Доневски во функцща на зачувуваае на Македонското културно наследство [IRAM/buzAR Archive], Skopje, 2003.

11 Блаже Ристовски (1931, с. Гарниково, Кавадаречко - 2018, Скоп|е) - славист, филолог, културолог, историограф, фолклорист и литературен историчар, член на Македонската академща на науките и уметностите. Гимназиско образование завршил во Кавадарци и во Прилеп (1950), а Филозофски факултет (Група за литературите на народите на Соцщалистичка Федеративна Република Jугославиjа и македонски ]азик) во Скоп|е (1955). Со научноистражувачка работа почнал да се занимава уште по запишувааето на студиите, а првиот истражувачки труд го об]авил во тогашниот орган на Катедрата за ]ужнословенски ]азици „Македонски ]азик" (II, 5, 1951, 117-120). За време на студирааето работел како главен уредник на списанието „Народно здрав]е" и бил именуван за шеф на Отсекот за печат во Институтот за здравствено просветуваае во Скоп|е (1953 - 1955). Во учебната 1956/1957 година работел како професор во Кавадарци, а потоа се вработил во Скоп|е како ]азичен редактор на Радио Скоп|е во периодот 1957 - 1961 година. Од 1961 до 1966 година работел како лектор за македонски ]азик и предавач за македонска литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Лублана и истовремено од 1965 до 1966 година ги водел предавааата на Педагошката академща во Марибор. По одбраната на неговата докторска дисертацща во 1965 година, со наслов „Крсте П. Мисирков - животот и делото", бил именуван за директор на Институтот за фолклор во Скоп|е. Во 1977 година, како научен советник, преминал со работа во Институтот за национална исторща, каде што до 1991 година бил раководител на Балканолошкото одделение. Во периодот 1991 - 1992 година бил избран за прв потпретседател на првата Влада на самосто]на Република Македонща. Од 1993 до пензионирааето во 1995 година работел како научен советник во Институтот за старословенска култура. Како истражувач на македонската литература, ]азична и национална исторща и на фолклорот во Македонща, има об]авено повеке книги за развитокот на македонската културно-национална мисла и над 800 статии и други прилози во разни зборници во зем]ата и во странство (Младеновски 2009: 1276).

документира усното народно творештво од CBojoT роден Kpaj -историското село Бапчор.

Во неговата потрага по доселените семе]ства од Еге]ска Македонща, благодарение на неговата кра]но одговорна работа, како што истакнува неговиот долгогодишен прщател и соработник Мишо Китаноски: „...то; ja стекна довербата на своите македонски состраданици од родните егеjски огништа, така што тие со задоволство учествуваа во остваруватето на племенитата работа. Не само што директно му помагаа, пееjKи му песни, туку и му покажуваа и го насочуваа щ уште луге може да се вклучат во оваа работа и да испеат песни... Со еден збор, неговата ваква активност се расчу мегу Македонците од Егеj и, тие секогаш и во секое време му ja имаа широко отворено вратата од своите домови, свесни дека со тоа учествуваат во светото и племенито дело, богатото македонско фолклорно наследство да се запише и уште, тра)но да се зачува од заборавот на времето ...".12

Неговите напори за зачувуваае на фолклорното творештво од година во година биле сè повеке забележливи. Така по откривааето и документирааето на бро]ни народни песни од неговиот роден кра] -историското село Бапчор, кои, како што самиот вели дека дотогаш „... нити фолклористите на Македонка не ги познаваа, односно тоj мелос им беше отсатен...",13]а формирал женската вокална група „Бапчорки". На почетокот во групата биле вклучени пет членки: Доста Дел]анова-Доневска, Лета Манева-Барциева, Вита Цигулева-Филипова, Ристана Ендриова и Мара Концолова. Но, набргу три членки од првиот состав од оправдани причини се откажале, така што во групата останале само сопругата на Г. Доневски - Д. Дел]анова-Доневска и не]зината братучеда Л. Манева-Барциева. По кусо време им се придружиле и Лефтерща Шанковска од с. Саракиново (Воденско) и Васка Кланцева од с. Дреновци (Костурско) (Диденко, 2022а: 199).

Првиот настап на женската вокална група, како што вели Доста Дел]анова-Доневска, бил забележан во 1971 година на „Охридскиот

12 КМ - Китаноски Мишо, роден 1941 година во Вечани, село во областа Дримкол, во околината на градот Струга) - новинар, публицист, поет и автор на телевизиски сценарща; снимила Н. Диденко 2022, Вевчани.

13 Видеофонд. Работата на Горги Доневски во функцща на зачувуваае на Македонското културно наследство [IRAM/buzAR Archive], Skopje, 2003.

фестивал на аматерски ансамбли на народнн песни и игри"14 (денес „Балкански фестивал на народни песни и игри")15 (Видете ja сл. 1).

Фотографща бр. 1: Првиот состав на женската вокална трупа „Бапчорки" пред настапот на „Охридскиот фестивал на аматерски ансамбли на народни песни и игри" На фотографщата од лево кон десно се наогаат: Мара Концлова, Доста Дел]анова-Доневска, Лета Манева-Барциева, Вита Цигулева-Филипова и Ристана Ендриова (Досега необ]авена фотодокументацща на семе]ството Доневски)

За краток период женската вокална група „Бапчорки", со сво_)от вокален опус, се здобила со голема популарност во Македонка и пошироко. Последниот настап на оваа група е забележан во скопската дискотека „Хард рок" во 1993 година кога настапиле заедно со македонската поп-рок музичка група ..Мсмори]а"" (Видете ja сл. 2). Од членките на полниот состав (квартет) на женската вокална група „Бапчорки", денес е жива само Д. Дeлjaнoвa-Дoнeвcкa (Диденко, 2022а: 203, 207).

14 Фестивалот бил воспоставен во 1962 година. За да се прецизира и концепски да се оформи содржинската програма, во периодот од 1964 до 1967 година бил прекинат. По формиран>ето на фестивалската номенклатура, според кеда, учесници на фестивалот можеле да бидат оние вокални, инструментални и вокално-инструментални солисти, групи и ансамбли, кои го презентирале автентичното народно творештво и традиционална култура, то] е преименуван во „Балкански фестивал на народни песни и игри" (Саздов; Момировски (ред) и др., 1982: без пагинацща)

15 ДДД - Доневска-Дел]анова Доста - родена во 1937 година во селото Бапчор, Костурско, сопруга на Торги Доневски и член на женската вокална група „Бапчорки", снимила Н. Диденко 2022, Скоще.

Фотографу а бр. 2:

Настап на женската вокална група „Бапчорки" во 1993 година во скопската дискотека „Хард рок" заедно со групата „Меморща".

На фотографщата од лево кон десно се наогаат: Доста Дел]анова-Доневска, Лета Манева-Барциева и Лефтерща Шанковска (Диденко. 2022а: 207).

Големиот интерес к а] широката македонска ¡авност спрема вокалното творештво од сгс|скиот дел на Македонща го поттикнал за започне да размислува и за формиран>е на нови вокални групи за и понатаму да се сочува, да се презентира и да се афирмира македонското фолклорно творештво од оние области на Егс]ска Македонща во кои живеат голем бро] Македонци и кои го зборуваат ма к с до не к и от] ;г! и к во мегусебната комуникацща. Затоа, во наредните години покренал

инициатива за формираае на уште неколку женски вокални групи, кои исто така се здобиле со популарност. Мегу нив биле: женската вокална група „Воденки" (Видете ]а сл. бр. 3), формирана во 1972 година, во состав на четирите жени од групата Бапчорки: Доста Дсл|анова-Доневска, Лета Манева-Барциева, Лефтерща Шанковска, Васка Клан-цева, кон кои се приклучиле: Тина Ташева и Марща Гацева од се лото Тресино, Воденско (Диденко, 20226: 67 - 68).

Фотографща бр. 3:

Женската вокална група „Воденки" во придружба на КУД „Годе Делчев" -

Скоще.

На фотографу ата од лево кон десно се наогаат: Мари] а Гацева, Доста Дел]анова-Доневска, Лефтерща Шанковска, Лета Манева-Барциева, Васка Кланцева и Тина Ташева (Досега необ]авена фотодокументацща на семе]ството Доневски).

По три години, т.е во 1978 година ¡а формирал женската вокална група „Мегленки" (Видстс ¡а сл. бр. 4), во состав на: Ева Трифунов-ска од се лото Пожарско - Мегленско и Тина Ташева, Марща Гацева и Слободанка 1анчевска од селото Тресино, Воденско (Диденко, 20226: 68 -69).

Фотографща бр. 4: Предна корица од грамофонската плоча на женската вокална група „Мегленки", снимена во придружба со оркестарот на истакнатиот македонски кларинетист Мирослав Бушиноски во 1976 година со Радио-

телевизща Белград. На фотографщата од лево кон десно се наогаат: Тина Ташева, Слободанка .Танчевска, Марща Гацева и Ева Трифуновска (Диденко 20226: 69).

Како последна била основана женската вокална група „Сирма" во 1978 година (Видете ¡а сл. бр. 5). Првиот состав на групата го сочинувале следните млади, талентирани и образовани дсво]ки: Марина Пухарик, Л иди] а Шопова (први глас), Вера Душковска, Сузана Гоцева и Снежана Доневска (втори глас). Весна Петрова, Весна Георгиева, Сузана Пухарик и Б и] а на Цартова (трет глас) (Диденко, 20226: 71). Денес, оваа група сё уште е активна и го привлекува интересот на широкиот аудиториум.

Горги Доневски, како поединец, незапирливо ¡а ширел сво]ата животна енергща, оста ва] к и длабоко вкоренети траги зад себе. За тоа говори и неговата збирка „Сокол ми лета високо", ко]а е резултат на неговото повекегодишно траган>е по бесценетите камчшьа од фолклор-ното творештво на Македонците од Егс]ска Македонща. Публикувана е во 1978 година во издание на Културно-уметничкото друштво „Годе Делчев" - Скоще,16 чи] основач и претседател бил токму то].

16 Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев" - Скоще, во согласност со Законот за здруженщата на граганите, офици]ално е основано на 24 август во 1971 година, со седиште во Домот на културата ,Димитар Влахов" во населбата Автокоманда (Архивска

Фотографща бр. 5: Првиот состав на женската вокална трупа „Сирма".

На фотографщата во горниот ред од лево кон десно се наогаат: Сузана

Гоцева, Весна Петрова, Бшцана Цартова, Сузана Пухарик и Снежана Доневска.

Во долниот ред од лево кон десно се наогаат: Весна Георгиева, Марина Пухарик, Лидща Шопова и Вера Душковска (Диденко. 20226: 72).

Збирката содржи 125 народни песни, кои, според поетско-содржинската мотивика, се насочени во две жанровски определуван>а: револуционерни (36) и лирски песни (89). Мегу нив се вбро]уваат: ..Тво|тс очи, Лено, мори", „Бело лице л>убам ¡ас". „Тивко Мирка си заспала", „Огреала месечина", „Чупче од онака" и низа други песни што денес се пеат од многу групи и изведувачи. Од исклучително значен>е во оваа збирка е тоа што покра] текстовите на народните песни, тие и се мелографирани од страна на истакнатиот македонски етномузиколог

документацща на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев" - Скоще, Општи акти за 1971: Записник од I седница на Управниот одбор на културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев" - Скоще, одржана на 24 август 1971 година, без пагинацща). При Управата за внатрешни работа на Град Скоще било регистрирано со Решение под УП. Бр. 6994/71 на 14 септември истата година (Архивска документацща на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев", Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев" - 1981 година: Записник на службата на општествено книговодство во СР Македонка - филиала 40100 - Скоще, составен во Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев" - Скоп|е за извршената контрола на финансиско матерщално работен>е за периодот од 1.1 до 10.Х11 1982 година, Скоще, 1982, 2.

Живко Фирфов17 и калиграфирани од првиот македонски етнокореолог Ганчо Па]тонциев.18 На то] начин, како поединец, создал траен запис за народните песни, овозможува]ки им широка примена во: македонската фолклористика, културно-уметничкиот аматеризам, музичкото образование и културно-забавниот живот. Имено, со нотното запишуваае на песните, овозможил сему лубител на македонската народна песна, без разлика дали е пасиониран познавач на фолклорот, или, пак аматер, да биде во можност вокално или инструментално да ги интерпретира.

Вредноста на Горги Доневски ]а гледаме во тоа што за разлика од своите претходници, вмрежувал повеке проекти, во кои народните песни од историското село Бапчор и од другите села од Еге]ска Македонща не само што успешно се распространиле, туку и се оттргнале од времето на заборавот (Диденко, 2022б: 50). Неговиот живот згаснува на 5 декември 2011 година во Скоще.

Заклучок

Во согласност со нашите сознанща, можеме да констатираме дека Паскал Паскалевски, Михалис Раптис и Горги Доневски по ослободувааето и по конституирааето на македонската држава се покажале и истакнале како плодни истражувачи на усното народно творештво од Еге]ска Македонща. Во потрагата по регистрируете на што поголем и поавтентичен матерщал се воделе од ист принцип. Преку теренските истражувааа воспоставувале контакти со сонародниците, бегалците или преселниците од селата во Еге]ска Македонща. И покра] тоа што нивните средби за време на Граганската во]на и потоа, на]често биле исцрпувачки, тие успеале да соберат значащи матерщали, кои дотогаш биле недостапни за македонската фолклористика. За разлика од: Паскал Паскалевски и Михалис Раптис, Горги Доневски преку елаборирааето и вмрежувааето на повеке проекти во кои биле презентирани и афирмирани оние народни песни што ги имал откриено, регистрирано и документирано то] за време на неговиот макотрпен истражувачки процес, придонеле да се истакне како носител на прогресот во ко] биле втемелени визиите и идеалите за зачувуваае на усното народно творештво од Еге]ска Македонща.

17 Живко Фирфов (1906, Велес - 1984, Скоп|е) - истакнат македонски етномузиколог, педагог, диригент и организатор на музичкиот живот во современата македонска држава (Видете повеке во: Диденко, 2020: 153-167).

18 Ганчо Па]тонциев - како соработник на Институтот за фолклор - Скоп|е снимил преку 7 300 народни творби во периодот од 1957 до 1967 година. Значащи делови од нив се об]авени со коавторство со Ж. Фирфов во трите книги „Македонски народни ора", но и во самостс^ните книги (Ортаков, 2009: 1109).

На самиот Kpaj ке истакнеме една мисла од Jосиф Чешмециев за значеаето на македонската народна песна, ко]а што до денес претставува една од на]цитираните мисли, од страна на македонските собирачи на македонски народни песни, фолклористи, етномузиколози, мелографи, композитори и други. Таа гласи: „Ние, Македонците немаме пирамиди и сфинги, нашата таковина не е украсена со палати на матери]алните паметници, но имаме нешто кое ниту вековите, ниту природните стихии, ниту демонската рака на насилниците неможат да го разурнат. Таа неискршлива сила е излеана во единствениот паметник - народната песна и игра, наjбогатото и наjценетото наследство што ни останало од минатиот живот и културата на Македонецот, сочувано и до денес" ^Чешмеджиев 1926: Предговор).

Литература/references

Атанасов, Петар, Наумовска, Бо]ана. (2020). Интегрираае на бегалците од ErejcKHOT дел на Македонща во „новата" татковина. Гласник 64/2, 725. [Atanasov, Petar, Naumovska, Bojana. (2020). Integriranje na begalcite od Egejskiot del na Makedonija vo "novata" tatkovina [Integration of Refugees from the Aegean Part of Macedonia in the "New" Homeland]. Glasnik 64/2, 7-25. (In Macedonian)]. Буцкова, Фани. (1995). Песни на прогонетите. Скоще: Матица македонска, Здружение на децата бегалци од Еге]скиот дел на Македонща. [Buckova, Fani. (1995) Pesni na progonetite [Songs of the Exiles]. Skopje: Matica makedonska, Zdruzenie na decata begalci od Egejskiot del na Makedonija. (In Macedonian]. Вел]ановски, Новица. (2008). Еге]скиот дел на Македонща во Втората светска во]на. Исторща на Македонскиот народ. Скоп|е: Институт за национална исторща, 303-309. [Veljanovski, Novica. (2008). Egejskiot del na Makedonija vo Vtorata svetska vojna. Istorija na makedonskiot narod [The Aegean part of Macedonia in the Second World War. History of the Macedonian people]. Skopje: Institut za nacionalna istorija, 303-309. (In Macedonian)].

Диденко, Наташа. (2020). Улогата на македонскиот композитор и етномузиолог Живко Фирфов во современата македонска музичка култура. Philological studies 18/2, 153-167. [Didenko, Natasa. (2020). Ulogata na makedonskiot kompozitor i etnomuzikolog Zivko Firfov vo sovremenata makedonska muzicka kultura [The Role of Macedonian Composer and Ethnomusicologist Zivko Firfov in Contemporary Macedonian Music Culture]. Philological studies 18/2, 153-167. (In Macedonian)]. Диденко, Наташа. (2022). Придонесот на Горги Доневски во откривааето и разворт на фоклорното творештво од Еге]скиот дел на Македонща (1970 - 1984). Исторща LVII/2, 247-267. [Didenko, Natasa. (2022). Pridonesot na Gorgi Donevski vo otkrivanjeto i razvojot na folklornoto tvorestvo od Egejskiot del na Makedonija (1970 - 1984) [The Contribution

of Gorgi Donevski to the Discovery and Development of Folklore from the Aegean part of Macedonia (1970 - 1984)]. Istorija LVII/2, 247-267. (In Macedonian)].

Диденко, Наташа. (2022а). Необ]авена фотодокументацща за женската вокална група „Бапчорки" (афирматор на духовното наследство на историското село Бапчор во Еге^киот дел на Македонща). Гласник 66/1-2, 197-208. [Didenko, Natasa. (2022a). Neobjavena fotodokumentacija za zenskata vokalna grupa Bapcorki (afirmator na duhovnoto nasledstvo na istoriskoto selo Bapcor vo Egejskiot del na Makedonija [Unpublished PhotoDocumentation on the Female Vocal Band "Bapcorki" (Affirmers of Spiritual Legacy of the Historical Village Bapcor in the Aegean Part of Macedonia]. Glasnik 66/1-2, 197-208. (In Macedonian)].

Диденко, Наташа. (20226). Горги Доневски - доа]ен во зачувувааето на фолклорното творештво од Еге]ска Македонща. Скоп|е: Н. Диденко. [Didenko, Natasa. (2022b). Gorgi Donevski - doajen vo zacuvuvanjeto na folklornoto tvorestvo od Egejska Makedonija [Gorgi Donevski - Doyen in the Preservation of Folklore from Aegean Macedonia]. Skopje: N. Didenko. (In Macedonian)].

Доневски, Горги. (1978). Сокол ми лета високо. Скоще: КУД „Гоце Делчев" -Скоп|е. [Donevski, Gorgi. (1978). Sokol mi leta visoko [My Falcon Flies High]. Skopje: KUD "Goce Delcev". (In Macedonian)].

Доневски, Горги. (1996). Бапчор. Скоп|е: Здружение на децата бегалци од Еге]скиот дел на Македонща. [Donevski, Gorgi. (1996). Bapcor [Bapcor]. Skopje: Zdruzenie na decata begalci od Egejskiot del na Makedonija. (In Macedonian)].

Квдазовски, Ристо. (1987). Македонски национални институции во Еге]скиот дел на Македонща (1941 - 1961). Скои|е: Институт за национална исторща. [Kirjazovski, Risto. (1987) Makedonski nacionalni institucii vo Egejskiot del na Makedonija (1941 - 1961). [Macedonian National Institutions in the Aegean part of Macedonia (1941 - 1961)]. Skopje: Institut za nacionalna istorija. (In Macedonian)].

Квдазовски, Ристо. (1996). Правната дискриминацща на големо-грчката политика во Еге]скиот дел на Македонща по втората светска во]на. Скоще: ППС „МИС". [Kirjazovski, Risto. (1996). Pravnata diskriminacija na golemo-grckata politika vo Egejskiot del na Makedonija po Vtorata svetska vojna [The Legal Discrimination of the Big-Greek Policy in the Aegean part of Macedonia after the Second World War]. Skopje: PPS "MIS". (In Macedonian)].

iНе можете найти то, что вам нужно? Попробуйте сервис подбора литературы.

Квдазовки, Ристо. (2001). Еге]скиот дел на Македонща по Граганската во]на во Грцща. Скоп|е: Институт за национална исторща. [Kirjazovski, Risto. (2001). Egejskiot del na Makedonija po Graganskata vojna vo Grcija [The Aegean part of Macedonia after the Civil War in Greece]. Skopje: Institut za nacionalna istorija. (In Macedonian)].

Киселиновски, Стсуан. (1992). Етничките промени во Еге]скиот дел на Македонща: 1913 - 1995. Народната култура на Еге]ска Македонща. Скоп|е: Мисла, 33-68. [Kiselinovski, Stojan. (1992). Etnickite promeni vo

Egejskiot del na Makedonija: 1913 - 1995. Narodnata kultura na Egejska Makedonija [Ethnic Changes in the Aegean part of Macedonia: 1913 -1995. Folk Culture of Aegean Macedonia]. Skopje: Misla, 33-68. (In Macedonian)].

Мамуровски, Ташко. (1995). Македонците од Erejcxa Македонща (1945 - 1946). Скоще: Институт за национална исторща. [Mamurovski, Tasko. (1995). Makedoncite od Egejska Makedonija (1945 - 1946) [Macedonians from Aegean Macedonia (1945 - 1946)]. Skopje: Institut za nacionalna istorija. (In Macedonian)].

Мирчевска, Катерина. (2015). Македонските бегалци од Граганската во]на во Грцща во НР Македонща. Во: Балканот: луге, во]ни и мир по повод 100-годишнината од балканските во]ни (65-години ИНИ). Скоще: Институт за национална исторща, 369-381. [MirCevska, Katerina. (2015). Makedonskite begalci od Graganskata vojna vo Grcija vo NR Makedonija. Vo: Balkanot: luge, vojni i mir po povod 100-godisninata od balkanksite vojni (65-godini INI) [Macedonian Refugees from the Civil War in Greece in NR Macedonia. In: The Balkans: People, Wars and Piece on the Occasion of the 100th anniversary of the Balkans War (65 years of INI]. Skopje: Institut za nacionalna istorija, 369-381. (In Macedonian)].

Младеновски, Симо. (2009). Непокорен. Македонска енциклопедщ'а, кн. 2. Блаже Ристовски (Гл. Ред.). Скоп|е: Македонска академща на науките и уметностите, 1044. [Mladenovski, Simo. (2009). Nepokoren [Disobedient]. Makedonska enciklopedija, No. 2. Blaze Ristovski (Ed.) Skopje: Makedonska akademija na naukite i umetnostite, 1044. (In Macedonian)].

Младеновски, Симо. (2009). Ристовски Блаже Петров. Македонска енциклопедщ'а, кн. 2. Блаже Ристовски (Гл. Ред.). Скоп|е: Македонска академща на науките и уметностите, 1276-1277. [Mladenovski, Simo. (2009). Ristovski Blaze Petrov [Ristovski Blaze Petrov]. Makedonska enciklopedija, No. 2. Blaze Ristovski (Ed.) Skopje: Makedonska akademija na naukite i umetnostite, 1276-1277. (In Macedonian)].

Ортаков, Драгослав. Па]тонциев Ганчо. Македонска енциклопедщ'а, кн. 2. Блаже Ристовски (Гл. Ред.). Скоп|е: Македонска академща на науките и уметностите, 1109. [Ortakov, Dragoslav. Pajtondziev Ganco [Pajtondziev Ganco]. Makedonska enciklopedija, No. 2. Blaze Ristovski (Ed.) Skopje: Makedonska akademija na naukite i umetnostite, 1109. (In Macedonian)].

Паскалевски, Паскал. (1959). Народни песни од Еге]ска Македонща. Скоп|е: Институт за македонски ]азик. [Paskalevski, Paskal (1959). Narodni pesni od Egejska Makedonija [Folk Songs from Aegean Macedonia]. Skopje: Institut za makedonski jazik. (In Macedonian)].

(2003). 50 години Институт за македонски ]азик „Крсте Мисирков". Скоп|е: Институт за македонски ]азик „Крсте Мисирков". [(2003). 50 godini Institut za makedonski jazik "Krste Misirkov" vo Skopje [50 years of the Macedonian Language Institute "Krste Misirkov" in Skopje]. Skopje: Institut za makedonski jazik. (In Macedonian)].

Пенушлиски, Кирил. (1992). Народната култура на Erejcxa Македонща. Скопле: Мисла. [Penusliski, Kiril. (1992). Narodnata kultura na Egejska Makedonija [The Folk Culture of Aegean Macedonia]. Skopje: Misla. (In Macedonian)].

Раптис, Михалис. (1977). Фолклорот на Jановенските села во Костурско. Скоще: Институт за фолклор. [Raptis, Mihalis. (1977). Folklorot na Janovenskite sela vo Kostursko [The Folklore of Janoveni Villages in Kostursko]. Skopje: Institut za folklor. (In Macedonian)].

Саздов, Томе, Момировски Томе и др. (1982). Балкански фестивал на народни песни и игри 1962 - 1982. Охрид: Фестивал. [Sazdov, Tome, Momirovski Tome et al. (1982) Balkanski festival na narodni pesi i igri 1962 - 1982 [Balkan Festival of Folklore Songs and Dances 1962 - 1982]. Ohrid: Festival. (In Macedonian)].

Симовски, Тодор. (1978). Населените места во Еге]ска Македонща: географски, етнички и стопански карактеристики, кн. 1. Скоще: Институт за национална исторща. [Simovski, Todor. (1978). Naselenite mesta vo Egejska Makedonija: geografski, etnicki i stopanski karakteristiki, No. 1 [Settlements in Aegean Macedonia: geographical, ethnic and economic characteristics, No. 1]. Skopje: Institut za nacionalna istorija. (In Macedonian)].

Уредба за осниваае на Фолклорен институт, Службен весник на Народна Република Македонца, бр. 11/50, Скоп|е, 15 ма] 1950, 71. [Uredba za osnivanje na Folkloren institute [Decree on the Establishment of the Folklore Institute], Sluzben vesnik na Narodna Republika Makedonija, No. 11/50, 15 maj 1950, 71. (In Macedonian)].

Чешмеджиев, Йосиф. (1926). Български македонски пЬсни, оригинални и въ народенъ тонъ на 2 и 3 гласа, за еднореденъ и смъсенъ хоръ. София: Печатница С. М Стаийковъ. [Cesmedziev, Josif. (1926). Bälgarski makedonski pesni, originalni i vä narodenä tonä na 2 I 3 glasa, za ednoredenä i smäsenä horä [Bulgarian-Macedonian Songs, Original and in 2 and 3 Voices for Single and Mix Choir]. Sofija: Pecatnica S. M Staijkova. (In Bulgarian).

i Надоели баннеры? Вы всегда можете отключить рекламу.